КАФЕ ПАУЗА

Tag: инсталација

  • Бесконечната соба

    Бесконечната соба

    Преку својата извонредна архитектонска инсталација, францускиот уметник Serge Salat ги повикува посетителите на едно до сега невидено тридимензионално патување, низ бескрајни просторни слоеви, украсени со разни коцкести форми, огледала поделени на панели, како и промена на светлината и музиката. „Beyond Infinity“ претставува едно фантастично мултисензорско, мултимедијално доживување, во кое се помешани источно-кинеската и западната ренесанса. За да ја создаде ваквата оптичка илузија, Serge Salat ги користи огледалата, претворајќи една соба во експлодирачка просторна бесконечност.Бесконечната собаОваа несекојдневна инсталација е спонзорирана од автомобилската компанија „Бјуик“, која ја користела како изложбен салон за своите автомобили. Архитектонското чудо било инсталирано во трговскиот центар Вестгејт во Шангај, од 16 до 18 септември 2011 година.Бесконечната собаСо должина од 10,8 метри, широчина од 12,45 метри и 3,8 метри во висина, оваа структура е целосно затворена. Со челична инфраструктура и алуминиумски панели во форма на саке кои се прекриени со огледала, оваа просторна изманипулирана инсталација има за цел да ги одведе нејзините посетители на едно „мистично патување“.Бесконечната собаДодека посетителите се шетаат внатре во инсталацијата, музиката свири, осветлувањето „пулсира“ и се менува кога луѓето ќе поминат во некое друго ниво во „бесконечниот“ простор. Боите на светлата варираат од виолетово-сина кон бела, а нивното менување, на секоја минута ги имитира ефектите на зората, изгрејсонцето и ноќта.Бесконечната собаПосле Шангај, инсталацијата „Beyond infinity“ ќе патува во Пекинг, Ченгду, Далиен, Шијан, Женгжу и Женшен.Бесконечната собаБесконечната собаБесконечната собаБесконечната собаrnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Чудесни стаклени тридимензионални слики

    Чудесни стаклени тридимензионални слики

    Кинескиот уметник Xia Xiaowan на доста инвентивен и чудесен начин, успева да си ги покаже своите одлични креативни способности. Тој користи повеќе слоеви на затемнето и осенчано стакло, така трансформирајќи ги дводимензионалните слики во величествени тридимензионални дела, кои тој ги нарекува „просторни слики“.rnrnЧудесни стаклени тридимензионални сликиrnrnНеговите „просторни слики“ изгледаат како холограми. Тие се направени така што, доколку направите еден круг околу инсталацијата, сликата ќе ви се менува од секоја перспектива, зависно од аголот од кој ја гледате.rnrnЧудесни стаклени тридимензионални сликиЧудесни стаклени тридимензионални сликиrnrnОвие дела во вистинска смисла на зборот ја замаглуваат границата помеѓу сликарството и скулпторството.rnrnЧудесни стаклени тридимензионални сликиЧудесни стаклени тридимензионални сликиЧудесни стаклени тридимензионални сликиЧудесни стаклени тридимензионални сликиЧудесни стаклени тридимензионални сликиЧудесни стаклени тридимензионални сликиЧудесни стаклени тридимензионални слики
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn