КАФЕ ПАУЗА

Tag: класика

  • Изненадувачки факти кои не сте ги знаеле за авторката на „Франкештајн“ – Мери Шели

    Изненадувачки факти кои не сте ги знаеле за авторката на „Франкештајн“ – Мери Шели

    На денешен ден, 1797 година, е родена британската писателка Мери Шели, најдобро позната по готскиот роман „Франкештајн“ што важи за ремек-дело на класичната литература. Приказна која настанала од постојаните кошмари кои и се појавувале на писателката и кои ја натерале да бара спас од нив во пишувањето. Во продолжение прочитајте ги изненадувачките факти за една од најпознатите англиски писателки во раниот 19-ти век.rnrnИзненадувачки факти кои не сте ги знаеле за авторката на „Франкештајн“ – Мери Шелиrnrn1. Мери Шели потекнува од интелектуално семејство. Нејзините родители биле радикалниот филозоф Вилијам Годвин и Мери Волстонкрафт, една од првите феминистички писателки во историјата.rnrn2. Поради важноста на нејзините родители, младата Шели била во можност да го развие својот интелект во друштво на интелектуалци како американскиот потпретседател Арон Бур и славниот романтичен поет Семјуел Тејлор Колриџ.rnrn3. Романсите на Шели го натерале нејзиниот татко да се откаже од неа. Кога имала само 16 години, Шели го запознала поетот Перси Биш Шели – обожавател на нејзиниот татко. И покрај тоа што бил оженет и значително постар од неа (во тоа време 22 години), тие се заљубиле и на крајот побегнале заедно во 1814 година. Кога се вратиле во Англија, Мери била бремена и нејзиниот татко не сакал да има ништо со неа.rnrn4. Се верува дека нејзиниот татко извршил убиство само за да го зачува угледот на својата ќерка. Во 1816 година, телото на бремената Хариет Вестбрук, првата сопруга на Перси Шели, било пронајдено во лондонската река Серпантина кое изгледало како таа да извршила самоубиство.rnrn5. Шели не била единствена во семејството која имала љубов кон поети. Нејзината полусестра Клер Клермонт, сакала поет љубовник, па започнала да го прогонува другарот на Перси – Лорд Бајрон. Таа, Мери и Перси отпатувале во Женева, Швајцарија кај Бајрон во 1816 година, каде што Мери ја започнала приказната „Франкештајн“.rnrn6. Се мисли дека Лорд Бајрон ја инспирирал Шели да ја напише нејзината најпозната приказна. Легендата вели дека таа, Бајрон, Перси и личниот лекар на Бајрон, д-р Џон Вилијам Полидори, останале доцна една вечер, дискутирајќи на окултни теми и читајќи приказни за духови. Бајрон ја предизвикал групата да напише хорор приказна, што ја навело Мери да ја напише приказната за Франкештајн. Таа не била единствената чија приказна ќе биде запишана во историјата, приказната на д-р Полидори, „Вампирот“ се смета за инспирација на Брам Стокер за познатото дело „Дракула“.rnrn7. Сепак, Шели тврдела дека приказната ѝ дошла на сон. Во третата едиција на „Франкештајн“ таа го објаснила сонот кој ја инспирирал да ја напише приказната.rn

    „Гледав со затворени очи, но остар вид – го видов бледиот студент кој правеше грешна уметност, клекнат покрај ‘нештото‘ обидувајќи се да го склопи“, напишала авторката. „Ја видов грозоморната фантазма на човек кој беше растргнат, а потоа, со помош на некаква моќна машина, покажа знаци на живот“, додала таа.

