КАФЕ ПАУЗА

Tag: инсталација

  • Шарени чадорчиња кои волшебно лебдат во воздух

    Шарени чадорчиња кои волшебно лебдат во воздух

    Фотографката Патрисија Алмеиде неодамна ги направила овие прекрасни фотографии во текот на разиграната инсталација на чадори, поставена во Агуеда, Португалија. Фотографиите ги сликала со нејзиниот Ајфон и со фотоапарат. Како создадени во некоја бајка, чадорите изгледаат како магично да лебдат во воздухот.Шарени чадорчиња кои волшебно лебдат во воздухТаа напишала на нејзиниот профил на Фликр:rn
    rn

    Во јули во Агуеда, некои улици се декорирани со чадори во разни бои. Се почувствував како мало дете, вчудовидено од толку многу бои. Оваа инсталација таа ја нарекува Umbrella Sky или Небо од чадори.“

    rnШарени чадорчиња кои волшебно лебдат во воздухСигурно и вам ви се допаѓа ваквиот забавен вид на надворешна уметност. Покрај убавината на веселите чадорчиња кои висат на небото, тие овозможуваат и убава сенка за пешаците во овие пеколни летни денови. Волшебно, зар не?!Шарени чадорчиња кои волшебно лебдат во воздухШарени чадорчиња кои волшебно лебдат во воздухШарени чадорчиња кои волшебно лебдат во воздух
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Прекрасни огромни риби од пластични шишиња

    Прекрасни огромни риби од пластични шишиња

    Прекрасната уметничка инсталација која прикажува три огромни риби е поставена на плажата Ботафого во Рио де Жанеиро, Бразил. Скулптурите се направени со цел да го привлечат вниманието на јавноста на неодамна одржаната конференција Рио +20.Прекрасни огромни риби од пластични шишињаНа оваа конференција се сретнаа светските лидери и илјадници други учесници од владиниот, приватниот и невладиниот сектор со цел да најдат начини да ја намалат сиромаштијата, да го подобрат квалитетот на општествениот живот и да ја заштитат природата од брзорастечкиот пораст на популацијата на земјата. Слоганот кој ги придружува овие величествени скулптури од рециклирана пластика гласи: „Препознајте го нивното место“.Прекрасни огромни риби од пластични шишињаПрекрасни огромни риби од пластични шишињаПрекрасни огромни риби од пластични шишињаПрекрасни огромни риби од пластични шишињаПрекрасни огромни риби од пластични шишињаПрекрасни огромни риби од пластични шишињаПрекрасни огромни риби од пластични шишињаПрекрасни огромни риби од пластични шишињаПрекрасни огромни риби од пластични шишињаПрекрасни огромни риби од пластични шишињаПрекрасни огромни риби од пластични шишиња
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Армија од среќни мачки

    Армија од среќни мачки

    Автор: Александра Чакаровскаrnrn„Армија од среќни мачки“ или „Глобална потрага по среќа“ е инсталација дизајнирана од германскиот уметник Борис Петровски. Составена од 520 „maneki neko“ јапонски мачки, инсталацијата ги предизвикала посетителите на оваа исклучително креативна и несекојдневна изложба. Фигурите „maneki neko“ се познати во земјите од Азија, каде се верува дека им носат среќа и благосостојба на оние што ги поседуваат. Најмногу ги купуваат туристите, како препознатлив сувенир од некоја азиска земја. Секоја мачка во својата десна рака држи паричка или некој друг предмет, а со левата мавта.Армија од среќни мачкиАрмија од среќни мачкиОвие 520 среќни пластични мачки се наредени во 40 редови и 13 колони, формирајќи еден вид матрикс екран, каде секоја мачка претставува еден пиксел на екранот. Со помош на посебна машина, на мачките им се контролира движењето на рацете. Интересно е тоа што самите посетители се охрабрени да земат учество. Тие можат да внесат текст (својата желба) долг до 40 карактери, кој потоа го прикажуваат мачките дигајќи ја едната рака. Буквите се со различна боја, и од тоа зависи кога и која мачка ќе ја подигне својата рака.Армија од среќни мачкиАрмија од среќни мачкиАрмија од среќни мачкиrn


    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Интерактивна галаксија

    Интерактивна галаксија

    „Starfield“ е најновата инсталација на Lab 212. Станува збор за големо интерактивно ѕвездено небо, кое секој би посакал да го има во својот дом. Проектот воодушевува со неговата едноставност и оригиналност. Се заснова на софтверот „Open Frameworks“, на уредот Kinect, видео проектор и обична лулашка, чие движење манипулира со ѕвездите.Интерактивна галаксијаСензорот „Kinect“ е поставен зад лулашката и преку видео проекторот креира галаксија од ѕвезди, кои го следат ритамот на лулањето. „Open Frameworks“ овозможува да го конфигурирате речиси секој начин на движење. И рендерирањето е многу едноставно. Се состои од квадратчиња создадени во „OpenGL“. За поубаво доживување пожелно е да се користат 3Д очила. Преку следното видео, погледнете како изгледа кога патувате низ ѕвездите, без да ја напуштите вашата дневна соба. :-)rn

    rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Лебдечка шумска патека

    Лебдечка шумска патека

    Автор: Петар ТодоровскиrnrnИма нешто мистично во шумските патеки коешто дава чувство дека чекориме во некој свет од нашите фантазии, но она што го нуди урбаната шума Кадриорг во близина на естонската престолнина Талин, може целосно да го прекине нашиот контакт со реалноста и да нè однесе во некој паралелен свет.Лебдечка шумска патекаЗа тоа е виновен јапонскиот архитект Тетсуо Кондо, кој во шумата поставил мост кој функционира како лебдечка патека, па сега наместо луѓето да чекорат по земјата и оттаму да се восхитуваат на високите дрвја стари и по 300 години, ќе можат да се нурнат помеѓу гранките и лисјата и да ја доживеат шумата од сосема поинаков агол.Лебдечка шумска патекаУникатното чувство доаѓа и од фактот дека архитектот Кондо сакал природата и челичната патека да ги спои во едно, па затоа таа не е потпрена на ниту еден столб, туку на самите дрвја.Лебдечка шумска патекаЛебдечката шумска патека била изградена како дел од фестивалот на урбани инсталации по повод статусот на Талин како град на европската култура за 2011 година, а е долга 95 метри.Лебдечка шумска патекаrnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зграда со фасада од 1.000 врати

    Зграда со фасада од 1.000 врати

    „1000 Doors“ (1.000 врати) е уметничка инсталација изработена од јужнокорејскиот артист и дизајнер Choi Jeong-Hwa. Тој поставил илјада користени врати во разни бои на ѕидовите на една десеткатница во центарот на главниот град на Јужна Кореја, Сеул. Овој проект е изработен во 2009 година, за кој слободно можеме да кажеме дека го држи рекордот по број на врати кои ги има во една зграда.Зграда со фасада од 1000 вратиОваа необична инсталација, го освежува центарот на градот и во уметнички облик, ја раскажува приказната на илјада луