КАФЕ ПАУЗА

Tag: кафеав шеќер

  • Вистини и митови за кафеавиот шеќер

    Вистини и митови за кафеавиот шеќер

    Дали знаете што точно купувате кога пазарите? Дали се интересирате за содржината на секој производ или само махинално го одбирате оној што ви се допаѓа? Брзото темпо на живеење и немањето доволно слободно време за подготвување на оброци честопати ни прави дополнителен притисок и нѐ тера да се замислиме што всушност јадеме. Редовните оброци се исто толку важни како и нивната нутритивна содржина.rnrnВистини и митови за кафеавиот шеќерrnrnМитови и вистини за здравата храна постојат многу. Една од оние вистини или невистини кои би требало да ги расчистиме е дали е подобро да користиме бел или кафеав шеќер. Или да бидеме попрецизни, ќе го поставиме прашањето малку поинаку: Дали воопшто знаете како се произведува кафеавиот шеќер и дали навистина тој е подобар од белиот?rnrnОдговорот е ДА. Тајната лежи во меласата која всушност прави шеќерот да ја има таа фина светлокафеава нијанса, менувајќи го и вкусот, кој добива ароматична и длабоко богата нота. Но, она што е најважно да го научите и запомните е дека токму оваа меласа е главниот виновник за зголемување на есенцијалните нутритивни вредности бидејќи една супена лажица содржи значително количество калиум, како и калциум, магнезиум и витамин Б. Таа, за разлика од кристалите шеќер побргу се растопува во водата, па затоа доколку земеме лажиче кафеав шеќер, го потопиме во чаша вода и ја промешаме, за кусо време водата ќе се обои, а со тоа ќе ги измие нерафинираните кристали.rnrnМеласата е всушност смеса од здробена шеќерна трска која се додава во вода која се грее до зовривање. Овие две состојки се мешаат додека не се создаде кафен сируп, т.е. меласа. Доколку сакаме да добиеме бел шеќер тој се подложува на повеќекратно центрифугирање со кое се отстранува меласата, која всушност е најквалитетниот дел. Па затоа, колку шеќерот е потемен толку количеството на меласа е поприсутно, а со самото тоа и неговиот квалитет поголем. Секогаш кога имате потреба од засладување наместо бел шеќер употребете кафеав нерафиниран шеќер, но се разбира во умерени количини бидејќи и тој содржи калории.rnrnСовет: Кафеавиот шеќер содржи поголемо количество на вода, поради присуството на меласата, па затоа внимавајте да биде секогаш убаво затворен и складиран по употребата, за да се успори испарувањето на водата и спојување на кристалите. Во тој случај, тој брзо се стврднува во поголеми парчиња и се отежнува неговата употреба.

  • Ослободете се од стресот, главоболката и несоницата со помош на овие 2 состојки

    Ослободете се од стресот, главоболката и несоницата со помош на овие 2 состојки

    Доколку патите од несоница и главоболка, солта и шеќерот можат да бидат од голема помош. Кога ќе ги помешате овие 2 состојки заедно, добивате бројни здравствени предности како што се олеснувањето на главоболките и симптомите на мигрена, намалувањето на проблемите со неспиењето како и јакнењето на имунолошкиот систем и подобрувањето на физичкото здравје. Но, се разбира треба да се внимава во нивното консумирање и да се практикува нивната умерена примена, бидејќи прекумерното користење може да предизвика негативни последици врз вашето здравје. Во продолжение прочитајте го рецептот кој има само 2 состојки, а безброј придобивки.rnrnОслободете се од стресот, главоболката и несоницата со помош на овие 2 состојкиrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 1 лажица морска сол
    • rn011

    • 5 лажици кафеав шеќер
    • rn

    rnНапомена: Односот помеѓу солта и шеќерот секогаш треба да биде 1:5.rn

    Начин на подготовка:

    rnПомешајте ги двете состојки заедно и ставете ги во една стаклена тегла.rn

    Начин на употреба:

    rnПод јазикот ставете помала количина од смесата и почекајте да се стопи. Повторувајте го овој метод секоја вечер, пред спиење. Натриумот во морската сол ќе го подобри процесот на клеточното дишење и ќе биде одличен извор на енергија за целото тело. Овие 2 состојки се моќно оружје во борбата против стресот и анксиозноста.

