КАФЕ ПАУЗА

Tag: искуство

  • Вистината е откриена: Дали астралната проекција е опасна по живот?

    Вистината е откриена: Дали астралната проекција е опасна по живот?

    Реалноста што на сите ни е позната е ништо повеќе од една обична проекција која ја нарекуваме свест. Некои луѓе можат да отидат еден чекор подалеку и да доживеат астрална проекција. Астралната проекција е еден вид вонтелесно искуство. За да го доживеете, мора да бидете целосно опуштени. За време на астралната проекција, физичкото тело се преместува во астралното тело на некој начин и успева да остане поврзано со него преку сребрена врвца. Звучи забавно и ослободително, се согласувате? Но, дали ваквото искуство има и свои лоши страни?rnrnВистината е откриена: Дали астралната проекција е опасна по живот?rnrnАко сте го гледале филмот „Подмолен“ (Insidious) тогаш сигурно претпоставувате дека астралната проекција може да им ја отвори вратата на злите души и демони, кои ќе сакаат да се хранат со вашата енергија и целосно да ви го преземат телото, додека вашата душа ќе остане заглавена во некој простор помеѓу светот на живите и мртвите. Ова се случува во филмот, но дали астралната проекција навистина може да биде опасна? Па, зависи од тоа како го сфаќате ова вонтелесно искуство.rnrnАко имате можност да поминете низ такво искуство, но го направите тоа погрешно, навистина може да поканите многу негативни и непожелни енергии и влијанија. Никогаш не сте сами на вашите патувања. Доколку им дозволите на погрешните енергии и суштества да патуваат со вас, може да ѝ овозможите на негативната енергија да влезе во вашиот живот.rn

    „Секоја вечер илјадници луѓе ги напуштаат телата (најчесто додека спијат, но честопати и додека се комплетно несвесни дека им се случува такво нешто) и нема никаква причина да верувате дека овие луѓе ќе бидат опседнати и вовлечени во некаква опасност“, Кит Рендолф во „Вистината за астралната проекција“ (The Truth About Astral Projection).

    rnКога излегуваме од телото, како што тоа се случува за време на астралната проекција, не сме поподложни на смртта. Секако дека може некој да ви влезе во соба и да ви наштети додека не сте во телото, но истото може да се случи и доколку спиете.rnrnИако астралната проекција може да биде прекрасно искуство, мора да бидете внимателни. Ако сакате да се обидете со астрална проекција, мора да одберете добри „сопатници“. Внимавајте кого ќе поканите на вашето патување и што ќе вратите назад во телото. За повеќе информации, погледнете го следново видео…rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=U0CeZNIhFrgrnrnВо продолжение, прочитајте нешто повеќе за луцидниот сон.

  • Зошто патувањето со вашата мајка е најдоброто искуство што можете да го доживеете?

    Зошто патувањето со вашата мајка е најдоброто искуство што можете да го доживеете?

    Не секој умее да сфати како патувањето со мајката може брзо да стане прекрасно животно искуство. Тоа не е нешто што можете да го искусите само како деца. Напротив, доколку патувате со вашата мајка кога сте возрасни, ќе доживеете едно сосема поинакво искуство. Поинакво е чувството кога сте на одмор со вашите пријатели – најчесто сè се врти околу забава. Но, кога патувате со вашата мајка, вие до себе имате најдобар пријател којшто може да ви понуди многу корисни работи. Следуваат дел од најкарактеристичните работи коишто го прават патувањето со вашата мајка да изгледа толку возбудливо и незаменливо искуство.rnrnrn

    1. Се чувствувате побезбедно бидејќи знаете дека таа е до вас ако работите тргнат наопаку

    rnДодека растете, мајка ви е секогаш до вас, однесувајќи се заштитнички. Тоа чувство никогаш не исчезнува, дури и кога ќе станете возрасни. Доколку патувате заедно и истражувате нови работи, чувството на доверба и сигурност ќе ви биде од големо значење. Доколку нешто не оди по планираното, знаете дека мајка ви никогаш нема да ве остави, секогаш ќе ви пружи поддршка, при што дури и да се изгубите во непознатите места, тоа нема да ви изгледа толку лошо.rn

