КАФЕ ПАУЗА

Tag: корисници

  • 4 погрешни начини на коишто ја користите технологијата

    4 погрешни начини на коишто ја користите технологијата

    Многу од корисниците на смартфони и таблети истите ги користат погрешно, без притоа да го сфатат тоа. На овој начин не само што не се искористуваат голем дел од нивните можности, туку и се отежнува нивната употреба. Ви прикажуваме дел од најчестите грешки, како и правилниот начин на кој треба да ги употребувате.rnrn4 погрешни начини на коишто ја користите технологијатаrn

    Прва грешка: Селфи фотографирање со рака

    rnКажете им збогум на човечките екстремитети коишто опфаќаат половина од вашата фотографија! Отворете ја апликацијата за камерата, ставете ги слушалките на смартфонот и поставете го некаде пред вас. Кликнете на копчето за зголемување на волуменот којшто се наоѓа на слушалките и направете ја вашата селфи фотографија, исто како со далечински управувач!rnrnrn

    Втора грешка: Ги оставате вклучени интернетот и блутутот

    rnАко интернетот и блутутот ви се вклучени постојано, дури и кога не ви се потребни, тие го забрзуваат слабеењето на вашата батерија, па затоа е добро да ги исклучувате секогаш кога сте во можност. Исто така, доколку сакате вашиот телефон да се полни побргу, вклучете ја опцијата за патување со авион.rnrnrn

    Трета грешка: Снимате видео со телефон во вертикална положба

    rnЗа да снимате видео, свртете го телефонот хоризонтално. На овој начин, кога ќе го прикачувате видеото на Јутјуб, видеото ќе биде многу подобро и попрегледно. Исто како да гледате филм.rnrnrn

    Четврта грешка: Пишувате на вашиот таблет користејќи ја нормалната тастатура

    rnДржењето на таблетот над вашата глава не само што е тешко, туку е и опасно! Кога не пишувате потпрени врз вашето биро, поделете ја тастатурата со цел да ви биде поедноставно. Поставете ги двата прста на средината од тастатурата, а потоа раширете ги. На овој начин ќе имате одвоена тастатура, па ќе можете да пишувате само со вашите палци.rnrn

  • 10 интересни факти за Гугл

    10 интересни факти за Гугл

    Прочитајте неколку не толку познати информации за најпопуларниот прелистувач на светот…rnrn10 забавни факти за Гуглrnrn1. Гугл проценува дека реклама на почетната страница на пребарувачот би чинела 10 милиони долари. Просторот не е за продажба.rnrn2. Името Google е всушност погрешно спелување на зборот googol – математички израз за бројот 1 проследен со 100 нули.rnrn 3. Тематските логоа на пребарувачот стартуваа во 1998 година, со човече поставено зад логото. Целта била да ги информираат корисниците, дека основачите заминале на фестивалот „Burning Man“ во Невада, САД.rnrn 4. Наместо косилка, компанијата изнајмува кози за да ја испасат тревата околу нејзиното седиште. Во 2009 година, изнајмила 200 кози.rnrn 5. Почетната страница на пребарувачот е достапна на повеќе од 80 јазици. Еден од нив е клингонскиот јазик од „Ѕвездени патеки“ (Star Trek).rnrn10 забавни факти за Гуглrnrn6. Гугл има сопствен диносаурус наречен Стен. Скелетот на T-Rex живее во седиштето на компанијата во Калифорнија.rnrn 7. Пребарувачот Јаху ја испушти шансата да го купи Гугл за 1 милион долари, во 1997 година. Денес тој вреди 200 милијарди долари, а Јаху само 20 милијарди.rnrn 8. Првиот твит на Гугл е: „I’m 01100110 01100101 01100101 01101100 01101001 01101110 01100111 00100000 01101100 01110101 01100011 01101011 01111001 00001010“. Кога бинарните броеви ќе се претворат во букви, тоа значи „I’m feeling lucky“.rnrn 9. Копчето „I’m Feeling Lucky“ го чини Гугл преку 100 милиони долари годишно.rnrn 10. Компанијата има повеќе од 1 милион сервери, односно 2 % од вкупниот број во светот. Може да се пофали и со над 1 милијарда пребарувања дневно.rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што се случува на интернет за една минута?

