КАФЕ ПАУЗА

Tag: Јапонија

  • Романтичното цветно кралство во Јапонија

    Романтичното цветно кралство во Јапонија

    Цветните дрвја Вистерија, познати како фуџи во Јапонија, се многу популарни во оваа земја.  Се смета дека тие се најстарите цветни дрвја што постојат. Едно од најубавите места на кои можете да ги видите овие дрвја е Цветниот Парк Ашикага, кој се наоѓа во јапонскиот град Ашикага. Во овој цветен парк најмногу преовладуваат сини, бели и розови фуџи дрвја, како и жолтите дрвја laburnum, попознати како златен дожд (јапонски: кингусари), кои личат на жолто обоени фуџи.rnrnРомантичното цветно кралство во ЈапонијаРомантичното цветно кралство во ЈапонијаrnrnМасивните цветни крошни се протегаат на површина од 1000 метри квадратни. Едно вакво големо дрво во паркот, е старо 100 години и неговите гранки се потпрени на начин, кој формира фантастичен огромен син чадор од фуџи цветови. Воедно, има и цветен тунел од бели фуџи цвеќиња, долг 80 метри, а на тунелот од жолтите кингусари пак, му треба уште неколку години за да прерасне во фактички цветен тунел.rnrnРомантичното цветно кралство во ЈапонијаРомантичното цветно кралство во ЈапонијаrnrnПокрај фуџите, во овој парк ќе најдете и многу други видови цвеќиња, ресторани, цвеќарници и локални продукти. На ова место доаѓаат многу малку странски посетители, а нема ни описи на таблите на англиски јазик. Цената на влезницата во паркот зависи од годишното време, а чини околу 1000 јени (околу 12 долари) во сезоната кога фуџите цветаат.rnrnРомантичното цветно кралство во ЈапонијаРомантичното цветно кралство во ЈапонијаrnrnФуџите во Цветниот Парк во Ашикага, најчесто се сосема расцутени на почетокот на месец мај, за разлика од фуџите во Токио, кои цветаат една до две недели пред тоа. Бидејќи овој парк се смета за најдоброто место на кое може да се видат овие цветни дрвја, во сезоната на фуџите има голема гужва од посетители, дури и во текот на работните денови.rnrnРомантичното цветно кралство во ЈапонијаРомантичното цветно кралство во ЈапонијаРомантичното цветно кралство во ЈапонијаРомантичното цветно кралство во ЈапонијаРомантичното цветно кралство во ЈапонијаРомантичното цветно кралство во ЈапонијаРомантичното цветно кралство во ЈапонијаРомантичното цветно кралство во Јапонија
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 интересни работи што треба да ги направите во Јапонија

    10 интересни работи што треба да ги направите во Јапонија

    Автор: Мандевска БојанаrnrnЈапонија е архипелаг на 6.852 острови. Таа е десетта земја во светот по бројот на популација, со над 127 милиони луѓе. Проценките покажуваат дека 90% од населението се приврзаници на Будизмот или Шинтоизмот. Службениот и официјален јазик кој го говори 99% од населението е јапонскиот.10 интересни работи што треба да ги направите во ЈапонијаЈапонската култура е со долга традиција, но низ годините таа се развивала, притоа задржувајќи ги обичаите и вредностите од своето потекло. Современата култура е комбинација од влијанија кои доаѓаат од Азија, Европа и Северна Америка. Јапонија е позната и под името „Земја на изгрејсонцето“.rnrnВо продолжение ви предлагаме 10 интересни и забавни нешта кои треба да ги направите, доколку некогаш ја посетите Јапонија.rn

    1. Искачете се на планината Фуџи

    rnНајвисоката планина во Јапонија е Фуџи со 3.775 метри. Илјадници Јапонци и голем број туристи го преземаат овој потег секоја година. Периодот за искачување е многу краток и трае од почетокот на јули до крајот на август.  Доколку се искачите на врвот ќе ја имате можноста да бидете сведоци на една величествена глетка.10 интересни работи што треба да ги направите во Јапонијаrn

