КАФЕ ПАУЗА

Tag: јагода

  • Вашето омилено овошје ги открива вашата личност и вашиот карактер

    Вашето омилено овошје ги открива вашата личност и вашиот карактер

    Сите ние уживаме во консумирањето на нашето омилено овошје, бидејќи тоа е здраво, природно и е одлична замена за слатките, со оглед на тоа што некои плодови се многу богати со природен шеќер.rnrnИзборот на омиленото овошје многу зборува за вашиот карактер, а оваа теорија е стара повеќе од 2.000 години и за прв пат се појавила во стара Јапонија. Начинот на кој ги третираме луѓето, облеката што ја избираме, начинот на кој се однесуваме и разговараме со луѓето, семејството и пријателите, па дури и какви сме кога сме налутени и спремни за кавга – сето тоа можеме да го дознаеме од нашето омилено овошје.rnrnНаучниците тврдат дека омиленото овошје е сигурен показател за типот на личноста и дека поради него често сонуваме. Овошјето има одредена симболика, припишувани му се магични својства, а одговорот на прашањето каква личност сте ќе ви го даде токму вашето омилено овошје.rnrn1-vasheto-omileno-ovoshje-ja-otkriva-vashata-lichnost-i-karakter-www.kafepauza.mk_rn

    1. Јаболко

    rnЈаболката ги обожаваат веселите и ведри личности кои не сакаат ризици и секогаш играат на сигурно. Овие личности се фер играчи, никогаш нема да подметнат некоја измама и ќе ги избегнат кавгите, конфликтите и озборувањата. Тие се премногу срдечни индивидуи, секогаш спремни да излезат во пресрет и да помогнат на секого. На нив можете да се потпрете во секој момент. Луѓето често ги гледаат како лековерни и наивни, па затоа многупати се жртви на измамување. Во љубовта имаат реални очекувања, не живеат во облаци и никогаш нема поради љубов да си ја „загубат“ главата.rnrn2-vasheto-omileno-ovoshje-ja-otkriva-vashata-lichnost-i-karakter-www.kafepauza.mk_rn

    2. Портокал

    rnПортокалот е омилено овошје на силните личности, но овие индивидуи се често недостапни, затворени и тешки за придобивање. Потребно е многу време и труд за тие да се отворат, да ви ја укажат нивната доверба и да ве прифатат за пријател. Исто така се склони кон ненадејни промени на расположението, лесно и брзо се лутат и често изговараат грди зборови за кои подоцна се каат. Љубителите на портокалот имаат исклучителен сексуален набој, но не се склони кон долги врски.rnrn3-vasheto-omileno-ovoshje-ja-otkriva-vashata-lichnost-i-karakter-www.kafepauza.mk_rn

    3. Јагода

    rnЗабавните, срдечни и гостопримливи луѓе обожаваат јагоди. Тие се радуваат на ситници и сакаат да си угодуваат на себе, но и на своите најблиски. Овие луѓе ги боли неправдата, многу се праведни и ќе застанат во нечија одбрана без разлика на последиците. Иако се со отворен дух, кога ќе ги повредите или навредите тешко простуваат. Во љубовта се отворени, не поднесуваат лаги и изневерувања.rnrn4-vasheto-omileno-ovoshje-ja-otkriva-vashata-lichnost-i-karakter-www.kafepauza.mk_rn

    4. Банана

    rnБананата упатува на благи и меки личности, иако тие карактеристики не би им се доделиле на прв поглед. Луѓето кои сакаат банани се сентиментални, осетливи на критика и емотивни. Нив ги карактеризира и непостојаноста и ненадејните промени на одлуките во последен момент. Често се каат поради своите постапки и многу им е грижа за впечатокот кој го оставаат на околината. Во љубовта се потполно посветени, сите нивни врски се фатални, но често се многу посесивни.rnrn5-vasheto-omileno-ovoshje-ja-otkriva-vashata-lichnost-i-karakter-www.kafepauza.mk_rn

