КАФЕ ПАУЗА

Tag: комфор

  • 19 генијални изуми кои ќе ви го олеснат животот во канцеларијата

    19 генијални изуми кои ќе ви го олеснат животот во канцеларијата

    Барем една третина од нашите животи ја поминуваме во работење. Ако вашата канцеларија ја сметате за втор дом, тогаш треба да размислите како да ја уредите и декорирате со цел да го претворите вашето биро во удобно и забавно место. Секако не сакате вашето работно место да биде досадно. Погледнете ги овие 20 интелигентни и забавни изуми за вашата канцеларија кои ќе ви ги разубават и поедностават работните денови.rnrn

    Овие Ctrl + Alt + Delete шолји за кафе нема да го активираат Task manager-от на вашиот компјутер, но сигурно ќе ви пружат уникатно задоволство во пиењето кафе
    Овие „Ctrl + Alt + Delete“ шолји за кафе нема да го активираат менаџерот на задачи на вашиот компјутер, но сигурно ќе ви пружат уникатно задоволство во пиењето кафе
    rnrn

  • Мал, романтичен дом од соништата

    Мал, романтичен дом од соништата

    Кога некој би ви рекол дека во приколка може да живеете удобно, па дури и по малку луксузно, сигурно би биле скептични. Но, погледнете ја оваа малечка куќа на тркала која ќе ги разбие вашите сомнежи. Тоа што е на тркала ви дава чувство на апсолутна слобода и мир, чувство на моќ – може да бидете каде сакате и кога сакате.rnrnМал, романтичен дом од соништатаrnrnОвој мал дом од 20,5 метри квадратни е уреден за да се искористи максимално целиот простор што го нуди. Многу полици и фиоки, дури и полици и закачалки за палта под скалите, е она што го прави целиот простор практичен и рационално искористен. Големиот француски кревет и каминот даваат романтичен шмек, додека несекојдневноста на оваа едноставна куќа ќе направи да посакате да имате една за себе.rnrnМал, романтичен дом од соништатаrnrnОвој малечок дом од соништата нуди комфор и уживање, слатко спакуван во приколка тој е одличен избор за романтичен викенд далеку од градските гужви, во лето или пак во зима.rnrn

    rnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да патувате за малку пари? – Евтин престој

    Како да патувате за малку пари? – Евтин престој

    Планирањето на трошоците за патување, покрај за транспортот, секогаш се врзуваат за цените на хотелите и рестораните. Секогаш изгледаат скапо и одвраќаат многумина од намерата да патуваат некаде. Сепак, суштината на патувањето не е во купувањето комфор, туку во доживувањето на новата средина која ја посетувате. Тоа е она што носи возбуда и што остава спомени. Не се тоа преценетите хотели и ресторани кои својата услуга ја наплатуваат според пазарната логика, а не според она што вистински го нудат. Факт е и тоа дека ручек во традиционален ресторан може да му додаде вредност на доживувањето, но не мора сите оброци да ви бидат такви.rnrnВо продолжение ви претставуваме неколку алатки со чија помош можете вашиот престој во странство да го направите евтин.rnrnКако да патувате за малку пари? - Евтин престојrn

    1. Краток престој

    rn

    Каучсурфинг

    rnВеќе пишувавме за каучсурфингот, веб-сервис кој го смени начинот на патување во светот. Доколку не сте запознаени со тоа, се работи за можност да престојувате како гостин кај некого кој може да ви го понуди своето гостопримство преку својот кауч и времето кое може да го помине со вас покажувајќи ви го градот. Тоа најчесто не е комфорен начин на патување. За него потребен ви е малку авантуристички дух, отвореност и желба за запознавање на нови луѓе и култури. Имајте предвид дека каучсурфингот не е само можност за бесплатен престој, туку начин на запознавање на нови луѓе и култури, така што не би требало да го злоупотребувате ако не ви е дојдено до дружба со вашите гостопримливи домаќини.rnrnПрочитајте поопширно за каучсурфингот.rnrnCouchsurfing.com е најпопуларниот светски сервис за размена на гостопримство, но не и единствен. Покрај него можете да ги проверите и HospitalityClub.org и BeWelcome.org. Тие имаат помалку членови, но ако не успеете да најдете ништо на Каучсурфинг, можете да се обидете и таму. Доколку сте велосипедист кој ужива во долги велосипедски тури, користете го Warmshowers.org. Тоа е сервис во кој велосипедистите на долги патеки меѓусебно си помагаат на начин што на своите колеги им го нудат својот кауч и дом, или само топол туш додека се на поминување.rnrnКако да патувате за малку пари? - Евтин престојrn

