КАФЕ ПАУЗА

Tag: извини

  • Доколку ги користите овие 5 фрази на работа, никој нема да ве гледа како силна и самоуверена личност

    Доколку ги користите овие 5 фрази на работа, никој нема да ве гледа како силна и самоуверена личност

    Што кажуваме, каде го кажуваме и пред кого се работи кои директно влијаат на туѓото мислење за нас. А кога станува збор за мислењето на професионален план, тогаш мора да бидеме претпазливи со секој збор кој излегува од нашата уста. На пр., сакајќи да бидеме фини и обѕирни, често знаеме да излеземе како слаби и несигурни во себе, а причината е што во зборувањето вметнуваме фрази кои кај останатите оставаат впечаток дека не сме цврсти личности. Следниве 5 фрази се најупотребуваните меѓу нив и треба веднаш да ги исфрлите од вашиот речник.rnrn(2)-dokolku-gi-koristite-ovie-5-frazi-na-rabota-nikoj-nema-da-ve-gleda-kako-silna-i-samouverena-lichnost-kafepauza.mkrn

    1. „Значи“

    rnДефинитивно еден од зборовите кои не само што ќе направат да изгледате несигурно, туку и чија честота на користење неминовно ќе ги изнервира вашите соговорници. Сакате да ве сфатат сериозно? Тогаш веднаш најдете начин да се ослободите од стегите при изговарањето на овој збор. Вежбајте пред огледало, правете кратки паузи секој пат кога ќе ви дојде да кажете значи.rn

    2. „Извини“

    rnНе баш сѐ она за кое се извинувате го бара тоа од вас, нели? Претераното извинување се одразува лошо на вашата самодоверба и остава впечаток дека таа е на многу ниско ниво. Со оглед на тоа дека во поголемиот дел од случаите не сте ни погрешиле толку многу колку што мислите, покажете малку поголема самоувереност и самопочит и извинувајте се само тогаш кога навистина ќе имате за што.rnrn(1)-dokolku-gi-koristite-ovie-5-frazi-na-rabota-nikoj-nema-da-ve-gleda-kako-silna-i-samouverena-lichnost-kafepauza.mkrn

    3. „Не знам дали ќе можете, но…“

    rnДоколку сакате некој да направи нешто, тогаш ова е дефинитивно начинот на кој НЕ треба да го побарате тоа. Дури и кога станува збор за личност која се наоѓа на повисока работна позиција, секогаш постојат други начини кои поефективно ќе ја завршат работата. Бидете сигурни во себе и одлучни, па наместо не знам дали…, обидете се со би сакале ли…rn

    4. „Жал ми е што ви пречам, но…“

    rnКога станува збор за нечие време, тогаш имајте почит за истото и не го трошете залудно со фрази како оваа. Сакате да ве забележат? Сакате помош со нешто? Вака сигурно нема да ја добиете. Имате право да прашате што и да ве интересира и секој, доколку сака, може да одвои неколку минути од своето драгоцено време за да ви одговори. Затоа, следниот пат обидете се со Кога ќе имате време, би го сакал/а вашето мислење за… или фрази слични на оваа.rnrn(3)-dokolku-gi-koristite-ovie-5-frazi-na-rabota-nikoj-nema-da-ve-gleda-kako-silna-i-samouverena-lichnost-kafepauza.mkrn

    5. „Се надевам дека е во ред“

    rnДали се сомневате во себе? И зошто тогаш вашиот работодавец или колеги би требале да ве сфатат сериозно? Не очекувајте другите да веруваат во вашите способности кога вие самите делувате несигурни за тоа колку добро сте ја завршиле работата. Кога навистина одлично сте ја изработиле задачата и го знаете тоа, нема потреба од вакви коментари. Покажете поголема самодоверба и цврсто стојте позади сработеното бидејќи само така ќе ја добиете почитта која ја заслужувате.

  • Како совршено да се извините? Секој пат!

    Како совршено да се извините? Секој пат!

    Неискреното извинување може да направи повеќе штета дури и од она нешто за кое се извинувате. Токму затоа следен пат кога ќе сакате да надополните за својата грешка, имајте ги на ум следниве нешта со кои вашето извинување ќе биде искрено и сфатено со добра намера.rnrnКако совршено да се извините... секој пат!rn