    5. Грозје

    rnГрозјето го обожаваат дружељубиви личности кои се вистински тимски играчи. Тие исто така се одлични организатори, родени лидери и во нив соработниците секогаш може да имаат доверба. Добри се во чувањето тајни, многу се амбициозни, но и културни личности. Тие се фини, суптилни и грижливи луѓе. Честопати може да претераат со својата строгост и критика, но не се злонамерни, бидејќи тоа го прават за да им помогнат на останатите и да ги поттикнат да бидат подобри. Тие љубат до крајни граници, склони се на партнерот да му простат сè, па дури и предавство и изневерување.rnrn6-vasheto-omileno-ovoshje-ja-otkriva-vashata-lichnost-i-karakter-www.kafepauza.mk_rn

    6. Вишна

    rnВишната открива разумна, несекојдневна личност со истанчен вкус и непредвидлив карактер. Вишната ја сакаат специфични луѓе кои никогаш не личат на останатите. Тие не сакат ништо што е обично. Сепак, склони се да ги одложуваат обврските, а во љубовта се недостижни.rnrn7-vasheto-omileno-ovoshje-ja-otkriva-vashata-lichnost-i-karakter-www.kafepauza.mk_rn

    7. Кајсија

    rnЉубителите на кајсијата се шармантни, заводливи и сакаат луксуз и скапи работи. Постојано се во брзање и многу ја ценат работата, трудот и залагањето. Тие се пријателски настроени, а уживаат во излегувања и журки. Тие се идеални партнери за долга врска.rnrn8-vasheto-omileno-ovoshje-ja-otkriva-vashata-lichnost-i-karakter-www.kafepauza.mk_

  • Тајната на овошјето и зеленчукот: Искористете ги паметно за да постигнете секси изглед

    Тајната на овошјето и зеленчукот: Искористете ги паметно за да постигнете секси изглед

    Освен тоа што се вкусни, вашето омилено овошје и зеленчук, можат да ви помогнат да постигнете секси изглед во ова топло лето.rnrn1-tajnata-na-ovoshjeto-i-zelenchukot-iskoristete-gi-pametno-za-da-postignete-seksi-izgled-www.kafepauza.mk_rn

    1. Јагоди за затегната кожа

    rnОва црвено овошје е полно со витамин Ц, кој е важен за производството на колaген, кој пак ѝ помага на нашата кожа да биде цврста и затегната. Нашето тело не може само да го произведе овој витамин и затоа е многу важно редовно да го внесуваме преку храната.rn

    Како храна

    rnЈагодите најдобро би било да ги јадете свежи и цели, а не исечкани, бидејќи ако подолго време е изложен на воздух витаминот Ц ја губи својата јачина. Може да направите и смуди со мраз ако сакате да се разладите во овие топли денови.rn

    Како нега

    rnКога сте дома и имате слободно време, искористете ги јагодите за да направите бјути третман кој ќе ви ги намали порите на кожата и ќе ги осветли дамките кои ви се појавиле од сонцето. Изгмечете ги јагодите и додајте во смесата лажичка лимонов сок и пола чаша јогурт. Оставете ја смесата да се излади во фрижидер, а потоа нанесете ја на лицето и вратот. Држете ја маската на вас околу половина час, а потоа измијте ја.rnrn2-tajnata-na-ovoshjeto-i-zelenchukot-iskoristete-gi-pametno-za-da-postignete-seksi-izgled-www.kafepauza.mk_rn

    2. Праски за кадифена кожа

    rnВитаминот А, со кој се богати праските, ја поттикнува регенерацијата на ќелиите и на тој начин ѝ помага на кожата да изгледа здраво и свежо. Исто така може да ја намали штетата на кожата која произлегла од преголемото изложување на сонце.rn

    Како храна

    rnЕдна до две праски дневно ќе ви бидат доволни за да го внесете потребното количество на витамин А. Избирајте ги позрелите праски со црвена кора. Може да направите овошна салата или да ги додадете во сладолед од ванила.rn

    Како нега

    rnСо помош на праските може да направите пилинг кој ќе ви ги отстрани мртвите клетки од кожата и ќе ја нахрани. Изгмечете две праски и додадете лажичка маслиново масло и кафеав шеќер. Истријте ја кожата неколку минути, па оставете ја малку да постои. Потоа измијте ја со млака вода.rnrnOLYMPUS DIGITAL CAMERArn

    3. Домати против акни

    rnЛикопенот кој се наоѓа во доматите помага во спречување и намалување на воспалението на кожата и на тој начин во голема мера влијае на појавата на акни и на запушените пори. Додавањето на овој плод во секојдневната исхрана ќе ви помогне да добиете поубава кожа.rn