    2. Бањајте се голи со вашите пријатели

    rnДа отидеш во Јапонија и да се тушираш само во бањата од твојата хотелска соба, е исто како да отидеш во Кина и пекиншката патка да ја замениш за плескавица и помфрит. За многу туристи најголема пречка е да бидат голи пред други. Бидете сигурни дека не сте единствените кои се плашат да го сторат тоа. Вашите „колеги“ капачи воопшто нема да ги интересира ова, тие се таму само за да се релаксираат.rn

    3. Сместете се во некој од хотелите на љубовта

    rnДоколку се наоѓате во Јапонија со вашиот партнер, не смеете да ја пропуштите шансата за да минете една ноќ или неколку часови во некои од хотелите. Зградите се најчесто со блескав дизјан, собите прекрасно уредени, имаат многу огледала, голем телевизор, видео игри, караоке машина и што ли уште не. Дискрецијата е основното и најважно правило во љубовниот хотел. Во времето додека сте во хотелот нема да видите ниту еден член на персоналот освен доколку самите не побарате некого. Бројот од 25.000 љубовни хотели е доволен доказ за нивната актуелност и големата заинтересираност на туристите. Тие вкупно имаат околу 500 милиони посети годишно.10 интересни работи што треба да ги направите во Јапонијаrn

    4. Посетете ги коцкарниците со слот машини

    rnПачинко е термин кој означува направа за коцкање многу слична на слот машините. На ваквите места луѓето одат да се релаксираат. Бучавата и зачадена атмосфера во салоните може нема да биде предизвик за да се вратите повторно таму, но навиката кај Јапонците за посета на коцкарниците е длабоко вкоренета.rn

    5. Прошетајте низ електронската уличка Акиба

    rnАко сте љубители на електроника и уреди, ова место би било како измислено за вас. Ова е место кое е опремено со најновите технологии, има голема понуда на нови електронски уреди по многу примамливи цени.10 интересни работи што треба да ги направите во Јапонијаrn

    6. Јадете на подвижна лента во суши ресторан

    rnВозбудливо и интересно искуство е моментот кога се трудите да ја земете вашата храна која се движи по подвижната суши лента.rn

    7. Возете се со воз

    rnВозејќи се со воз во Јапонија ќе стекнете искуство како на ниедно друго место во светот. Од 1964 година па наваму, превозот во Јапонија во голема мера се одвива преку возови. Удобните седишта, комфорниот простор и беспрекорната услуга се причините заради кои не би сакале да ги напуштите јапонските возови. Не смее да се заборави и нивната брзина и точност на пристигнување.10 интересни работи што треба да ги направите во Јапонијаrn

    8. Пеење караоке

    rnПеењето караоке во Јапонија е многу популарно. Постојат приватни опремени соби кои се изнајмуваат, за да можете да уживате во пеењето караоке. Воедно пеењето се смета за еден интересен начин за ослободување од стресот, па затоа заборавете на срамот, грабнете го микрофонот во раце и почнете со пеење.rn

    9. Појдете на турнир во сумо борење

    rnЗа многумина гледањето сумо борачи воопшто не е забавно и не претставува предизвик. Но, сепак штета би било доколку сте во Јапонија да не посетите ниту еден сумо турнир, бидејќи овие турнири се дел од традицијата и културата на Јапонија. Сумо борачите не се само голи дебели мажи кои се туркаат. Потребно е многу сила, вештини и агилност за да се биде добар сумо борач.10 интересни работи што треба да ги направите во Јапонијаrn

    10. Научете јапонски

    rnДобро би било доколку за време на вашата посета во Јапонија се потрудите да научите неколку букви, зборови, интересни јапонски фрази. Сигурно ќе се забавувате и ќе се смеете при вашите обиди да кажете по некој збор или реченица на јапонски.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Вкусни минијатурни прстени