    2. Таа секогаш ви помага да ги цените малите работи

    rnВашето патување ќе биде повозбудливо доколку обрнувате внимание на малите работи. Мајките имаат неверојатна способност да ги забележуваат дури и најмалите детали, па затоа, ова искуство ќе ви овозможи подетално да ги согледувате работите и повеќе да уживате во вашето патување.rn

    3. Патувањето може да биде лековито

    rnСтресот којшто е присутен во секојдневниот живот може да доведува да има несогласување помеѓу вас и вашата мајка, но тоа ќе се смени доколку патувате заедно. Вие ќе бидете неколку дена оддалечени од секојдневната рутина, при што ќе имате повеќе време за себе за целосно да се релаксирате. Тогаш ќе забележите дека вашите разговори ќе се одвиваат без никаков проблем, а до крајот на патувањето ќе почувствувате дека врската помеѓу вас и вашата мајка е зацврстена и ќе се чувствувате поблиски.rnrnrn

    4. Можете подетално да ја запознаете нејзината личност

    rnКога сте дома, во кругот на семејството, вие секој од вашите блиски го гледате во неговата вообичаена улога. Но, кога ќе се оддалечите од домот и кога ќе патувате сами со вашата мајка, овие улоги накратко ќе исчезнат. Со вашето патување и вашите разговори, вие ќе бидете во можност да видите една сосема поинаква страна од нејзината личност. На овој начин можете да дознаете повеќе за нејзиниот карактер, па и за нејзиното минато.rn

    5. Ќе поминете прекрасно време и ќе имате интересни спомени

    rnВо споредба со семејните собири коишто ги имате дома, времето поминато за патување со вашата мајка ви нуди поинакви спомени. Самиот чин на патување ви носи нови искуства и има големо влијание врз вашиот ум. Спомените што ќе ги имате заедно се непроценливи.rn

    6. Ова е совршен начин да ја искажете вашата благодарност кон неа

    rnДа не заборавиме, мајките се едни од личностите коишто се најзаслужни за она што сте денес. Воопшто не е едноставно да се израсне дете, посветувајќи му време, енергија и пари. Сигурно многумина од вас чувствуваат дека треба да сторат нешто за да ги наградат своите мајки. Патувањето е одличен начин за да го сторите тоа!

  • Неколку знаци кои откриваат дека сте емотивна личност (и зошто е тоа добро)

    Неколку знаци кои откриваат дека сте емотивна личност (и зошто е тоа добро)

    „Моментот во кој плачеме додека гледаме филм не е оној тажниот, туку кога работите ќе излезат подобро отколку што сме очекувале дека ќе бидат“ – Алан де Ботон.

    rnНо, тие луѓе, исто така, го гледаат она што останатите не го гледаат. Можеби и вие сте такви. Гледате кога некој е тажен, а никој друг не му обрнува внимание. Трчате по дожд за да спасите некое куче. Можеби реагирате емотивно наместо разумно, но ова се причините поради кои е супер да бидете таква личност.rnrn1-nekolku-znaci-koi-otkrivaat-deka-ste-emotivna-lichnost-i-zoshto-e-toa-dobro-www.kafepauza.mk_rn

    1. Се плашите да не ги повредите туѓите чувства

    rnРазмислувате како е кога некој ќе ве повреди. Последно нешто што сакате е да му го направите тоа некому, освен ако навистина е потребно. Тоа не е најлесната, ниту најразумната работа – да се воздржите за да не повредите некого. Понекогаш може да се случи и вие воопшто не сте виновни, бидејќи тоа не било намерно. Но, многу е убаво што се обидувате да внимавате на туѓите чувства.rn

    2. Спомените ви се многу важни и понекогаш живеете во нив

    rnЧестопати се грижите за минатото и иднината. Внимателноста е прекрасен пристап и решение, како и фактот дека толку многу размислувате во врска со сè. Сето тоа ве прави прекрасна личност. Работите кои сте ги поминале во животот имаат големо значење. Одредени луѓе и места ви се важни и тоа е многу убаво и моќно. Само, обидете се да не се држите толку многу до работите, бидејќи тоа не е секогаш најдобро. Најважно е да живеете во сегашноста, за да можете да уживате во животот.rn

