КАФЕ ПАУЗА

Tag: караници

  • Хороскопски знаци кои постојано се караат меѓусебно

    Хороскопски знаци кои постојано се караат меѓусебно

    Кога станува збор за караница, кај овие хороскопски парови постојано летаат искри – без разлика дали се роднини, добри пријатели или во љубовна врска. Дури и покрај разговорите и безбројните обиди да се смират и да престанат да се караат, кај овие хороскопски знаци караницата е секогаш однапред испрограмирана.rnrnrn

    Рак и Вага

    rnДодека Раковите се сметаат за сензибилни хороскопски знаци, кои се многу емотивни, тие најчесто сакаат да ги задржат чувствата за себе. Кај Вагите се случува токму спротивното. Тие секогаш го кажуваат тоа што им смета, без разлика дали ќе ги повредат емоциите на другите или не. Со тоа Раковите едноставно не можат да се помират, па затоа и постојано се караат.rn

    Водолија и Лав

    rnИ кај овие хороскопски знаци има постојани судири. Тоа се случува бидејќи и Лавовите и Водолиите имаат потреба да исфрлат сè од себе во некој друг. Но, кога станува збор за карактерот, тие се сосема различни. Лавовите сакаат да бидат во центарот на вниманието и уживаат кога некој им се воодушевува. Тоа никако не им одговара на искрените Водолии што ценат длабочина и автентичност.rn

    Бик и Јарец

    rnТретиот хороскопски пар што постојано се кара се Бикот и Јарецот. И двата знака знаат да бидат многу крути и тврдоглави, па затоа и ниту еден од нив нема да попушти. Тоа е причината поради која караницата меѓу нив е неизбежна. Нивните пријателства и врски се преполни со емотивни дискусии.rnrnДознајте и кои се 5-те хороскопски знаци на кои парите им се секогаш поважни од љубовта.

  • 4 неизбежни караници со нашите мајки коишто се знак за голема љубов и грижа

    4 неизбежни караници со нашите мајки коишто се знак за голема љубов и грижа

    Врската со мајката е еден од најкомплексните и најпосебните односи во нашиот живот. Но, и тој однос е склон на подеми и падови, па затоа и караниците не се невообичаени. Сепак, во умерена количина, тие се знак дека постои голема љубов меѓу вас и дека искрено се грижите за мислењето што го имате една за друга. Погледнете кои караници кога-тогаш ќе се случат меѓу вас и вашата мајка, но не грижете се, бидејќи тие се сосема нормални…rnrnrn

    1. Кариера

    rnОткако ќе завршите со школувањето и ќе зачекорите во вистинскиот живот, ќе се соочите со бројни препреки за кои никогаш не сте ни помислувале дека постојат. Од неможноста да најдете работа и недоволното платено работно место што едвај ви ги покрива трошоците, до кариера од која воопшто не сте задоволни, вие ќе се сретнете со многу проблеми. Ова води кон барање хонорарна работа, почнување работа од дома или влегување во сосема нова кариера.rnrnНашата мајка не е навикната на вакви проблеми и промени, бидејќи во нејзино време било сосема нормално да се заврши факултет, да се најде работа по струка и да се остане во една фирма до пензионирање. Со оглед на тоа што ова не е случајот со денешното работење, постојат шанси таа да не ја разбира вашата ситуација, особено ако навлезете во „фриленс работа“, што според неа не влегува во границите на дефиницијата за „вистинска работа“.rnrnСè што треба да направите е длабоко да земете воздух и смирено да ѝ објасните како се чувствувате. Таа многу подобро ќе ве разбере на овој начин отколку со викање.rn

