Унгарскиот уметник Дудолф не мирува кога станува збор за загатките. Главните ликови овој пат се Дедо Мраз и една мечка. Најпознатиот дедо во светот се плаши од мечката што се крие меѓу неговите ирваси. Дали можете да ја пронајдете?rnrnrnrnАко сè уште не можете да ја најдете мечката, погледнете го решението.rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Решение:” active=”false”][/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnПогледнете ја и оваа загатка и откријте кој број треба да стои наместо Симба.
Џеф Летам, артистички директор на хотелот „Four Seasons Hotel George V“ во Париз, навистина се надминал себеси оваа година со празничните декорации во објектот. Тој креирал уникатно божиќно дрво од илјадници висечки електрични светилки. Окружена од 40 живи елки, на убавата инсталација ѝ се восхитувала и Опра Винфри, која неодамна го посетила парискиот хотел и пишала на нејзиниот профил на Инстаграм дека го обожава уникатното дрво.rnrnrnrnВо лобито на хотелот, Летам работел со Мишел Аман од компанијата „Crystal Groups Designs“ со кој ги создале интересните златни ирваси. Секое од џиновските животни е направено од 1.300 различни огледала, а се високи 4 метри и тешки 500 кг. Пред шанкот има 13.000 златни топчиња кои се наредени едно врз друго и создаваат илузија како елките да лебдат над нив.rnrnrnrnПогледнете во видеото како изгледа сета оваа празнична магија во хотелот.rnrnrnrn
Малубројните нации во Северна Азија заедно претставуваат богат и стар збир од народи и култури. Се создале под влијание на вековните миграции и инвазии од сите страни, вклучувајќи ги Персијците, Турците, Русите и Кинезите. Денешните политички поделби не секогаш се сообразени со историјата на тамошните народи, но, сепак, им го даваат новото чувство на национален идентитет, покрај, изворниот, етничкиот.
rnrn
Евенки
rn
rn011
Население: 33.000 во Русија, 34.000 во Кина
rn011
Јазик: евенски (тунгунска гранка од алтајската група, сродни со јазикот маџу во Кина), руски, монголски, јакутски
Евенките живеат насекаде низ тајгите на Сибир, Монголија и Кина. Кинеските Евенки се фармери кои одгледуваат овци, а речиси половина од руските Евенки се занимаваат со традиционалното стопанство, засновано врз одгледувањето ирваси, со лов (заради храна и крзно) и со риболов. Тие одгледуваат припитомени ирваси кои им служат за влечење и добивање млеко. Тие се мали ирваси, па затоа се јаваат седејќи на нивните рамена, а не на грбот. Евенките не ги јадат своите ирваси бидејќи ги сметаат за многу вредни во нивната култура. Шаманизмот е нивната религија (зборот шаман потекнува од евенскиот јазик) и има големо влијание.
rnrn
Јакути (Саха)
rn
rn011
Население: 380.000
rn011
Јазик: јакутски (од групата северни туркиски јазици), руски
rn011
Вера: руска православна црва од преобратувањето во 17 век
rn011
Место: Република Јакутија, Русија
rn
rn
Јакутите или Саха, како што сакаат самите да се нарекуваат, се најголема автохтона група од народите во Сибир. Ја населуваат Јакутија – најголема административна единица во Русија, огромен појас во источен Сибир, кој ја опфаќа и областа Верхојанск т.н. Студен пол, каде температурата се спушта и под -60. Се населиле во 13 век, веројатно со ширењето на турските народи кон север. Со себе ги донеле знаењата за одгледување добиток, посебно коњи, кои ги приспособиле на живот при ниски температури. Нивната култура цветала благодарение на трговијата со Русија, но економијата под власта на Сталин им била насилно колективизирана.