    Вкусни минијатурни прстени

    Канаѓанката Софија Молнар после 13 годишното живеење во Јапонија, ја открила и другата страна на јапонскиот специјалитет – сушито, и почнала да изработува неверојатни минијатурни прстени. Необичните прстени на кои се послужени разни видови јадења од суши, колачиња, кафе се вистинско креативно уживање. Тие изгледаат толку вкусно, што веднаш ќе посакате да ги вкусите!rnrnВкусни минијатурни прстениrnrnСекој прстен е уникатен и правен со посебна внимателност. При рачната изработка, Софија користела различни видови пластика, метал, керамика и уште многу други материјали. Прстените се наменети да се носат во специјални прилики – кога сакате да се забавувате и да изгледате интересно, или пак едноставно кога сакате да внесете малку живост во вашиот живот. Овие необични прстени воопшто не се скапи, и можете да ги купите преку интернет.rnrnВкусни минијатурни прстениВкусни минијатурни прстениВкусни минијатурни прстениВкусни минијатурни прстениrnrnПрстените може да ги комбинирате со обетки, магнети, копчиња направени во препознатливиот стил на Софија.rnrnВкусни минијатурни прстениПогледнете уште некои од вкусните прстени на Софија.Вкусни минијатурни прстениВкусни минијатурни прстениВкусни минијатурни прстениВкусни минијатурни прстениВкусни минијатурни прстениВкусни минијатурни прстениВкусни минијатурни прстени
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Весела математика

    Весела математика

    12-годишното момче Кота Кизука од Јапонија, решава сложени математички равенки за само неколку секунди. Додека голем дел од популацијата едвај пресметува на класичните калкулатори, Кизука тоа го прави на најстарото математичко помагало, абакус. Весела математикаВесела математикаНа најмладите во Јапонија, абакусот им побудува интерес за математика. Учат низ игра. Во следното видео може да погледнете, како за многумина омразената природна наука, за нив е весела математика. Меѓу највештите е секако генијалецот Кизука. Зачудувачи е брз.rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Една недела во Јапонија

    Една недела во Јапонија

    Мајк Матас, заедно со својата девојка, во ноември 2011 година поминал една недела во прекрасната Јапонија. Тие патувале со воз од Кјото до Нара, потоа од таму до Хаконе, а на крајот отпатувале за Токио. Една недела во ЈапонијаЗа време на нивното патување тие направиле безброј фотографии, па Мајк решил од нив да направи видео. Одбрал 4.000 фотографии кои ги сметал за најинтересни и го создал ова интересно видео низ кое е прикажана живописноста, културата и убавините на Јапонија. Уживајте во оваа 3-минутна прошетка.rn

    rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неверојатно мали хотелски соби

    Неверојатно мали хотелски соби

    Автор: Весна ЈовановскаrnrnАко живеете и работите во Токио, сте заглавиле на работа, а фирмата ви е со километри оддалечена од домот, најевтина опција за преноќување се овие хотелски капсули. Долги се два метра, широки еден метар и високи еден и пол, а ноќевање во нив чини околу 40 долари.Неверојатно мали хотелски собиОваа уникатна форма за сместување во неверојатно мали хотелски соби, е развиена за презафатените јапонски работници. Иако просторот е наменет само за спиење, тој сепак, нуди и малку релаксација, опремен е со телевизор, радио, интернет, огледало и со будилник.Неверојатно мали хотелски собиНеверојатно мали хотелски собиНеверојатно мали хотелски собиНеверојатно мали хотелски собиНеверојатно мали хотелски собиНеверојатно мали хотелски собиОна што воопшто нема да ви се допадне, е тоа што бањата мора да ја делите со останатите гости. Имајте го ова предвид, ако некогаш добиете понуда за работа во Јапонија или ако заминете на службено патување во оваа земја. rn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 маркантни статуи низ светот

    5 маркантни статуи низ светот

    Секоја држава има своја култура, историја и традиција. Најчесто знаменитостите и спомен-обележјата се обидуваат да дадат слика за склопот на овие три нешта и да останат да сведочат засекогаш. Секој од нив носи со себе посебна порака и има своја вредност. Овие пет примери се некои од најголемите споменици во светот, кои прават Кипот на слободата во САД и статуата на Исус во Бразил да изгледаат малечки.rn.rn

    Мајка татковина, Киев, Украина

    rnОваа неверојатна статуа е изградена во 1981 година од Евгениј Вучетич. Изработена е од титаниум и тежи 530 тони, а со се основата, нејзината висина достигнува 102 метри. Само споменикот е висок околу 62 метри. На штитот кој е поставен во левата рака се наоѓа грбот на Советскиот Сојуз. „Мајка татковина“ е дел од музејот „Големата патриотска војна“ во Киев, кој им оддава почит на оние кои се стекнале со титулата херој на Советскиот Сојуз или херој на социјалистичкиот труд.5 маркантни статуи низ светотrn