    3. Среќата ви е поважна од успехот

    rnНекои луѓе ќе направат сè за да стигнат до врвот. Ќе се стават себеси пред сите други, пред семејството и пријателите. А понекогаш, дури на врвот ќе сфатат дека не се среќни затоа што го постигнале она што го посакувале. На вас, успехот не ви е на првото место. Вашите приоритети се среќата, љубовта и вниманието. Само сетете се дека успехот, исто така може да биде дел од среќата. Важно е да имате цели и ќе се чувствувате како да успевате во сето она што го посакувате.rnrn2-nekolku-znaci-koi-otkrivaat-deka-ste-emotivna-lichnost-i-zoshto-e-toa-dobro-www.kafepauza.mk_rn

    4. Не се плашете да погрешите

    rnКако личност која знае многу за чувствата, знаете дека е човечки да се греши. И самите сте грешеле, како и сите останати на светот. Не се плашете од тоа, бидејќи разбирате дека грешките се составен дел од животот. Кога реагираме во склад со нашите чувства, тогаш знаат да ни удрат шамар и нашите сопствени избори. Но исто така, ние собираме искуство кое е сјајно.rn

    5. Чувствата ви се поважни од разумот

    rnВие сте добра пријателка и добро човечко суштество, секој е среќен што ве има во неговиот живот, бидејќи вие ја знаете важноста на чувствата. Важни ви се чувствата и нивната улога во сето она што го правиме. Можеме да направиме листа на она што треба, а што не треба да правиме, но на вас ви е најважен сопствениот труд, повеќе го следите срцето отколку правилата. Можеби тоа не ве носи секогаш онаму каде што се надевате, но барем имате добри причини за вашиот пат.rnrn3-nekolku-znaci-koi-otkrivaat-deka-ste-emotivna-lichnost-i-zoshto-e-toa-dobro-www.kafepauza.mk_

  • 5 причини зошто љубовните состаноци во 50-тите се многу подобри од оние во 20-тите

    5 причини зошто љубовните состаноци во 50-тите се многу подобри од оние во 20-тите

    Многу сингл жени над 50-тата година од својот живот, кога ќе помислат на љубовни состаноци почнуваат да се фрустрираат, да чувствуваат непријатност и збунетост. Но, верувајте, нема никаква причина да се грижите. Можеби забавувањето со момчиња во 20-тите години е супер забавно, но излегувањето на состаноци по 50-тата година има посебна магија во себе. Еве пет причини поради кои нема причина да се чувствувате непријатно и да се повлекувате затоа што сметате дека тоа не е соодветно и оти забавата е резервирана само за 20-годишните девојки.rnrn(1) 5 причини зошто љубовните состаноци во 50-тите се многу подобри од оние во 20-титеrn

    1. На 50 години знаете кои сте

    rnВо овој период од животот на состаноците заминувате со цело богатство знаење и искуство. Повеќе ја нема онаа огромна несигурност како во младоста, кога постојано ги баравте патиштата до вашата вистинска личност. Затоа искористете ја сета моќ која лежи во вас. Според WebMD, жените над 50-тата година се чувствуваат посамоуверено, знаат точно што сакаат и што не сакаат и најмногу си веруваат себеси. Сепак, тоа не значи дека сте виделе сè и сте сфатиле сè, но сепак знаете како да уживате и да бидете тоа што навистина сте. Дали така се чувствувавте, на пример, кога имавте 22 години? Сега знаете што ви треба од еден маж и од една врска.rn

    2. Немате желба и очекувања да засновате семејство

    rnВо овој период од животот се чувствувате многу релаксирано затоа што не размислувате за деца и семејство и мажите не ги гледате како потенцијални татковци на вашите идни поколенија. Во доцните 20-ти, биолошкиот часовник почнува да отчукува посилно, а тоа создава голем притисок кај жените. Но, затоа жените кои имаат 50+ години се сосема слободни по тоа прашање. Поголемиот дел од жените до таа возраст веќе ги имаат одгледано децата, кои се возрасни и самостојни луѓе. Исто така, голем е процентот на жени кои се финансиски самостојни, па затоа единствено што им треба е друштво на пријатен и шармантен човек. Фокусирајте се на забава.rnrn(2) 5 причини зошто љубовните состаноци во 50-тите се многу подобри од оние во 20-титеrn

