КАФЕ ПАУЗА

Tag: јавност

  • Урнебесни детски изјави што ги засрамиле нивните родители во јавност

    Урнебесни детски изјави што ги засрамиле нивните родители во јавност

    Да се биде дете е одлична работа, затоа што можете колку сакате да ги засрамувате вашите родители, без притоа да чувствувате грижа поради тоа. Во многу ситуации родителите не знаат како да реагираат, токму поради изјавите на нивните деца. Колку и да им било засрамувачко на овие родители во некои моменти, вам со сигурност ќе ве насмеат овие изјави.rnrnЗабавно и ќе ве насмее: Засрамувачки работи кои децата ги имаат кажано во јавностrn

    „Петгодишниот син на мојата пријателка, во трговскиот центар покажа кон жена муслиманка која беше целосно покриена со облека (вклучувајќи го и лицето), па викна: ‘Мамо, нинџа!’“

    rn

    „Додека одевме да гледаме како мојата ќерка игра фудбал, синот ме праша како се прават бебињата. Па, јас му кажав за спермата, јајце клетките и така натаму. Изгледаше дека тој размислува длабоко за она што го реков. Отидовме на фудбал и седнавме помеѓу другите родители и тој рече: ‘Тато, дали твојата сперма е сѐ уште во мене?’ Јас речиси ќе умрев!“

    rn

    „Мојата ќерка еднаш праша едно црно момче зошто е направено од чоколадо. Бев многу засрамена. Тој мислеше дека тоа е смешно.“

    rn

    „Кога бев бремена со најмалата ќерка, ние ѝ објаснивме на постарата дека мама има бебе во својот стомак и дека тато ѝ го ставил таму. Па, таа секогаш сака да биде баш како мама, па започна да им кажува на луѓето наоколу дека таа има бебе во нејзиниот стомак и дека татко ѝ го ставил таму… можете да замислите како изгледав!“

    rn

    „Мојата тригодишна ќерка Маделин гласно извика во еден јавен тоалет: ‘Мамо, зошто имаш брада долу?’“

    rnЗабавно и ќе ве насмее: Засрамувачки работи кои децата ги имаат кажано во јавностrn

    „Се состанував со едно момче кога мојот син беше можеби 7-8 години. Една ноќ требаше да го земам од аеродром и го понесов син ми со мене. Додека возевме накај дома, ние тројцата почнавме да ја играме играта ‘Крени ја раката ако некогаш…’, па 5 минути подоцна, мојот син извика: ‘Крени ја раката ако некогаш си го затнал тоалетот со голем измет како што направи мајка ми денес.’“

    rn

    „Ќерка ми е опседната со деловите од човечкото тело. Особено со вагини и пениси и таа постојано ги прашува непознатите: ‘Дали имате пенис или вагина?’ Но, тоа не е најужасниот дел. Еден ден во црквата таа седеше во скутот на нејзиниот татко и една од постарите жени која седеше покрај нас, рече: ‘Ох, колку убаво седиш во скутот на твојот татко! Сигурно ти се допаѓа што тој е овде!’ (Таа го рече ова затоа што мојот сопруг работи многу, па ретко е во можност да дојде во црква со нас). На ова, мојата ќерка рече: ‘Јас не седам во неговиот скут, јас седам на неговиот пенис. Дали некогаш сакаш да седиш на пенисот на мојот татко?’“

    rn

    „Мојот четиригодишен син почувствува потреба да ги предупреди ‘старите’ луѓе дека ќе умрат… Тој ѝ кажа на една жена во продавница: ‘Старите луѓе умираат… а вие не изгледате многу добро.’“

    rn

    „Кога имав околу 3 години, татко ми ми рече дека пушењето е лошо и дека само идиотите пушат. Неколку дена подоцна, ние се разминавме со жена која пуши. Се присетив на она што ми го кажа татко ми, па со најсилен можен глас реков: ‘Тато, погледни во овој идиот кој пуши цигари!’“

    rnrn

    „Кога бев бремена со второто дете, ние ѝ рековме на тогаш тригодишната ќерка, дека стомакот на мајка ѝ е толку голем затоа што внатре има бебе. Неколку дена подоцна, во ресторанот покрај нас помина дебела жена. Ќерка ми извика: ‘Погледни, мамо! Оваа жена има бебе во нејзиниот задник!’“

    rnПродолжете на втората страница за преостанатите урнебесни детски изјави!rnrn

  • Како јавноста реагира кога маж напаѓа жена? А што доколку е обратно?