    Големиот Буда од Ушику, Јапонија

    rnСпоменикот на Големиот Буда во Ушику, комплетно бил изграден во 1993 година, а неговата височина достигнува 120 метри. Статуата е целосно обложена со бронза и тежи 4.003 тона. Самата статуа претставува музеј на 4 ката, а на висина од 85 метри се наоѓа и балкон за набљудување. На третиот кат од музејот можат да се погледнат повеќе од 3.000 златни статуетки кои го претставуваат Буда.5 маркантни статуи низ светотrn

    Изворниот храм на Буда, Хена, Кина

    rn„Изворниот храм на Буда“ е најголемата статуа во светот. Без основата која е висока 25 метри, статуата достигнува 128 метри. Статуата е завршена во 2002 година, а за нејзината изградба биле потрошени 55 милиони американски долари. Храмот своето име го добил според изворите со топла вода во неговата околина, за кои се верува дека се лековити.5 маркантни статуи низ светотrn

    Татковината повикува, Волгоград, Русија

    rnОваа застрашувачка статуа е изградена во спомен на озогласената битка за Сталинград, во која животот го загубиле околу 2 милиони лица. Во моментот кога била изградена во 1967 година, статуата со својата височина од 85 метри била највисока во светот. Иако оваа висина во денешно време е надмината, сепак останува да сведочи за тие времиња.5 маркантни статуи низ светотrn

    Петар Велики, Москва, Русија

    rnСтатуата на Петар Велики е направена во 1997 година, како спомен за 300 години од создавањето на Руската морнарица. Создадена е од грузискиот дизајнер Зураб Тсеретели, а со нејзината височина од 94 метри, таа е седма најголема скулптура во светот.5 маркантни статуи низ светотrnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 природни феномени на Земјата

    10 природни феномени на Земјата

    Нашата планета има многу чудни и прекрасни места кои ја имаат моќта да инспирираат и да зачудуваат. Тие нè потсетуваат дека дури и во оваа ера на технолошки чуда, во природата сè уште постојат неверојатни места за откривање. Ова се само 10 од многуте кои ги има на Земјата.rn

    1. Памуккале, Турција

    rnПрекрасните балконски базени на Памуккале, иако се познато место за луѓето од нашите краишта, сепак претставуваат помалку познато чудо за останатиот свет. Пред неколку илјадници години, земјотресите, кои се честа појава во Турција, создале фрактури во земјата преку кои моќни топли извори богати со калциум карбонат избиле на површината. Како што водата испарувала, варовитиот материјал кондензирал и таложел слоеви над слоеви од травертин, притоа создавајќи ѕидови. Буквално „Памуккале“ значи тврдина од памук, а над него Римјаните изградиле град и го нарекле Хиераполис (Светиот град). Тие биле првите кои го откриле местото и лековитите моќи на млечно белата вода.rnrn10 природни феномени на земјатаrn

    2. Моераки, Нов Зеланд

    rnОвие големи, тркалезни камења со вонземски изглед се наоѓаат на плажата Коекохе, која пак е дел од брегот Отаго на Јужниот новозеландски остров. „Камењата Моераки“ првично биле создадени на дното од морето, преку наталожување слоеви околу јадро, на ист начин како што бисер се формира околу честичка од песок. Некои од карпите тежат по неколку тони и се широки по три метри.rnrn10 природни феномени на земјатаrn

    3. Деветте пекола од Бепу, Јапонија

    rnГрадот Бепу, се наоѓа на островот Кјушу, вториот најголем „производител“ на геотермална вода во светот. Во истата област се наоѓаат „Деветте пекола“, таканаречените базени кои меѓусебно се разликуваат по своите карактеристики и бои, благодарение на различните минерали во нив. Овие базени се многу популарна туристичка атракција во Јапонија, но сепак ретко кој ги знае надвор од земјата. За жал, како и за многу други неверојатни природни чуда, областа околу нив стана премногу комерцијализирана и „невкусна“.rnrn10 природни феномени на земјатаrn

    4. Големата сина морска дупка во Белизе

    rnГолемата сина морска дупка во Белизе е една од најимпресивните природни убавини во светот. Таа е со дијаметар од 300 метри и е длабока околу 150, а најверојатно се создала поради наглото покачување на нивото на водата пред околу 65.000 години. Нуркачите известуваат дека дупката е преполна со разновиден животински свет, а дел од него сè уште е непознат за науката и го има само овде.rnrn10 природни феномени на земјатаrn

