Тие можат да бидат дел од деловна комбинација, но може да ги носите и за поформална пригода, сето тоа зависи од тоа како ќе ги стилизирате. Костимите станаа многу популарни минатата година, а според дизајнерите, тие ќе бидат актуелни и до крајот на тековната година. Секоја жена изгледа и се чувствува моќно во нив, па затоа е јасно зошто стигнаа до толку голема популарност. Најдобар избор се оние во светли бои.rnrnНиту славните дами не можеа да одолеат на овој тренд, а според нас, ова се некои од најдобрите стајлинзи.rnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnПогледнете кои 6 бои ќе владеат со светот оваа година.
Родителите нè воспитуваат, нè хранат, нè облекуваат и без сомнение, нè засрамуваат. Децата на 16 години обично најмногу се срамат од своите родители, а Рејн Прис од Јута не е исклучок. Сè започнало во втора година средно. Рејн се качил во училишниот автобус, а татко му го испраќал. Рејн ѝ кажал на мајка му дека се срами од тоа и дека не сака да го испраќаат, но татко му го слушнал.rnrnrnrnТој не само што продолжил да го испраќа, туку секој ден бил облечен во различен костим. Ова се случувало цели 170 денови.rn
„Кога ме испрати прв пат бев шокиран. Не сакате да го видите татко ви облечен во венчаница како ви мавта додека вие влегувате во автобусот.“
rnrnrnТаткото, Дејл, станал познат како „Таткото што му мавта на автобусот“ и секогаш се појавувал со навистина креативни костими и никогаш не го облекувал истиот два пати. Изјавил дека потрошил околу 50 евра во текот на целата година, а понекогаш барал помош од соседите и пријателите. Па, погледнете ги неверојатните костими на Дејл.rn
Филмовите со суперхерои, станаа едни од најпопуларните и најуспешните жанрови на денешницата, а тие постепено почнаа да ѝ го привлекуваат вниманието на публиката, уште од премиерата на „Железниот човек“ (Iron Man), во 2008 година. Ликовите коишто ни се презентирани во овие модерни филмски верзии, станаа лесно препознатливи за фановите ширум светот, а постојат од многу поодамна, кога тие не изгледале баш исто. И покрај тоа што американскиот издавач на стрипови Марвел, постапи одлично, со тоа што ни ги донесе суперхероите на големите екрани, сепак голем број измени се направени во нивниот изглед, за тие да изгледаат „пореалистично“.rnrnrnrnНо, што ќе се случеше ако Марвел останеа верни на оригиналните верзии на ликовите? Како ќе изгледаа суперхероите тогаш? Дизајнерскиот тим од онлајн медиумот „Looper“ решил да го дознае одговорот на ова прашање и преку креативни техники во Фотошоп, го сторил тоа. Ние сметаме дека ликовите од филмовите изгледаат многу подобро, бидејќи некои од верзиите од стриповите изгледаат дури и смешно, но оставаме и на вас да ја направите споредбата и да формирате мислење.rnrnПродолжете надолу, за да ги разгледате ретро костимите коишто би ги носеле вашите омилени ликови од „Одмазници“ (Avengers) и кажете ни што мислите за нив, во коментарите подолу. Дали повеќе ви се допаѓаат оригиналните костими или адаптираните верзии на филмското платно?rn
Тор (Thor)
rnrn
Човекот-мравка (Ant-Man)
rnrn
Капетан Америка (Captain America)
rnrn
Црвената вештерка (Scarlet Witch)
rnrn
Остроок (Hawkeye)
rnrn
Сокол (Falcon)
rnrn
Визија (Vision)
rnrn
Жива (Quicksilver)
rnrn
Гломазниот (The Hulk)
rnrn
Црн пантер (Black Panther)
rnrn
Железен човек (Iron Man)
rnrn
Црна вдовица (Black Widow)
rnrn
Човекот-пајак (Spider-Man)
rnrn
Воена машина (War Machine)
rnrnrnВо продолжение, прочитајте и што мислат некои од фановите на оваа тема:rn
„Ти благодарам Марвел, што не ги направи да изгледаат како во стриповите. Ако останеа костимите во оригинал и на големото платно, ќе изгледаа многу детски.“
rn
„Доловени се доволно слично како оригиналните. Креаторите на филмовите, само го подобриле изгледот, со цел суперхероите да изгледаат пореалистично.“
rn
„А како треба да изгледаат? Луѓе, стриповите се направени пред децении, модата се сменила од тогаш.“
rn
„Времињата се менуваат… Некои костими се дизајнирани во 40-тите и 50-тите години на минатиот век, што значи дека не би изгледале воопшто добро во денешно време.“
rn
„Времињата се менуваат и дизајните на костимите од стриповите можеби би изгледале добро ако беа 80-тите или 90-тите години, но сега е 2018-та година!“
rn
„Јас сметам дека некои од оригиналните костими изгледаат супер.“
Бидејќи не можеле да одберат само еден сет костими за своите 6-месечни бебиња, Пенелопи, Итан и Алехандра, новите родители решиле да направат креативна компилација од сите идеи што ги имале. Колекцијата вклучува модели од поп културата и кандидатите за претседател во Америка, сè до разнобојни цвеќиња, различни пијалаци и животни. Па, можете ли да ги погодите сите изгледи на оваа тројка?rnrnrnrn
Дури и најтивкиот звук би можел да ја уништи целата макотрпна работа за само една секунда. Токму затоа и без сомнение можеме да кажеме дека Лаура Изумикава Чои е една од најхрабрите мајки кои некогаш сме ги виделе! Таа ја облекува својата заспана ќерка во најслатките костими инспирирани од филмовите и ТВ сериите, а потоа ја фотографира. Што се однесува до резултатите – тие дефинитивно вредат за ризикот! Погледнете.rnrnrnrn
Модниот дизајнер Нефи Гарсија го користи својот талент за да создаде неверојатни костими за своето семејство. Тој ја започнал својата кариера произведувајќи фустани за високата мода, но тој фокус се префрлил кон неговите деца. Мината година, откако фамилијарно го посетиле Дизниленд, неговата 6-годишна ќеркичка Лили го прашала дали може да ѝ направи костум кој ќе може да го носи додека е таму.rnrnrnrnЗа пригодата, Нефи ѝ направил костим од Добрата вила користејќи разни остатоци од материјали. Како што шетале низ паркот, многу луѓе биле воодушевени од нејзиниот фустан па дури и ѝ побарале автограм.rn
„Наредниот ден добив нарачка за повеќе од 10 костими. Сфатив дека модната индустрија повеќе не е за мене“, вели Нефи.
rnСо секој дизајн тој се труди да воведе нешто ново и необично како што е случајот со еден фустан кој содржел и превез што изгледал како да е држен од сини птици кои „летаат“ со секое движење.rnrnrnrnТака, Нефи ја пронашол својата вистинска кариера и доследно на неговата поранешна работа, за да ги изработи костимите тој користи високо квалитетни материјали, како органска свила, и го практикува истиот менталитет со кој работел и за високата мода. Тој вели дека му се потребни околу 4-6 часа работа за да направи еден костим кој варира од принцези и крзнени животинки до ликовите од „Војна на ѕвездите“.rnrn
Креативната учителка Ана Розвадовска од Полска е мајка на 2 дечиња која во слободно време обожава да фотографира и да шие. Таа вели дека како малечка никогаш не се сметала за уметнички талентирана, но сето тоа се променило кога ги родила нејзините дечиња – Џејкоб и Барбара. Тогаш ги открила сите чуда на фотографирањето и социјалните мрежи и, инспирирана од светски познатите фотографи, започнала да бара уникатен начин да го одбележи детството на своите деца.rnrnСамовилаrnrnОд нивното раѓање, па сѐ до денес, таа направила стотици фотографии од Џејкоб и Барбара, а освен фотографирањето, таа има уште едно интересно хоби – изработката на костими. Во секоја нова фотосесија која трае од 10-15 минути, сите парчиња облека, освен чевлите, се изработени од нејзините раце. Таа вообичаено ги користи најевтините материјали и ткаенини и избира локации кои се блиску до нејзиниот дом.rnrnАна вели дека никогаш не ги тера децата да позираат. Таа смета дека една фотосесија изгледа добро и оригинално само кога се раскажува некоја приказна, бидејќи тогаш децата се чувствуваат природно.rn
„И фотографирањето и шиењето ме исполнуваат со многу енергија. Мојата глава е преполна со идеи за следните фотографии. Камо ли денот да траеше подолго…“, вели Ана.
rnПогледнете дел од нејзините уникатни фотографии.rnrn
Пуипуи е зајаче чиј стил е секогаш совршен. Со помош на неговата сопственичка Мумитан, ова зајаче е модел на најразлични импресивни костими како што се шапки за возење, мантили, кимоно, круни и слично. Честопати неговиот изглед се заснова на познатите литературни ликови и познати фигури, како што е незаменливиот Шерлок Холмс, кој Пиупиу одлично го доловува.rnrnrnrnНеговата сопственичка Мумитан е главниот дизајнер чие име стои на сите комбинации на облека на Пиупиу. Нејзиното внимание кон деталите, како и фокусот се неверојатни и толку прецизни, што може да се забележи во ситните копчиња, машни и триделни костуми – сите сошиени со голема посветеност и грижа. Во продолжение погледнете дел од нејзината неверојатна работа.rnrn
Анџела Клејтон е 18-годишен костимограф од Лонг Ајленд, Њујорк, која за првпат започнала да шие пред 3 години кога се заинтересирала за светот на игрите на улоги. Сега, Клејтон сѐ поретко посетува настани од овој тип и се фокусира повеќе на оригинални дизајни. Нејзините проекти може да траат и до 250 часа, а таа еднаш употребила 11 метри материјал за шиење за да направи еден костим!rnrnrn
„Се надевам дека од ова хоби ќе произлезе и мојата идна кариера. Јас сакам да правам костими и сакам да ги оживувам моите идеи. Ако би можела тоа да го правам за модата, посебно за театарот или филмот, тоа би било супер… Повеќе би сакала да почнам да го работам тоа, отколку да одам 4 години на факултет“, вели Анџела.
rnrnrnТаа започнала да шие на 14-годишна возраст.rn
„Првиот проект кој го завршив беше училишна униформа од една анимирана ТВ серија кога имав 14 години. Ми требаа 2 месеци. Сакав игри на улоги, да правам костими или да ги носам на конвенции, но не можев да си ги дозволам костимите кои беа достапни за купување на интернет. Продолжив да изработувам костими, бидејќи го сакав аспектот на шиењето. Одлучив да си дадам слобода при фокусирањето на историските проекти и оригиналниот дизајн. Имам еден костим на кој работам од јануари и сѐ уште не сум го завршила, но се надевам дека ќе го завршам наскоро. На некои луѓе им доаѓа природно, но ова е дефинитивно нешто што може да се научи како да се прави. Ако вежбате, сигурно ќе научите, но процесот може малку да потрае“, објаснува Анџела.