    1. Прескокнете ги изговорите

    rnВашето извинување нема потреба да содржи објаснувања, причини или валидации. „Извини“ е можеби најсилниот збор во нашиот јазик, но неговото значење често се губи помеѓу непотребни зборови и реченици. Овој збор има исто толку моќ како и изјавата „Те сакам“, па токму затоа е многу важно за здравјето на сите ваши врски, без разлика дали станува збор за семејство, пријатели и партнер.rnrnПа, тогаш зошто постојано имаме потреба да се оправдуваме? Кога ќе сфатиме дека сме повредени или дека сме повредиле друга личност, ние често се чувствуваме засрамено и исплашено. Нашите инстинкти нè заштитуваат од последиците, па токму затоа е потребно малку време за да ги обработиме овие податоци и да сфатиме точно што се случило. Искреното извинување не доаѓа инстантно, но не би ни требало. Тоа бара перспектива, ранливост и храброст.rn

    2. Кажете го зборот

    rnЕден од најдобрите исходи помеѓу повредените личности и оние кои нанеле болка е фактот што срцата и на двете страни стануваат помеки едни кон други. Особено кај паровите, благодарноста е најчестата реакција која се добива на искреното покажување за каење. Тоа се случува бидејќи личноста која била повредена, на некој начин била заглавена во емоционална болка, од која се извлекува благодарение на овој збор. Тие едноставно од себе добиваат дозвола да престанат да се заштитуваат и да можат да продолжат понатаму.rn

    3. Не барајте опростување

    rnВо зависност од вашата грешка, потребно е одредено време да се добие опростување. Вие едноставно не можете да ги брзате овие работи така што ќе барате да ви се опрости истиот момент кога ќе го изговорите зборот „Извини“. Бидете трпеливи и дозволете ѝ на другата личност да ги обработи сите податоци и да почувствува дека може да ви го даде ова опростување. Сите луѓе прават грешки, тие се дел од нашата природа. Но, важното нешто е како ќе се справиме со ситуацијата која тие ни ја предизвикуваат. Тоа е само ваша одговорност и откако ќе го прифатите тоа, процесот на извинување и опростување ќе стане многу полесен и многу поздрав.

  • 6 извинувања кои ѝ ги должам на мојата мајка сега кога и јас сум мајка

    6 извинувања кои ѝ ги должам на мојата мајка сега кога и јас сум мајка

    Сите мајки ќе се сложат со едно – потребно е да станеш родител за да сфатиш колку е всушност тешко да бидеш тоа. Дури кога ќе се соочиме со сите предизвици на мајчинството почнуваме повеќе да ги цениме нашите мајки и сфаќаме дека им должиме извинување за сите неволји кои сме им ги приредиле. Ова се 6 извинувања кои секоја ќерка сака да ѝ ги каже на својата мајка, кога таа и самата ќе го почувствува мајчинството на своја кожа.rnrn6-izvinuvanja-koi-i-gi-dolzham-na-mojata-majka-sega-koga-i-jas-sum-majka-kafepauza.mkrnrn1. Извини за мојот пубертет, хормоните, наглите напади на тинејџерско лудило и нетолерантното правење паметна. Сега знам дека тогаш не знаев сè, иако така се однесував.rnrn2. Извини за секое искрадување од дома, доцнење, за повремените пијанства, ненајавените пирсинзи и тетоважи и за сите нови фармерки кои одма ги исеков.rnrn3. Извини за мојата пркос, за мојот инает и за секое превртување со очите.rnrn4. Извини за сите лоши момци кои со мене лошо се однесуваа додека ти ме учеше дека заслужувам подобро.rnrn5. Извини за сите обвинувања, за сите моменти кога од чиста лутина ти кажував дека си лоша мајка, а ти си била баш онаква мајка каква што тогаш ми била потребна. Онаа која ќе ме натера да престанам да ги игнорирам сопствените грешки.rnrn6. Најмногу ти се извинувам што мислев дека ти беше работа да бидеш мајка, а пак тоа мислев дека е најлесната работа на светот.rnrnЗаради тоа што го потценував сè она што го правеше за мене бидејќи мислев дека е твоја должност, а не знаев дека да се биде мајка е нераскинлив завет за љубов.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Извинувања кои ги заслужувате, но кои никогаш не сте ги добиле

