КАФЕ ПАУЗА

Tag: карпи

  • Смртно опасна патека

    Смртно опасна патека

    За да ги истражите преубавите карпести предели на кинеската планина Хуа Шан имате само една опција, а тоа е 12-километарската „смртоносна патека“. Таа е неверојатно стрмна и важи за една од најопасните во светот. Патеката води точно до највисокиот од петте врвови на планината, која пак лежи во јужниот дел на градот Хуајин, 120 километри источно од Ксиан, на 2.200 метри надморска височина. Врвовите наликуват на ливчиња од цвет, па оттука доаѓа и нејзиното име Хуа Шан, што во превод значи „Лотус со пет ливчиња“.rnrnНејзините убавини можат да ви бидат на дланка, доколку соберете доволно храброст и се впуштите во ризична авантура по тенките дрвени штици, прикрепени за карпите. Не очекувајте заштитна ограда. Поставен е само еден синџир на кој можете да се придржувате додека се движите по патеката.Смртно опасна патекаСмртно опасна патекаАко ова ви звучи страшно, тогаш не ни помислувајте да ја започнете маршутата, бидејќи вистинските маки започнуваат кога ќе стигнете до каменот на кој со кинески симболи пишува: „точката каде се враќаат и коњите“. Тоа е еден вид предупредување и порака за недоволно подготвените туристи, да го завршат патувањето и да се повлечат назад. Таму патеката станува екстремно стрмна, едвај проодна и крајно небезбедна.Смртно опасна патекаСмртно опасна патекаСмртно опасна патекаДоколку не ве предомисли ниту овој знак и успеете да продолжите понатаму, на врвот на планината ќе посетите будистички храм во кој се чуваат бројни свети текстови. Таму, пред многу векови монасите се криеле од своите непријатели. Тогаш тие се движеле само по штиците. Синџирот е поставен во поново време, на барање на туристите, кои во 1990 година, ја принудиле месната управа дел од патеката да обезбеди и со огради и широки камени скали.Смртно опасна патекаСмртно опасна патекаСмртно опасна патекаЗа жал, овие зафати не се доволно безбедни, секој да се осмели да тргне по патеката. Иако, таа се нарекува смртоносна, не постојат официјални статистички податоци за несреќи кои се случиле таму. Но, загрижува фактот што во последно време по патеката се движат сè понеискусни посетители, а во некои случаи недостатокот на добра физичка и психичка подготвеност може да има фатален крај за неодговорните туристи.Смртно опасна патека
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Непалските ловци на див мед

    Непалските ловци на див мед

    Собирањето див мед е дел од древните култури на повеќе цивилизации. Дел од научниците тврдат дека тоа било практикувано 13.000 години пред нашата ера. Тврдењата ги поткрепуваат преку бројни цртежи пронајдени на карпите. Во Непал, со собирање див мед луѓето се занимаваат илјадници години наназад. Тоа претставува многу важен дел од непалската култура.Непалските ловци на див медНепалските ловци на див медНекои од локалните жители зависат исклучително од слаткиот улов, односно тој е нивното единствено егзистенцијално решение. Непал е дом на Apis laboriosa, најголемата пчела на планетата. Овој инсект ги гради своите кошници на карпи високи од 2.500 до 3.000 метри. За да стигнат до нив, собирачите на дивиот мед применуваат неколку техники, како плетење скали од јажиња и палење оган…Непалските ловци на див медРитуалот обично започнува со молитва, а како жртва Непалците принесуваат плодови, цвеќиња и ориз. Потоа во основата на карпата се пали огнот чиј чад ги брка пчелите далеку од кошницата и им го олеснува пристапот до слатките пити. Дури тогаш ловците се спуштаат по скалите од јажиња, „вооружени“ со стап и со дрвена корпа, која пак е закачена на друго јаже, чие движење го контролираат останатите ловци на мед во групата. Така оние кои се спуштаат низ карпите, можат да се бранат од пчелите, додека ги кршат парчињата пити со мед.rnНепалските ловци на див медСобирањето на медената реколта се врши два пати во годината, кога ловците организирано тргнуваат кон внатрешноста на Хималаите. Собирањето мед од една колонија им одзема од два до три часа, во зависност од местоположбата на кошницата и од нејзината големина. Едно гнездо може да содржи повеќе од 60 кг мед.Непалските ловци на див медПостојат голем број тур оператори, кои нудат патувања во кои е вклучено набљудување на целата процедура. Маршутите до пчелните кошници и назад се навистина возбудливи, посетителите добиваат можност да допрат до убавината на непалската дива природа. Најпопуларни дестинации се: Bhujung, Nai Chi, Pasgaon, Naya Gaun, Ludhi и Dare.rnНепалските ловци на див медНепалските ловци на див медНепалските ловци на див медСекој кој ќе се осмели да се впушти во оваа авантура, ќе биде воодушевен од брзината и смелоста на ловците, коишто висат од карпите за да заработат за живот. Не е помал ниту восхитот од древните техники, кои до ден денеска се дел од богатата непалска култура.rnНепалските ловци на див медНепалските ловци на див медНепалските ловци на див медНепалските ловци на див медНепалските ловци на див медНепалските ловци на див медНепалските ловци на див мед
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Рибарски селца над вода

    Рибарски селца над вода

    Живот над вода и меѓу карпи. Ова е најкусиот и најдобар опис за секојдневието на жителите од рибарските селца, кои се наоѓаат во близина на брегот од виетнамскиот остров Кат Ба. Нивните домови буквално лебдат над вода. Тие научиле да живеат од она што можат да го најдат во нејзините длабочини, од растенијата и од животинскиот свет во морето. Главно заработуваат и опстануваат од риболов.Рибарски селца над водаРибарски селца над водаЖивотот во специфичните „лебдечки“ селца е интересен, необичен, но ни малку лесен. Освен неколкуте мали плодни делови почва на островот, останатиот дел од теренот е карпест и неповолен за какво било земјоделие. Затоа, изреката „Водата живот значи“, за овие луѓе е животно мото. Рибарски селца над водаРибарски селца над водаВо моментот, на ваков начин живеат речиси 4.000 жители. Нивниот број порано бил значително поголем, но во текот на 70-те и 80-те години, тешкиот живот ги натерал да заминат оттаму и да побараат подобра егзистенција. Со нивното заминување, се намалила рибарската флота, односно столбот на необичните села.Рибарски селца над водаРибарски селца над водаНо, овие Виетнамци-печалбари не го заборавиле нивниот роден крај, се вратиле и инвестирале во сиромашното копно. Направиле вистински хотелски бум и развиле туризам во јужниот дел од островот. Никнал град, кој од 1997 година, почнал рапидно да расте и набрзо станал туристички центар. Таму денеска живеат 13.000 жители. Со ова, од сиромашно место, островот се трансформирал во омилена летна атракција за домашните туристи. Во текот на годината, тој бележи и голем број посети од странски туристи, кои пак, се повеќе заинтересирани за неговите помалку истражени делови.Рибарски селца над водаКат Ба е најголемиот и засега единствен населен остров во архипелагот Халонг Беј, во северниот дел на Виетнам. Останатите 336 острови се всушност пусти и високи карпи. Во 1986 година, половина од Кат Ба и 90 квадратни километри од водената површина, биле прогласени за национален парк. Целта е да се заштити уникатниот еко-ситем, кој вклучува зелени суптропски шуми, слатководни мочуришта во подножјето на ридовите, крајбрежна мангрова шума… Иако, поголемиот дел од крајбрежјето се состои од карпести гребени, постојат и неколку песочни плажи, скриени во малите заливи.Рибарски селца над водаИ покрај заштитата на овие природни убавини, островот сепак, се соочува со бројни проблеми во однос на животната средина. Во последните неколку години, со забрзаниот развој и зголемувањето на туризмот, се зголемил и незаконскиот лов, прекумерниот риболов и загадувањето на водата…Рибарски селца над водаРибарски селца над вода
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Убавината на Јосемити собрана во едно прекрасно видео

    Убавината на Јосемити собрана во едно прекрасно видео

    Јосемити е веројатно најпознатиот и најфотографираниот национален парк во САД и во светот, а има и зошто. Неверојатната дивина составена од преубави предели од карпи, пештери, водопади, брзаци и шуми со огромни секвои секоја година пречекуваат околу 3,7 милиони туристи кои доаѓаат да „вкусат“ дел од ова ремек дело на природата.rnrnУбавината на Јосемити собрана во едно прекрасно видеоrnrnНие ќе се обидеме да ве пренесеме до Јосемити преку следново видео направено од фотографите Шелдон Нил и Колин Делеханти кои, фасцинирани од сето она што ќе го видите, поминале некое време во дивината, снимиле огромен број фотографии и ги споиле во ова запрепастувачко видео во HD резолуција. Уживајте!rnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Пештерско село во Иран

    Пештерско село во Иран

    Скриено во далечниот северозапад на Иран, се наоѓа селото Кандован, кое не е познато само поради својата убавина, туку и поради специфичниот стил на градбата на домовите. Многу од куќите во ова село се направени во пештери сместени во конусни карпи направени од наталожен вулкански пепел.rnПештерско село во Иран Жителите на ова село тврдат дека тоа постои повеќе од 700 години. Луѓето кои се плашеле дека ќе бидат повикани за во монголската армија, бегале тука и се криеле во пештерите. Куќите се познати како „каран“, а грубо преведено зборот на турски би значел кошници.Пештерско село во ИранПештерско село во ИранСо текот на годините, мештаните ги проширувале своите домови. Сега повеќето од нив имаат од два до четири ката на кои се наоѓаат простории за живеење, подрум и простории за чување добиток. Овие домови се едни од најдобрите енергетско-ефикасни во земјата, бидејќи каменот е одличен изолатор кој обезбедува добра топлина за време на долгата и ладна зима. Исто така, домовите се постојано ладни во летниот период од годината.Пештерско село во ИранПештерско село во ИранПештерско село во ИранПештерско село во ИранПештерско село во ИранПештерско село во ИранПештерско село во ИранПештерско село во ИранПештерско село во Иранrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.