Помалку од дваесет километри јужно од градот Луојанг, во кинеската провинција Хенан, се наоѓа неверојатен комплекс од пештерски храмови Лонгмен што во буквален превод значи „змејска порта“.rnrn
rnrnБиле потребни околу 400 години за комплексот во должина од два километри карпи да ги добие контурите што ги гледаме денес, на бреговите на реката Луо, во источниот дел на централна Кина.rnrnИзградбата на 2.300 варовнички пештери со приближно 110.000 вешто изработени камени скулптури, 2.500 стели со натписи и околу 60 пагоди започнала за време на династијата Северна Веи, која владеела во IV и V век.rnrnНајголемата статуа е повисока од 20 метри, а најмалата е само 2,5 сантиметри. Имено, токму ова место се смета за лулка на будизмот во Кина. Наводно, тука живеела голема будистичка заедница со одредени правила, кои со текот на времето почнале да се шират во остатокот од земјата.rnrnВо подоцнежната фаза од изградбата на овој фасцинантен комплекс, Бодисатвите биле накитени со скапоцен накит, круни и ѓердани нарачани од богатите. Во една од пештерите пронајдени се и 140 упатства за лекување на разни болести и тегоби.rnrnПештерите, статуите и натписите се совршено сочувани и убаво се вклопуваат во пејзажот што го опкружува комплексот. Тие се дел и од светското наследство на УНЕСКО.rnrnОткако прочитавте за змејската порта, можеби ќе сакате да прочитате и за овие прекрасни пештери во кои влегувањето е забрането.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr
Tag: карпи
-

„Змејска порта“: Неверојатни карпи со илјадници пештери каде се пронајдени рецепти за долговечност!
-

Шпански град кој воодушевува со својата необична локација
Патувањето до малиот шпански град Сетенил де лас Бодегас може да биде вистински предизвик за оние кои страдаат од клаустрофобија. Сместено во прекрасната провинција Кадиз, ова чудно место изгледа како да е погодено од метеор кој природно се споил со градот.rn
rn
rnrn rnrnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnVer esta publicación en Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rnrn
rnrnrnСетенил де лас Бодегас е познат како белиот град кој се карактеризира со уникатен изглед со многу куќи изградени во самата клисура, а неговото население живее буквално под карпа! Овој град има околу 3000 жители кои го избрале ова место, бидејќи сметаат дека природните пештери се идеални за живеење. Луѓето живееле во овој град уште од праисторијата за што сведочат бројните остатоци кои можете да ги видите во градскиот музеј.rnrnИако изгледа како да е изолиран од светот, овој град има бројни ресторани и продавници кои се оценети како најдобри во регионот. Сетенил де лас Бодегас е познат по своите локални деликатеси како маслиновото масло, виното и медот, па затоа е и омилена дестинација на жителите од соседна Андалузија.rn
rn
rnrn rnrnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnVer esta publicación en Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rnrn
rnrn
rn
rnrn rnrnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnVer esta publicación en Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rnrn
rnrn
rn
rnrn rnrnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnVer esta publicación en Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rnrn
rnrn
rn
rnrn rnrnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnVer esta publicación en Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rnrn
rnrn
rn
rnrn rnrnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnVer esta publicación en Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rnrn
rnrn
rn
rnrn rnrnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnVer esta publicación en Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rnrn
rnrn
rn
rnrn rnrnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnVer esta publicación en Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rnrn
rnrn
rn
rnrn rnrnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnVer esta publicación en Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rnrn
rnrnrnПогледнете кои се најубавите села во Шпанија.
-