    rn8. И покрај популарните претпоставки, лудиот доктор е Франкештајн, а не чудовиштето. Чудовиштето се споменува само како „суштество“, „чудовиште“, „демон“ и „тоа“.rnrn9. Мери зела дополнителна инспирација од замокот Франкештајн во Дармштад, Германија. Алхемичарот Џонан Конрад Дипел живеел таму во 17-тиот и 18-тиот век. Локалните легенди велеле дека тој експериментирал во замокот со човечки тела.rnrn10. Кога Мери започнала со пишување на „Франкештајн“, имала само 19 години. Но, книгата била објавена во 1818 година, кога таа имала 21 година.rnrn11. Бидејќи книгата „Франкештајн“ првично била објавена анонимно, многумина верувале дека била напишана од страна на Перси Шели. 5 години по нејзиното објавување, Мери ја објавила книгата под нејзиното име.rnrn12. Иако денес се смета за класика, во минатото, книгата „Франкештајн“ не била пречекана со позитивни реакции. Една од реакциите била: „Ткиво на ужасна и одвратна апсурдност“.rnrn13. Приказната што ние денес ја знаеме за „Франкештајн“, не е онаа што Шели првично ја создала. Таа ја менувала многупати, особено во 1832 година. Во верзијата која била напишана по смртта на Перси и нејзините два деца, д-р Франкештајн бил претставен помалку како човек со слободна волја, а повеќе како пион на судбината, како што Мери се гледала себеси во пресвртот на нејзините трагедии.rnrn14. Иако таа е најпозната по својата приказна „Франкештајн“, Шели во нејзиниот краток живот објавила 7 романи, 3 книги за деца, дузина кратки приказни и поеми и неколку биографии.rnrn15. Животот на Мери бил означен со трагедии. Само едно од нејзините 3 деца, Перси Флоренс Шели, доживеало возрасни години. Останатите починале во најрана возраст од маларија.rnrn16. Перси, исто како и неговата прва сопруга, се удавил. Тој бил кремиран, но неговото срце одбило да гори, па Шели го зачувала заедно со неколкуте работи од нејзините починати деца. По нејзината смрт, кога нејзиниот син ја чистел нејзината работна маса, тој пронашол остатоци од срцето на Перси завиткано во една од неговите поеми, како и коса од нејзините мртви деца.rnrnПрочитајте ги и овие 6 изненадувачки факти за Микеланџело.

  • 5 модни додатоци во кои се исплати да вложите оваа пролет

    5 модни додатоци во кои се исплати да вложите оваа пролет

    Секоја сезона носи нова листа со модни трендови кои едноставно не можат сите да ги следат од финансиски аспект. Но, во поголемиот дел од тие трендови воопшто не се ни исплати да се вложи затоа што мал дел остануваат на врвот подолго од една сезона. Токму затоа и ја составивме оваа листа од 5 модни додатоци во кои се исплати да вложите оваа пролет, бидејќи експертите веруваат дека тие уште долго ќе бидат на врвот.rn

    1. Свилена марама

    rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by Michèle Krüsi (@thefashionfraction) on

    rnrn

    rnrnrnВрзете ја околу вратот, на главата, за ременот од торбата, околу струкот… можностите се бескрајни, а во секој случај марамата целосно ќе го трансформира вашиот стил.rn

    2. Очила за сонце

    rnrn

    rnrnОчилата за сонце се класика, но ако сакате малку да ги „зачините“ нештата, одберете ги оние што се инспирирани од формата на мачките.rn

    3. Бисери

    rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by Sivan Ayla (@sivanayla) on

    rnrn

    rnrnrnСпоред модните експерти, бисерите никогаш нема да излезат од мода. Тие се лесни за комбинирање, секогаш во чекор со трендовите и изгледаат неверојатно на секоја жена.rn

    4. Округли златни обетки

    rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by Monikh Dale (@monikh) on

    rnrn

    rnrnrnНе мора да бидат од вистинско злато за да го постигнете посакуваниот ефект. Округлите обетки со причина не излегуваат од мода, и затоа вреди да се вложи во нив.rn

    5. Ремен со копчиња

    rnrn

    rnrnАко можете да си дозволите, одберете модел со лого на бренд. Но, истиот ефект ќе го постигнете и со друг вид впечатливи детали на него.rnrnПогледнете ги и овие 20 модни комбинации што ќе ги гледаме овој април.

