КАФЕ ПАУЗА

Tag: костими

  • Гламур, сексапил и стил: 7-те најскапи филмски фустани

    Гламур, сексапил и стил: 7-те најскапи филмски фустани

    Зад филмските костими се кријат неверојатни приказни. На пример, фустанот на Скарлет О’Хара од филмот „Однесено со виорот“ е продаден за 137.000 долари, а костимографот го купил на распродажба на костими за 20 долари. Денес ќе прошетаме низ нашите омилени филмови и ќе погледнеме кои се најскапите фустани кои ги носеле познатите холивудски дами на филмското платно.rnrn1-glamur-seksapil-i-stil-7-od-najskapite-filmski-fustani-www.kafepauza.mk_rnrnВо 2011 година на аукција се појавија многу холивудски реквизити и костими. Славниот фустан на Мерлин Монро од филмот „The Seven Year Itch“ е продаден за 4,6 милиони долари.rnrn2-glamur-seksapil-i-stil-7-od-najskapite-filmski-fustani-www.kafepauza.mk_rnrnФустанот на Одри Хепберн од филмот „My fair lady“ исто така е продаден во 2011 година за 3,7 милиони долари.rnrn3-glamur-seksapil-i-stil-7-od-najskapite-filmski-fustani-www.kafepauza.mk_rnrnЏули Ендрјус не носела баш така луксузен фустан во филмот „The sound of music“. Токму тој фустан е продаден во 2013 година за 1,56 милиони долари.rnrn4-glamur-seksapil-i-stil-7-od-najskapite-filmski-fustani-www.kafepauza.mk_rnrnИако на почетокот на аукцијата процената била дека ќе биде продаден за стотина илјади долари, фустанот кој го носеше Мерлин Монро во филмот „Gentlemen Prefer Blondes“ достигна цена од 1,2 милиони.rnrn5-glamur-seksapil-i-stil-7-od-najskapite-filmski-fustani-www.kafepauza.mk_rnrnНајпознатиот филмски, мал црн фустан кој го дизајнирал Живанши за Одри Хепберн, аукциската куќа го продала за 900.000 долари во 2006 година. Живанши овој фустан го подари во добротворни цели, односно парите од продажбата се искористени за загрозените.rnrnJune 1961:  Audrey Hepburn (1929 - 1993) stops for lunch on Fifth Avenue in New York during location filming for 'Breakfast At Tiffany's', directed by Blake Edwards in which she stars as Holly Golightly.  (Photo by Keystone Features/Getty Images)rnrnСино-белото фустанче кое го носеше Џуди Гарланд во филмот „Волшебникот од Оз“ е продадено во 2012 година за 480.000 долари.rnrn7-glamur-seksapil-i-stil-7-od-najskapite-filmski-fustani-www.kafepauza.mk_rnrnПреубавиот фустан од филмот „Титаник“, кој го носеше Кејт Винслет е продаден за 330.000 долари во 2012 година.rnrn8-glamur-seksapil-i-stil-7-od-najskapite-filmski-fustani-www.kafepauza.mk_

  • Запознајте ја Фазберта, морското прасе со најслатките мали костими

    Запознајте ја Фазберта, морското прасе со најслатките мали костими

    Доколку се удобни, костимите за мачки и кучиња можат да бидат брилијанти, но досега не сме имале можност да видиме олку мали изданија, како за ова малечко морско прасе. Станува збор за Фaзберта, неодоливото животинче кое е вистинска дива и која обожава да облекува разновидни костими и да споделува фотографии од нив на Инстаграм. Фазберта, заедно со својата поголема сестра се толку слатки што нема да можете да го тргнете вашиот поглед од нив. Погледнете…rnrn(1) Запознајте ја Фазберта, морското прасе со најслатките мали костимиrnrn

  • Мајка шие преслатки Дизни костими за нејзината ќерка

    Мајка шие преслатки Дизни костими за нејзината ќерка

    3-годишната Лејн Руш од Флорида е неофицијална Дизни ѕвезда и каде и да се појави восхитува со своите костими. Нејзината мајка, Џенифер Руш, ги шие овие прекрасни костими кои прават малата Лејн да изгледа како излезена од магичните светови на Дизни. Мајката на Лејн, инаку голем обожавател на Дизни, ја добила оваа идеја со цел да ѝ помогне на својата ќеркичка да ја надмине срамежливоста. Така, тие две заедно со таткото на Лејн редовно излегуваат на улиците и прават вистинско шоу како од бајките.rnrnСледете ги и на Инстаграм.rnrn