    3. Имате искуство со врските

    rnДо петтата деценија од вашиот живот, веројатно сте биле во брак или во неколку врски, во кои сте имале можност да ги развиете комуникациските вештини со партнерите и да научите како се гради еден однос. Сега повеќе не се плашите гласно да кажете што не ви се допаѓа и да водите квалитетни разговори поврзани со вашата врска. Знаете дека мирните разговори, размислувањето и овозможувањето меѓусебна шанса за себеизразување се начини за надминување на одредени прашања и проблеми кои можат да се појават меѓу вас и партнерот. Можете да се сетите на вашата прва бурна расправија со момчето во младоста? Веројатно имало неизмерно многу драма – сте изнакажале многу погрдни зборови, избувнавте, ја треснавте вратата и многу други бурни реакции. Но, тогаш сте го немале сегашното искуство за тоа дека дискусиите се водат на еден мирен начин, јасно искажување на вашите мисли и компромис. Со 50+ години знаете кое однесување не е прифатливо за вас, знаете како да ги решите најголем број од проблемите и кога е потребен компромис за да се врати задоволството во заедничката врска.rnrn(3) 5 причини зошто љубовните состаноци во 50-тите се многу подобри од оние во 20-титеrn

    4. Не ви е потребен маж за да ви стави прстен на раката

    rnПоголемиот дел од жените над 50-тата година веќе биле во брак барем еднаш и можеби биле невеста на голема свадба. Затоа, во овој период, жените не ни помислуваат повторно да облекуваат бел фустан. Голем дел од луѓето на 50+ возраст, кои имаат развод зад себе, не размислуваат повторно да стапат во брак. Но, никој не вели дека не сакаат долга и стабилна врска, Сепак, изборот е ваш. Кога сте биле во 20-тите години од животот, најверојатно бракот ви бил од најголемо значење. Сте имале притисоци и од семејството и од околината да најдете момче и да создадете семејство. Но, во периодот над 50 години, таквиот притисок едноставно го нема. Можете да живеете заедно со својот партнер, можете да водите одвоен живот, сите опции се отворени.rn

    5. Мажите над 50-тата година се поголеми кавалери

    rnДа не го заборавиме фактот дека не се само жените се тие кои во текот на животот собираат искуство и знаење. Истото се случува и кај мажите. Д-р Џоел Блок, секс терапевт, вели дека мажите над 50-тата година се „понежни“. Како што поминуваат годините, тие стануваат поопуштени во делот на сексот и повеќе внимаваат на себеси и партнерката. Како што стареат луѓето стануваат попаметни и ги доведуваат речиси до совршенство своите љубовни вештини.rnrnЗатоа дами, не очајувајте, напротив искористете го знаењето и искуството и излезете од својата удобна зона. Отворете ги можностите и искористете ги сите патишта кои се отвораат пред вас. Можете да најдете пријатен партнер и љубовник, со кој ќе уживате.

  • 5 навики коишто ја уништуваат вашата самодоверба и како да ги промените

    5 навики коишто ја уништуваат вашата самодоверба и како да ги промените

    Сите знаеме колку самодовербата може да влијае врз личниот живот на еден човек. Иако повеќето од вас сигурно веќе знаат неколку начини коишто можат да ви ја зголемат самодовербата, подеднакво е важно да бидете сигурни и дека не правите работи коишто ја уништуваат. Еве кои однесувања може да бидат заканувачки за вашата самодоверба и како истите да ги избегнете.rnrnrn

    1. Барате одобрување од секого

    rnСамоуверените луѓе разбираат дека не е возможно секој да се согласува со нив и дека тоа е сосема во ред. Наместо тоа, тие повеќе се фокусираат на градење стабилни односи со луѓето кои ги почитуваат, отколку да се борат со секој човек којшто ќе го сретнат. Затоа, не дозволувајте мислењата на другите да ве дефинираат или пак да ви кажуваат што можете, а што не можете да постигнете во животот. Факт е дека не можете да ги импресионирате сите, па затоа фокусирајте се на оние коишто ви се навистина важни.rn

