КАФЕ ПАУЗА

Tag: комбинации

  • Неочекувани комбинации на бои кои изгледаат неверојатно добро

    Неочекувани комбинации на бои кои изгледаат неверојатно добро

    Ако вашиот стил на облекување ви станува здодевен, сигурно сте во искушение да пробате нешто ново. Но, ако некој вид облека не ви стоел добро досега, не значи дека тоа ќе се промени. Па наместо да го менувате целиот изглед, пробајте некоја нова и смела комбинација од бои. Можете да добиете навистина неочекувано добра комбинација.rn

    1. Розова и лаванда

    rnНеочекувани комбинации на бои кои изгледаат неверојатно доброrnrnИма причина зошто пастелните бои секогаш изгледаат примамливо. За овие бои одбирајте парчиња со „машки“ крој за да не изгледате детинесто.rn

    2. Светло сина и бордо

    rnНеочекувани комбинации на бои кои изгледаат неверојатно доброrnrnКој би помислил дека класичната пролетна нијанса би изгледала одлично со зимска нијанса. Сината нека биде главната боја на комбинацијата, а деталите нека бидат со бордо боја.rn

    3. Сина и портокалова

    rnНеочекувани комбинации на бои кои изгледаат неверојатно доброrnrnОваа комбинација е доказ дека спротивностите навистина се привлекуваат.rn

    4. Зелена и црвена

    rnНеочекувани комбинации на бои кои изгледаат неверојатно доброrnrnОваа студена нијанса ја намалува огнената црвена која може да изгледа навистина агресивно до чисто бела боја.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 7 популарни комбинации на различни видови храна што го трујат вашето тело

    7 популарни комбинации на различни видови храна што го трујат вашето тело

    Дури и детето знае дека ако комбинира грав со газирани пијалаци може да очекува несакани последици. Но, постојат и други комбинации на различни видови храна што можат лошо да влијаат на вашиот дигестивен систем, а некои од нив можат дури и да ве разболат. Во продолжение погледнете 7 од нив што треба веднаш да престанете да ги консумирате.rn

    1. Сендвич и кафе

    rn(1) 7-popularni-kombinacii-na-razlichni-vidovi-hrana-shto-go-trujat-vasheto-telo-www.kafepauza.mkrnrnКога немаме многу време, сендвичот изгледа како одличен избор за појадок. Но ако го јадете со сирење и во комбинација со кафе, вие всушност ги уништувате сите хранливи состојки. Јаглехидратите од лебот го спречуваат правилното варење на калциумот и неговото добро влијание на нервите и кардиоваскуларниот систем. Исто така, ако на тоа додадете инстант кафе, целосно ќе ги изгубите здравствените придобивки.rnrnСовет: Ако сакате сендвич со сирење, пијте чај наместо кафе.rn

    2. Домат и краставица

    rn(2) 7-popularni-kombinacii-na-razlichni-vidovi-hrana-shto-go-trujat-vasheto-telo-www.kafepauza.mkrnrnОваа комбинација е една од најпопуларните за летна салата. Но, според последните истражувања, комбинацијата на доматот и краставицата може да ги наруши биохемиските патишта во организмот. Ова води до отекување и губење на витамините.rnrnСовет: Јадете ги доматот и краставицата одвоено. На пример, денес направете салата од домати и зелен зеленчук, а следниот ден јадете салата со краставици.rn

    3. Компир и месо

    rn(3) 7-popularni-kombinacii-na-razlichni-vidovi-hrana-shto-go-trujat-vasheto-telo-www.kafepauza.mkrnrnКој може да одолее на стек со помфрит? За жал, ова е уште една лоша комбинација. За да го сварите скробот потребни се алкални дигестивни течности, а за варењето на месото – кисели. Кога тие ќе се најдат истовремено во желудникот, доаѓа до низа проблеми, како болки, гасови, киселини…rnrnСовет: Со местото комбинирајте зеленчук без скроб, како броколи, карфиол, боранија или тиква.rn

    4. Тестенини и мелено месо

    rn(4) 7-popularni-kombinacii-na-razlichni-vidovi-hrana-shto-go-trujat-vasheto-telo-www.kafepauza.mkrnrnИстото важи и за комбинациите со тестенини и месо. Плунката го претвора скробот од тестенините во шеќери, а кога тие ќе се прекријат со протеините од месото се создава опасна хемиска реакција што може да доведе до дијабетес и кардиоваскуларни болести.rnrnСовет: Нека тестенините бидат оброк без месо. Ако не ви се допаѓаат така, комбинирајте ги со растителни сосови.rn

    5. Пиво и јаткасти плодови

    rn(5) 7-popularni-kombinacii-na-razlichni-vidovi-hrana-shto-go-trujat-vasheto-telo-www.kafepauza.mkrnrnОва е една од омилените комбинации на сите студенти, како и страсните спортски навивачи. Сите обожаваат да грицкаат јаткасти плодови додека пијат пиво, но оваа комбинација содржи премногу сол, ја зголемува дехидрацијата и води кон порачување уште едно пиво.rnrnСовет: Кога консумирате алкохол зголемете го пиењето вода за да ја избегнете дехидрацијата.rn

    6. Млеко и ананас

    rn(6) 7-popularni-kombinacii-na-razlichni-vidovi-hrana-shto-go-trujat-vasheto-telo-www.kafepauza.mkrnrnКиселото овошје ја забавува работата на дигестивниот систем, особено наутро. Освен тоа, ананасот содржи и бромелин, комплекс ензими што можат да доведат до интоксикација кога се комбинира со млечни производи.rnrnСовет: Наместо ананас, додајте суви кајсии или сливи во вашето млеко.rn

    7. Млеко и банана

    rn(7) 7-popularni-kombinacii-na-razlichni-vidovi-hrana-shto-go-trujat-vasheto-telo-www.kafepauza.mkrnrnОваа комбинација е особено популарна помеѓу следбениците на здравата исхрана бидејќи е хранлива и лесна за подготовка. Но, некои нутриционисти веруваат дека овошјето, особено она што е слатко, треба посебно да се консумира. Тоа подолго останува во телото и го забавува варењето, а кога е комбинирано со друга храна, ова уште повеќе се чувствува. Па, кога станува збор за пиење млеко, најдобро е да го пиете без ништо друго.rnrnСовет: Бананата е најдобар избор за ужина помеѓу две главни јадења.rnrnДобро е да ги знаете и овие 12 совети кои ќе ви помогнат да се спасите од труење со храна!

  • Љубовна врска од соништата: 7 видови парови кои никогаш нема да раскинат!

    Љубовна врска од соништата: 7 видови парови кои никогаш нема да раскинат!

    Ако упорно избирате ист тип момче, на пример, уметник и боем, можеби е крајно време да размислите за динамиката во врската и што би се случило ако ја испробате среќата со малку поинаков карактер. Ако вие сте практичар, тогаш уметникот совршено би ви одговарал, но ако се сметате за интелектуалец, тогаш би требало да побарате емотивец. Погледнете ги и останатите комбинации на карактери што секогаш успеваат во врските!rnrn1-ljubovna-vrska-kako-od-sonishtata-7-parovi-koi-nikogash-nema-da-raskinat-www.kafepauza.mk_rn

    1. Практичар и уметник

    rnСигурно сте гледале филмови или сте читале книги за големите креативци како што се Валентино, Ив Сен Лорен, Кафка, Хемигвеј и можете да претпоставите како би функционирал односот со нив. Уметниците се со главата во облаците, растресени, восхитени, неспособни да размислуваат за обични работи, и голема е веројатноста дека ќе заборават нешто и ќе му префрлат на својот партнер, кој цврсто стои на земја, дека не мислел на сѐ, односно на заморните ситници како што се ручекот, вечерата, термините, сметките, договорите… А кога ќе дојдат дома, не сакаат уште еден натпревар на темата кој е поуспешен на уметничкото поле, туку разбирање и по можност восхитување. „Аааа! Прекрасно, драга! Брависимо!“rn

    2. Интелектуалец и емотивец

    rnНе се работи за тоа едната страна да рони солзи кога ќе се спомне романтиката, а другата да биде ладна како мраз, туку за тоа дека тие одлично се надополнуваат. Тој, на пример, може да биде ИТ експерт или природен лумен за броеви кој нема поим како да напише пристоен имејл или СМС порака, додека таа – професорка, шивачка или воспитувачка – одлична е со зборови во светот на чувствата и изразувањето на емпатија. Уште една врска на интерес која функционира по системот рак и морски актинии, и ја докажува теоријата дека за динамика во врската многу подобро се совпаѓаат разликите, отколку сличностите.rn

    3. Обожавател и обожуван

    rnУште и стариот Хегел тврдел дека во секоја врска, а посебно во љубовната, кога-тогаш доаѓа до нерамнотежа во стилот, односно дека едниот партнер е господар, а другиот роб – секако не во буквална смисла… Можеби е тешко за верување, но според експертите на ова поле, двата партнери во врската никогаш не сакаат со ист интензитет, секогаш едниот е почувствителен, „позагреан“ и тоа повеќе го покажува, додека другиот ужива во изливите на љубов и внимание. Овој вид врска ја докажува и теоријата дека односот помеѓу богатото момче кое сака на својата девојка да ѝ купува скапоцени подароци и тоа како успева.rnrn3-ljubovna-vrska-kako-od-sonishtata-7-parovi-koi-nikogash-nema-da-raskinat-www.kafepauza.mk_rn

    4. Најдобри пријатели

    rnВеќе ги знаете. Најверојатно се разбрале и ја започнале својата врска уште во гимназија и толку добро се познаваат што веќе еден на друг знаат да си ги завршат речениците и мислите. Имаат заеднички интереси, пријатели, хоби, всушност веќе заборавиле дека освен „ние“ постојат и заменките „јас“, „ти“, „тој“, „таа“… Единствен недостаток на оваа врска е возбудливиот и непредвидлив секс, но тоа всушност и не им недостига, бидејќи никогаш немале бивши за споредба. Но, кој вели дека тоа е пресудно за нивната успешна врска. Некои луѓе едноставно го сакаат чувството што е отпеано во песната на Битлси „Taaaang! I feel home!“rn

    5. Моќен и успешен пар

    rnВеќе сте слушнале безброј такви приказни – тој е успешен актер, сликар, адвокат, а неа ја видел на насловната страна од магазинот каде што ја претставиле како најдобра во својот жанр и си кажал „Таа е измислена за мене!“ Како со тоа да сакаат да го дуплираат својот успех и на светот да им донесат совршена слика. За овој вид врска сонуваат сите јунаци од книгите и филмовите. А најверојатно и историјата е полна со прекрасни девојки кои не останале во врска со момците, па и да се презиваат Клуни, Гослинг или Купер, бидејќи според нивните критериуми се „преслаби“. Иако звучи нарцистички, оваа врска успева сѐ додека нејзините протагонисти не заборават да ја нахранат однатре.rn

    6. Дама/момче во неволја и спасувач

    rnТој не само што пие, пуши, се забавува до зори, и се презива неодговорност, туку тоа вам ви е ужасно недоволно и сте замислиле дек можете и сакате да го спасите. Само напред! Не е редок случајот ниту девојката да доаѓа од нефункционално семејство и не знае што е среќно детство, па момчето сака сето тоа да ѝ го надополни во неколку години. И таквата врска може да биде успешна, велат експертите, сѐ додека другата страна е благодарна за она што го добива. Или ако не налетате зад аголот на уште некој кој треба да го спасите.rn

    7. Страсна врска

    rnИако оваа врска звучи како чиста идила, всушност, кога подобро ќе размислите, ќе сфатите дека е лудило. Да, тоа често е голема љубов за која сите пишуваат во романите и снимаат филмови, а каква што ја практикувале Елизабет Тејлор и Ричард Бартон, Џони Деп и Кејт Мос, Џуд Ло и Сијена Милер, Ријана и Крис Браун, некои дури и со репризи. Иако всушност нејзините актери велат дека ја мразат драмата, вистината е дека по малку уживаат во неа. Често оваа динамика се нарушува кога ќе пристигнат децата, па едната страна сака да се смири, а на другата сето тоа ѝ станува досадно, па одлучува да го подигне сидрото. Но, ако и понатаму оваа врска потрае со подеднаков интензитет, можеме само да кажеме – кој ќе преживее, ќе раскаже!rnrn2-ljubovna-vrska-kako-od-sonishtata-7-parovi-koi-nikogash-nema-da-raskinat-www.kafepauza.mk_

