Ако не можете овде да си ја најдете работата од соништата, размислете за Кина. Таму има некои работни места и професии за кои сигурно не сте размислувале. Исто така има и некои за кои сте слушнале од некаде, но сепак се чудни за времето во кое живееме.rnrn
rn
1. Судија за порно филмови
rnАко имате добар вкус за порно филмови, кинеската државна администрација има работа за вас. Таму секој филм мора да биде изгледан од посебно тело пред да биде одлучено дали тој може да се прикажува или е „штетен“ по населението и неговите уверувања, и според тоа треба да се забрани. Има оддел за еротски и порно филмови на интернет, па ако најдат нешто што е непожелно, должни се да реагираат и да го пријават. Само луѓе кои се во брак можат да се вработат овде, а останатите можат само да волонтираат.rnrn
rn
2. Играчи на видео игри
rnИграч на видео игра е работа која ќе ја добиете ако заглавите во кинески затвор. Тие играат игри во кои може да се собира некаков капитал, како на пример во World of Warcraft, а потоа „капиталот“ се продава на вистински гејмери за вистински пари. Затворениците се должни да играат во 12-часовни смени.rnrn
rn
3. Платени протестaанти
rnКинескиот авторитарен режим се обидува со сите сили протестите во земјата да ги прикаже како дело на злобниот запад, а една од мерките против тоа е плаќање на протестанти кои ќе протестираат во полза на политиките на владата. Доколку не сте успеале да најдете кај нас ниту ваква работа, Кина може да биде земјата од вашите сништа.rnrn
rn
4. Интернет полиција
rnСо дури два милиони вработени, интернет полицајците се најбројни во тамошната државна администрација. Нивната задача е да ги следат навиките на Кинезите на интернет и да реагираат кога „постои можност за организирање на востание или бунт“. Во основа се забранува секакво критикување на режимот и барање информации кои граѓаните „не треба да ги знаат“. Постои црна листа на веб-сајтови и на клучни зборови кои не може да се пребаруваат. Ако Кинез впише „Далај Лама“ во пребарувач, нема да има резултати. Такви клучни зборови не може да се среќаваат ниту на веб-сајтови чиј сервер е во Кина.rnrn
rn
5. Фантомски државни службеници
rnОва се луѓе кои не одат на работа, но земаат плата од државниот буџет. Тие некогаш работеле за државата, но кога заминале некој „заборавил“ да ги избрише од платниот список, па така до неодамна секој месец им стигала плата на сметката. Овие луѓе секогаш се поврзани со некој на висока функција.rnrn
rn
6. Придружба на дисидент кој оди на „одмор“
rnОној кој ја критикува владата се нарекува дисидент и има обврска да оди на одмор платен од државата кога во Кина се одржува некој важен меѓународен настан. Во таков случај не им е потребен некој кој ќе ја наруши убавата слика која државното раководство ја остава, па затоа тие луѓе се ставаат во авион и се праќаат некаде добро да се одморат од зборување. Заради тоа државата има вработено полицајци кои ги придружуваат. И тие, исто како и дисидентите, не се ограничени со буџет додека „одмораат“.rnrn
rn
7. Професионална панда
rnПандата си е панда, но ако живее во зоолошка градина тогаш нема избор и мора да биде професионалец. Секоја панда во зоолошките на оваа планета е сопственост на кинеската влада и заработува пари. Зоолошките кои сакаат да имаат панда во своето животинско царство треба да ја изнајмат од Кинезите, да платат за тоа, а се должни и да ја размножуваат. Се плаќа и за размножувањето. Тоа чини 600.000 долари, а ако пандата умре додека е на заем, казната изнесува 500.000 долари.rnrn
rn
8. Коментатор на интернет
rnОва е уште едно работно место во огромниот владин ПР тим. Тие плаќаат луѓе за да коментираат на интернет на статии во кои се зборува за владата. Без разлика на каков тон е напишан текстот, опозициски или не, тие се должни да ги возвишуваат политиките на партијата која е таму на власт. За секој коментар се паќаат по 50 центи. Секој од нив добива имејл со инструкции на кои вести треба да коментира и какви да бидат коментарите, а тие потоа послушно си ги извршуваат задачите.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


rnrnОвој пат фокусот на книгата е ставен на трговијата со луѓе. Младиот новинар од „Милениум“ Даг, кој пишувал книга за трговијата со луѓе и неговата девојка Миа која само што не докторирала на истата тема, се грозоморно убиени во нивниот стан. Даг и Миа само што не откриле цела мрежа на макроа и корисници на нелегални сексуални услуги, меѓу кои се полицајци и угледни личности кои имаат многу што да изгубат кога нивните имиња би биле обелоденети. Иако голем е списокот на оние кои би ја посакале смртта на Даг и на Миа, Лизбет Саландер е главна осомничена бидејќи нејзините отпечатоци се најдени на оружјето со кое е извршено убиството.rnrnОд Саландер ни трага ни глас. Микаел упорно пробува да ја пронајде и почнува и самиот да ја разрешува целата мистерија во обид да го најде вистинскиот убиец. Лизбет не е сама. Покрај Микаел на нејзина страна и во обид да најде докази ќе застане и нејзиниот поранешен шеф, Драган Армански од Милтон обезбедување.rnrnЗа брзо по секој медиум почнува да врти слика од Саландер како личност по која е издадена потерница поради трократно убиство. Микаел знае дека Лизбет никогаш не би го сторила тоа, освен доколку има навистина силна причина и доколку нејзиниот живот бил во опасност. Но, зошто би ја убила младата двојка која се борела против она што Лизбет наголемо се залага – правата на жените?rnrnВториот дел од Милениум ни открива уште една мрачна тајна на подземјето во она што навидум е утопија. Овој пат подетално нè запознава со ужасното детство на Саландер и за „сето она зло“ што ѝ се случило кога имала само 12 години.rnrnКнигава е неверојатно моќна. Лизбет е неверојатен карактер. На некој магичен начин ќе ја засакате оваа девојка која наизглед не е човек кој е лесно да се обожува без причина. Искрите романса и пријателство меѓу неа и Микаел ќе ве разнежнат. Без разлика што читате, крими-романи, љубовни или мистерии, ќе ви се допадне „Девојката што си играше со оган“, особено ако сте феминисти, во тој случај ќе биде вашата Библија.rnrn


rnrnКако ќе успее Лизбет да се одбрани и да ја докаже вистината кога за свои непријатели има големи и влијателни имиња? Како би успеала да дејствува кога е затворена во болничка соба и е во исчекување на својата затворска казна? Ќе успее ли Блумквист да ги зачува доказите за злоупотребата и прекршените човекови права на Лизбет, кога зад петици има врвни шпиони и убијци?rnrnФеминистките го обожуваат Ларсон. Во повеќе наврати нему му е припишана титулата „човекот кој ги сакаше жените“. Познат по својата борба против расизмот, десничарскиот екстремизам и шовинизмот, Ларсон и во ова продолжение останува верен на истите мотиви, но најмногу фокусирајќи се на борбата против омаловажувањето на жената. Книгата е поделена на 4 дела плус епилог, а на почетокот на секој дел стои по едно кратко истражување и коментар за жените воини – амазонките.rnrnОние кои ги прочитале претходните два дела ја знаат приказната за Лизбет и Блумквист, што само значи дека знаат какво доживување ги чека. Останатите, имајте на ум дека книгите не се меѓусебно строго поврзани така што нема да ви биде скратено уживањето во „Девојката што го урна осилото“.rnrn
Пред да стане еден од најпознатите автори на правни трилери во светот, Џон Гришам работел во мала адвокатска канцеларија во Мисисипи и балансирал помеѓу неговата работа и неговото хоби – пишувањето книги. Дипломирал на правниот факултет при Универзитетот во Мисисипи во 1981 година, специјализирал во областа на кривичното право, а во 1983 е избран во Претставничкиот дом на САД каде што служел до 1990 година.rnrnНеговата прва книга 
Сето ова звучи како добра завршница на еден трилер, само што во ова ремек дело на Гришам тука започнуваат вистинските интриги и сплетки. Карл Трудо е решен да не даде ниту еден цент на луѓето чии животи толку небрежно ги има уништено без разлика на цената што треба да ја плати на останатите типови како него кои треба да му помогнат да се издигне од пропаста. Иронично нели? Она што следи е возбудлива приказна за американскиот правосуден систем, огромните корпорации кои ги држат конците и границите кои се спремни да ги поместат во име на парите.rnrn
rnrnrn
Режија:
Филмот раскажува приказна за тројцата браќа Бондурант кои за време на забраната за трговија со алкохол водат многу успешен бизнис со виски во округот Френклин во Вирџинија. Нема некој кој не сака да се напие од нивниот пијалак, дури и локалните полицајци. Но, кога од градот ќе дојде корумпираниот полицаец Чарли Рејкс (Гај Пирс) во име на окружниот обвинител да го бара својот дел од нивната заработка за да не им го чепка бизнисот, Форест Бондурант (Том Харди), најстариот брат и бестрашен духовен водач на групата ќе ја одбие понудата на Рејкс и ќе му се закани дека ќе го убие. Корумпираниот полицаец нема да отстапи и ќе испрати луѓе да го убијат Форест. Тој некако ќе го преживее пресекувањето на гркланот и против Рејкс ќе започне битка во која сè е дозволено.
Дејството е полно со пресврти, кои ги носи Џек Бондурант (Шаја ЛеБаф), најмладиот и „најзелениот“ од братското трио. Неговата непредвидлива природа не дозволува да погодите што ќе се случи следно. Дополнителна драматичност внесува и тоа што жените се дел од влогот во борбата меѓу шверцерите и корумпираните власти.
Доколку можете да ги гледате реалистично направените насилнички сцени, „Безредие“ (Lawless) за вас ќе биде многу возбудливо филмско искуство.


Режија:
Иако филмовите за трговија со бело робје се можеби веќе кажана работа, свежината на „Свиркачот“ е во тоа што прво е правен според вистинита приказна, а второ открива да кажеме една „

Кога и како да го гледате:
rn

Текот на приказната нема да го разработуваме. Но, интересно е да се напомене дека и покрај нишката на оптимизам дека малиот човек може да промени многу, односно моментот дека Насцименто со своите сведочења става во затвор една цела група корумпирани челници, ладната вистина е дека на крај сепак доаѓа нова гарнитура која ќе го прави истото. Тоа е неизбежен и непрекинлив процес. Дали воопшто некој може да направи нешто околу тоа? Иако генерално дејствието во „Елитен оддел 2“ се одвива на деловни состаноци и на крвави пресметки во фавелите, присутен е и силен личен момент. Пред сè, преку односот на Насцименто со неговиот син кој во периодот на пубертетот веќе не сака да има ништо со својот биолошки татко. Со тоа му се дава еден поемотивен, човечки момент на целиот тек без кој приказната би постоела, но ниту еден гледач не би можел да се поврзе со неа, би била како празен орев. Инаку овој филм е второ продолжение на филмот „Елитен оддел“ кој во 2007 година доби Златна мечка на Берлинскиот филмски фестивал.

rn