Дрвената кутија може да биде многу моќен и флексибилен елемент за украсување на домот. Во зависност од тоа каква кутија имате, можете да ја искористите за разни работи.rnrn
rnrnПомалите кутии се идеални за складирање деликатни предмети како што се накит, канцелариски материјал, марами и слични ситници. Можете да ги обоите или да ги насликате по желба и да создадете уникатна домашна декорација.rnrnОтворените кутии со решетки се идеални за складирање саксии и цвеќиња, храна, мали апарати за домаќинство или играчки.rnrnАко закачите дрвена кутија на ѕидот, можете да добиете и многу ефикасна полица за изложување работи како што се книги. Ако ја поставите на ногарки, дрвената кутија може да игра улога на фиока во домаќинството.rnrnПогледнете ги фотографиите за да откриете што сè може да замени дрвената кутија.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПогледнете како најубавите есенски украси од природата да станат дел од домот.
Tag: кутии
-

Од масичка до полица: 10 докази дека дрвената кутија може да замени дел од мебелот во домот
-

Испробајте ја новата техника за средување во домот: 4 кутии за спас од нередот
Кога дома ви е средено, доаѓа до позитивни промени и кај вас самите. Раскревајќи ги старите предмети, создавате простор за нови нешта, а тоа ве полни со верба.rnrnНајлесно ќе се ослободите од старите работи кои ви прават најголем неред по дома ако прво ги ставите во кутии – така може да ги донирате, или да ги фрлите.rnrn
rnrnЗа да се справите со нередот, подгответе четири кутии кои ќе ги искористите по следниот редослед:rnКутија бр. 1: Нешта што повеќе не може да ги користите!
rnАко сакате да се ослободите од нешто што не ви треба, запрашајте се дали сè уште го користите и дали некогаш може да ви послужи. Ако одговорот е не, ставете го во првата кутија. Направете исклучок доколку се работи за предмет што навистина ве прави среќни. Во тој случај тој може да остане во домот.rnrnВнимание! Не фрлајте сметки и документи во занесот на расчистување. Ставете ги заедно со другите документи и потоа подредете ги.rn
Кутија бр. 2: Нешта кои можеби некогаш ќе ви затребаат
rnВо втората кутија ставајте ги нештата што можат да му служат некому. Донирајте ги или продадете ги (преку Интернет или на пазар). Ако не сте сосема сигурни и сакате да зачувате некој предмет, запрашајте се дали тој ве прави среќни.rnrnВнимание! Најдобро е да се постави рок до кога ќе ја чувате оваа кутија. По рокот, фрлете ја во ѓубре, во спротивно овие работи ќе останат во вашиот дом бесконечно долго време.rn
Кутија бр. 3: Сеќавања од минатото
rnЉубовните писма, школка од првиот одмор со сопругата, првата макета на вашиот син – постојат работи што ги сакаме, но не мора да бидат низ целата куќа. Ставете ги во третата кутија и чувајте ги на безбедно место.rnrnВнимание! Такво „богатство“ не мора да биде секоја разгледница што сте ја добиле. Зачувајте го само она што ви е од особена вредност.rn
Кутија бр. 4: Нешта со кои сè уште не знаеме што да правиме
rnИако се прашуваме што да правиме со нив, многу е тешко да донесеме конечна одлука за многу нешта. На пример, кога станува збор за поскапи, убави парчиња облека кои ни се стесниле.rnrnВнимание! Ставете одреден датум на четвртата кутија, да речеме шест месеци од денот на складирање. Ако нешто од ова не ви затреба во рок од половина година, ослободете се и од сите нешта во оваа кутија и тоа без исклучок.rnrnОткако дознавте како да средите сè во кутии, можеби ќе сакате да ги откриете и триковите за полесно чистење кои ги користеле нашите баби.
-

Загатка: Во која кутија се наоѓа автомобилот?
Имате 3 кутии. Во една од нив има автомобил кој можете да го задржите (не прашувајте како го собралo тука). За секоја од овие кутии има по една порака.rnrn
rnrnСè што треба да знаете е дека само една од овие пораки е вистинита. Пораките се:rn- rn011
- Кутија #1 – Автомобилот е во оваа кутија
- Кутија #2 – Автомобилот не е во оваа кутија
- Кутија #3 – Автомобилот не е во кутија 1
rn011
rn011
rn
rnВо која кутија е автомобилот?rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Решение:” active=”false”]Автомобилот се наоѓа во втората кутија.[/toggle_item]rn[/toggle_box]
-

30 најслатки и најсмешни гифови со мачки во кутии од кои дури можеме нешто да научиме
Кој може да им одолее на мачките кои се забавуваат со картонски кутии? Ние сигурно не можеме. Затоа ги селектиравме најсмешните гифови од кои дури може да се научи нешто за животот.rn
1. Поголемото е подобро.
rn
rn2. Но, големината не е секогаш важна.
rn
rn3. Животот е краток. Донесувај храбри одлуки.
rn
rn4. Ништо што е лесно не е вредно за живеење.
rn
rn5. Сѐ е подобро заедно со пријателите.
rn
rn6. Ако не успееш од првпат…
rn
rnrn -