  • Парчиња облека со риги коишто одговараат на сечија фигура

    Парчиња облека со риги коишто одговараат на сечија фигура

    Ригите се присутни на женските парчиња облека уште од далечната 1917 година, потекнувајќи од Париз, како одговор на женските фустани од Коко Шанел коишто тогаш владееле на модната сцена. Коко Шанел ја направила првата модна револуција, додавајќи машки елементи на женска облека, па ригите долго време биле сметани како феминистичка модна изјава.rnrnrnrnНиз историјата, по ригите биле познати многу личности, како што се Одри Хепберн, Џејмс Дин, Мерлин Монро, а дури и Пабло Пикасо. Со тоа може да се заклучи дека дијагоналните риги коишто веќе стотина години не излегуваат од мода, не прават да изгледате пошироки, туку повеќе шик. Сепак, постојат неколку трикови коишто ќе ви помогнат да ги направите совршените комбинации на ваквите парчиња облека. Погледнете ги овие неколку ригести парчиња облека коишто одговараат на сечија фигура.rn

    1. Вертикални риги на критични места

    rnВертикалните риги го збунуваат окото на набљудувачот и прават да изгледате послаби. Здолништето со крој во форма на молив, може да одговара и на жени со пошироки колкови ако на него се наоѓаат вертикални риги, а маичката или фустанот со дебели или ситни вертикални риги може да ја издолжи целата фигура.rnrn(1) Парчиња облека со риги коишто одговараат на сечија фигураrn

    2. Правило 90:10

    rnЗа да се избегне ефектот на вишок килограми кај обичните ригести маици, многу модни експерти советуваат за правилото 90:10, што значи 90 проценти светли бои, наспроти 10 проценти темни.rnrn(2) Парчиња облека со риги коишто одговараат на сечија фигураrn

    3. Хоризонтални риги коишто ја следат силуетата

    rnНе треба да се плашите од ригите ни кога ја следите линијата на телото. Ако пак се работи за опуштена туника или фустан, ефектот на витка фигура ќе го постигнете со каиш или трака околу струкот.rnrnrn

    4. Структурни или опуштени парчиња облека коишто наликуваат на машка кошула

    rnДолгите опуштени кошули со или без ракави се одличен избор за оние коишто сакаат да го сокријат стомакот и да ги покажат слабите нозе. Руската јака со продолжено V деколте или пак, со двете први копчиња откопчани, ќе создадете ефект на издолжување и вашите недостатоци ќе останат сокриени.rnrn

  • Патиките со врвки повеќе не се во мода?

    Патиките со врвки повеќе не се во мода?