    Извинувања кои ги заслужувате, но кои никогаш не сте ги добиле

    Обидете се да се вратите малку во минатото и да се потсетите на сите личности со кои некогаш сте се сретнале. Сите пријателства, партнери, роднини, странци… Што помните од времето поминато со овие луѓе? Можеби помните дека тој добронамерен странец ви помогнал, дека вашиот драг пријател ви дал одличен совет, дека бившиот партнер направил да се почувствувате сакано или дека членовите на вашето семејство биле секогаш тука за вас. Би било прекрасно доколку сеќавањата завршуваат тука? Но, тоа не се случува во реалноста.rnrnИзвинувања кои ги заслужувате, но кои никогаш не сте ги добилеrnrnВистината е дека помеѓу сите овие добри дела и љубов ние исто така сме биле и повредени. И не само еднаш, туку илјадници пати, започнувајќи од нашите најмили и најблиски, па сè до странците со кои се разминуваме на улиците. Би било убаво да кажеме дека сме добиле извинувања за сите овие ситуации, но тоа ретко кога се случува. За среќа, не сè е толку негативно кај овие извинувања кои не сме ги добиле, но кои толку многу сме ги заслужувале, бидејќи тие ни помогнале да станеме личноста која сме денес. Всушност, токму оние извинувања кои никогаш не сме ги слушнале нè учат најмногу за животот и природата на луѓето.rnrnНастрана од овие „придобивки“ прочитајте конечно дел од оние извинувања кои навистина ги заслужувате, но кои никогаш не успеале да стигнат до вас…rn

    „Извини што не се трудев да останеме во контакт.“

    rn

    „Извини што никогаш не ти вратив на пораката.“

    rn

    „Извини што никогаш не ти покажав колку многу те сакав.“

    rn

    „Извини што не верував во тебе.“

    rn

    „Извини што престанав да те сакам и со тоа го скршив твоето срце.“

    rn

    „Извини што не те почитував.“

    rn

    „Извини што те зедов здраво за готово.“

    rn

    „Извини што дозволив да се оддалечиме.“

    rn

    „Извини што заборавив на тебе.“

    rn

    „Извини што избегав и што го скршив твоето срце.“

    rn

    „Извини што те малтретирав.“

    rn

    „Извини што лажев.“

    rn

    „Извини што ти дадов ветување што никогаш не планирав да го одржам.“

    rn

    „Извини што те повредив.“

    rn

    „Извини што никогаш нема да можам да ти простам.“

    rn

    „Извини што никогаш не ти кажав како се чувствувам.“

    rn

    „Извини што никогаш не ти кажав извини.“

    rnКое извинување би го додале вие на оваа листа? Споделете со нас во коментарите.

  • 7 работи кои никогаш не смеете да ги кажете и правите кога се извинувате

    7 работи кои никогаш не смеете да ги кажете и правите кога се извинувате

    Сите сме се нашле во ситуација кога е потребно некому да се извиниме. Луѓе сме и правиме грешки, а кога ќе се случи тоа, потребно е да ги најдеме вистинските зборови со кои ќе им кажеме на луѓето колку ни е жал за нашите постапки.rnrn1-7-raboti-koi-nikogash-ne-smeete-da-gi-kazhete-i-pravite-koga-se-izvinuvate-kafepauza.mkrnrnЗа несреќа, многу често се случува да кажеме погрешни работи додека се извинуваме, што води кон тоа да бидеме сфатени погрешно, некогаш дури и дополнително да ни се налутат. Постои можност да помислат дека нашето извинување не е искрено, а тогаш сме направиле само поголем проблем. Со цел да избегнеме вакви незгодни ситуации, убаво е да ги избегнуваме следниве неколку реакции и реченици.rn

    1. Жал ми е, но…

    rnНормално дека постои некоја причина поради која сте направиле или кажале нешто, без разлика дали е таа оправдана или не. Но штом се извинувате, изговорот е последно нешто коешто треба да ви падне на памет. Во спротивно сигурно ќе звучите неискрено.rn

    2. Жал ми е што се чувствуваш така

    rnДоколку тешите некого, оваа реченица е и те како прифатлива. Но извинувањето значи дека сте сфатиле дека сте згрешиле и дека сакате да ви простат, а сè што оваа реченица ќе предизвика е да изгледате бесчувствително.rn

    3. Да , но ти понекогаш…

    rnКако тоа се извинувате, а ја барате кривицата кај другата личност? Ова е очекувано додека трае моментот на расправија и кога сè уште се обидувате да докажете дека сте во право. Но никако додека се извинувате.rn

    4. Знам, но јас само…

    rnПовторно изговори. Вие се извинувате и вашите причини зошто сте погрешиле не се воопшто важни во тој момент. Целта ви е да покажете дека ви е навистина жал и дека сакате да ви биде простено.rn

    5. Правиш голема работа од ништо

    rnШтом личноста се налутила, тогаш станува збор за некоја работа која и значи нешто. А ако има важност за неа, тогаш треба да ви е важно и вам.rn

    6. Се лутите бидејќи ви се лутат вам

    rnКога некој ви се лути, решението е да сфатите зошто е тоа и да се обидете да го решите проблемот на мирен и едноставен начин. А кога вие сте тие што погрешиле, тогаш е убаво да се извините што поскоро. Извинувањето кое го сочинуваат префрлања и спомнување претходни кавги, не е воопшто извинување.rn