Дали научниците конечно ја решија мистеријата на Бермудскиот триаголник?
Бермудскиот триаголник е едно подрачје кое се наоѓа во Атлантскиот океан, помеѓу Мајами, Порторико и Бермуда, формирајќи една триаголна форма од каде го добива и името. Приближно 8.127 луѓе, како и многу бродови и воздухопловни летала се водат како исчезнати токму во овој регион, откако во 1851-та година почнало да се води запис.rnrn
rnrnЕдно од актуелните објаснувања за исчезнувањата е подводната карпа која наводно поседува магнетни својства кои можат да ја компромитираат работата на компасите. Но, истражувачите од Арктичкиот Универзитет во Норвешка откриле уште еден подводен феномен кој може да го предизвикува потонувањето на бродовите.rnrnЕкипажот неодамна наишол на огромни подводни кратери, надвор од норвешкото крајбрежје, кои зафаќаат површина од 800 метри должина и 45 метри длабочина. Кратерите веројатно биле формирани од експлозии на метан, природен гас закопан на дното на Баренцовото море. Доколку овие експлозии навистина се случиле, тогаш тие резултирале во меурчиња од метан кои ја претвориле површината на водата во пена. Бродовите, независно од нивната градба, можат да потонат доколку се изложени на вакви услови.rnrn
rnrnНо, откритието се случило само на Баренцовото море и засега важи само за таа област и сѐ уште не е јасно дали ваквите кратери постојат и во останатиот дел од Бермудскиот триаголник. Иако овие метански кратери можат да го објаснат исчезнувањето на многуте бродови, а карпата со магнетни својства да го опфати исчезнувањето на авионските летала, сепак, сѐ уште постојат мистериите зад исчезнувањето на илјадниците луѓе кои ги снемало од бродови кои не потонале. Истражувањата се во тек, а нам ни преостанува да се надеваме на некое ново, пионерско откритие за една од најголемите неразрешени мистерии во историјата на човештвото. -

Вечерајте со неверојатен поглед во ресторанот изграден во внатрешноста на оваа пештера!
Што е поромантично од вечера со свеќи покрај морето? Вечера со свеќи во пештерски ресторан изграден во карпите на италијанското крајморје. Хотел ресторанот Grotta Palazzese е сместен во внатрешноста на пештерите крај градот Полигнано а Маре во јужна Италија. Но, тука не само што вечерате во пештера, туку можете и да се восхитувате на прекрасните погледи на јадранското море и вертикалните карпи типични за ова подрачје.rnrn
rnrnЛокацијата е населена уште од периодот на неолитот и некогаш била грчка колонија. Се претпоставува дека ресторанот функционирал и се користел уште од 1700-тите години кога локалното благородно население се собирало за формални пригоди. Погледнете колку неверојатно изгледа ова место.rnrn -

