КАФЕ ПАУЗА

Tag: келнер

  • 5 нешта кои неверојатно многу ги нервираат келнерите во кафулињата

    5 нешта кои неверојатно многу ги нервираат келнерите во кафулињата

    Кафулињата се најдобрите места за дружба. Тие исполнуваат големи потреби – без разлика дали станува збор за зависноста од кофеин или за нешто што ќе ни ја заблажи душата, кафулињата се секогаш тука да ни помогнат да го преживееме денот. Тие се спремни да ни го дадат она што ни треба, но некои нешта што ги правиме едноставно ги нервираат вработените. Погледнете кои се тие.rnrn0-5-neshta-koi-neverojatno-mnogu-gi-nerviraat-kelnerite-vo-kafulinjata-kafepauza.mkrn

    1. Не си ја знаете нарачката

    rnВеројатно имате доволно време за да размислите што сакате додека чекате во редот. Кога редот продолжува и вон вратата, а вие ги прашувате вашите пријатели што сакаат, наместо да му кажете на келнерот, тогаш тој не може да ви помогне. Голем дел од луѓето во редот зад вас нема да се баш среќни поради ова. Келнерите секогаш се желни да им помогнат на купувачите, но вие треба да им кажете што е тоа што го сакате.rn

    2. Ги потсетувате за нарачката додека ја прават

    rnКако што кажавме претходно, се случува да има огромни редици, а поради тоа вашата нарачка доцни. Постојат барем 10 пијачки кои треба да се направат пред вашата нарачка воопшто да биде видена. Тие знаат дека нарачката е направена и се трудат да ви ја донесат што е можно побрзо. Трпение – спасение.rnrnПа дури и ако ја заборават вашата нарачка, тогаш тие ќе се обидат да ви надоместат на секаков начин – вклучувајќи го и тоа да ви го направат пијалакот побрзо. Ако има нешто што не е во ред со вашиот пијалак или едноставно не ви се допаѓа, тие ќе ви направат нов. Но, сепак чекањето на касата кога има огромен ред не му е на никого забавно.rn

    3. Наместо да им кажете што сакате вие гестикулирате

    rn1-5-neshta-koi-neverojatno-mnogu-gi-nerviraat-kelnerite-vo-kafulinjata-kafepauza.mkrnrnАко не знаете како се вика големината што ја сакате, тоа е нормално и во ред. Мало, медиум или големо е доволно објаснување. Може да покажете на чаша, дури и на погрешна, тоа воопшто не е важно. Тие сакаат да ви помогнат. Ако се обидувате да ја измерите должината со вашите раце тогаш сигурно ќе погрешите. Плус, изгледа навистина лошо. Ниеден келнер нема да знае што сакате ако му гестикулирате.rn

    4. Ги злоупотребувате привилегиите кои ви се дадени

    rnЗапомнете дека келнерите се трудат да ви удоволат на кој било начин. Ако се премислите баш кога ќе ви ја донесат пијачката и тогаш сакате да ја промените, тоа не ви е баш најдоброто нешто што може да му го направите на келнерот. Секако дека тој ќе ја смени, но имајте на ум дека во моментот се прават уште 10 пијалаци.rn

    5. Тие се љубезни кон вас, но не и вие кон нив

    rnТоа им смета на голем број луѓе. Ви текнува на чувството кога искрено ќе му пристапите на некој, а таа личност комплетно ве игнорира? Тоа чувство воопшто не е добро. Келнерите ве услужуваат и ви го даваат она што го сакате. Не е тешко да се биде љубезен, зар не?rnrnКога ќе ве замолат да бидете појасни околу нарачката, не им се лутете – тие само сакаат да се осигурат дека точно запишале. Тоа не значи да им зборувате бавно – тие ве разбираат што им кажувате. Едно од најголемите нешта што ги нервира келнерите е кога тие ќе ви речат „добар ден“ а вие директно нарачувате без да им возвратите на поздравот.

  • Исповеди на келнерите: Зошто понекогаш „не“ нè слушаат кога ги викаме?

    Исповеди на келнерите: Зошто понекогаш „не“ нè слушаат кога ги викаме?

    Келнерите на социјалната алатка Whisper ни ги откриваат своите мрачни тајни. Се чудите зошто имате малку компирчиња во порцијата? Зошто салатата испадна малку „солена“ на сметката? Што зборува персоналот кога ќе влезе во кујната? Еве ги одговорите…rnrnispovedi-na-kelnerite-zoshto-ponekogash-ne-ne-slushaat-koga-gi-vikame-kafepauza.mkrnrnЈас сум келнерка и ако не ми се допаѓаат луѓето на мојата маса се преправам дека не ги слушам кога ме викаат.rnrnЈас работам во ресторан и кога некој ќе ја врати храната зашто била „премногу изладена“ ние не правиме нова, само ја пикаме во микробрановата.rnrnЈас сум келнер и секогаш посакувам девојките да ми го оставаат нивниот телефонски број наместо бакшиш.rnrnЈас сум послужувач и да, зборуваме за вас кога ќе влеземе во кујната. Ако мислите дека ве мразиме, да, така е.rnrnЈас сум послужувач и кога ќе ми побараат диетален дресинг, секогаш им носам обичен. Ако навистина сте на диета, не би нарачувале дресинг воопшто.rnrnИмам обичај да ги јадам остатоците од храна што ги оставаат муштериите во ресторанот во кој работам.rnrnСакам да сум поднапиена кога сум на работа. Јас сум келнерка и ова го правам за да изгледам посреќно и поуслужливо.rnrnЈас сум келнерка во бар и кога ќе забележам дека муштериите се премногу пијани, „заборавам“ да им го вратам кусурот.rnrnЈас сум универзитетски професор кој навечер работи како послужувач со цел да ги вратам студентските кредити. Кога ми доаѓаат студенти, се кријам.rnrnСлужам во ресторан и понекогаш кога муштериите ќе ме прашаат за некоја салата им кажувам дека чини повеќе за да не морам да им ја направам.rnrnЈас сум келнер и јадам по некое компирче од секој помфрит што го послужувам.

  • Охридска приказна за професионалност

    Охридска приказна за професионалност

    Автор: Петар Лазаровrnrn(Посветено на Славчо – пример за професионалност)rnrnВо Охрид дефинитивно треба да се поработи на нивото на услугата и квалитетот на понудата со цел да се подобри односот и да се промени мислењето на туристите. Тоа е факт (најголем дел од негативните примери и комични коментари за услугата се реалност) и мора да се земе со најголема сериозност, ако сакаме да градиме сериозни туристички капацитети во едно од најубавите места во Македонија.rnrnНо, овој пат сакам да истакнам една моја позитивна ситуација и искуство кое ми се случи викендов во Охрид и кое многу пријатно ме изненади. Со ова, се надевам ќе дадам поддршка на Охрид и ќе влијаам позитивно и стимулативно на другите професионално да си ги извршуваат работите.rnrn1-ohridska-prikazna-za-profesionalnost-kafepauza.mkrnrnБевме на детски роденден кај едни пријатели, каде што беше ангажирано едно младо момче кое требаше да помогне околу сервирањето на пијалаците, храната и водење сметка за гостите да бидат секогаш задоволни и среќни. Уште од самиот почеток се виде неговата голема сериозност и посветеност во работата. Најинтересно е тоа што момчето немаше некое формално образование, туку беше самоук, работејќи по охридските ресторани и кафулиња. Еве неколку аспекти и детали кои јас ги забележав, а од кои може да се сфати што претставува професионалност во работата:rn

      rn011

    • Изглед, став и држење – Со себе носеше чиста и нова облека за да се пресоблече. Стоеше настрана, исправено и со целосна контрола над работите. Беше ненападен, молчелив а сеприсутен.
    • rn011

    • Следење на ситуацијата – Не ми требаа повеќе од 3-4 секунди, или едно подигнување на раката, за да ми го фати погледот и веднаш да реагира со „Повелете, што ви треба?“ (Се случувало и бранови со рацете да правам во некои кафеани за да ме забележи келнерот.)
    • rn011

    • Секогаш чекор пред нас  Во една ситуација на нашата маса ни фалеше сол. Додека ние ја баравме на масата, момчето веќе дојде со соларникот (иако стоеше на неколку метри од нас). За воодушевување е кога некој скока чекори и ги решава експедитивно работите.
    • rn011

    • Снаодливост и брзина – Роденденот беше на 3 локации во дворот. Тој стигаше да ги покрие сите локации и сите гости да бидат задоволни. И на крајот тој постојано беше насмеан и позитивен.
    • rn011

    • Издржливост и професионалност – Интересно е дека дечкото беше пушач, но јас тоа го забележав на крајот (после 5 часа работа), кога запали цигара на одење накај дома. Браво!
    • rn011

    • Знаење – Кога ќе требаше да му наполни пијалак на некој од гостите, секогаш држеше растојание, се местеше од страната каде нема гужва и телото му беше во позиција да не смета никому. Ова или некој треба да те научи или многу добро ги следел другите професионални келнери.
    • rn

    rnСигурно имало уште многу примери за неговото професионално однесување кои јас не сум ги фатил, но и овие што јас ги забележав ме воодушевија.rnrnНемојте да мислите дека тоа е „келнер“ и не значи дека ако ги извршувал така прецизно и педантно работите во тој сегмент, ако го ставиме на друго место нема да се снајде или да го сработи тоа со истата посветеност и професионалност. Јас на работа знам да им кажам на колегите од тимот дека само со миење на садовите и средување на работите околу кујната, може да се запознаат и согледаат сите нивни позитивни и негативни квалитети во работата, и да се предвиди како тие би изреагирале во други, многу посериозни ситуации.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]

