КАФЕ ПАУЗА

Tag: кора

  • Одлични трикови за сите домаќинки: Како да ја искористите кората од лимонот?

    Одлични трикови за сите домаќинки: Како да ја искористите кората од лимонот?

    Повеќето луѓе ја фрлаат кората од лимонот, но овие совети и врвни трикови како да ја искористите кората ќе ве воодушеват.rnrnОдлични трикови за сите домаќинки: Како да ја искористите кората од лимонот?rn

    Маслиново масло од лимон

    rnИзрендајте 3 лажички кора од лимон и додајте ги во една лажица маслиново масло – таа е пропорција, а може да ја зголемите количината. Оставете ги да стојат заедно 2 седмици и ќе добиете маслиново масло од лимон, подготвено за употреба и со одличен освежителен вкус.rnrnКорисно е да се консумира како додаток во исхраната или наутро на празен стомак бидејќи има функција на прочистување на целиот организам.rn

    Коцки мраз од лимон

    rnВо калапот за мраз додајте рендана кора од лимон, турете вода и вратете го во замрзнувачот. Ќе видите дека веќе нема да можете да го пиете вашиот омилен пијалак без овој освежителен додаток.rn

    Против непријатни мириси

    rnЗа да ја апсорбирате непријатната миризба од корпата за отпадоци, ставете неколку кори од лимон на дното. Кората ќе ги апсорбира сите непријатни мириси, но треба да се менува на секои два до три дена.rnrnИсто така, можете да ставите кора од лимон во патиките или чевлите ако имате проблем со непријатен мирис на стапалата.rn

    Исчистете ја микробрановата печка

    rnВо сад ставете рендана кора од 5 лимони, измешајте со вода и ставете ја смесата во микробранова печка. Нека биде вклучено на највисока температура околу 5 минути.rnrnНа овој начин, ќе ја исчистите микробрановата печка внатре. Избришете ги ѕидовите со крпа и вашата печка ќе биде како нова.rnrnПогледнете како да ја искористите кората од лимонот за да добиете вкусен оброк.

  • Како да го продолжите животот на орхидејата со помош на кора од банана?

    Како да го продолжите животот на орхидејата со помош на кора од банана?

    Многумина ја сметаат орхидејата за кралицата на цвеќињата, но нејзиното одгледување може да биде предизвик и за искусните љубители на цвеќиња. Со цел вашата орхидеја да живее колку што е можно подолго, може да ви помогне овој многу едноставен рецепт за хранлив раствор кој на орхидејата ќе ѝ ги обезбеди сите потребни хранливи материи.rnrnКако да го продолжите животот на орхидејата со помош на кора од банана?rnrnСекој што сака орхидеи знае колку се деликатни и нежни овие цвеќиња. Покрај умереното наводнување, на орхидеите им се потребна храна и ѓубриво затоа што во почвата нема доволно хранливи материи.rnrnЗа подготовка на растворот за ѓубриво, потребна ви е кора од банана, која содржи фосфор, магнезиум и калиум т.н. златни супстанции за долговечност на растенијата. Овие микроелементи се додаваат во почвата во количини кои не се штетни за цвеќињата. На овој начин, орхидеите ќе изгледаат здраво за време на цветањето.rnrnПогледнете го овој едноставен рецепт за подготовка на ѓубриво за кое ви се потребни вода и кора од банана.rnrn1. Ставете две кори од банани во два литри вода.rnrn2. Оставете ги два дена да отстојат во водата.rnrn3. Процедете го растворот и разредете го со вода во сооднос 1:1. Наводнете ја орхидејата со тој раствор исто како што обично ја наводнувате.rnrnСовет плус: Со кората од банана можете да ги исчистите и лисјата на орхидејата. Нежно поминете со кората по лисјата и тие ќе добијат сјај и ќе апсорбираат корисни хранливи материи.rnrnПогледнете ги овие 8 трикови за средување на домот за коишто ви е потребен само сапун.