    (1) majka-shie-prekrasni-dizni-kostimi-za-nejzinata-kjerka-www.kafepauza.mk
    Венди од Петар Пан
    rnrn

  • 7 парчиња облека кои одговараат на секој облик на тело

    7 парчиња облека кои одговараат на секој облик на тело

    Честопати ќе наидеме на парче облека кое ни се допаѓа, но не ни е погодено според обликот на телото. Можеби изгледа како секоја облека да е скроена за одреден тип, но не мора да значи. Ова се 7 парчиња облека кои му стојат добро секому без разлика на обликот на телото или килограмите.rn

    1. Асиметрични сукњи

    rnГо нагласуваат струкот, покриваат дел од нозете за да не се чувствувате претерано разголени, прават да изгледате визуелно послаби, и секако изгледате секси, но со вкус. Асиметричните сукњи се секогаш добар избор.rnrn7 парчиња облека кои одговараат на секој облик на телоrn

    2. „Моторџиски“ јакни

    rnДоколку се одлучите за црни и кожни, одите на „опасната“ варијанта, а црното совршено ќе ви прилега доколку имате некој килограм плус. Но сепак може да ги најдете во многу различни бои и дезени. Одберете струкирани со страничен патент за истакнување на струкот и вашата женственост.rnrn7 парчиња облека кои одговараат на секој облик на телоrn

    3. Метални колани

    rnДоказ дека само еден аксесоар може да промени многу нешта. Без разлика кој број облека носите, металните колани ќе ви стојат одлично. Привлекуваат внимание, разбиваат монотонија и го нагласуваат струкот. Само внимавајте да не го затегнете појасот повеќе отколку што треба. Кога ќе почнете да се чувствувате неудобно знајте дека најверојатно изгледате токму така.rnrn7 парчиња облека кои одговараат на секој облик на телоrn

    4. Целосни костими

    rnСпаѓаат во групата на облека која изгледа катастрофално на закачалка, но кога ќе ја облечете сфаќате колку добро ви стои. Во зависност од моделот може да прикрие килограми или визуелно да „создаде“ облини. Доколку имате форма на јаболко или песочен часовник одберете широк и лелеав костим во горниот дел од телото, а доколку имате форма на круша или банана одберете тесен, по можност без прерамки.rnrn7 парчиња облека кои одговараат на секој облик на телоrn

    5. Маички со „гол стомак“

    rnМоже да ви звучи како неточно или глупаво, но ваквите маички навистина секому му одговараат доколку се комбинират со панталони или сукњи со висок струк. Тие се одличен сојузник кој ќе ви помогне да ја истакнете женствената силуета.rnrn7 парчиња облека кои одговараат на секој облик на телоrn

    6. Чизми до глужд

    rnИзборот на чизми е поврзан со вашата висина. Доколку сте пониски а одберете чизми до колена може да изгледате како мачорот во чизми. Чизмите до глужд се универзални без разлика на висината или вашата перцепција за изгледот на вашите нозе.rnrn7 парчиња облека кои одговараат на секој облик на телоrn

    7. Фустани со исцртани форми

    rnВаквите фустани се како магични, просто како да имаат визуелни ефекти. Ако сакате да постигнете истакнување на облините одберете форма која наликува на песочен часовник, доколку пак сакате обратен ефект тогаш одберете форма со прави линии.rnrn7 парчиња облека кои одговараат на секој облик на телоrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Црно-бела танцувачка илузија

    Црно-бела танцувачка илузија

    Забавна оптичка илузија со девојки кои танцуваат во црно-бели костими, во ритамот на популарната мелодија на германскиот фолк-рок полка бенд „Hiss“. Нивната несекојдневна изведба ќе си поигра со вашиот мозок, ќе ве насмее и расположи. Особено интересна е втората половина од танцот. 😉(1) Црно-бела танцувачка илузијаrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Интересни факти за Коко Шанел

