КАФЕ ПАУЗА

Tag: лаптоп

  • Кои навики можат да го скратат животниот век на вашиот лаптоп?

    Кои навики можат да го скратат животниот век на вашиот лаптоп?

    Кои се најчестите навики кои можат да го скратат животниот век на вашиот лаптоп? Прочитајте во продолжение!rnrnКои навики можат да го скратат животниот век на вашиот лаптоп?rn

    Држење во скут

    rnСамо затоа што се вика „лаптоп“ (lap на англиски значи скут) не значи дека треба постојано да го држите во скут. Не заборавајте дека процесорот е мозокот на компјутерот и може да прегрее пред сè како резултат на позиционирањето на лаптопот. Честопати вентилаторот се наоѓа на дното на лаптопот, каде што има мала вентилација. Но, ако тој отвор е покриен со панталони или ќебе, вашиот лаптоп може да се прегрее или внатре може да почне да се таложи прашина.rn

    Никогаш не го исклучувате

    rnЛаптопот треба да се исклучува барем на секои 2-3 дена. Лесно е да го поклопите капакот на лаптопот на крајот на вечерта, така што следното утро ќе се активира за неколку секунди, но ако го оставите постојано вклучен тоа значи дека нема да можете да ги добиете ажурирањата што ви се потребни. Затоа, исклучувајте го барем еднаш неделно.rn

    Немате антивирусен софтвер

    rnАнтивирусниот софтвер е од суштинско значење за одржување на вашиот систем, бидејќи вирусите можат да направат голема штета врз вашиот лаптоп.rn

    Истовремено чувате отворени премногу табови

    rnПремногу отворени табови може да доведат до катастрофа. Не заборавајте дека колку повеќе вашиот процесор треба да работи, толку повеќе топлина ќе генерира, што на крајот ќе го скрати неговиот животен век.rnrnОткако прочитавте за навиките кои можат  да го скратат животниот век на вашиот лаптоп, можеби ќе сакате да ги прочитате и овие 5 трикови за чистење на вашиот лаптоп и однадвор и однатре.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs

  • 5 трикови за чистење на вашиот лаптоп и однадвор и однатре

    5 трикови за чистење на вашиот лаптоп и однадвор и однатре

    Веќе е добро познато дека компјутерските тастатури може да бидат понечисти дури и од даската на тоалетната школка, но и покрај тоа често забораваме редовно да ги чистиме и дезинфицираме. Во суштина, препорачливо е секојдневно да се пребришува и лаптопот, особено тракпедот, бидејќи може да биде поконтаминиран дури и од банкнота која долго е во промет. Но, важно е да го исчистиме лаптопот и однатре.rnrn5 трикови за чистење на вашиот лаптоп и однадвор и однатреrn

    Надворешни површини

    rnНајпрво, компјутерот треба да биде целосно исклучен, со отстранет полнач. Избришете ги сите надворешни делови со минимално влажна крпа и малку детергент или со дезинфекциски влажни марамчиња. Избегнувајте производи кои содржат аеросоли, амониум, хидроген пероксид, ацетон или абразиви, за да не ја оштетите површината на вашиот лаптоп. Потоа пребришете со суво хартиено марамче или со мека микрофибер крпа.rn

    Екран

    rnЗа да го исчистите екранот, мора да бидете особено внимателни, затоа што преголема влажност може да го оштети. И во овој случај може да користите сосема малку влажна микрофибер крпа или влажни марамчиња специјално произведени за оваа намена. Овој совет можете да го примените и за вашиот телевизор.rn

    Тастатура

    rnСо тастатурата исто така треба да бидете многу внимателни, затоа што не смеете да дозволите да навлезе течност под копчињата. Можете да користите специјална правосмукалка за електроника или мал компресор со воздух кој ќе ги издува надвор сите честички. Држете го лаптопот поставен со тастатурата под агол од 75 степени, за да се осигурите дека сите ронки и прашинки ќе излезат од внатрешноста. Потоа, со помош на парче памук натопено во алкохол пребришете ги копчињата. Алкохолот веднаш испарува и не остава влажни траги. Секако, не смеете да претерате со количината. Исто така, постои и специјална полимерна растеглива леплива маса (слична на популарните „слајми“) со која можете да ја исчистите прашината од тастатурата.rnrn5 трикови за чистење на вашиот лаптоп и однадвор и однатреrn

    Глувче и тракпед

    rnКако што веќе споменавме, овие делови може да бидат неверојатно нечисти, а насобраните наслаги високо контаминирани. Користете антибактериски влажни марамчиња за глувчето и тракпедот.rn

    Насобрани фајлови и апликации

    rnОткако веќе го исчистивте надворешно, вклучете го компјутерот и разгледајте го внимателно. Избришете ги сите непотребни слики, фотографии, документи, торенти, апликации и програми кои не ги користите, папката со податоци симнати од Интернет и секако, испразнете ја и корпата за отпадоци (Recycle Bin).rnrnПрактикувајте го ова чистење на вашиот лаптоп барем еднаш во неделата.rnrnПрочитајте ги и овие 5 причини поради кои вашиот компјутер е иритирачки бавен.