    ЕрБнБ

    rnЕрБнБ овозможува да изнајмите соба или цел апартман за помалку пари од вообичаеното. Не ги изнајмувате од какви било агенции, туку од обични луѓе. Кога некој има вишок соба или цел стан и сака да го издаде на туристи, тој тоа може да го огласи на ЕрБнБ со цел да дојде во контакт со оние на кои им е потребно сместување. Препорачливо е да го користите овој метод кога патувате барем двајца или пак во поголема група, затоа што цената секогаш е фиксна за собата или станот, така што трошоците се делат. Некои од сопствениците одлучуваат дека својот простор ќе го издаваат за одреден број луѓе и наплатуваат за секој дополнителен човек, додека пак други не ги интересира колкумина престојуваат внатре сѐ додека го добиваат својот фиксен надомест.rnrnЦените многу варираат во зависност од квалитетот што го добивате. Сепак, возможно е да се најде цел стан за двајца за околу 30 евра за една ноќ во Прага, што би било 15 евра по човек и е поевтино од хостел. Во центарот на Париз може да најдете сместување за 250 евра неделно, што поделено на двајца излегува по помалку од 20 евра за еден човек, додека нема шанси да добиете таква цена во хостел во истиот град.rnrnКако да патувате за малку пари? - Евтин престојrn

    Хостел

    rnДоколку немате друг избор, а имате и нешто повеќе пари за трошење, хостелите се доста добра опција, иако не се и најевтината. Можете да одберете соба за еден или за двајца, но ако сакате да поминете поевтино тогаш препорачливо е да одберете кревет во една од оние големи спални во кои престојуваат и по повеќе од десет луѓе. Двата најдобри пребарувачи на хостели во светот се hostelworld.com и hostels.com.rn

    Кампување

    rnАко цел за вашето следно патување е некој преубав дел од природата, размислете за кампување. Кампувањето на диво надвор од означените кампови речиси секаде е илегално, но се толерира. Доколку сакате да бидете сигурни можете да одите во камп, но ќе треба да издвоите некоја сосема мала сума пари која се определува по ноќевање. Дури и во поскапите западноевропски земји тие цени често пати се под 10 евра за една вечер.rnrnКако да патувате за малку пари? - Евтин престојrnrn

  • Модерни лежалки и кревети за удобно уживање во вашиот двор

    Модерни лежалки и кревети за удобно уживање во вашиот двор

    Во потоплите денови, секогаш е подобро денот да се поминува надвор и да се ужива во енергијата која ни ја пружа сонцето и чистиот воздух. Па, токму затоа нема подобар начин како да се ужива отколку на убава и мека лежалка, која можете да ја усогласите со вашиот надворешен мебел и уредувањето на дворот, бидејќи ги има во различни големини и стилови. Модерни лежалки и кревети за удобно уживање во вашиот дворПоголеми, помали, изработени од различни материјали во различни форми, на нив ќе можете да уживате со пријателите и семејството, да читате книга, да дремнете, па дури и да поработите во мирна и пријатна атмосфера. Ова се неколку интересни модели на надворешни кревети и лежалки, кои ќе ве инспирираат да појдете и да си набавите.Модерни лежалки и кревети за удобно уживање во вашиот двор Модерни лежалки и кревети за удобно уживање во вашиот двор Модерни лежалки и кревети за удобно уживање во вашиот двор Модерни лежалки и кревети за удобно уживање во вашиот двор Модерни лежалки и кревети за удобно уживање во вашиот двор Модерни лежалки и кревети за удобно уживање во вашиот двор Модерни лежалки и кревети за удобно уживање во вашиот двор Модерни лежалки и кревети за удобно уживање во вашиот двор Модерни лежалки и кревети за удобно уживање во вашиот двор Модерни лежалки и кревети за удобно уживање во вашиот двор Модерни лежалки и кревети за удобно уживање во вашиот двор Модерни лежалки и кревети за удобно уживање во вашиот двор Модерни лежалки и кревети за удобно уживање во вашиот двор Модерни лежалки и кревети за удобно уживање во вашиот двор Модерни лежалки и кревети за удобно уживање во вашиот двор Модерни лежалки и кревети за удобно уживање во вашиот двор Модерни лежалки и кревети за удобно уживање во вашиот двор
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Прекрасниот и комфорен „Кадилак XTS“