    7. Не сакам да се карам во врска со ова

    rnПовторно грешен избор на зборови. Логично дека не сакате да се расправате, па никој свесно не сака кавги. А за да нема кавги, што побргу прифатите дека сте погрешиле и решите да го поправите тоа, толку поубаво. Па наместо да губите време на карање и кажување зборови кои веројатно не ги ни мислите, кажете колку ви е жал и дека ќе се обидете следниот пат да направите подобро.rnrnИскреното извинување значи многу. Некогаш едно кратко и брзо извини може да спречи многу поголеми проблеми. Па доколку сте криви, наместо да бидете горди и извинувањето да го гледате како пораз, свиткајте опаш и обидете се да не изгубите личност која ви значи.

  • 9 знаци на искреното извинување

    9 знаци на искреното извинување

    Хариет Лернер е психолог кој долги години ги истражува навиките на луѓето кои можат или не можат да се извинат. Таа зборува за девет знаци на искреното извинување.rnrn9 знаци на искреното извинувањеrn

      rn011

    • Зборот „но“ не се среќава во искрено извинување. Тоа е зборче кое го негира извинувањето. „Жал ми е за ова, но…“ не е искрено.
    • rn011

    • Искреното извинување се фокусира на дејствијата на личноста која погрешила и се извинува, а не на одговорот на личноста на која ѝ е згрешено. На пример: „Жал ми е што си повредена од тоа што го реков.“ Треба да му/ѝ е жал за своето дело, а не тоа како вие се чувствувате поради тоа.
    • rn011

    • Тоа се фокусира на признавање и каење поради лошите чувства предизвикани кај другиот без притоа да се жали и за своите. „Криво ми е што вака испадна, ама и мене ми е тешко.“
    • rn011

    • Искреното извинување не вклучува барање вина кај повредениот. Па дури и да имате 10% од вината за целиот настан, кога некој ви се извинува не смеете да дозволите да се вади на тоа.
    • rn011

    • Тоа треба да биде подржано од корективно дејствие. „Извини што го скршив ова, ќе ти купам друго.“
    • rn011

    • Оној кој вистински се извинува се труди да не ги повтори грешките. Ако навистина се кае, тогаш така ќе се однесува.
    • rn011

    • Тоа не служи како изговор да се замолчи другата личност, ниту како средство за да се излезе од непријатен разговор или ситуација. „Е па сега, ти реков извини, зошто продолжуваш да го споменуваш тоа?“
    • rn011

    • Никој не може да понуди искрено извинување со цел да направи некого да се чувствува подоброo, ако со тоа ризикува другиот да се чувствува полошо. Има моменти кога некој кој е повреден не сака да слушне извинување. Во такви случаи пробајте да се извините со дела.
    • rn011

    • На крај, оној кој искрено се извинува знае да почувствува кога едно „извини“ не е доволно и знае кога треба да стори нешто повеќе за да ги поправи работите.
    • rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 20 работи за кои никому не му должите извинување

    20 работи за кои никому не му должите извинување

    Понекогаш извинувањето претставува желба за полесно вклопување и прифаќање од страна на другите, на сметка на личните верувања, мислења и потреби. И секогаш се чини дека кога работите нема да излезат по планираното, најлесниот пат кон самооправдување е простото „Извини“.rnrn20 работи за кои никому не му должите извинувањеrnrnНо, што станува кога не сакаме да се извиниме, што понекогаш е сосема коректно? Всушност, кога ќе сфатиме дека не секогаш треба да се извинуваме, стануваме многу посамоуверени и психички помоќни. Се чувствуваме поудобно во сопствените избори и не ни е потребно туѓото одобрување и прифаќање.rnrnПа, во знакот на самодовербата и личното достоинство, еве ги 20-те нешта за кои никому не му должите извинување.rnrn1. Ставањето на себеси на прво место.rnrn2. Откажувањето од нешто што и онака веќе не функционира.rnrn3. Формата и големината на вашето тело.rnrn4. Вашите уникатни навики и карактерни црти.rnrn5. Нешто што не испаднало онака како што сте си го замислувале. Во ред е да ја смените насоката.rnrn6. Личните избори.rnrn7. Грижата за себе и вашето здравје.rnrn8. Правењето што сакате и кога сакате.rnrn9. Тоа што понекогаш не сте расположени за журки и луда забава.rnrn10. Раскинувањето со партнерот, кој и онака не бил вистинскиот за вас.rnrn11. Менувањето на личните верувања.rnrn12. Тоа што не сте толку организирани, талентирани, успешни како вашиот брат/сестра.rnrn13. Тоа што сакате да го пропатувате светот.rnrn14. Земањето слободен ден од работа оти не се чувствувате добро.rnrn15. Колку заработувате.rnrn16. Грешките и неуспесите. Време е да си простите.rnrn17. Тоа што сакате да останете дома и да бидете сами во петок навечер.rnrn18. Тоа што сакате повеќе за себе и за вашите најблиски.rnrn19. Вашите успеси.rnrn20. Тоа што се сакате себеси.