  • 6 совети за купување нов лаптоп

    6 совети за купување нов лаптоп

    Без разлика дали пишувате некој труд, предавате, подготвувате некој проект или само сурфате на Интернет, потребен ви е вистинскиот лаптоп кој ги исполнува вашите потреби, но и кој одговара на вашиот буџет. На прв поглед купувањето лаптоп може да изгледа збунувачко. Постојат стотици модели во разни големини, со барем 3 оперативни системи, а цените може да се движат од 150 до 5.000 евра. За среќа, наоѓањето на вистинскиот лаптоп е многу полесно и поевтино отколку што мислите. Овие 6 совети ќе ви помогнат во тоа.rnrn6-soveti-za-kupuvanje-nov-laptop-kafepauza.mkrn

    1. Помалиот екран значи подобра преносливост

    rnПовеќето лаптопи доаѓаат со екран со големина од 11 до 17 инчи. Целиот систем е прилагоден за големината на екранот. Ова значи дека помалите лаптопи се полесни и покомпактни, додека поголемите може да бидат гломазни. Ако ретко го преместувате вашиот лаптоп, 15-инчен модел ќе ви заврши работа. Но ако планирате постојно да го разнесувате лаптопот, подобро ќе биде да одберете модел од 13 или 14 инчи. Децата под 12 години полесно ќе се справат со лаптоп чиј екран е 11, 12 инчи. Ако вашиот лаптоп најчесто стои на едно место, можете да одберете модел од 17 инчи.rn

    2. Резолуцијата нека биде барем 1080 пиксели

    rnАко можете да си дозволите, земете лаптоп со резолуција на екранот од барем 1920х1080. Денес овие лаптопи може да се најдат и за цена пониска од 300 евра. Бројот на пиксели ќе ви го олесни читањето на содржината од екранот и полесно ќе ја користите опцијата за мултитаскинг.rn

    3. Одберете лаптоп чија батерија издржува барем 8 часа

    rnАко планирате да поминувате подолго време без да го полните лаптопот, гледајте неговата батерија да издржува барем 8 часа. Бидејќи им е потребна поголема моќ, ова не важи за гејмерските лаптопи.rn

    4. Windows и macOS се подобри од Google’s Chrome OS

    rnЛаптопите кои го користат оперативниот систем на Гугл се популарни за помладите корисници бидејќи се лесни за употреба и потешко е да фатат вирус. Сепак за повозрасните подобри се лаптопите со Виндоус или Мекбук. Доколку се двоумите помеѓу двете, имајте на ум дека со Виндоус имате повеќе опции, вклучувајќи и лаптопи со екран на допир. Мекбук, од друга страна, се побезбедни и имаат подобар софтвер за уредување фотографи и видеа.rn

    5. Земете „2 во 1“ само ако ви е потребен екран на допир

    rnДенес постојат многу „2 во 1“ лаптопи, кои можат да се користат и како таблети. Тие се одлични само ако навистина планирате да го користите екранот на допир. Во спротивно, можете да земете многу подобар лаптоп за истата цена ако нема екран на допир. „2 во 1“ лаптопите обично се многу поскапи и имаат послаба батерија.rn

    6. Перформанси: Core i5, 8GB RAM, 256GB SSD

    rnАко давате повеќе од 500 евра за лаптоп, тој треба да има најмалку Intel Core i5 процесор, 8GB RAM меморија, 256GB SSD диск и 1080р екран. Особено е важно да имате SSD диск на вашиот лаптоп бидејќи побрзо ќе ви се отвораат програмите.rnrnДоколку планирате да си купите нов смартфон, погледнете зошто е подобро да изберете Андроид.

