КАФЕ ПАУЗА

Tag: колега

  • 5 правила што треба да ги знаете ако сакате да започнете љубовна врска со колега

    5 правила што треба да ги знаете ако сакате да започнете љубовна врска со колега

    Врските на работа не се толку чудни. Ако подобро размислите ќе сфатите дека со колегите поминувате речиси исто толку време колку и со членовите на најблиското семејство. Со оглед на тоа дека љубовта може да се роди секаде, ако се вљубите во колега или колешка и решите да започнете љубовна врска, треба да воспоставите правила што ќе ги почитувате двајцата…rn5 правила што треба да ги знаете ако сакате да започнете љубовна врска со колегаrn

    Размислете двапати пред да започнете врска

    rnАко го запознаете вашиот партнер на работа тоа може да биде одлично за вашиот социјален живот, но не толку добро за кариерата. Разумот ви говори да избегнувате врска од работа затоа што тоа може лошо да се одрази на двајцата, а и знаете дека ќе биде непријатно доколку врската не успее. Сепак, ви се чини дека некогаш „хемијата“ помеѓу вас е многу посилна од разумот.rnrnНемојте да одите на првиот состанок ако не сте сигурни дека колегата навистина ви се допаѓа и дека помеѓу вас може да има нешто сериозно. Со други зборови, не се ставајте во непријатна ситуација така што ќе бидете во врска само месец дена колку да ги подгреете озборувањата, а потоа да раскинете затоа што вашата работна репутација би можела да биде неповратно уништена.rn

    Не го кршете законот

    rnБидете многу внимателни и уверете се дека постојат чувства и од другата страна. Во никој случај не дозволувајте колегата да почувствува притисок за да биде во врска со вас. Доколку личноста што вам ви се допаѓа е на пониска работна позиција од вас, бидете посебно внимателни и немојте да правите ниту шеги кои би можеле да бидат погрешно толкувани како сексуално вознемирување. „Не прифаќам НЕ за одговор“ би можело да биде симпатично, но во овој случај тој или таа може да сфати дека работата не му/ѝ е сигурна ако ве одбие.rn

    Дискрецијата е клучна

    rnСè додека и двајцата сте задоволни со врската и начинот на кој работите се одвиваат помеѓу вас, сè ќе биде во ред. Сепак, тоа не значи дека би требало да обелодените пред сите дека сте заедно или пак да разменувате нежности пред други. Со други зборови, трудете се да бидете колку што е можно подискретни и нека вашите приватни работи останат приватни. Не морате да лажете за врската, но не дозволувајте другите колеги да се мешаат во вашиот однос, не споделувајте никакви детали – инаку ќе бидете главен предмет на озборувања.rn

    Поставете правила и направете план

    rnНе звучи баш премногу романтично, но би било паметно да се договорите за правилата кои ќе ги почитувате и да имате план како понатаму доколку не успеете. Важно е и двајцата да го сакате истото – на пример сериозна врска или однос без обврски?rnИсто така, дали сакате врската да ја чувате во целосна тајност? Дали ќе избегнувате заедно да доаѓате и да заминувате од работа? Дали ќе одите заедно на пауза?rnrnПотоа доаѓа оној тежок дел – што ако раскинете? Секако дека никој не размислува на тоа на почетокот на врската кога сè „цвета“, но важно е да се договорите како ќе се однесувате ако дојде до тоа. Освен ако не планирате да дадете отказ (или партнерот да го направи тоа), може да биде непријатно секојдневно да се гледате. Разговарајте за тоа уште пред да се случи.rn

    Не дозволувајте вашите чувства да ве спречат да работите

    rnМожеби е најдобро да се избегнува врската од работа, но ако веќе одлучите да започнете врска, не дозволувајте таа да влијае на начинот на кој ја извршувате работата. Ако го дозволите тоа, големи се шансите некој од вас двајца (или двајцата) да мора да бара нова работа или нов партнер/ка. Можно е да биде незгодна ситуација ако некој од вас двајца е надреден, а другиот треба да му „одговара“ за некои деловни работи. Ако ја ставите романсата пред работата можете да си направите голем проблем.rnrnДознајте и дали заедничките интереси се клучни за здрава врска.

  • Постојат поголеми шанси да стапите во брак со колега доколку сте вработени на една од овие работни позиции

    Постојат поголеми шанси да стапите во брак со колега доколку сте вработени на една од овие работни позиции

    Во многу организации, од најразлични причини, забрането е да почнувате врска со некој од вашите колеги, но понекогаш дури и покрај забраната се случува да се развие љубов. Според неодамнешни испитувања, се открило дека голем дел од луѓето стапуваат во брак со личност од сопствената професија. Ова испитување опфатило 3,5 милиони семејства и открило дека најчестиот брак во истата кариера е помеѓу наставници во основни училишта. Кога ќе размислите, ова има смисла. Се сеќавате на ваков случај во вашето основно училиште?rnrnПостојат поголеми шанси да стапите во брак со колега доколку сте вработени на една од овие работни позицииrnrnНо што е со другите професии? Па ако вашата кариера е една од овие подолу и ако сè уште не сте во брак, погледнете подобро околу вас – можеби вашата сродна душа е на само неколку метри од вас…rn

      rn011

    • Научници
    • rn011

    • Фармери
    • rn011

    • Агент за недвижнини
    • rn011

    • Сметководители
    • rn011

    • Социјални работници
    • rn011

    • Агенти за патување
    • rn011

    • Поштари
    • rn011

    • Продавачи
    • rn011

    • Атлети
    • rn011

    • Актери
    • rn011

    • Ветеринарни доктори
    • rn011

    • Медиумски професионалци
    • rn011

    • Економисти
    • rn011

    • Бербери
    • rn011

    • Готвачи
    • rn

    rnИспитувањето исто така покажало дека жените што заработуваат многу, како докторите и адвокатите, започнуваат врска со мажи со слична плата со кои се економски рамноправни. Од друга страна пак, мажите што заработуваат многу имаат тенденција да стапат во брак со партнери што не заработуваат толку многу.rnrnПрочитајте и што треба да направите со вашиот партнер пред да стапите во брак.

  • Лагите кои дозволуваме да нè дефинираат

    Лагите кои дозволуваме да нè дефинираат

    Ние луѓето сме навистина големи лажговци. Не само што умееме да ги лажеме другите, неретко се залажуваме самите себе. Кои се лагите што најчесто си ги кажуваме себеси и кои често нè водат до неуспех?rn

    „Нема да успеам да…“

    rnСи велите дека нема да стигнете да ја завршите работата до 6 часот? Лага. Нема да успеете да научите за претстојните испити? Лага. Нема да одработите доволно за да добиете унапредување на работното место? Лага. Доста се лажете, сето тоа е код зад кој се крие вистинското значење нема да се потрудам доволно. Нема нешто што е невозможно ако имате желба да го постигнете. Можеби не се трудите или ви е мака да вложите напор, но во никој случај не е невозможно.rn

    Лагите кои дозволуваме да нè дефинираат

    rnrn

    „Сè можам да направам сам/а“

    rnВсушност, ова значи сè мора да направам сам/а, или уште поточно, никој не би ми помогнал. Колку пати сте помислиле дека целиот товар мора да биде на ваши рамена бидејќи никој не би одвоил време за да ви помогне? Или, колку пати сте помислиле дека треба некому да му докажете дека можете сè сами, па се форсирате до изнемоштеност?rnrnБез разлика дали станува збор за реновирање или чистење на станот или одење на свадба кај бившото момче, односно бившата девојка, на сите ни се потребни пријатели. Оваа лага ве спречува да побарате помош и да постигнете повеќе. Можеби вие сте им секогаш на располагање на другите, но се плашите да побарате помош кога вие имате потреба. Нема некој кој може сам да направи сè, на сите ни е потребна нечија помош.rn

