Продолжуваме со музичките референции, овој пат со нешто поново: Years and Years со нивната песна „King“. Ако сте ја чуле, знаете дека текстот пее за крал, односно маж којшто во принцип е моќен, влијателен и има свој став, сè додека не се појави неговата понежна половина. Е тогаш работите се менуваат. Тој сè уште се смета за крал, но полека станува свесен дека контролата не е повеќе во негови раце. Не за џабе се вели: „Мажот е главата на семејството, но жената е вратот“. Таа е таа која има способност да ја врти главата како сака и без која главата не би стоела гордо исправена. Сигурно познавате безброј вакви примери, но ова воопшто не е појава на модерното време. И покрај тоа што во минатото жените немале никакви права и нивниот глас се сметал за безначаен, сепак нивната лукава и пресметлива природа наоѓала начин да го наметне своето влијание, барем врз постапките на нивниот маж.rnrn
rnrnДури и големиот Шекспир зборувал за ова во своите драми! Најдобар пример е неговата трагедија „Макбет“. Иако напишана векови наназад, оваа драма совршено ја илустрира моќта на женските зборови и одлично може да се вклопи и во денешен контекст. Мал вовед за оние кои не се запознаени со содржината: Макбет е еден од најсилните, најверните и најблагородните војсководци на кралот. Трите вештерки предвидуваат дека тој еден ден ќе стане крал. По ова сознание тој станува опседнат со оваа помисла и решава што побрзо да стигне до посакуваната цел. Е, сè супер, ама се јавува еден проблем. На Макбет му треба некој да го подбутне и да го окуражи да премине од зборови во дела, затоа што цело време нешто се пишмани. А кој може подобро да го направи тоа, ако не неговата Лејди Макбет? (Жената секогаш крива за сè!). Имено, во моментот кога тој се наоѓа пред својата најголема животна дилема, Лејди Макбет се служи со неверојатни женски техники на убедување кои верувале или не функционираат и ден денес.rnДа погледнеме кои се тие:rn
„Не ме сакаш!“
rnЖени, велите така признајте! Секогаш кога жената сака да го убеди мажот да направи нешто, оди на најподмолната можна варијанта: Набивање грижа на совест. Таа е несакана, отфрлена и запоставена жртва на која ѝ треба љубов! И некако магично, во тој момент како доказ за љубовта на мажот спрема неа ќе послужи неговата согласност да ги исполни сите нејзини каприци. Не сакате да одите на глупавата изложба со неа? Не ја сакате! Не сакате да го фрлите ѓубрето? Не ја сакате! А ако еднаш „паднете“ на овие зборови чија намера е да допрат до вашите емоции, нема враќање назад! Нема да имате друг избор освен да се покорите (иако сте крал).rn
„Се плашиш!“
rnДобро познатата обратна психологија. Ова е малку посуптилен начин на убедување бидејќи не е толку нападен како претходниот и е малку така како на повисоко ниво. Тука жената воопшто не се обидува да глуми жртва, но глуми дека се помирила со одлуката на мажот која е против нејзина волја. Во оваа ситуација жената е најсмирена на целиот свет, има индиферентен израз на лицето и со тивок тон на гласот вели: „Во ред е, знаев дека нема да го направиш тоа. Нормално е да се плашиш, не мораш да направиш ништо, сè е во ред.“ Не. Ништо не е во ред. Тогаш вие почнувате да се чувствувате како да сте ја разочарале бидејќи не сте ги исполниле нејзините очекувања. А тоа не му доликува на еден влијателен крал! Егото ви проработува и се заинатувате дека ќе направите сè што е потребно за да ја докажете вашата сила и бестрашност! Браво за вас!rn
„Да бев маж, јас ќе го направев тоа!“
rnОва важи за поагресивните жени кои сакаат да доминираат, но сепак живеат според некои општоприфатени норми и ги негуваат традиционалните одлики што им се придаваат на жените (или ги користат како изговор да не направат нешто затоа што се жени и не би било соодветно). Со овие зборови тие го чепкаат машкото его и ја доведуваат до прашање машкоста на кралот. А тоа не доаѓа предвид! Во овој момент кралот си помислува: „Зар една обична жена да биде похрабра и посилна од непобедливиот маж?!“ Не му текнува дека станува збор за вториот кондиционал, што автоматски ја прави реченицата една обична хипотеза која воопшто не е остварлива во реалноста.rn
„Рече дека ќе го направиш тоа!“
rnЕ тука мажите веќе сами си се криви. Ако навистина сте ветиле дека ќе направите нешто или барем сте спомнале , верувајте дека жената никогаш нема да го заборави тоа. Ќе го запечати во оној предел од мозокот наречен „памти за секој случај“ и ќе го извлече токму во оној момент кога најмалку сте очекувале. Неверојатно е тоа како жените не можат да се сетат како да сменат гума, но кога станува збор за паметење на најмалите ситници им нема рамен! Тие знаат точно кога сте го кажале тоа, кои зборови сте ги употребиле и која била интонацијата. Секој добар крал треба да си стои на зборот, така што од ова нема спас. Памет за друг пат.rnrnОва се само некои од многуте техники на убедување кои ги користат жените, а се немаат сменето веќе стотици години. Зошто би се менувало нешто што функционира совршено добро? Женската моќ на убедување е толку голема што поради неа кралот е во заблуда дека владее. Кралот можеби е тој што владее со земјата, но кралицата е таа што владее со кралот.