    2. Пари

    rnКога ќе почнете самите да се издржувате, вие ќе си изградите и сопствен стил за менаџирање пари. Додека мајка ви била одговорна за вашиот џепарлак, таа имала целосно право да контролира на што ги трошите парите. Но, откако ќе почнете самите да ги заработувате, тогаш последниот збор треба да биде ваш. Особено ако веќе не ни живеете во домот на вашите родители.rnrnОвие караници најчесто настануваат поради грижата на вашата мајка дека не штедите доволно и дека нема да имате финансии за евентуалното доаѓање на „црните денови“. Нашите родители се учени повеќе да штедат, а помалку да трошат за свое задоволство. Ова е во директен конфликт со денешниот, помодерен начин на живеење каде што се става акцент на целосно искористување на сегашниот момент.rnrnЗа да не премине караницата во поголем проблем, едноставно објаснете ѝ на вашата мајка дека нема потреба да се грижи за вашата иднина затоа што имате изградено план за штедење за иднината. Таа само треба да ви верува.rn

    3. Партнер

    rnКога бевме тинејџери, родителите имаа голема улога во „одобрувањето“ на нашите партнери, но со текот на времето ова влијание станува сè помало. Кога ќе пораснете и созреете, вие почнувате да се слушате само себеси кога станува збор за љубовта, и не дозволувате ничие мислење да се меша со тоа што го чувствувате.rnrnАко сте навистина сигурни дека сте со вистинската личност за вас, а вашата мајка е строго против, едноставно објаснете ѝ како се чувствувате и обидете се да организирате повеќе заеднички настани за таа подобро да го/ја запознае. Колку поблиски ќе стануваат, толку повеќе ќе може и таа да види што гледате во оваа личност.rn

    4. Семејство

    rnВо времето на нашите мајки, жените во просек стапувале во брак околу 21-та година. Денес, границите се многу поместени, и жените во просек стапуваат во брак околу 28-тата година. Исто така, сè повеќе и повеќе жени одлучуваат да станат мајки по 35-тата година.rnrnГолеми се шансите дека вашата мајка ве родила во раните 20-ти, па затоа и не може да разбере зошто вие чекате толку време за да почнете да го создавате вашето семејство. Таа едвај чека да се „смирите“ покрај љубовниот партнер и да почнете да ѝ носите мали бебиња кои таа неизмерно ќе ги сака.rnrnДоколку стапувањето во брак и имањето деца е една од најчестите караници меѓу вас и вашата мајка, вие најпрво мора да разберете дека таа го сака само најдоброто за вас. Според неа, животот со сопруг и деца е нешто необјасниво прекрасно, па затоа и таа толку многу ве притиска – сака да ја искусите истата среќа што ја искусила и таа самата. Наместо да се противите, смирено објаснете ѝ како вие се чувствувате и кои се вашите планови. Таа ќе ве разбере, но ќе ѝ треба малку време.rnrnПрочитајте ги и овие бесмртни изреки на сите мајки, кои ќе ве насмеат и ќе ве потсетат на вашето детство!

  • 5 задолжителни караници кои љубовните парови ги доживуваат во текот на новогодишните празниците

    5 задолжителни караници кои љубовните парови ги доживуваат во текот на новогодишните празниците

    Во текот на подготовките за празниците сите пред или подоцна подлегнуваат на притисокот заради многуте обврски и тогаш доаѓа до нервоза која предизвикува караници. Во продолжение погледнете заради што љубовните парови најчесто се караат во оваа доба од годината.rnrn1-5-zadolzhitelni-karanici-koi-ljubovnite-parovi-gi-dozhivuvaat-vo-tekot-na-novogodishnite-praznicite-www.kafepauza.mk_rn

    1. Трошоци во врска со подароците

    rnБуџетот за подароците е редовна тема за расправии во текот на празничните семејни дружења. Додека едната половина од парот сака да биде штедлива и да купува разумно, другата половина едноставно не може да си помогне во желбата да ги изненади најмилите со убави подароци, без оглед на тоа колку чинат.rn

    2. Китење на новогодишната елка

    rnСекој има своја визија како би требала да изгледа новогодишната елка, но тие визии најчесто ниту малку не се поклопуваат. Тоа обично станува повод за класична новогодишна караница. Која боја на лампиони да се избере? Дали на врвот треба да се стави ѕвезда или не? Дали раскошните украси се премногу кич или пак, треба да доминираат на дрвцето? Сите овие прашање се најчестиот повод за караници во текот на китењето.rn

    3. Распределба на домашните обврски

    rnВо текот на празничните одговорности, извршувањето на поголемиот дел од домашните обврски најчесто паѓа на жените кои во старт се преоптоварени со обврски. Со стандардното чистење и готвење тука е и печењето на колачи. Без соодветна помош од партнерот се насобира стрес заради количината на работа која треба да се изврши, па неправедната распределба на обврските е повод за честа караница.rnrn2-5-zadolzhitelni-karanici-koi-ljubovnite-parovi-gi-dozhivuvaat-vo-tekot-na-novogodishnite-praznicite-www.kafepauza.mk_rn

    4. Присилни дружења

    rnДел од празничната традиција во нашите краишта е таканареченото одење на гости за честитки. Меѓутоа, додека со веселба ги повикуваме најмилите во нашиот дом, пред или подоцна ќе бидеме присилени да отидеме на посета кај личностите со кои можеби и не се сложуваме најдобро. Тоа исто така предизвикува караници. На пример, старите семејни пријатели на вашиот партнер со кој се слушате еднаш годишно сигурно не се први на врвот од листата на луѓе со кои сакате да се дружите во текот на празниците, но за негова љубов го „прегазувате“ тоа и ги посетувате сите дружења.rn

    5. Синдром на најдобри празници

    rnМногу луѓе сакаат сѐ да биде совршено во текот на празниците, но тоа е едноставно невозможно. Големата количина обврски кои се наметнуваат во текот на тие денови создава нервоза и тогаш лесно доаѓа до разни незгоди кои можат да го расипат празничниот дух. Не смеете да си создавате притисок и да форсирате совршенство, бидејќи со таквото однесување само поттикнувате разни караници околу работите кои за неколку недели нема да ви бидат важни.rnrnА, доколку сепак дојде до караница, прочитајте ги овие совети кои ќе ви помогнат да се смирите со партнерот по големата караница.

  • Ако тој не сака повеќе да се расправа со вас, веројатноста е дека неговите чувства се оладени

    Ако тој не сака повеќе да се расправа со вас, веројатноста е дека неговите чувства се оладени

    Без разлика дали признаваат или не, поголемиот дел од луѓето можат да почувствуваат кога се гледа крајот на љубовната врска. Во воздухот владее некоја тензија предизвикана од неизречени зборови, презир и целосна незаинтересираност за партнерот. Веројатноста е дека веќе се случиле барем една или две големи караници и врската е на чекор пред распад. Но, постои еден мал суптилен знак што многумина го пропуштаат, а се јавува многу порано од почетокот на очигледното распаѓање на врската. Станува збор за еден многу индиректен знак кој на прв поглед делува како нешто позитивно. Природно е да се помисли дека намалениот број на конфликти е добар знак дека проблемите почнале да се решаваат, нели? Па, не баш. Во продолжение прочитајте зошто е тоа така…rnrnАко тој не сака повеќе да се расправа со вас, веројатноста е дека неговите чувства се оладениrn

    Недостатокот на караници е знак дека не постои комуникација

    rnСосема возможно е да дојде до караница која нема да биде придружена со солзи, викање и тензија. Освен тоа, нормално е да постојат проблеми во врската. Доколку вашите потреби не се задоволени, треба да кажете нешто. Сѐ додека конфликтите не подразбираат викање и трескање врати, веројатноста е дека вие само комуницирате на зрел и нормален начин. На пример, доколку се карате за тоа каде да одите на вечера, веројатно никој нема да биде повреден, но тоа ќе ви помогне подобро да ја разберете перцепцијата на вашиот партнер. Кога ќе престанеме да го објаснуваме нашиот поглед на работите или кога ќе престанеме гласно да кажуваме што ни пречи, тоа значи дека постои проблем. Ненадејната тишина може да ве наведе да помислите дека врската е на добар пат кога всушност се случува токму спротивното.rnrnАко тој не сака повеќе да се расправа со вас, веројатноста е дека неговите чувства се оладениrn