    Што се случува на интернет за една минута?

    Со оглед на фактот дека од ден на ден интернет корисниците сè повеќе се зголемуваат, навистина е тешко да се опише што всушност се случува на интернет во еден ден. Сепак, екипата на „Ultralinx“ направила една мала анализа и открила интересни податоци, за тоа што сè се случува на интернет во една минута.Што се случува на интернет за една минута?rn

      rn011

    • Во една минута се испраќаат повеќе од 204 милиони имејлови.
    • rn011

    • Во една минута се симнуваат повеќе од 47.000 апликации за паметни телефони.
    • rn011

    • Во една минута на Фликр се прелистуваат 20 милиони фотографии и се прикачуваат нови 3.000.
    • rn011

    • Во една минута на Јутјуб се прикачуваат видеа со вкупно времетраење од 30 часа, а во истиот период се прелистуваат 1,3 милиони видеа.
    • rn011

    • Во една минута на Гугл се вршат 2 милиони пребарувања.
    • rn011

    • Во една минута, Фејсбук се отвора 6 милиони пати.
    • rn011

    • Во една минута на Твитер се отвораат 320 нови профили и се објавуваат 100.000 твитови.
    • rn011

    • Во една минута на Амазон се продаваат работи во вредност 83.000 американски долари.
    • rn011

    • Во една минута на Википедија се објавуваат 6 нови текстови.
    • rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како би изгледал Фејсбук испечатен на хартија?

    Како би изгледал Фејсбук испечатен на хартија?

    Фејсбук ја достигна бројката од 800 милиони корисници. Засега компанијата не излегува со официјални статистики за бројот на дневно објавени статуси, но едно истражување направено врз 2.000 Британци открива дека во просек секој корисник на Фејсбук објавува по еден статус дневно, со просечна должина од 2 реда.Како би изгледал Фејсбук испечатен на хартија?Според ова истражување, на социјалната мрежа се објавуваат 292 милијарди статуси годишно, кои доколку би ги испечатиле на хартија, би направиле значителна штета на шумските предели на планетата.rnrnПа така, според претпоставката дека еден лист хартија, А4 формат има 51 ред доколку на него се пишува со големина на фонт 11, потребни ќе бидат 11,5 милијарди листови за да се испечатат сите статуси кои годишно се пишуваат на Фејсбук. Таа бројка на листови е еднаква на 500 милиони испечатени речници на англиски јазик, објавени од Оксфорд.rnrnУчесниците во ова истражување во просек поминувале по 32 минути на Фејсбук, читајќи што објавиле нивните пријатели. Па така, доколку би се претпоставило дека во просек една страна А4 формат се чита за 3 минути, за да ги прочитате сите статуси кои се објавени на Фејсбук за една година, ќе ви бидат потребни 573 милиони часови. За исто време еден авион може да ја заобиколи земјата 8,5 милиони пати.Како би изгледал Фејсбук испечатен на хартија?Секако, оваа проценка може да е неточна. Можеби станува збор за уште повеќе статуси, но Фејсбук барем засега не излегува со официјални бројки за просекот на објави.rnrnОвие бројки се направени врз база на користењето на Фејсбук во Велика Британија, па така не може точно да се тврди како се однесуваат корисниците во другите земји. Официјалните бројки објавени од страна на најпопуларната мрежа на светот, велат дека дневно се прикачуваат околу 250 милиони фотографии и дека секојдневно се најавуваат барем 50% од корисниците.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најдете евтино сместување насекаде во светот