    Женствената верзија на класичните, спортски патики се секако моделите кои се таканаречени патики на навлекување. Овие патики не само што се удобни и лесни, туку повеќе потсетуваат на еспадрили и чевли, отколку на спортска облека во која спаѓаат добро препознатливите патики за трчање. Ако сакате да ги одморите нозете од постојаното носење високи потпетици, тогаш овие обувки се вистинскиот избор за вас. Патиките на навлекување се апсолутен хит за оваа пролет и воопшто нема да погрешите ако ги облечете заедно со фустан, здолниште, па дури со сако и пантолони.rnrn4-shokantna-novost-patikite-so-vrvki-povekje-ne-se-vo-moda-www.kafepauza.mk_rnrnЗа нив слободно можеме да кажеме дека стануваат составен дел од работниот изглед на една млада, модерна жена. Па, доколку се запрашувате со која облека е најдобро да ги комбинирате овие патики, еден од одговорите е со спортски фустан во црна или бела боја. Наместо класични патики, одлучете се заедно со спортскиот фустан да облечете патики на навлекување, бидејќи тие, без никаков сомнеж, ќе направат автоматски да изгледате женствено и елегантно. Моделите во шарени бои или животински дезени ќе ѝ дадат живост на еднобојната комбинација.rnrn1-shokantna-novost-patikite-so-vrvki-povekje-ne-se-vo-moda-www.kafepauza.mk_rnrn2-shokantna-novost-patikite-so-vrvki-povekje-ne-se-vo-moda-www.kafepauza.mk_rnrnЦрните патики на навлекување совршено ќе изгледаат со бели пантолони и светли фармерки. Сепак, за работен изглед белите пантолони се подобар избор, а времето е сè потопло, па ова е одлична прилика да им кажете збогум на фармерките. Барем до следната есен. Патиките на навлекување се одлична алтернатива за чевлите и чизмите, па дури и за балетанките, ако вашата работа бара долго стоење на нозе, па со самото тоа тетивите и зглобовите се доста оптоварени. Ова удобно парче обувки ќе ве натера да заборавите на болните и отечени стапала, а истовремено ќе изгледате софистицирано како вистинска бизнис жена.rnrn3-shokantna-novost-patikite-so-vrvki-povekje-ne-se-vo-moda-www.kafepauza.mk_rnrnОваа врста обувки има широка примена, па слободно можете да ги носете со кожна јакна, која е најдоброто парче облека за премин во новата сезона. Особено наутро кога температурите сè уште се ниски и дува ветар. Патиките на навлекување не се премногу елегантни и всушност изгледаат многу лежерно, односно лесно се комбинираат со облеката која е направена од кожа. Секако, со фармерки и тексас тие се непогрешлив избор.rnrn5-shokantna-novost-patikite-so-vrvki-povekje-ne-se-vo-moda-www.kafepauza.mk_rnrnДобро е да се спомне дека девојките не можат да одолеат, а да не ги облечат овие патики со здолниште или фустан. Како што напомнавме, овие обувки се лесни и удобни, не стегаат и во нив ногата не се поти, па затоа е логично да се комбинираат со пролетна облека во весели бои. Зошто да не, изберете патики на навлекување во некоја пастелна боја и во истиот момент освежете го вашиот изглед. Со нив дефинитивно нема да погрешите доколку се спремате за прошетка или за излегување со пријателите.rnrn6-shokantna-novost-patikite-so-vrvki-povekje-ne-se-vo-moda-www.kafepauza.mk_rnrnВсушност кога сте во брзање и треба без размислување да одберете што ќе облечете, обично поголемиот дел од луѓето се одлучуваат за црно од глава до пети, а секако се пожелни обувки кои гарантираат удобност. Па затоа, вашиот избор за денес нека бидат црни патики на навлекување кои одговараат со секоја гардероба, а не ја нарушуваат елеганцијата и префинетоста.rnrn7-shokantna-novost-patikite-so-vrvki-povekje-ne-se-vo-moda-www.kafepauza.mk_

  • Оваа пролет царуваат пастелните бои: Еве како да ги комбинирате со останатите парчиња облека

    Оваа пролет царуваат пастелните бои: Еве како да ги комбинирате со останатите парчиња облека

