Јахтата „Улиците на Монако“ е концепт дизајниран од група страсно креативни дизајнери кои сакаат на ентузијастите за луксуз да им понудат нешто сосема ново. Оваа исклучителна јахта е долга 155 метри, а на нејзе ќе можат да се сместат 16 гости и 70 членови од екипажот.
Нејзината структура е поддржана со челик и алуминиум на целиот горен дел, а е придвижувана од дизел мотор. Јахтата ќе има три главни области, „Оазата“, „Улиците на Монако“ и „Главниот атриум“. „Улиците на Монако“ ќе биде целосно функционален дел од јахтата, направен според патеката за Формула 1 во Монако и таа ќе биде во преден план. „Оазата“ ќе претставува луксузен дел за релаксација, инспириран од градините пред казиното Монако, додека пак „Главниот атриум“ ќе се наоѓа на централната палуба и ќе ги поврзува собите на горниот и долниот дел од јахтата. Целата јахта ќе содржи компоненти за целосен комфор на гостите и за исполнување на нивните соништа.

rn
Tag: јахта
-

Јахта инспирирана од улиците на Монако
———————————————————————————————————————————————————————rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Феноменална јахта за комплетно уживање
Архитектот Фелипе Бренд ја комплетираше работата на дизајнерското ремек-дело, јахтата „Vertigo 220“. Изработката на оваа јахта ја овозможи компанијата „Alloy Yachts“.rn
Оваа неверојатна јахта е долга 67 метри и овозможува лудо и незаборавно патување низ светот, а во неа можат да уживаат целосен екипаж со капетан и друштво или семејство. Таа е придвижувана од два мотори по 1.400 коњски сили, помошни мотори на крмата, а дополнителна брзина се добива од ветерот преку едрата. Ентериерот е фантастичен и луксузен, а во неа има неколку спални соби и соби за релаксација, кујна, трпезарија, контролна соба и неколку купатила. Јахтата се состои и од фантастично смислен надворешен простор и прекрасна палуба.








rn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn -

Куќа на плажа која ја успокојува вашата душа
Тешко би било да си замислите место кое може да ви понуди поголем душевен мир и чувство на спокој, од убавата куќа на плажа во Австралија.
Лоциран во близина на Сиднеј, имотот со големина од три хектари е вгнезден помеѓу дрвја, на крајот од една прекрасна плажа т.н. Убавата плажа.
Со само три павилјони со по една спална соба, оваа рајска куќичка се издава за туристи, кои имаат можност да уживаат во храната приготвена од куќниот готвач, поглед од куќичката на дрво кон пенливите Бризбејнски води, приватни дрвени површини покрај базенот наменети за сончање, винарска визба, бесконечен базен со топла вода и воодушевувачка јахта долга 12 метри, за пловидба по водите.


Базенот е опколен со тераса обложена со греди од тиково дрво, на која има отвори за да можат да поминат индијански чамци. 
Овој современ архитектонски пристап, ѝ овозможува на оваа резиденција комотно да се вклопи во фантастичниот пејзаж на природата, на еден навистина софистициран начин.




rn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn -

Јахтата на Стивен Спилберг од 200 милиони долари
Познатиот режисер Стивен Спилберг неодамна бил забележан како плови со неговата нова мегајахта „Seven Seas“ (Седум мориња). Јахтата долга 86 метри, чини 200 милиони американски долари и е опремена со секакви луксузи.
Изградена е од холандската фирма „Oceanco“ според спецификациите порачани од Стивен. Опремена е со софистициран ентериер изработен од ореово, тиково и розово дрво. Најимпресивен елемент е бесконечниот базен, кој завршува со стакло-ѕид од 4,5 метра. Овој елемент служи и како кино-екран, за да можат Стивен и неговите гости да уживаат во добар филм додека се на јахтата.rn
„Седум мориња“ може да обезбеди луксузно сместување за 12 гости, има 26 кревети за бродскиот екипаж, како и приватна, господска кабина за сопственикот, центрирана на палубата, која вклучува работно студио и џакузи. Исто така, на неа има место предвидено за слетување на хеликоптер, целосно опремена фискултурна сала, спа-соба и соба за масажи и уште едно затворено кино.

-

Јахта од соништата
Јахтата Hedonist е дело на компанија Art of Kinetik, која се занимава со производство и дизајн на дрвени луксузни јахти по нарачка.rn

Таа е долга 20 метри и може да развие максимална брзина до 75 километри на час. Надворешниот изглед е фантастично искомбиниран, така што на дрвената основа елегантно се додадени метални и стаклени елементи.rn
Внатрешноста наликува на луксузен хотел, со отмени детали и стилски компатибилни додатоци кои ќе ве остават без зборови.rn


Работи на мотори направени од Ролс Ројс и може да собере 12 луѓе.rn