    Како јавноста реагира кога маж напаѓа жена? А што доколку е обратно?

    Многу кампањи ја поттикнуваат свеста за домашното насилство, но воглавно се концентрираат на жените кои се жртви на нападите на нивните мажи. Ова видео ќе ве поттикне да согледате дека жените не се единствените кои може да бидат жртви на домашно насилство.rnrnКако јавноста реагира кога маж напаѓа жена? А што доколку е обратно?rnrnОвој спот ќе ве поттикне да размислите како гледате на насилството. Постојат многу мажи кои се жртви на насилство но никогаш не зборуваат за тоа отворено. Дали кој било вид насилство треба да биде оправдан? Се бориме за полова рамноправност или потајно се надеваме на нечија доминантност?rn

    „Фактите говорат јасно. 60% од случаите на домашно насилство се против жени додека 40% се против мажи. Насилството е погрешно 100%. Насилство е насилство.“

    rnrn

  • 4 видови бакнежи кои мора да ги совладате во животот

    4 видови бакнежи кои мора да ги совладате во животот

    Во машко-женските љубовни односи, сѐ започнува со бакнувањето, па затоа треба да му се даде големо значење на овој акт. Можете да замислите врска во која нема бакнување? Тој сладок интимен момент дефинитивно е една од најважните алки во врските, како на почетокот во процесот на запознавање и забавување, така и потоа за одржување на врската и љубовта воопшто.rnrn4-vidovi-baknezhi-koi-mora-da-gi-sovladate-vo-zhivotot-kafepauza.mkrnrnБез разлика дали сте личност која сака повеќе или помалку да се бакнува, постојат неколку видови бакнежи кои мора да ги совладате во животот бидејќи без нив дефинитивно не би можеле нормално да функционирате.rn

    Првиот бакнеж

    rnОној најслаткиот, но и најнезгодниот. Премногу јазик, премалку јазик, несинхронизиран ритам… Понекогаш самиот страв од него создава трема која може да го уништи целиот момент. Наш совет е само да се опуштите. Само затоа што вам ви изгледа како да правите нешто погрешно, не значи дека тоа е навистина така. Ви гарантираме дека и личноста со која се бакнувате во моментот се чувствува исто.rn

    Бакнеж во јавност

    rnПостојат парови кои едноставно не знаат дека можат да се бакнуваат во јавност исто како што тоа го прават помеѓу 4 ѕида. Бакнежот во јавност може да биде страстен, но воедно и премногу „вкусен“ за туѓите очи. Во превод, ако случајните минувачи имаат чувство како да упаднале во еротски филм бидејќи гледаат јазици на сите страни, веројатно тоа го правите премногу страсно. Јавниот бакнеж, сепак, е малку посрамежлив од оној кој го практикувате дома.rn

    Бакнеж пред родителите

    rnВо овој случај дефинитивно важи правилото повеќе е помалку. Секако дека и вашите и родителите на вашиот партнер знаат дека вие се бакнувате, но тоа не значи дека мора да присуствуваат на 10-минутна размена на страсти, плунка и воздишки. Пред родителите бидете минималисти во бакнувањето, не затоа што треба нешто да глумите, туку затоа што едноставно така е пристојно.rn

    Милионитиот бакнеж

    rnКога некој пар е долго време заедно, бакнежите често паѓаат во втор план, што секако дека не е добро. Очекувано е милионитиот бакнеж да не биде ист како првиот, но мора да ја задржите навиката да се бакнувате, бидејќи бакнежите ги зближуваат луѓето. Ако заборавите да се бакнувате, ќе ги изгубите и пеперутките во стомакот, кои одвреме-навреме, е добро да ги имате.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 12 знаци дека станува збор за секс, а не за врска