    „Тој/таа е тотален идиот“

    rnНе дозволувајте предвреме да ги осудите луѓето со кои сте во контакт. Ако вашиот колега ви изгледа како бубалица без социјален живот, можеби не сте го запознале за време на викенд. Можеби вашата нова колешка која ви остава впечаток на себична и нарцисоидна личност, е првата која ќе потрча напомош кога најмногу ќе ви треба. Поентата е, не осудувајте, не етикетирајте некого како „тотален идиот“ и не ги пречкртувајте веднаш од вашата листа на пријатели. Дајте им шанса на луѓето да ги запознаете подобро. Не дозволувајте ваквата лага да ве ограничи во склопувањето нови пријателства и остварувањето контакти.rn

    „Престар/а сум за…“

    rnОваа лага ќе нè спречи да започнеме со часови по танц или да се запишеме на некаков курс, само поради помислата дека нашето време поминало. Без разлика на годините, секогаш мора да ги зачуваме детските амбиции. Митот дека сте престари за да направите нешто, сепак останува само мит и ништо повеќе. На 40 години може да се запишете на факултет, на часови по танц, или да почнете да практикувате планинарење. Ништо не ве ограничува, освен секако, вие самите.rnrnЛагите кои дозволуваме да нè дефинираатrn

    „Во ред е. Сите прават шеги на нечија сметка“

    rnНе е во ред. Особено ако тие шеги повредуваат некого. Кога гледате како некој од вашите пријатели или семејство му се потсмеваат некому поради големиот нос или кусиот раст, ставете се на негово/нејзино место. Дури и личноста да не покажува, таквите зборови болат. Зошто би молчеле? Зошто да станете дел од оние кои исмејуваат?rnrnСтавете им крај на болните шеги кажувајќи го вашиот став дека не се смешни и дека не е во ред да се исмеваат нечии маани. Уште поважно, не е во ред да дозволите некој да ве исмева вам доколку тоа ве повредува. Кажувајќи си себеси дека секој е исмеван поради нешто, е типично залажување. Имате глас, употребете го.rn

    „Не ми е грижа што мислат другите“

    rnНе ви е грижа за сосетката која сака да озборува? Супер, не ми е ни мене. Не ви е грижа што мислат вашите родители? Стоп, преиспитајте си ги вашите ставови.rnrnТочно, има луѓе чие мислење не треба да нè засега, чии зборови не би требало да дозволиме да допрат до нас. Но има и такви на кои треба вистински да внимаваме да не ги повредиме. Тоа се зборовите на оние кои се грижат за нас, нашата иднина и нашата благосостојба. Ве озборуваат бидејќи сте со некој кој ним им изгледа како лошо момче? Небитни личности. Но, вашите родители и пријатели ви кажуваат дека врската со него ќе ви наштети? Во тој случај погледајте ги работите трезвено.rnrnЛагите кои дозволуваме да нè дефинираатrn

    „Ќе зборам упорно и ќе му/ѝ ги променам ставовите“

    rnТолку често се залажуваме мислејќи дека би промениле нечие мислење, што не сфаќаме дека тоа е бесполезно губење време. Некој што не сака мачки, веројатно и после вашите презентирани факти и аргументи ќе остане на истиот став, оној што се определил за една политичка страна, нема да се премисли зашто вие поддржувате друга, а нерелигиозните луѓе нема да ги убедите да почнат да веруваат во Бога преку ноќ.rnrnЛуѓето се различни, со различни мисли и ставови, а доколку поминете значителен период од животот трудејќи се сите да мислат како вас, што сте постигнале? Кога гледате дека тоа што го кажувате едноставно не допира до личноста, повлечете се.rn