  • 5 работи кои воопшто не треба да ги нанесувате на лицето

    5 работи кои воопшто не треба да ги нанесувате на лицето

    Сите жени сакаат да експериментираат со производите кои ги ставаат на лицето, а маските и лосионите кои се приготвуваат во кујната отсекогаш им биле занимливи. Меѓутоа, експертите предупредуваат дека треба да внимавате што ставате на лицето, како и дека не треба да ставаме на нашата кожа сè што ќе ни биде на дофат. Токму затоа и треба да ги држите следниве 5 нешта што подалеку од вас.rnrn1-5-raboti-koi-voopshto-ne-treba-da-gi-nanesuvate-na-liceto-www.kafepauza.mk_rn

    1. Алкохол

    rnСо алкохолот честопати се дезинфицираат рани, но по никоја цена не треба да го нанесувате на акните и раните на лицето, бидејќи во истиот момент тој ќе ја исуши вашата кожа.rn

    2. Шеќер

    rnВеќе е познато дека прекумерното консумирање шеќер води до слабеење на еластичноста на кожата, па и со самото тоа до појава на брчки. Експертите велат дека не станува збор само за неговото внесување, туку и дека шеќерот што го ставаме на кожата може да ги создаде истите несакани последици. Затоа, маските со кафеав шеќер треба да ги користите само во борбата против целулитот, а никако да ги ставате на лицето.rnrn2-5-raboti-koi-voopshto-ne-treba-da-gi-nanesuvate-na-liceto-www.kafepauza.mk_rn

    3. Лосион за тело

    rnВерувале или не, многу жени го користат лосионот за тело како крема за лице. Тоа е потполно погрешно, бидејќи кожата на лицето е многу поделикатна од кожата на телото и за неа се потребни понежни производи. Исто така, лосионите за тело честопати содржат парфеми и светки, кои може да му наштетат на лицето.rn

    4. Сода бикарбона

    rnСода бикарбоната честопати се спомнува во некои рецепти за домашна изработка на пилинг за лице, но размислите: доколку таа може да ги избели забите, дали навистина е безопасна за лицето?rnrn3-5-raboti-koi-voopshto-ne-treba-da-gi-nanesuvate-na-liceto-www.kafepauza.mk_rn

    5. Лак за коса

    rnСекако, ниту една од нас не би нанела лак за коса свесно на нашето лице, но големи се шансите дека го правиме тоа несвесно. Лакот за коса е полн со хемикалии кои ги затвараат порите, поради што може да дојде до појава на акни.

  • Митови за шеќерот во кои веднаш треба да престанете да верувате

    Митови за шеќерот во кои веднаш треба да престанете да верувате

    Сигурно многупати сте прочитале дека консумирањето шеќер е штетно за здравјето, дека од него страдаат забите и се појавуваат акни и мозолчиња. Но, постојат многу митови и невистини дека консумирањето шеќер предизвикува одредени последици и дека влијае на здравјето воопшто.rnrn2-mitovi-za-shekjerot-vo-koi-vednash-treba-da-prestanete-da-veruvate-www.kafepauza.mk_rnrnПрвиот таков мит е дека шеќерот е одговорен за хиперактивноста. Овој мит е толку популарен и всаден во мозокот на луѓето ширум светот, па многу родители веруваат дека ако им дадат парче кекс или чоколадо на своите деца тие ќе „полудат“, ќе добијат енергија и ќе започнат да дивеат по куќата. Ова верување настанало поради тоа што слатките најчесто се консумираат на прославите како што се: родендени, забави, слави, венчавки или крштевки. Па затоа, логично е тогаш луѓето, но и децата малку да „полудат“, повеќе да се расположат и да подиват. Доброто расположение нема врска со шеќерот или слатките, а секако шеќерот не е одговорен за доброто или лошо расположение.rnrnУште едно погрешно верување е дека шеќерот предизвикува дијабетес. Дијабетесот најчесто е наследен, а го предизвикуваат и нездравите навики, начинот на живот и лошиот избор на производи. Имајте на ум дека ако јадете многу чоколади тоа не ве прави кандидат за дијабетичар.rnrn1-mitovi-za-shekjerot-vo-koi-vednash-treba-da-prestanete-da-veruvate-www.kafepauza.mk_rnrnВо желба да ослабете, сигурно најпрво ќе се определите во чајот или кафето да ставате кафеав наместо бел шеќер, бидејќи некаде сте прочитале дека е поздрав и помалку калоричен од белиот шеќер. Кафеавиот шеќер содржи многу адитиви, вештачки бои и многу е понездрав од белиот. Лага е дека белиот шеќер е високо калоричен и дека се дебелеете од него.rnrnУште едно верување кое не само што е обичен мит, туку и ќе влијае штетно врз вашето здравје е дека треба да го избегнувате овошјето, бидејќи е преполно со сахароза. Овошјето е полно со влакна и да, содржи шеќер, но тој шеќер е природен и не е исполнет со адитиви и нездрави состојки од кои се направени некои слатки, џемови, кремови и слично. Овошјето содржи влакна кои ќе ви помогнат да го стабилизирате холестеролот и да го изедначите шеќерот во крвта. И затоа треба да консумирате овошје секогаш кога ќе имате прилика.