    Како храна

    rnКако и секое друго овошје и зеленчук, и доматот може да го јадете зготвен или пак свеж. Ако се одлучите за свеж, измијте го добро, исечкајте го на парчиња, прелијте го со маслиново масло и додадете малку свеж босилек. Доколку сакате да го додадете во јадењето, ситно исечкајте го на парчиња, кратко пропржете го на маслиново масло и додадете лук. Ќе добиете вкусен сос за шпагети.rn

    Како нега

    rnИсечкајте го доматот на тенки кругови и наредете ги на лицето. Оставете ги 15 минути додека кожата не го впие сокот од нив. Потоа исечете уште еден домат на половина, па истријте ја кожата со кружни движења. Измијте со топла вода. На овој начин ќе ги отпушите порите и ќе ја спречите можноста за создавање на акни и митесери.rnrn4-tajnata-na-ovoshjeto-i-zelenchukot-iskoristete-gi-pametno-za-da-postignete-seksi-izgled-www.kafepauza.mk_rn

    4. Боровинки за сјај

    rnВитаминот Е кој се наоѓа во ова овошје ѝ помага на кожата да се брани од надворешните влијанија и ѝ овозможува таа секогаш да биде хидрирана. Иако ни се чини дека во летниот период внесуваме доволно вода, зголеменото потење влијае на нејзиното губење и затоа нашата кожа често изгледа изморено и дехидрирано. Затоа е потребно да го внесуваме витаминот Е кој на нашата кожа ќе ѝ ја обезбеди потребната влажност.rn

    Како храна

    rnСамо една рака боровинки, покрај веќе спомнатиот витамин Е, содржи бројни антиоксиданси. Измешајте ги со јогурт и овесни снегулки и ќе добиете прекрасен здрав оброк.rn

    Како нега

    rnМаската од боровинки може да ја направите сами и доволно е да ја практикувате само еднаш неделно за да ја хидрирате кожата. Во блендер ставете една рака боровинки, сок од еден лимон, рака исечкани бадеми, лажичка полномасен јогурт и лажичка мед. Мешајте сè додека не добиете изедначена смеса и оставете ја малку во фрижидер за да се стегне. Маската нанесете ја на претходно исчистено лице и врат и оставете ја 20 минути. После тоа измасирајте ја кожата, за да направете благ пилинг, па потоа измијте ја.rnrn5-tajnata-na-ovoshjeto-i-zelenchukot-iskoristete-gi-pametno-za-da-postignete-seksi-izgled-www.kafepauza.mk_

  • Вкусен и освежителен сладолед од јагода и праска

    Вкусен и освежителен сладолед од јагода и праска

    Искористете го свежото овошје и направете одличен домашен сладолед

    rnrnВкусен и освежителен сладолед од јагода и праскаrn

    Потребни состојки (за 8 сладоледи):

    rn

      rn011

    • 150 г свежи јагоди
    • rn011

    • 2 презреани праски
    • rn011

    • 10 поголеми листови од нане
    • rn011

    • 3 супени лажици шербет
    • rn011

    • 360 мл ладна вода
    • rn

    rnВкусен и освежителен сладолед од јагода и праскаrn

    Начин на подготовка:

    rnВо блендер ставете ги јагодите, 1 супена лажица шербет и 120 мл вода и блендирајте додека состојките не се спојат добро. Земете 8 калапи за сладолед (може да ви послужат и пластични чаши со погодна форма), и наполнете 1/3 од смесата со јаготките. Во секој од калапите ставете по едно дрвено стапче за сладолед и оставете ги во замрзнувач 10-15 минути, додека смесата не почне да се зацврстува.rnrnПраските исечете ги на пола, отстранете ги семките и исечете ги на парчиња. Во блендер ставете ги праските, нането, 2 супени лажици шербет како и преостанатата вода, и блендирајте додека смесата не стане хомогена. Додајте ја смесата во калапите за сладолед и оставете да се замрзне добро.rnrnВкусен и освежителен сладолед од јагода и праскаrn

    Совет:

    rnЗа да направите шербет, искомбинирајте еднаква количина вода и шеќер и ставете ги на тивок оган додека шеќерот не се растопи. Оставете смесата да се олади.rnrnВкусен и освежителен сладолед од јагода и праска
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Брз домашен сладолед од јагода и банана