    Интересни факти за Коко Шанел

    Кога ќе помислите на модна икона, со сигурност ќе ви текне на едно име – Коко Шанел. После речиси 100 години откако е креиран, нејзиниот парфем и денес е еден од најпопуларните. Иако многумина знаат многу за нејзиниот живот и патот до славата, еве неколку интересни факти поврзани со Коко Шанел кои можеби не сте ги знаеле.Интересни факти за Коко Шанелrn

    Нејзиното вистинско име е Габриел

    rnРодена е како Gabrielle Bonheur Chanel, но го добила прекарот Коко според една од нејзините песни. И покрај тоа што прекарот го добила додека се занимавала со музичка кариера, таа останува препознатлива по тој прекар и во текот на нејзината модна кариера.rnrn

    Таа направила исончаниот тен да биде популарен

    rnВо тоа време белиот тен се сметал за женствен и елегантен, секако, тоа го променила токму Коко. Таа била доста популарна во Париз, па по враќањето од едно нејзино патување во Кан, жените посакале да го имаат нејзиниот исончан тен. Така тенот станал популарен.rnrn

    Нејзиниот дом секогаш мирисал на Шанел 5

    rnСтанува збор за еден од најпопуларните парфеми на сите времиња, а очигледно уште тогаш Коко била многу горда на својот успех. Таа уживала да го прска нејзиниот дом со Шанел 5, што само докажува колку сакала да биде опкружена со елеганција и префинетост.Интересни факти за Коко Шанелrn

    Ја започнала својата кариера како дизајнер на шапки

    rnЗапочнала со мало производство, продавајќи им шапки на пријателите. Но, нејзиниот бизнис за брзо се проширил, вклучувајќи линија со облека. Оној кој најмногу ја поддржал во отворањето на првиот бутик за шапки, бил нејзиниот љубовник Артур Капел. Па од негде мора да се започне, нели?rnrn

    Нејзиниот омилен број бил 5

    rnОчекувано, зарем не? Не само што го крстила парфемот Шанел број 5, туку истиот за првпат бил пуштен во продажба на 05.05.1922 година. Друг интересен факт поврзан со парфемот е дизајнот на шишето. Таа се противела на гломазните и екстравагантни опаковки на парфеми, па се одлучила за едноставно шише, тврдејќи дека луѓето треба да се сконцентрираат на она што е во шишенцето. Мислам дека сите со сигурност би можеле да кажеме дека воопшто не погрешила.rn
    rn

    Таа направила вистинска револуција во женската мода

    rnЖените во тоа време носеле многу неудобна облека, како што биле корсетите, а како аксесоари носеле нападен накит. Коко го променила тоа креирајќи поудобна и функционална облека. Го креирала познатиот женски костим кој бил едноставен и лесно ги изразувал позитивните страни на женската фигура, без да ги приморува жените да носат неудобни корсети за да го сокријат стомакот. Исто така, таа му донела слава на обичниот и едноставен накит, а да не заборавиме дека токму нејзина е заслугата за славата на малиот црн фустан. Кога зборуваме за модна револуција и уникатни идеи за пресврт во модата, мислиме на Коко Шанел!Интересни факти за Коко Шанел
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Карневалот во Рио – експлозија на бои и звуци