  • 40 мали женски вистини кои ќе ви го направат животот полесен

    40 мали женски вистини кои ќе ви го направат животот полесен

    И покрај тоа што понекогаш ни е тешко да признаеме, постојат некои работи во животот кои никогаш нема да се променат. Мајка ви секогаш ќе биде по малку критична кон вас за време на семејниот ручек. Стапалата секогаш ќе ве болат после еден час поминат одејќи на високи штикли. Одбивајте ги овие мали вистини колку што сакате, но тоа ќе биде напразно. Животот е многу полесен ако го прифатиме неизбежното. Прочитајте ги следниве забавни вистини против кои не треба да се борите.rnrn1. Луѓето се однесуваат чудно додека се возат во лифт.rnrn40 мали женски вистини кои ќе ви го направат животот полесенrnrn2. Вашите родители никогаш нема да престанат да ве нервираат.rnrn3. Пилешката супа навистина лечи настинки.rnrn4. Редно време е да почнете да купувате облека според големината којашто ја носите, а не според онаа којашто би сакале да ја носите.rnrn5. Брзите поправки и решенија обично доведуваат до полош исход.rnrn6. Јадењето големи количества брза храна, прави да се чувствувате одвратно.rnrn7. Подобро се спие на чисти чаршави и животот е многу полесен кога ќе се наспиете колку што ви е потребно.rnrn8. Жените се однесуваат како луди диви животни кога има попусти и промоции.rnrn9. Треба да им се јавите на вашите баба и дедо, дури и ако во моментот не чувствувате дека морате.rnrn10. Вашиот партнер никогаш нема да биде способен да ги прочита вашите мисли.rnrn40 мали женски вистини кои ќе ви го направат животот полесенrnrn11. Јавниот превоз ги истакнува најлошите навики на луѓето.rnrn12. Маникирот се лупи.rnrn13. Еден ден косата ќе ви стане седа.rnrn14. Погрижете се за вашето осигурување.rnrn15. Шансите да започне вашиот менструален циклус растат рапидно во оние денови кога носите бели панталони или планирате да заминете на одмор.rnrn16. Не постојат многу причини за кои вреди да излезете од такт. Опуштете се.rnrn17. Дури и ако ја работите работата од вашите соништа, понекогаш ќе треба да завршите некои задачи на работа за кои нема да бидете многу возбудени. Затоа се вика „работа“.rnrn18. Одењето на високи потпетици е болно доколку шетате во нив премногу долго. Понесете си со себе резервни ниски чевли.rnrn19. Кафето во Старбакс не е толку добро.rnrn20. Вашата коса ќе изгледа најдобро на денот кога имате закажано на фризер.rnrn40 мали женски вистини кои ќе ви го направат животот полесенrnrn21. Нештата кои најмногу ве иритираат кај другите луѓе се работите коишто ги мразите кај себеси.rnrn22. Сè изгледа многу полошо кога сте уморни или гладни.rnrn23. Научете како да велите „благодарам“ кога некој ќе ви даде комплимент.rnrn24. Капутот кој обожававте да го носите на факултет, најверојатно ќе се врати во мода за 10 години, така што можеби треба да го сочувате.rnrn25. Повеќето луѓе повеќе би сакале да ги сослушате нивните проблеми, отколку да пробате да им ги решите со некој совет.rnrn26. Со тек на време, нема да бидете во состојба да останувате будни цела вечер и да отидете на работа наредниот ден.rnrn27. „Извини“ е многу моќен збор.rnrn28. Некогаш ќе морате да речете „не“ во ситуации во кои би сакале да кажете „да“ и обратно.rnrn29. Морате да ги чистите забите со конец доколку сакате да ги сочувате здрави.rnrn30. Оставањето бакшиш е дел од цената којашто треба да ја платите кога јадете надвор. Оставајте добар бакшиш.rnrn40 мали женски вистини кои ќе ви го направат животот полесенrnrn31. Понекогаш, љубовта не е доволна.rnrn32. Внимателно одберете ги ситуациите во кои сакате да покажете гнев и гледајте таквото однесување да не ви прерасне во навика.rnrn33. Доколку некој некогаш се однесувал со вас лошо, најверојатно ќе го повтори тоа пак.rnrn34. Сочувајте ги писменцата и миризливите ливчиња од вашето детство. Ќе сакате да ги погледнете еден ден.rnrn35. Барем обидете се да се соочите со вашите проблеми и внимателно размислете за вашето однесување и верување. Имајте на ум и дека одбивањето да признаете дека сте згрешиле, нема да направи да се чувствувате правично.rnrn36. Простете си себеси за донесување лоши одлуки во однос на љубовта и кариерата, бидејќи тоа на сите им се случува. Така се учи од грешки.rnrn37. Научете да готвите барем едно прекрасно јадење кое ќе можете да го подготвите како вечера за вашето друштво или семејство.rnrn38. Бидете свесни за тоа како го поминувате вашето време, бидејќи сите тие моменти поминати на Фејсбук го скратуваат вашиот вистински живот.rnrn39. Прифатете ги луѓето онакви какви што се.rnrn40. Доколку надворешно ја манифестирате вашата страст, кон себе ќе привлечете и други луѓе со истата страст за животот.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 4 магични фрази кои можат да ѝ бидат од голема помош на вашата љубовна врска