  • Со што е најдобро да го засладите вашето кафе?

    Со што е најдобро да го засладите вашето кафе?

    Постојат многу различни извори шеќер, па понекогаш е многу тешко да се одлучите за најдобрата варијанта. Нутриционистите и фитнес тренерите едногласно се согласуваат дека вие би требало да внесувате минимална количина шеќер во текот на денот, односно продуктите кои се богати со шеќер би требало да содржат 10-15% од храната која ја внесувате во организмот. Па, тогаш кој е најдобриот избор за засладување на вашето кафе?rnrnСо што е најдобро да го засладите вашето кафе?rn

    Стевија

    rnСтевијата е здрав и природен засладувач кој се добива со преработка на лисјата од билката со исто име кое потекнува од Парагвај. Таа е и до 30 пати послатка од шеќерната репка која се користи за традиционалното производство на кристален шеќер.rnrnЗА: Природен извор за засладување кој нема калории, не предизвикува кариес и не го подигнува нивото на гликоза во крвта, па токму затоа се препорачува на дијабетичарите и на оние кои се на диета.rnrnПРОТИВ: Остава силен вкус во устата по нејзиното консумирање на кој треба да се навикнете. Претерувањето со стевијата може да ја зголеми желбата за благо.rn

    Мед

    rnМедот е густ сок кои пчелите медарки го изработуваат од цветен нектар. Постојат неколку десетици видови мед во зависност од изворот на нектарот (на пример, багремов, цветен, од жалфија…), како и од конзистентноста на плодот.rnrnЗА: Медот е одличен извор на витамини и минерали, додека истовремено го красат и антибактериски својства кои го смируваат воспаленото грло, надразнетиот желудник и целиот дигестивен систем. Тој е вистинска бомба за имунитетот.rnrnПРОТИВ: Нутриционистите го гледаат повеќе како целосен продукт, наместо како извор за засладување. Токму затоа и станува збор за исклучително калоричен продукт – во една лажица мед се наоѓаат околу 60 калории.rn

    Кокосов шеќер

    rnКокосовиот шеќер се добива од растителниот сок од кокосовите цветови, кои потоа се сушат на високи температури, поради кои овој шеќер добива темна боја.rnrnЗА: Богат извор на минерали (особено на железо и магнезиум) со ниска количина на гликоза поради која и се препорачува за дијабетичарите.rnrnПРОТИВ: Станува збор за калоричен засладувач кој се наоѓа на исто ниво како медот.rn

    Сируп од агава

    rnОвој природен засладувач кој се добива од јужноамерикански кактус познат е и како медена водица. Тој е многу посладок и поредок од медот, па токму затоа се користи во многу мали количини.rnrnЗА: Прилагоден е за употреба на дијабетичари и личности кои се чувствителни на шеќер бидејќи има мал гликозен индекс.rnrnПротив: Калориска бомба од која треба да се пазите ако држите диета.rn

    Кафеав шеќер

    rnПроизвод кој се добива од делумно рафинирање на шеќерна трска поради која има потемна боја од класичниот рафиниран шеќер. Тој има поголема влажност и лепливост.rnrnЗА: За време на процесот за изработка на овој производ, делумно остануваат одредени минерали и хранливи продукти поради кои е поздрав избор за засладување од белиот шеќер.rnrnПРОТИВ: Во маркетите можете да најдете многу „лажни“ видови кафеав шеќер, кој всушност е само обоен бел шеќер. Вистинскиот кафеав шеќер е подложен на спојување што ја забавува неговата примена во кујната.rn

    Кристализиран бел шеќер

    rnБелиот шеќер е производ од рафинирање на шеќерната репка и шеќерната трска. Тој е исклучително сладок и е во форма на снежно бели кристали.rnrnЗА: Ниска цена, широка достапност и едноставната применливост во користењето овозможува лесно користење при подготовка на сите видови храна и напивки.rnrnПРОТИВ: Има висок гликозен индекс, не содржи хранливи материи, го поттикнува создавањето кариес и предизвикува дебелеење.rn

    Вештачки засладувачи

    rnТие се синтетизираат преку индустриски пат, а достапни се во маркетите во облик на течности, прашок или таблети.rnrnЗА: Имаат вкус кој е многу сличен на шеќерот, не содржат сахароза, а имаат и минимална количина калории.rnrnПРОТИВ: Со оглед на тоа што се синтетизирани на хемиски пат, нивното долготрајно влијание врз телото не е доволно истражувано и испитувано.