  • Моден евергрин: Класична бела маичка

    Моден евергрин: Класична бела маичка

    Кое е вашето омилено основно парче облека, на кое би можеле да го изградите целиот изглед? Секако дека станува збор за класичната бела маичка! Овој класичен модел е основа на многу стилски изгледи, почнувајќи од спортски и кежуал комбинации, па сè до елегантни, женствени и комбинации за посебни прилики.rnrnrnrnТоа што ја прави белата маичка омилено модно парче, е можноста да се контролираат деталите и целиот стил околу неа. Токму едноставноста е тоа што ја прави оваа маичка со бесконечни можности за комбинирање. Таа секогаш ќе остане на врвот на модните листи, дури и покрај тоа што нејзиниот изглед се менува од сезона во сезона.rnrnrnrnОваа пролет, девојките ќе ја обожаваат преголемата бела маичка, која е идеална за лежерни комбинации и која може едноставно да се протне во тексас здолниште или во омилениот пар бојфренд џинс. Повторно, комбинации се бескрајни, па слободно продолжете да бидете креативни при градењето на стилот.rnrnrnrnПокрај џинсот, белата маичка е одличен избор и за широките панталони со должина под колена за секојдневни комбинации или со панталоните со висок струк, за малку поелегантна прилика. Од друга страна пак, бидејќи белата маичка се смета за минималистичко парче облека, таа одлично се комбинира и со лелеавите бохо парчиња.rnrnrnrnТокму оваа флексибилност и бескрајните можности за комбинирање ја прават класичната бела маичка моден евергрин.

  • 10 парчиња облека кои секогаш се во мода

    10 парчиња облека кои секогаш се во мода

    Коко Шанел рекла: „Модата исчезнува, само стилот останува ист.“ Оваа модна икона, чии креации се безвременски, не можела да биде повеќе во право. Модата навистина се менува секоја сезона, но класичниот стил секогаш го издржува тестот на времето. Погледнете кои парчиња облека спаѓаат овде.rn

    1. Сако

    rn(1)10-parchinja-obleka-koi-sekogash-se-vo-moda-kafepauza.mkrnrnКлучното нешто кога го одбирате ова парче облека без да изгледате мажествено, е да одберете сако кое не е преголемо и кое ја следи линијата на вашето тело. Ако е долго, можете да го носите како фустан и со минималистички накит, или пак да го комбинирате со тесни фармерки за софистициран, но сепак опуштен изглед.rn

    2. Животински принт

    rn(2)10-parchinja-obleka-koi-sekogash-se-vo-moda-kafepauza.mkrnrnЖивотнискиот принт останува класика, но само доколку е умерен. Секако, овде не станува збор за розов зебра принт или друга неприродна варијанта на овој изглед. Но природниот дезен на сѐ, од зебра до леопард, па дури и змија, има некоја привлечност. И покрај егзотичниот изглед, животинскиот принт одлично се комбинира со кафени, беж и црни нијанси.rn

    3. „Завиткан“ фустан

    rn(3)10-parchinja-obleka-koi-sekogash-se-vo-moda-kafepauza.mkrnrnПостојат големи шанси да имате еден (или три) вакви фустани во вашиот гардеробер. Откако бил претставен во 70-тите, до денес има безброј варијации на овој фустан од многу дизајнери и брендови. Инвестирањето во вакво парче облека вреди бидејќи навистина е безвремено.rn

    4. Џемпер од кашмир

    rn(4)10-parchinja-obleka-koi-sekogash-se-vo-moda-kafepauza.mkrnrnКашмирот е неверојатно мек и лесен правејќи го одличен материјал за студените денови. Бидејќи навистина е класика, добро е да инвестирате во квалитетен џемпер кој ќе ве служи многу години. Џемпери во неутрални бои, без копчиња или какви било додатоци, се најдобриот избор.rn

    5. Мал црн фустан

    rn(5)10-parchinja-obleka-koi-sekogash-se-vo-moda-kafepauza.mkrnrnМоќта на овој фустан не треба да се потцени. Можете да го носите од дневно излегување, до работното место, па дури и за вечерно излегување. Секогаш одбирајте фустан кој ја истакнува вашата фигура, а понекогаш може да одберете некој со неочекувани детали, како што се несиметричните јаки.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Безвремено парче облека: Бела блуза!

    Безвремено парче облека: Бела блуза!