rnrnВо една богата земја живеел моќен крал. Тој имал свој верен слуга кој го следел секогаш и секаде, а бил познат по тоа што постојано му велел: 


rnrnАбумби Втори е Африкански крал кој има скоро 100 сопруги, а полигамијата е нешто што е сосема нормално и се смета за еден вид традиција во руралните подрачја како што е Камерун.rnrnВо 1968 година, тој го презел престолот после смртта на неговиот татко, а покрај круната во „негова сопственост“ преминале и сите сопруги од татко му, затоа што и тоа е дел од наследството кое му припаѓа.rnrn
rnrnКралицата Констанца, третата жена по ред на кралот Амбуби Втори, изјавила дека толку силен крал зад себе мора да има уште посилни и поуспешни жени.rn
rnrnИнаку, речиси сите жени се образовани, зборуваат по неколку јазици, и успешни се во тоа што го работат. Многу луѓе ја осудуваат полигамијата и сметаат дека е лошо што тоа е сè почеста појава во Камерун.rnrn

Главни улоги:
rnrnСтанува збор за принцот Галавант (
rnrnТој нема да може да ја преболи одлуката на Маделејна, па токму затоа ќе се затвори во својот дом, каде што времето ќе го поминува пиејќи и спиејќи. Ова негово однесување ќе трае долго време и никој нема да може да влијае врз неговата депресија. Но, работите одеднаш ќе тргнат во спротивна насока, кога принцезата Изабела (
rn
rnrnСите знаеме за 6-те жени на Хенри, но не и дека бил среќно оженет со првата жена, Катерина Арагонска. Таа првин била земена со постариот брат на Хенри, но по неговата смрт, татко му наредил Катерина да се земе со Хенри VIII, за да може полесно да склучи сојуз со Шпанија. Таа била седум години постара од него и биле во брак речиси 20 години. Како крал, Хенри VIII сметал дека има одговорност зад себе да остави машки наследник, но бидејќи Катерина не му родила син, го поништил бракот и преминал на наредната жена.rn
rnrn rn
„Редот на змејовите“ е создаден од унгарскиот крал Зигмунд Луксембуршки, за да го штити христијанството од непријатели, особено од Турците. Членовите биле облечени во црвено-црна комбинација. Коинциденција или не, токму така е опишан и вампирот, наречен гроф Дракула, во книгата на ирскиот писател Брам Стокер. Во Редот, од своите 5 години членувал и Цепеш. Доказ за тоа е неговиот потпис на еден од документите, кои биле подоцна пронајдени. Тој се потпишувал како Wladislaus Dragwlya или Drakwlya.rnrnВлад Цепеш Дракула на 17 години ги изгубил татко му и неговиот постар брат. Тие биле обезглавени од страна на аристократите. Според легендите, ова бил пресудниот момент, кој го излудел Дракула и од него направил монструм. Тргнал да го одмазди семејството и започнал со свирепите измачувања и убиства…rnrnДруга легенда пак, заради која се верува дека Дракула станал брутален владетел е самоубиството на неговата прва сопруга, чие потекло е непознато. Според легендата, Турците испратиле писмо до неа, во кое ù напишале дека го убиле Влад Цепеш, кој во тој момент бил на бојното поле. Откако го прочитала, таа не можела да се помири со загубата и се фрлила од еден од прозорците во реката Аргеш (денеска е позната како Реката на принцезата) која течела под замокот. Кога дознал што се случило, Дракула им објавил војна на Турците. Тогаш се свртел и против црквата, со образложение дека таа била должна да ја заштити неговата сопруга од злото, а не го сторила тоа. Од бракот со првата сопруга тој имал само едно дете.rnrnДракула се оженил и по вторпат, за ќерката на кралот Матијас, Илона Шилаѓи, со која имал два сина. Постариот се викал Влад Четврти Дракула, а името на помладиот е непознато.