    Брз домашен сладолед од јагода и банана

    Замрзнат и сладок вкус за жешки денови

    rnБрз домашен сладолед од јагода и бананаrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 150 г јаготки
    • rn011

    • 120 мл јогурт
    • rn011

    • 2 супени лажици мед или јаворов сируп
    • rn011

    • ½ банана
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnВо блендер изблендајте ги јаготките заедно со 1 лажица мед. Во мал сад полејте го јогуртот и додајте една супена лажица од пирето од јаготки и уште една лажица мед. Наполнете ги пластичните чаши со смесата од јогурт и јаготки, наизменично додавајќи парчиња јаготки и банана.rnrnВо средина на секоја од чашите ставете дрвено стапче и оставете да отстојат во замрзнувач 4 часа. За да ги одделите сладоледите од чашите, поставете ги под млаз жешка вода.rnrnМедот или јаворовиот сируп може и воопшто да не го употребите. Доколку одлучите така, постапката останува иста само не додавате засладувач.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што зборува вашиот омилен сладолед за вашиот карактер?

    Што зборува вашиот омилен сладолед за вашиот карактер?

    Секоја година, кога започнува летната сезона, по патеките за прошетка постојано се слуша истото прашање: кој е твојот омилен вкус на сладолед? И, кој е вашиот омилен сладолед? Чоколадо, ванила или јагода? Или пак можеби вие сте од оние типови кои сакаат мента или вкус на кафе? Омилениот вкус на сладолед, открива повеќе за вас одошто можете да претпоставите. Веб-сајтот www.icecream.com спровел истражување со кое открива каков е вашиот карактер во зависност од вашиот омилен сладолед.rnrnШто зборува вашиот омилен сладолед за вашиот карактер?rn

    Чоколадо

    rnДоколку сте љубители на стариот добар вкус на чоколадо, тогаш вие сте енергична, креативна и драматична личност која сака да биде во центарот на вниманието. Можеби сакате малку повеќе да го свртувате вниманието на себе, но успевате и да ги шармирате сите околу себе со вашиот ентузијазам и чувство за стил. Оние кои сакаат сладолед од двојно чоколадо, не сакаат да бидат сами, туку сакаат да поминуваат повеќе време со своите пријатели. Воедно тие се во потрага по страст и возбуда во љубовните врски.rnrnШто зборува вашиот омилен сладолед за вашиот карактер?rn

    Ванила

    rnНемојте да се чувствувате како досадна личност доколку ванилата е вашиот прв избор на сладолед кога ќе зачекорите со едната нога во слаткарница. Љубителите на сладолед од ванила се луѓе полни со елан и ентузијазам, кои сакаат да преземаат ризици и се потпираат повеќе на својата интуиција, отколку на логиката. Тие си поставуваат високи цели за себеси и се стремат да ги достигнат. Тие се идеалистични и отворени со своите емоции и сакаат да бидат во стабилни и долготрајни љубовни врски.rnrnШто зборува вашиот омилен сладолед за вашиот карактер?rn

    Јагода

    rnОбожавателите на сладолед од јагода се мирни и резервирани и немаат лидерски способности, но се многу вредни и послушни спрема својот претпоставен. Тие се лојални кон нивното семејство и кон пријателите и преферираат да седат „во сенка“ и не сакаат да го свртуваат вниманието околу себе. Тие се опишани како промислени и логични луѓе, кои внимателно ги мерат можностите, пред да ја донесат конечната одлука.rn

    Мента

    rnЉубителите на сладолед од мента се тешки муштерии. Тие се опишани како амбициозни, самоуверени и малку скептични во врска со животот. По малку тврдоглави, овие луѓе се секогаш фокусирани кон иднината, па затоа обожаваат да прават планови и да размислуваат премногу однапред. Овие луѓе исто така се и лојални, искрени и стабилни типови, кои ги ценат своите блиски пријатели и членовите од семејството.rnrnШто зборува вашиот омилен сладолед за вашиот карактер?rn