    Исто како и секое црно парче облека, така и белата блуза може да биде вашата добитна карта кога ќе добиете изненаден повик за излегување, а немате доволно време за да изберете соодветен аутфит.rnrnСкоро секоја девојка има бела блуза во својот гардеробер и најдоброто нешто со неа е што можете да ја комбинирате на милион начини. Кога станува збор за цената и вредноста на белата блуза, таа е непроценлива. Иако можеби тоа е најевтиното парче што го имате, факт е дека можете да ја облечете во секоја прилика, а сепак секогаш да изгледате поразлично.rnrn1-bezvremeno-parche-obleka-bela-bluza-www.kafepauza.mk_rnrnОва есенцијално парче облека е вашиот најдобар сојузник за секојдневни, лежерни комбинации, но и во работни прилики, каде што можете да ја носите под сакото. Кога станува збор за вечерно излегување, тогаш пар добри обувки и малку накит во комбинација со бела блуза, претставува избор со кој нема да погрешите.rnrn2-bezvremeno-parche-obleka-bela-bluza-www.kafepauza.mk_rnrnИако, примарно е направена како дел од долната облека или како парче кое се комбинира со лежерна облека, во белата блуза можете да и изгледате дотерано доколку ја споите со шик аксесоари. Но пред сè, најважно е да проверете во каква состојба е вашата блуза. Иако се смета за безвремено парче и без разлика колку долго ја имате, оваа блуза треба да изгледа потполно ново, со чиста бела боја, без никакви жолти дамки и сивило од перењето. За да изгледа перфектно во секоја комбинација, неопходно е да се држите до основните правила за одржување на ткаенината. Ако вашата блуза го изгубила обликот и сега виси на вас, тогаш е време да ја замените со нова.rnrn3-bezvremeno-parche-obleka-bela-bluza-www.kafepauza.mk_rnrnКако што кажавме погоре, белата блуза можете да ја комбинирате со сè. Кога со фармерките и чевлите со висока потпетица ќе додадете масивен ѓердан, квалитетна чанта и тренди очила, не ви е потребно ништо повеќе освен една обична, сосема обична, бела блуза. Малку е повеќе, водете се со таа мисла и ретко кога ќе облечете погрешни модни комбинации.rnrn4-bezvremeno-parche-obleka-bela-bluza-www.kafepauza.mk_rnrnАко ја комбинирате белата блуза со панталони или здолништа со висок струк, тогаш сте го направиле вистинскиот избор. Сè што треба да направите е да ја вовлечете блузата во панталоните или здолништето. Ќе изгледате свежо и елегантно, како навистина да сте потрошиле време, а вам сè што ви било потребно биле неколку минути. Во комбинација со елек, белата блуза доаѓа до израз баш онолку колку што сакавте. Сега во тренд е мантил без ракави, а тој одлично се комбинира со база од памук во бела боја.rnrn5-bezvremeno-parche-obleka-bela-bluza-www.kafepauza.mk_rnrnДа изгледате софистицирано и шик во класична бела блуза е апсолутно возможно со вистинскиот избор на останатите дневни парчиња. Вообичаените бели и црни комбинации секогаш даваат впечаток на стил и среденост, па затоа не откажувајте се од комбинацијата која на прв поглед можеби ви изгледа досадно. Бело на бело, како и црно одело со бела блуза е класика која нè следи со години, но интересен модел на сако и панталони можат да ја освежат и таа стара, досадна комбинација.rnrn6-bezvremeno-parche-obleka-bela-bluza-www.kafepauza.mk_rnrnБелата блуза чувајте ја и пазете ја како богатство на вашиот гардеробер. Таа ќе биде вашиот добар сојузник во повеќе прилики и ќе бидете благодарни што ја имате.rnrn7-bezvremeno-parche-obleka-bela-bluza-www.kafepauza.mk_

  • Никогаш нема да погрешите: Црно-белата е секогаш добитна комбинација!

    Никогаш нема да погрешите: Црно-белата е секогаш добитна комбинација!

