КАФЕ ПАУЗА

Tag: количина

  • Колку милиграми цинк треба да се внесуваат секој ден за здрав имунитет?

    Колку милиграми цинк треба да се внесуваат секој ден за здрав имунитет?

    Цинкот е заштитник на имунитетот, го штити телото од бактерии и вируси и е неопходен минерал во одбраната на организмот од инфекции.rnrnКолку милиграми цинк треба да се внесуваат секој ден за здрав имунитет?rnrnНи помага да растеме, да се развиваме и да дишеме. Станува збор за минерал кој игра важна улога во правилното функционирање на нервниот, кардиоваскуларниот и репродуктивниот систем. Една од неговите најважни улоги е создавањето протеини и синтезата на ДНК, а исто така силно влијае и врз либидото. Не само што нè штити од бактерии и вируси туку и го намалува заморот, болките во зглобовите и проблемите со кршливи нокти.rnrnНедостатокот на цинк може значително да ги одбранбените способности на организмот. Освен тоа, може да се појават и други проблеми како: сува кожа, импотенција, дијареја, опаѓање на косата, губење на апетитот…rnrnСо оглед на тоа дека човечкото тело не може самостојно да произведува цинк, тој мора да се внесе преку соодветна исхрана.rn

    Колку цинк ни е потребен секој ден?

    rnИако цинкот е важен за организмот, сепак на телот не му требаат големи количини од овој минерал. Затоа, не треба да се претерува со додатоците во исхраната, а прекумерното внесување на цинк може да доведе и до проблеми како послаба апсорпција на бакар.rnrnНутриционистите ги препорачуваат следните количини на дневна база:rn

      rn 011

    • возрасни жени – 8 милиграми на ден
    • rn 011

    • возрасни мажи – 11 милиграми на ден
    • rn 011

    • бремени жени – 11/12 милиграми на ден
    • rn 011

    • доилки – 12 милиграми на ден
    • rn 011

    • деца до 3 години – 3 милиграми
    • rn 011

    • деца од 4 до 8 години – 5 милиграми
    • rn 011

    • деца од 9 до 13 години – 8 милиграми
    • rn

    rn

    Каде може да се пронајде цинк?

    rnЦинкот најдобро се апсорбира од храна од животинско потекло како што е говедското месо, јајцата и морските плодови, но не треба да се занемарат и растителните извори.rn

    Храна која е богат извор на цинк:

    rn

      rn 011

    • морска храна (особено остриги)
    • rn 011

    • месо (говедско, телешко, јагнешко)
    • rn 011

    • јајца
    • rn 011

    • млечни производи
    • rn 011

    • темно чоколадо
    • rn 011

    • ориз
    • rn 011

    • мешунки (грав, наут, леќа)
    • rn

    rnОткако прочитавте колку цинк ни е потребен секој ден, можеби ќе сакате да прочитате и како да откриете дали на вашето тело му недостасува цинк.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs

  • 9 знаци дека пиете премногу вода

    9 знаци дека пиете премногу вода

    Повеќето луѓе пијат многу вода, тоа е навистина добро за нив сè додека не започнат да пијат и повеќе од доволно.rn

    Како е можно да се пие премногу вода?

    rnДиетичарите постојано потсетуваат дека пиењето доволно вода е многу важно за нормално функционирање на организмот. Тоа е така, освен ако не пиете вода повеќе од доволно.rnrnИако повеќе се внимава на знаците на дехидрираност, прехидрираноста е подеднакво опасна. Пиењето премногу вода може да резултира во интоксикација со вода, позната и како хипонатремија, која предизвикува поплавување на внатрешноста на клетките како резултат на абнормално ниско ниво на натриум во крвта. Во најтешките форми, интоксикацијата со вода може да доведе до здравствени проблеми како што се грчеви во мозокот, кома, па дури и смрт.rnrn9 знаци дека пиете премногу водаrnrn9 знаци дека пиете премногу вода:rn