Цепеш за првпат се споменува во турски хроники од 15-16-ти век, каде е наречен „Војводата којшто набива на кол“ (kaziklu bey). Тоа име го добива поради жестоките методи што ги користел при егзекуциите на затворениците и на неговите противници. Омилено измачување му било набивањето на жртвата на кол. На ваков ужасен начин усмртил околу 100.000 од неговите жртви, меѓу кои и голем број Турци, но тогаш тоа не го направило немилосрден убиец, туку национален херој. Неговиот народ го гледал како човек кој ја брани земјата од султанот и го штити христијанството.rnrnЕден од митовите е дека на Турците што ги заробувал со заби им го одгризувал грлото. Некои од нив ослободувал, но само за да има кој да ги раскажува неговите монструозни дела и да сее страв меѓу неговите и непријателите на неговиот народ. Така настанала легендата за вампирот кој цица човечка крв.rnrnДракула бил убиен во 1476 година, во една од битките против Османлиите. Тие неговата глава ја ставиле во мед и му ја испратиле на султанот, кој потоа ја покажувал на народот, за да го увери дека Дракула е мртов.rnrnСе верува дека посмртните останки на Дракула биле закопани во Валахија. Во 1931 година, кога грбот бил откопан заради одредени истражувања, во него не било пронајдено апсолутно ништо. Најверојатно тој бил мета на крадците… Некои пак, веруваат дека гробот на Дракула се наоѓа во манастир во Снагов (во близината на Букурешт).rnrn
Замокот Бран, попознат како Замокот на Дракула во минатото бил од стратешко воено и економско значење. На почетокот бил дрвена тврдина, изградена во 1212 година, од витезите на Тефтонскиот ред. Тогаш бил нарекуван „Dietrichstein“. Во 1377 година, унгарскиот крал им дозволува на жителите на Брашов да издигнат нова тврдина на истата локација.rnrnНивните потомци, во 1920 година одлучиле замокот да ù го подарат на романската кралица Марија. Тој брзо станал нејзина омилена резиденција. Денес посетителите можат да видат артефакти главно од нејзиното време, како мебел и традиционални таписерии, кои биле нејзини лични колекции. Она што недостасува, се предмети кои би сведочеле за животот на крвавиот владетел Дракула.rnrnВо 1948 година, кога Романија е под комунистички режим, Владата го конфискува замокот од нејзината ќерка и наследничка, принцезата Илеана и го депортира целото кралско семејство. 58 години подоцна, во 2006 година, Романската влада имотот му го враќа на нејзиниот единствен син Доминик од Австрија, принцот на Тоскана, познат како Доминик Фон Хабсбург, архитект во државата Њујорк. Тој уште наредната година сакал да го продаде и го ставил на аукција, но властите го спречиле во намерата.rnrnДенеска замокот на суровиот владетел е една од најпосетуваните и најпопуларни туристички атракции во светот. Се издига величествено на карпа со преубав поглед, близу градот Бран, помеѓу романските провинции Трансилванија и Влашко. Во него има долги и темни ходници, во кои се верува дека грофот Дракула се криел од Османлиите…



rnrn


rn
rn

rnrn