    „Не се плашам“

    rnСамодовербата е прекрасна работа, но никој ја нема во толкава количина за никогаш да не му се затресат нозете од страв. Без разлика дали станува збор за страв од голем пајак или страв од презентирање на дипломската работа, во ред е да чувствувате страв. Сите се плашат од нешто и тоа е сосем нормално, бидејќи не сме митолошки суштества, туку сме смртници, обични луѓе со стравови и несигурности. Наместо упорно удирање на главата од ѕид и залажување себеси дека не ви е страв, речете си „ок, се плашам, само не толку за стравот да ме спречи да го постигнам тоа“.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да бидете добар колега?

    Како да бидете добар колега?

    Одржувањето на пријатна атмосфера на работа е од големо значење за вашето лично чувство на исполнетост и задоволство, а има влијание и врз постигнувањето на вашите успеси. Прочитајте неколку кратки совети за зацврстување на врската со колегите на работа, што воедно ќе направи да се чувствувате подобро во текот на тие 8 часа кои секојдневно ги поминувате на работното место.rn.rn

    Секое утро расположено кажете „Здраво“

    rnКако да бидете добар колега?Доаѓате на работа со очите вперени во подот, рамениците спуштени долу и веднаш почнувате да работите? Ако е така, не е ни случајно што вашите колеги ве игнорираат (во најдобар случај) и ве избегнуваат (во најлош случај). Нека ви стане навика кажувањето „здраво“ на колегите, со тон на расположеност и среќа. Правете го тоа кога ќе дојдете на работа или кога ќе ви почне смената. Неверојатно е тоа колку малку пристојност е потребно за добри релации со колегите на работа.rn.rn

    Кратки разговори

    rnПрашајте ги колегите за нивните интереси – омилената книга, филм, јадење, хоби. Покажувајќи интерес, ќе направите да им е пријатно зборувањето со вас. Овие кратки разговори правете ги за време на паузата, бидејќи во канцеларија е навистина непријатно. Правејќи ги овие разговори ќе ги потсетите колегите дека вие не сте само вработен или колега, туку и човек.rn.rn

    Прашајте за нивно мислење

    rnЛуѓето сакаат да бидат прашани за мислење, па затоа слободно прашајте: „Што мислиш дека му недостига на извештајот?“ или „Како ти би ја решил оваа ситуација?“. Потоа, заблагодарете се дури и ако идејата или предлогот не биле од голема помош.rn.rn

    Избегнувајте озборувања

    rnСигурно не сакате да зборуваат за вас позади грб. Затоа, не правете им го тоа на другите. Ако некој колега ви пријде и почне да ви раскажува љубовна романса од канцеларијата, вие само одговорете со прашањето „Навистина?“. Потоа, сменете ја темата на разговор или вратете се на тоа што сте го работеле. Ако не одговорите, озборувачот ќе продолжи да зборува, а така вие брзо ќе ја изгубите довербата кај другите колеги.rn.rn

    Разговор со комплициран колега = разговор со мало дете

    rnКако да бидете добар колега?Ова е едноставна визуелизација која ќе ви помогне да останете прибрани. Кога мало дете поставува многу прашања кои понекогаш ви изгледаат чудни, вие пристојно му одговарате и не му викате со силен тон. Така, кога разговарате со ваш колега кој е малку комплициран, бидете присебни и прибрани. Сигурно не сакате колегите да ве гледаат како лесно се нервирате и гласно зборувате.rn.rn

    Не бидете себични со комплиментите

    rnКако да бидете добар колега?Поделете некој комплимент за колега кој престанал да пуши, си ја уредил канцеларијата или направил некое достигнување на приватен или професионален план. Ова е затоа што многу почесто се  фокусираме на негативните нешта, отколку на позитивните. Неколку убави зборови на секого му ја топлат душата.rn.rn

    Пратете e-mail или одговорете на повик на време

    rnЗа да ги придобиете колегите на работа како пријатели, добро е да почнете од основните добри манири. Нема ништо пофрустрирачки од неодговорена електронска порака, смс или телефонски повик. Тоа што вие не одговарате само ја отежнува работата и испраќа непријатна порака од вас кон нив која гласи: „Не си ми толку важен“ .rn.rn

    Вратете му на колегата со иста мерка

    rnКако да бидете добар колега?Ако колегата завршил некоја важна работа за вас, убаво е да му вратите со иста мерка кога следниот пат ќе се појави ист или сличен случај.

