Ова не се само обични филмови. Тие во себе содржат силни пораки кои ќе ги научат вашите деца како да донесуваат добри одлуки, да го зголемат својот морал и како да станат најдобрата верзија од себе. Задоволни сме што компаниите како „Дизни“ и „Пиксар“ ги праќаат истите пораки кои ние сакаме да им ги пренесеме на нашите деца. Па затоа, одвоите малку време и погледнете ги овие филмови заедно со вашите деца.rnrn
rn
1. „Мулан“ – Никогаш не откажувајте се!
rnМулан е млада девојка кој дознава дека нејзиниот татко е повикан во војска. Знаејќи дека тој никогаш не би преживеал под строгите мерки на војната во својата држава, таа одлучува да се маскира и да се приклучи во војната на негово место.rnrn
rn
„Цветот кој цути во тешки околности е најредок и најубав од сите.“
rn
2. „Кралот лав“ – Учете од своите грешки!
rnМладиот наследник на престолот учи како да ја балансира одговорноста со забавата преку обиди и грешки, патем создавајќи прекрасни пријателства.rnrn
rn
„Ах, да, минатото може да боли. Но, од моја гледна точка, може да бегаме од него, или пак… да научиме од него.“
rn
3. „Пепелашка“ – Трпението е доблест
rnПосле ненадејната смрт на нејзиниот татко, младата Ела се препушта на милост и немилост на својата маќеа. И покрај сите околности, Ела одбива да очајува. Една покана за бал ја враќа надежта на Ела дека повторно ќе го види странецот кој го запознала во шумата, но нејзината маќеа нема да ѝ дозволи да замине. Помошта пристигнува од една жена која со помош на магија обичните работи ги претвора во волшепство.rnrn
rn
„Дури и за чудата е потребно време.“
rn
4. „Аладин“ – Не судете ја книгата по кориците!
rnАладин е уличен крадец кој живее во голем, бучен град заедно со својот најверен пријател, мајмунчето Аби. Кога на принцезата Јасмин ќе ѝ досади животот во палатата, таа тајно ќе побегне и случајно ќе го запознае Аладин. Аладин е фрлен во затвор, но успева да побегне со помош на магичната ламба. Легендата вели дека само еден човек кој се издвојува од останатите може да ја добие старата ламба од „пештерата на чудата“. Аладин можеби одговара на тој опис…rnrn
rn
„Нека не ве залажува надворешниот изглед. Како и за многу други работи, не е важно она што е однадвор, туку она што се крие однатре.“
rn

rn
rn
rn
rn
Ако до пред нешто повеќе од 10-тина години занесено зјапавте во вашите телевизори, а пак на нив во горниот агол стоеше добро познатото црно-бело лого со буквите „C“ и „N“, тогаш сигурно уживавте во авантурите на вашиот омилен „Картун нетворк“ јунак. Без многу должење, кој ги гледал знае колку беа добри и колку ни фали барем уште по една сезона од „Декстер“, „Авантурите на Били и Менди“…rnrn
Супергенијот од детe – Декстер смета дека хранењето на својата риба е побитно од учење француски, па наоѓа начин како да го научи преку ноќ. „Omlette du Fromage“ е единствената реченица која ќе успее да ја научи на француски, е воедно и онаа која ќе го претвори во „локал-селебрити“.rnrn
Кариџ, кој со помош на својот компјутер ги прави најневеројатните подвизи за да ги спаси од опасност своите многу сакани стопани, пред сè Мјуриел (Muriel). Често запаѓајќи во екстремно тешки и крајно непријатни ситуации, знае да си ги каже овие зборови како утеха.rnrn
Џони Браво изгледа како Џејмс Дин и звучи како Елвис. Тој е огромен нарцис со замаглен тек на мисли, карактеристики кои го водат во бескрајната мисија на вечна потрага, полна со неуспешни обиди, да се привлече и заведе припадничка на понежниот пол.rn
Ед, Едд и Еди се чудни момци кои донесоа многу новини и глупава забава (во нејзиното најдобро светло) во нашиот телевизиски свет, но и во светот на цртаните филмови. Тие се тројца другари кои ги поминуваат деновите смислувајќи планови како да станат богати со тоа што ќе извлечат пари од нивните врсници. Секојдневните чудни авантури низ кои поминуваат најчесто се испреплетени со најголемата љубов на Ед – Gravy. Тој чува бескрајни залихи од овој сос во својата јакна, термос кој го носи секаде, па дури и во своите патики.rn
Уште еднаш, несфатениот Дон Жуан, неуспешниот Ромео, самобендисаниот Казанова или со други зборови глупавиот гениј Џони Браво…rnrn
И повторно Кариџ, кој иако е херој во сите епизоди, не е ликот кој стои зад оваа реплика. Овие зборови се „трејдмарк“ на Јустис (Eustace – какво име :)): „YOU STUPID DOG!“rnrn
Мендарк, како што се нарекува самиот, или Сузан како што го викаат неговите хипи-родители е заколнатиот непријател на Декстер и е во состојба да направи сè за да ги саботира неговите планови и да ја уништи неговата лабораторија. Реченицава погоре е проследена со единственото заразно Мендарк-смеење: хахаха ха-ха-ха хахахаrn










