Никој не е љубител на градскиот превоз, но кога патуваме во друга земја, очекуваме сè да функционира како што треба, а се чини дека тоа навистина е така во овој европски град.rnrnrnrnПорталот Time Out спровел анкета меѓу своите читатели за да открие кои градови имаат најдобар јавен превоз и врз основа на тие гласови и коментари ја креирал оваа топ листа од 19 градови.rnrnНа прво место се наоѓа Берлин поради неговиот сигурен, безбеден и удобен јавен превоз. Дури 97% од жителите на градот дале позитивни критики за метро системот U-Bahn со 9 линии и 175 станици, како и S-Bahn, метрото кое ги поврзува предградијата со центарот.rnrnВторото место го зазеде Прага, а дури 96% од жителите на овој град се изјасниле позитивно за неговиот градски превоз.rnrnТокио е на третото место, а сигурно знаете дека нивното метро сообраќа точно до секунда и носи огромен број луѓе секој ден, па е сосема нормално што жителите позитивно се изјасниле за него. Ова важи и за туристите.rnrnЦелата листа изгледа вака:rnrn1. Берлинrnrn2. Прагаrnrn3. Токиоrnrn4. Копенхагенrnrn5. Стокхолмrnrn6. Сингапурrnrn7. Хонгконгrnrn8. Тајпејrnrn9. Шангајrnrn10. Амстердамrnrn11. Лондонrnrn12. Мадридrnrn13. Единбургrnrn14. Паризrnrn15. Њујоркrnrn16. Монтреалrnrn17. Чикагоrnrn18. Пекингrnrn19. МумбајrnrnОткако прочитавте за најдобриот градски превоз во целиот свет, можеби ќе сакате да прочитате и за тоа како една богата европска земја воведува бесплатен јавен превоз.rnrnИзвор: timeout.com
Убаво е да се биде богат и да не се размислува за тоа колку пари се трошат за намирници, за гориво или за патни трошоци… Но, богатите размислуваат и за тоа, иако ваквите планирања нив помалку ги оптеретуваат од „обичните смртници“.rnrnrnrnЗамислете, живеете во една од најбогатите земји, а надлежните уште најавуваат дека се воведува и бесплатен јавен превоз низ целата држава – со трамваи, автобуси и возови, а вие само си помислувате, „Ах, колку е убав животот!“…rnrnВластите на малата, но богата европска земја Луксембург, решиле од 1-ви март 2020 година јавниот превоз за нивните жители да стане целосно бесплатен. Целта е да се намали загадувањето затоа што, според Евростат, Луксембург има најголем број автомобили по глава на жител во ЕУ, така што властите сакале да ги охрабрат граѓаните да го користат јавниот превоз колку што е можно повеќе.rnrnЛуксембург, еден од основачите на ЕУ, со тоа станува првата земја што ќе има бесплатен јавен превоз. Досега, само некои градови, како што е главниот град на Естонија, Талин или Данкирк во Франција, одлучиле да го сторат тоа.rnrnИако, многу луѓе од некои социјални категории како студентите или лицата под 20 години веќе патуваат бесплатно, многумина ќе имаат корист од овој проект бидејќи превозот дополнително и ќе се модернизира.rnrnМожеби сакате да дознаете и која европска земја беше најдобра за живеење и работа во 2019 година?rn
Возењето со јавен превоз може да биде навистина неудобно искуство. Затоа обрнете внимание на бонтонот кој би требало да го почитувате во текот на возењето. Во продолжение ви откриваме 7 важни правила на однесување во јавниот превоз кои Македонците најчесто ги прекршуваат.rnrnrn
1. Пред влегување во возилото, пуштете ги патниците прво да излезат од него
rnТуркањето покрај вратите од возилата на јавниот превоз се нешто што секојдневно го гледаме и доживуваме, особено во текот на утрата кога патниците одат на работа и за време на попладневните гужви кога истите луѓе се враќаат дома. Оставањето на патниците без пречки да излезат од возилото е правило на бонтон и ќе ја олесни целата работа, како за тие што излегуваат, така и за тие што влегуваат.rn
2. Седиштата се за луѓе, не за личните работи