    1. Никогаш не го напуштате домот без шише вода и постојано имате вода во раката

    rnДоколку го носите вашето шише со вода цел ден со вас и повторно го полните кога е празно, можеби пиете премногу вода. Постојано хидрирање на вашето тело може да резултира со ниско ниво на натриум во крвта, што може да предизвика отекување на сите клетки во вашето тело. Според докторите таа ситуација може да стане особено опасна кога ќе почне да отекува и мозокот. Вашиот мозок може да отече само 8 до 10% пред да допре до черепот и да почне да го притиска мозокот кон надвор.rn

    2. Пиете вода дури и кога не сте жедни

    rnНајдобар начин да дознаете дали на вашето тело навистина му е потребно повеќе вода е да бидете свесни дали навистина се чувствувате жедни. Нашите тела се толку програмирани да се борат против дехидрираноста од која секогаш се плашиме, така што имаме вградено механизми кои нè заштитат од тоа. Еден од овие механизми што го имаат сите животни е жедта. Жедта е индивидуален „монитор“ на секое тело што овозможува да дознаете дали ви е потребно повеќе вода. Колку повеќе вода ви е потребно, толку повеќе жедта ќе се зголемува.rn

    3. Пиете вода сè додека вашата урина не стане бистра

    rnДоколку пиете здрава количина вода, бојата на урината ќе ви биде во боја на слама до бледо жолта боја. Иако повеќето луѓе веруваат дека бистрата урина е здрав знак на хидратација, урината без пигментација може да биде знак дека пиете премногу вода. За повеќето луѓе, 8 до 10 чаши вода на ден се смета за нормална количина. Ова варира во зависност од висината, тежината и навиките за вежбање на секоја личност.rn

    4. Уринирате често, дури и во текот на ноќта

    rnМожеби пиете премногу вода и ако ви се случува често да сте будни во текот на ноќта и имате потреба да одите во тоалет. Според докторите во една клиника во Кливленд, повеќето луѓе уринираат помеѓу 6 и 8 пати на ден. Доколу уринирате повеќе од 10 пати на ден, можеби пиете повеќе вода отколку што му е потребно на вашето тело. Друга причини за ваквата состојба може да биде кофеинот и прекумерно активниот мочен меур. За да спречите ноќно мокрење, пиете ја последната чаша вода неколку часа пред спиење за да им дадете време на бубрезите да ја филтрираат водата низ вашето тело.rn

    5. Чувствувате гадење и може да дојде до повраќање

    rnСимптомите на прехидратација се многу слични како оние на дехидрираност, според докторите. Кога пиете премногу вода, бубрезите не се во можност целосно да се ослободат од вишокот течност и водата почнува да се собира во организмот. Ова може да предизвика голем број на непријатни симптоми, честопати и гадење, повраќање и дијареа.rn

    6. Имате неподносливи главоболки во текот на денот

    rnГлавоболките се знак на прехидратација и дехидрираност – слични на гадење, повраќање и дијареа. Кога пиете премногу вода, концентрацијата на сол во крвта се намалува и предизвикува отекување на клетките во органите низ целото тело. Кога концентрација на сол е мала, вашите клетки растат. Кога пиете премногу вода, вашиот мозок всушност расте и го притиска черепот. Овој притисок може да предизвика неподнослива главоболка и посериозни здравствени проблеми како што се нарушена функција на мозокот и проблеми со дишењето.rn

    7. Забележувате оток или безбојност на рацете, усните и стапалата

    rnВо многу случаи на хипонатремија, луѓето доживуваат забележително отекување или обезбојување бојата на рацете, усните и стапалата. Кога сите клетки во вашето тело отекуваат, бојата на вашата кожа ќе започне видливо да избледува. Кај оние кои пијат премногу вода може да дојде до зголемување на тежината поради оток и вишок вода во крвотокот. Доколку пиете повеќе од 10 чаши вода секој ден и ги забележете овие симптоми, намалете го внесот на количина на вода и забележете дали симптомите исчезнуваат.rn

