КАФЕ ПАУЗА

Tag: Јамајка

  • Фотограф од Јамајка прави неверојатни фотографии во кои може да се забележи невиноста на детството

    Фотограф од Јамајка прави неверојатни фотографии во кои може да се забележи невиноста на детството

    Адријан Мекдоналд е фотограф за венчавки кој е навикнат да овековечува важни моменти во животот на паровите. Но, неодамна тој открил нова страст и интерес за фотографирање на прекрасната невиност на детството. На неговите фотографии можат да се забележат млади деца кои играат со своите играчки, им се радуваат на балони и едноставно го живеат својот безгрижен живот. Тој ги наоѓа своите субјекти блиску до местото каде што живее.rnrn(1) Фотограф од Јамајка прави неверојатни фотографии во кои може да се забележи невиноста на детствотоrnrnПред 5 месеци, додека тој фотографирал растенија и животни надвор од својот дом, слушнал група деца кои играле во близина. Тој забележал дека тие изгледале како да живеат во свој свет, различен од овој во кој тој живее, смеејќи се од срце. Тогаш ја добил идејата за оваа серија фотографии, па побарал дозвола од родителите да ги фотографира нивните деца. Тој вели:rn

    „Се надевам дека ќе ги стоплам срцата на сите оние кои ќе ги видат овие фотографии и ќе им покажам дека убавината сè уште постои во животот, дури и покрај тоа што некои едноставно одбираат да не ја гледаат. Децата живеат живот кој вреди и токму тоа треба да се стремиме сите ние да го правиме: да живееме, да љубиме и да се смееме.“

    rn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најпознатите плажи од списанието „Sports Illustrated“

    Најпознатите плажи од списанието „Sports Illustrated“

    Секоја година во февруари излегува нов број на модното списание специјализирано за костими за капење, „Sports Illustrated Swimsuit Issue“. Фотографиите се прават на најегзотичните места ширум светот, а ова се плажите кои се нашле на насловните страници. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

    Шарк Беј, Австралија

    rnШарк Беј е прекрасна плажа која се наоѓа северно од Перт. Црвените песочни дини, тиркизната вода и делфините привлекуваат илјадници туристи годишно. Во 1985 година, „Sports Illustrated Swimsuit Issue“ ја донесе Полина Поришкова во Шарк Беј, каде што младиот модел позираше за нејзината втора насловна страна. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

    Мауи

    rnМауи е вториот најголем хавајски остров познат белите песочни плажи и кристално сината вода. На Мауи можете да уживате во неповторливата глетка на изгрејсонцето преку вулканската карпа Халеакала. Овој остров беше одлично место за насловната фотографија од ланскиот број на Sports „Illustrated Swimsuit Issue“, кога позираше рускиот модел Ирина Шеик. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

    Домениканска Република

    rnДомениканската Република претставува прекрасна мешавина од шпанска, африканска и локална култура, храна и историја. Таа го дели островот Хиспаниола заедно со Хаити. Прекрасните доменикански плажи може да ги видите во „Sports Illustrated Swimsuit Issueод 1987 година, кога на насловната страна се најде популарната Ел Макферсон. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

    Фангнга Беј, Тајланд

    rnЗаливот Фангнга се смета за национално богатство на Тајланд, поради што тајландската влада сака Обединетите Нации да го прогласат ова место за светско културно наследство. Во далечната 1988 година, Ел Макферсон се појави уште еднаш на насловната страна на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“, овој пат позирајќи на карпестото крајбрежје во близина на Пукет. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

    Сејшелите

    rnРомантичните Сејшели сместени во Индискиот Океан претставуваат одлично луксузно засолниште за љубителите на нуркањето и риболовот. Овие острови имаат тропска температура во текот на целата година, а во 1979 година песочните плажи на Сејшелите се најдоа на насловната страна на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“ заедно со моделот Кристи Бринкли. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

    Ланзароте, Шпанија

    rnВо 1992 година Шпанија беше во центарот на вниманието на светската јавност, не само заради Олимписките игри кои се одржаа таа година во Барселона, туку и заради вулканскиот остров Ланзароте, познат по плажите Плаја Бланка и Пуерто дел Кармен, кој заедно со американскиот модел Кети Ајленд се најде на насловната страна на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

    Јамајка

    rnЗемјата на реки и потоци, како што уште се нарекува Јамајка, во 1983 година ја красеше насловната страна на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“. Американскиот модел Шерил Тигс беше фотографирана под водопадите на реката Дан, во близина на гратчето Очо Риос. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

    Кенија

    rnВо 1982 година, американскиот модел Керол Алт, се најде на насловната на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“, позирајќи на зајдисонце, на коралниот крајбрежје на Кенија, облечена во црвен костим за капење. И додека синооката убавица беше во преден план, во позадина се протегаше Индискиот Океан по кој пловеа белите едрилици. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

