КАФЕ ПАУЗА

Tag: кошмари

  • Сонови што укажуваат на некои здравствени проблеми

    Сонови што укажуваат на некои здравствени проблеми

    Психолозите се согласуваат дека пораките од соновите не треба да се игнорираат бидејќи токму од нив можете да прочитате важни информации за вашата здравствена состојба. Истото го тврди и народната традиција. Симболите од сонот може да бидат знаци на депресија, срцев удар или може да предупредат на ризикот од Алцхајмерова или од Паркинсонова болест.rnrnСонови што укажуваат на некои здравствени проблемиrnrnПостојат конкретни докази дека соновите, почнувајќи од оние што се повторуваат секоја ноќ, преку живописни соништа и кошмари до бизарни ноќни визии, можат да предупредат на некоја болест пред да се појават првите симптоми.rn

    „Ако често страдате од кошмари, тоа може да предупреди на проблеми со срцето, мигрена или недоволно спиење. Непријатните кошмари можат да бидат предизвикани и од лекови за крвен притисок од редот на бета-блокаторите“, вели професорот Џим Хорн, експерт за сонови од Универзитетот во Лофборо.

    rnОвие лекови ги прошируваат крвните садови, но експертите веруваат дека тие, исто така, можат индиректно да ја нарушат рамнотежата на одредени хемикалии во мозокот и затоа сонувате кошмари. Лошите соништа, исто така, можат да бидат поврзани со слабо срце, според истражувањето спроведено на повеќе од 6.000 испитаници чии резултати биле објавени во холандското издание на „Journal of Medicine“.rnrnНаучниците откриле дека оние кои страдаат од неправилно чукање на срцето имаат трипати поголем ризик од кошмари, а кај оние кои чувствуваат болка во градите се јавува седумпати поголем ризик. Луѓето кои имаат проблеми со срцето се, исто така, повеќе склони кон проблеми со дишењето, што го намалува нивото на кислород во мозокот.rnrnКошмарите и грдите соништа полни со бес и агресија може да бидат предупредување дека имате мигрена. Без разлика дали секоја вечер сонувате како ве прогонуваат или ве напаѓаат, ваквите стресни соништа можат да бидат предзнак на некое заболување на мозокот или на невродегенеративни болести како Алцхајмерова или Паркинсонова болест.rn

    „Предупредувачките сонови се случуваат и десет години пред првите симптоми на болеста, како што е губењето на меморијата“, истакнува д-р Оскорфт од болницата Папворт во Кембриџ.

    rnСе верува дека луѓето кои редовно сонуваат како некој ги напаѓа или ги прогонува, страдаат од нарушувања во однесувањето во РЕМ-фазата на спиењето. Акутната форма на ова нарушување може да се појави и при откажување од алкохолот или од лекови за смирување.rn

    „Бизарните соништа може да предупредуваат на инфекција или на почеток на менопаузата. Инфекциите можат да предизвикаат полубудна состојба, што е причина за бизарни соништа“, вели неврологот д-р Патрик Мекнамара од Медицинскиот факултет во Бостон.

    rn

    „И пиењето доцна во ноќта може да биде причина за такви живописни соништа, што најчесто се јавуваат во зори затоа што тогаш ефектите на алкохолот ослабуваат, а тоа влијае на хемикалиите во мозокот и создава чудни соништа“, открива професорот Џим Хорн.

    rnПокрај тоа, според сведоштвата на многу жени, живописните соништа се карактеристични за менопаузата и се смета дека се знак за хормонални промени.rn

    „Ако ви се чини дека сонувате повеќе од вообичаено, причината за тоа може да биде флуктуацијата на хормоните, поради што жените често сонуваат многу повеќе за време на менструацијата“, вели проф. Хорн.

    rnИако ноќе за време на РЕМ-фазата „минувате“ низ 4-6 епизоди од соништата, повеќето луѓе не се сеќаваат на тоа. Луѓето сонуваат 28-42 соништа за време на една седмица, но се сеќаваат само на два или три сонови, а остатокот е избришан. На сонот можете да се сетите само ако се разбудите додека сонувате.rnrnАко „филмот заврши“ и продолжите да спиете, ќе го заборавите тој сон. Се претпоставува дека жените се сеќаваат на соништата многу повеќе од мажите токму затоа што имаат полесен сон и почесто се будат.rnrnАко сонувате повеќе од вообичаеното, тоа може да биде резултат и на хронична болка, откажување од употребата на антидепресиви или ако во просторијата е премногу топло или ладно. Сето ова му пречи на спиењето и предизвикува почести будења во текот на РЕМ-фазата, поради што се сеќавате на повеќе соништа и верувате дека сонувате повеќе од вообичаеното.rn