  • Не фрлајте ја кората од лимонот: Искористете ја во овие јадења за да добиете вкусен оброк

    Не фрлајте ја кората од лимонот: Искористете ја во овие јадења за да добиете вкусен оброк

    Лимонот е најдобриот извор на витамин Ц и тој ги штити здравјето и имунолошкиот систем, а тоа е клучно за вас во овој период на владеење на коронавирусот. Но, кората од лимонот најчесто ја фрлате, а таа може да ви биде од голема корист при подготвувањето на некои јадења.rnrnНе фрлајте ја кората од лимонот: Искористете ја во овие јадења за да добиете вкусен оброкrn

    Тестенини

    rnКората од лимон и тестенините може да се комбинираат. Кората можете да ја додадете во сè, од сос за шпагети до морска храна.rnrnНајважно е да ја додадете кората од лимонот на крајот за да го направите вкусот попрепознатлив. Дури можете и да ја изрендате врз секој оброк, слично како пармезанот.rn

    Колачи

    rnМалку кора од лимон може да го дополни вкусот на тортата. Исто како и солта, само малку кора од лимон ќе ви даде уникатен вкус.rnrnДури и ако не пишува во рецептот, можете да додадете лажица или две кора од лимон, од лимета или од портокал во речиси секој сладок леб, во мафините и во бисквитите.rn

    Сос

    rnОсвен во сос, кората од лимон може да ја додадете и во домашниот или во купечкиот мајонез за подобрување на веќе богатиот вкус. Исто така, кората можете да ја додадете во различни сосови кога готвите јадења како што се пилешко или морска храна.rn

    Насоки за рендање на кората од лимон:

    rnЛимонот треба да биде добро измиен и избришете го пред да започнете да ја рендате кората. Ако ви требаат и кората и сокот од лимонот, прво изрендајте ја кората, па исцедете го лимонот. За да ја избегнете горчината, не рендајте го белиот, внатрешен дел од кората и задржете се само на жолтиот, површински слој. Откако ќе го направите тоа, можете да го подготвите омиленото јадење.rnrnПогледнете како да подготвите здрава пролетна чорба, одлична за вашиот имунитет.

  • Вкусен десерт: Ролат во форма на солза

    Вкусен десерт: Ролат во форма на солза

    Изненадете ги вашите најблиски со овој вкусен десерт кој никого нема да го остави рамнодушен

    rnВкусен десерт: Ролат во форма на солзаrn

    Потребни состојки:

    rn

    За кората:

    rn

      rn011

    • 6 јајца
    • rn011

    • 6 лажици шеќер
    • rn011

    • 40 грама какао
    • rn011

    • 3 лажици брашно
    • rn011

    • 1 пакување прашок за печиво
    • rn

    rn

    За првиот фил:

    rn

      rn011

    • 150 грама мелени ореви
    • rn011

    • 5 лажици млеко
    • rn011

    • 4 лажици шеќер во прав
    • rn011

    • 2 ванилини шеќери
    • rn011

    • 250 грама маргарин
    • rn

    rn

    За вториот фил:

    rn

      rn011

    • 100 грама мелени бисквити
    • rn011

    • 100 грама мелени наполитанки
    • rn011

    • 100 грама чоколадо
    • rn011

    • 150 грама маргарин
    • rn

    rn

    За глазурата:

    rn

      rn011

    • 100 грама чоколадо
    • rn011

    • 100 грама маргарин
    • rn

    rnВкусен десерт: Ролат во форма на солзаrn

    Подготовка на кората:

    rnИзматете ги жолчките со шеќерот. Додадете ги какаото, брашното и прашокот за печиво и полека помешајте со лажица. На крајот додадете го шамот од белки и лесно смешајте го. Плехот обложете го со хартија за готвење, а потоа во него ставете ја подготвената смеса за кора. Печете во рерна, на 180°C, додека тестото не порумени. Извадете ја печената кора на работна површина и со сукало завиткајте ја, така што едниот крај ќе се спои со другиот. Оставете да се излади.rn

    Подготовка на првиот фил:

    rnПрелијте ги оревите со врело млеко и оставете ги малку да се изладат. Посебно сматете ги маргаринот со шеќерот во прав и ванилиниот шеќер и потоа соединете ги со изладените ореви.rn

    Подготовка на вториот фил:

    rnВо сад за готвење, на пареа стопете ги чоколадото и маргаринот. Тргнете ги од ринглата и додадете ги мелените бисквити и наполитанките.rn

    Финална постапка:

    rnИзрамнете ја кората и премачкајте ја со првиот фил. Во средината ставете го вториот фил и потоа повторно завиткајте ја кората. Чоколадото растопете го со маргаринот и со добиената глазура премачкајте го ролатот целосно. По желба, завршете со шеќер во прав.rnrnСовет: За подобро превиткување на кората користете дебело сукало или шише.

