Без разлика дали ја сакате својата работа или не, секогаш ќе имате тешки и навидум неподносливи денови и периоди во кои нема да уживате. Ако не ви се допаѓа тоа што го правите, одењето на работа станува вистинска тортура и секој час поминат на работа ви се чини многу подолг отколку што навистина е. Иако никој не треба да го прави она што не може да го поднесе, сепак можете да извлечете нешто добро од тоа. Овие четири позитивни работи можеби ќе ве натераат барем еднаш во животот да ја работите работата што не ја сакате.rnrn
rn
Ќе научите што сакате и што не сакате
rnСите тешки односи, прекинатите пријателства или врски и тешките животни ситуации носат одлични лекции со себе. Од ваквите животни искуства, најпрво учите што сакате и што воопшто не сакате. Исто е и со лошите искуства на работа. Ако работите работа што не ви се допаѓа, запрашајте се прво зошто е тоа така. Ако причината е некој претпоставен или колега, ќе знаете што не сакате од следната работа кога станува збор за работната средина. Ако тоа е работата само по себе, ќе знаете што да избегнете на следната апликација за работа. Исто така, негативното деловно искуство може да ви донесе позитивни ситници и работи што ќе сакате да ги понесете со вас. Не заборавајте дека секоја ситуација има два пола и земете ги со себе сите добри работи што ќе ви ги донесе лошото деловно искуство.rn
Ќе научите нови вештини
rnБез разлика дали ви се допаѓа вашата работа или не, сè додека сте вработени, мора да работите и да учите нови вештини. Дури и кога мислите дека вашата работа не ви носи ништо ново, размислете за ситуациите низ кои поминувате секој ден и за вашите реакции на нив. Многу е веројатно дека вашата работа ќе ве научи како да се однесувате во нови и сè уште недоживеани ситуации. Секоја работа ве тера да растете. Понекогаш таа работа ќе се манифестира во нови вештини што ќе можете да ги искористите кога аплицирате за нова работа, понекогаш ќе ве научи да бидете трпеливи, a понекогаш да не заборавите да бидете морални.rn
Ќе запознаете нови луѓе
rnИ на најлошите места можете да запознаете прекрасни луѓе кои можат да ви отворат нови врати. Ако не ви одговара работното место или не ви се допаѓа работата што ја работите, не одбивајте да се дружите со луѓе кои имаат квалитети и од кои можете да научите многу работи.rn
Ќе научите дека ништо не е конечно или безнадежно
rnНикој не треба да ја работи работата што ја мрази до крајот на животот. Но, ако се најдете во ситуација да правите нешто што не ви се допаѓа, треба да знаете дека тоа не ве дефинира вас како личност. Во ситуациите што не ви се допаѓаат, можете да бидете лути на целиот свет или едноставно да ги прифатите такви какви што се и да се обидете да најдете излез. Ако кажете дека работата што не ви се допаѓа е моментална ситуација од која има излез, ќе ви биде полесно да најдете енергија за да побарате нова, подобра работа.rnrnПрочитајте ги овие фенг шуи совети за наоѓање нова работа.



rnrnТој бил обичен студент од Шведска. Првиот инцидент се случил за време на сообраќајна несреќа додека тој бил со неговиот мотор. Возел по автопатот и случајно влетал на градилиште. Се обидел да закочи, но изгубил контрола над возилото. Шокот и болката го натерале неговото тело да престане да функционира и неколку минути бил без свест, немал пулс и не дишел. Многу месеци подоцна, неговото тело уште еднаш „се исклучило“ откако се предозирал со лекови за болка по операција.rnrnИ во двата случаи лекарите успеале да го вратат во живот, но на некој начин Саша бил мртов два пати по неколку минути. Неговата приказна ги заинтересира луѓето ширум светот. Па, наскоро по искуствата, Саша, кој цел живот е атеист, решил да сподели што видел во тие неколку минути.rnrnНа 

rn
rn
rn

rnrnСетете се само на оној концерт кога бевте згазнати, полиени со пијачка, истуркани, но сепак, дома отидовте среќни и задоволни, па дури и проверивте каде следно настапува вашиот омилен бенд. Како наеднаш се смени вашата перцепција? Одговорот е во влијанието на когнитивните предрасуди од долгата листа кратенки што нашиот мозок ги користи за да ни ги оформи однесувањата и сеќавањата. Оваа појава може да се нарече и правило на кулминација и исход, кога впечатокот е формиран од најдобрите моменти во текот на некое случување и крајниот резултат од него.rn
rn
rn
rn
rn