    Ако сте се запрашале кој тренд ни доаѓа оваа пролет, тогаш со радост ве известуваме дека пастелните бои и оваа сезона ќе продолжат да царуваат помеѓу вашата гардероба. Сигурно ви останало некое пастелно парче гардероба од минатите сезони, па со тоа ќе ви биде полесно да ги надополните комбинациите за кои ќе се одлучите оваа пролет.rnrn1-ovaa-prolet-caruvaat-pastelnite-boi-eve-kako-da-gi-kombinirate-so-ostanatite-parchinja-www.kafepauza.mk_rnrnСмирените бои како што се бебешко розовата и бебешко сината, се во прв план, но немојте да ги занемарите и пастелно виолетовата, жолтата или зелената. Овие бои ѝ прилегаат на секоја жена, како за окото, така и при носењето, бидејќи одговараат и на русокосите и на бринетите. Нема да погрешите при изборот на која било боја, а најважно е да ја одберете соодветната нијанса за чувствителноста на вашето око.rnrn2-ovaa-prolet-caruvaat-pastelnite-boi-eve-kako-da-gi-kombinirate-so-ostanatite-parchinja-www.kafepauza.mk_rnrnВо овие нежни тонови, претходно можевме да видиме само блузи и кошули, а потоа на ред дојдоа и пантолоните. Сепак се стекнува впечаток дека дамите ги избегнуваат ефектните парчиња како што се јакните, капутите и обувките во пастелни бои. Можеби мислат дека пастелната боја е моментален тренд, па не сакаат да трошат пари на скапи парчиња облека, но по неколку сезони доаѓаме до заклучок дека трендот на пастелната боја нема така лесно да излезе од модната сцена.rnrn3-ovaa-prolet-caruvaat-pastelnite-boi-eve-kako-da-gi-kombinirate-so-ostanatite-parchinja-www.kafepauza.mk_rnrnОваа сезона слободно одлучете се за џемпер или мантил во некоја смирена боја, бидејќи нема да погрешите, а исто така ќе уживате подолго време носејќи го.rnrn4-ovaa-prolet-caruvaat-pastelnite-boi-eve-kako-da-gi-kombinirate-so-ostanatite-parchinja-www.kafepauza.mk_rnrnДоколку сте од оние дами кои мислат дека костимот во боја е премногу и дека подобро би избрале сако или пантолони во боја, време е да се ослободите од овие мисли и модни стеги, бидејќи комплетот во нежни нијанси ќе биде еден од главните трендови оваа пролет и ќе можете да го носите во сите прилики, од работни состаноци до приватни настани и прослави.rnrn5-ovaa-prolet-caruvaat-pastelnite-boi-eve-kako-da-gi-kombinirate-so-ostanatite-parchinja-www.kafepauza.mk_rnrnБидејќи знаеме дека модата од 70-тите се враќа назад, фустаните во ваков крој ќе бидат совршен избор за топлите денови што доаѓаат. Мини должина, кратки ракави и крој кој од колковите па надолу се шири во облик на трапез, можете секогаш да го комбинирате со балетанки, плитки платнени патики, а чизмите и високите потпетици се подразбираат. Кожна или јакна од штоф ќе бидат одлични за да ја надополните оваа комбинација, но и да ве загрее доколку е потребно. Заедно со бебешко синиот фустан одлично се вклопува и нијансата во боја на лешник, но и нежната крем.rnrnOLYMPUS DIGITAL CAMERArnrnШироките пантолони со раб се уште еден доказ дека 70-тите ни се враќаат, а ако ги облечете во розова или пастелно розова ќе донесете нова димензија на овој тренд. Ако ногавиците се подолги и прилично широки, посакувано е да облечете високи потпетици, кои дополнително ќе ви ги издолжат нозете, но и ќе спречат самите ногавици да ви се влечат по асфалтот.rnrn7-ovaa-prolet-caruvaat-pastelnite-boi-eve-kako-da-gi-kombinirate-so-ostanatite-parchinja-www.kafepauza.mk_rnrnЖолтите пантолони споени со пастелно розова или сина даваат смирена палета која пријае на сетилото за вид, иако можеби самата замисла на комбинација од овие две бои во моментот ви се чини непосакувана. Најдобро е да ги извадите сите парчиња облека кои ги имате во својот гардеробер во пастелни нијанси и да ги комбинирате со останатите за да направите неколку модни комбинации кои совршено ќе ви послужат кога треба набрзина да се спремате и да излезете од домот.rnrn8-ovaa-prolet-caruvaat-pastelnite-boi-eve-kako-da-gi-kombinirate-so-ostanatite-parchinja-www.kafepauza.mk_

  • Искористете ја чипката во дневните комбинации

    Искористете ја чипката во дневните комбинации

    Иако до неодамна чипката беше резервирана само за посебните романтични прилики, како дел од венчаниците или скриена на долната облека, денес таа не се наоѓа само по рабовите на облеката, туку од нејзе се целосно сочинети секакви парчиња како фустани, здолништа и блузи.rnrnrnrnПа, повеќе не морате да ја користите само за посебни прилики, туку можете да ја комбинирате на различни начини. На пример, направете контраст и комбинирајте ја облеката од чипка со кожна јакна или некои други „груби“ парчиња. Без разлика дали целата ваша комбинација од глава до пети ќе биде во облека од чипка, или пак само срамежливо ќе оставите да се гледа под останатата облека, со овој материјал сигурно нема да погрешите оваа сезона!rnrnrnrn

  • Хороскопски знаци кои никогаш не би требало да бидат во љубовна врска

    Хороскопски знаци кои никогаш не би требало да бидат во љубовна врска

    Да не дојде до големи проблеми, хороскопот ни ги открива оние знаци кои треба да ги избегнувате кога станува збор за љубовни врски. Доколку ги следите овие совети, вие полесно ќе најдете љубов и ќе бидете посреќни во вашата врска.rnrnХороскопски знаци кои никогаш не би требало да бидат во љубовна врскаrn