    12 знаци дека станува збор за секс, а не за врска

    Секако дека вие ја имате слободата да одлучите каков ќе биде вашиот однос со одредена личност. Но, не би смееле да се залажувате дека станува збор за врска кога не е. Можеби само вие или пак и двајцата се залажувате дека сте во љубовна врска, а она што всушност го имате е само секс. А тоа е во ред сè додека и двајцата знаете на што сте. Размислете дали за вас важат сите или повеќето од наведените точки подолу.rnrn12 знаци дека станува збор за секс, а не за врскаrnrn1. Речиси секогаш кога ќе се видите имате секс. Многумина се залажуваат мислејќи дека таквиот однос има некаква посилна основа. Се гледате со цел да имате секс. Тоа е секс, не е врска.rnrn2. Ви се јавува навечер. Доаѓа кај вас доцна. Помисливте дека нема доволно време поради работата? Не, вие сте неговиот/нејзиниот booty call.rnrn3. Не сака да излегувате заедно. Да, понекогаш останувањето дома е слатко, романтично и пријатно. Но, ако не сака да поминува многу време со вас надвор од спалната соба, размислете добро за вашиот однос.rnrn4. Не зборува многу за своето семејство. Или ги знаете најосновните работи, или пак воопшто не ни знаете дали неговите/нејзините родители се живи. Ни пријателите, а ни семејството сè уште не ве запознале.rnrn5. Не сака да знае ништо за вашето семејство. Не само што не зборува за своето семејство, не ни сака да чуе нешто повеќе за вашето.rnrn6. Телефонските разговори или пораки најчесто се со сексуална содржина. И покрај тоа што страста мора да постои, доколку вашите разговори се сведуваат на сексуалната содржина, она што вие го имате со таа личност не е љубовна врска.rnrn7. Се сретнувате на места каде вашата средба лесно би завршила со секс. Речиси секогаш се сретнувате на места каде може да се случи секс. Неговиот/нејзиниот или вашиот дом, на пример.rnrn8. Нема преспивање. Доаѓате еден кај друг доцна во ноќта, и си заминувате малку подоцна, но не спиете заедно.rnrn9. Средбата завршува со сексот. После секс под туш, па дома. Без галење, гушкање и долги разговори… да, тоа е само секс.rnrn10. Без длабоки разговори. Паровите зборуваат за многу работи надвор од спалната соба. Но, ако не уживате во заеднички долги разговори и не се интересирате за неговите/нејзините мислења, ниту тој/таа за вашите, (или интересот е едностран), не залажувајте се, она што вие го имате е секс.rnrn11. Договор за секс. Вашите телефонски разговори се сведуваат на договор за секс-средба, каде и кога.rnrn12. Вашиот однос не е јавен. Секако дека е многу важно врската да биде дискретна до некој степен, но доколку постојано се одбегнувате во јавност, тоа веќе значи нешто друго.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Работи од кои се срамиме кога сме во јавност

    Работи од кои се срамиме кога сме во јавност

    Секој од нас се посрамотува по 4 пати дневно – открива едно најново истражување. Помеѓу работите кои ни предизвикуваат црвенило на образите, спаѓаат заборавањето на нечие име, судир со уличната светилка и дамки од пот.rn
    rn

    Сите се трудиме да изгледаме смирено и кул без оглед на тоа каде се наоѓаме, меѓутоа, работите ретко се одвиваат онака како што сме планирале.“ – изјавил портпаролот на компанијата „Ladbrokes“, која го нарачала ова истражување.

    rnРаботи од кои се срамиме кога сме во јавностrnrnПогледнете ја листата со работи кои за многу луѓе претставуваат непријатност:rnrn1. Заборавање на нечие име во ситуација кога сакате да го претставите на вашите пријатели.rnrn2. Сопнување и паѓање на сред улица.rnrn3. Кога некому ќе му се обратите со погрешно име.rnrn4. Кога забележувате дека имате дамки на облеката.rnrn5. Кога на некој му мавтате и не ве забележува.rnrn6. Кога после оброкот ви се заглавила храна меѓу забите.rnrn7. Кога помислувате дека некој ви мавта вам, а всушност му мавтал на некој друг.rnrn8. Кога доцните.rnrn9. Кога заборавате каде сте се паркирале.rnrn10. Кога случајно ќе подждригнете.rnrn11. Кога ќе се изгубите.rnrn12. Кога имате дамка од пот на облеката.rnrn13. Кога зборувате за некој, а тој стои доволно близу за да може да ве слушне.rnrn14. Кога случајно ќе испратите порака на погрешна личност.rnrn15. Кога некој се обидува да влезе во тоалетот, додека сте вие во него.rnrn16. Кога автомобилот ќе ви се изгаси на семафор.rnrn17. Кога трчате по автобусот и на крај не успевате да го стигнете.rnrn18. Кога ќе се опијаните на свадба.rnrn19. Кога ќе заборавите дома некој важен документ.rnrn20. Кога имате кармин на забите.rnrn21. Кога ќе облечете нешто наопаку.rnrn22. Кога случајно ќе се удрите во уличното светло.rnrn23. Кога ќе паднете од велосипед.rnrn24. Кога на лице ќе ви останат траги од мастило од пенкало.rnrn25. Кога ќе се заглавите помеѓу подвижни врати.rnrn26. Кога на социјалните мрежи по грешка ќе споделите нешто приватно со сите.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Работи што ги прави една љубовна двојка