    Молкот на вашиот партнер е знак дека тој се откажал од врската

    rnКога караниците ќе престанат, тоа е знак дека партнерот кренал раце од врската. Тој знае дека и онака нема да го сослушате, па затоа премолчува. Знае дека на крајот вие или ќе почнете да го навредувате или да плачете, па затоа не гледа поента во карањето. И онака не очекува дека нешто ќе се смени. Партнерот кој не сака повеќе да се расправа, всушност почнува да планира како да ја прекине врската. Тој се оддалечува бидејќи не сака повеќе да ви дава можност да го повредувате или одбивате. Со други зборови, тој емоционално се повлекува за да собере сила да ве напушти. Тој се затвора во себе, а тоа е знак дека врската е пред раскинување.rnrnПартнерот кој смета дека вреди да се бори за врската, ќе продолжи да се бори. Ќе направи сѐ што може за да го сослушате, да се освестите и да одговорите на неговите потреби. Доколку сите обиди за карање престанале, очигледно е дека тој престанал да се грижи за тоа во која насока ќе отиде врската.

  • 7 видови љубовни караници кои едноставно не вредат за нервозата

    7 видови љубовни караници кои едноставно не вредат за нервозата

    Ниту еден пар не сака да се кара за нешто глупаво (иако секогаш постојат исклучоци). Многу е тешко целосно да се препуштите во љубовната врска, доколку постојано има некаков вид препирања. Караниците кои водат кон животни промени не се забавни, но без сомнение се потребни. Од друга страна пак, овие 7 караници, дефинитивно не вредат за изгубените живци.rnrn7 видови љубовни караници кои едноставно не вредат за нервозатаrnrn1. Дали еден од вас (не) му кажал на другиот да направи нешто. Воопшто не се трудете ни да ја започнете оваа караница. Не е воопшто важно дали едниот од вас кажал нешто или не, а другиот заборавил да го направи истото или не го чул. Комуникацијата не може секогаш да биде совршена, но со смирено разговарање можат да се решат многу недоразбирања.rnrn2. Што било поврзано со пријатели или семејство кои не се однесуваат разумно. Ако станува збор за пријатели или роднини кои се однесуваат лошо кон вас, тогаш во ред е. Но, избегнувајте ги караниците со вашиот партнер во оние ситуации кога без причина не ви се допаѓа некоја негова или нејзина блиска личност.rnrn3. Бидејќи не ви се оди некаде. Сосема е во ред да не сакате да одите на некој настан организиран од страна на фирмата во која таа работи, или на собир кој тој го организирал со неговите пријатели. Едноставно објаснете дека не сте расположени за дружење и останете дома, а вашиот партнер слободно нека излезе сам. Нема причина за караница.rnrn4.  Хипотетички сценарија. Сте го/ја прашале дали би спиел/а со ваш/а пријател/ка доколку сте мртви 10 години и тој/таа ви одговорил/а потврдно. Точно, можеби не требале да одговорат искрено, но прашањето воопшто не е фер. Истото правило важи и за караниците за бебешки имиња кога воопшто не се ни обидувате да имате бебе.rnrn5. Хоби, интереси, забавни активности. Без разлика колку глупаво ви изгледаат вам, ако на вашиот партнер му носат среќа, тогаш оставете го/ја да ужива во мир. Дури и ако не можете да сфатите зошто некој би се интересирал за тоа, едноставно не треба да осудувате, ниту пак да исмејувате. Тоа неизбежно ќе доведе до караница, која воопшто не требало ни да настане.rnrn6. Работи што се случиле пред да се запознаете. Не можете да се налутите некому само затоа што бил во врска со личност која вам не ви се допаѓа – во времето кога не сте се ни познавале. Ако некогаш започнете разговор на оваа тема, не заборавајте дека сите настани во минатото, и добри и лоши, нè направиле личноста која сме денес.rnrn7. Што сакате заедно да правите, гледате или јадете. Ако сте од оние парови кои никогаш не можат да донесат одлука, напишете неколку идеи на хартија, замотајте ги и извлечете по случаен избор. Ова е добра идеја дури и за оние моменти кога и двајцата имате јасна замисла која не се согласува со желбите на другиот. Компромисот е клучен за успешна врска.

