Стереотипите околу доењето се вообичаени. Но, оваа жена и мајка верува дека е време тие да бидат срушени, така што се обидува да им помогне на децата подобро да го разберат доењето и мајчинството.rnrnrnrnБети Страхан од Брисбејн го претворила нејзиното некогашно хоби во бизнис, продавајќи на Интернет бремени барбики, барбики доилки или пак, барбики родители. Оваа 28-годишна мајка, пред четири години започнала да ги креира барбиките за нејзините две деца на возраст од 3 и 5 години. Сепак, таа веднаш ја претворила својата идеја во бизнис.rnrnrnrnОткако почнала да ги продава барбиките доилки на Интернет, тие се покажале како многу популарни.rnrnrnrnИако популарноста е добра вест за неа, оваа жена верува дека најважното нешто е тие да помогнат при едукацијата на децата дека сите жени не треба да изгледаат исто и дека не секое дете е родено со руса коса и сини очи.rnrnrnrnОсвен за подигнување на свеста за разликите коишто постојат, овие барбики исто така помагаат да се нормализира сфаќањето за доењето кај многу млади девојки. Погледнете го видеото да дознаете нешто повеќе за оваа идеја…rnrnrnrnПа, кое е вашето мислење на оваа тема?
Италијанскиот фотограф Габриеле Галимберти обожава да патува околу светот, во потрага по некоја нова авантура, добра приказна и интересни луѓе. За неговиот последен проект насловен „Toy Stories“ тој потрошил 18 месеци фотографирајќи деца од разни делови од светот, со нивните омилени играчки.rnrnЧива – Мекинчи, МалавиrnrnЖаклин – Манила, ФилипиниrnrnТој не очекувал да открие нешто што веќе не го знаеме: „На таа возраст, сите деца се прилично исти. Тие сакаат само да си играат.“ Но, начинот на кој си играат, очигледно се разликува од земја до земја. Галимберти открил дека децата во побогатите држави се попосесивни кон нивните играчки и не дозволуваат некој друг да им ги допре. Во сиромашните држави, некои деца имале само 2-3 играчки, но не им претставувало проблем ако некој друг им ги користи. Така, во Африка децата најмногу си играле надвор, со нивните другарчиња.rnrnТангавитси – Кикорок, КенијаrnrnНо, сепак постојат и голем број сличности помеѓу децата, во однос на улогата која ја имаат играчките во нивните животни. Така, едно 6-годишно момче од Тексас и 4-годишно девојче од Малави си играат со исти играчки – пластични диносауруси, за кои обајцата сметаат дека ги штитат од опасностите коишто ги чекаат во ноќите.rnrnЈулија – Тирана, АлбанијаrnrnВоедно, интересно е тоа дека играчките честопати го рефлектираат и родното место на децата. Момчето од рурално Мексико обожава камиони, бидејќи секојдневно ги гледа како поминуваат низ неговото село, кога се движат накај шеќерната плантажа во близина. Дете од Летонија, сака да си игра со минијатурни колички бидејќи неговата мајка возела такси, додека пак едно девојче, ќерка на италијански фармер, има цел асортиман од пластично гребло, мотика и лопата.rnrnОрли – Браунсвил, Тексас rnrnРаботејќи за овој проект, Галимберти научил и многу работи за родителите на децата. Така, родителите од средниот Исток и Азија ги терале нивните деца да се фотографираат, без разлика што тие биле на почетокот нервозни или вознемирени. Од друга страна, родителите од Јужна Америка биле многу релаксирани и му рекле на фотографот дека може да си ја работи работата како сака, сѐ додека нивните деца немаат ништо против тоа.rnrnБотел – Маун, БоцванаrnrnЛи Ја Чен – Шенјанг, КинаrnrnАлесија – Кастиљон Фиорентино, Италија rnrnЕнеа – Болдер, КолорадоrnrnАбел – Нопалтепек, Мексико rnrnЛукас – Сиднеј, АвстралијаrnrnНаја – Манагва, НикарагваrnrnРалф – Рига, ЛетонијаrnrnАрафа и Аиша – Бубубу, Занзибар rnrnТајра – Стокхолм, ШведскаrnrnМауди – Калулуши, Замбијаrnrn
Во Тајпеј, Тајван е отворен првиот официјален и лиценциран ресторан инспириран од најпознатата кукла „Барби“. Ресторанот е навистина уникатен, а неговото мени нуди голем избор на вкусни деликатеси, тестенини, колачиња и многу други десерти.rnrnrnrnВо ресторанот доминира розовата боја, а насекаде може да види познатото лого на брендот. Распослан е на површина од 660 квадратни метри, а се очекува да привлече многу туристи од Кина, Јапонија и Хонк Конг.rnrnrnrn
Куклата Барби своето име го добива по вистинска личност. Светски познатата кукла е изум на Рут Хендлер, која била ко-основач на компанијата за играчки „Mattel“. Рут името на куклата ù го дала по својата ќерка Барбара.rnrnrnrnГоспоѓа Хендлер ја гледала својата ќерка Барбара како си игра со нејзините кукли направени од хартија и забележала дека таа ги третира како да се возрасни девојки. Бидејќи дотогаш не постоела кукла, која изгледала повозрасно, најчесто куклите во тоа време биле бебиња, таа ја добила идејата да создаде токму таква играчка. Таа ја претставила идејата пред компанијата, но одборот сметал дека нема да постои интерес на пазарот за таков продукт.rn
Патувањето во Германија
rnВо 1956 година Рут заминала на патување во Германија. На прошетката со нејзините деца Барбара и Кенет, на еден излог здогледала кукла која наликувала на идејата која таа ја имала во глава. Верзијата која таа ја здогледала всушност била кукла позната под името „Bild Lilli Doll“, направена според лик од стрипот „Die Bild-Zeitung“. Оваа кукла не изгледала како бебе, туку токму како минијатурна верзија од возрасен човек. Ликот од стрипот всушност претставувала амбициозна девојка од работничка класа која целела кон она што го сака.rnrnrnrnТаа купила три кукли и ги понела со нејзе во САД. Дома таа му ги покажала играчките на нејзиниот сопруг и на инженерот Џек Рајан. Тие заедно ја направиле новата кукла по име Барби.rn
Дебито на Барби
rnГоспоѓа Хендлер својата креација прв пат ја претставила пред јавноста на саемот на играчки во Њујорк. Првата Барби била облечена во костим за капење со црно-бели пруги. Достапна била со руса и кафена коса, собрана во опавче.rnrnrn
Факти и занимливости:
rn
rn011
Роденденот на Барби е на 9 март (1959 година).
rn011
Нејзиното целосно име е Барбара Милисент Робертс.
rn011
Доколку Барби би била вистинска девојка би имала пропорции 90-45-90.
rn011
Кен своето име го добил по синот на Рут, Кенет.
rn011
Првата Барби на која можеле да ù се свиткаат колената била претставена на пазарот во 1965 година.
rn011
Првата Афроамериканска Барби била наречена Кристи и се појавила на пазарот во 1968 година.
rn011
Барби е голем љубител на животни и низ годините имала повеќе од 38 миленичиња, помеѓу кои кучиња, мачиња, коњи и лавови.
rn011
Колекционерските едиции на позната кукла се организирани во 4 категории: розова (неограничено производство), сребрена (до 50.000 парчиња), златна (до 25.000 парчиња) и платинумска (до 1.000 парчиња)
rn011
На секоја секунда се продаваат по 3 Барби кукли некаде во светот.