КАФЕ ПАУЗА

Tag: калапи

  • Вистински луѓе или восочни фигури?

    Вистински луѓе или восочни фигури?

    Оваа фотосесија со пливачи е креирана од страна на уметникот Carole Feuerman од Менхетен. Интересното во овие фотографии е тоа што моделите кои ги гледате на нив, не се вистински луѓе, туку совршено извајани восочни фигури. Ви звучи неверојатно? Поверувајте!Вистински луѓе или восочни фигури?Вистински луѓе или восочни фигури?50-годишната Керол поминува исцрпувачки 6 месеци над секоја скулптура, но нејзиниот макотрпен труд „де факто“ се исплати, со оглед на тоа што една скулптура ја продава по цена 250.000 фунти. Нејзините модели се толку реалистични и „живи“ што луѓето кога ќе ги погледнат, честопати не можат да препознаат дека тоа што го гледаат пред себе е восок, а не човек од крв и месо.Вистински луѓе или восочни фигури?Вистински луѓе или восочни фигури?Колекцијата хиперреалистични скулптури опфаќа разнообразни женски и машки восочни модели облечени во костими за капење или бикини. Секоја скулптура е различна личност, со посебен идентитет и карактер, а капките кои се лизгаат по „кожата“ ја прават нивната реалистичност уште пореална.Вистински луѓе или восочни фигури?Вистински луѓе или восочни фигури?Вистински луѓе или восочни фигури?.rn

    „Моето студио може да ги изненади посетителите, бидејќи е секогаш пренатрупано со разни делови од човечкото (т.е. восочното) тело, поради што повеќето честопати малку се вознемируваат кога ќе влезат внатре.“ – вели Керол

    rnВистински луѓе или восочни фигури?Вистински луѓе или восочни фигури?.rn

    „Додека создавам и бојам некоја скулптура, луѓето кога зборуваат за истата, ја употребуваат личната заменка „тоа“. Но, кога делото е завршено, луѓето потсвесно почнуваат да ги нарекуваат „тој“ или „таа“ – за мојата уметноста зборуваат како за вистински луѓе. Дури и оние луѓе кои работат со мене години наназад и се навикнати на мојата уметност, го прават истото.“ – додава таа

    rnВистински луѓе или восочни фигури?Вистински луѓе или восочни фигури?Вистински луѓе или восочни фигури?Вистински луѓе или восочни фигури?.rn

    „Дизајнот на моите восочни скулптури ретко е вајан според телото на еден човек. Најчесто го користам лицето на еден човек, торзото од друг, а рацете и дланките од трет. Некои скулптури ги имам изработено од деловите на телата на 6 различни луѓе.“

    rnВистински луѓе или восочни фигури?Вистински луѓе или восочни фигури?Вистински луѓе или восочни фигури?Вистински луѓе или восочни фигури?За воопшто да го започне процесот на изработка на некоја скулптура, Керол најпрвин прави калап од делот од човечкото тело што ù е потребен, така што го премачкува со полиестерова смола и го облепува со газа. Кога смесата ќе се исуши ја одлепува од телото и калапот е готов. Откако ќе го создаде восочниот модел, таа внимателно го струга со шмиргла за да му ја направи кожата мазна како човековата. Потоа неколку седмици го прска моделот во стотици слоеви спреј во кожа-боја и му прикачува коса од природно влакно, за да му даде целосно реалистичен изглед.Вистински луѓе или восочни фигури?Вистински луѓе или восочни фигури?Вистински луѓе или восочни фигури?Вистински луѓе или восочни фигури?.rn

    „Мојата цел како уметник не е само да создадам реалистични модели. Не се обидувам да го правам она кое што го прават во Мадам Тисо и едноставно да создавам „живи“ скулптури. Мојата уметност раскажува приказна и јас сакам набљудувачите да бидат дел од неа и вистински да ја почувствуваат емоцијата која ја пренесува карактерот на секоја скулптура.“

    rnПогледнете како изгледа процесот на изработка на восочно торзо, од ултразгодниот манекен Richard Nuzzolese. :)rn

    rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Овошни коцки мраз

    Овошни коцки мраз

    Ова е една многу кул идеја која со сигурност ќе најде примена во текот на жешкото лето. Во ледени чаеви, ладни овошни сокови или во обична вода, овие овошни коцки мраз со шумско овошје ќе ви бидат вистински хит ова лето.rnrnОвошни коцки мразrn

    Потребно е:

    rn

      rn011

    • калапи за мраз
    • rn011

    • шумско овошје (свежо или замрзнато)
    • rn011

    • вода
    • rn

    rn

    Подготовка:

    rnПодготовката е иста како и за обичните коцки мраз. Разликата е во тоа што треба да ставите помало количество вода од вообичаеното. Во секоја вдлабнатина ставете по едно од сите различни овошја и калапот ставете го во замрзнувач.rnrnОвошни коцки мразОвошни коцки мразОвошни коцки мразОвошни коцки мразrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како поинаку да ги употребите калапите за мраз?