    5. Вратата на пеколот, Туркменистан

    rnВо близина на селото Дарваза, кое е лоцирано во пустината Каракум во Туркменистан, во 1971 година, тим на истражувачи од Советскиот Сојуз пробушиле голема комора полна со природен гас. Кровот на јамата пропаднал, оставајќи кратер длабок 25 метри со дијаметар од околу 60-70 метри. Наскоро станало евидентно дека природниот гас сè уште излегувал низ кратерот од подлабоки извори, па приказната оди дотаму дека била донесена одлука да се запали гасот и да не се ризикува тој да се прошири или да доведе до локално труење. Според повеќе извори, оттогаш огнот постојано гори, а локалното население местото го нарекло „Портата на пеколот“. Сепак, други лица, по неколку разговори со локални водачи од регионот, тврдат дека станува збор за неверојатен природен феномен.rnrn10  природни феномени на земјатаrn

    6. Санциншан, Кина

    rnСанциншан е релативно мал национален парк во близина на градот Шанжао. Но тоа што е мал по големина, само го прави голем по убавина. Националниот парк е прогласен за седмо светско наследство во Кина и е познат по неговата сценична атрактивност. Клучот за мистиката на ова место е комбинацијата од извонредни гранитни столбови и карпи, заедно со сезонските климатски варијации кои често создаваат магла и маркантни зајдисонца. Оние кои го посетиле ова место велат дека им создава неверојатно чувство, кое го опишуваат како мир и спокојство. Овој ефект е подобрен благодарение на бројните водопади, природни базени и извори.rnrn10 природни феномени на земјатаrn

    7. Окото на Африка, Мавританија

    rnОд вселената, оваа мистериозна вдлабнатина во пустината Сахара во Мавританија, навистина наликува на човечко око. Според една од теориите, окото се создало откако метеор паднал на земјата, додека други веруваат дека тоа претставува трага од подземна нуклеарна експлозија. Сепак, според огромниот дијаметар тоа би значело детонација со огромен опсег. Моментално не постои земја во светот што поседува оружје кое може да направи ни одблизу толкава детонација.rnrn10 природни феномени на земјатаrn

    8. Островот Сокотра, Јемен

    rnОвој волшебен и не толку познат остров, Сокотра се наоѓа во близина на брегот на Јемен во Блискиот Исток. Изолиран од остатокот од светот, неговите растенија еволуирале во толку многу бизарни облици и форми, што не им се познати на другите краишта на Земјата. Едно од најпознатите е дрвото „Крвта на змејот“ чиј сок може да се употреби за создавање кристали кои можат да се користат како боја или како афродизијак. Островот пополека почнува да станува познат за остатокот од светот и може да прерасне во одлично место за еко-туризам, сè додека неговите посетители не прават штети.rnrn10 природни феномени на земјатаrn

    9. Тркачката патека, САД

    rnЛоцирани во една од најбезживотните места на светот, во Долината на смртта, Калифорнија, чудните и необјасниви „Камења кои пловат“ се вистински феномен. Еднаш, во текот на годината, во сувото езеро се случува да паднат зимските дождови и површината наеднаш станува лизгава и каллива. За време на овој период, карпите и камењата почнуваат да се движат, оставајќи зад себе видливи траги. Иако научниците веруваат дека за ова придонесуваат и силните ветрови, некои од карпите ненадејно го менуваат правецот и вртат совршени прави агли, изместувајќи се од нивната претходна патека. Сите докази потврдуваат дека тука не станува збор за некаква измама, но сепак овие движења никогаш не биле фатени на снимка.rnrn10 природни феномени на земјатаrn

    10. Лас Канадас, Тенерифе

    rnНа врвот на планината Теиде, се наоѓа еден од најголемите островски вулкани во светот Лас Канадас. Кратерот, кој има пречник од 16 километри е како слика од пеколот. Стрмните ѕидови кои се формирале кога „котелот“ престанал да врие, формираат голема сува површина со вонземски изглед. Во околината се изградени патишта и обзерватории, што е чудно за оваа „ничија земја“ каде постои заспан, но сепак сè уште огромен активен вулкан, кој одвреме навреме ја затресува земјата. Од масата на вулканот е создаден Тенерифе, еден од Канарските острови.rnrn10 природни феномени на земјатаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 најморничави напуштени градови