rnАко седиме во полупразен автобус и на седиштето покрај себе ја оставиме чантата или ќесињата, никој нема да ни замери. Меѓутоа, ако истото го направиме кога во возилото е гужва и има малку слободни места за седење, тогаш патниците со полно право ќе ви замерат на таквото однесување. Седиштата пред сѐ се предвидени за луѓе, а не за личните предмети. Можеме да слушнеме чудни причини за кршење на ова правило. Жените најчесто не сакаат со работите да ја истуткаат облеката, додека мажите едноставно не знаат што да прават со предметите, како мокриот чадор, па и него знаеме често да го гледаме на празно седиште.rn
3. Избегнувајте ги гласните разговори
rnКолкупати сте се враќале уморни од работа додека во вас удирал продорен глас на патник кој гласно разговарал на мобилен? Или можеби сте се обидувале да игнорирате многу гласна група патници кои зборувале и се смееле во возилото? Ако тоа неизмерно ве нервира, не грижете се, тоа е сосема природна реакција. Во јавниот превоз треба да бидете културни и да разговарате тивко.rnrnrn
4. Јавниот превоз не е ресторан на тркала
rnВо поголемиот дел од автобусите и возовите консумирањето на храна е забрането. Секако, сите ние понекогаш ќе посегнеме по залак суво печиво или некое чоколатце и тоа на сопатниците најчесто не им пречи. Меѓутоа, кога на „менито“ се разни пици, хамбургери, сендвичи со салама, бурек, печива со виршла и други миризливи производи, тоа може и тоа како да создаде проблем. Со оглед на тоа дека овие возила не се проветруваат често, разните тешки мириси може да создадат мачнина кај чувствителните луѓе. Затоа би требало таквиот вид храна да го изедете пред возењето и надвор од возилото.rn
5. Покријте ја устата додека кивате и кашлате
rnНикој не сака како подарок од својот сопатник да добие бактерии или вируси кои можат да предизвикаат здравствени проблеми. Посебно е важно да се присетите на ова правило во студените месеци кога ќе пристигне сезоната на настинки и грип.rnrnrn
6. Држењето за рачките е задолжително
rnСо тоа пред сѐ си правите услуга на себе, бидејќи со држењето ќе ја спречите потенцијалната незгода, паѓање или повреда во случај возилото нагло да запре. Од друга страна, ќе го спречите и чувството на неудобност до кое доаѓа доколку на некој патник му „слетате“ во скут или го нагазите затоа што не сте се држеле.rn
7. На ранецот не му е местото на грбот додека има гужва
rnДоколку сѐ уште не сте доживеале удар со ранец во главата, тогаш сте вистински среќници. Кога во јавниот превоз има голема гужва, ранецот би требало да го симнете од грбот и да го држите во рацете за да не ја предизвикате споменатата незгода.rnrnПостојат одредени ситуации каде што одредени луѓе постојано доживуваат хорор, а еве зошто јавниот превоз е пекол на тркала за хипохондриците.
Сиетл е навистина модерен град, па можеби и не е толку чудно што едно куче е редовен корисник на една од автобуските линии. Но, она што е интересно е дека кучето се вози само.rnrnrnrnЦрниот лабрадор кој има 2 години и се вика Еклипс, станало редовен корисник на една автобуска линија откако открило како само да стигне до паркот за кучиња.rn
„Сите возачи на автобуси ја знаат. Таа седи во автобусот како човек,“ изјавила една од жителите на градот. „Сите ги прави среќни. Не можеш да не ја сакаш.“
rnrnrnСопственикот на кучето, Џеф Јанг, живее веднаш до автобуската постојка и изјавил дека Еклипс многу пати сама се качува во автобусот ако тој не завршил со својата цигара кога ќе пристигне автобусот.rn
„Се среќаваме во паркот за кучиња,“ рекол Џеф.
rnrnrnВозачите на автобусот изјавиле дека се навистина среќни што едно куче знае како да го почитува редот. Сепак, кучињата секогаш треба да се врзани и дозволено е да го користат јавниот превоз на одговорност на возачот, сè додека не претставуваат опасност за луѓето.rnrnrnrnИако за нас можеби изгледа чудно, но во Москва постојат многу улични кучиња кои знаат да го користат јавниот превоз. Тие секогаш знаат каде да се симнат, а понекогаш им помагаат и на другите кучиња.rnrnrnrnПогледнете и некои интересни работи кои ќе ги разберат само сопствениците на кучиња.
Постојат одредени ситуации каде што одредени луѓе постојано доживуваат хорор, без разлика колку пати се навратиле на нив. Јавниот превоз е една од овие ситуации за хипохондриците. Нивната потреба за чистота и страв од бактерии и вируси кои изобилуваат на малите и затворени места со голем број луѓе ги извлекуваат најголемите кошмари од нив, правејќи го возењето со јавен превоз една од најтешките нешта кои ги направиле во својот живот…rnrnrnrn1. Без разлика на ситуацијата, вие секогаш носите гел за дезинфекција на рацете. Дури и да не сте допреле ништо, вие сепак го употребувате по возењето со јавниот превоз.rnrn2. Пред да седнете, поминувате со задниот дел од вашата рака на седиштето за да се погрижите дека е чисто.И суво.rnrn3. Имате смртоносен поглед кон онаа личност која кашла или кива во ваша насока. Всушност, вашиот поглед е толку злобен, што некој би помислил дека навистина сте способни за убиство.rnrn4. Вие навистина ги мразите непознатите патници кои се возат додека се болни.Постои разлика помеѓу јавен превоз и амбулантно возило.rnrn5. Ќе направите сè што е во ваша моќ за да не допрете ништо или никого. Токму затоа и се потпирате врз вашите лакти со цел безбедно да пристигнете до вратата за излез.rnrn6. Летото е најужасното време за возење со јавен превоз. Со оглед на тоа колку сите се потат, вие понекогаш сте подготвени да ја запалите целата ваша облека доколку се сомневате дека имате туѓа пот врз неа.rnrn7. Често мечтаете за различните начини на кои можете ефективно да ги дезинфицирате автобусите и возовите. Доколку тоа би се остварило, вие инстантно би се нашле во рајот.rnrn8. Ако видите некој како јаде во јавниот превоз, сигурно првото нешто што ќе го помислите е како тие внесуваат стомачен вирус во своето тело.Токму затоа и не се двоумите да им посакате среќа пред да се разделите.rnrn9. Одбивате да ги сместите нештата кои ги носите на кое било друго место освен во вашиот скут.Вие не можете ни да ги гледате оние кои ги спуштаат торбите на подот.rnrn10. Попрво би паднале на подот, отколку да се задржите за нешто кое сите луѓе го допираат.А доколку тоа навистина се случи, и вие паднете на подот, веднаш ќе застанете на ред за туширање – онаму каде што ги мијат автомобилите.rnrn11. Што ќе се случи ако ви падне мобилниот на подот?Време е за нов мобилен…rnrn12. Вие без срам ќе се преместите на друго седиште доколку некој покрај вас претерано многу си го допира лицето. Или доколку делува како да има настинка.rnrn13. Вие сте едни од оние луѓе кои немаат проблем со носење медицинска маска во јавноста.Сезоната на грипот не е шега! Исто така избегнувате и да дишете со отворена уста бидејќи не сакате да голтнете бактерии од оние кои се возат покрај вас.rnrn14. Имате совладано неверојатно многу „јога“ пози кои ви помагаат да стоите балансирано без притоа да мора да се држите за ништо. Сите се чудат на вашата рамнотежа.rnrn15. Зимата е вашето омилено време од годината.Најмногу бидејќи можете постојано да носите ракавици без притоа никој да ве гледа чудно.rnrn16. Има големи шанси да сте се возеле во различни вагони за време на едно патување со воз.Недостатокот на чистота ве терало да се префрлате од еден во друг вагон неколку пати.rnrn17. Не можете да поднесете кога луѓето си ги грицкаат ноктите. Доколку некој тоа го прави подолго време пред вас, вие без контрола ќе извикате „Така започнуваат епидемиите!“rnrn18. Кога ќе видите како некое дете ги става своите раце во уста, а потоа ги допира седиштата, не можете да не помислите кој го пуштил овој одвратен ѕвер да влезе внатре. И тоа продолжува со својата активност, а вие доживувате внатрешен хорор.rnrn19. Се тресете од помислата дека безброј задници седеле на истото место каде што сте сега вие. И не можете долго време да се смирите по оваа мисла.rnrn20. Откако ќе излезете од јавниот превоз, вие вдишувате силно чист воздух и се радувате што сте преживеале уште едно возење со автобус или воз.Исто така пресреќни сте што не мора да го повторите ова набрзо…
Автор: Ана ПетровиќrnrnМетроата ширум светот се најкористениот транзитен систем, кога се работи за јавниот превоз. Додека голем број од урбаните граѓани се навикнати да поминуваат низ темни и валкани метро станици, малкумина ја имаат таа среќа да го чекаат својот превоз на места со одлична, креативна архитектура. Во продолжение погледнете ги најубавите метро станици во светот.rnrnFormosa Boulevard Station – Каохсуин, Тајванrnrn