  • Полошо од неверство: 7 нешта кои партнерот или партнерката никогаш нема да ви ги опрости

    Полошо од неверство: 7 нешта кои партнерот или партнерката никогаш нема да ви ги опрости

    Постои ли нешто полошо од неверството што би можело неповратно да ја уништи врската? Корисниците на Редит сметаат дека сепак овие нешта постојат. Токму затоа и анонимни љубовни парови одговарале на ова прашање со цел да ни откријат што според нив е најлошото кога станува збор за повредување на партнерот.rnrnПолошо од неверство: 7 нешта кои партнерот или партнерката никогаш нема да ви ги опростиrnrn1. Откажување од врската без конкретна причина. Некои парови признаваат дека повеќе би сакале да бидат изневерени и потоа да раскинат, отколку да бидат напуштени без предупредување.rnrn2. Криење огромни тајни. Особено ако станува збор за зависност или долгови. Голем дел од паровите сметаат дека токму овие тајни можат да водат кон неизбежен крај на врската.rnrn3. Доколку таа не го гледа својот партнер како татко на нејзините деца или обратно, доколку тој не ја гледа како мајка на неговите деца. На овој начин вие им кажувате дека едноставно не гледате иднина со нив.rnrn4. Раскажување на тајните без дозвола. Доколку партнерот ви довери тајна, тој или таа се потпира на вас за поддршка. Со споделувањето на тајната тие споделиле со вас и нешто интимно, кое доколку биле пренесено понатаму ќе ги боли повеќе одошто неверство.rnrn5. Лажење. Доколку се напиете, завршите со друга личност во кревет и веднаш го признаете тоа има барем некакви шанси да ви биде опростено. Но, доколку лажете и го криете тоа од вашиот партнер, кога тогаш ќе излезе на виделина и потоа веднаш ќе го/ја изгубите.rnrn6. Вртење на децата против вашиот партнер или партнерка. Ниту еден родител не би можел да се справи со оваа ситуација.rnrn7. Озборуварање зад грб. Особено кога станува збор за неговите или нејзините роднини и пријатели.

  • Што се случува со нашето тело кога се расправаме со саканата личност?

    Што се случува со нашето тело кога се расправаме со саканата личност?

    Расправиите и несогласувањата се дел од секоја романтична врска. Секој кој барем еднаш остро се искарал со саканата личност знае дека тоа може да предизвика чувство на исцрпеност и умор, но од каде доаѓаат тие интензивни чувства и кои се физичките последици кога се расправате?rnrnСпоред науката, паровите кои се подолго време во врска и имаат однос исполнет со стрес и чести расправии се во опасност да развијат здравствени проблеми како висок крвен притисок и зголемување на нивото на кортизол што може да доведе до поголем ризик од развој на дијабетес, срцев и мозочен удар.rnrn0-shto-se-sluchuva-so-nasheto-telo-koga-se-raspravame-so-sakanata-lichnost-kafepauza.mkrnrnДобрата вест е што со малку свесност и сочувство поголемиот број парови можат да ги одбијат овие штетни предизвикувачи на стрес уживајќи во сите позитивни здравствени предности кои среќната врска може да ги донесе.rnrn1. Се зголемува стресот – За време на караница, се активира амигдалата која ослободува кортизол – хормонот кој предизвикува стрес.rnrn2. Вашето срце работи забрзано – Стресот кој се создава предизвикува забрзана работа на срцето.rnrn3. Се крева крвниот притисок – Поради забрзаното дишење и поактивната работа на срцето, вашиот крвен притисок се зголемува.rnrn4. Вашето дишење се забрзува и вашите гради се затегнуваат – Кога се лутите, вашиот крвен притисок се зголемува и вашите гради се шират во потрага по екстра кислород.rnrn5. Вашиот имунолошки систем не е во нормална состојба– Премногу стрес во подолг период може да предизвика намалена функција на клетките кои се борат против разни болести.rnrn6. Се предизвикува тензија и стегање на забите – Кога се лутите на саканата личност може да предизвикате тензија во мускулите во главата, вратот, рамениците и вилицата.rnrn7. Се оштетуваат гласните жици – Ако се дерете за време на долга караница, може да ги оштетите гласните жици.rnrn8. Чувствувате возбуда – Кога паровите се расправаат, тие добиваат доза епинефрин и норепинефрин – истите хормони кои се ослободуваат кога се возите на луда железница.

