На овие интересни фотографии гледаме малечко, слатко хрчаче како го вади главчето низ исечена дупка на картонска кутија и се претвора во нешто друго. Артистката Џени која стои зад овие креативни цртежи, е илустраторка која сака да креира 3Д уметност комбинирајќи различни медиуми. Неодамна, нејзината ќерка решила дека сака да го облече нивното милениче, хрчакот Дејвид Боуви, во облека за кукли.rnrnrnrnЗнаејќи дека облекувањето на брзиот, плашлив глодар ќе биде речиси невозможно, креативната мајка ги осмислила овие смешни картонски креации и му дозволила на Дејвид Боуви да ги истражува како што му одговара. Во моментот кога неговото слатко розово носе и малечки очиња ќе се појават низ отворот, хрчакот се претвора во летечка мачка, разнобоен кловн, сирена, па дури и принцеза.rnrnrnrnДоколку некој од вас се загрижи за безбедноста на слаткиот хрчак, Џени тврди дека Дејвид Боуви бил внимателно згрижен во текот на целиот креативен процес. Боите се нетоксични и хрчакот се забавувал, вадејќи ја главата низ дупката, а кога ќе му станало досадно, набрзо бил ваден од кутијата.rnrn
Кога ќе здогледате симпатично лице на спротивната страна во дискотеката, во вашата глава се развиваат секси фантазии, кои започнуваат со страстен бакнеж, а продолжуваат… којзнае каде. Но, кога тоа лице ќе ви се приближи токму вам од сите девојки во дискотеката, знаете дека фантазиите набрзо ќе станат реалност. И тогаш, о-ооо, ужасен прв бакнеж. Како ли да избегате од следниот? rnrnrnrnСекој од нас некогаш доживеал ужасно лош бакнеж, а ова е листа на најлошите 7 видови:rnrnКловн – Овој „кловн“ мисли дека само заради тоа што има поголема уста има право да ја вшмука устата на партнерката во својата. Таа баш и нема што да прави заробена внатре, а згора на тоа, после бакнежот се чувствува како да ѝ е изедена пола глава.rnrnКлукајдрвец – Овој фраер не се бакнува во вистинската смисла на зборот, тој само клука. Неговиот стил се одликува со брзи бакнежи без јазик кои траат по милисекунда, нанижани едноподруго во неверојатно брзи интервали без можност за земање воздух.rnrnНапаѓач – Постојат момци кои со сета сила ќе се залетаат кон вас и буквално ве напаѓаат недозволувајќи ви да земете воздух. Можеби за нив е тоа многу „машки“, но за девојките делува страшно.rnrnМечувалец – Ова момче делува нежно, фино и внимателно. Првиот бакнеж со него ќе ви биде пријатен, но потоа ќе се претвори во не толку пријатен. Во даден момент неговиот јазик настапува на сцената и остро се бори со вашиот, буквално како да сака да ве прободе.rnrnГризач – Самоуверен, заводлив и секси, тој настапува со својот гриз-бакнеж. Не се работи за повремено нежно грицкање, туку за постојано непријатно гризење. На овој тип, подобро е веднаш да му кажете дека тоа што го прави не е секси, за да се спасите од крвопролевање.rnrnКуче – Знаеме како тоа го прават кучињата. За жал, некои момци научиле лоша лекција од нив. Резултатот е лигаво влажно лице и одвратно чувство.rnrnФаќач – Првиот бакнеж за многумина е по малку воздржан, но не за фаќачот. Тој тргнува добро со устата, но не губи време, веднаш ве лепи за ѕид и почнува да ве меси како да сте тесто кое треба се исука за пита.rnrn
Вообичаено, категоријата Арт и дизајн ја пополнуваме со содржини за фотографи кои по нешто се специфични во својата работа. Секако, она што ни го привлекува вниманието е содржината на самите фотографии. Овој пат, фокусот го ставаме целосно на содржината, односно на моделот кој е претставен на нив. Офелија Овердоус е прекрасен модел, талентиран дизајнер и изведувач.Нејзините фотографии се како приказни во кои таа секогаш игра различна улога, лесно трансформирајќи се во кловн со балони, медицинска сестра облечена во латекс или женски воин за кој само би можеле да фантазирате. Нејзините улоги се сосема природно донесени на секоја фотографија. Таа изгледа совршена на сите, а ова е селекцијата на оние кои нам ни беа најинтересни.
rnrnrnЗачаденаrnrnПортрет на Лудиот шапкарrnrnВнатрешен демонrnrnОд рајотrnrnКуклестаrnrnГумирана гејшаrnrnЗае*и го системотrnrnМедицинска сестра во латексrnrnПрикриено огласување (Product Placement) rnrnХотлајн-барбиrnrnСончева светлинаrnrnВонземјанкаrnrnАфродитаrnrnЦрниот лебедrnrnБорбаrnrnОд пеколотrnrnШоуто може да почнеrnrnПарализиранаrnrnРасшлапанаrnrnНапивкаrnrn———————————————————————————————————————————————————–rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.