Комплексот наречен „Пепелашка“, по популарниот лик од детските приказни, ги опишува жените и девојките кои живеат во соништа, во замислен свет од бајките и одбиваат да ја прифатат реалноста. Овој термин првпат го претставила писателката Колет Довлинг во книгата „Комплексот Пепелашка“ од 1981 година. Таа го дефинира како страв од независноста.rnrn
rnrnПрва карактеристика е што жените кои го имаат овој комплекс, потсвесно сакаат да ја пренесат одговорноста за својот живот на другите луѓе. Овие Пепелашки не живеат во сегашноста, туку во некој свој замислен подобар живот кој ги чека некаде далеку. Големо влијание врз оваа појава има и популарната култура, односно она што се случува во книгите, филмовите и сериите.rnrnАко препознаете некоја од следниве форми на однесување кај себе, тогаш внимавајте, можно е и вие да се претворате во Пепелашка:rn
1. Мислите дека не сте доволно добра ако немате партнер
rnБез разлика на тоа што сте убава, паметна и многу успешна, се чувствувате нецелосно поради тоа што немате партнер покрај себе.rn
2. Не знаете како да се однесувате кога ќе добиете комплимент
rnСекој комплимент или пофалба за вас ги дочекувате со одбивање, но, исто така, немате проблем да прифатите вина за нешто што не е ваша грешка.rnrn
rn
3. Очекувате дека ќе ве спаси некој принц
rnНаместо да се борите за својата среќа, очекувате да дојде принцот на белиот коњ и да ви ги реши сите проблеми. На овој начин можете само да влезете во врска во која ќе имате нереални очекувања за решавање на проблемите, кои многу често се само во вашата глава.rn
4. Се плашите од неизвесноста
rnВлегувате од врска во врска бидејќи ви е страв да останете сами. Некогаш го правите тоа дури и со личност која не ви се допаѓа доволно, бидејќи поважно ви е да бидете во каква било врска, отколку во никаква.rn
5. Не знаете што би правеле ако раскинете со партнерот
rnПомислата на раскинување на врската кај вас создава страв и сметате дека животот ќе ви биде потполно уништен. Иако до одреден степен ваквото размислување е романтично, во основа вие верувате дека вашиот свет ќе биде целосно срушен и тоа е знак на премала самодоверба.rnrnЗа да се надмине овој комплекс, потребно е да поработите на своите вистински чувства и желби, да се посветите на реалноста и да го прифатите светот таков каков што навистина е, а не онаков каков што вие го замислувате.rnrnПрочитајте ги и овие 20 работи кои секоја девојка треба да ги знае за себе и за своето тело.

rnrnКомплексот е составен од осум идентични згради, чија вкупна должина изнесува нешто повеќе од 4,5 километри, а истите се наоѓаат на околу 150 метри од плажата. Во нивната изградба учествувале 9.000 работници, а нацистите имале во план да изградат уште 4 вакви комплекси. Во секој од нив се планирало да има кино, хала за фестивали, базени и пристаништа, каде што ќе пристигнувале бродовите за крстарење.rnrn
rnrnПлановите на Хитлер за хотелот биле многу амбициозни. Тој сакал да го има најголемиот ресорт кој некогаш постоел, а во него да има 20.000 кревети. Сите соби во хотелот гледаат кон морето, додека ходниците и собите за вработените гледаат на спротивната страна. Планот бил секоја соба да има во неа два кревети, плакар и лавабо. Собите биле изградени со димензии 2,5 х 5 метри. Бањите и тоалетите се наоѓале на секој кат од зградите и биле заеднички.rnrn



rnrnСепак, комплексот никогаш не бил завршен бидејќи започнала Втората Светска војна, па приоритетите на Хитлер се промениле. За време на војната, многу граѓани од Хамбург се засолниле во овој комплекс, додека подоцна многу бегалци од истокот на Германија биле сместени таму. По војната, „Prora“ се трансформирал во воен комплекс на армијата на Источна Германија. Подоцна, откако Германија се обединила, комплексот станал и згрижувалиште за азилантите од Балканот.rnrn
rnrnДенеска, комплексот е скоро целосно напуштен, освен еден мал дел кој се користи за други цели. Исто така во 2011 година, еден блок од хотелот се претвори во хостел со 400 кревети, а планот е во иднина „Prora“ да се претвори во модерен фамилијарен комплекс со 300 кревети, во кој ќе има тениски игралишта, базени и мал трговски центар.rnrn
rnrn
Гостите можат да уживаат во секакви услуги. Собите се опремени со LCD телевизор, џакузи, сеф, приватен балкон, комплетно полн мини-бар, кафемат и фантастична спална со вграден аквариум во ѕидот.
За ноќна забава се организираат свирки во живо, казината работат постојано, а во дискотеките се прават луди забави. Оние пак кои не се по забавата можат да уживаат во салоните за убавина, каде што можат да добијат секакви услуги. Уредување на коса, нокти и кожа, ароматерапевтски бањи, масажи, спа, сауна, биомасажи и многу други третмани. rnrnЗа храната во комплексот се грижат голем број готвачи, а пијалаците се секогаш од најдобриот бренд. Тука можете да пробате од азиската, бразилската, италијанската, американската, француската кујна и да уживате во фантастични вина со висок квалитет.
Сѐ на сѐ, „Paradisus Resorts“ нуди едно незаменливо All Incluisve искуство, кое ќе ве помести од столчето, макар и само гледајќи ги сликиве.













rnrn
rnrnКомплексот го сочинуваат иглу хотел, бар, голем број тунели, како и повеќе посебни иглу спални соби. Дополнително сите делови од овој комплекс се декорирани со прекрасни скулптури направени од снег и мраз. Местото е одлично за зимски одмор, зарем не?rnrn



rnrn