  • Работи кои не смееме да ги занемаруваме на првиот состанок

    Работи кои не смееме да ги занемаруваме на првиот состанок

    Драги дами, додека да го најдете човекот кој ќе го закити вашиот прст барајќи да го поминете остатокот од животот со него, ќе излезете на многу состаноци и ќе запознаете најразлични личности.rnrnНие девојките имаме развиено чувство за мечтаење за иднината и многу почесто тежнееме кон нешто сериозно. Се спремате за прв состанок со момче кое ви изгледа како ваш потенцијален партнер. Додека ви симнува ѕвезди и вие летате во облаци, лесно може да занемарите многу важни нешта во неговото однесување.rnrnОва се неколку работи на кои секогаш треба да обрнете внимание на првиот состанок:rnrnРаботи кои не смееме да ги занемаруваме на првиот состанокrn

    Бакшиш

    rnТоа е непишано правило, девојката никогаш не ја плаќа сметката на првиот состанок. Сакате бунете се дека од една страна урламе за рамноправност а од друга страна вие плаќате сметка, не е битно. Тоа секој го знае бидејќи е еден вид џентлменски гест. Таа може да понуди да плати макар половина, должност на дечкото е да го одбие тоа барање. Е сега, стигнавме до темата бакшиш.rnrnКај нас нема некое правило колку проценти од сметката се остава бакшиш, но е одраз на култура и домашно воспитување. Дечкото/девојката кој/а ве послужи беше супер, но оној со кого сте излезени упорно го чека кусурот од 10 денари? Ако е толку скржав на првиот состанок, каков ќе биде во иднина?rnrnИ всушност не е толку до парите колку што е до самиот гест. Тоа покажува колку тој умее да цени труд, добра услуга, нечие внимание и сл.rnrnСекако, од друга страна не ни смее да мавта со парите и да се однесува како да е единствениот што некогаш оставил бакшиш некому, ниту пак да се однесува со понижување. Таквите манири не смеете да ги оставите незабележани. Ако е арогантен со келнерот кој му носи вино, како ќе се однесува кога вие еден ден ќе му зготвите вечера?rn

    Насилни гестови

    rnСамо што влеговте во ресторанот а тој се спречка со некој кој му го попречил патот? Дали тропа по масата, прегласно зборува и демонстрира вистинска драма бидејќи келнерот му ја згрешил нарачката? Внимавајте девојки, вие сте на состанок со насилен и арогантен тип на кого нема да му е проблем така да се однесува и со вас.rnrnРаботи кои не смееме да ги занемаруваме на првиот состанокrn

    Џентлменски потези

    rnНекој рекол дека ако дечкото ѝ ја отвора вратата од колата на девојката, тогаш или му е нова девојката или му е нова колата. Шала на страна, никој не бара од нив постојано да се однесуваат како потрчковци. Ама ви се молам, отворање врата од кола барем на првиот состанок ако ништо друго! Прв си го намести столчето и си седна, прв си ја кажа својата нарачка, хм, можеби воопшто не се труди да ве импресионира. А ако не вложува труд, зошто би вложувале вие?rn

    Неговиот поглед

    rnДа не се лажеме. Вие сте дотерани и убави и нормално е да ве посакува. Манијачките погледи се веќе нешто друго. Додека вие му зборувате за некоја добра книга тој гледа во вашето деколте?rnrnПа баш добра работа направила мајка му со неговото воспитување. Ако ве гледа само како сексуален објект, се знае колку знае да ги цени и почитува жените. Да, имате право да станете од масата и да си заминете.rn

    Културата на однесување

    rnО не, тој само што ја фрли празната кутија од цигари на патот? Или мастиката ја остави залепена на чаршафот во ресторанот? Или можеби подждригна гласно и си ја избриша устата со ракавот? Чекајте, сигурни сте дека не сте на состанок со 5-годишник?rnrnРаботи кои не смееме да ги занемаруваме на првиот состанокrn

    Без контрола во пиењето

    rnУште не завршил со вечерата а тој е веќе статива? Дали претера со пиењето? Најверојатно си имате работа со хроничен алкохоличар. Ако воопшто не се воздржува на првиот состанок, што ќе биде следно?rn

    Не го пушта телефонот од рака

    rnЧовекот може да биде зафатен, но ако не успева да се ослободи од обврските додека е на романтичен состанок, тогаш може слободно да очекувате да ви се придружат неговите деловни партнери кога ќе славите годишнина. А може пак само да се преправа дека е зафатен со цел да ве импресионира. Да не знаеш што е полошо.

  • Како да дадете одредени сигнали со приборот за јадење кога јадете во ресторан?

    Како да дадете одредени сигнали со приборот за јадење кога јадете во ресторан?

