КАФЕ ПАУЗА

Tag: караници

  • 4 предизвици со кои се соочуваат паровите кога патуваат заедно

    4 предизвици со кои се соочуваат паровите кога патуваат заедно

    Велат дека ако партнерите заедно патуваат тие ќе добијат јасен приказ за стабилноста и силата на врската. И навистина е така. Постојано ќе бидете заедно, понастрана од љубопитните погледи на фамилијата и пријателите и најмногу ќе научите еден за друг. Тие неколку дена можат да бидат показател за вашиот заеднички живот и за она што може да следува понатака.rnrn0-4-predizvici-so-koi-se-soocuvaat-parovite-koga-patuvaat-zaedno-kafepauza.mkrnrnНо, иако можете да научите многу од заедничкото патување, сепак тоа може да доведе до конфликт. Ако не сте внимателни, вашиот одмор од соништата може да се претвори во кошмар. Затоа еве 4 проблеми и нивните решенија.rn

    1. Доцнење

    rnАко постои едно нешто што може да ве онерасположи за време на патување, тоа е доцнењето. Иако во половина од случаите не е по ваша вина, доцнењето заради проверка пред тргнувањето или заради која било друга активност за време на одморот може да предизвика кавги како и пропуштени шанси во кои и двајцата може да уживаат.rnrnЗа да избегнете негативност едноставно договорете се да пристигнете пред време. Ако сепак не можете да ги контролирате моменталните околности, прифатете компромис. Сигурно постојат уште многу забавни варијанти. Сепак, што е повозбудливо од тоа да бидете заедно на ново место?rn

    2. Ненадејни промени во планот

    rnКонечно пристигнавте и среќни сте и возбудени за турата којашто следи. Но, од некои причини таа е откажана. Ненадејните промени за време на патувањата се чести. Особено ако планирате да се впуштите во активности кои бараат да пешачите по планини или да поминувате покрај реки, бидејќи тие најмногу зависат од временската прогноза.rnrnАко се случи нешто вакво, бидете оптимистични. Гледајте на тоа како да се отворило слободно место во вашиот веќе зафатен распоред. Направете нешто поинакво. Одморете се и галете се во креветот или дишете со полни гради и истражувајте го местото каде што престојувате.rn

    3. Различна бранова должина

    rnАко сте љубители на скокање со банџи, додека тој сака да остане во хотелот и да спие, големи се шансите да настанат тензии. За да го избегнете ова, разговарајте за вашите очекувања уште пред да тргнете и изградете распоред врз база на нив. Вака ќе постои време за она што двајцата го сакате и кога целата работа ќе се заврши, вие ќе бидете среќни и задоволни.rn

    4. Губење

    rnГубењето во ново место е авантура сама по себе, но ако времето не е на ваша страна и големи се шансите да го испуштите автобусот, тогаш најверојатно ќе почнете да се убивате меѓу себе. Во ова модерно време и да се изгубите не е баш некаков проблем бидејќи има луѓе околу вас кои имаат мобилни телефони и можат да ве упатат. Но, ако се наоѓате во селски или рурален предел ќе ви е потребен малку поголем труд за да го најдете патот за дома. Обратете им се со почит на локалните жители и замолете ги за помош или насоки. Ако не ве разбираат, барајте јавно место како ресторан или полициска станица каде што знаете дека некој може да ви помогне. Уште поважно, останете заедно и имајте трпение. Залудно е да барате виновник бидејќи двајцата ги сносувате последиците и единствен начин да се спасите е ако работите заедно.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Која е најчестата причина за несогласувања помеѓу партнерите?

    Која е најчестата причина за несогласувања помеѓу партнерите?

    Заедничкиот живот покрај прекрасните моменти, со себе носи и проблеми кои најчесто се поврзани со незначителни ситници. Едно истражување ни покажало дека најчестата причина за бурните караници помеѓу партнерите, која се појавува во просек на секои 11 денови, е нередот во домот.rnrnКоја е најчестата причина за несогласувања помеѓу партнерите?rnrnТрупањето непотребни ситници како спортската опрема, расипаните кујнски апарати, непотребните алати и слично едноставно ги вади од такт жените. Од друга страна пак, мажите не можат да ги поднесат илјадниците непотребни сентиментални ситници кои нивните партнерки ги чуваат уште од основно училиште, кои немаат никаква корист, па дури не можат да се употребат ни како декорации.rnrn1 од 8 парови признале дека тие тајно ги уништуваат оние нешта кои сметаат дека се непотребни за својот партнер, додека пак кај сите парови, само во првата година од заедничкиот живот се отфрлаат предмети чија вредност може да достигне и до 350 евра.rnrnПодатоците се резултат на едно британско истражување кое било спроведено врз повеќе од 2.000 парови кои делат заеднички простор и чии несогласувања можат да резултираат со крај на врската. Психолозите советуваат дека компромисот е клучниот дел за успех на врската, но веднаш позади него е и подготвеноста на партнерите да ги менуваат оние навики кои ги стекнале додека биле сингл.