    4 магични фрази кои можат да ѝ бидат од голема помош на вашата љубовна врска

    Заљубувањето е полесниот дел. Ја запознавате личноста од вашите соништа и пред да се свестите – веќе сте на „седмо небо“. Но, што се случува кога тоа интензивно чувство на нова љубов започнува да избледува? Кога ќе се соочите со реалноста и кога конечно ќе почнете да ги забележувате недостатоците на вашиот партнер?rnrn4 магични фрази кои можат да ѝ бидат од голема помош на вашата љубовна врскаrnrnЉубовните врски бараат многу напорна работа. И доколку и двете страни не вложуваат константно многу труд, врската започнува да се распаѓа и во најлош случај целосно завршува. Но, тоа не мора да значи дека истото ќе ви се случи и вам. Доколку сакате да останете во моменталната врска, тогаш погледнете ги овие 4 магични фрази кои ќе ви помогнат многу лесно да ја остварите вашата цел.rn

    Фраза #1 – „Што мислиш ти?“

    rnСите сакаат нивното мислење да биде ценето или барем во најмала рака признаено. Со тоа што ќе ги запрашате вашиот партнер или партнерката за нивното мислење, им давате до знаење дека навистина се грижите за она што тие го мислат. Понекогаш сите ние знаеме целосно да се изгубиме во нашите работи, ги гледаме ситуациите и настаните само од наша гледна точка и не забележуваме дека е можно да постојат и други валидни размислувања.rnrn4 магични фрази кои можат да ѝ бидат од голема помош на вашата љубовна врскаrnrnБарањето размислување од друг може да ви помогне да станете поотворени и покреативни при изнаоѓање нови решенија за вашите проблеми. Ако го/ја запрашате партнерот, односно партнерката за мислење, тој/таа можеби ќе ви понуди сосема различно гледиште од вашето, нешто што вам ни на крај памет не би ви паднало. На тој начин ќе му/ѝ покажете дека го почитувате неговото/нејзиното размислување, дека тоа е важно за вас, ќе ја зацврстите вашата врска, а можеби и ќе научите нешто ново за полесно справување со секојдневните проблеми.rn

    Фраза #2 – „Сакам да разберам“

    rnКога сте во врска, многу често се случува да му се налутите на вашиот партнер поради некое негово постојано однесување кое ве вознемирува или иритира. Најтипичен пример за тоа е оставањето на капакот од веце-школка подигнат од страна на мажот или пак, планирањето на некој друштвен настан од страна на жената за време на спортски натпревар.rnrn4 магични фрази кои можат да ѝ бидат од голема помош на вашата љубовна врскаrnrnКога се случуваат вакви работи, многу лесно може да се сфатат лично. И покрај тоа што има шанси овие работи да се прават намерно, многу почесто тие настануваат поради случаен сплет на околности. Можеби вашиот партнер не знае дека толку ве нервира подигнатиот капак или пак вашата партнерка не е свесна колку ви се важни одредени спортски натпревари.rnrnОбидете се да му/ѝ објасните зошто толку ве иритираат овие ситуации, но направете го тоа на начин со кој ќе покажете дека сакате го разберете нивното однесување, не да ги обвинувате за она што е веќе направено. Исто така откако ќе го кажете своето, дајте им шанса за објаснување и откако ќе ги ислушате, едноставно и смирено објаснете им како тоа делува на вас. Ќе се изненадите што сè можете да решите со едноставна и смирена комуникација.rn