  • Вселување заедно: Исповеди за искуствата на неколку девојки

    Вселување заедно: Исповеди за искуствата на неколку девојки

    Заедничкото вселување е многу важен момент кој означува сериозен напредок во љубовната врска, но тоа не мора да значи дека врската ќе продолжи да се движи само нанапред. Понекогаш споделувањето простор (а и сметки) ги искушува границите на паровите. Некогаш пак, е совршено јасно дека сето тоа било грешка и дека воопшто не сте требале да бидете заедно. На крајот, најдоброто нешто што може да произлезе од тој чекор, е да продолжите да си живеете среќно и заљубено до крајот на животот. Точно е дека никој не може да го предвиди исходот од ваквата одлука, па затоа неколку девојки ги опишуваат нивните искуства.rnrnrn

    3 месеци

    rn

    „Јас и бившиот се вселивме заедно по три месеци. Двајцата бевме ‘сигурни’ дека тоа ќе биде засекогаш. По една година, двајцата веќе бевме во потрага по нов (одделен) стан. Посакувам да чекав и да планирав да се вселам заедно кога ќе се верам.“ – Алисон, 32

    rn

    6,5 години

    rn

    „Јас и моето момче се запознавме во првата година на факултет и излегувавме 4 и пол години. Поминаа две години од тогаш и неодамна се вселивме заедно. Прилично сум сигурна дека тој е вистинскиот.“ – Софи, 23

    rn

    4 години

    rn

    „Јас и моето момче се вселивме по 4 години (откако ни се смачи да живееме кај родителите), но тоа испадна тотален кошмар. Пет месеци откако живеевме заедно, раскинавме и јас се отселив. Два месеци после тоа, сфативме колку сме биле глупави и се смиривме, иако сѐ уште не живееме заедно.“ – Јана, 26

    rn

    1,5 години

    rn

    „Се вселивме по година и пол откако станавме пар. Живеевме на спротивни страни од градот, а тоа ни одземаше по еден час за патување – па затоа бевме спремни да започнеме одново во наш заеднички дом. Ние сме добри цимери – бевме искрени и комунициравме за нашите маани и доблести уште пред да се вселиме. Исто така, го сакаме времето што го поминуваме сами. Само што се веривме и мислам дека е безбедно да кажам дека сѐ испадна океј.“ – Џесика, 27

    rn

    2,5 години

    rn

    „Јас и бившиот излегувавме долго време кога решивме да се вселиме заедно. Тоа изгледаше како следниот логичен чекор, а исто така малку ги отворивме и темите за свршувачка. Се сакавме – тоа е сигурно, но кога ќе погледнам наназад, многу се каравме. Мислам дека двајцата мислевме дека тој чекор ќе ги разреши проблемите, но тоа не се случи. 8 месеци подоцна, јас се отселив. Продолживме да се гледаме по некое време, но на крајот едноставно не ни успеа.“ – Елиса, 32

    rn

    3 години

    rn

    „Јас и моето момче се вселивме неколку месеци откако јас се преселив во Њујорк по завршување на факултетот. Веќе 3 години бевме заедно откако завршивме факултет и тој тргна на патување низ Индија кое траеше 6 месеци. Два месеци откако замина, му се јавив да го прашам дали да барам стан во Њујорк само за мене или за двајцата. Тој додаде: ‘Кажи ми во следните четири часа’.Четири дена подоцна се вселивме заедно. Тоа беше пред 10 години. Сѐ уште сме заедно и веќе сме во брак.“ – Трејси, 32