  • Знаете како правилно да направите лимонова вода? Погледнете го овој трик

    Знаете како правилно да направите лимонова вода? Погледнете го овој трик

    Топлата вода со лимон успеа да го најде своето место во листата на здрави навики. Со неа вие можете секојдневно да го чистите вашето тело од токсините кои постојано се насобираат. Топлата вода е популарна здрава навика и за оние кои одлучуваат да го подобрат својот дигестивен систем, како и да работат со „полна пареа“.rnrnЗнаете како правилно да направите лимонова вода? Погледнете го овој трикrnrnНутриционистката Кери Глазман вели дека само една чаша топла лимонова вода пред појадок не само што ќе ви помогне да останете хидрирани, туку истовремено ќе ви го подобри варењето на храната и ќе ви го регулира силниот апетит. Ништо чудно што и нејзиниот ден започнува со лимонова вода.rnrnЗдравствените придобивки кои доаѓаат од лимоновата вода може да ги потврди и нутриционистката Дејна Џејмс, која вели дека таа детоксифицира така што горчливото од лимонот го активира протокот во жолчката и со тоа помага да се отстранат сите токсини во форма на маснотии.rnrnНо, постои еден чекор кој се заборава при правењето лимонова вода која ќе ви ги овозможи максималните здравствени придобивки. Станува збор за кората од лимонот. Таа го содржи флавоноидот лимонин, од каде што доаѓаат состојките за детоксикација. Па, следен пат кога ќе си подготвите топла лимонова вода, погрижете се да додадете барем половина лажица од кората на лимонот додека цедите неколку лимонови парчиња во тинктурата. На овој начин вие ќе имате можност да ги искусите сите здравствени придобивки од лимонот…

  • Чоколадни стапчиња од портокал

    Чоколадни стапчиња од портокал

    Автор: Маја ЛинковаrnrnДали знаете како да ја искористите кората од портокалот? Направете супер вкусни слатки од само две состојки!rnrnchokoladni-stapchinja-od-portokal-kafepauza.mkrnrnКората од портокалот не мора да ја фрлате, бидејќи од неа можете да направите хранлив десерт: стапчиња од портокал и чоколадо. Можеби ви звучи комплицирано, но рецептот е сосема лесен.rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • Шолја вода
    • rn011

    • Шолја шеќер
    • rn011

    • Кора од еден портокал
    • rn011

    • Чоколадо за готвење
    • rn

    rn

    Упатство за подготовка:

    rn

      rn011

    1. Отсечете ги горниот и долниот дел од портокалот. Потоа отстранете го внимателно остатокот од кората, оставајќи го и белиот дел. Исечете ја кората на ленти. Варете ги лентите во вода, сè додека не омекнат. Потоа исцедете ги.
    2. rn011

    3. Помешајте шолја вода и шолја шеќер и загрејте ги на умерена температура, додека не се раствори шеќерот. Потоа додајте ги лентите од портокал и оставете ги да се варат 30 минути.
    4. rn011

    5. Извадете ги лентите и почекајте да се изладат. Потоа извалкајте ги во шеќер, па потопете ги во стопено чоколадо и оставете ги да се изладат. Кога стапчињата ќе бидат готови, може да ги додадете како украс на некој десерт, да ги комбинирате со овошен јогурт или да ги јадете како чоколадни мусли.
    6. rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 6 овошја кои веројатно ги јадете на погрешен начин

    6 овошја кои веројатно ги јадете на погрешен начин

    Некои видови овошје обожаваме да ги јадеме, но не ни се баш омилени за чистење, лупење и сечење. Кивито не се лупи како компир, кората од портокалот не се реже на резанки туку само на половинки, за да отпаднат дршките од јагодите постои многу лесен начин за кој ви треба само сламка, калинката може да биде вкусно овошје без да биде здодевно за лупење, мангото се лупи фраерски со помош на чаша, а лубеницата се сече на уште пофраерски начин. Погледнете го видеото никогаш повеќе не мачете се со овие 6 овошки. Сочно уживајте!rnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да изберете слатка зрела лубеница?

