КАФЕ ПАУЗА

Tag: изобилство

  • Фенг шуи совети за поголемо изобилство во домот

    Фенг шуи совети за поголемо изобилство во домот

    Фенг шуи ни дава совети не само за положбата на некои предмети во домот туку и за нашиот однос кон животот. Следните неколку совети ќе ви помогнат така што паричната енергија побрзо ќе тече низ вашиот дом.rnrnФенг шуи совети за поголемо изобилство во домотrn

    1. Светли бои во деловите од домот каде што извршувате работи поврзани со пари

    rnМајсторите на фенг шуи секогаш ја нагласуваат „паричната област“ со зелени и виолетови бои. Зелената е бојата на виталноста и растот, а виолетовата боја претставува богатство. Најдете место во кујната за сад со грозје – идеално би било мешањето бело и црно грозје, а кога ќе заврши сезоната на ова овошје, заменете го со убава реплика во бојадисано дрво или стакло.rn

    2. Внимателно ракување со парите е императив

    rnМногумина од нас имаат навика да ги гмечат сметките во џебот или да ги оставаат на различни места низ куќата. Размислете за односот што го имате со парите и почнете да го почитувате. Секогаш чувајте ги уредно превиткани во убав паричник. Освен тоа, внимавајте и сметките секогаш да ви бидат уредно наредени, чувајте ги во пликови или пластични кутии во живи бои.rn

    3. Парите се енергија која мора да тече

    rnАко немате доволно пари за давање и трошење, секако можете да им дадете на другите малку од вашето време или внимание. Затоа, секоја вечер одвојте неколку минути за да се заблагодарите за она што го имате и да размислите за тоа што би можеле да им дадете на другите. Успехот не е само да добиеме повеќе туку да бидете задоволни со она што веќе го имате. Како што се чувствувате поблагодарни за она што го имате, во вашиот живот ќе има поголемо изобилство.rnrnОткако ги прочитавте овие совети, можеби ќе сакате да прочитате и како совршено да ја уредите трпезаријата според фенг шуи.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Кои 5 знаци ќе имаат финансиски успех до крајот на 2022 година според кинескиот хороскоп?

    Кои 5 знаци ќе имаат финансиски успех до крајот на 2022 година според кинескиот хороскоп?

    Кинескиот хороскоп предвидува дека 2022 година ќе донесе можности за изобилство и финансиски напредок за овие 5 знаци.rnrnКои 5 знаци ќе имаат финансиски успех до крајот на 2022 година според кинескиот хороскоп?rn

    Вол (1925, 1937, 1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009)

    rnДо крајот на 2022 година би требало да вложите малку повеќе труд доколку сакате успешна кариера. Ќе наидете на безброј можности кои ќе ви донесат финансиски просперитет. Освен тоа, следните неколку месеци се одличен период да започнете свој бизнис.rn

    Тигар (1926, 1938, 1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010)

    rnНаредниот период ќе ви биде полн со промени. Ве очекува успех како на љубовен така и на финансиски план. Тоа значи дека вашата финансиска ситуација значително ќе се подобри бидејќи ве очекуваат нови извори на профит. Постои можност да започнете со нова работа или зголемување на платата.rn

    Змеј (1928, 1940, 1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012)

    rnВе очекува голема среќа во периодот што следува. Комуникацијата со нови и успешни луѓе ќе ја одржи вашата репутација, но и ќе ја зголеми вашата желба за успех. Освен тоа, ви претстои и подобрување на финансиската состојба. Сепак, обидете се и да заштедите, не трошете ги вашите приходи на непотребни работи.rn

    Мајмун (1920, 1932, 1944, 1956, 1968, 1980, 1992, 2004, 2016)

    rnПериодот до крајот на годината ќе биде финансиски најуспешен за луѓето родени во овој знак. За да го направите тоа, треба да ги искористите сите можности кои ви се укажуваат. Енергијата на универзумот ќе ви помогне да ја подобрите вашата финансиска состојба – ќе наидете на безброј можности за да остварите нов финансиски приход.rn