    8. Чувствувате дека мускулите ви се слаби и често се појавуваат мускулни грчеви

    rnЗа да имате здраво, функционално тело, треба да ја одржувате рамнотежата на целиот организам. Кога пиете премногу вода, нивото на електролити се намалува и рамнотежата е нарушена. Ниското ниво на електролити може да предизвика голем број на непријатни симптоми, вклучувајќи мускулни грчеви и затегнување. Проблемите со мускулите можете да ги спречите доколку замените неколку чаши вода на ден со кокосова вода, која е полна со електролити и е 100% природна.rn

    9. Се чувствувате уморно

    rnВашите бубрези се одговорни за филтрирање на водата што ја пиете низ вашето тело, затоа бидете сигурни дека нивото на течности во крвотокот е избалансирано. Кога пиете премногу вода, бубрезите треба да работат напорно и со тоа се создава стресна ситуација поради вашите хормони со што вашето тело е под стрес и е уморно. Доколку постојано пиете вода и се чувствувате како да не можете да станете од креветот, можеби им предизвикувате непотребен стрес на бубрезите.rnrnМожеби сакате да дознаете и дали солта го спречува губењето на вишокот килограми?rn

  • Колку овошје е здраво да консумирате?

    Колку овошје е здраво да консумирате?

    Овошјето е клучно за здравата исхрана, но неретко луѓето мислат дека можат да го консумираат во неограничени количини. Па, дали ова е вистина или можете да си предизвика штета?rnrnКолку овошје е здраво да консумирате?rnrnЗа жал, претераното консумирање овошје може да биде лошо. Свежото овошје е богато со витамини и антиоксиданси, но сепак може да предизвика проблеми бидејќи содржи калории и јаглехидрати. Токму овие работи можат да го забават процесот на слабеење.rnrnРазновидното овошје е важен дел од здравата исхрана. Но, постојат многу ситуации кога треба да намалите со консумирањето поради големото количество шеќери.rnrnЗа разлика од гликозата, шеќерот кој завршува во мускулите, мозокот и органите и се користи за енергија, фруктозата може да му наштети на црниот дроб. Постои можност вишокот фруктоза да се претвори во сало, а телото ќе го складира како залиха за енергија.rnrnИмајте на ум дека во процесот на слабеење важно е внесувањето калории и јаглехидрати. Една банана содржи 100 калории и дури 27 грама јаглехидрати, додека едно јаболко може да има и до 30 грама јаглехидрати .rnrnДоколку сакате да ослабите, најдобро е да го намалите консумирањето јаглехидрати на 100 грама дневно. Во овој случај, 2 банани и 1 јаболко дневно би зафатиле околу 84% од препорачаниот дневен внес на јаглехидрати, а со нив ќе внесете и голем број калории. Па како и секој друг вид храна, и кај овошјето е потребна умереност.rnrnПогледнете и кој е најдобриот дел од денот за консумирање овошје.

  • 5 ситуации во кои треба да јадете повеќе сол

    5 ситуации во кои треба да јадете повеќе сол

    Поголемиот дел од луѓето консумираат доволна количина сол, ако не и повеќе од препорачаните 2.300 милиграми дневно. Но, постојат ситуации во кои дури би било препорачливо да консумирате повеќе сол, секако во консултација со вашиот доктор.rnrn1-5-situacii-vo-koi-treba-da-jadete-povekje-sol-www.kafepauza.mk_rn