    Како да изберете слатка зрела лубеница?

    Секоја лубеница не е подеднакво сочна и зрела, а тоа обично се должи на долгите дождови во текот на летото. Не дозволувајте да ве излажат продавачите, пред ги извадите парите од паричникот, обрнете внимание на квалитетот на бостанот. Во изборот многу ќе ви помогнат овие совети:rnrnkako-da-izberete-slatka-zrela-lubenica-kafepauza.mkrn

    1. Најпрво добро анализирајте ја кората

    rn

      rn011

    • Боја. Правилото е дека зад темнозелената боја се крие слатка лубеница, а ако таа е дополнително обележана со природен „белег“, нема грешка, лубеницата треба да биде ваша.
    • rn011

    • Форма. Лубеницата треба да има симетричен облик, овален или кружен.
    • rn011

    • Цврстина. Кората треба да биде цврста и без оштетувања, иако површинските бразди не значат ништо. Ако наидете на меки делови, тоа значи дека лубеницата почнала да скапува.
    • rn011

    • Дршка. Дополнително ќе ви помогне и мирисот на дршката. Добро е кога во овој дел лубеницата мириса на трева. Свежината можете да ја утврдите и доколку кога ќе се исече дршката, од неа потекува леплив сок. Исто така, завиената дршка може да биде знак на зрела и свежа содржина.
    • rn

    rn

    2. Подигнете ја во воздух и процените ѝ ја тежината

    rnСо оглед на тоа дека 90% од лубеницата е вода, зрелата лубеница би требала да биде тешка колку што е голема. Ако е премногу лесна, значи дека не собрала доволно вода и дека не е вкусна и здрава.rn

    3. Погледнете ја страната на која лежела лубеницата

    rnТаа може многу да ви открие. Доколку е нејзината површина со бела или светлозелена боја, знајте дека е прерано набрана и не купувајте ја. Зрелата лубеница има „белег“ во крем или жолта боја, кој сведочи дека доволно долго се „излежувала“ на сонце. Немојте да се двоумите, веднаш купете ја и разладете се со сочниот летен плод богат со витамини и минерали.rn

    4. Чукнете

    rnИако многумина се задржуваат само на овој метод на проверка при купувањето, ние го препорачуваме за последен. Удрете ја лубеницата, ако звукот е длабок, таа е спремна за јадење, доколку е остар и краток (не одѕвонува) значи дека не е зрела. Доколку е тап (шуплив), лубеницата е презреана.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Не фрлајте ја кората од портокалите, еве за што можете да ја употребите

    Не фрлајте ја кората од портокалите, еве за што можете да ја употребите

    Портокалот е на врвот на листата на најомилените овошја на светот. Но покрај вкусот и придобивките од јадењето на плодот, еве за што можете да ја употребите и самата кора.rnrnne-frlajte-ja-korata-od-portokalite-eve-za-shto-mozhete-da-ja-upotrebite-kafepauza.mkrn

    1. Отстранете ги дамките од вода

    rnДоколку ве нервираат дамките од вода кои се прават на чешмите едноставно можете да ги отстраните доколку ги исполирате со внатрешноста на кората од портокал.rn

    2. Полирање на дрвен мебел

    rnБелиот дел од кората на портокалот исто така може да го врати сјајот на стариот дрвен мебел.rn

    3. Средство за чистење

    rnСтавете ја кората од портокал во стаклена тегла, прелијте ја со бел оцет, и оставете ја теглата во фрижидер неколку недели, повремено промешувајќи. Потоа процедете ја течноста, претурете ја во шишенце со механизам за шприцање и користете го средството за чистење под и прозорци.rn

    4. За истерување на инсектите

    rnМравките, молците и комарците не сакаат одредени елементи кои се наоѓаат во лушпата на портокалот. Ќе ги избркате доколку поставите кора од портокал на местата од кои мислите дека инсектите доаѓаат.rn