  • 6 додатоци за вашиот лаптоп што ќе направат да изгледа како нов

    6 додатоци за вашиот лаптоп што ќе направат да изгледа како нов

    Брзиот развој на технологијата постојано нуди нови и подобрени модели на лаптопи, но, можете ли да останете во чекор со технологијата? Новиот лаптоп бара инвестирање нова сума пари што не може да си ја дозволи секој. Во продолжение ви прикажуваме неколку додатоци што ќе направат вашиот лаптоп да трае подолго, да ви заштеди време и пари на подолг рок.rnrn6 додатоци за вашиот лаптоп кои ќе направат да изгледа како новrn

    1. Масичка за лаптоп со осветлување, наменета за во скут

    rnОваа масичка со вградена перничка и држач за чаша чини 29 долари. Таа спречува да се изгорите кога лаптопот е во вашиот скут, а нуди и сигурна основа за да не се лизга, ниту пак прегрева.rnrn6 додатоци за вашиот лаптоп кои ќе направат да изгледа како новrn

    2. Батерија за замена

    rnДодека некои батерии почнуваат полека да слабеат по 300 циклуси, некои модели траат и до 1.000 циклуси. Сепак бидете сигурни и не дозволувајте да останете без резервна батерија што ќе го ограничи вашето движење.rnrn6 додатоци за вашиот лаптоп кои ќе направат да изгледа како новrn

    3. Подлога за ладење

    rnДоколку го користите лаптопот во текот на целиот работен ден, тој најверојатно ќе се загрее по неколку часа употреба. Belkin подлогата за ладење која чини 23 долари е со вграден вентилатор и може да го спречи вашиот процесор од преголемо загревање, што пак може да предизвика проблеми со хардверот.rnrn6 додатоци за вашиот лаптоп кои ќе направат да изгледа како новrn

    4. Организатор на кабли

    rnКористењето погрешен полнач за лаптоп може да предизвика проблеми. Бидете сигурни дека секогаш го користите вистинскиот полнач за вашиот модел и не заборавајте правилно да го чувате завиткан. За оваа цел може да ви помогне овој организатор на кабли кој чини 10 долари и е доста корисен.rnrn6 додатоци за вашиот лаптоп кои ќе направат да изгледа како новrn

    5. Преносен хард диск

    rnОсновното правило за безбедност на секој сопственик на лаптоп е да ги префрли своите податоци на посебен уред, како преносен хард диск. За таа намена може да ви послужи My passport кој може да се најде во различни варијанти и за различни намени. На овој начин секогаш ќе бидете сигурни.rnrn6 додатоци за вашиот лаптоп кои ќе направат да изгледа како новrn

    6. Футрола за лаптоп

    rnЗачувајте го вашиот лаптоп од каква било штета со помош на оваа футрола. Достапна е во повеќе бои, не тежи многу и чини 50 долари.rnrn6 додатоци за вашиот лаптоп што ќе направат да изгледа како нов

  • Секојдневни навики кои можат да го оштетат вашиот вид, а вие и понатаму ги правите

    Секојдневни навики кои можат да го оштетат вашиот вид, а вие и понатаму ги правите

    Иако ве учеле дека читањето во мрак или преблиското стоење покрај телевизискиот екран може да го оштети вашиот вид, сепак мораме да ви кажеме дека тие две работи воопшто не се точни. Доколку се запрашувате за кои секојдневни навики станува збор, тогаш е време да ги дознаете.rn

    1. Читање книга додека се возите

    rn2-sekojdnevni-naviki-koi-mozhat-da-go-oshtetat-vashiot-vid-a-vie-i-ponatamu-gi-pravite-www.kafepauza.mk_rnrnИако е доста убаво во денешно време да видите личност која чита книга во автобусот, а да не сурфа на интернет, сепак таа личност ризикува да го оштети својот вид. Тоа е така, бидејќи нашите раце постојано се тресат додека се возиме, а со тоа и книгата се поместува, па така нашите очи постојано мора да се фокусираат и напрегнуваат за да го прочитаме убаво тоа што го пишува. Главоболките и ослабениот вид се појавуваат со преголемото напрегнување на очите.rn

    2. Недостаток на сон

    rn3-sekojdnevni-naviki-koi-mozhat-da-go-oshtetat-vashiot-vid-a-vie-i-ponatamu-gi-pravite-www.kafepauza.mk_rnrnВо текот на ноќта, односно додека спиеме целиот наш организам се одмара и обновува, што значи дека и нашите очи се одмараат. Меѓутоа, доколку не спиете доволно, до касно лежите во креветот или воопшто не спиете, вие не им дозволувате на вашите очи да се одморат. Тоа предизвикува проблем на сувост и појава на испукани капилари во очите.rn