Исечоци од хартија кои изложени на светлина оживуваат во волшебни бајки
Депти Наир и Харикришна Паникер се двајца артисти кои се познати под заедничкото име Хари и Депти. Тие создаваат прекрасни диорами полни со детали кои изгледаат како сцени од некои стари бајки.rnrn
rnrnМетодот кој го користат Хари и Депти е многу едноставен – тоа е нивната огромна вештина за изработка благодарение на која диорамите се толку убави. Тие започнуваат сечејќи слоеви од крута хартија, ги поставуваат од напред кон назад, осигурувајќи се дека сите елементи ќе бидат видливи и секој слој ќе се надградува на претходниот. Потоа диорамата ја поставуваат во кутија и одзади ја осветлуваат со мали флексибилни ЛЕД ленти, кои им даваат изглед на бајка и детално ја прикажуваат макотрпната работа на двајцата талентирани артисти.rnrn
rnrnАртистите кои сега живеат и работат во Колорадо, по потекло се од Индија, а за својата работа биле инспирирани од Балиските кукли во сенка. Но, од почетокот на својата работа до денес, тие имаат многу напреднато и развиле сопствен специфичен стил.rnrn„Хартијата е брутална во својата едноставност како медиум. Она што нѐ воодушевува во осветлените кутии со исечоци од хартија е двојноста на секое дело, како изгледа во неосветлена и во осветлена состојба. Контрастот е толку голем што создава некој мистичен ефект врз гледачите.“
rnКако дел од нивната работа, тие имаат изработено прекрасна креација за во излог за артистичкиот настан за собирање средства за Bordo Bello Skateboard во Њујорк. Погледнете го видеото за да видите како точно изгледа процесот на нивната работа и како сѐ се склопува во една целина.rnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Мачки во кутии кои ќе ве изнасмеат до солзи
Кога станува збор за кутии, мачките едноставно не можат а да не бидат фасцинирани. Доказ за тоа се следниве неколку анимирани фотографии ќе ве насмеат до солзи.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rn -

Како секогаш да знаете кои чевли во која кутија ви се спакувани?
Оваа одлична финта ќе ви помогне многу лесно секогаш да си ги најдете чевлите кои ви се потребни.rnrn
rnrnНајпрво треба да ги фотографите сите ваши чевли, да ги развиете или испечатите сликите и да ги залепите на кутиите. На овој начин секогаш ќе можете веднаш да ја најдете кутијата во која ви се спакувани потребните чевли.rnrn
rnrnМногу лесно и практично, нели? -

10 извонредни креации направени од кутии за јајца
Автор: Александра ЧакаровскаrnrnУште во далечната 1911 година, кога биле измислени првите кутии за јајца, нивната основна цел била безбедно и сигурно пренесување на јајцата од производителот до потрошувачот. Никој во тоа време не замислувал дека тие можат да најдат сосем друга примена и да се преобразат во вистински ремек-дела. Маса, играчки, фотоапарат, па дури и куќа се само неколку од многуте креации изработени токму од кутии за јајца.rnrn
Слика во стилот на кубизмот
rn
Холандскиот уметник Ено Де Крон ја воодушеви неговата публика со прекрасните слики, кој тој ги нарекува „Eggcubism“. Потсетувајќи се на младоста, кога како дете си играл со кутии од јајца и од нив правел различни форми, решил овојпат да црта на нив и да создаде уникатни слики. Според Де Крон, ваквите цртежи овозможуваат уметноста да се перцепира и осознае од сосема поинаков агол.

rnrn
Лего-куќа
rnАвстралиското студио Голденхем, направило уникатна куќа од илјадници рециклирани кутии за јајца, нарекувајќи ја „The Original Dream“. Куќата е направена така што кутиите за јајца се редени како лего-коцки на дрвена основа, па оттаму и самата куќа е позната како лего-куќа.
rnКреативно осветлување за домот
rnДоколку сакате интересно и необично осветлување за домот, кое истовремено ќе ѝ даде посебен шарм на вашата просторија, одберете го овој дизајн изработен од кутии за јајца. Интересно е тоа што не морате да потрошите мало богатство, туку можете сами да го изработите.
rnИграчки
rnНајдобар начин да ги научете децата што е тоа рециклирање, е заедно да изработите играчки од кутии за јајца. Истовремено ќе се забавувате и ќе учите.
rnМаса
rnСе работи за маса со 3 ногарки, изработена од кутии за јајца, земја, тесто од брашно и семиња. Иако не изгледа стабилна, сепак е доволно цврста да издржи предмети со средна тежина.
rnФолксваген камион

rn
Фотоапарат

rn
Цвеќиња

rn
Костим за маскенбал

rn
Софа
rnПрилично креативна софа, но дали би се осмелиле да седнете и да се опуштите на неа? 🙂
rnrnЗа крај, прочитајте што сè можете да направите со вашите јајца :).rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Секојдневни предмети изработени од употребена хартија
После разгледувањето на овие интересни креации, добро ќе размислите дали следниот пат ќе ги фрлите старите списанија, разгледниците, картонските обвивки од разни производи или детските книги и боенки. Можеби ќе се решите да ги претворите во уметност, како што прави феноменалната Џенифер Кулиер. Таа ги собира сите хартиени продукти и ги претвора во реплики на секојдневни предмети.
Џенифер секој проект го започнува со внимателно одбирање на хартијата, која потоа ја претвора во материјал за креирање. Таа собира различен вид хартии од супермаркети, добротворни организации, пазари, антикварници и од други места, сè додека не собере сè што ù е потребно. Потоа преку склопување, лепење, сечење и хефтање создава работен материјал, кој подоцна го користи за првање на овие интересни имитации.










rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.