    Карневалот во Рио – експлозија на бои и звуци

    Автор: Петар ТодоровскиrnrnСекоја година, непосредно пред велигденскиот пост, Бразилците излегуваат на улиците на четиридневна прослава на хедонизмот. Бескрајната маса од повеќе од два милиони луѓе кои танцуваат, ритамот на самбата и шаренилото од костими, предизвикуваат експлозија од бои и звуци карактеристични за најмасовниот карневал во светот.Карневалот во Рио – експлозија на бои и звуциКарневалот во Рио – експлозија на бои и звуциКарневалот во Рио де Жанеиро започнал да се одржува пред повеќе од 150 години, кога доселениците од Португалија парадирале по улиците на градот танцувајќи на европска музика, како полки и валцери, а на почетокот на дваесеттиот век, работничката класа, главно домородно население, ја создало самбата и тогаш карневалот го добил денешниот лик.Карневалот во Рио – експлозија на бои и звуциКарневалот во Рио – експлозија на бои и звуциКарневалската парада ја сочинуваат дванаесет претходно избрани училишта за самба, а целиот настан всушност е натпревар помеѓу нив. Училиштата за самба можат да бидат вистински училишта за изучување на танцот или групи од пријатели или соседи кои сакаат да учествуваат. Секое училиште одбира тема која ја претставува преку костимите, танцот и музиката. На крајот од карневалот, жирито го избира победникот, кој добива право уште еднаш да го изведе своето шоу.Карневалот во Рио – експлозија на бои и звуциКарневалот во Рио – експлозија на бои и звуциКарневалот во Рио – експлозија на бои и звуциКарневалот во Рио – експлозија на бои и звуциУчилиштата за самба се составени од повеќе групи кои излегуваат по строго одреден редослед. Прво настапува предното крило, составено од десет до петнаесет луѓе чија цел е преку танц да раскажат кратка приказна со која ќе ги најават главната група и темата. Потоа на ред доаѓа главната група, поставена на движечка платформа. Во неа најважна е кралицата. Таа стои на видно место и го држи знамето со симболот на училиштето, а друштво ù прави уште еден член од групата чија задача е да го привлече вниманието на посетителите кон кралицата. Покрај нив танцуваат останатите членови, облечени во екстравагантни костими кои често се многу тешки. Останатиот дел од училиштето за самба, во кој има барем сто девојки, танцува покрај платформата.Карневалот во Рио – експлозија на бои и звуциКарневалот во Рио – експлозија на бои и звуциПоворката од дванаесетте избрани училишта поминува на „Самбадром“, огромна улица околу која се поставени трибини за гледачите. Гламурозниот настан започнува околу девет часот навечер, а завршува дури следното утро.Карневалот во Рио – експлозија на бои и звуциКарневалот во Рио – експлозија на бои и звуциКарневалот во Рио – експлозија на бои и звуциПокрај на „Самбадромот“, забавата се случува буквално на сите улици и плажи во градот. За разлика од главната карневалска поворка, на уличните фестивали учествуваат буквално сите кои се наоѓаат во Рио. На улиците низ градот има безброј бендови кои свират во живо, а посетителите танцуваат и ја создаваат најголемата улична забава што може да се замисли.Карневалот во Рио – експлозија на бои и звуци
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најубавите национални костими на „Мис Универзум 2011“

    Најубавите национални костими на „Мис Универзум 2011“

    Натпреварот за најдобар национален костим е најшарениот дел од изборот за Мис Универзум. Меѓу другото, овој дел од настанот е и најинтересен за гледачите ширум светот.rnrn

    Најубавите национални костими на „Мис Универзум 2011“
    Мис Канада
    rnrnОваа година изборот се одржува во Сао Паоло, Бразил, а на јубилејното шеесетто одржување на оваа манифестација, за круната се борат 89 земји. Тоа е нов рекорд, бидејќи досега максималниот број на земји учеснички изнесуваше 86, во 2006 година.rnrnСекој костим некако ја одликува земјата која ја претставува нејзината претставничка, па така креативноста, традицијата и обичаите даваат феноменални креации, кои оставаат без зборови. Погледнете дел од најинтересните костими кои ги носат убавиците од светот.rnrn
    Најубавите национални костими на „Мис Универзум 2011“
    Мис Тринидад и Тобаго
    rnrn
    Најубавите национални костими на „Мис Универзум 2011“
    Мис Аргентина
    rnrn
    Најубавите национални костими на „Мис Универзум 2011“
    Мис Аруба
    rnrn
    Најубавите национални костими на „Мис Универзум 2011“
    Мис Бразил
    rnrn
    Најубавите национални костими на „Мис Универзум 2011“
    Мис Еквадор
    rnrn
    Најубавите национални костими на „Мис Универзум 2011“
    Мис САД
    rnrn
    Најубавите национални костими на „Мис Универзум 2011“
    Мис Германија
    rnrn
    Најубавите национални костими на „Мис Универзум 2011“
    Мис Перу
    rnrn
    Најубавите национални костими на „Мис Универзум 2011“
    Мис Франција/Мис Чиле
    rnrn
    Најубавите национални костими на „Мис Универзум 2011“
    Мис Холандија/Мис Индонезија
    rnrn
    Најубавите национални костими на „Мис Универзум 2011“
    Мис Колумбија/Мис Јамајка
    rnrn
    Најубавите национални костими на „Мис Универзум 2011“
    Мис Панама/ Мис Јапонија
    rnrn
    Најубавите национални костими на „Мис Универзум 2011“
    Мис Танзанија/ Мис Тајланд

    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.