  • Превкусна зашеќерена торта со јаболка

    Превкусна зашеќерена торта со јаболка

    Здрав и сладок десерт за целото семејство. Искористете ги јаболката кои оваа сезона ги има во изобилие.

    rnПревкусна зашеќерена торта со јаболкаrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 250 г брашно
    • rn011

    • 250 г кафеав шеќер
    • rn011

    • 3 кафени лажички цимет
    • rn011

    • 280 г путер (исечен на коцки)
    • rn011

    • 1,3 кг есенски јаболка (сочни и кисели)
    • rn011

    • 100 г шеќер
    • rn011

    • 2 супени лажици пченкарен скроб
    • rn011

    • Шеќер во прав (по потреба)
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn011

    1. Во блендер ставете го брашното, кафеавиот шеќер и две кафени лажички цимет. Изблендирајте ја смесата додека состојките не се соединат. Додајте ги и коцките путер и продолжете да блендирате додека на површината не почнат да излегуваат малечки меурчиња.
    2. rn011

    3. Дел од смесата налејте во „прстен“ тава каде може да ги отворите страните по печењето. Остатокот од смесата ставете го во сад со средна големина. И садот и тавата оставете ги во фрижидер да се оладат, најмалку 20 минути. Во меѓувреме загрејте ја рерната на 180˚.
    4. rn011

    5. Излупете ги јаболката, исечете ги на средина, исчистете ги и исечете ги на кришки.
    6. rn011

    7. Извадете ги тавата и садот од фрижидер. Тавата поставете ја врз плех за печење обложен со алуминиумска хартија. Доколку немате ваква тава може да користите и обична округла тава, обложена со хартија за печење.
    8. rn011

    9. Исечените јаболка ставете ги во еден сад и зачинете ги со шеќерот, пченкарниот скроб и 1 кафена лажичка цимет, така што добро ќе наросите од сите состојки. Откако јаболката ќе почнат да го впиваат шеќерот, внимателно почнете да ги ставате врз смесата од тавата подготвена за печење. Како што ги ставате парчињата јаболка, лесно притискајте ги и ставете колку што можете повеќе. Може нема да ги употребите сите јаболка, но ставете доволно, оставајќи место за уште еден слој од смесата. Потоа смесата од садот налејте ја врз јаболката.
    10. rn011

    11. Тавата ставете ја во рерна и печете околу 1 час и 15 минути, додека тестото добие златна боја. Извадете ја тавата од рерната, со нож поминете по краевите на тавата и почекајте тортата целосно да се олади.
    12. rn

    rnЗа сервирање исечете ја тортата на парчиња и врз секое од парчињата наросете шеќер во прав по ваша желба.rnrnПревкусна зашеќерена торта со јаболка

  • Домашен пилинг за тело од кафеав шеќер

    Домашен пилинг за тело од кафеав шеќер

    Летото е на прагот, а на вашата кожа дефинитивно ѝ е потребно освежување, кое ќе ве направи да се почувствувате привлечни и неодоливи. Едноставен да се направи по дома и суперевтин, овој пилинг за тело е многу понежен за вашата кожа од оние коишто се базирани на сол. Тој ќе ви ја подобри циркулацијата и ќе ви ги отстрани мртвите клетки од вашата кожа. Препорачан е од страна на луксузниот спа-центар во хотелот Dove Mountain, Аризона.rnrnДомашен пилинг за тело од кафеав шеќерrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 200 грама кафеав шеќер
    • rn011

    • 150 грама бадемово масло
    • rn011

    • 1 супена лажица витамин Е
    • rn011

    • 1 супена лажица ванилин екстракт
    • rn

    rn

    Начин на употреба:

    rnИскомбинирајте ги сите течни состојки и потоа додадете го шеќерот. Можете да додадете и неколку капки етерично масло од рузмарин, кој е еден вид природен конзерванс кој ќе го одржува рокот на употреба на вашиот природен пилинг. Употребувајте го пилингот во када, пред да се туширате, триејќи го на вашата кожа, во кружни движења. Потоа измијте го шеќерот со тушот, но не го измивајте маслото со сапун, за кожата да ви остане свиленкасто мазна и да има совршена влажност.rnrnДомашен пилинг за тело од кафеав шеќерrnrnОткако ќе го направите рецептот, можете да го складирате во стаклен сад со капаче, а истиот ќе можете да го користите во времетраење од околу 1 месец.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Три едноставни домашни третмани кои мора да ги пробате