  • 14 реални нешта што се случуваат по првото раскинување на врската

    14 реални нешта што се случуваат по првото раскинување на врската

    Раскинувањето на неколку часа или на неколку дена е нешто што им се случува на сите парови. Нема начин да се избегне, без разлика колку е срамотно и тешко за справување. Секој пар искусува вакви моменти, можеби уште после првата караница или уште при првата закана за раскинување. Ова е сосема нормално и очекувано е да ни се прелие чашата во одреден момент – сепак сме само луѓе.rnrnИако вие сте одлучиле да се смирите, некои работи едноставно никогаш повторно нема да бидат исти – тоа го знаете вие, но и луѓето околу вас кои ја набљудувале таа врска. Затоа, соочете со вистината и погледнете кои се 14-те нешта кои, за жал, се случуваат по првото раскинување на врската.rnrn0-14-realni-neshta-shto-se-sluchuvaat-po-prvoto-raskinuvanje-kafepauza.mkrnrn1. На вашите пријатели им го уништивте мислењето за вашиот партнер – Партнерот сега за нив претставува личност која ја мразат, а враќање назад нема.rnrn2. Фамилијарните собири ги направивте многу почудни – Мајка ви ќе мисли на други нешта кога ќе го/ја замоли да ѝ ја подаде солта.rnrn3. Ќе треба уште 10 пати да раскинете за навистина да раскинете – Ако се вакви раскинувањата – тогаш Господ знае какви се разводите…rnrn4. Барем на миг, ја замислувате таа личност како бивш партнер –„О не, тоа би било чудно, тој/таа знае премногу за мене…“rnrn5. Вашите зборови немаат толку големо значење како што имале претходно – Всушност, кога ќе му/ѝ кажете неколку навредливи зборови само го губите вашиот кредибилитет.rnrn6. Немате толку моќ колку што сте мислеле дека имате – Ве фати дека блефирате и сега му/ѝ праќате 20 пораки во кои молите за прошка.rnrn7. Раскинувањето како да тече по одредено сценарио – Прво ќе почнете да се расправате за некоја ситница, па ќе стигнете до големите проблеми и секако, мора да има барем неколку навреди и пцовки.rnrn8. Конечно гледате колку сте приврзани – Толку приврзани што се откажувате од вашата гордост во рок од помалку од еден час и ја барате таа личност да ви се врати.rnrn9. Има дел од вашиот карактер кој никогаш повеќе не ќе можете да го скриете За жал, вие засекогаш ќе бидете момчето/девојката кое полуде поради лајк на Инстаграм и кое раскина поради тоа.rnrn10. Сексот ќе биде подобар иако сѐ станува полошо – После првото раскинување големи се шансите да дојде до пропаст на врската затоа што знаете како изгледа крајот, но барем ќе паметите дека сексот бил добар.rnrn11. Ќе чувствувате поголем срам кога ќе одите на работа отколку кај него/неа – Не се посрамотивте пред партнерот, туку се посрамотивте пред сите колеги и луѓе кои некогаш ве почитувале и ви се восхитувале. Сега сте само психопат со ужасен партнер.rnrn12. Вие не сте повеќе „парот за пример“ – Сега сте пар за кои другите коментираат: „Им давам шест месеци.“rnrn13. Пиењето само ги влошува работите – Ако мислите дека пијанењето за да го/ја преболите ќе ви помогне во процесот на заборавањето, тогаш многу се лажете. Не само што нема да го/ја преболите туку повторно и одново ќе влегувате во таа врска.rnrn14. Никогаш нема целосно да се помирите – Секоја втора караница ќе ја вклучува реченицата: „Ајде раскини со мене! Како да го немаш тоа претходно направено!“

  • 8 причини кои дефинитивно ќе ве убедат да останете пријатели со бившиот партнер

    8 причини кои дефинитивно ќе ве убедат да останете пријатели со бившиот партнер

    Да се биде пријател со бившиот партнер не е секогаш најдобра идеја. Некогаш таа личност треба навистина да си замине од вашиот живот и никогаш повеќе да не се врати. Но, ако сте имале мирољубиво и пријателско раскинување и најголемата причина за тоа раскинување било тоа што повеќе си одговарате платонски, тогаш можеби можете да ја спасите вашата поврзаност.rnrn0-8-pricni-koi-definitivno-kje-ve-ubedat-da-ostanete-prijateli-so-bivshiot-partner-kafepauza.mk_rnrnИако да се биде пријател со бивш е тешко и многу ризично, сепак може да има многу придобивки. Ако вежбате трпеливост, љубезност и ако ги почитувате границите на пријателството, еве кои позитивни нешта можат да произлезат од вашето пријателство.rn