    „Ако сонувате и се будите ноќе и рано наутро, тоа може да предупреди на депресија и да биде знак дека сте под зголемен стрес или дека имате прекумерна тежина. Мрсната храна, исто така, може да биде причина за лошите сонови. Оние кои се под стрес или страдаат од депресија, влегуваат порано во РЕМ-фазата, порано „минуваат“ низ соништата и порано се будат“, вели проф. Хорн.

    rnСите такви сонови се пораки дека е време малку да забавите.rnrnМногу мајки сведочат дека имале живописни и вознемирувачки соништа за време на бременоста, но тие имале помал ризик од постпородилна депресија. Исто така, стресот често се манифестира со панични соништа и многу луѓе сонуваат дека доаѓа голем бран или дека доцнат некаде.rnrnПрочитајте дали еротските соништа со друг маж се предупредувачки знак.

  • Кошмари кај децата: 6 начини да ги запрете страшните соништа

    Кошмари кај децата: 6 начини да ги запрете страшните соништа

    Додека децата од предучилишна возраст активно фантазираат и се плашат од „чудовиштата под креветот“, малку постарите деца кои се на возраст од 6 до 10 години, имаат повеќе реални стравови, како киднапирање, грабеж и земјотреси, па затоа многу често имаат и кошмари. Едно германско истражување покажало дека 96% од децата на возраст од 7 до 9 години имаат кошмари. Покрај тоа, повеќето мали деца одговориле дека нивните соништа најчесто се поврзани  со она што во текот на денот го гледале на телевизија.rnrnКошмари кај децата: 6 начини да ги запрете страшните соништаrnrnКошмарите се случуваат во периодот на РЕМ фазата, и децата понекогаш едноставно не се будат по нив. Ваквите соништа влијаат на телото, прават забрзување на работата на срцето и често се случува детето да се разбуди.rnrnТие се толку исплашени кога ќе се разбудат, па и куќата може да им изгледа страшно, па затоа многу потешко можат повторно да заспијат. На децата навистина може да им биде проблем да направат разлика помеѓу фантазијата и реалноста, па тие се спротивставуваат на тоа да се вратат на спиење од страв дека „она страшното“ може повторно да ги чека таму.rnrnЕкспертите нагласуваат дека соништата се поврзани со искуствата кои ги доживуваат децата во текот на денот. Доколку имаат лоши соништа, тие веројатно поминуваат низ одреден период во нивните животи што е нормален дел од развојот. Меѓутоа, доколку ваквите соништа се јавуваат премногу често, размислете за можните извори на стрес кај вашето дете.rnrnКако да му помогнете на детето?rn

    1. Имајте разбирање

    rnДоколку детето има лош сон, најдобро е да му кажете дека тоа е само сон и да се врати во кревет. Сепак, за детето тој сон е целосно реален. Оставете го да ви каже како се чувствува. Можете да пробате и со тоа да му кажете дека може да замислите колку тоа било страшно, но дека сега нема страшен човек во собата.rn

    2. Одредите време за спиење

    rnКошмарите почесто се јавуваат кај децата кои си легнуваат подоцна. На децата кои се на училишна возраст им се потребни 10 до 11 часа спиење. Исклучете ги електронските уреди половина час пред спиење, за да може мелатонинот  да се лачи нормално за време на спиењето. Во тој период најдобро е да се посветите на смирени активности како што се друштвени игри, капење, гледање во ѕвездите преку прозорец и слично.rn

    3. Опуштете го

    rnСмиреното тело и ум многу полесно ќе потонат во сон. Најдобра техника за тоа е следењето на воздухот кој поминува низ телото, најпрво преку десната а потоа и преку левата ноздра.rnrnНовата мека играчка, исто така, може да му помогне на детете да се чувствува побезбедно. Една израелска студија открила дека децата со нова играчка имале значително помалку кошмари и други симптоми на стрес, затоа што верувале дека таа ги чува или дека тие ја чуваат играчката.rn

    4. Не игнорирајте го  „страшното“

    rnПогрешно е да го тргате детето од она што го плаши. Подобро е да го научите да ги прифаќа и толерира работите кои го плашат. Во суштина, колку почесто детето ќе го гледа или ќе размислува за она што го плаши, тоа ќе му станува се помалку страшно.rnrnПоминете 15 мнути во текот на денот фокусирани на тие кукли, плашила или што и да е причината за стравот на детето. Можете да испечатите слика од куклата и потоа да му дозволите на детето да ја исече со ножици, исто така можете да направите и забава со куклите или пак детето да им чита приказни.rn

    5. Тренирајте го детскиот мозок

    rnЛошите соништа понекогаш може да претставуваат и само навика на детскиот мозок. По кошмарот, идеално би било да почне да размислува за нешто убаво и забавно. Насочете го да замислува како го менува каналот на кој се прикажува лош сон, и потоа сè ќе е во ред.rnrnМожете да му помогнете да прави разлика помеѓу фантазијата и реалноста. Доколку погледнете под креветот и му кажете дека нема чудовиште, всушност му потврдувате дека тие постојат. Наместо тоа, земете калкулатор и пресметајте колку ноќи детето спиело во домот, а потоа прашајте го колку пати бил домот ограбен. Доколку се плаши од земјотрес или пожар, обидете се да разговарате со него за пронаоѓање на решение. Можете, на пример, да направите план за евакуација и мерки за претпазливост.rn

    6. Охрабрувајте го детето

    rnСледниот чекот е да го охрабрите вашето дете да стави крај на лошите соништа на магичен или бесмислен начин. Замислување на негативецот како пропаѓа во када полна со шпагети, или претварање на чудовиштето во чоколадо, сигурно ќе го намали стравот и ќе го претвори во забавна ситуација.rnrnПонекогаш не постои едноставно решение и детето едноставно мора да го надмине стравот.rnrnМожеби сакате да прочитате и дека оваа грешка пред спиење може да ви предизвика ноќни кошмари.

  • Кошмарите може да ви помогнат да откриете што ви предизвикува стрес на работа

    Кошмарите може да ви помогнат да откриете што ви предизвикува стрес на работа

    Ноќните кошмари може да бидат измачувачки за личноста и да ја чинат неколку непроспиени ноќи и постојана вознемиреност, но и да доведат до проблеми со спиењето. Оние кои често имаат кошмари некогаш дури и не сакаат да спијат, затоа што никогаш не се одморени, а физичкото и менталното здравје веќе се доведени во прашање. Но, се чини дека ваквите ноќни терори имаат и позитивна страна – тие ви помагаат да ги идентификувате причините за стресот, особено ако доаѓа од работното место.rnrnКошмарите може да помогнат да откриете што ви го предизвикува стресот на работаrn

    Соочете се со стравот

    rnНајпрво, треба да дефинирате што е она што е страшно во кошмарот. Можете тоа да го направите со терапевт или со близок пријател. Препознајте што ја предизвикува анксиозноста и ако е потребно, водете дневник на дневни настани и ноќни кошмари. Исто така, прочитајте кои се најчестите лоши соништа и што тие ви кажуваат:rn

    1. Паѓање

    rnМногу често се случува да сонуваме како паѓаме, а истото се случува и со луѓето околу нас.rnrnЗначење: Ситуацијата на работа може да се влошува во следниот период или пак на некоја врска или пријателство им се ближи крајот.rn

    2. Прогонување

    rnАко сонувате дека некој ве брка или прогонува, може и по будењето уште да чувствувате страв.rnrnЗначење: Избегнувате некоја голема промена во вашиот живот, односно не сакате да си признаете дека работата или некоја врска веќе се премногу лоши за вас.rnrnКошмарите може да помогнат да откриете што ви го предизвикува стресот на работаrn

    3. Доцнење за нешто важно

    rnМожеби сонувате дека сте задоцниле на важен тест, но откако ќе се разбудите сфаќате дека поминале многу години откако бевте ученик.rnrnЗначење: Нешто не ви дава мир. Пронајдете што е тоа.rn

    4. Огромен бран

    rnАко сонувате дека ве поклопува огромен бран, може да се случи дури и во реалноста да се борите за воздух.rnrnЗначење: Исто како и доцнењето, овој сон значи дека имате премногу проблеми кои не ви даваат мир.rn

    5. Паѓање на забите

    rnИако чуден, сепак многу луѓе во светот го сонувале овој сон.rnrnЗначење: Се соочувате со слабост, привремена немоќ или не можност да се соочите со некој проблем во вашата работа.rnrnДознајте и каков ефект може да имаат кошмарите врз вашиот мозок.