    Три едноставни домашни третмани кои мора да ги пробате

    Секојдневно сме изложени на стрес и нервози, па затоа во слободните часови сакаме да се релаксираме. На нашата кожа исто така ѝ е потребен третман за релаксација и нега по стресниот ден. Не мора да се изложувате на скапи третмани, овие три домашни третмани се лесни и едноставни, а воедно многу корисни.rnrnТри едноставни домашни третмани кои мора да ги пробатеrn

    1. Третман на коса со маслиново масло

    rn

    Маслиновото масло не служи само за готвење, одлично е и за разубавување! Докажано е дека маслиновото масло ѝ дава сјај на косата и ги заштитува нејзините врвови.

    rnТри едноставни домашни третмани кои мора да ги пробатеrnrnСо цел да го користите како балсам за коса, вмасирајте околу две лажици маслиново масло во косата и скалпот. Колку маслиново масло ќе искористите зависи од должината и волуменот на вашата коса. Не заборавајте да масирате добро, од маслиновото масло имате многу придобивки. Завиткајте ја вашата коса со топла, влажна крпа и почекајте од 30 до 45 минути. Ова овозможува подобар ефект на третманот. Потоа измијте ја косата со шампон, можеби ќе ви бидат потребни две измивања за целосно да го отстраните маслото. Оставете ја косата да се суши по природен пат и самите ќе ги забележите резултатите уште по првиот третман.rn

    2. Чудотворната маска

    rn

    Оваа маска можете лесно да ја направите сами, а сè што ви треба е: морско оревче, мед и цимет. Не само што одлично делува за релаксација на кожата, дополнителна предност е што мириса навистина добро.

    rnТри едноставни домашни третмани кои мора да ги пробатеrnrnМорското оревче и медот имаат одлично дејство на смирување на кожата, намалуваат отоци и црвенила, а исто така спречуваат појави на лузни од акни. Додека пак, морското оревче во комбинација со мед е одличен ексфолијант. Најпрво направете мал тест и проверете дали вашата кожа дава какви било лоши реакции на некоја од состојките. За да ја направите маската измешајте две лажици мед со лажичка цимет и лажичка рендано морско оревче. Мешавината треба да добие изглед на густа паста. Откако ќе ја нанесете маската, оставете ја на лицето 30 минути. Измијте ја со топла вода и кружни движења за да добиете дополнителен ефект на пилинг.rn

    3. Пилинг за тело од кафеав шеќер

    rn

    Пилингот е секогаш најдобар начин да ја освежите кожата и да ги отстраните мртвите клетки, особено ако е направен по природен пат.

    rnТри едноставни домашни третмани кои мора да ги пробатеrnrnСе подготвува многу едноставно. Само измешајте половина чаша крупен кафеав шеќер, лажица мед, малку маслиново масло, и на крај исцедете малку лимон. Вмасирајте по кожата на вашето тело, па добро исплакнете. Мириса добро, а на вашата кожа ѝ дава мекост и нежност. Едноставно, мора да го пробате.

  • Ескимско кафе

    Ескимско кафе

    Автор: Александраrn(поднесено преку „Предложи содржина“)rnrnЛедено освежување за во топол есенски денЕскимско кафеrnrnПотребни состојки:rn

      rn011

    • 2 и пол шолји варено кафе
    • rn011

    • ½ голема лажица кафеав шеќер
    • rn011

    • 5 големи лажици чоколаден сируп
    • rn011

    • ¼ голема лажица цимет
    • rn

    rnПодготовка:rnrnСе варат две и пол шолји кафе. Нека се излади кафето целосно, а потоа да се стави во замрзнувач за да се замрзне. Во меѓувреме, во блендер се ставаат млекото, чоколадниот сируп, кафеавиот шеќер и циметот. Се миксаат и потоа смесата се става во замрзнувач додека се олади. Пред сервирање, се земаат искршени парчиња од замрзнатото кафе, се ставаат во блендерот заедно со претходно подготвената смеса и повторно се миксаат. Ладниот напиток прелијте го во голема чаша. :)rnrnСакате и вашиот текст да биде објавен на Кафе паузаПишете ни. ———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.