  • 4 знаци дека треба да најдете друга работа

    4 знаци дека треба да најдете друга работа

    Без разлика дали сте моментално вработени, барате работа или утре одите на интервју за работа, прочитајте на што треба да внимавате кога сте во работното опкружување.rn

    1. Ви поставуваат чудни прашања

    rn4 знаци дека треба да најдете друга работаrnrnВнимавајте на прашањата кои имаат за цел да откријат интимни делови од вашиот живот. Која е вашата сексуална определба, кое ви е омилено кафуле, дали некогаш сте се сликале за фотосесија во списание и сл. се прашања кои не треба да се очекуваат од идниот работодавец (освен ако прашањата се директно поврзани со местото за работа за кое аплицирате). Дури и прашањата да не ви се чинат лични, верувајте дека тие се премногу интимни за да ви ги поставува работодавецот за време на интервјуто за работа или после некое време од работењето во неговата компанија.rn

    Еден вработен бил викнат во канцеларијата на неговиот работодавец каде бил прашан: „Дали се навредуваш кога некој упатува пцости спрема тебе?“ Вработениот одговорил: „Не, понекогаш и јас пцујам. Не е тоа ништо“. Потоа, кога разговорот продолжил, вработениот сфатил дека секоја реченица на работодавецот била со пцости. Ги употребувал дури и во деловната комуникација преку е-mail. Вработениот се почувствувал навреден и дал отказ.

    rn

    2. Никој не изгледа среќно во компанијата

    rn4 знаци дека треба да најдете друга работаrnrnКога одите на разговор за работа, погледнете ги луѓето кои работат во компанијата. Ако се насмеани, среќни, позитивни и весели, тоа е добар знак. Тоа значи дека ја сакаат работата која ја работат и дека условите во кои работат се одлични. Но, ако човекот кој ќе ве пречека на рецепција не ви се насмевне, тоа е знак дека во компанијата работите не се баш како што треба. Едноставно, набљудувајте го однесувањето на оној кој ве интервјуира. Ако тој му „зборува на носот“, постојано проверува електронска пошта, одговара на телефонските повици кои ги добива во текот на разговорот, тоа е знак дека тој нема доволно почит спрема вас и вашата работна позиција за која аплицирате.rn

    3. Вашата работна позиција нема звање

    rn4 знаци дека треба да најдете друга работаrnrnЗа време на интервјуто за работа, оној кој ве интервјуира размислува едно, а вие друго. Вас ви е важно да ве примат на работа, а на другиот му е важно да пополни место во компанијата. За време на интервјуто, покажете интерес и прашувајте прашања за тоа што точно е вашата работа и кое е звањето кое ќе го имате. Ако на почеток не го знаете вашето звање, потоа е потешко истото да го добиете. Дајте му до знаење на работодавецот дека вам ви значи која позиција ќе ја имате во неговата компанија.rn

    4. Верувајте му на внатрешното чувство

    rn4 знаци дека треба да најдете друга работаrnrnЗборуваме за интуиција – чувството кое ви кажува што да направите. Понекогаш, дури и сè да ви изгледа убаво и совршено, внатрешниот глас е посилен и не треба да се занемарува. Послушајте се самите себе кога нешто „не ви штима“. Ако чувствувате дека нешто не е во ред, тоа веројатно е така. Затоа, верувајте во самите себе.