    2. Повеќе се фокусирате на грешките отколку на решението

    rnЖивотот е полн со пречки, но секоја пречка е можност да се развивате како личност. Личниот раст создава еден вид доверба којашто трае. Па, вие можете да избирате дали ќе се фокусирате на проблемот или пак ќе се фокусирате на решението. Самоуверените луѓе голем дел од времето се фокусираат на изнаоѓање решение. Тие не поминуваат време измачувајќи се со нивниот проблем, туку преземаат акција во насоката каде што сакаат да се движат.rn

    3. Се вклучувате во непотребни драми

    rnИако сите понекогаш сакаме драми, сепак, непотребната и постојаната драма во вашиот живот доведува до повеќе стрес, кој пак, ја убива довербата. Затоа, останете подалеку од ваквите случувања и посветете го вашето време на корисни активности. На овој начин би се чувствувале посреќни, а наместо да се карате, вие ќе се забавувате.rn

    4. Неуспехот го дефинирате како резултат на вашата вредност

    rnЕдно е сигурно: Успешните и неуспешните луѓе се разликуваат по начинот на којшто гледаат на неуспехот. Успешните луѓе разбираат дека неуспехот е дел од процесот на учење. Секогаш кога ќе се соочат со неуспех, овие луѓе знаат дека се поблиску до вистинскиот начин да ја остварат својата цел. Од друга страна пак, неуспешните луѓе имаат тенденција да го сфаќаат неуспехот како одраз на нивните лични карактеристики. Сетете се дека и големите научници не успеале да ги создадат генијалните изуми без притоа да се соочат со многу неуспеси.rn

    5. Не сте спремни за нови искуства

    rnВоопшто не е лесно да сте заглавени во неделната рутина, да ги правите истите работи и да ги гледате истите луѓе. Иако ова до некој степен ви дава чувство на удобност, сепак, тоа може да биде убиец на вашата самодоверба. Исто како и во природата, доколку не растете, ќе умрете. Затоа, правете нешто од што се плашите, внесете нови позитивни искуства во вашиот живот и така ќе бидете повеќе возбудени за вашата иднина.

  • 4 пропусти поради кои ќе бидете етикетирани како лоши во кревет

    4 пропусти поради кои ќе бидете етикетирани како лоши во кревет

    Повеќето мажи се доста самоуверени кога станува збор за нивните техники во креветот и поради тоа честопати занемаруваат некои ситници кои можат добриот секс да го претворат во лошо искуство. Недостатокот на хигиена, занемарувањето на желбите на партнерката и бегството од предиграта се само мал дел од нивните навики кои жените воопшто не ги сакаат.rnrn4 пропусти поради кои ќе бидете етикетирани како лоши во креветrn

    1. Мајсторот кој знае сѐ

    rnОна што жените најчесто го истакнуваат како голема маана кај нивните партнери е фактот дека не слушаат, а истиот проблем се случува и во кревет. Експертите наведуваат дека мажите имаат преголемо его во најголемиот број од случаите, па така и деталите поврзани со интимните односи ги земаат здраво за готово. Како во секојдневните ситуации, така и во креветот преовладува нивното големо „јас“ кое знае сѐ, па секој обид за разговор во врска со деталите за време на сексот завршува со познатата реченица „Јас го знам тоа подобро од неа“.rn

    2. Секс без загревање

    rnЖените ја обожаваат предиграта! Моментите на галење и опсипување со бакнежи се високо на листата на приоритети кај сите жени кои предиграта ја сметаат за исто толку важна како и самиот љубовен чин. Но, мажите овој податок многу често го занемаруваат. Тие го сакаат тоа брзо и без увертира што на дамите баш и не им е по волја.rn

    3. Лоша хигиена

    rnМрзеливоста кај мажите честопати се одразува и во креветот каде нивните „опојни“ мириси, кои ги сметаат за доказ за машкоста, на жените воопшто не им се примамливи. Глетката на испотено машко тело е привлечна само оддалеку или на филмови, бидејќи жените во креветот сакаат негувано машко тело со убав мирис.rn

    4. Ќути и работи

    rnМоментот на молчење за време на жешките игри во креветот со задоволство е практикуван од страна на посилниот пол, но на жените тоа не им се допаѓа. Затоа време е мажите да почнат да ги користат своите длабоки секси гласови и во креветот со истиот жар како кога навиваат на спортски натпревар.

  • 11 нешта кои е во ред да ги научите на потешкиот начин

    11 нешта кои е во ред да ги научите на потешкиот начин

    Има луѓе кои се способни да учат од грешките на другите. Но, има и такви кои учат само од сопствените грешки. Или кажано со други зборови, луѓе кои учат на потешкиот начин. Оние кои едноставно учат од искуства, спомени и каење. И спротивно на општото мислење, ова и не е така лошо. Постојат нешта кои дури и мора да се научат на потешкиот начин.rnrn11 нешта кои е во ред да ги научите на потешкиот начинrn

    1. Во ред е на потешкиот начин да дознаете која е вистинската љубов за вас

    rnВо ред е да се заљубите во некој кој не е за вас, да се трудите во врска која нема иднина, или целосно да се вложите во нешто кое нема да трае вечно. За да научите да љубите потребно е време и грешки.rn

    2. Во ред е на потешкиот начин да научите за вашите граници

    rnВо ред е да притискате, да давате сѐ од себе и да се доведувате себеси до границите на возможното пред конечно да се скршите и изгорите. Во ред е да не си ги знаете природните граници.rn

    3. Во ред е на потешкиот начин да дознаете кога треба да си заминете

    rnВо ред е да останете предолго, во ред е и ако избегате прерано, или постојано да грешите кога треба да си заминете, а кога да останете и да се борите. Уметноста на одбирањето на вистинскиот тајминг не е нешто што природно го знаеме. Мора да научиме да им веруваме на нашите инстинкти на потешкиот начин.rn

    4. Во ред е на потешкиот начин да научите кои сте

    rnВо ред е да пробате дали ве собира во различни кутии, да се борите да ги исполните очекувањата, да се менувате толку пати колку што е потребно сѐ додека не станете вистински. Дешифрирањето на тоа кои навистина сте е животен предизвик.rn

    5. Во ред е на потешкиот начин да научите кому да верувате

    rnВо ред е да погрешите со вашата посветеност, лошо да ги процените вашите очекувања или да имате целосна доверба во некој што комплетно ќе ве изневери еден ден. Во ред е да живеете со отворено срце, а на потешкиот начин да научите дека сепак ви е потребна некаква заштита.rn

    6. Во ред е на потешкиот начин да научите кога да се откажете

    rnВо ред е ако цврсто и очајно се држите за нешто, да сакате кога всушност треба да си заминете и да останете кога треба да се откажете. Сите сме го носеле мртвиот товар предолго, барем еднаш во животот, без да знаеме да го цениме моментот кога некогаш е навистина подобро да се откажеме.rn

    7. Во ред е на потешкиот начин да ги откриете вашите професионални вредности

    rnВо ред е некогаш да работите премногу, а за возврат да добивате премалку. Тоа е природен дел од живеењето, константно да ја прилагодувате вашата перцепција за вашата професионална вредност.rn

    8. Во ред е на потешкиот начин да научите како да се однесувате кон себе

    rnВо ред е некогаш да сте премногу строги или премногу нежни кон себе, за еден ден да го најдете физичкиот и психичкиот баланс.rn

    9. Во ред е на потешкиот начин да научите како да простите

    rnВо ред е некогаш да држите лутина и омраза, да дозволите отровот на горчината да влезе во вашиот систем, пред да ја почувствувате потребата од опростување. Кога имате потешкотии со опростувањето, вие се борите со човечките емоции за самозаштита.rn

    10. Во ред е на потешкиот начин да научите да се справувате со животот

    rnВо ред е некогаш да се фаќате за сламка, да бидете очајни, да се обидете и да не успеете во механизмите за справување со проблемите. Во ред е ако не знаете интуитивно да се спасите себеси. Низ тие грешки ќе откриете што ви е навистина потребно и на што можете да се потпрете во моментите на борба.rn

    11. Во ред е на потешкиот начин да научите што сакате

    rnВо ред е со сите сили да се обидете да го остварите сонот кој евентуално ќе го снема. Во ред е ако некогаш во животот следите погрешни патеки и траги. Вашиот живот ќе биде константен процес на менување желби и перцепции. И не треба да ги откриете сите одеднаш. Постојат нешта кои мора да се научат по пат.