    Петел (1921, 1933, 1945, 1957, 1969, 1981, 1993, 2005, 2017)

    rnВе очекува среќа и успех на сите полиња. Ќе успеете да ги остварите своите планови за кои вложивте толку многу труд во минатото. За таа цел, доволно е да ги искористите креативноста, енергијата и фантазијата. Ќе го завршите сето она што сте испланирале, како и работите кои веќе сте ги започнале. Ве очекува и поволен период за трошење.rnrnОткако прочитавте кои знаци ќе имаат најголем финансиски успех до крајот на 2022 година според кинескиот хороскоп, можеби ќе сакате да прочитате и кои 3 хороскопски знаци ги очекува огромен успех сè до 23 октомври.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • 3 хороскопски знаци што ги очекуваат пари од 20-ти до 26-ти септември

    3 хороскопски знаци што ги очекуваат пари од 20-ти до 26-ти септември

    Во текот на оваа седмица, до 26 септември, нè очекуваат тешки денови во областа на финансиите, особено во понеделник и вторник. Сепак, 3 хороскопски знаци ќе им се спротивстават на сите предизвици и ќе привлечат пари.rnrn3 хороскопски знаци што ги очекуваат пари од 20-ти до 26-ти септемвриrn

    Бик

    rnБиковите ги очекуваат големи понуди и пријатни состаноци. Тие можат да го оптимизираат целото работно време на најдобар можен начин. Може да очекуваат некои проблеми и неволји во вторник и сабота, но тие ќе ги решат лесно, ќе извлечат корист од тоа и ќе ја свртат ситуацијата на подобро. Најмногу успеси ќе имаат во областа на кариерата и финансиите. Нивната креативност ќе им помогне да создадат нешто ново и побрзо да излезат од тешката ситуација. Верувајте во себе и слушајте ја својата интуиција, парите доаѓаат!rn

    Вага

    rnВагите ги очекува период кога парите ќе течат како река. Колку повеќе работите, толку повеќе ќе постигнете финансиски победи и успеси. Оваа седмица, ѕвездите се на ваша страна, особено кога станува збор за финансиите. Луѓето околу вас ќе очекуваат помош и поддршка, а запомнете – ако дадете, ќе добиете. Периодот помеѓу 20 и 26 септември ќе биде добар за успех.rn

    Стрелец

    rnПостојат три сигурни начини да внесете среќа и пари во вашиот живот – бидете свои, правете го она во што сте најдобри и планирајте внимателно. Оваа седмица ќе бидете двојно поефикасни. Стрелците треба да престанат да измислуваат нешто ново и да се фокусираат на она што знаат да го прават најдобро. Оваа седмица ви носи изобилство, па астролозите советуваат целосно да се посветите на работата. Можно се и службени патувања.rnrnПрочитајте што нè очекува по 26 септември, за време на ретроградниот Меркур.

  • Следете ги овие 7 принципи и животот ќе ви биде полн со изобилства

    Следете ги овие 7 принципи и животот ќе ви биде полн со изобилства

    На сите ни се потребни пари за да имаме поквалитетен живот, иако често не знаеме да ги цениме и ги одбиваме со негативна енергија. Многу луѓе имаат контроверзен, па и негативен став кон парите, истовремено ги сакаат и ги сметаат за неопходни, додека од друга страна сметаат дека парите ги расипуваат луѓето.rnrnСледете ги овие 7 принципи и животот ќе ви биде полн со изобилстваrnrnВо основата на ова верување често се крие и причината зошто луѓето немаат онолку пари колку што им се потребни. Во продолжение 7 важни начела во врска со парите кои ќе ве доведат до живот со изобилства.rn

    1. Принципот на желбата

    rnВажно е да знаете зошто ви се потребни парите. Треба да одредите колку пари ви се потребни на месечно или на годишно ниво, и притоа пожелно е да замислите како би ви изгледал животот во изобилие.rn

    2. Принципот на целта

    rnПотребно е да ги одредите своите материјални цели кои можете да ги остварите благодарение на парите. Истовремено треба да бидете свесни и за своите подлабоки цели кои се однесуваат на вашето постоење и смислата на вашиот живот. Не смеете да дозволите вашите материјални цели да имаат приоритет, туку важно е вашите цели да ги бирате во согласност со потребите на својата душа, а не она на што го диктира вашето его.rn

    3. Принципот на одлуката

    rnБидете одлучни во својата намера да го почувствувате животот со богатство, бидејќи тоа е најзначајниот чекор кој мора да го направи секој кој сака да го живее животот во материјална благосостојба.rnrnСледете ги овие 7 принципи и животот ќе ви биде полн со изобилстваrn