    Работи што ги прави една љубовна двојка

    Вие двајца се сакате, меѓусебно се поддржувате, луѓето ве препознаваат како љубовна двојка, сродни души сте… Но, има некои работи кои (не)свесно ги правите како љубовна двојка кои се непријатни за другите луѓе околу вас.rnrnRaboti-shto-gi-pravi-edna-ljubovna-dvojka-www.kafepauza.mk_rn

    Бебешки имиња и имиња на миленичиња

    rnЦуци, муци, буци, бебе, сонце, сончко, миличко, златичко, мило, златце, злато мое, душичка… и уште толку многу прекари на кои им е местото кога сте вие двајца заедно, а никако пред пријателите и роднините. Некои двојки тоа го прават намерно, со цел да видат другите колку тие се сакаат, а некои се обраќаат така и кога се сами заедно. Како и да е, ако слушнат вашите пријатели како дечкото си го викате со името „сончко“ или девојката ја викате „миличко“, верувајте дека ќе им биде непријатно. Роднините ќе се чувствуваат незгодно и непријатно кога ќе слушнат како вие го нарекувате нивниот внук.rn

    Златото мое ќе дојде со мене во шопинг.

    rnОва е реченица која пријателката не сака да ја чуе. Пријателите ќе ве озборуваат, другарите ќе ви се смеат, а вие тоа не го сакате, нели?rn

    „Ние никогаш не се караме“

    rnНекои парови сакаат да се фалат пред пријателите дека тие никогаш не се караат. Ова е најголемата лага што ќе ја чуете. Тоа го прават за пријателите да помислат дека тие се совршен пар, кај нив се е совршено, а сите знаете дека совршенство не постои.  Еве ја вистината: оние кои се во среќна врска, се караат. Не секогаш, се разбира, ама недоразбирања мора да има дури и ако сте сродни души. Тоа понекогаш се „здрави кавги“ кои ќе ја зацврстат врската. Целта на овие кавги не е да се сфати што се случило и зошто се караме, туку да се обидеме тоа да не се случува повеќе во иднина.rn

    „Јас не одам на забава без него/неа“

    rnОва е највознемирувачката работа што некои парови ја прават. Ако една девојка е во врска со некое момче, не значи дека и тој е поканет на забавата кај нејзината најдобра другарка и обратно, ако тој има тазе врска, не значи дека и девојката треба да дојде. Ова се однесува повеќе за тазе, нови врски во кои новата девојка/момче не се знае доволно со пријателите на партнерот, а забавата е тематска. На пример, повторно соединување на пријатели од средно школо, факултет, некој курс и слично. Тука не би требало да присуствуваат партнери на поканетите. Освен што е непристојно, оставате впечаток дека не ги почитувате доволно луѓето кои ве поканиле. „Ние сме како еден човек. Не одиме никаде разделени“ е реченица која вознемирува и секогаш остава погрешен, лош впечаток за вас.rn

    Местенки

    rnАко вие сте во долга љубовна врска или сте го нашле човекот на вашиот живот, не значи дека и пријателите кои немаат партнер го сакаат истото. Некои се фокусираат на кариерата, некои не сакаат да се врзуваат… тоа е нивен избор. Не значи дека треба да си дадете за право да ги местите со пријатели на партнерот кои исто така не се во врска како и вашата пријателка. Тоа е некултурно. Треба доволно добро да ги знаете двете личности пред тоа да го направите. Ако веќе го направите еднаш, обидете се да не го правите тоа на секое ваше следно излегување.rn

    Константно бакнување и разменување нежности

    rnРазменување страсни бакнежи, нежности во јавност и флертувања се работи кои не треба да ги правите пред вашите пријатели. Освен што ќе ги посрамотите вашите блиски пријатели, тоа дава знак дека не знаете да комуницирате со другите кои се наоѓаат на маса со вас. Тоа е исто знак дека не сте сигурни во вас во однос со партнерот. Ако сакате да ги задржите пријателите, обидете се да се воздржите од ова, барем додека не отидете дома.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.