rnrn
Ненци
rn
rn011
Население: 34.000
rn011
Јазик: ненецки (сроден со финскиот и лапонскиот), руски
rn011
Вера: ненецка вера со примеси на анимизам и шаманизам
rn011
Место: Артичка Русија од двете страни на Урал
rn
rn
Ненците живеат во зоната на поларниот круг и претставуваат најсеверни жители на Европа (бидејќи живеат и на европската страна на Урал). Нивната татковина е Јамалскиот полуостров (Јамал, значи „крај на светот“). Тие самите се нарекуваат Ненет што значи „исконски човек“ и тие се дел од поголема група наречена Самоеди. Благодарение на својата изолираност, ненеската култура им одолеала на руските христијански мисионери, а потоа и на колективистичките амбиции на советските власти. Тие се номади, не населуваат трајно некоја област, туку се селат два пати годишно со своите ирваси. Нивната древна вера е анимистичка (секој предмет во природата, жив или нежив, има свој дух).
rnrn
Чукчи
rn
rn011
Население: 15.000
rn011
Јазик: чукотски (еден од чукотско-камчатските јазици на рускиот далечен Исток), руски
rn011
Вера: руска православна црква, шаманизам, анимизам
rn011
Место: североисточен Сибир
rn
rn
Според надворешниот изглед, облеката и културата, Чукчите многу личат на автохтоните артички народи на Северна Америка. Повеќе Чукчи живеат во својата автономна област на Чукотскиот Полусотров. Крајбрежните и континенталните Чукчи имаат различен начин на живеење. Континенталните се полуномади и одгледуваат ирваси, а крајбрежните се рибари и ловци на морски цицачи. Тие имаат слична традиција со народите на Алјаска. Чукчите во текот на 20-от век му давале оружен отпор на советскиот режим, па затоа земјата им била одземена и загадувана од индустријата и нуклеарните проби.
rnrn
Тувинци и Алтајци
rn
rn011
Население: 240.000 тувинци и 69.000 алтајци
rn011
Јазик: тувински, алтајски, руски, кинески
rn011
Вера: будизам, бурханизам (микс на будизам со шаманизам), ислам, христијанство
rn011
Место: Тувинска Република, Монголија и Алтајска Република, Русија
rn
rn
Тувинската Република се наоѓа на јужниот дел на Сибир, по должина на границата со Монголија и Кина. Со векови тие потпаѓале под власта на моќните соседи. Тува конечно во 1912 година прогласила независност од Кина и веднаш станала руски протекторат. Тувинците се многу сродни со Монголите и нивниот јазик, иако според потеклото главно е туркиски, имаат многу монголски зборови. Тие имаат богата музичка традиција – познати се по „грленото пеење“, каде еден човек произведува повеќе ноти одеднаш и ги обликува во мелодија.
rn
Алтајците се извор на шаренило од јазици. Тие се полуномадска заедница на сточари, но повеќето од нив Русите ги натерале на постојан живот. Дури некои од Алтајците, кои не се номади, чуваат јурт (традиционален номадски шатор).
Автор: Марија СмокварскаrnrnЗа сите нас Божиќ е еден од најголемите празници во годината кој ги зближува семејствата и пријателите. Иако во различни земји низ светот се празнува на различен и уникатен начин, сепак пораката која ја носи овој најголем христијански празник е иста: љубов, единство, толеранција, прошка.rnrnЗа време на овој магичен празник, сите домови добиваат едно посебно светло во знакот на Божиќ и разните икебани, божиќни свеќи и сите други мали детали, прават сетo тоа да изгледа волшебно. Од таа причина ви нудиме неколку идеи за додатоци кои би го направиле вашиот дом, конкретно вашата бања, поинтересен во овој празничен период од годината. Фатете го последниот воз и украсете си го домот на уникатен начин.rnrnПокривач за тоалет во форма на Дедо МразrnrnКрпи и пешкири дезенирани со СнешкоrnrnДржач на тоалетна хартија во форма на ирвасrnrnДодатоци за вашата бања со чизмата на Дедо МразrnrnСнешко-чергиче за бањатаrnrnТуш-завеса со дезенот на оделото на Дедо МразrnrnДедо Мраз-држачи за пешкириrn