    Многумина од нас не израснале по ресторани и свечени прослави каде би можеле добро да го совладаме ресторанскиот бонтон од мали нозе.rnrnКако да дадете одредени сигнали со приборот за јадење кога јадете во ресторан?rnrnАко секогаш се прашувате каде треба да ги ставите виљушката и ножот кога ќе завршите со јадење за да знае оној кој ве служи дека не планирате да јадете повеќе, еве го краткиот и едноставен водич, кој може да ве поштеди од непријатни ситуации. Па, наместо силно да се фатите за чинијата кога келнерот ќе посегне по неа, културно сигнализирајте му дека само паузирате до следниот залак.rnrnКако да дадете одредени сигнали со приборот за јадење кога јадете во ресторан? Како да дадете одредени сигнали со приборот за јадење кога јадете во ресторан? Како да дадете одредени сигнали со приборот за јадење кога јадете во ресторан? Како да дадете одредени сигнали со приборот за јадење кога јадете во ресторан? Како да дадете одредени сигнали со приборот за јадење кога јадете во ресторан?rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Во големи наводници

    Во големи наводници

    Што ќе ни се нам промени? Совршени сме си онакви какви што сме сега. Зошто да „бркаме“ некакви европски стандарди или да се трудиме да бидеме културни? Супер сме си вака. Одлично се раководиме според веќе постоечкиот бонтон.Во големи наводници1. Кога во автобус ќе влезе стара жена која одвај стои на нозе, држи го цврсто своето седиште. Во случај да седиш на почетокот од автобусот, а единствено слободно место е тоа на крајот, учтиво покажи ѝ го патот кон слободното седиште.rnrn2. Кога седнуваш да пиеш кафе од 50 денари, однесувај се кон келнерот како ти да си Бог, а тој твој поданик.rnrn3. Кога ѝ се додворуваш на девојка во ноќен клуб, задолжително пријди ѝ држејќи го своето пиво, па прашај ја дали сака да се „мувате“… Глуми дека си пијан во случај да добиеш корпа. Што си е сигурно, сигурно е.rnrn4. Кога влегуваш во бутик, а продавачката ти вели „Повелете, како можам да ви помогнам?“, игнорирај ја, таа само го вели тоа од досада.rnrn5. Немој да си прифатил/а работа како шанкер/ка, келнер/ка, продавач/ка итн. Зашто ти си роден/а за директорска фотелја, и тоа директно од средношколски клупи.rnrn6. Пред другарите покажи ѝ на твојата девојка кој е „главен“.rnrn7. Ако некој од твоите другари се однесува добро кон својата девојка или жена, дај му до знаење дека е папучар.rnrn8. Задолжително заборави на „Добар ден“, „Благодарам“, „Извини“… Зошто би им го кажувал тоа на луѓе кои не ги познаваш?rnrn9. На социјалните мрежи, за да бидеш во тек со настаните, објавувај нови странски песни. Впрочем, кој ќе знае дека во моментот ти всушност ја слушаш Цеца?rnrn10. Раздери ѝ се на мајка ти, особено ако сте во друштво на повеќе луѓе. Ти дала живот, па што?rnrn11. Немој до толку да „забегаш“, па да ти текне да излезеш на прошетка со дедо ти.rnrn12. Своите фрустрации исфрли им ги на јавните службеници. Дери им се, тоа е музика за нивните уши.rnrn13. Кога ќе здогледаш слатко бебенце, задолжително исштипи му ги образите, избаци го и до крај измалтретирај го. Сигурно ужива во тоа.rnrn14. Фамилијарно, секоја вечер од 18:00 до 22:00 „испери си го мозокот“ со микс од турски и индиски серии.rnrn15. Имаш побитни работи во животот отколку да ги памтиш родендените на своите родители.rnrn16. Семафорите се поставени за раскрсниците да бидат позабавни. Зошто би ги почитувале?rnrn17. Не излегувај во кафуле кое не е популарно. Сепак, излегуваш за да бидеш виден/а, а не за убав помин.rnrn18. Кога ќе добиеш „корпа“ од некого, извади што е можно полоши муабети за таа личност.rnrn19. Кога ќе заминеш во странство не заборавај од каде доаѓаш. Секоја есен прави си ајвар, а за во училиште на децата спакувај им сарми. Кога ќе дојдеш на посета во својата земја, на сите дај им до знаење колку си „јак“.rnrn20. Ако си машко: на Фејсбук задолжително стави слика од брзинометарот во твојот автомобил… се разбира, кога си возел 300 на час. Секако, секогаш е добредојдена слика од теретана.rnrn21. Ако си женско: кога се сликаш за ФБ биди соодветно подготвена, напрчи усни, раце на половина, задницата во „преден“ план… Што ти е грижа, па и Ким Кардашијан сака да биде како тебе.rnrn22. Не почитувај ги блиските, почитувај ги моќните.rnrn23. Туширање строго во недела, па затоа цел ден имаме евтина струја.rnrn24. Јадење лук или кромид (по твој избор) или подготовка на риба, е задолжително пред употреба на јавниот превоз.rnrn25. Кога комшијата ќе те изнервира обрати му се со зборовите „Џукело една!“ На кого му требаат соседи, ако ти гори куќата, сам ќе си ја изгаснеш.rnrn26. Ако на келнерот му дадеш бакшиш, потсетувај го на тоа при секоја прилика.rnrn27. Вистина е дека девојките уживаат да бидат малтретирани. Што дека еднаш ти рекла „Не“, може ќе се премисли откако ќе ја прашаш по 30-ти пат.rnrn28. Озборувај ги луѓето. Тие живеат за да ти го направат животот интересен.rnrn29. Запиши се на факултет во некој развиен град, но, сепак не заборавај дека твојата примарна цел е да си најдеш сопруг.rnrn30. Нишани далеку од корпите за отпадоци. Па отпадоците сами си се разложуваат. На една мастиката, по груба пресметка, би ѝ биле потребни само над 100 години.rnrn31. Имај свадба која сите ќе ја запаметат. Задолжителни гости: другари на дедо ти, тетки кои тогаш за првпат ќе ги запознаеш, петти братучеди, сосетката на првата братучетка на твојата баба, и по некој пијан чичко за свадбата да има балкански „шмек“.rnrn32. Ако купиш оригинал тренерки добро „изрекламирај ги“. Епа не може секој да ги има.rnrn33. Кога некој се чувствува лошо, разубави му го денот кажувајќи му колку добро ти тргнало во животот.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Романтичен ручек помеѓу листовите од дрвјата