    1. Се занимавате со вежбање со голем интензитет

    rnВежбачите кои се занимаваат со интензивно вежбање подолго време, еден час секојдневно или повеќе, можеби понекогаш ќе треба да го зголемат внесувањето натриум. Заради големото физичко напрегнување може да дојде до хипонатремија, односно намалена концентрација на натриум во крвта, што може да предизвика вртоглавица, главоболка, чувство на збунетост, слабост и замор.rnrnИако не се случува често, хипонатриемијата може да предизвика и претерано потење, односно претерано внесување вода за да останете хидратизирани, а изгубениот натриум не се надополнува. Ако само што сте го завршиле напорното вежбање во кое претерано сте се испотиле или ако во текот на тренингот сте почувствувале некои од горенаведените симптоми, консумирањето солена храна може да му помогне телото да заздрави.rn

    2. Патите од нефропатија

    rnНефропатија е болест на бубрезите заради која организмот не може да ја одржува правилната количина натриум. Кај оваа здравствена состојба пациентите губат премногу сол од урината, поради што мораат да внимаваат на тоа да внесуваат доволна количина сол. Доколку не се внимава, може да дојде до веќе спомнатата хипонатриемија. Во тој случај посетете го вашиот доктор.rnrn2-5-situacii-vo-koi-treba-da-jadete-povekje-sol-www.kafepauza.mk_rn

    3. Земате диуретици

    rnНекои видови лекови, диуретиците особено, може да предизвикаат неурамнотеженост на минералите во телото со зголеменото мокрење. Диуретиците честопати се препишуваат за хипертензија, односно за зголемен крвен притисок, а консумирањето премногу сол може да претставува ризик за луѓето со висок притисок. Сепак, постојат ситуации во кои некој кој зема диуретик треба да консумира повеќе сол за да се доведат хранливите состојки во организмот во рамнотежа.rn

    4. Вие сте постара личност и размислувањето ви е „замаглено“

    rnКај постарите личности, особено оние над 80 и повеќе години, мозочната активност може да се подобри со внесување сол. Истражувањата докажале дека постарите личности кои внесувале поголема количина сол покажале подобри резултати на тестовите за мозочни активности од оние кои внесувале помалку сол. Но, експертите предупредуваат дека станува збор за прелиминарно истражување, односно пред зголеменото внесување сол би требало да се консултирате со вашиот доктор.rn

    5. Патите од Бартеров синдром

    rnСтанува збор за ретко нарушување до кое доаѓа заради генетски абнормалности и кое може да влијае на способноста на бубрезите да ја преработат солта која сте ја консумирале. Може да се случи премногу натриум да заврши во урината, а недоволно во телото. Симптомите на Бартеров синдром вклучуваат сѐ, од повраќање и претерано чувство на жед, до претерана потреба за сол. Потребно е да се консултирате со доктор пред да го зголемите внесувањето на солта.rnrn3-5-situacii-vo-koi-treba-da-jadete-povekje-sol-www.kafepauza.mk_

  • Дали сте знаеле дека најверојатно внесувате премногу протеини?

    Дали сте знаеле дека најверојатно внесувате премногу протеини?

    Постојано слушаме дека секој наш оброк мора да содржи протеини за да биде доволно хранлив. Освен тоа, доколку сте гладни, протеините најбрзо можат да ве заситат. Најголемиот предизвик со којшто се соочуваат вегетаријанците и веганите е да ги внесат потребните протеини. Но, експертите советуваат дека време е да намалите со ваквата исхрана.rnrnДали сте знаеле дека најверојатно внесувате премногу протеини?rnrnИмено, според најновите истражувања, најверојатно внесувате 2 пати повеќе протеини одошто ви требаат за еден ден. Дали знаете која е препорачаната дневна количина? Таа изнесува 46 грама, иако просечните луѓе внесуваат околу 100 грама за 24 часа. Дури и оние кои најмногу се придржуваат до вегетаријанската и веганската исхрана внесуваат од 60 до 80 грама протеини дневно.rnrnТоа се должи на големиот број грицки што се полни со протеини, енергетските чоколади со мусли и големите порции во рестораните. Не е страшно ако внесувате поголема доза одвреме-навреме, но ако ставате протеински прав во вашите оброци и потоа пиете протеински шејкови, треба да знаете дека тоа може да се одрази на вашето здравје, како на пример да го зголеми ризикот од оштетување на бубрезите.rnrnЗаклучокот од сето ова е дека не треба да се грижите околу тоа дали внесувате доволно протеини. Најверојатно внесувате повеќе одошто треба, така што слободно заменете го енергетскиот бар со јаболко.rnrnЗа да бидете сигурни дека се храните правилно, прочитајте ги следниве 7 знаци дека не внесувате доволно протеини во вашиот организам.