Дванаесетте Апостоли – Австралиските карпи кои го одземаат здивот
Автор: Елена ПирузеrnrnАко некогаш имате можност да ја посетите Австралија тогаш задолжително треба да ги видите Дванаесетте Апостоли – прекрасните зданија кои се наоѓаат на Големиот океански пат во Викторија, Австралија.rnrn
rnrnСместени во една дивина недалеку од Мелбурн, тие се една прелеста незаборавна глетка на еден огромен тиркизен океан, која не ви дозволува да се тргнете во ниеден момент. Карпи кои се приклештени силно во кафеавиот песок и кои тивко и мирно седат во океанот кој се бранува, додека вие останувате без здив. Можете слободно да слезете долу на влажниот песок по калливите стрмни скалила и да уживате во глетката одблизу и во разбрануваниот океан само на еден чекор од вас.rnrn
rnrnОгромен наплив од луѓе кои постојано се сликаат и позираат ве чека на една тераса која има фантастичен поглед кон карпите. Навистина вреди да позирате на тоа место коешто е спој од синило и зеленило и коешто е како од приказните. Место со прекрасен свеж воздух и инспирација којашто на секој човек му е добредојдена.rnrn
rnrnПоради силните бранови, од дванаесет денес за жал се останати само осум карпи. Дванаесетте Апостоли се дел од Националниот парк Порт Кембел и вреди да се видат затоа што се единствени во светот.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Плажата Лимнионас на Закинтос
[message_box title=”Летувајте со Игуана Турс” color=”yellow”]rnrn
rnrnПогледнете ја понудата за Закинтосrnrn[/message_box]rnrnЛимнионас е едно од најпријатните места за капење на Закинтос. Иако се нарекува плажа, во основа се работи за тесен, карпест залив до кој се пристапува по природните скалила…rnrn
rnrnЛимнионас се наоѓа на западната страна од прекрасниот Закинтос, на само 7 километри оддалеченост од Агиос Леон. Се работи за навистина пријатно изненадување за сите оние што сакаат да поминат малку потивок ден, далеку од најпопуларните плажи преполни со туристи.rnrnДо малото заливче сместено помеѓу високите карпи може да се пристапи единствено симнувајќи се по природните скалила оформени во карпестиот предел. Откако ќе се симнете, ќе можете да се сместите на една од рамните карпести плочи непосредно до водата, бидејќи не постои песочен дел во заливот. Но, Лимнионас сепак вреди да се посети заради можностите за пливање и нуркање.rnrnВодата во Лимнионас е малку постудена и идеална за разладување, поради уникатната комбинација на морските струи и подводните извори. Таму ќе можете да уживате во нуркање и истражување на подводниот пејзаж и десетиците поголеми и помали пештери во заливот (бидете внимателни и не влегувајте премногу длабоко, затоа што постојат и скриени опасности во пештерите).rnrnАко се изморите од активностите во вода, можете да ја искористите и единствената таверна која се наоѓа во близината за да ги искусите уникатните вкусови на храната на Закинтос, која главно се состои од свежи морски плодови.rnrnrnrn[message_box title=”Летувајте со Игуана Турс” color=”yellow”]rnrn
rnrnПогледнете ја понудата за Закинтосrnrn[/message_box]rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Лет со балон на зајдисонце во мистичната Кападокија
Дали некогаш сте размислувале за летање со балон на воздух? Луѓето коишто го искусиле тоа, го опишуваат како неверојатно вивнување во облаците, каде воздухот е поредок, ветрето минува низ вашата коса, а слободата којашто ќе ја почувствувате во отворениот бесконечен простор пред вас, не се опишува со зборови. Ако решите да го сторите тоа, имајте на ум дека Кападокија е позната, освен по својата мистична убавина и по тоа што е едно од најдобрите места на светот за летање со балон на топол воздух.
Кападокија е област во централна Анадолија во Турција, позната по спектакуларниот надреален пејзаж во кој си поиграла природата, сочинета од подземи градови, цркви во пештери и куќи врежани во карпите. Карпите настанале пред илјадници години како резултат на вулканска ерупција која со помош на климатските фактори ги креирала овие форми. Ова место чие име на персиски значи „Земја на убави коњи“ е познато и по многубројните прекрасни долини, кањони и фантастично обликуваните камења, кои својот облик го добиле како резултат на ерозијата, дождовите и ветровите илјадници години наназад. Оваа област е најмистичниот и најтаинствениот предел на светот.
Раната есен е идеално време за посета на Кападокија, едно од најнеобичните локации на земјата. Воодушевувачката глетка во комбинација со одличните услови за летање, им овозможуваат на балоните да лебдат помеѓу камените куќи, вгнездени во необичните карпести формации и над сето она што е скриено подземи во турската област.
Во праисториските периоди првите човечки населби биле изградени под земја во вулкански карпи поради заштита од дивите животни. Постојат многу подземни градови во областа Кападокија, но најголем е градот Деринкују, кој има осум нивоа. Сега се и некои праисториски градби реновирани и претворени во хотели поради големиот број посетители кои доаѓаат да ја видат оваа праисториска фасцинантна убавина.
Еден од најпознатите градови во Кападокија е Гореме. Главната улица на овој град е преполна со ресторани со прекрасни градини и продавници за сувенири, а на два километри од центарот се наоѓа музеј на отворено со илјадници величествени карпи во кои се вгнездени цркви и манастири.
Климата во Кападокија подразбира суви лета, студени зими, снег напролет и благи есенски денови. Ако сакате да уживате максимално разгледувајќи ја, изнајмете велосипед, јавајте коњ или летајте со балон. Прошетката по Кападокија е единствено искуство кое ќе ве натера да помислите дека местото е излезено од нечија фантазија.
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn -

Обоените пејсажи во Кина Данксија
Кина Данксија е област заштитена од Унеско во која се наоѓаат неверојатните обоени пејсажи кои се развиле во суптропската зона во југозападна Кина. Тие се карактеризираат со спектакуларни црвени гребени, вклучувајќи и драматични природни столбови, кули, котлини, долини и водопади. Овие каменести пејзажи помогнале при одржување на суптропските зимзелени шуми во кои живеат различни видови флора и фауна, од кои голем дел се сметаат за ретки или во опасност од изумирање.rnrnПогледнете ја галеријата со фотографии од овие обоени пејсажи во Кина. Прекрасни се, нели?rnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Белиот џеб – скриено дело на природата
Природата одамна нè научи дека нејзините најубави дела љубоморно ги чува подалеку од допирот на човекот, па таков е и случајот со ова несекојдневно место познато по својата уникатност, но и изолираност. Белиот џеб (White Pocket) е геолошко чудо сместено во пустинското пространство на Vermilion Cliffs во Аризона. Своето име го има добиено благодарение на белиот површински слој од камен кој го прекрива црвениот песочник и на тој начин на места создава импресивни форми и нијанси.rnrnГеолозите имаат неколку објаснувања за тоа како настанал Белиот џеб, но најголем дел од нив веруваат дека станува збор за огромно лизгање на песок кое било предизвикано од земјотрес. Големата брзина на движење ги предизвикала необичните форми, а составот на песокот и карпите додава неверојатна текстура и шаренило од бои. Посетителите тврдат дека овој авантуристички предизвик нуди неповторливо чувство и уникатно искуство.






rnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn -

Фин МекКул и неговата мудра жена – легендата зад Џиновскиот гребен
Џиновскиот гребен е уште едно необично дело на природата кое се наоѓа на североисточниот брег на Северна Ирска во округот Антрим. Настанал како резултат на вулканска ерупција пред 60 милиони години, а сега опфаќа огромна површина на која се наредени и испреплетени 40.000 карпи од базалт. Површините на карпите со текот на времето добиле изглед на скалила со различни големини, некои високи и до 12 метри. Дел од столбовите се издигнати над морската површина во вид на пат.rnrn