    Јужна Африка

    rnНајвпечатливите места во Јужна Африка, пустината Калахари, африканските резервати и полуостровот Кејп, се места кои не само што се привлечни за туристите, туку и за „Sports Illustrated Swimsuit Issue“. Во 1996 година, американската манекенка Тајра Бенкс, облечена во бикини со леопардски принт, беше фотографирана токму на овие места кои подоцна се најдоа на насловните страници. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

    Бахамите

    rnВодата околу Бахамските Острови е толку бистра што можете да гледате на длабочина до 70 метри. Заради тоа, Бахамите се најпосакувана дестинација за нуркање и пливање. Во 2005 година, Бахамите беа најпосакувана дестинација и за „Sports Illustrated Swimsuit Issue“, па затоа се најдоа на насловната страна, заедно со американскиот модел Каролин Марфи. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

    Козумел, Мексико

    rnВо далечната 1964 година, на насловната страна на првиот број на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“ се појави германката Бабет Марч која, облечена во скромни бели бикини, позираше на островот Козумел, кој се наоѓа источно од мексиканскиот полуостров Јукатан. Тогаш Козумел беше ново и сè уште неоткриено место, а денес неговите гребени се заштитени заради ретките видови на риби кои егзистираат тука. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

    Бора Бора

    rnБора Бора е синоним за рајски остров со бели песочни плажи и кристална сина вода. Тропскиот амбиент кој е карактеристичен за Бора Бора, во 1986 година придонесе овој остров да се најде на насловната страна на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“, кога на бескрајните песочни плажи се најде Ел Макферсон. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

    Малдиви

    rnМалдивите беа одбраната дестинација која се најде на насловната страна на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“ во 1998 година, кога Хајди Клум беше во фокусот на насловната фотографија. Пријатните температури во текот на целата година и недопрената природа ги прават овие корални острови и денес едни од најубавите места на земјата. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

    Аруба

    rnПалм Бич, Игл Бич и Бејби Бич се најжешките точки на карипскиот остров Аруба, објавени на насловната страна на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“ во 1984 година. Полина Поришкова уште еднаш се фотографираше за ова списание, но овој пат позираше на островот Аруба кој некогаш беше холандска колонија. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

    Барбадос

    rnНекогашна британска колонија, а денес веќе независна држава, островот Барбадос е идеален за оние кои ги сакаат топлото време, мирната вода и песочните плажи, од кои најпознати се плажите Браунис и Брендонс, лоцирани околу главниот град на Барбадос. Во 2003 година, чешкиот модел Петра Немцова позираше на Барбадос за насловната страна на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

    Сент Џон, Американски Девствени Острови

    rnДве третини од островот Сент Џон отпаѓа на националниот парк, што прави овој остров да биде беспрекорен. Плажите се мирни, песочни и се протегаат долж целиот северен брег. Во 2008 година, на овој остров, американскиот модел Мариса Милер беше фотографирана за насловната страна на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

    Бермудите

    rnБританската традиција оставила голем печат врз културата на Бермудските Острови. Попладневниот чај и голфот се само дел од многуте атракции кои ги нудат Бермудите. Дел од шармот на овие острови е и ограниченото возење кое се сведува само на велосипеди и скутери. Можеби тоа ја привлече и Даниела Пестова која се фотографираше на Бермудите за насловната страна на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“ од 1995 година. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

    Тунис

    rnИако северниот дел на Африка е политички доста нестабилен и небезбеден за патување, тимот на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“ одлучи во 2001 година мексиканскиот модел Елза Бенитез да биде фотографирана на медитеранското крајбрежје во Тунис, за насловната страна на списанието. Тунис е посакувана туристичка дестинација заради посебната мешавина од берберска, арапска, римска и феникиска култура и заради прекрасните крајбрежни плажи. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

    Канкун, Мексико

    rnМексиканската ривиера на Маите се најде на насловната страна на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“ во 1975 година, кога моделот Шерил Тигс повторно беше одбрана да биде во фокусот на насловната фотографија, овој пат позирајќи на плажите во Канкун. Освен заради рајските плажи, Канкун е привлечен за туристите и заради многубројните спортови на вода, рушевините од храмовите на Маите и луксузните одморалишта. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustrated
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најубавите барови на карипските плажи

    Најубавите барови на карипските плажи

    Карибите изобилуваат со прекрасни егзотични плажи на кои постојано е забавно, а дел од вината за тоа ја сносат и овие уникатни барови распоредени по нивните рајски песоци.rn