    Кафе

    rnЉубителите на сладолед со вкус на кафе не се само зависници од кофеин. Тие се истовремено и весели, драматични и кокетни типови луѓе кои знаат како да го живеат моментот. Тие секогаш го живеат животот со „полна пареа“, но имаат тенденција и да ги преценат своите способности, па да започнуваат нови проекти пред да ги завршат старите. Тие имаат енергија во неограничени количини и брзо им здосадува од сѐ.rn

    Чоколадо полно со сецкани јаткасти плодови и преливи

    rnДоколку сте љубител на интересните чоколадни вкусови кои се комбинирани со разни додатоци како прелив од јагода или сецкани кикирики и лешници, тогаш вие го поседувате совршениот баланс на шарм и практичност. Овие луѓе се дружељубиви „социјални пеперутки“ кои ги почитуваат убавите работи во животот и сакаат на луѓето да им е грижа за нив. Тие се и чувствителни на критика и може да станат агресивни кога се обидуваат да ги остварат нивните цели на работа или во приватниот живот.rnrnШто зборува вашиот омилен сладолед за вашиот карактер?rn

    Чоколаден чипс во сладолед од ванила

    rnДоколку сакате во вашата топка сладолед да има еден куп чоколаден чипс, тогаш вие сте амбициозни и сакате да успеете во кариерата и животот. И покрај тоа што имате силен натпреварувачки дух и сте многу вредни и работливи, сепак сте и многу дарежливи и никогаш не сфаќате ништо здраво за готово. Љубителите на сладолед од ванила во комбинација со чоколадни парченца и трошки, успешно се снаоѓаат во социјалните опкружувања и најчесто се во центарот на вниманието.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Необични сознанија за овошјето

    Необични сознанија за овошјето

    Секое овошје се разликува од другите по некои специфики кои го прават посебно. Тоа претставува клуч во среќниот и витален развиток на луѓето и има здраво и благородно дејство, одлично за правилната и нормална исхрана на човекот. Ова се неколку навистина специфични и многу интересни податоци поврзани со различни видови овошја. Инспирација за овој пост е ултрапопуларната игра за Ајфон, Ајпод и Ајпед „Fruit Ninja“.Необични сознанија за овошјето1. 25% од масата на јаболкото е составено од вода. Поради оваа причина тоа не може да потоне.rn2. Мангото има исто толку витамини, колку и портокалот.rn3. Римјаните ги користеле јагодите за лекување на многу болести.rn4. Лубениците се состојат од 92% вода.rn5. Најголемата лубеница во светот тежела 119 килограми.rn6. Истражувањата покажуваат дека честото консумирање јаболка, може значително да ги намали шансите за заболување од повеќе видови рак.rn7. Големите лимонови дрвја можат да родат од 1.000 до 2.000 плодови годишно.rn8. Стеблото на крушката може да издржи температури, ниски дури и до 40-от Целзиусов степен под нулата.rn9. Семките на јаболкото се малку отровни, но недоволно за да му наштетат на човечкиот организам.rn10. Постојат повеќе од 1.200 видови лубеници, кои се одгледуваат во 96 земји во светот.rn11. Јагодите се единственото овошје кое има семки на надворешниот дел од својот плод.rn12. Недозреаните ананаси се отровни.rn13. Консумирањето црни сливи ја подобрува апсорпцијата на железо во телото.rn14. Една третина од ананасот во светот расте на Хаваите.rn15. Сливите растат на сите континенти на светот, освен на Антарктикот.rn16. Една просечна јагода има отприлика 200 семки на нејзе.rn17. Ананасот некогаш бил многу ретко овошје, токму затоа и ја доби титулата кралот на овошјето.rn18. Кивито порано се нарекувало по неговото оригинално име „јанг тао“ (yang tao) или во превод сончева праска.rn19. Внатрешноста од лушпата на бананата може да се искористи за полирање кожени чевли.rn20. Доколку со внатрешноста од лушпа на банана го намачкате местото убодено од комарец, можете да го намалите чешањето.rn21. Најголемиот дел од витаминот Ц во крушката, се наоѓа во нејзината лушпа.rn22. Лимонот содржи повеќе шеќер од јагодите.rn23. Јаболкницата е способна да раѓа плодови повеќе од 100 години.rn24. Во просек еден човек јаде по 65 јаболка годишно.rn25. Доколку го стоплите лимонот пред цедење, ќе добиете повеќе сок.