  • Дознајте го значењето на најчестите кошмари

    Дознајте го значењето на најчестите кошмари

    Сите луѓе имале кошмар барем еднаш во животот. Кошмарите знаат да бидат многу вознемирувачки и страшни, но и тие кријат свое значење кое може да ви помогне да ги дознаете тајните на вашата психа. Можеби не сте знаеле дека постојат соновни и научни толкувања на кошмарите. Во продолжение прочитајте ги толкувањата на најчестите кошмари…rnrnНајчестите кошмари и нивното значењеrn

    Пајаци

    rnСоновно толкување: Сонувањето пајаци обично значи дека некој ваш близок (најчесто родител или мајчинска фигура) е многу напорен и „плете мрежа“ околу вашиот живот. Можеби се чувствувате како отпадници во одредени ситуации или можеби се обидувате да се држите подалеку од некое примамливо искушение.rnrnНаучно толкување: Пајаците се најчестите типови хипнагогични халуцинации, а тоа се живописни сензации што личат на соништа кои се јавуваат кај луѓето кога ќе слушнат, видат, почувствуваат или помирисаат нешто што се случило кратко пред да заспијат. 10% од популацијата доживуваат халуцинации во текот на спиењето.rn

    Тонење и бранови

    rnСоновно толкување: Океаните претставуваат емоции, па ако сонувате како се давите во океан, тоа најчесто значи дека сте преплавени со емоциите што ги потиснувате. Се чувствувате исцрпено, имате премногу обврски и се мачите да издржите до крај.rnrnНаучно толкување: Ако сонувате дека се давите, тоа значи дека имате потешкотии со дишењето додека спиете, најверојатно ноќна апнеа или несвесен грч на мускулите кој се јавува кога луѓето заспиваат.rn

    Паѓање

    rnСоновно толкување: Ако сонувате дека паѓате, тоа значи дека чувствувате како да сте потфрлиле или дека одредена ситуација во вашиот живот почнува да се влошува. Исто така, чувствувате дека немате контрола врз работите и дека сте заглавени во дупка од која пробувате да излезете.rnrnНаучно толкување: Чувството на паѓате може да биде резултат на течноста што минува во вашето внатрешно уво. Ако доживеете чувство на паѓање заедно со грчење на мускулите, тоа значи дека доживувате хипнагогичен трепет кој обично се случува пред заспивање.rn

    Паѓање на заби

    rnСоновно толкување: Тешко ви е да кажете како се чувствувате или да се изразите. Ако сонувате како ви паѓаат заби, тоа е знак на несигурност или загриженост поврзана со изгледот. Овој сон може да значи и дека правите огромен компромис или дека не сакате да донесете важна одлука во животот. Чувствувате дека немате контрола врз ситуацијата.rnrnНаучно толкување: Според научниците, ако сонувате како ви паѓате заби, тоа значи дека имате проблем со анксиозноста.rn

    Некој ве брка

    rnСоновно толкување: Ако сонувате дека некој ве брка, тоа значи дека се чувствувате беспомошно во одредена ситуација или дека одбегнувате вистински животен проблем со кој треба да се соочите. Можеби одбегнувате нешто болно или страшно. Ако постојано сонувате како некој ве брка, тоа е знак дека време е да се соочите со проблемот од кој бегате.rnrnНаучно толкување: Вашиот инстинкт за преживување се активирал. Во едно истражување на 1.000 возрасни Германци, 26% од нив сонувале како некој ги брка.rnrnНајчестите кошмари и нивното значењеrn

    Доцнење

    rnСоновно толкување: Имате премногу обврски моментално и не можете да издржите повеќе. Можеби чувствувате дека сте пропуштиле важна шанса во животот. Се чувствувате неподготвено и најверојатно минувате низ големи промени во животот на кои не можете да се прилагодите.rnrnНаучно толкување: Во истото истражување што го спомнавме погоре, 24% од Германците сонувале дека доцнат.rn

    Замрзнување

    rnСоновно толкување: Ако сонувате дека сте замрзнати, тоа значи дека нешто во вашиот живот било одбиено или игнорирано. Тоа исто така може да значи дека вашите емоции се малку поладни од вообичаено.rnrnНаучно толкување: Парализата во спиење се спомнува уште во антички времиња, а науката објаснува дека кошмарите поврзани со замрзнување се токму тоа. Околу 5% од популацијата редовно доживува парализа во спиење.rn

    Правење тест

    rnСоновно толкување: Загрижени сте дека не ги извршувате вашите моментални обврски или сте анксиозни, бидејќи не сте сигурни дали ќе успеете.rnrnНаучно толкување: Некои научници веруваат дека сонувањето се случува додека мозокот ги средува информации, па затоа овој сон е почест кај луѓето кои навистина одат на училиште.rn

    Голи во јавност

    rnСоновно толкување: Ако сонувате дека сте голи во јавност, тоа значи дека сте многу анксиозни и самосвесни или дека не сте доследни на себе. Овој сон значи дека се чувствувате многу ранливо.rnrnНаучно толкување: Соништата поттикнати од анксиозноста се едни од најчестите примери на повторливи соништа и ги доживуваат 60%-75% од возрасните.rn

    Возило кое е надвор од контрола

    rnСоновно толкување: Немате контрола врз вашиот живот и се обидувате да контролирате ситуација во која се чувствувате беспомошно. Не сте подготвени да преземете некои одговорности. Ако сте патници, можеби чувствувате дека ја предавате контролата некому и тоа не ви се допаѓа. Не сте подготвени да ја препуштите контролата.rnrnНаучно толкување: Ако сте доживеале сообраќајна несреќа, овој сон потекнува од пост-трауматичното нарушување предизвикано од инцидентот и на овој начин мозокот се обидува да се справи со траумата.rn

    Умирање

    rnСоновно толкување: Ако ја сонувате сопствената смрт, тоа значи дека се случуваат големи промени во вашиот живот. Смртта е најчесто позитивен симбол на нови почетоци, себе-спознавање или внатрешни промени. Но, појавата на смрт во соништата може симболично да го претставува крајот на нешто во вашиот живот, како на пример врска или работа.rnrnНаучно толкување: Ако некој во вашиот живот починал, ваквите живописни и значајни соништа се клучен елемент од процесот на преболување. На овој начин, вашиот мозок се справува со тагата и траумата.rnrnНе сте имале ниту еден од овие кошмари? Можеби ќе ви помогне следнава листа од најчестите кошмари и нивното значење.

  • Каков ефект имаат кошмарите на нашиот мозок и како да ги надминете?

    Каков ефект имаат кошмарите на нашиот мозок и како да ги надминете?

    Никој не сака да има лоши соништа, особено не секоја вечер. Но хроничните кошмари се реалност и може да се случуваат редовно. Сепак, верувале или не, според некои истражувања и гласини, лошите соништа се всушност позитивни за вашата психа. Кошмарите може да ја зголемат креативноста и може да го намалат стресот, особено ако се поврзани со стресни настани. Но ако кошмарите се случуваат премногу често, тие може да го нарушат вашето емоционално и ментално здравје.rnrnКаков ефект имаат кошмарите на нашиот мозок и како да ги надминете?rnrnСе смета дека кошмарите се појавуваат бидејќи имаат некоја цел за процесирање на стресот. Но, ако тие се појавуваат почесто од 2 пати месечно, тоа не е добро. Многу истражувања ја поддржуваат идејата дека хроничните кошмари се лоши за здравјето. Циклусот на спиење се нарушува, а луѓето размислуваат за соништата и во текот на денот.rnrnДруги истражувања на оваа тема покажале дека луѓето кои страдаат од хронични кошмари се поанксиозни и имаат проблеми со спиењето.rnrnВо едно истражување од 2009 година учествувале 600 средношколци. Тие ги опишувале нивните животи и нивните искуства со кошмарите во текот на една година. Целта на истражувањето било да се пронајде врска со кошмарите и секојдневието, особено дали лошите соништа помагаат во процесирање или намалување на анксиозноста.rnrnСе открило дека оние кои редовно имале вознемирувачки соништа страдале од поизразена анксиозност за разлика од оние кои се соочувале со тешки моменти во реалноста, како на пример развод на родителите. Истражувањето исто така покажало дека редовните кошмари не ја намалувале напнатоста и анксиозноста, туку предизвикувале повеќе стрес во текот на денот. Важното прашање што останува е дали постои нешто што ги предизвикува соништата, или пак тие се причина за анксиозност, па како резултат се повторуваат.rnrnАко се соочувате со ваков проблем, важно е да побарате некое брзо решение. Размислете за храната што ја консумирате, што гледате или што правите пред да одите на спиење бидејќи тоа може да има директен ефект на нивото на анксиозност.rnrnКошмарите може да се појават и од настани како раскинување. Ако ова е вашата причина, побарајте помош како терапевт, или почнете да пишувате дневник пред спиење. Друга добра стратегија за справување со лошите соништа е од доктор Џон Мајер. Тој истакнал дека еден начин да се осигурите дека ќе се наспиете добро е да си замислувате нешто многу убаво пред спиење. Тоа може да биде некое среќно сеќавање, или пак патувањето на кое планирате да одите. Според доктор Мајер, подиректен пристап за победување на хроничните кошмари е да си го замислите сонот, но со различен и убав крај.rnrnЗапомнете, ако постојано се справувате со лоши соништа, не сте сами. Никогаш немојте да се плашите да побарате помош од пријател или експерт. Потребно е да го најдете коренот на проблемот и да го решите за ваше добро.rnrnДали знаевте дека луѓето кои имаат кошмари се покреативни?

  • Зошто бремените жени имаат чудни соништа?

    Зошто бремените жени имаат чудни соништа?

    Тоа дека жените во текот на бременоста имаат почудни и пореални соништа може да звучи како мит, но е феномен кој навистина постои. Исто така и причината за ова е еден вид мистерија. Првото нешто што се прави со кој било психолошки феномен е истражувањето дали тој е реален. Во овој случај, поради огромниот број докази, јасно е дека станува збор за нешто што жените навистина го искусуваат.rnrn(1)zoshto-bremenite-zheni-imaat-chudni-sonishta-kafepauza.mkrnrnКако и секој аспект од бременоста, секое искуство на жените во овој период е различно. Многу бремени жени изјавиле дека нивните соништа се многу пореални и поинтензивни, многу подобро ги помнат и им се случуваат многу често.rnrnНајчеста тема на овие соништа била нивната неподготвеност за пристигнување на бебето. Некои жени сонувале животни, вода, патувања, неверен партнер, архитектура, катастрофи или компликации при породувањето. Многу од овие соништа се всушност кошмари, и за разлика од некои други феномени, постојат цврсти докази дека се почести во поодмината бременост.rnrn(2)zoshto-bremenite-zheni-imaat-chudni-sonishta-kafepauza.mkrnrnЕдно истражување од 2014 година покажало дека жените во третото тромесечје од бременоста искусуваат најмногу кошмари. Содржината на соништата се менува со менувањето на телото на жената. Нејзините соништа ја отсликуваат нејзината промена и стравовите и надежите за детето што треба да се роди.rnrnВо првото тромесечје соништата за вода и за плодност се најчести. Како што се менува телото, тие стануваат сѐ помалку апстрактни и сѐ повеќе за бебето и за она што се случува со телото. Конечно, во последното тромесечје почнуваат соништата со страв за породувањето и она што следува после него. Сето ова најверојатно се случува поради неколку причини: Масивно зголемување на хормоните и често прекинување на сонот.rnrn(4)zoshto-bremenite-zheni-imaat-chudni-sonishta-kafepauza.mkrnrnБидејќи бремените жени се будат почесто навечер (поради неудобност, физиолошки потреби или поради мрдање на бебето) тие неколку пати ја прекинуваат РЕМ фазата од нивното спиење. Во оваа фаза се случуваат соништата, па кога ќе се разбудат додека сонуваат многу е полесно да ги запомнат соништата и тие изгледаат пореални.rnrnНе може многу да се направи за соништата во текот на бременоста. Едно решение е тие да се искористат како показател за она што ги измачува во реалниот живот. Има многу видови соништа во текот на бременоста бидејќи ова е период од животот кога жените најмногу сонуваат. Некој од нив се дури и убави – соништа за родендени, одмори или прослави кои може да рефлектираат некој заклучок или весела прослава.rnrnДознајте го и значењето на соништата кои се повторуваат.

  • Науката открива: Луѓето кои имаат кошмари се покреативни

    Науката открива: Луѓето кои имаат кошмари се покреативни

    Доколку често ви се случува да имате кошмари, сигурно самата помисла од заспивањето ве ужасува. Меѓутоа, лошите соништа можно е да се всушност корисни за вас и покрај тоа што ве препотуваат во кревет. Едно неодамнешно истражување открило дека луѓето кои имаат кошмари се покреативни и имаат побогата фантазија додека се будни за разлика од оние кои спијат мирно. Па така, наместо стресот и анксиозноста да ги припишувате на кошмарите, земете ја предвид идејата да почнете со некое креативно хоби како пишување или цртање.rnrnЛуѓето кои имаат кошмари се покреативниrnrnИстражувањето било спроведено од страна на лабораторијата за соништа и кошмари во Монтреал. Имено, биле вклучени 28 волонтери на возраст помеѓу 18 и 35 години кои изјавиле дека страдаат од два или повеќе кошмари неделно. Рекламата за ова истражување која ги привлекла учесниците била многу досетлива и гласела „Заработете со тоа што ќе дремнете!“. Волонтерите воделе белешки за нивното сонување додека се будни, пополнувале прашалници и направиле тестови за одредување на креативноста. На крајот, тие требале да заспијат при што им биле закачени електроди кои ја следеле мозочната активност.rnrnРезултатите покажале дека оние коишто постојано имале кошмари размислувале многу покреативно кога станувало збор за асоцијации со зборови. Според истражувањето, тие исто така можат да имаат повеќе позитивни соништа од просечната личност, и сето тоа сонување се одразува во реалниот живот.rn

    „Доказите покажуваат дека кошмарите што се јавуваат кај луѓето не го попречуваат нивното нормално функционирање, туку напротив придонесуваат нивниот буден живот да биде во најмала рака креативен, позитивен и живописен. Ова имагинативно богатство не останува заробено само во сонот, туку ја исполнува и будната мисла“, изјавува еден од истражувачите.

    rnЛуѓето кои имаат кошмари се покреативниrnrnИсто така, оние кои имаат кошмари повеќе сочувствуваат со другите луѓе и честопати ги доживуваат туѓите искуства како да се нивни. Психијатарот Ернест Хартман во 1980 година дознал дека интензивните кошмари може да се поврзани со емоционалноста на човекот, а не со неговата анксиозност. Тој дошол до заклучок дека чувствителноста на личноста е движечката сила на интензивните кошмари. Зголемената чувствителност на застрашувачки работи и закани во текот на денот доведуваат до лоши соништа и кошмари, додека, пак, зголемената страст и возбуда можат да доведат до поинтензивни позитивни соништа.rnrnЛуѓето кои имаат кошмари доживуваат мисли кои наликуваат на соништа дури и кога се будни. Овој начин на размислување се чини дека ги прави покреативни. Истражувањето покажало дека овие луѓе имаат поголема креативност и уметнички начин на изразување. Двајца од учесниците всушност и биле уметници по професија.rnrnНаредниот пат кога ќе сонувате како бегате од зомби, паѓате од височина или држите говор сосема голи, запаметете дека тоа може да го поттикне вашето креативно размислување кога ќе се разбудите.

  • Забавни илустрации ни го откриваат скриеното значење на најчестите кошмари

    Забавни илустрации ни го откриваат скриеното значење на најчестите кошмари

    Дали ви се случило да сонувате еден ист сон повеќе пати? Според психолозите, умот преку соништата кои се повторуваат најчесто се обидува да ни каже нешто што е скриено во нас. Нешто за кое ние воопшто не сме свесни, а сепак има силно влијание врз нашето секојдневие. Иако значењето на соништата се индивидуални и за секој човек можат да бидат различни, сепак постојат неколку насоки кои ќе ви помогнат полесно да откриете што ве мачи.rnrn(0) Забавни илустрации ни го откриваат скриеното значење на најчестите кошмариrnrn

  • Нов роман од Харуки Мураками: „Безбојниот Цукуру Тазаки и неговите години на аџилак“

    Нов роман од Харуки Мураками: „Безбојниот Цукуру Тазаки и неговите години на аџилак“