    Прекрасниот и комфорен „Кадилак XTS“

    Луксузниот седан изработен од компанијата „Кадилак“ ќе се појави на пазарот во 2012, при крајот на пролетта или почетокот на летото. Наменет ќе биде само за одредени муштерии кој сакаат комфор и најнова технологија во нивните автомобили за секојдневна употреба. Овој модел е создаден за да им конкурира на прекрасните автомобили „Mercedes-Benz“ Е класа, „Audi“ A6 и „BMW“ 5.Прекрасниот и комфорен „Кадилак XTS“Бидејќи од компанијата се свесни дека автомобилот тешко може да се бори со својата конкуренција, тие разработиле една посебна стратегија за неговата продажба. Тие сакаат овој модел да влезе во бизнисот на „црни автомобили“. Црни автомобили се оние возила кои можете да ги видите кога се вози некој висок функционер, некоја делегација или моќен човек од аеродром до хотел, на некоја важна деловна средба или слично. Автомобилот изгледа импресивно, па останува да се види како  ќе се одвива неговата продажба.rnПрекрасниот и комфорен „Кадилак XTS“Прекрасниот и комфорен „Кадилак XTS“Прекрасниот и комфорен „Кадилак XTS“Прекрасниот и комфорен „Кадилак XTS“Прекрасниот и комфорен „Кадилак XTS“rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Време е за ленени панталони

    Време е за ленени панталони

    Ленените пантолони се комотни, класични и модерни. Можеби временските прилики ви велат дека е сè уште рано за нив, но треба да бидете подготвени. Сонцето само што не распукало до предизвикување неподносливи температури. А и доаѓа испитна сесија… кој ќе се поти по факултетските клупи?rnrnВреме е за ленени панталониrnrnОпуштен изглед, како за на плажа, кофорно, безгрижно чувство и жежок, секси изглед. Не мора да сте на Бахамите за да ги носите, и во нашата земја има доволно вода. А кога ветрето здувнува покрај вода, ленот изгледа магично.rnrnЕве неколку податоци и совети за носење ленени панталони оваа сезона пролет-лето:rn

      rn011

    • Овие панталони се удобни и релаксирачи, но не оставаат мрзлив впечаток. Тие се одличен избор за на факултетски час, за шопинг со пријателите или за прошетка на убав сончев ден во паркот.
    • rn

    rn

      rn011

    • Ленот е уникатен бидејќи ќе ве држи топли во затворени простории со климатизери пуштени на ниска температура, но истовремено ќе ве разладува на топло време, оставајќи ја кожата слободно да дише низ нив.
    • rn

    rnВреме е за ленени панталониrn

      rn011

    • Бидејќи ленените пантолони даваат опуштен изглед, комбинирајте ги со струкирани маички, за да не изгледате како да сте ја згрешиле модната ера. Тесна маичка, кратка јакничка и тесна маичка на прерамки (рамбовка) одлично се комбинираат со лелени пантолони.
    • rn

    rn

      rn011

    • Знаете како во рекламите жените често танцуваат на плажа во лелени панталони? Тоа не е случајно. Ленените панталони се наменети за носење покрај обала, бидејќи штитат од ветрови и ладат при жешко сонце.
    • rn

    rn

      rn011

    • Обични ленени пантолони најдобро се комбинираат со класични летни додатоци како: летна марама, плетени шешири и големи наочари.
    • rn

    rnВреме е за ленени панталониrn

      rn011

    • Ленените панталони се одлична замена за секојдневните фармерки и драстично го намалуваат потребното време за подготвување пред излегување. Еден предлог за комбинирање на ленените панталони е со маичка со V отвор, „гладијаторски сандали“ и летна марама, секако.
    • rn

    rnВреме е за ленени панталониrn

      rn011

    • За оние кои живеат покрај река или езеро, ленените панталони се добар избор и за пожешките денови, кога „жешко“ изгледаат во комбинација со горен дел од костум за капење, отворени сандали и големи наочари. Па и градската плажа ќе се отвора кај и да е. Имајте ги идеиве на ум 🙂
    • rn


    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.