  • Книга: „Сè што премолчавме“ – Марк Леви

    Книга: „Сè што премолчавме“ – Марк Леви

    Колку е нераскинлива врската меѓу таткото и ќерката? Има ли грешки коишто никогаш не се простуваат?rnrnНаслов на оригиналот: Toutes ces choses qu’on ne s’est pas dites – Marc LevyrnrnСè што премолчавме - Марк ЛевиЗа разлика од поголемиот дел од писателите кои тврдат дека отсекогаш знаеле дека животот ќе го посветат на пишувањето книги, Марк Леви својот професионален пат го има изградено во сосема поинаков правец. На млади години започнал да работи за „Црвен крст“ паралелно студирајќи менаџмент и компјутерски науки за подоцна да основа фирма за графички дизајн. Неколку години подоцна тргнува во друга насока формирајќи успешна компанија за внатрешен дизајн за потоа, на 37 години да ја напише својата прва книга и уште еднаш, за последен пат целосно да ја смени својата кариера и да стане посветен писател.rnrnНеговото прво дело „If only it were true” доживеа и филмска адаптација под режисерската палка на Стивен Спилберг, а денес неговите книги се преведени на повеќе од 42 јазици. Роден е во Франција, а моментално живее во Њујорк.rnrnСè што премолчавме - Марк Леви rn

    Синопсис

    rnКога 30-годишната Џулија добива повик од личниот секретар на нејзиниот татко од кој нема слушнато година дена, се наоѓа во продавница за венчаници и се спрема за нејзината свадба. Но повикот е малку поинаков од оној што го очекува, нејзиниот татко Ентони Волш, не само што нема да присуствува на нејзината свадба туку пронашол и совршен изговор – мртов е! Па така, наместо свадба и патување, Џулија викендот го поминува депресивна, осамена и гневна благодарение на долгите години поминати во караници и несогласувања со нејзиниот татко и фактот дека никогаш вистински не го запознала. Но, наскоро дознава дека иако е можеби тажна и лута, сепак нема да биде осамена. Џулија добива огромна пратка, а во кутијата, последното нешто што некогаш би го очекувала.rnrnМожноста да го врати изгубеното време, шансата да се надоместат сите изгубени моменти и сите пропуштени разговори и совети е пред неа и тоа на најневозможниот начин кој постои. Џулија добива подарок, изненадување, можеби дури и некој вид казна, 6 дена кои ќе ѝ го променат животот, 6 дена кои засекогаш ќе го променат сеќавањето за нејзиниот починат татко. Патувањето на кое ќе ја одведе, љубовта која за првпат вистински ќе ја почувствува и тајната која конечно ќе биде откриена, ја прават оваа приказна вистински емоционален ролеркостер – забавен, непредвидлив и потресен од момент во момент.Сè што премолчавме - Марк Леви rn

    Лична критика

    rnОдносот меѓу родителите и децата е секогаш интересна тема за читање особено затоа што многу често се пронаоѓаме во сите тие емотивни приказни и сплетки. Иако главните ликови се татко и ќерка кои добиваат неверојатна шанса да ја поправат својата врска и грешките од минатото, мислам дека со книгава ќе се поврзе секој кој изгубил драга личност и посакувал да има барем момент плус за збогување.rnrnНие луѓето знаеме да бидеме премногу гневни, премногу огорчени и разочарани и неверојатно е колку знае да ни биде тешко едноставно да разговараме со нашите најблиски. А оваа книга не потсетува токму на тоа, изгубените моменти не се враќаат, неизговорените мисли другите никогаш нема да ги дознаат, а поттиснатите чувства се само фрустрација која постојано расте.rnrnОва е првата книга која ја прочитав од Марк Леви и морам да кажам дека е навистина талентиран автор со прекрасен стил на изразување. Ми се допаднаа интересните и зајадливи разговори помеѓу Џулија и нејзиниот најдобар пријател Стенли и интелигенцијата, но и суровоста која се чувствува низ коментарите на Ентони. И секако, моментот на изненадување со кој Марк го вовлекува читателот во приказната и го држи внесен во страниците до самиот крај.rnrnОва е приказна за одлуките и изборите кои мораме да ги направиме, за љубовта за која никогаш не е доцна да се обидеме да ја добиеме назад, за вината која е неизбежна со секој избор што родителите го прават за своите деца и конечно за фактот дека секогаш ќе бидеме нечиви чеда без разлика на тоа каде ќе нè однесе животот.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да се справите со лошите колеги?