    1. Не морате да ги делите заедничките пријатели

    rnАко заедно си бившиот/ата сте биле дел од поголемо друштво, едно од најчестите прашања по раскинувањето е кој да престане да се дружи со нив. Но, ако останете во пријателски односи, и двајцата можете да продолжите да бидете дел од друштвото. Исто така, луѓето надвор од таа врска нема да бидат приморани да одлучуваат со кого да продолжат да се дружат.rnrn1-8-pricni-koi-definitivno-kje-ve-ubedat-da-ostanete-prijateli-so-bivshiot-partner-kafepauza.mkrn

    2. Никој не е негативец

    rnГолем дел од раскинувањата се претвораат во навреди, огорченост и презир и ве спречуваат да најдете некоја нова личност. Ако останете пријатели, поголеми се шансите подобро да го пребродите сингл периодот.rnrn2-8-pricni-koi-definitivno-kje-ve-ubedat-da-ostanete-prijateli-so-bivshiot-partner-kafepauza.mkrn

    3. Добивате пријател кој најмногу ве познава

    rnВашите пријатели можеби ве знаат добро, но не на истиот начин како што ве познава личноста со која сте излегувале. Вашиот бивш партнер најдобро може да ве прочита и тоа е ретка, но многу важна особина која треба да се поседува за да може едно пријателство да опстои. Тие ќе ви го кажат она што не сакате да го слушнете, иако знаете дека во тие моменти токму тоа ви треба.rnrn3-8-pricni-koi-definitivno-kje-ve-ubedat-da-ostanete-prijateli-so-bivshiot-partner-kafepauza.mkrn

    4. Нема за што да се карате

    rnВие веќе ги имавте сите караници, а нивното решение беше раскинувањето.rnrn4-8-pricni-koi-definitivno-kje-ve-ubedat-da-ostanete-prijateli-so-bivshiot-partner-kafepauza.mkrn

    5. Имате бескраен извор на шеги

    rnОна што е можеби најубаво нешто во продолжување на пријателството со бивш/а е тоа што можете да се смеете на мааните на другиот. Затоа постојат пријателите, се разбира сѐ додека и двајцата можете да ги издржите „ударите“ на другиот.rnrn5-8-pricni-koi-definitivno-kje-ve-ubedat-da-ostanete-prijateli-so-bivshiot-partner-kafepauza.mkrn

    6. Имате помал багаж за следната врска

    rnВашето љубовно минато може многу да му каже на новиот потенцијален партнер. Ако имате историја на лоши раскинувања, тогаш можеби вие сте проблемот, но ако сте имале раскинувања без никакви проблеми тогаш тие ги нагласуваат вашите позитивни квалитети со кои можете да придонесете во новата врска.rnrn6-8-pricni-koi-definitivno-kje-ve-ubedat-da-ostanete-prijateli-so-bivshiot-partner-kafepauza.mkrn

    7. Можете да сте среќни еден за друг

    rnМожеби ќе ви биде чудно ако навивате вашиот бивш партнер да пронајде нова љубов, но тоа е многу забавно. И плус, тоа е ефективен начин да им кажете на идните партнери дека немате проблеми со минатото и дека и тие не би требало да се грижат за тоа.rnrn7-8-pricni-koi-definitivno-kje-ve-ubedat-da-ostanete-prijateli-so-bivshiot-partner-kafepauza.mkrn

    8. Следното раскинување нема да биде толку страшно

    rnБарем сте научиле дека е во ред да се стави крај на нешто што не функционира. Распаднатата врска не мора да значи дека времето било залудно потрошено – можеби тоа било само потрнлив пат кон прекрасно пријателство.rnrn8-8-pricni-koi-definitivno-kje-ve-ubedat-da-ostanete-prijateli-so-bivshiot-partner-kafepauza.mk