    Романтичен ручек помеѓу листовите од дрвјата

    Како ви звучи идејата да ручате високо во крошната на некое дрво? Оваа интересна идеја може многу брзо да стане вистински хит за организирање романтични ручеци и вечери, а ваква услуга во вакви услови, сега може да ви овозможи само летувалиштето „Six Senses’ Soneva Kiri“ кое се наоѓа на тајландскиот остров Кокс Куд.Романтичен ручек помеѓу листовите од дрвјатаОдморалиштето со 6 ѕвезди, нуди триесетина фантастични вили, но ресторанот сместен 5 метри над земјата помеѓу листовите од бујните дрва со романтичен поглед кон прекрасните песочни плажи, дефинитивно ќе биде голем хит во светот. Додека вие седите и уживате во погледот, вашата храна „долетува“, а нејзе ја носи келнер прикачен на метална сајла.Романтичен ручек помеѓу листовите од дрвјатаРомантичен ручек помеѓу листовите од дрвјатаРомантичен ручек помеѓу листовите од дрвјатаРомантичен ручек помеѓу листовите од дрвјатаРомантичен ручек помеѓу листовите од дрвјатаrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 2 шворц девојки (2 Broke Girls)

    2 шворц девојки (2 Broke Girls)

    ТВ серија за животот во беда, кој и не е така лош кога ќе се погледне од комичната странаrnrn2 шворц девојки (2 Broke Girls)Главни улоги: Кет Денингс, Бет Берс, Герет Морис rnrnЖанр: комедијаrnrnПремиера: 19 септември 2011rnrnЈазик: англискиrnrnВреметраење: 22 минутиrnrnБрој на сезони: 1rnrnНаша оценка: 7rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn————————————————————————————————————————————————–rnСекој од нас се раѓа во различна средина, е воспитуван на различен начин и му се овозможени различни услови. Тоа нè прави она што сме кога веќе сме доволно зрели за да донесуваме сопствени одлуки за тоа како ќе го живееме животот. rnrnШворц или не, средства се неопходни барем за да се овозможи минимална егзистенција. Но, што се случува кога две девојки со различен социјален статус ќе се најдат „во иста каша“? Сепак, и покрај сите маки да се заработи за да се преживее, изгледа како да има нешто симпатично во нивните животи. Веројатно тоа е поради спојот на два сосема различни карактери од кои секој го вади подоброто од другиот.rn————————————————————————————————————————————————–rn

    rn

    Приказна: Макс е келнерка во локално кафуле, која одамна самата се грижи за себе за да си овозможи егзистенција во животот. Таа е самоуверена, крута, полна со иронија, но истовремено и слатка. Овде доаѓа да работи блондинката Керолајн, која цел живот јадела по скапи ресторани, носела брендирана облека и се школувала во елитни образовни институции. Патот ја носи овде бидејќи нејзиниот татко, кој бил изворот на сите овие благодети во нејзиниот живот, е фатен за проневера. Тој завршува во затвор, губат сè, па Керолајн мора да почне да учи сама да се снаоѓа во животот. Така таа почнува заеднички живот со Макс, која ја прифаќа под својот покрив.2 шворц девојки (2 Broke Girls)2 шворц девојки (2 Broke Girls)2 шворц девојки (2 Broke Girls)Иако сиромавите знаат да бидат зајадливи, а богаташките празноглави, во серијата е дозирана примената на стереотипи и можеме да видиме како едните можат да учат од другите. Целта на двете девојки е да заработат доволно пари за еден ден да отворат сопствена слаткарница каде ќе ги продаваат неодоливите колачи на Макс, кои сега ги продаваат во кафулето.2 шворц девојки (2 Broke Girls)Хумор: Хуморот е освежувачки, карактеристичен, на моменти нападен и чест. Различен од оној на кој сме навикнале од другите серии. Може да ви се допаѓа или не, но најверојатно, во најмала рака би ви бил прифатлив. Уште во пилот епизодата ќе се изнасмеете квалитетно неколку пати, а од десетте епизоди колку што се емитувани досега, ќе научите добри финти за „залепување“ луѓе во фаца.2 шворц девојки (2 Broke Girls)Кога и како да ја гледате: Па и не постои правилно време за гледање кратка комедија. Добредојдена е секогаш, а најубаво доаѓа после завршување со работните обврски или пред легнување. Не мора да чекате да ви се соберат повеќе епизоди. Секоја е спакувана толку долго и со толку хумор за да ви биде сосема доволно.2 шворц девојки (2 Broke Girls)

    rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Колку се остава бакшиш во земјите ширум светот?

    Колку се остава бакшиш во земјите ширум светот?

    Во македонските кафулиња, ресторани и дискотеки, бакшишот не е вклучен во фискалната сметка. На таксист или на собар во хотел пак, некој да му остави бакшиш, е стварно ретка појава. Вработените во услужните дејности се оставени на милост или немилост од страна на муштериите, молејќи се во себе „дај Боже денес да добијам поголем бакшиш, за да ми падне в џеб некој денар плус“. Ова е жалосен податок со оглед на тоа што кај нас оваа работа ја работат навистина огромен број млади, а и повозрасни луѓе.rnrnВо многу земји ширум светот (освен некои од азиските), бакшишот морате да го дадете бидејќи е вкалкулиран во самата сметка, а некаде се остава и додатно доколку сте многу задоволни од услугата. Да се надеваме дека навиките во културата еден ден ќе се променат и кај нас.rnrnКолку се остава бакшиш во земјите ширум светот?rnrnВо меѓувреме келнери: ставете широка насмевка на вашите лица додека послужувате, а вие муштериите, не бидете толку скржави, 20-30 денари нема да ве осиромашат, а на вработениот ќе му го направите работниот ден прекрасен! Погледнете каква култура постои во земјите ширум светот, во врска со оваа работа.rn

    Велика Британија

    rnВо повеќето делови од земјата услугата е вклучена во сметката, а доколку не е, тогаш се очекува дека гостите сами ќе се сетат дека е културно да остават. Доколку на сметката пишува дека бакшишот е опционален, тогаш од вас ќе зависи дали сакате да оставите бакшиш или не. Давањето бакшиш во пабовите, не е вообичаена пракса. Бакшишот изнесува 10-15% од вкупната цена.rn

    Швајцарија

    rnИако на повеќето услужни места во цената е вклучен 15% бакшиш, оставањето додатен помал бакшиш, е исто така пракса во помодерните ресторани. Сè зависи од тоа колку сте задоволни од услугата на келнерот. Доколку се прашувате како треба да постапите, подобро оставете плус пари или прашајте некој мештанин за совет.rn

    САД

    rnВо Соединетите Американски Држави давањето бакшиш на луѓето кои работат во услужните дејности, е најнормална појава. Сите угостители, такси возачи, фризери и хотелиери, очекуваат да им оставите бакшиш за добро завршената работа. Тој се движи 15-20% од вкупната сума на сметката.rnrnКолку се остава бакшиш во земјите ширум светот?rn

    Канада

    rnИсто како што е во САД, така и во Канада, бакшишот не е вклучен, но се подразбира освен доколку не си задоволен од услугата. Според тоа, бакшиш се очекува да оставите кога ќе излезете да јадете надвор или кога некој вработен во услужна дејност ќе ви заврши некаква работа. Тој изнесува 15-20%.rn

    Франција

    rnФранцузите кога јадат оброк во некој локал, најчесто оставаат 10% бакшиш од вкупниот износ на сметката. Ова е додатен бакшиш од оној стандардниот, кој го добивате вкалкулиран во самата сметка. Од друга страна, угостителите не го очекуваат тој додатен бакшиш, освен доколку муштеријата не реши сам да остави, бидејќи бил презадоволен од услугата која ја добил.rn

    Мексико

    rnВо оваа земја, вработените во услужните дејности преферираат да им оставите бакшиш во кеш (а не со кредитна картичка), а не им е проблем и доколку ги почестите со долари. Бакшишот се движи 10-15%.rn

    Бразил

    rnВо рестораните, бакшиш од 10% е најчесто вкалкулиран во самата сметка. Исто така, најчесто не очекуваат од вас да оставите додатно бакшиш по ваша желба.rn

    Аргентина

    rnВо рестораните каде што бакшишот не е вклучен во сметката, ако оставите околу 10% од вкупната сума, вработениот навистина ќе го цени тоа. Не се препорачува да оставате бакшиш во долари. За хотелски портир, „ќе поминете“ и со само 10 песоси.rnrnКолку се остава бакшиш во земјите ширум светот?rn

    Турција

    rnВо рестораните се цени доколку оставите бакшиш барем 10% од износот на сметката. Кај нив се прифаќа бакшишот само во кеш, а можете да оставите лири, долари или евра.rn