  • Нелегални фотографии од Северна Кореја кои ни покажуваат како живеат тамошните луѓе

    Нелегални фотографии од Северна Кореја кои ни покажуваат како живеат тамошните луѓе

    Микал Хуниевиц е човекот кој ја добил ретката привилегија да ја посети Северна Кореја. За неговото патешествие да остане забележано, тој решил да направи неколку впечатливи фотографии од земјата кои го опишуваат секојдневието на тамошните луѓе и ја доловуваат атмосферата, иако фотографирањето е законски забрането. Тој бил предупреден дека ќе биде уапсен доколку бидат пронајдени фотографии во неговиот фотоапарат, но Микал сепак успеал да изнесе неколку од нив надвор од земјата, што било едно многу стресно искуство за кое вели дека не би сакал уште еднаш да го повтори. Па, погледнете како изгледа животот во Северна Кореја…rnrn

    Пристигнување во Пјонгјанг. Микал смета дека ова било режирано бидејќи немало други возови тој ден, а елегантните патници немале никаква причина да бидат таму
    Пристигнување во Пјонгјанг. Микал смета дека ова било режирано бидејќи немало други возови тој ден, а елегантните патници немале никаква причина да бидат таму.
    rnrn
    Пјонгјанг – групата била пресретната од нивните водичи кои не смееле да ги напуштаат за време на престојот и кои им кажувале кога да спијат и кога да се будат
    Во Пјонгјанг групата била пресретната од нивните водичи кои не смееле да ги напуштаат за време на престојот и кои им кажувале кога да спијат и кога да се будат.
    rnrn
    Хотелот официјално нема 5-ти кат и до него можете да стигнете само ако ги користите скалите. Вратата е скоро секогаш затворена, но ако успеете да влезете, местото е полно со пропагандни постери и луѓето шпекулираат дека се користи за шпионирање на гостите
    Хотелот официјално немал 5-ти кат и до него можете да стигнете само ако ги користите скалите. Вратата е скоро секогаш затворена, но ако успеете да влезете, местото е полно со пропагандни постери и луѓе кои шпекулираат дека се користи за шпионирање на гостите.
    rnrn

  • 3 работи кои треба да ги знаете пред да дипломирате за да преживеете во светот на возрасните

    3 работи кои треба да ги знаете пред да дипломирате за да преживеете во светот на возрасните

    Дипломирањето е едно чудно и надреално чувство. Тоа ја претставува точката на перипетија во вашиот живот, кога чувствувате дека веќе треба да бидете некој кој има титула, статус и да одите некаде каде можете да го покажете вашето знаење. Факултетите се многу повеќе од учебниците, скриптите, неспиењето и испитите. Тие се искуство чиј тек го одредувате самите вие и по кое ќе копнеете откако ќе заврши. Но, постојат толку многу мали детали кои ќе ги научите по патот што ниту едно училиште, ниту висока образовна установа не можат да ги понудат. Во продолжените прочитајте ги 3-те најважни животни лекции кои треба да ги знаете за да преживеете во светот на возрасните.rnrn3 работи кои треба да ги знаете пред да дипломирате за да преживеете во светот на возраснитеrn

    1. Не е целта во тоа што знаете, туку кого знаете

    rnЌе научите толку многу информации, што ќе почнете да се прашувате кога и како применета економика или калкулус 1 можат да ви се најдат во животот. Она што луѓето забораваат да го спомнат е дека факултетот не е само место каде можете да учите, туку е и место каде можете да стекнете многу пријатели. Не пропуштајте ја шансата да го проширите својот социјален круг и да запознавате нови луѓе. Фокусирајте се на изградбата на пријателствата, познанствата и односите. Опколете се со индивидуи кои носат позитивна енергија и го предизвикуваат начинот на кој размислувате.rn

    2. Излезете од вашата удобна зона и истражувајте

    rnКога првпат одите на факултет, одбивате да ја напуштите својата удобна зона бидејќи сметате дека таа ве чува и заштитува. Но, таа никогаш нема да ви помогне понатаму да се развивате. Ако сакате психички и ментално да созреете, тогаш треба да се соочите со сите предизвици и да ги правите оние работи кои можеби нема да бидат толку лесни.rn

    3. Знајте ја сопствената вредност

    rnНикој никогаш не ве учи на силата на сопствената вредност и тоа е многу жално. Важно е да знаете дека вашите оценки не се мерка за вашата вредност како личност. Никогаш не дозволувајте бројките да застанат на вашиот пат кон успехот и личниот напредок. Тоа што сте паднале еден предмет, не значи дека не сте успеале како личност. Немојте да се концентрирате на малите работи и започнете да ја гледате поголемата слика.

  • Најсреќните луѓе живеат според овие 4 правила

    Најсреќните луѓе живеат според овие 4 правила

    Заслужуваме да бидеме среќни“. Независно колку пати ја слушаме оваа реченица, таа секогаш ќе звучи себично и егоистично составена од нереални зборови кои немаат значење, особено ако ја споредиме со нашата работа, со сметките кои треба да се платат, како и со пријателските и љубовните врски. Се разбира, сите би сакале да бидеме среќни, но постојат други поприоритетни работи на кои треба да се сконцентрираме…rnrnНајсреќните луѓе живеат според овие 4 правилаrnrnНо, дали е тоа навистина така? Има ли нешто поважно од уживањето во животот? Има ли нешто поважно од тоа да се потрудиме да ги исполниме нашите цели и аспирации и да ја пронајдеме среќата? Постои ли некаков водич кој ќе ни помогне во таа наша потрага? Во продолжение прочитајте ги 4-те правила според кои живеат најсреќните луѓе на светот и дозволете мотивацијата и инспирација да станат ваши секојдневни практики.rn

    1. Дајте си дозвола да го правите она што навистина го сакате

    rnНајсреќните луѓе живеат според овие 4 правилаrnrnВашата дозвола е единствената која има значење. Луѓето трошат премногу време во чекање потврда или дозвола од другите луѓе за да го направат она што го сакаат. Токму поради тоа често не ги споделуваат своите идеи, не посегнуваат по новото, се воздржуваат од учењето на нови вештини, од запознавањето нови пријатели или од вкусувањето нови рецепти. Освен ако не се благородни, потребни или корисни за сите други, ние не се осмелуваме да ризикуваме со новите можности. Она што треба да го направиме е да престанеме да се грижиме за реакциите на другите и да се фокусираме на нашите потреби со цел да живееме на начин на кој ќе се гордееме.rn

    2. Секојдневно правете мали работи кои ве радуваат

    rnНајсреќните луѓе живеат според овие 4 правилаrnrnСите околу вас во секој момент можат да ви дадат листа од 100 работи кои треба да ги направите за нив, но единствената личност која може да си ги дозволи малите задоволства кои ги посакува сме самите ние. Топла купка, малку време да прочитаме добра книга, да го гледаме новиот филм, да го јадеме нашето омилено чоколадо, па дури и да испиеме шолја кафе покрај која е испишана некоја инспиративна порака. Посветувајќи се на себеси и правејќи работи кои нè радуваат е најдобриот начин да го потрошиме времето.rn

    3. Опкружете се со убави работи

    rnНајсреќните луѓе живеат според овие 4 правилаrnrnУметност, музика, храна. Опкружете се со нешта кои се вистински убави, не само естетски добри, туку и автентични, реални и природни. Поглед од планината, совршено направена торта, вистински и искрен разговор со најдобриот пријател… Опкружете се со вистинска убавина и вашиот живот ќе стане едно прекрасно искуство.rn

    4. Никогаш не дозволувајте парите, статусот или другите луѓе да ја кршат вашата идеја за мир

    rnНајсреќните луѓе живеат според овие 4 правилаrnrnПарите и мислењата на другите луѓе доаѓаат и си одат. Мирот, благосостојбата и задоволството трпеливо нѐ чекаат во нашите срца, додека ја пренасочуваме среќата на работи кои ќе поминат. Кога ќе се ослободиме од таа површност, ќе ја искусиме среќата и мирот кои отсекогаш биле со нас.rnrnГледајте напред, а не назад. Дозволете мирот да дојде од вашето едноставно, чудесно постоење. Од вашето срце и од ништо друго.