  • Диета за мрзливи девојки: 5 сјајни трикови со чија помош лесно ќе изгубите килограми

    Диета за мрзливи девојки: 5 сјајни трикови со чија помош лесно ќе изгубите килограми

    Процесот на губење килограми не се случува преку ноќ, а премногу строгите диети се причина поради која поголемиот дел од луѓето се откажуваат од својата цел. Доколку сакате да ослабете, најпрво треба да го стартувате вашето тело. Најдобар и најбрз начин за тоа е пешачењето, барем 15 минути дневно. Но, исто така е важно да направите и промени во секојдневните навики и исхраната. Сепак, тоа не значи дека морате да се откажете од слатките и омилената храна.rnrn1-dieta-za-mrzlivi-devojki-5-sjajni-trikovi-so-chija-pomosh-lesno-kje-izgubite-kilogrami-www.kafepazua.mk_rn

    1. Трпението е доблест!

    rnЧувството на глад може да се „убие“ на различни начини, а еден од нив е да забавите и да се опуштите додека јадете. Колку побрзо јадете, толку побрзо ќе почувствувате повторно глад. Јадете залак по залак, темелно џвакајте и на тој начин многу побрзо ќе станете сити. Присилете се после секој залак да го оставате приборот за јадење сè додека храната целосно не исчезне од вашата усна шуплина.rn

    2. Сити, а не полни!

    rnЗа да останете фит или да изгубите килограми не морате да го жртвувате омилениот десерт или јадење туку да ја намалите количината, а потоа да ја наполните чинијата. Најлесен пат до посакуваната тежина е количината. Обидете се да ја намалите порцијата и да престанете со јадењето веднаш што почувствувате дека сте го убиле гладот. Експертите сметаат дека нема да се здебелите од храната која ја јадете туку од количината што ќе ја изедете.rn

    3. Ситни измами за желудникот!

    rnНајстариот трик со кој секое јадење ќе го преполовите е предјадењето. Односно, супа или салата пред јадењето е чудотворно оружје кое ќе ве спаси од прејадување. Пред да навалите на омиленото јадење, изедете полна чинија супа или свежа салата, а потоа јадете го главниот оброк. Предјадењето добро ќе ве заштити и ќе изедете барем една третина помалку од храната.rnrn2-dieta-za-mrzlivi-devojki-5-sjajni-trikovi-so-chija-pomosh-lesno-kje-izgubite-kilogrami-www.kafepazua.mk_rn

    4. Леб, десерт или пијалак?

    rnХраната од која најмногу се дебелееме е преполна со разни калории кои ги обожаваме. Главните виновници се лебот, слатките и пијалаците кои содржат поголема количина шеќер. Но, тоа не значи дека треба да ги исфрлите сите три пороци, туку да одберете само една од нив. Затоа, ако посегнете по парче леб, прескокнете го десертот и напијте се вода.rn

    5. Нема прескокнување оброци!

    rnНајлошата работа што можете да ја направите е да го прескокнете оброкот. Дури тогаш ќе почувствувате силен глад и потреба за храна што ќе ве натера во текот на следниот оброк да претерате со јадење.rnrn3-dieta-za-mrzlivi-devojki-5-sjajni-trikovi-so-chija-pomosh-lesno-kje-izgubite-kilogrami-www.kafepazua.mk_