    Фраза #3 – „Извини“

    rnНикој не е безгрешен, сите ние постојано правиме грешки и намерно или ненамерно знаеме да ги повредиме оние кои најмногу ги сакаме. Тоа е во природата на човекот. И токму тогаш кога ова зборче е најпотребно, нам ни е најтешко да го кажеме. Зошто? Можеби не знаете како и кога да го кажете или сметате дека не треба вие да го направите тоа?rnrn4 магични фрази кои можат да ѝ бидат од голема помош на вашата љубовна врскаrnrnПробајте да ја погледнете ситуацијата од малку поинаков агол. Не мора да значи дека секогаш треба да ви биде криво за тоа што сте го направиле, но сепак тоа не ве спречува да се извините за своите постапки со кои сте ги повредиле оние кои ги сакате. Фразата „извини“ не мора да значи признавање на вината. Може да се каже за да покажете дека сфаќате дека сте повредиле некого и дека поради тоа жалите.rn

    Фраза #4 – „Те сакам!“

    rnЖелбата да се биде сакан е една од основните човечки потреби. Таа се појавува уште кога сте дете, барајќи љубов од родителите и продолжува низ целиот ваш живот така што барате љубов и внимание од личноста која го прави вашиот живот целосен. Кога сте во врска и кога ја чувствувате љубовта од другата страна, тоа ви помага да поминете и низ најтешките времиња. Знаењето дека имате целосна поддршка од некој кој многу ви значи и кој е тука за вас и во добро и во лошо, е клучот за поголем успех на секое поле во вашиот живот.rnrn4 магични фрази кои можат да ѝ бидат од голема помош на вашата љубовна врскаrnrn„Те сакам“ може да биде искажано на вербален, но и на невербален начин. Секоја личност е различна. Некои луѓе ги кажуваат овие 2 збора постојано, додека пак други многу ретко. Но, бројот колку пати се кажани не е мерило за љубовта која тој/таа ја чувствува за вас. На некои луѓе едноставно полесно им е да ви кажуваат „Те сакам“ преку одредени постапки, како на пример да ви подготвуваат свежо кафе секое утро. Пронајдете го начинот на кој вашиот партнер вистински ги искажува своите чувства и со тек на време ќе сфатите дека можеби тој/таа ви кажувале дека ве сакаат многу почесто отколку што претходно сте мислеле.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Мали зборови со големо значење

    Мали зборови со големо значење

    Зборовите понекогаш имаат поголема тежина одошто сме свесни. Тие влијаат на нашите мисли, чувства, дела и на општата состојба на умот. Дури и малите зборови имаат големо значење.rnrnМожеби сакате да се покажете на интервјуто за вашата работа од соништата, да го зацврстите вашето пријателство, да си ја спасите врската или бракот или, пак, да ги мотивирате вработените што се хиерархиски под вас. Во секој случај, зборовите можат да направат разлика. Тие имаат моќ да не повредат или да не „излечат“, да не инспирираат или да не обесхрабрат, да ни помогнат или да не уназадат.rnrnЕве 18 примери на мали зборови со големо значење, во позитивна смисла:rn

    1. Ти благодарам

    rnСекој сака да биде ценет, па два збора кои ќе покажат благодарност, можат да направат нечие срце да запее од среќа. „Ти благодарам“, „те ценам“, „благодарен/на сум ти“… се вистинска храна за душата.rn

    2. Ти простувам

    rnСите знаеме да оплескаме понекогаш. За жал, може да ги повредиме пријателите, колегите, семејството. Помогнете му на оној што згрешил да се ослободи од чувството на вина. Ова ќе го залечи неговото срце, но и вашето.rn

    3. Те сакам

    rnСо оваа изјава, ниедна друга не може да се рамни. Овие зборови се чист израз на најприродниот подарок кој човекот може да го даде – љубовта. Единствената работа која може да ги победи овие зборови е самиот акт на покажување љубов.Мали зборови со големо значењеrn

    4. Згрешив

    rnСо еден збор можете да добиете прошка, во духот на несебичното, храбро признание за направената грешка. Кога сме повредени, знаеме дека минатото не може да се промени, но ако некој знае дека ни нанел болка и свесно го признае тоа, постојат големи шанси за подобрување на иднината.rn

    5. Прекрасен/прекрасна си

    rnПонекогаш се чувствуваме грди, однадвор или однатре. Но, во вакви ситуации, убаво е ако некој сè уште мисли дека сме убави.Мали зборови со големо значењеrn

    6. Во ред е

    rnКога сме загрижени, повредени, нервозни или исплашени, овие зборови не уверуваат дека нема потреба да се чувствуваме така. Ова навистина може да смирува. Веројатно можете да се сетите на ситуации во кои рамето на вашиот пријател или пријателка било фина потпора за вашите проблеми, додека истовремено сте слушале утешителни зборови дека се ќе биде во ред. Знаете колку е добро ова чувство.rn