    4. Принципот на мислите

    rnЕден од основните принципи е дека во животот го привлекувате она за што најмногу размислувате. Ако имате страв од сиромаштија, тоа значи дека кај вас доминираат мисли за тоа дека нема да имате пари, па тоа и навистина ќе ви се случи. Од друга страна, ако верувате дека ќе имате онолку колку што ви требаат за да ги задоволите своите потреби кои можат да се реализираат со пари, тогаш сигурно и ќе ги привлечете во животот.rn

    6. Принципот на чувствата

    rnИсто како што го привлекувате она за што размислувате, така го привлекувате и она што го чувствувате. Ако во вас доминираат позитивни емоции, добри вибрации и чувство на радост и среќа, нема сомнеж дека во својот живот ќе го привлечете она што ви е потребно.rn

    6. Принципот на унапредување на сопствените способности

    rnИако е битно што мислите и чувствувате, нема многу да постигнете ако го изоставите последниот чекор – акцијата. Затоа е важно да вложувате во себе и во развојот на своите вештини, таленти и потенцијали, како и да бидете доволно креативни за да пронајдете нови начини за заработка.rn

    7. Принципот на благодарност

    rnБлагодарноста е еден од универзалните принципи со кои го привлекуваме доброто во својот живот. Секогаш бидете благодарни за сè што имате, но и за она што го немате, бидејќи и тоа е во согласност со она што сте вие. Баш затоа, наместо да се жалите затоа што немате доволно пари, потсетете се да сепак ги имате во одредена мера и бидете благодарни за тоа. Гледајте како вашата финансиска ситуација ќе се промени од моментот кога наместо на она што го немате, ќе се фокусирате на она што го имате.rnrnСледете ги овие 7 принципи и животот ќе ви биде полн со изобилства

  • Планина од испечатени фотографии качени на Фликр во 24 часа

    Планина од испечатени фотографии качени на Фликр во 24 часа

    Во денешно време, доколку сакате да бидете бомбардирани со фотографии во кои се доловени личните моменти на луѓето, сè што треба да направите е да ги посетите сајтовите за споделување слики и социјални мрежи како Фликр и Фејсбук. Преку ваквите сајтови, веб-порталите за вести и пребарувачите на слики, секојдневно гледаме илјадници фотографии со секаква содржина.Планина од испечатени фотографии качени на Фликр во 24 часаВаквиот релативно нов културолошки феномен го инспирирал холандскиот визуелен артист Ерик Кеселс да создаде една интересна инсталација. Тој решил да ги преземе сите фотографии кои биле прикачени на Фликр во период од 24 часа, а потоа ги испечатил и ги расфрлал низ соба во уметничката галерија „Foam“ лоцирана во Амстердам, за да ја прикаже масовната количина во еден поинаков, материјален облик. Проектот го нарекол „Photography In Abundance“ (Фотографии во изобилие), а неговата цел била да ја прикаже неизмерната количина фотографии кои се споделуваат на еден сајт, на дневна база.Планина од испечатени фотографии качени на Фликр во 24 часаПланина од испечатени фотографии качени на Фликр во 24 часа.rn

    „Во денешно време, секојдневно сме изложени на еден куп фотографии. Изобилството во најголем дел е резултат на сајтовите за споделување фотографии како Фликр, социјалните мрежи како Фејсбук и пребарувачите на слики. rnrnСодржината на фотографиите е мешавина од она што е во ред јавно да се прикаже и она што треба да остане приватно, што доведува и најличните работи отворено и несвесно да ги приложуваме во јавност. Преку печатењето на сите овие фотографии кои се качени во период од 24 часа, го визуелизирам чувството на давење во приказот на туѓите искуства.“

    rnПланина од испечатени фотографии качени на Фликр во 24 часаПланина од испечатени фотографии качени на Фликр во 24 часаИнаку, досега на Фликр се качени повеќе од 6 милијарди фотографии, а исто толкав број слики се качуваат на Фејсбук на секои два месеци.Планина од испечатени фотографии качени на Фликр во 24 часаПо повод 10 години постоење на галеријата „Foam“, организирана е едномесечна прослава, во чиј состав влегуваат артистичките инсталации на разни уметници, меѓу кои и оваа на Кеселс, кои ќе бидат изложени до 7 декември, 2011. Изложбата е насловена „Whats’ next?“ (Што е следно?)rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.