    Автор: Сашо Дуљановrn

    Книга за односите меѓу луѓето, за радоста и тагата што произлегуваат од нив

    rnnov-roman-od-haruki-murakami-bezbojniot-cukuru-tazaki-i-negovite-godini-na-adzhilak-kafepauza.mkrnrnНа голема радост на љубителите на убавиот пишан збор, посебно на обожавателите на Харуки Мураками, Издавачкиот центар ТРИ, кој е и негов ексклузивен издавач во Македонија, неодамна го издаде неговиот најнов роман Безбојниот Цукуру Тазаки и неговите години на аџилак. И покрај фактот дека сè уште не  ја добил Нобеловата награда, она што е несомнен факт е дека  Харуки Мураками едноставно е еден од најпопуларните и највлијателните автори на денешницата. Ако еднаш прочитате едно негово дело, не може да не побарате уште едно од него… а токму најновиот роман Безбојниот Цукуру Тазаки и неговите години на аџилак ја оправдува неговата популарност.rnrnРоманот зборува за љубовта и пријателството, но и за разочарувањата и болката. Главен лик е 36-годишниот Цукуру Тазаки, архитект на железнички станици, кој се враќа во својот роден град Нагоја во централна Јапонија, во потрага по одговорот зошто неговите четворица најдобри другари пред шеснаесет години одненадеж му соопштуваат дека не сакаат никогаш повеќе ниту да го видат ниту да зборуваат со него. Зошто во средношколските години, па и во првите години од студирањето, две девојки и две момчиња со кои има искрено, силно и интензивно пријателство кое навидум ништо не може да го скрши, одеднаш го отфрлаат од својата група. Длабоко повреден, Тазаки гради ѕид околу себе, не дозволувајќи никому да му се доближи.rnrnЖивее осамено, изолирано, празно и безживотно, сè додека не ја сретне љубопитната Сара, која ќе го поттурне во едно ново, необично патување. Чувствувајќи ги неговата отсутност и повременото дистанцирање, како и стравот од зближување, за да не биде повторно повреден, таа бара од него многу повеќе отколку тој од самиот себе. И повторно љубовта е таа која ќе го натера да се обиде да го надмине минатото, да собере храброст по 16 години да открие зошто бил отфрлен. Притоа Мураками гради приказни и ликови на тој начин што секој од нас може да пронајде дел од себе во нив.rnrnОва е роман за внатрешните борби, за преиспитувањето на сопствените вредности, за воспоставувањето рамнотежа со светот, за истрајноста во барањето на вистината. По својата длабочина и психолошко портретирање на главните ликови, овој  роман е близок на Норвешка шума, а по прашањето на двојниот идентитет, односот меѓу реалноста и соништата, сеќавањата на минатото, неизвесноста на иднината, како и според авантурата што ја носи секојдневниот живот, потсетува на трилогијата 1Q84. Но сепак е поинаков од нив. И воопшто не е претенциозно да се каже дека можеби е едно од најдобрите дела на овој јапонски книжевен маг.  Како што е вообичаено за Мураками, и во овој роман доминираат микросветот на индивидуата, односите со другите и потрагата по одговорите на прашањата што го свртиле животот во друга насока. Во таа потрага исчезнуваат јасните граници и рамки, вистината добива повеќе форми, а времето ја губи својата нормална линеарна димензија.rnrnИсклучителна приказна  за соништата и кошмарите, за патувањата назад во минатото. Вистински пример за мајсторство на јазикот и на психолошкото портретирање на ликовите, на нивните битки и премрежија. Ова е роман кој хипнотизира.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 17 работи кои сите ние треба да им ги кажеме на нашите родители

    17 работи кои сите ние треба да им ги кажеме на нашите родители

    Родители. Зборуваме за оние кои нè израснале во она што сме и кои ќе нè сакаат и ќе ни простуваат без оглед на сè. Да, знаеме дека си ги сакате родителите, но кога последно сте им го кажале тоа? Да се потсетиме на оние нешта кои треба почесто да им ги кажуваме на нашите родители.rnrn17 работи кои сите ние треба да им ги кажеме на нашите родителиrnrn1. Ви благодарам што се будевте во текот на ноќта кога бев бебе иако сонот ви бил потребен.rnrn2. Ви благодарам што ги бркавте моите кошмари и чудовиштата под креветот.rnrn3. Мило ми е што не ме размазивте.rnrn4. Знам дека ми давате и повеќе отколку што имате.rnrn5. Благодарам за тоа што секогаш имав покрив над глава и полн стомак.rnrn6. Ги паметам сите приказни кои сте ми ги раскажале и сите книги кои сте ми ги купиле и прочитале.rnrn7. Благодарам за секој ваш одговор на моето „зошто“.rnrn8. Благодарам за тоа што се сакавте меѓу себе и ми дадовте пример за вистинска љубов, овозможувајќи ми да израснам во семејство полно со љубов и разбирање.rnrn9. Благодарам што ме сакате и повеќе од самите себе.rnrn10. Ги ценам сите ваши напори да ме изведете на вистинскиот пат.rnrn11. Се извинувам за сите ваши непроспиени ноќи од грижа.rnrn12. Благодарам за сите животни лекции кои сум ги добил/а и на кои допрва ќе ме научите.rnrn13. Ви простувам за сите нешта кои мислите дека не сте ги направиле правилно, никој не е совршен.rnrn14. Ќе ве земам како пример кога ќе ги воспитувам моите деца и кога нема да знам како да се справам со улогата на родител.rnrn15. Благодарам што секогаш сте на моја страна.rnrn16. Благодарам што верувавте и верувате во мене и тогаш кога и јас не верувам во себе.rnrn17. Ве сакам.