    7. Те разбирам

    rnВо човековата природа е да сочувствуваме со другите, па затоа многу е фрустрирачки кога некој не не разбира или уште полошо, погрешно ни ги толкува зборовите. Во моменти кога се чувствуваме осамено, осудено или изолирано, многу значи разбирањето од страна на некој наш пријател. Не мора другите да се сложуваат со нас, едноставно имаме потреба да чуеме дека не разбираат.Мали зборови со големо значењеrn

    8. Можеш да се чувствуваш сигурно

    rnКога сме осетливи и исплашени, зборовите имаат моќ да ни го вратат чувството на сигурност и заштита што ни е потребно. Стравот може да го „заболи“ умот, но зборовите кои укажуваат на сигурност, делуваат како антибиотик.rn

    9. Ти се восхитувам

    rnУбаво е да знаете дека некој се огледува во вас, има високо мислење за вас или се стреми да ги следи вашите стапки. Зборовите кои искажуваат воодушевување не мотивираат, ни даваат сила и не потсетуваат дека на овој свет, сепак, правиме некакво влијание.Мали зборови со големо значењеrn

    10. Те поддржувам

    rnКога треба да донесеме некоја тешка одлука, која може да е добра или лоша, многу ни значи да чуеме од некој дека е на наша страна и не поддржува во секој случај. Зборовите како: „тука сум за тебе“ не охрабруваат да се движиме напред со помалку страв дека ќе бидеме осудувани.rn

    11. Можеш да го направиш тоа

    rnВо моментот кога се размислувате да се откажете или за нешто се двоумите, неколку охрабрувачки зборови можат да направат огромна разлика. Има некаков силен ефект во тоа кога знаеме дека некој друг има верба во нас и на тој начин тоа ја оживува вербата која ние треба да ја имаме во себе.rn

    12. Ти си вистинскиот/вистинската

    rnОвие зборови имаат едноставно значење. Значат: „те избирам тебе“, „ти си тој/таа“, „ти си посебен/посебна“. Со малку зборови можете некому да му кажете колку е тој/таа посебен/посебна.rn

    13. Ова е само за тебе

    rnПовеќето денови во животот ги посветуваме на повеќе луѓе. Од друга страна, има и денови како нашите родендени, годишнини и свадби кои се нашите посебни денови. Добро е ако имате пријатели кои ќе ви дозволат и покажат дека посебните денови се 100% само за вас.rn

    14. Тука сум за тебе

    rnАко некогаш ви требало утеха од пријател, знаете колку значат овие зборови. Не потсетуваат дека не сме сами, дека има некој што може да ни помогне додека сме повредени, изгубени и се бориме со животот. Дури и најцврстите луѓе кои делуваат како да им е животот постојано под контрола, имаат потреба од луѓе на кои понекогаш би можеле да се потпрат.rn

    15. Одлична работа

    rn…во комбинација со „Честито!“ Некои признаваат, други не, но на сите им значи да чујат признание за својот вложен труд. Пофалните зборови и признанието за добро завршената работа не инспирираат да правиме повеќе, да се трудиме повеќе и да се чувствуваме горди.rn

    16. Ми недостигаш

    rnНе можеме да бидеме присутни 24 часа на ден за луѓето кои ги сакаме. Но, сепак, многу значи доколку знаеме дека некому му недостигаме кога не сме таму. Ова всушност е начин на кратко да се каже „сакам да бидам во твое присуство и едвај чекам да се видиме и да поминеме некое време заедно“.Мали зборови со големо значењеrn

    17. Ти си битен/битна

    rnСите сакаме да се чувствуваме дека сме му битни на некој. Да чуете дека некој ве цени, особено кога се чувствувате бескорисно и неважно, е специјално чувство.rn

    18. Извини

    rnКога срцето е болно, искреното извинување веќе ја поставува основата за простување и лечење. Со зборовите: „жал ми е“, „ќе ми простиш ли“„, ти се извинувам“, покажуваме дека сме свесни за направената штета и дека имаме желба да ја намалиме болката.rnrnВи се допаднаа овие мали зборови со големо значење? Во текот на денов внимавајте кои зборови ќе ги употребите и обидете се да кажувате повеќе зборови кои сакате и самите да ги чуете назад. И најпосле, многу пати очекуваме дека луѓето треба да знаат што сме мислеле и како сме се чувствувале. Но, тоа не е така. Не претпоставувајте. Кажете го она што го мислите.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.