rnrnОна што е можеби најинтересно во врска со ова место, освен необичниот поглед кој го нуди, е легендата која старите Ирци ја раскажуваат за неговото настанување. Всушност Џиновскиот гребен не го добил своето име поради огромната површина која ја зафаќа, туку благодарение на добро познатиот лик од ирските легенди – џинот Фин МекКул.rnrnА легендата започнува вака…rnrn
rnrnВо дамнешните времиња, кога во северниот дел од Ирска живееле џиновите, Фин МекКул бил најголемиот, најсилниот и најубавиот од сите – или барем тој така си мислел. Неговата сила и херојски подвизи биле надалеку прочуени, што секако е очекувано за водачот на Фиана – групата храбри војници кои го бранеле кралството Ирска. Ниту една задача не била премногу тешка за овој храбар џин, не постоела карпа која што не можел да ја дигне ниту пак река која што не можел да ја прескокне со еден чекор.rnrnТокму поради ова Фин бил навистина изненаден и навреден кога го предизвикале на натпревар во Шкотска, уверувајќи го дека никогаш не би можел да ги победи џиновите кои таму живееле и биле уште поголеми и посилни од него. Секако, предизвикот веднаш бил прифатен и Фин МекКул се зафатил со работа – се решил да изгради пат преку морето со цел достоинствено и без капка вода да го намокри да пристигне на натпреварот. Ја бакнал својата убава жена Онах за збогум и ѝ кажал дека многу брзо ќе се врати – само да го изгради патот преку морето и да им покаже на шкотските џинови кој е главен.rnrnФин напорно работел, носел карпи од планините и ги фрлал во морето едни над други сè додека не се појавиле над површината на водата формирајќи пат. По само три дена половина пат веќе бил изграден, а самодовербата на Фин растела со секоја фрлена карпа во морето. Одненадеж на брегот се појавил негов пријател, вознемирен, и го прекинал во неговата работа.rnrn
rnrn„Фин не сакам да те исплашам,“ – му рекол неговиот пријател – „но слушнав озборувања за некој чуден џин од Шкотска кој се упатил накај твојот дом и решил да ти покаже кој е навистина главен. Некои велат дека го скокнал морето со само еден чекор без да му треба брод или мост. Не само што бил голем, овој монструм бил и многу силен!“rnrn„Ах, сигурно!“ – извикал Фин. „Не верувам ниту еден збор, не постои толку голем џин!“ Иако звучел самоуверено, сепак длабоко во себе за првпат почувствувал страв. „Како и да е, џинот слушнал дека ти си најголемиот, најсилниот и најубавиот џин во цела Ирска, и тоа сигурно воопшто не му се допаднало штом решил да те растргне на парчиња“ – му возвратил пријателот.rnrn„Ќе видиме за тоа!“ – Фин звучел решително. „Уште веднаш си одам дома, ќе седнам и ќе го чекам, па само нека се осмели да се појави пред мојата врата.“ Само што стигнал дома, Фин седнал разочаран и ѝ раскажал сè за чудниот џин на својата убава жена.rnrn„Ако е вистина, ќе ме смачка како мравка!“ – се жалел кутриот Фин, а неговата жена прснала во смеа: „Секогаш се фалиш за твоите мускули, но редно е еднаш да го употребиш и твојот мозок. Сега смири се и остави сè на мене.“ Онах брзо нашла големи, мазни камења кои ги ставила во чинија заедно со едно овесно колаче кое претходно го обележила со својот прст. Во меѓувреме Фин ги искористил своите мускули и набрзина изградил огромна колепка која ја поставил до огништето. Само што ја завршил, земјата почнала да се тресе.rnrn„Тој е, што ќе правам сега?“ – Фин исплашено почнал да лелека на што неговата жена смирено му одговорила: „Земи ја наметкава и капава, облечи се и легни во колепката.“ Фин целиот исплашен од огромниот џин кој се приближувал ја послушал својата жена, па за кратко време веќе бил облечен како бебе и мирно лежел во колепката.rnrn„КАДЕ Е ФИН МЕККУУУУЛ?“ – се слушнал продорен глас од пред вратата, а кога Онах ја отворила таму стоел најголемиот џин што некогаш го видела. „КОГА ЌЕ ГО НАЈДАМ ЌЕ МУ ПОКАЖАМ КОЈ Е НАЈГОЛЕМИОТ И НАЈСИЛЕН ЏИН ВО ЦЕЛО КРАЛСТВО!“rnrn„Се плашам дека се разминавте со мојот маж“ – му возвратила Онах смешкајќи се мило. „Замина на брегот на морето утринава за да изгради мост до Шкотска, ќе заврши до пладне, може да го почекате.“ Огромниот џин промрморел едно срамежливо благодарам под неговите мустаќи и ја прифатил поканата да влезе внатре.rnrn„Навистина, подобро би било да влезеш и да каснеш нешто пред да се врати мојот маж. Искрено, ќе ти треба сила доколку си решил да се бориш со него, изгледаш како џуџе покрај него!“ – го убедувала Онах. А во колепката, Фин исплашено молчел и се надевал дека неговата жена нема дополнително да го налути огромниот џин.rnrn„Еве, повели колаче“ – му понудила Онах на џинот, ставајќи еден од мазните камења во неговата чинија. Џинот лакомо го грабнал „колачето“ и загризал со сласт „АХХХ!“ – извикал и почнал да плука искршени заби.rnrn„Леле, не ти се допаѓаат?“ – загрижено го прашала Онах. „Омилени му се на нашето бебе!“ Го зела обележниот колач и му го подала на Фин во колепката. Фин го грабнал и со задоволство го изел.rnrn„Зарем е тоа бебето на Фин МекКул?“ – зачудено гледал во колепката. „Навистина е огромно!“rnrn„Да да, веќе му пораснаа и запчиња, стави го прстот во неговата уста и сам ќе се увериш“ – му рекла Онах. Џинот се приближил кон колепката и внимателно го ставил својот мал прст во устата на Фин, а тој со целата сила загризал. „ЛЕЛЕЕЕЕ…“ – извикал од болка џинот. „Ако е толку силно и големо бебето на Фин МекКул нема да седам овде и да чекам да видам колкав е тој!“ – и со трчање п0бегнал од нивната куќа.rnrn
rnrnФин излегол од колепката и ѝ се заблагодарил на мудроста на својата жена која со сигурност му го спасила животот. Мостот никогаш не го завршил ниту пак добил желба некогаш да оди во Шкотска и да се бори со тамошните џинови. Единствено што сакал, е да биде дома и да ги поминува деновите до крајот на неговиот живот заедно со неговата убава и паметна жена. И така, Џиновскиот гребен никогаш не бил завршен.rnrnИнтересно нели?rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.



