  • Мобилна апликација која го мери количеството кафе кое го пиете

    Мобилна апликација која го мери количеството кафе кое го пиете

    Сметањето колку кафе ви е потребно во текот на денот може да биде тешко. Сите ние пиеме кафе од различни причини, но воглавно го користиме како извор на енергија и средство за стимулација на работата на мозокот. Но, една од негативните страни на консумирањето кафе е нередовниот сон и проблемите со несоница поради што може да го дочекате наредниот ден уморни и поспани.rnrnМобилна апликација која го мери количеството кафе кое го пиетеrnrnАпликацијата Up Coffee го мери количеството кафе кое го консумирате, вклучувајќи и други извори на енергија како енергетските пијалаци и чоколадата. Со редовното користење на оваа апликација ќе знаете колку време по пиењето кафе вашиот мозок може да му се предаде на сонот. Апликацијата ви овозможува да користите експерименти кои ќе откријат како вашето тело реагира на внесениот кофеин и каков вид кафе-консумент сте. Исто така, апликацијата ја мери поврзаноста помеѓу времето кога го пиете кафето и внесеното количество, со времето кога легнувате, колку часа спиете и колку пати се будите во текот на ноќта. Up Coffee ја регистрира вашата реакција на кофеинот и со текот на користење ќе развиете шема на пиење кафе која е најпогодна за вас со цел попродуктивен ден и подобар сон.rnrnКолку повеќе се користи оваа апликација толку поточна станува, бидејќи со собирањето податоци корисниците можат да опсервираат како точно кафето влијае на нивниот сон како и на нивното здравје.rnrnМобилна апликација која го мери количеството кафе кое го пиете Мобилна апликација која го мери количеството кафе кое го пиете
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кофеинот ви ги подобрува лекторските способности

    Кофеинот ви ги подобрува лекторските способности

    Со сигурност во текот на денот пиете по неколку кафиња кои ви помагаат да се разбудите и полесно да ги извршувате работните обврски. Но според најновите истражувања внесувањето на производи кои содржат кофеин како што се кафе, чај, сокови или некои видови чоколадо може да имаат и едно малку поинакво дејство врз вас. Ова особено ќе им се допадне на лицата кои се занимаваат со лекторска дејност, бидејќи докажано е дека кофеинот ни помага полесно да ги забележуваме печатните и граматичките грешки.Кофеинот ви ги подобрува лекторските способностиКофеинот ги подобрува перформансите на некои од сложените мозочни процеси кои се одвиваат во десната мозочна хемисфера, како што е толкување на јазикот кој е зборуван или напишан.rnrnЗа време на истражувањето, кое е објавено во весникот „Experimental Psychology“, истражувачите им дале задача на 36 студенти кои консумирале многу мала количина на кофеин на дневно ниво, отприлика 100 мл кафе дневно. Задачата била да прочитаат една статија во големина на една страна од весник за 5 минути и притоа да ги коригираат сите печатни и граматички грешки во текстот.rnrnЧетириесет и пет минути пред исполнувањето на задачата, на студентите им биле поделени капсули кои содржеле различна количина на кофеин во нив. Имало капсули без кофеин, но и капсули од 100, 200 и 400 милиграми кофеин.rnrnВо второто истражување, истражувачите го повториле истиот експеримент со 38 студенти кои консумирале поголемо количество на кофеин во текот на денот. Отприлика овие студенти пиеле по 3 кафиња од 250 милилитри на дневно ниво.Кофеинот ви ги подобрува лекторските способностиВо првиот експеримент најдобри резултати покажале оние студенти на кои им била дадена капсула од 200 милиграми кофеин. Тие без проблеми пронаоѓале и коригирале разни грешки во текстот. Оние студенти на кои им била дадена капсула од 400 милиграми, повеќе изгубиле отколку што добиле. Во овој случај тие имале голем проблем да ги пронајдат грешките и многу тешко ги разликувале зборовите кои се пишуваат слично.rnrnВо вториот експеримент всушност било заклучено дека нормалното консумирање кафе во денот нема да направи голема разлика при наоѓањето грешки во некој текст. За таа цел потребно ќе биде да се зголеми дозата непосредно пред читањето на текстот.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Каде се пие најмногу кафе во светот?