    Најдете евтино сместување насекаде во светот

    Автор: Александар НиневскиrnrnAirBNB е стартап компанија која што им овозможува на корисниците да најдат сместување од други корисници. Оваа компанија започнала со работа на почетокот на 2008 година со прикажување на места за одредени настани и конференции кога цените на хотелите се особено високи, но набрзо сфатиле дека може лесно да се прошири и за секакви други пригоди. Иако на почетокот се нуделе огласи само во САД, во јули 2011 го прошируваат својот сервис на глобално ниво. За популарноста на овој сервис говори и фактот што Ештон Кучер инвестирал во него.Најдете евтино сместување насекаде во светотДоколку сакате да патувате негде, само ја внесувате вашата дестинација, ги избирате соодветните датуми и останува да го изберете местото што најмногу ви одговара. Може да разгледувате слики, како и да прочитате коментари од други корисници што претходно престојувале таму.rnrnИсто така можете бесплатно да го огласите вашиот стан, па можете и да заработите нешто. Меѓу огласите може да се најде само кревет во стан заедно со домаќини, како и цели станови, па и куќи.rnrnПогледнете го следното промотивно видео за тоа како функционира AirBNB.rn

    rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Забавна Фејсбук статистика

    Забавна Фејсбук статистика

    Како одминува времето, светската социјална мрежа Фејсбук станува сè поголем гигант. Како што покажаа статистиките, Фесјбук успеал да го надмине дури и неприкосновениот Гугл, во посетеност на територијата на САД. Ова е дел од неверојатната статистика на Фејсбук, која говори за неговата вртоглава успешност. Податоците се од крајот на 2010 година.Забавна Фејсбук статистика

    rnrn

      rn011

    • Има повеќе од 500 милиони активни корисници.
    • rn011

    • Повеќе од 50% од активните корисници се конектираат на Фејсбук секој ден.
    • rn011

    • Просечниот корисник има 130 пријатели.
    • rn011

    • Луѓето на Фејсбук поминуваат 700 милијарди минути во еден месец.
    • rn011

    • На Фејсбук има повеќе од 900 милиони групи, заедници, страници, настани…
    • rn011

    • Просечниот корисник е приклучен на 80 заедници, групи и настани.
    • rn011

    • Секој месец се споделуваат повеќе од 30 милијарди содржини (линкови, вести, блог постови, фотоалбуми, белешки…).
    • rn011

    • Фејсбук можете да го користите на 70 јазици.
    • rn

    rnЗабавна Фејсбук статистикаrn

      rn011

    • Скоро 70% од корисниците живеат надвор од САД.
    • rn011

    • На Фејсбук моментално има повеќе од 550.000 активни апликации.
    • rn011

    • Повеќе од 1 милион веб-сајтови се имаат поврзано со Фејсбук.
    • rn011

    • Има повеќе од 200 милиони активни корисници кој пристапуваат на Фејсбук преку нивните мобилни уреди.
    • rn011

    • Луѓето кои го користат Фејсбук на нивните мобилни уреди, се два пати поактивни од останатите корисници.
    • rn011

    • Фејсбук е проценет дека вреди помеѓу 7,9 и 11 милијарди долари (и цената постојано расте).
    • rn

    rnЗабавна Фејсбук статистикаrn

      rn011

    • Во Фејсбук има повеќе од 1.700 вработени.
    • rn011

    • Повеќе од 20 милиони луѓе стануваат фанови на Фејсбук страници секој ден.
    • rn011

    • Просечниот корисник поминува 55 минути дневно, конектиран на Фејсбук.
    • rn011

    • 55% од жените прикачуваат повеќе содржини на нивните ѕидови отколку мажите.
    • rn011

    • Секој месец се прикачуваат повеќе од 3 милијарди слики.
    • rn011

    • САД е земја со најмногу Фејсбук корисници (повеќе од 143.500.000).
    • rn011

    • Повеќе од 250 апликации имаат над 1 милион активни корисници.
    • rn011

    • Доколку Фејсбук беше држава, таа ќе беше трета по големина.
    • rn