    Овен со Близнаци, Девица и Риби

    rnОвните обожаваат љубовни авантури и често знаат да влетаат во нив без претерано размислување. Близнаците и Девиците не им одговараат бидејќи постојано се караат со нив, додека Рибите се премногу емотивни за нивен вкус.rn

    Бик со Стрелец, Овен и Близнаци

    rnБиковите се совршени за сериозни врски, но само кога ќе ја најдат онаа личност која е идеална за нив. Тие најмалку се согласуваат со Овните бидејќи имаат силен карактери кој води кон расправии, како и со Стрелците и Близнаците.rn

    Близнаци со Риби, Рак и Бик

    rnБлизнаците не сакаат да бидат покрај предвидливи личности. Тие исто така ги избегнуваат и оние кои имаат мали амбиции. Во овие категории спаѓаат Биковите, Раковите и Рибите, па токму затоа и врската помеѓу нив не би можела да биде успешна.rn

    Рак со Овен, Близнаци и Стрелец

    rnРаковите се емотивни и романтични личности кои обожаваат да се трудат околу вистинската љубов. Тие не сакаат егоизам. И покрај тоа што ги привлекуваат Стрелците, не можат да бидат со нив бидејќи немаат доверба. Истото се случува и со Близнаците и Овните.rn

    Лав со Близнаци, Риби и Јарец

    rnЛавот го одбиваат оние личности кои се негативни и кои постојано се грижат за нешто. Тие сакаат сигурност и секогаш да бидат на вистинското место со својот партнер. За нив, Близнаците премногу размислуваат, Рибите се премногу емотивни, а Јарците премногу тешки за справување.rn

    Девица со Вага и Овен

    rnДевиците се пребирливи и внимателно го одбираат својот партнер. Тие не сакаат луѓе кои се прават паметни, ниту пак оние кои се пасивни. Токму затоа и најлошо им оди со Овните, како и со Вагите кои не знаат како да ја прифатат нивната критичност.rn

    Вага со Рак, Скорпија и Девица

    rnВагите не се согласуваат со Девиците бидејќи се премногу комплицирани за нив, ниту пак со песимистичните Скорпии и претерано традиционалните Ракови. Тие исто така не ги сакаат и оние кои лажат и во кои не можат да имаат доверба.rn

    Скорпија со Овен и Близнаци

    rnСкорпиите се во постојана потрага за врски во кои се чувствуваат исполнето во секој поглед. Со Овните не можат да бидат тоа што се, бидејќи постојано се расправаат, додека пак покрај Близнаците и Стрелците никако не можат да се чувствуваат сигурно.rn

    Стрелец со Бик и Девица

    rnСтрелците не можат да бидат во врска со личности кои немаат цел во својот живот. Најлошата комбинација за врска им е со Биковите кои се премногу посесивни, како и со Раковите и Девиците кои не знаат како да бидат спонтани.rn

    Јарец со Овен, Близнаци и Девица

    rnОвните се премногу наивни и нестрпливи за Јарците, па затоа и не можат да функционираат како пар. Јарецот во љубовта делува ладно и без доверба со цел да се одбрани од разочарувањата, па токму тоа им влијае негативно во врската со Стрелците и Близнаците.rn

    Водолија со Бик, Рак и Девица

    rnИако Водолиите лесно се заљубуваат, кога се во врска се чувствуваат како да се во кафез од кој не можат да избегаат. Тие не можат да бидат со досадни и предвидливи луѓе. Не се согласуваат со Бикот бидејќи не им овозможува стабилност, а Ракот и Девицата им се здодевни.rn

    Риби со Овен и Близнаци

    rnЕмотивните Риби постојано го бараат партнерот од соништата и ги одбегнуваат оние кои се површни и немаат своја цел во животот. Тие не ги сакаат агресивните Овни, Близнаци и Лавови кои многу добро знаат да манипулираат со нив.