    Како да се справите со лошите колеги?

    Секаде има по некој вработен кој не знае како добро да соработува. Некои од тие луѓе се арогантни, други се прават дека знаат сè, трети се спремни да ви забијат нож в грб, а има и такви што постојано се жалат, обвинуваат и ја префрлаат одговорноста на другите. Не мора да ја замразите работата заради такви луѓе. Наместо тоа, применете ги овие неколку совети и полесно ќе се справите со нив.Како да се справите со лошите колеги?rn

    Предвидете го нивното однесување и бидете подготвени

    rnАко некој колега многу ве нервира поради однесување кое постојано се повторува, недозволиво е да бидете изненадени кога тоа уште еднаш ќе се случи. Тој што цело време одбива да соработува и понатаму ќе го прави тоа, а тој што еднаш ве шпионирал кај шефот пак ќе го направи тоа. Тоа што веќе имате искуство со нив треба да го употребите во ваша полза. Спремете одговор за неизбежниот конфликт. Така ќе го избегнете гневот и ќе можете рационално да го решите проблемот.rn
    rn

    Не поттикнувајте лошо однесување

    rnЛошите колеги сакаат да предизвикуваат конфликти и уживаат во тоа. Иако е предизвикувачки гневно да им се спротивставите, тоа само ќе ве спушти на нивното ниво. Тие ја бараат борбата од вас, а со тоа вие великодушно ќе им ја дадете. Наместо тоа, покажете им го веќе спремениот одговор без лоши емоции. Многу е веројатно дека тогаш ќе се префрлат на некој друг да му додеваат. Кога не можете да се сложите, прекинете ја дискусијата со изјава од типот „имаме различни мислења за ситуацијава“, а ако колегата продолжи и понатаму, предложете му да го посетите вашиот заеднички надреден за да помогне во решавање на конфликтот.rn
    rn

    Не сфаќајте ги лично

    rnКако што веројатно знаете, конфликтните луѓе не војуваат заради проблемите што ги имаат со другите, туку поради проблемите што ги имаат со самите себе. Кога доаѓате во судир со таква личност, вие всушност сте само алатката која тие ја користат за да зајакнат својата ниска самодоверба и да се заштитат себеси. Тоа што тие ве напаѓаат токму вас не значи дека нешто кај вас не чини.rnrnНа крај, иако не постои вистински начин да се справите со лошите колеги, туку само да ги избегнете проблемите со нив, не заборавајте и на овие неколку совети за да не ја влошите ситуацијата.rn
    rn

      rn011

    • избегнувајте „ти“ изјави и заменете ги со „јас“ тврдења. Подобро е да речете: „Мене ми се чини дека имаме проблем“, отколку: „Ти ги правиш проблемите“.
    • rn011

    • избегнувајте испади на гнев поради нивното некоректно однесување
    • rn011

    • избегнувајте сарказам
    • rn011

    • избегнувајте одбранбен став
    • rn011

    • и уште еднаш, не дозволувајте си да им го подарите конфликтот кој ним толку многу им е потребен
    • rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Работата од дома создава стрес и караници

    Работата од дома создава стрес и караници

    Иако примарна цел на оние луѓе кои прифаќаат да работат од дома им е поминувањето на поголемиот дел од времето со своето семејство, како и заштеда на некој денар на сметка на превозот и храната, сепак, последните истражувања докажуваат дека е неопходно да излегувате од дома за да ги наполните батериите и да ги избегнете непотребните кавги и недоразбирања.Работата од дома создава стрес и каранициИнститутот „Rensselaer Polytechnic“ од Њујорк открил дека работата од дома исцрпува повеќе од онаа на работното место. Нивната цел била да го докажат стресот при мешање на приватниот и професионалниот живот. Докажано било дека четири од пет работници кои имаат работно место надвор од домот, се чувствуваат лошо затоа што не можат да ги ускладат семејните и работните обврски, а оние кои работат од дома се во уште полоша состојба.Работата од дома создава стрес и караници Нивниот најголем проблем се куќните обврски, кои не стигнуваат да ги завршат иако се дома, како и караниците со домашните, поради долгиот период поминат заедно во истиот простор. Колку повеќе домашните проблеми и караници се мешаат со работните обврски, толку поголем е стресот врз лицето кое работи од дома. Па така, иако технологијата овозможува работење од дома, сепак треба да убаво да се размисли дали е паметно да се одбере ваква опција.rnrnШто мислите вие? Работењето од дома е придобивка или недостаток на јасна граница помеѓу приватниот и професионалниот живот?rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Смешни причини за кавги меѓу партнерите