    Каде се пие најмногу кафе во светот?

    Ова истражување е направено врз база на податоци кои биле прибирани од 1977 до 2008 година. Спроведено е од „Меѓународната организација за кафе“ во Лондон, а резултатите покажуваат колку кафе се пие по глава на жител низ земјите во светот.rnrnКаде се пие најмногу кафе во светот?rnrnТие го имаат следено порастот на побарувачката на кафе во секоја земја одделно, па така во 2008 година се забележани интересни бројки. Имено во Европа убедливо најмногу се пие кафе, особено во скандинавските земји. Погледнете ги добиените бројки.rnrn1. Финска 12 кгrn2. Норвешка 9,9 кгrn3. Исланд 9,0 кгrn4. Данска 8,7 кгrn5. Холандија 8,4 кгrn6. Шведска 8,2 кгrn7. Швајцарија 7,9 кгrn8. Белгија 6,8 кгrn9. Луксембург 6,8 кгrn10. Аруба 6,8 кгrn11. Канада 6,5 кгrn12. Германија 6,4 кгrn13. Австрија 6,1 кгrn14. Босна и Херцеговина 6,2 кгrn15. Италија 5,9 кгrn16. Словенија 5,8 кгrn17. Бразил 5,8 кгrn18. Грција 5,5 кгrn19. Франција 5,4 кгrn20. Хрватска 5,1 кгrn21. Кипар 4,9 кгrn22. Либан 4,8 кгrn23. Србија 4,5 кгrn24. Шпанија 4,5 кгrn25. Естонија 4,5 кгrn26. Португалија 4,3 кгrn27. САД 4,2 кгrn28. Македонија 4,2 кгrn29. Литванија 4,1 кгrn30. Словачка 4,0 кгrnrnДоколку сакате да ги дознаете податоците и за другите земји низ светот, погледнете ја интерактивната мапа каде што се прикажани информациите за секоја одделно.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Вода за поздрав живот

    Вода за поздрав живот

    Водата е од суштинско значење за здравјето на човекот. Но, на прашањето колку вода треба да се пие дневно е тешко да се даде одговор. Тоа е така, бидејќи одговорот зависи од многу фактори, како на пример каде живеете, на која возраст сте, колку сте активни во текот на денот и слично.rnВода за поздрав животОпшто земено, докторите велат дека здрав возрасен маж, во просек треба да пие по околу 3 литри вода дневно, додека спротивниот пол по 2 литри. Овие бројки се пресметани според тоа колку вода треба да се надомести за онаа која секојдневно ја изнесуваме од телото. Сепак, иако водата е добра за здравјето, не треба да се претерува со нејзиното консумирање. Единствено, количината на вода која се внесува во организмот може да се зголеми на жешко време и после исцрпувачка физичка активност.rnВода за поздрав животКонсумирањето повеќе вода од потребното може да доведе до сериозни проблеми, како што се хипонатермија (прениска количина на натриум во крвта) или интоксикација (труење). Симптомите како вртоглавица, апатија (бесчувственост), дезориентираност, гадење и слично, се најчестите кои можат да се осетат по пиење преголема количина вода и воедно се многу слични на симптомите на дехидрацијата.rnВода за поздрав животСепак, треба да се напомене и дека секојдневно внесуваме течност и преку овошјето и зеленчукот, сите газирани и негазирани сокови и нормално, преку чаевите кои ги пиеме, па така понекогаш и не мораме да внесуваме многу голема количина чиста вода.