    5. За освежување на просториите

    rnПортокалот има неодоливо освежувачки мирис кој на секој дом може да му даде фантастичен мирисен шарм. Исушете ја кората во рерна, смелете ја во блендер и поставете ја во мали платнени верќички. Вреќичките можете да ги закачите во купатилото, на плакарите итн.rn

    6. Омекнете го кафеавиот шеќер

    rnАко вашиот кафеав шеќер често ви се претвора во грутки, тоа ќе го спречите така што во садот каде што го чувате ќе додадете неколку парченца кора од портокал. Kако бонус, шеќерот ќе добие и одлична арома.rn

    7. За отстранување на лошиот мирис на обувките

    rnКората од портокал ставете ја во платнена торбичка, заврзете ја и преку ноќ ставете ја во чевлите кои немаат баш пријатен мирис. Кората ќе го впие целосно.rn

    8. Пилинг за тело

    rnОва е наједноставниот пилинг кој можете да го направите. Ставете кора од портокал во газа, заврзете ја и користете ја наместо сунѓер за време на туширањето. Кожата ќе ви стане цврста, светла и мазна.rn

    9. Направете свеќа

    rnКората од портокал може да ви послужи и како брза декорација за од неа да направите мала свеќичка.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Не фрлајте ја кората од банана! Употребете ја

    Не фрлајте ја кората од банана! Употребете ја

    Знаеме дека бананите се полни со хранливи материи, и несомнено имаат фантастичен вкус, заради што се омиленото овошје на многумина. Но, дали сте знаеле дека и кората од банана може да се искористи за разни намени? Еве како:rnrnНе фрлајте ја кората од банана! Употребете јаrnrn1. Полирање на чевлите. Тријте ги со внатрешната страна на кората, а потоа пребришете ги со мека крпа.rnrn2. Омекнување на месото. Додајте кора од зрела банана додека го печете месото за да остане меко и сочно.rnrn3. Нахранете ги ружите. Кората е богата со калциум и магнезиум што е добро како храна за цвеќињата. Оставете кора покрај коренот.rnrn4. Ублажете го црвенилото и чешањето. Протријте ја внатрешната страна на кората на местото каде што ве каснал инсект или имате исушена кожа. Тоа ќе го намали црвенилото и ќе го ублажи чешањето.rnrn5. Сјајни цвеќиња. Пребришете ги листовите на цвеќињата со внатрешната страна на кората.rnrn6. Полирање сребро. Измиксајте кора од банана со вода и мешавината ставете ја на мека крпа. Исполирајте го среброто со неа.rnrn7. Избркајте ги растителните вошки. Поставете кора од банана во вашата градина или бавча за да ги избркате непосакуваните штетници.rnrn8. Полирање кожа. Протријте го кожниот мебел или кожните парчиња облека со внатрешната страна од бананата и потоа пребришете со мека крпа.rnrn9. Избелете си ги забите. Протривајте ги забите со внатрешната страна од кората околу 2 минути на секое миење. Манганот, магнезиумот и калиумот добро делуваат за избелување на забите.rnrn10. Модрици и гребаници. Кога се протрива на рани, калиумот од карата помага во процесот на зараснување.rnrn11. Отстранете ги брадавиците. Ставете парче кора од банана врз местото каде што имате брадавица и зацврстете го со леплива трака. Оставете да делува преку ноќ. Калиумот ќе ја отстрани брадавицата и ќе спречи повторно да избие.rnrn12. Лесно отстранете трн. Ставете парче кора и прицврстете ја со леплива трака каде што имате трн. Природните ензими ќе го олеснат отстранувањето.rnrn13. Збогатете ја водата за наводнување на растенијата. Ставете кора од банана во сад со вода и оставете ја така да отстои. Кога ќе сакате да ги полевате цвеќињата, измешајте од таа вода со обична во размер 1:5.rnrn14. Лечете ги акните. Протривајте со внатрешната страна на кората на местата каде што имате мозолчиња околу 10 минути. Остатоците на лицето оставете ги што подолго. Најдобро би било да се измиете пред да си легнете. Повторувајте ја постапката секој ден додека не ви се исчисти лицето.