    Италија

    rnОставањето бакшиш околу 10% од сумата која ја плаќате е вообичаена работа, но не повеќе. Интересно, но доколку се возите на гондола, не постои точно определено колку бакшиш да оставите. Најмногу се цени доколку оставите евра.rn

    Кина

    rnПравилото во Кина е дека не постојат бакшиши. Доколку сакате некому да оставите бакшиш, тогаш тоа направете го за некој кој ќе ви направи некоја ретка или луксузна услуга.rn

    Јапонија

    rnВо Јапонија, во принцип не се остава бакшиш, освен за некои специјални услуги. Најдобро е бакшишот да го оставите во јени.rnrnКолку се остава бакшиш во земјите ширум светот?rn

    Јужна Кореја

    rnБакшишот никогаш не се очекува од туристите, особено не во рестораните. Хотелиерите се сложуваат да земат по 1 долар од торба.rn

    Австралија

    rnПред дваесет години и тука не се оставаше бакшиш, но сега е вообичаено муштеријата да остави додатни 10-15% од износот на сметката, за квалитетната услуга.rn

    Египет

    rnНа повеќето места се оставаат дополнителни 5-10% на бакшишот кој веќе е вклучен во самата сметка. Најмногу се ценат американските долари.rn

    Индија

    rnВо некои помали местенца неколку рупии (валута во Индија) ќе завршат работа. На повеќето места се остава 10% бакшиш, но внимателно проверете дали секаде се впишани во сметката. Не се препорачува да оставите долари.rnrnКолку се остава бакшиш во земјите ширум светот?rn

    Подетална анализа на бакшишот во САД

    rn

    Ресторани и барови

    rn

    Келнер/ка:

    rn

      rn011

    • 15% од сметката е доволно
    • rn011

    • 20% од сметката се остава за одлична услуга
    • rn011

    • Не помалку од 10% за лоша услуга
    • rn

    rn

    Сомелиерот:

    rn

      rn011

    • 15% од вредноста на шишето вино
    • rn

    rn

    Шанкер:

    rn

      rn011

    • 15-20% од сумата на сметката или минимум 50 центи за безалкохолни и 1 долар за алкохолни пијалаци
    • rn

    rn

    Човек што работи на гардероба:

    rn

      rn011

    • 1 долар по палто
    • rn

    rn

    Паркинг опслужувач:

    rn

      rn011

    • 2 долари за да ти ја доведе колата
    • rn

    rnКолку се остава бакшиш во земјите ширум светот?rn

    Секојдневие

    rn

    Таксист:

    rn

      rn011

    • Во зависност од локацијата, отприлика 15% плус би било сосема доволно
    • rn011

    • Дополнителни 1 до 2 долари се плаќа за помош со багажот
    • rn

    rn

    Достава на храна:

    rn

      rn011

    • Најмалку 10% од висината на сметката, а за покомплицирани достави 15-20%
    • rn

    rn

    Фризер:

    rn

      rn011

    • Околу 15-20% од сумата, минимум 1 долар за потшитување
    • rn011

    • За миење коса, бричење и слично дополнителни 1 или 2 долари
    • rn

    rn

    Спа-услуги и масажи:

    rn

      rn011

    • Се препорачува да се остави дополнителни 15-20% бакшиш од сумата на услугата
    • rn011

    • Доколку услугата ја врши сопственикот на салонот, тогаш не се остава бакшиш
    • rn

    rn

    Кафе и храна за носење:

    rn

      rn011

    • Овде бакшишот обично се остава во голема тегла и е опционален
    • rn

    rnКолку се остава бакшиш во земјите ширум светот?rn

    Хотелски услуги

    rn

    Хотелски вратар:

    rn

      rn011

    • 1 долар за носење куфер
    • rn011

    • 1 долар за викање такси
    • rn

    rn

    Хотелски портир:

    rn

      rn011

    • 1 долар за носење багаж
    • rn

    rn

    Хотелски домаќин/ка:

    rn

      rn011

    • 2-5 долари по ден
    • rn

    rnВо македонските кафулиња, ресторани и дискотеки бакшишот не е вклучен во фискалната сметка. На таксист или на собар во хотел некој да му остави бакшиш, пак е стварно ретка појава. Вработените во услужните дејности се оставени на милост или немилост од страна на муштериите, молејќи се во себе „дај Боже денес да добијам поголем бакшиш, за да ми падне в џеб некој денар плус“. Ова е жалосен податок со оглед на тоа што кај нас оваа работа ја работат навистина огромен број млади, а и повозрасни луѓе, а воедно и поради тоа што во многу земји ширум светот (освен некои од азиските) бакшишот морате да го дадете бидејќи е вкалкулиран во самата сметка, а некаде се остава и додатно бакшиш доколку сте многу задоволни од услугата.rnrnДа се надеваме дека навиките во културата еден ден ќе се променат и кај нас. Во меѓувреме келнери: ставете широка насмевка на вашите лица додека послужувате и бидете љубезни, а вие муштериите не бидете толку скржави, 20-30 денари нема да ве осиромашат, а на вработениот ќе му го направите работниот ден прекрасен! Погледнете што се случува во земјите ширум светот, кога станува збор за оставањето бакшиш.rnrnСе сеќавате ли на некои постапки од страна на муштериите кои ги нервираат келнерите?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Изнудете насмевка на туѓите лица