    Понекогаш контрастот е она што ја прави облеката впечатлива и шик. Кога се во прашање црната и белата гардероба, тука нема грешка, без разлика дали ќе се одлучите за облека во едната или во другата варијанта. Но што ќе се случи ако овие две бои, кои се потоплн контраст, се помешаат? Секако, се создаваат модерни комбинации кои зрачат со женственост и елегантност.rnrnЕдноставна формула за секогаш да изгледате гламурозно, елегантно и софистицирано… И што е многу важно, не ви е потребно многу време за комбинирање на боите, дезените и аксесоарите. Знаете и самите – што е поедноставно, толку е подобро. Во случај да ви е потребна потврда дека црно-белата облека е број 1 избор, погледнете ги најдобрите дневни комбинации од црвениот тепих и од уличниот стил, кои ќе ви го потврдат тоа. Класика, одмереност, софистицираност, елеганција, а пред сè – едноставност. Во тоа се крие тајната на незаменливите црно-бели дневни комбинации.rnrn1-nikogash-nema-da-pogreshite-crno-belata-e-sekogash-dobitna-kombinacija-www.kafepauza.mk_rnrnБела кошула, црни панталони и обувки во истата боја украсени со циркони, брош или некој впечатлив детаљ се одличен избор за работен стил и стил на една млада дама.rnrn2-nikogash-nema-da-pogreshite-crno-belata-e-sekogash-dobitna-kombinacija-kafepauza.mkrnrnБелиот фустан во комбинација со бел капут, црни чизми до колена и чанта гарантираат дамски изглед.rnrn3-nikogash-nema-da-pogreshite-crno-belata-e-sekogash-dobitna-kombinacija-kafepauza.mkrnrnРаботниот стил од вас бара класична облека. Секогаш ќе оставате добар впечаток ако се одлучите за црно-бела комбинација како на фотографијата подолу.rnrn4-nikogash-nema-da-pogreshite-crno-belata-e-sekogash-dobitna-kombinacija-kafepauza.mkrnrnДоаѓа зимата, па ако планирате да се подновите, капут и џемпер во црна боја, но и панталони се нештата што задолжително мора да ги имате. Црниот џемпер проткаен со принтови и детали во бела боја е совршен за модерен, младешки, но и кежул изглед.rnrn5-nikogash-nema-da-pogreshite-crno-belata-e-sekogash-dobitna-kombinacija-kafepauza.mkrnrnГламурозно и дамски. Просто совршено!rnrn6-nikogash-nema-da-pogreshite-crno-belata-e-sekogash-dobitna-kombinacija-kafepauza.mkrnrnЦрно-белите комбинации слободно може да ги носат и девојките кои обожаваат спортски изглед.rnrn7-nikogash-nema-da-pogreshite-crno-belata-e-sekogash-dobitna-kombinacija-kafepauza.mk

  • Елегантни танчари ги покажуваат своите движења во урбана срединa

    Елегантни танчари ги покажуваат своите движења во урбана срединa

    Ова е серија фотографии кои ги прикажуваат класичните танцови движења во една урбана средина, доловени преку објективот на фотографот Омар З. Роблс.rnrn1-Elegantni-tanchari-gi-pokazhuvaat-svoite-dvizhenja-vo-urbana-sredina-kafepauza.mkrnrnОмар З. Роблс ги фотографира танчарите на невообичаени места.rnrn2-Elegantni-tanchari-gi-pokazhuvaat-svoite-dvizhenja-vo-urbana-sredina-kafepauza.mkrnrnТој на неговиот сајт објаснува дека ужива во фотографирањето затоа што е раскажувачки медиум кој не бара зборови.rnrn3-Elegantni-tanchari-gi-pokazhuvaat-svoite-dvizhenja-vo-urbana-sredina-kafepauza.mkrn

    „Со фотографијата го правам моментот бесмртен на малку подолго.“

    rn4-Elegantni-tanchari-gi-pokazhuvaat-svoite-dvizhenja-vo-urbana-sredina-kafepauza.mkrnrnГледајќи ги грациозните пози на танчарите поставени крај урбаната позадина се добива некоја невообичаена совршеност.rn

    „Обожавам што може да се доловат и креираат сите прекрасни линии и движења само со човечкото тело.“

    rn5-Elegantni-tanchari-gi-pokazhuvaat-svoite-dvizhenja-vo-urbana-sredina-kafepauza.mk7-Elegantni-tanchari-gi-pokazhuvaat-svoite-dvizhenja-vo-urbana-sredina-kafepauza.mk8-Elegantni-tanchari-gi-pokazhuvaat-svoite-dvizhenja-vo-urbana-sredina-kafepauza.mk10-Elegantni-tanchari-gi-pokazhuvaat-svoite-dvizhenja-vo-urbana-sredina-kafepauza.mk11-Elegantni-tanchari-gi-pokazhuvaat-svoite-dvizhenja-vo-urbana-sredina-kafepauza.mk12-Elegantni-tanchari-gi-pokazhuvaat-svoite-dvizhenja-vo-urbana-sredina-kafepauza.mk13-Elegantni-tanchari-gi-pokazhuvaat-svoite-dvizhenja-vo-urbana-sredina-kafepauza.mkrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rnrn 

  • Неодолива есенска класика: кожна јакна

    Неодолива есенска класика: кожна јакна

    Кожната јакна е парче облека кое го обожаваат поголемиот дел од жените и мажите, особено во овој преоден период од годината, кога времето заладува. На пазарот се наоѓаат секакви модели, што е одлично бидејќи можете лесно да го најдете моделот што најмногу ќе ви се допадне.Неодолива есенска класика: кожна јакнаКожната јакна лесно се комбинира со секаква облека и нема да имате проблем дури и доколку ја носите со фустан. За да не изгледате премногу класично, можете да одберете и некој повпечатлив ѓердан и чанта со некоја хит боја за оваа сезона.Неодолива есенска класика: кожна јакна Неодолива есенска класика: кожна јакна Неодолива есенска класика: кожна јакна Неодолива есенска класика: кожна јакна Неодолива есенска класика: кожна јакна Неодолива есенска класика: кожна јакна Неодолива есенска класика: кожна јакна Неодолива есенска класика: кожна јакна Неодолива есенска класика: кожна јакна Неодолива есенска класика: кожна јакна Неодолива есенска класика: кожна јакна Неодолива есенска класика: кожна јакна Неодолива есенска класика: кожна јакна Неодолива есенска класика: кожна јакна Неодолива есенска класика: кожна јакна Неодолива есенска класика: кожна јакна Неодолива есенска класика: кожна јакна Неодолива есенска класика: кожна јакна Неодолива есенска класика: кожна јакна
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 6 рок класики настанати од шега

    6 рок класики настанати од шега

    Иако ние веруваме дека најголемите музички хитови се направени со многу љубов и внимание, сепак тоа не е секогаш така. Понекогаш генијалноста на големите музичари испливува на површина сосема случајно. Токму следните шест класични рок хитови се настанати на таков начин – од шега.6 рок класики настанати од шегаrn

    Loser – Beck

    rnХитот кој го вивна Бек меѓу рок легендите е создаден во кујната на продуцентот Карл Стивенсон. Бек почнал да рапува, Карл снимал, а кога ја пуштил снимката за да ја преслушаат, Бек се изнасмеал затоа што звучело многу лошо и саркастично запеал: „I’m a loser, baby, so why don’t you kill me“. Сепак, Карл не го делел неговото мислење и го убедил да ја снимат песната со новиот стих. Откако таа биле пуштена на едно калифорниско радио, станала голем хит, а продуцентските куќи започнале војна за да потпишат договор со него.rn

    rn
    rn

    Sweet Child O’Mine – Guns ‘n Roses

    rnЕден од најпознатите гитарски рифови на сите времиња за малку немало ниту да дојде до ушите на публиката. Кога Слеш се обидел да отсвири нешто што наликувало на циркуска мелодија правејќи му смешни фаци на тапанарот Стивен Адлер, Аксл Роуз бил убеден дека го имаат новиот хит. Слеш не сакал од неговата шега да прават песна, но по кратко убедување прифатил да ја стават на албумот за да го пополни просторот. Останатото е историја.rn

    rn
    rn

    Stuck in the Middle with You – Stealers Wheel

    rnНасловот можеби не ви е многу познат, ама мелодијата сигурно сте ја слушнале. Многумина мислат дека овој хит е дело на Боб Дилан, но тој всушност е направен за да го исмее токму него. На Stealers Wheel не им се допаѓало тоа што во своите текстови Боб Дилан ги генерализира разните групи луѓе нарекувајќи ги кловнови и џокери, па направиле текст кој е пародија на сè што тој отпеал дотогаш. Тешко е да се утврди дали успехот на песната се должи на имитирањето на Боб Дилан, но достигнувањето на шестото место на Билборд листата во 1973 не е мала работа.rn

    rn
    rn

    Cum On Feel the Noize – Quiet Riot

    rnОваа песна успеала да стигне до петтото место на Билборд топ 100 листата, што е одличен успех со оглед на тоа што членовите на бендот не сакале таа воопшто да излезе во јавност. Кога нивниот продуцент им рекол да направат кавер верзија на постара песна, ним тоа не им се допаднало, па кога влегле во студиото се погрижиле да звучи ужасно. Тапанарот не обрнувал внимание на гитарите, а вокалистот буквално вриштел. Сепак, публиката поинаку реагилрала на оваа шега и добиле голем хит.rn

    rn
    rn

    (You Gotta) Fight for Your Right (to Party) – Beastie Boys

    rnБисти Бојс се уште еден бенд кој се обидел да исмее некого, но завршил со рок класика. Мразејќи ја рок сцената од осумдесеттите, напишале „бесмислен забавен текст“ наречен „Мора да се бориш за правото на забава“, на кој додале по некој едноставен риф и тапани. Изненадени од големиот успех на нивната шега, направиле видео кое требало да биде подеднакво смешно. Сепак, кога сфатиле дека публиката која ја слуша музиката која ја исмеваат е виновна за големиот успех, престанале да го изведуваат овој хит во живо.rn

    rn
    rn

    Smells like Teen Spirit – Nirvana

    rnSmells like Teen Spirit на Nirvana ја смени мејнстрим музиката во деведесеттите преку ноќ и денес важи за најдобрата рок класика од оваа декада. А сепак, не настанала преку сериозна и макотрпна работа. На ѕидот од собата на Курт Кобејн еден негов пријател со спреј напишал „Курт мириса на Teen Spirit“, односно на дезодорансот на неговата девојка. На славниот рокер ова му звучело некако револуционерно, па се обидел да ја исмее оваа мисла. Напишал текст, а потоа и саркастична музика која имала за цел да ја исмее „More Than a Feeling“ на Boston. Идниот светски хит бил експресно одбиен од членовите на бендот. Курт сепак ги натерал да ја свират одново и одново околу час и половина, по што попуштиле.rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Флинтстонови повторно на малите екрани

    Флинтстонови повторно на малите екрани

    Генијалецот кој гордо стои зад создавањето на серијата „Family Guy“, Сет Мекфарлен, конечно успеа да си го оствари долгогодишниот сон. Во соработка со телевизиската куќа „Fox“, тој на малите екрани ќе ја врати анимираната класика „Флинтстонови“.Флинтстонови повторно на малите екрани.

    rnrn

    „Едно од првите нешта кои ги имав нацртано на возраст од 2 години, беше портрет од Фред Флинтстон“

    rnСо оваа реченица тој ја започна својата презентација во преполната сала со заинтересирани спонзори вчера, на официјалното претставување на проектот во Њујорк. Шоуто ќе започне да се прикажува есента 2013 година, а според неговите зборови, тоа ќе добие посовремена рамка, но ќе зачува добар дел од старите работи, за да остане препознатливо за старите обожаватели.rn.rn

    „Ликовите ќе останат сосема исти и единственото нешто што ќе се промени ќе бидат приказните“

    rn

    Флинтстонови повторно на малите екраниКако за потсетување, анимираната серија „Флинтстонови“ премиерно се прикажуваше на американската телевизија „ABC“ во периодот од 30 септември 1960 година до 1 април 1966 во продукција на „Hanna-Barbera Productions“. Според статистиките, првите три од шестте сезони, своевремено биле помеѓу 30-те најгледани емисии во САД.