  • 7 комбинации на лакови кои ќе сакате да ги пробате на вашите нокти

    7 комбинации на лакови кои ќе сакате да ги пробате на вашите нокти

    Автор: Сара ТурановиќrnrnАко повеќе бои на лакови ви се допаѓаат во исто време и сакате сите да бидат на вашите нокти тогаш е време да ги искомбинирате. Спојувањето на две или повеќе бои не само што изгледа интересно туку и ја истакнува вашата креативна страна. Ви предлагаме 7 комбинации на лакови кои меѓусебно совршено си одговараат.rn

    1. Розово-црно-бела комбинација

    rn1-7-kombinacii-na-lakovi-za-nokti-koi-kje-sakate-da-gi-probate-kafepauza.mkrn

    2. Темноцрвена боја со златни светки

    rn

    2-7-kombinacii-na-lakovi-za-nokti-koi-kje-sakate-da-gi-probate-kafepauza.mk

    rn

    3. Комбинација од снежно бела и тиркизна боја

    rn3-7-kombinacii-na-lakovi-za-nokti-koi-kje-sakate-da-gi-probate-kafepauza.mkrn

    4. Розово-сиво-бела комбинација

    rn

    4-7-kombinacii-na-lakovi-za-nokti-koi-kje-sakate-da-gi-probate-kafepauza.mk

    rn

    5. Златни светки со кремаста боја

    rn

    5-7-kombinacii-na-lakovi-za-nokti-koi-kje-sakate-da-gi-probate-kafepauza.mk

    rn

    6. Неонски розова и црна боја

    rn6-7-kombinacii-na-lakovi-za-nokti-koi-kje-sakate-da-gi-probate-kafepauza.mkrn

    7. Црно-бела комбинација

    rn7-7-kombinacii-na-lakovi-za-nokti-koi-kje-sakate-da-gi-probate-kafepauza.mkrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Фантастични кулинарски комбинации кои не би ви паднале на памет

    Фантастични кулинарски комбинации кои не би ви паднале на памет

    Овие трикови ќе го подобрат вкусот на храната која ја конзумирате, а комбинациите ги препорачуваат готвачите од ексклузивните светски ресторани.rnrnfantastichni-kulinarski-kombinacii-koi-ne-bi-vi-padnale-na-pamet-kafepauza.mkrn

    Морков и шеќер

    rnИако можеби е чудно да додавате шеќер на зеленчук, ова е стандардниот начин на подготовка на морковите во Франција. Вистинскиот израз за ова јадење е Виши моркови во кое се комбинираат моркови, сол, бибер, шеќер и Виши вода (минерална вода од регионот Виши). Морковот се готви додека не добие глазура. Шеќерот го подобрува вкусот на морковот, а крајниот резултат е преубаво јадење од зеленчук со интензивно портокалова боја.rn

    Кафе и сол

    rnДодајте му на кафето прстофат сол за да го засилите неговиот вкус – оваа употреба на солта е честа и се користи и во скоро сите други јадења. Доволен е само еден прстофат и ќе добиете совршено еспресо.rn

    Домати и шеќер

    rnКористете шеќер наместо сол. Доматите се кисели и со додавање на сол, само добиваат уште покисел вкус. Шеќерот ги засладува и го засилува вкусот на доматите.rn

    Чоколадо и кафе

    rnКога правите рецепт кој вклучува чоколадо, додајте и малку кафе. Тоа ќе го засили вкусот и аромата на чоколадата без страв дека ќе се почувствува вкусот на кафето.rn

    Месо и анасон

    rnКога готвите супа и други јадења со месо додадете анасон за да го засилите и обогатите вкусот на месото.rn

    Домати со ливчиња

    rnКога правите јадења со домати, додадете ги и гранчињата – тие го имаат специфичниот вкус кој сите го сакаме и на јадењето ќе му дадат поизразена арома.rn

    Компир и морско оревче

    rnВо јадењата од компир ставајте сосема малку морско оревче – тоа ќе ги направи компирите побогати, а неговата арома нема да се забележува.rn

    Јаболка и ванила

    rnЈаболката имаат голема количина на киселина и при готвењето потребно е да им се додава шеќер. Повеќето луѓе на јадењата со јаболка им додаваат морско оревче или цимет, но екстрактот од ванила им дава посебна вкусна нота која многумина нема да ја препознаат, но многу ќе им се допадне.rn

    Јагоди и пипер

    rnСвежите јагоди обично се сервираат со шеќер (обичен или во прав), но нивниот вкус ќе го интензивирате доколку додадете ситно мелен пипер.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.