    Изнудете насмевка на туѓите лица

    Не чекајте да ви се насмевнат луѓето. Покажете им вие како се прави тоа. Направете со некој што случајно ќе го запознаете искрен муабет од срце, дајте му комплимент, не очекувајте дека ќе биде незгодно. Бидете вие, на вашиот уникатен убав начин и дајте му шанса да се поврзе со вас и да изнудите насмевка на неговото лице. Сетете се, и вашиот најдобар пријател, некогаш ви бил непознат. Курт Вонегут рекол:rn
    rn

    „Сакајте ги сите кои се наоколу за да бидат сакани.“

    rnЕве неколку идеи:rnrnИзнудете насмевка на туѓите лицаrnrn1. Смејте се почесто.rnrn2. Задржете ја вратата отворена за да помине оној зад/пред вас.rnrn3. Пуштете го купувачот во брзање пред вас во редот на касата.rnrn4. Заблагодарете се, на писмено.rnrn5. Донирајте ги вашите алишта кои не ви требаат повеќе.rnrn6. Дајте му комплимент на келнерот/келнерката, продавачот во маркетот или бутикот.rnrn7. Оставете позитивни пораки на лепливи ливчиња во книгите позајмени од библиотека.rnrn8. Помогнете му на постар човек за нешто.rnrn9. Изненадете некого со цвеќе.rnrn10. Бидете љубезен возач. Дозволете некогаш да се „протнат“ пред вас.rnrn11. Давајте крв.rnrn12. Купете украси за домот на вашите блиски соседи.rnrn13. Пратете писмо со благодарност до колегата или пријателот што ви помогнал.rnrn14. Поделете ја вашата ужина со некој што не понел ништо.rnrn15. Исконтактирајте со некој што знаете дека се чувствува осамено во последно време.rnrn16. Донесете колачи за колегите на работа без причина.rnrn17. Оставете му бакшиш на келнерот.rnrn18. Бидете дел од нешто во што верувате. Раширете го вашиот ентузијазам околу вас.rnrn19. Ослободете столче за некој друг, во автобусот, на клупата, на домашната забава…rnrn20. Мафнете му на детето што се вози во автомобилот до вас.rnrn21. Раширете некоја добра вест.rnrn22. Кажете нешто убаво што сте чуле, на некој друг.rnrn23. Трудете се да ги запомните правилно имињата на луѓето што ги запознавате.rnrn24. Секогаш кога ќе воспоставите контакт со очи, пружете и насмевка.rnrn25. Наполнете го печатачот со хартија, откако ќе завршите работа.rnrn26. Кога врне, поканете некој незаштитен минувач под вашиот чадор.rnrn27. Слушајте внимателно кога другите ви ги раскажуваат своите приказни.rnrn28. Охрабрете некој што има некаков животен сон.rnrn29. Прашајте некого што ретко го среќавате да ви раскаже за неговите успеси во последно време.rnrnrn30. Направете нешто малку плус, за да му помогнете многу на некој друг.rnrn31. Давајте без да очекувате нешто за возврат.rnrn32. Кажувајте „те молам“ и „благодарам“.rnrn33. Опростувајте.rnrn34. Верувајте во себеси со цело срце. Луѓето ќе го забележат тоа.rnrn35. Немојте постојано да бидете сериозни. Насмевнувајте се.rnrn36. Користете го секој контакт со луѓето за да направите нешто добро и за вас и за нив.rnrn37. Кажувајте ја вистината.rnrn38. Помогнете му на некој да стане независен.rnrn39. Давајте им простор на луѓето околу вас.rnrn40. Охрабрете некого што неодамна доживеал неуспех.rnrn41. Кажете им на луѓето кога ќе завршат некоја добра работа.rnrn42. Кажете виц.rnrn43. Расчистувајте си зад себе, по јадење, по користење на тоалетот, откако ќе станете од спиење…rnrn44. Помогнете му на возачот на автомобилот со дупната гума на автопатот.rnrn45. Научете некого некоја вештина која вие ја поседувате.rnrn46. Помогнете му на некој да стане активен. На пример, вашиот пријател сака да ослабе, но му треба вашиот поттик (друштво) за одење во теретана.rnrn47. Појдете во домашна посета со топол чај кај некој за кој сте разбрале дека е болен.rnrn48. Одбранете гласно некој на кого му е потребна поддршка. Засегнете се за туѓите потреби.rnrnrn49. Направете фотографија од љубовниот пар кој сам се обидува да го стори тоа.rnrnrn50. Бидете достапни и пристапни за луѓето.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.