    10 најморничави напуштени градови

    Од секакви причини, со текот на времето, некои градови тотално умираат. Некои поради војни, други поради природни катастрофи, трети поради грешки на човекот. Сепак, нивните остатоци остануваат да сведочат за животот и историјата на местата, но мораме да се согласиме, сите тие делуваат многу морничаво.rnrn10 најморничави напуштени градовиrn

      rn011

    • Локација: Припјат, Украина (100 километри оддалечен од Киев)
    • rn011

    • Напуштен од: 1986 година
    • rn

    rnПриказна: На 26 април, 1986 година се случи големата експлозија во Нуклеарната централа Чернобил, која се наоѓа на 14,5 километри северно од градот. Повеќето вработени во централата живееле во градот, кој бил изграден токму за таа намена. Иако се преземени сите соодветни мерки за изолирање на реакторот, сепак градот и понатаму останува несигурен за живот. Засега во градот се врати само дивиот свет. Волците ловат диви свињи помеѓу опустошените згради и во напуштениот забавен парк, кој за некое чудо беше отворен утредента после експлозијата, за време на евакуацијата.rnrn10 најморничави напуштени градовиrn

    rnПриказна: Оваа област наречена Сан Жи оригинално беше предвидено да биде одморалиште за американските војници, кое се наоѓа северно од Тајпеј. Местото е многу познато по неговата архитектура и често се вели дека има НЛО-шмек. Сепак, изведбата наиде на тешкотии уште на самиот почеток. За време на изградбата многу работници починале во сообраќајни и многу други невообичаени незгоди. Отприлика загинале околу 20 луѓе, а за секоја незгода се верува дека имало натприродна причина за нејзиното случување. Некои шпекулираат дека одморалиштето било изградено врз холандски гробишта, други пак несреќите ги препишуваат на статуата на змејот која била уништена за време на градењето. Во секој случај, местото никогаш не ги дочека своите први гости, а проектот беше напуштен.rnrn10 најморничави напуштени градовиrn

    rnПриказна: Изграден на еден карпест врв, целта на градот Крако била да биде тешко освоив. Сепак, поставувањето на градот на карпа, почнало да претставува опасност за неговиот интегритет. По неколку земјотреси и лизгања на земјиштето, Крако бил напуштен, а луѓето се симнале на пониско земјиште. Денеска градот е одличен за истражување, а во него можат да се најдат голем број интересни цркви, како што е „Санта Моника дела Стела“.rnrn10 најморничави напуштени градовиrn

    rnПриказна: Некогаш успешна рударска заедница за дијаманти, Колманскоп сега е пустински град на духови, каде што во куќите е добредојден само песокот. Пустинскиот град бил изграден кога Германци откриле големи минерални богатства во регионот. Тие го изградиле градот во германски стил, со театар, сала за балови, како и со трамвајски систем, прв во Африка. Пустината го проголтала градот, откако рударите се отселиле. Песокот ги преплавил куќите, ги покрил улиците и полека ги избришал знаците од цивилизација.rnrn10 најморничави напуштени градовиrn

    rn Приказна: За време на индустриската револуција во Јапонија, компанијата „Мицубиши“ го изгради овој далечен остров, околу едно големо наоѓалиште на јаглен. Островот станал дом на 5.000 жители, кои биле помеѓу првите, кои во Јапонија живееле во згради направени од бетон. Скоро еден век, рударите со своите семејства живееле на островот. Сепак, во 60-тите и 70-тите години од минатиот век, во Јапонија почнале да се затвораат сите рудници за јаглен, па така се случило и со овој. Денеска во градот владее една пост-апокалиптична атмосфера, со празни улици и трошни згради и една морничава индустриска тишина. Од 2009 година, островот е отворен за туристи, и сите можат да ги посетат напуштените театри, кина, продавници, згради и другите објекти на него.rnrn10 најморничави напуштени градовиrn