    Дјун Презерв, Ангвила

    rnДјун Презерв е преубав тропски бар на плажата во заливот Рандеву на малиот остров Ангвила. Изграден е исклучиво од остатоци од бродови кои заринкале или потонале во заливот. Студените пијалaци и богатата музичка сцена која ја нуди овој бар го прават привлечен и за некои холивудски ѕвезди.rnrn Најубавите барови на карипските плажиrn

    Соги Долар Бар, Британски Девствени Острови

    rnСоги Долар барот е скриен зад еден ред палми кои се наоѓаат на островчето Јост ван Дајк, а до него гостите најчесто доаѓаат со чамец или пливајќи од другата страна на брегот, кој е многу блиску. Затоа оние кои се разладуваат и забавуваат во него главно се боси и во костими за капење.rnrn Најубавите барови на карипските плажиrn

    Пеликан, Јамајка

    rnБарот Пеликан не е баш на самата плажа, туку околу 800 метри во вода. До него најлесно се стигнува со чамец, а водата не е многу длабока така што повеќето можат да застанат во вода без да потонат. Целиот е изграден од бамбусово дрво и лисја од палма.rnrn Најубавите барови на карипските плажиrn

    Рикс Кафе, Јамајка

    rnРикс Кафе се наоѓа на добро познатата плажа Негрил во Јамајка, на самиот раб на еден карпест предел. Додека сонцето силно свети преку ден, посетителите се забавуваат скокајќи од карпите меѓу кои се формира мал базен од морската вода која се пробива до таму. Приквечер барот е атрактивен поради спектакуларната глетка на карипското зајдисонце, а навечер се лудува на реге-звуците.rnrn Најубавите барови на карипските плажиrn

    Инфинити, Туркс и Каикос

    rnМинијатурните островчиња Туркс и Каикос се местото каде што е сместен барот Инфинити, веројатно најдолгиот на Карибите. Покриен е со прекрасен црн мермер којшто се протега кон океанот, а се наоѓа на Грејс Беј, една од најубавите плажи на Карибите.rnrn Најубавите барови на карипските плажиrn

    Кау Врек Беј, Британски Девствени Острови

    rnКау Врек Беј е популарен помеѓу сурферите и оние кои уживаат само да ги гледаат другите како сурфаат додека се ладат со студено пиво, рум или коктел. Сместен е во еден зафрлен тивок дел на Анегада, еден од најмалите од Британските Девствени Острови.rnrn Најубавите барови на карипските плажиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Факти и фотографии од тропскиот рај Јамајка