    Смешни причини за кавги меѓу партнерите

    Кавгите со партнерот некогаш се издржани и можеби причина да размислувате за разделба, но многу често се смешни и во никој случај не се вредни да ви го расипуваат расположението и ведриот дух кој владее помеѓу вас. Која од овие ситуации била причина за кавга во вашиот случај?Смешни причини за кавги меѓу партнерите1. „Не ми се верува дека имаше секс со _____ пред мене.“rnrnСекако дека ова не е вистинската причина за лутењето и кавгата. Веројатно се работи за нешто друго што ги оптоварува мислите на вашиот партнер, но ова му е канал за покажување на револтот. Која е инаку логиката за ваквото обвинение? Тоа е исто како добиете покана за судење за казната за брзо возење која ја имате платено уште пред две години.rnrn2. „Ќе одиме кај моите родители за Велигден?“rnrnВо случајов може да се работи за кој било друг празник, а целата работа се состои во тоа што вашиот партнер веројатно никогаш не се чувствува многу комотно и пријатно во друштвото на вашите родители, но понекогаш мора да биде подготвен да даде потврден одговор. Ако неговиот одговор не е она што сте сакале да го чуете, веројатно ќе следува констатацијата: „Ти не ги сакаш моите родители“, што неретко може да доведе до поголема кавга, неколкудневно лутење, па и евентуален прекин на врската.rnrn3. „Во кој ресторан сакаш да одиме на вечера?“rnrnЗапрашајте се колку пати овој муабет бил извор на напнатост и причина за кавга во вашата врска. Вистината е дека кога ќе ви се постави ова прашање, вие веројатно го знаете одговорот, знаете и што ви се јаде и каде ви се јаде, но сакате да делувате прилагодливи и попустливи, па му ја препуштате одлуката на партнерот. На тој начин, него го товарите со обврската да пресече, но и да ви ги погоди моменталните преференции за храна и место за јадење. Зарем реално очекувате тој да ви прочепка во мислите, па и во стомакот!?rnrn4. „Вака сакаш да изгледам?“rnrnКога сте подолго време во врска, го губите правото да кажете дека некој друг ви е привлечен. Иако ја газите земјата заедно со уште 6 милијарди луѓе, кога сте со некој, тој е единствениот за вас, кој ете сте имале среќа да го најдете. Ако после коментарот за изгледот на некоја филмска ѕвезда, се погледнете во огледало и не сте задоволни од себе, па згора на тоа и ви текне дека веќе некое време не сте имале секс, наеднаш се раѓаат еден куп загрижувачки мисли, кои или ќе одлучите да ги премолчите или ќе прераснат во кавга од типот: „Ти не ме сакаш веќе мене“, „Знам дека ме мразиш“ и сл. Смешно, нели?rnrn5. „Твои се немиениве чинии?“rnrnСекако дека се негови. Но, во врските, на ваквото прашање скоро редовно му следува ироничен одговор од типот: „Не, гарант влегол комшијата Зоки, му се јадело, си спржил јајца, па ги оставил“. Овие кавги не завршуваат тука, па после две-три препукувања на истата тема, многу лесно се преминува на нешто друго, како: „Можеби и би си ги миел чиниите кога ти не би ги оставала твоите шминки низ целиот стан.“rnrn6. „Секогаш доцниш.“/„Кога ќе тргнеме?“rnrnНаучно е невозможно двајца луѓе да бидат подготвени за излегување во исто време. Но, додека едниот се спрема, а другиот „дреме ко мисир“, неизбежно е да се зголемува нервозата и лутината, што на крајот ќе експлодира со прашањето (со висок тон на гласот): „Добро, ќе излеземе некогаш од дома?“rnrn7. „Не ме слушаш кога ти зборувам.“rnrnКолку повеќе време поминувате со некого, толку помалку имате потреба да го слушате за да навистина „го слушнете“. Наместо тоа, во состојба сте да процените што ќе каже вашиот партнер според изразот на лицето, гестикулациите и висината на тонот на гласот, слично како што научниците комуницираат со делфините. Но, ако партнерот ве фати дека не го слушате, или барем го претпостави тоа, готов/а сте. Налутениот партнер во таков случај не чека одговор, туку веднаш избрзува со констатациите: „Ти мене не ме слушаш повеќе“, „Јас си зборам сам/а на себе“ итн. Обидете се некогаш да го почекате одговорот, можеби ќе се изненадите.rnrnРазмислете колку пати сте се скарале токму заради една од овие причини и ќе сфатите дека навистина се смешни за расправии.rnrnИмате да додадете некоја ваша на листата?rnrn—————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.