    Како поинаку да ги употребите калапите за мраз?

    Калапите за замрзнување вода од кои потоа се прават најразлични форми мраз се херојот во домаќинството за време на летниот период. Но, тие можат да ви се најдат преку целата година во кујната и тоа на најразлични начини. Како?rn
    rn

    Вино

    rnАко не сте го испиле целото шише вино, остатокот претурете го во калапите за мраз и потоа, употребете ги коцките за правење сосови или супи.Како поинаку да ги употребите калапите за мраз?rn

    Кафе и чај

    rnЗамрзнете приготвено кафе или чај и добиените коцки мраз употребете ги кога ќе правите ледено кафе или леден чај, без притоа да го разводнувате напитокот со замрзната вода.Како поинаку да ги употребите калапите за мраз?rn

    Замрзнете го лимоновиот сок кој останал во бокалот

    rnПотоа можете да ги употребите овие овошни коцки за да ги додавате во чаеви или во чиста вода.Како поинаку да ги употребите калапите за мраз?rn

    Домашна супа (без фиде)

    rnИзвадете неколку коцки од фрижидерот за длабоко замрзнување и понесете ги со себе на работа за да си направите топла супа во микробрановата печка или пак фрлете ги во термос со загреана вода. Одлична идеја за оние кои мора да ги почитуваат правилата на некоја диета.rn
    rn

    Уникатно место за чување накит

    rnВашиот накит секогаш ќе се наоѓа на едно место, плус ќе го избегнете заплеткувањето и нередот.Како поинаку да ги употребите калапите за мраз?rn

    Палета за бои

    rnКреативно нели? Одлично решение за љубителите на сликањето.Како поинаку да ги употребите калапите за мраз?rn

    Замрзнување и чување бебешка храна

    rnЗеленчукот сварете го на пареа, испасирајте го, додадете вода за да ја добиете посакуваната густина и ставете ја смесата во калапите.Како поинаку да ги употребите калапите за мраз?rn

    Замрзнување белки од јајца

    rnКога ќе наидете на рецепт кој бара да ги употребите само жолчките, едноставно претурете ги белките во калапот за коцки мраз и замрзнете ги за употреба во иднина.rn
    rn

    Замрзнати песто коцки

    rnСтавете од преостанатиот песто сос во калапите. Така, наредниот пат може да го искористите во супа, во тестенини или како дресинг за салата.Како поинаку да ги употребите калапите за мраз?rn

    Карамелизиран кромид и печен лук

    rnИспечете го лукот во фолија и карамелизирајте го кромидот. Добиената смеса распоредете ја во калапите за мраз. Така, кога ќе ви требаат овие продукти, само одмрзнете ги и веднаш употребете ги.rn
    rn

    Свежи зачини

    rnСвежите магдонос, коријандер, нане или босилек ситно исечкајте ги, завиткајте ги во помалку ќесиња и ставете ги во калапите за коцки мраз. Така тие ќе ја задржат бојата и вкусот до следното одмрзнување.Како поинаку да ги употребите калапите за мраз?rn

    Други практични примени:

    rn

      rn011

    • Одделување и организирање семиња
    • rn011

    • Организирање на витаминските апчиња кои ги пиете во текот на денот
    • rn011

    • Замрзнати коцки доматно пире
    • rn011

    • Калапи за желе
    • rn011

    • Чување штрафчиња и шајчиња
    • rn011

    • Калапи за колачи
    • rn011

    • Мали сладоледи од овошни сокови набодени на дрвени стапчиња
    • rn

    rnШик совет: Направете ароматизирани коцки мраз. Како? Многу лесно. Земете ги калапите за мраз. Во секоја вдлабнатина ставете по едно ливче нане. Врз ливчето полијте со доволно вода. Оставете да се замрзне водата. Ете! Сега имате уникатни ароматизирани коцки мраз кои можете да ги пробате со џин-тоник или некој овошен чај.Како поинаку да ги употребите калапите за мраз?rn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.