    3. Гледање филмови на лаптоп или таблет

    rn4-sekojdnevni-naviki-koi-mozhat-da-go-oshtetat-vashiot-vid-a-vie-i-ponatamu-gi-pravite-www.kafepauza.mk_rnrnИако е доста полесно да гледате некој филм или серија на вашиот лаптоп, наместо да го ставате на УСБ, па потоа на телевизор, сепак таа рутина ги оптоварува очите поради екранот кој стои премногу близу да главата.rnrn6-sekojdnevni-naviki-koi-mozhat-da-go-oshtetat-vashiot-vid-a-vie-i-ponatamu-gi-pravite-www.kafepauza.mk_rnrnНо сепак, некогаш мора да гледате нешто на вашиот лаптоп, а за да не ги напрегате очите, правите пауза одвреме-навреме така што ќе го тргнете погледот од екранот и ќе гледате некаде во далечина.rn

    4. Недостаток на трепкања

    rn5-sekojdnevni-naviki-koi-mozhat-da-go-oshtetat-vashiot-vid-a-vie-i-ponatamu-gi-pravite-www.kafepauza.mk_rnrnВоглавно ова им се случува на децата, но може да им се случи и на возрасните. Кога ќе се загледате во нешто на вашиот компјутер, лаптоп или некој друг електронски уред, тогаш се намалува бројот на трепкања или пак воопшто не трепкате. Поради тоа се јавува иритација на очите, но и сувост. Доколку ви се случило ова, едноставно ставете капки за очи или користете 3% борна киселина (acidi borici), која се користи како раствор за миење на очите.rn

    5. Заборавате да носите очила за сонце

    rn7-sekojdnevni-naviki-koi-mozhat-da-go-oshtetat-vashiot-vid-a-vie-i-ponatamu-gi-pravite-www.kafepauza.mk_rnrnСилната сончева светлина и УВ зраците им сметаат на нашите чувствителни очи и му штетат на видот. Задолжително носете очила за сонце, без разлика каде сте, па дури иако одите само до најблискиот маркет.

  • Налепници за тастатура кои ќе го претворат вашиот лаптоп во познато ремек-дело

    Налепници за тастатура кои ќе го претворат вашиот лаптоп во познато ремек-дело

    Ако сте храбри и сакате да експериментирате, тогаш имаме една одлична идеја за вас. Станува збор за налепници кои лесно се нанесуваат на тастатурата од вашиот лаптоп, а потоа се отстрануваат без притоа да остават зад себе трајни траги. Целта на овие налепници е да го обојат вашето секојдневниве и да ви помогнат да ја победите монотонијата во секојдневната работа. Уживајте!rnrn(1) Налепници за тастатура кои ќе го претворат вашиот лаптоп во познато ремек-дело (2) Налепници за тастатура кои ќе го претворат вашиот лаптоп во познато ремек-делоrnrn

  • 4 одлични вежби за момците и девојките кои долго време седат пред компјутер

    4 одлични вежби за момците и девојките кои долго време седат пред компјутер

    Доколку имате типична канцелариска работа која бара долго седење пред компјутер или пак, работите од вашиот дом, повторно седејќи пред монитор, тогаш сте дошле на вистинското место. Овој вид долго седење проследено со малку движење може да предизвика најразновидни болки и потешкотии, а особено е штетно за ‘рбетот.rnrn4 одлични вежби за момците и девојките кои долго време седат пред компјутерrnrnНајчестите последици од долгото седење се слаби и крути мускули, како и скратени тетиви и лигаменти, што во крајна мера предизвикува лошо држење и болки во грбот и вратот. Најдоброто решение се вежбите, а еве кои ви ги препорачуваат експертите на ова поле:rn

    Птица – куче

    rnПоставете се на колена и дланки, притоа одржувајќи го грбот рамен. Истовремено подигнете ја едната рака и едната спротивна нога, така што ќе го задржите грбот рамен, а потоа вратете се во основната позиција. Направете 4 серии од 15 повторувања.rnrnrnrn

    Подигнување колкови

    rnЛегнете на под и раширете ги нозете така што колената ќе ви дојдат во ширина на рамената. Подигнете ги колковите, држејќи го останатиот дел од телото на подот, па вратете се во основната положба. Направете 4 серии од 15 повторувања.rnrnrnrn

    Истегнување на грбот

    rnЛегнете на стомак. Подигнете го горниот и долниот дел од телото и задржете се кратко во таа позиција. Вратете се назад. Направете 4 серии од 10-15 повторувања.rnrnrnrn

    Бочно подигнување

    rnПоголемиот дел од вас сигурно нема во својот дом тегови, но каков било отпор за оваа вежба е практичен, па токму затоа и можете да искористите што било, како на пример, 2 шишиња од по 2 литра вода. Седнете на подот и потпрете се со градите на колена. Подигнете ги само рацете, бавно враќајте ги наназад. Направете 4 серии од 12-15 повторувања.rnrn

  • Како да ви трае подолго батеријата на лаптопот?

    Како да ви трае подолго батеријата на лаптопот?

    Батериите за лаптопот се доста скапи за постојано да се заменуваат, па затоа овие пет начини да ѝ го продолжите векот на траење можат да ви бидат од голема корист.rnrnКако да ви трае подолго батеријата на лаптопот?rn

    1. Не дозволувајте лаптопот да постигне висока температура

    rnАко можете да ја почувствувате високата температура на лаптопот врз вашата кожа, тоа не е добро ниту за вас, ниту за него и неговата батерија. Уште полош симптом е ако тој сам се исклучува поради оваа причина.rn

    2. Не ја отстранувајте батеријата додека лаптопот е вклучен

    rnЗа доброто на батеријата, потребно е лаптопот да биде целосно исклучен пред да направите што било со неа. Не ја вадете или ставајте додека тој е вклучен.rn

    3. Правилото 80/20

    rnНекои информатичари велат дека векот на батеријата се продолжува доколку секогаш е полна помеѓу 20 и 80%. Значи не треба да дозволите да дојде под 20%, а кога ќе ја полните тоа не треба да надмине 80% исполнетост.rn

    4. Никогаш на 100%

    rnНе се препорачува батеријата да се наполни 100%. Не оставајте ја да се полни ниту откако ќе дојде до својот максимум, тоа е уште полошо за неа.rn

    5. Не оставајте ни да се испразни целосно

    rnПостои некој мал ризик од оштетување на лаптопот и на батеријата доколку оставите тој сам да се исклучи.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • 12 знаци дека поминувате премногу време на интернет

    12 знаци дека поминувате премногу време на интернет

    Знаеме дека е многу забавно на интернет. По цел ден можете да гледате мачки кои симпатично се изглупирале пред камерите на нивните сопственици, слатки бебиња во креативни фотографии кои ги направиле нивните родители, астролошки прогнози…rnrn12 знаци дека поминувате премногу време на интернетrnrnСепак, доаѓа момент кога треба да го затворите лаптопот и да излезете надвор во „вистинскиот свет“. Но, ако скролате на излози, кликате во весници и стискате „Play“ на телевизорот наместо „Pause“ на компјутерот, тогаш можеби веќе сте претерале со вашите интернет активности. Овие 12 знаци се апсолутен доказ за тоа.rnrn

    1. Ќе излезете надвор, а сепак постојано слушате како да ви стигаат пораки на Фејсбук

    rn12 знаци дека поминувате премногу време на интернетrn

    2. На некој начин сраснавте со лаптопот и не дозволувате никој да ви го чепка

    rn12 знаци дека поминувате премногу време на интернетrn

    3. Имате потреба да бидете онлајн дури и кога не е баш најсоодветно

    rn12 знаци дека поминувате премногу време на интернетrnrn

  • Совршена подвижна масичка за вашиот лаптоп

    Совршена подвижна масичка за вашиот лаптоп

    Без разлика дали работите професионално на лаптоп или го користите за сурфање или играње игри, оваа масичка е она што цело време ви требало, но не сте ни биле свесни.rnrnСовршена подвижна масичка за вашиот лаптопrnrnSlate Mobile AirDesk е изработена од многу цврсто, а сепак лесно дрво заради што вашето чувство додека користите лаптоп сосема ќе се промени. Ви овозможува да седите исправени и да ги избегнете болките во грбот, додека истовремено се грижи за ладењето кое е добро и за вашиот скут и за вашиот лаптоп. Вклучува вграден маус пад, кој доаѓа во три нијанси, а го има и во варијанта за левучари и за десничари. Дури има и хоризонтален процеп кој е наменет за вашиот телефон или таблет. Сè што ви треба на мал простор со голема доза на комфор.rnrnСовршена подвижна масичка за вашиот лаптоп Совршена подвижна масичка за вашиот лаптоп Совршена подвижна масичка за вашиот лаптоп Совршена подвижна масичка за вашиот лаптоп Совршена подвижна масичка за вашиот лаптоп Совршена подвижна масичка за вашиот лаптоп Совршена подвижна масичка за вашиот лаптоп Совршена подвижна масичка за вашиот лаптоп Совршена подвижна масичка за вашиот лаптоп Совршена подвижна масичка за вашиот лаптоп Совршена подвижна масичка за вашиот лаптопrnrnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.