    rn Приказна: За време на Втората светска војна, нацистичките трупи дошле во градот и целосно го уништиле, притоа убивајќи 642 луѓе. Запалените автомобили и живеалишта останале замрзнати во времето за да посведочат за монструозноста на војната и за спомен на луѓето кои го изгубиле својот живот. Овој масакр е еден од најтешките моменти во човештвото. Сите посетители на местото се замолуваат да останат тивки додека шетаат по меланхоличните улици.rnrn10 најморничави напуштени градовиrn

    rn Приказна: Во 1962 година, избувнал пожар во една депонија во градот. Пожарот кој брзо се ширел ги потпалил и наоѓалиштата за јаглен кои се наоѓаат под градот и оттогаш до ден денеска, огнот не престанува. Чад излегува од дупките по улиците и огромни дупки ненадејно се отвораат насекаде по земјата испуштајќи пламени и топлина која достигнува до 1.000 степени. Градот пополека низ годините бил евакуиран, иако мал дел од жителите сè уште не сакаат да се иселат, верувајќи дека се случува заговор против нив од страна на државата, за да им бидат одземени имотите под кои се наоѓаат големи наоѓалишта на јаглен.rnrn10 најморничави напуштени градовиrn

    rn Приказна: Од 2005 година овој град е заштитен од УНЕСКО. Хамберстон бил рафинерија за шалитра и се наоѓал во пустина, северно од Чиле. Животот во Чилеанскиот пампас бил екстремно редок, а населбата како Хамберстон била живеалиште и место за работа на многу рудари. Сепак, непријателската животна средина се покажа како непријатна и заканувачка по животот на жителите.rnrn10 најморничави напуштени градовиrn

    rn Приказна: За време на златната треска и во неговите најдобрите времиња, Боди бил еден од најголемите градови во цела Калифорнија. Боди прераснал во место исполнето со карактеристики на голем град, како што се цркви, болници, пожарни, па дури и кинеска улица. Денеска градот е празен и посетителите можат да прошетаат по улиците на надежта и златото.rnrn10 најморничави напуштени градовиrn

    rn Приказна: Илјадници грчки христијани живееле неколку стотици години во овој град, јужно од Фетие, во југозападна Турција. Овој град останал празен по Грчко-Турската војна. Повеќе од 500 куќи и неколку цркви скапуваат во оваа градина на распаѓачки скулптури. Некои се надеваат на повторно оживување на овој град, како што се фармерите и занаетчиите кои почнаа да го населуваат, но во многу мал број.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Јапонија после природните катастрофи и денес

    Јапонија после природните катастрофи и денес

    Скоро три месеци после разурнувачкиот земјотрес и цунамито, Јапонија сè уште се бори да ги расчисти рушевините. Во оваа серија фотографии, се прикажани делови од Јапонија непосредно после природните катастрофи и истите се прикажани три месеци подоцна. Неверојатно е да се види колку многу е направено и колку труд е вложено, за некои места да бидат вратени во пристојна состојба и животот да продолжи да се одвива нормално, колку што е тоа можно. Сепак, евидентно е дека во некои делови работите не се почнати или приоритетот кај нив е помал отколку на други места. Погледнете што сè имаат направено вредните Јапонци за толку кусо време.Јапонија после природните катастрофи и денесЈапонија после природните катастрофи и денесЈапонија после природните катастрофи и денесЈапонија после природните катастрофи и денесЈапонија после природните катастрофи и денесЈапонија после природните катастрофи и денесЈапонија после природните катастрофи и денесЈапонија после природните катастрофи и денесЈапонија после природните катастрофи и денесЈапонија после природните катастрофи и денесЈапонија после природните катастрофи и денесЈапонија после природните катастрофи и денесЈапонија после природните катастрофи и денесЈапонија после природните катастрофи и денесЈапонија после природните катастрофи и денесЈапонија после природните катастрофи и денесЈапонија после природните катастрофи и денесЈапонија после природните катастрофи и денесЈапонија после природните катастрофи и денесЈапонија после природните фотографии и денескаЈапонија после природните катастрофи и денесЈапонија после природните катастрофи и денесЈапонија после природните катастрофи и денесЈапонија после природните катастрофи и денесЈапонија после природните катастрофи и денесЈапонија после природните катастрофи и денесЈапонија после природните катастрофи и денес

    rn

    ————————————————————————————————————————————————–rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.