КАФЕ ПАУЗА

Tag: комфорт

  • Луксузно кино за љубителите на добриот филм

    Луксузно кино за љубителите на добриот филм

    Најголемиот синџир на кино сали во Латинска Америка, „Cinepolis“ неодамна го отвори својот прв театар на територијата на САД. Некогашната кино сала на „UltraStar Cinema“ во Дел Мар, Калифорнија е тотално трансформирана и не наликува воопшто на претходната. Инвестицијата тешка 7 милиони американски долари донесе неверојатно луксузен изглед. Отсега секој посетител на оваа кино сала ќе може да ужива на неверојатно удобна кожна фотелја, совршено озвучен простор, HD и 3D технологија и што е најважно, ќе има доволно простор да си ги оптегне нозете.rnЛуксузно кино за љубителите на добриот филмПокрај удобностите кои ќе ги добиете од максималниот комфор, во кино салата ќе добиете и неверојатно професионална угостителска услуга. Со едноставно притискање на копче, можете да повикате келнер и да одберете некој коктел, чаша добро вино, лесна храна, клуб сендвичи, овошје или пак традиционалните пуканки и бонбони. Сигурно си мислите дека овој рај е достапен само за оние со длабок џеб, но тука грешите. За да го добиете овој третман и за да уживате во оваа кино сала, треба да платите само 19,5 американски долари, што не е голема разлика од стандардните кино карти во САД.Луксузно кино за љубителите на добриот филмЛуксузно кино за љубителите на добриот филмЛуксузно кино за љубителите на добриот филмЛуксузно кино за љубителите на добриот филмЛуксузно кино за љубителите на добриот филмЛуксузно кино за љубителите на добриот филмrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Ултрамодерните канцеларии на „MTV“ во Берлин

    Ултрамодерните канцеларии на „MTV“ во Берлин

    Канцелариите на најпозната музичка телевизија „MTV“ во Берлин се комплетно редизајнирани од германската агенција „Dan Pearlman“. Новоорганизираните канцеларии, сали за состаноци и соби за рекреација се приспособени да ги задоволат модерните побарувања.rnУлтра модерните канцеларии на „MTV“ во БерлинНајважна карактеристика на овој простор е балансот кој се одржува на границата помеѓу работна и животна средина. Атриумот на првиот кат е вратен во живот, со внимателно одбран, забавен и колоритен мебел. Салите за јадење и состаноци собираат околу 250 луѓе, па при нивната изработка било важно, новонаправениот простор не само да ги зближи луѓето во комфорна зона, туку и да воспостави конекција помеѓу модерниот стил на светски познатата мрежа и ентериерот.rnУлтра модерните канцеларии на „MTV“ во БерлинУлтра модерните канцеларии на „MTV“ во БерлинУлтра модерните канцеларии на „MTV“ во БерлинСега вработените имаат поголема слобода на движење во овој отворен и уникатен простор, во кој исто така можат да се најдат и приватни места за мир и тишина. Очигледно момците од „Dan Pearlman“ одлично ја завршиле својата работа, создавајќи релаксирачки работен простор во кој секој би посакал да работи.rnУлтра модерните канцеларии на „MTV“ во БерлинУлтра модерните канцеларии на „MTV“ во БерлинУлтра модерните канцеларии на „MTV“ во БерлинУлтра модерните канцеларии на „MTV“ во БерлинУлтра модерните канцеларии на „MTV“ во БерлинУлтра модерните канцеларии на „MTV“ во БерлинУлтра модерните канцеларии на „MTV“ во БерлинУлтра модерните канцеларии на „MTV“ во Берлин