    Факти и фотографии од тропскиот рај Јамајка

    Јамајка е добро познат тропски рај во Карипското Море прославен по хедонистичкиот стил на живеење. Разгледајте ги следните фотографии и факти од преубавиот остров кои ќе ви го доближат тамошниот егзотичен амбиент.Факти и фотографии од тропскиот рај ЈамајкаЈамајка важи за една од најпопуларните туристички дестинации. Изобилува со национални паркови, брзи реки, водопади, пешачки патеки и, се разбира, прекрасни плажи, меѓу кои најпознати се Севен Мајл, Бостон Беј, Докторс Кејв, Очо Риос, Негрил, итн. Шарениот подводен свет околу островот е магнет за нуркачите, а пешачките патеки во спектакуларните џунгли ги привлекуваат авантуристите од целиот свет.Факти и фотографии од тропскиот рај ЈамајкаФакти и фотографии од тропскиот рај ЈамајкаФакти и фотографии од тропскиот рај ЈамајкаТропската природа на островот е извонредно место за живот на многу егзотични животински и растителни видови. Сепак, прошетките во дивината не се опасни, особено ако се земе предвид дека змиите таму се многу ретки. Истребени се од мунгосите, кои претходно биле донесени за да ги истребат стаорците.rnrnЖивописните предели од бели песочни плажи над кои се издигаат планини со разновиден див свет се резултат на тропската клима и повремените поројни дождови. Затоа од првите доселеници островот бил наречен „Xaymaca“, што значи „Земја на шуми и вода“.Факти и фотографии од тропскиот рај ЈамајкаФакти и фотографии од тропскиот рај ЈамајкаФакти и фотографии од тропскиот рај ЈамајкаПрвиот народ кој ја населил Јамајка биле Араваките. Тоа бил мирољубив народ дојден од Јужна Америка чиј живот поминувал во хармонија со природата. Нивното хедонистичко секојдневие било исполнето со јадење, пиење, танцување и пеење.rnrnДенеска во Јамајка живеат народи со најразлично потекло: доминираат оние со африканско потекло, а има и такви со ирско, либанско, сириско, шкотско, германско, итн. Сите тие комуницираат главно на англиско-африканско-креолскиот јазик наречен јамајкански патоа, иако официјален е англискиот.rnrnЗнамето на Јамајка има три бои: црна, жолта и зелена. Црната ги означува пребродените тешкотии од историјата и оние кои допрва ќе дојдат, жолтата ги симболизира тропското сонце и природните богатства, а зелената ги означува надежта и дивата природа на островот.Факти и фотографии од тропскиот рај ЈамајкаФакти и фотографии од тропскиот рај ЈамајкаФакти и фотографии од тропскиот рај ЈамајкаНародот во Јамајка е многу религиозен, а тоа се обидува да им го пренесе и на децата. Затоа секое утро во јавните училишта започнува со молитва.rnrnИако островот не е многу голем, дел од него сè уште е неистражен. Има еден мал дел кој е населен од Маруните, африкански робови кои по бунтот и ослободувањето од Британците оформиле свои населби длабоко во џунглата, а по извесно време стекнале и извесна автономија.rnrnСамо Американските атлетичари имаат освоено повеќе олимписки медали од јамајканските. И покрај тоа, Јамајка важи за земја од која доаѓаат најбрзите луѓе на светот. Од таму доаѓа најбрзиот спринтер на светот Јусеин Болт, а од седумте најбрзи спринтери во историјата, дури пет се од Јамајка.Факти и фотографии од тропскиот рај ЈамајкаНа Зимската олимпијада во Калгари во 1988 година, тимот на Јамајка во бобслед (санкање) на оваа островска земја ѝ даде статус на прва тропска земја која учествувала на Зимски Олимписки игри. Нивниот подвиг беше инспирација за филмот Cool Runnings.rnrnСелото Најн Мајл во рурална Јамајка е родното место и вечното почивалиште на најпознатиот Јамајканец и крал на реге музиката, Боб Марли. Таму му е изграден мавзолеј кој на посетителите им дава можност да видат многу предмети кои му припаѓале нему, меѓу кои и „рок перницата“ на која легнувал секогаш кога барал инспирација.rnrnЈамајканските убавици се на четвртото место на вечната листа според наградите освоени на Мис на светот (што не е исто со Мис Универзум), веднаш зад Индија, Велика Британија и Венецуела. Во случајов се сметаат и титулите за прва и втора придружничка и разните награди кои ги доделуваат организаторите.Факти и фотографии од тропскиот рај ЈамајкаЈамајканците често можат да уживаат во феноменот сина месечина. Оваа појава се случила дури шест пати во последните 40 години.rnrnИако одгледувањето и поседувањето марихуана е забрането, законите поврзани со неа ретко се почитуваат, што само го зацврстува статусот на хедонистички остров.rnrnСпоред извештаите на Обединетите Нации, Јамајка има една од највисоките стапки на убиства и на улично насилство во светот.rnrnВо Јамајка сè уште се практикува обеахизмот, вуду магиски ритуал кој може да донесе добро или зло. Се казнува со затвор согласно Кривичниот закон на земјата.Факти и фотографии од тропскиот рај ЈамајкаФакти и фотографии од тропскиот рај ЈамајкаФакти и фотографии од тропскиот рај ЈамајкаФакти и фотографии од тропскиот рај ЈамајкаФакти и фотографии од тропскиот рај ЈамајкаФакти и фотографии од тропскиот рај ЈамајкаФакти и фотографии од тропскиот рај ЈамајкаФакти и фотографии од тропскиот рај ЈамајкаФакти и фотографии од тропскиот рај ЈамајкаФакти и фотографии од тропскиот рај Јамајка
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Одморалиштето „Златно око“ во Јамајка

    Одморалиштето „Златно око“ во Јамајка

    Ако појдете во Јамајка и го посетите одморалиштето „Златно око“, очекувајте дека тоа ќе биде почеток на вашата нова љубовна врска… со самото место. Ова одморалиште е поранешен дом на креаторот на Џејмс Бонд – 007, Јан Флеминг, кое во 1976 година го купи основачот на  Island Records, Крис Блеквел.Одморалиштето „Златно око“ во ЈамајкаОдморалиштето неодамна беше реновирано и сега се состои од 22 единици, вклучително 9 куќи покрај плажа, 8 лагунa-куќички, оригиналната вила на Флеминг и 4 куќи изградени од страна на Блеквел. Куќата која некогаш му припаѓаше на Флеминг, се состои од 3 спални соби и една главна соба со поглед кон море.Одморалиштето „Златно око“ во ЈамајкаОдморалиштето „Златно око“ во ЈамајкаОдморалиштето „Златно око“ во ЈамајкаОдморалиштето „Златно око“ во ЈамајкаОдморалиштето „Златно око“ во ЈамајкаОдморалиштето „Златно око“ во ЈамајкаОдморалиштето „Златно око“ во ЈамајкаОдморалиштето „Златно око“ во ЈамајкаОдморалиштето „Златно око“ во ЈамајкаОдморалиштето „Златно око“ во ЈамајкаОдморалиштето „Златно око“ во Јамајка
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn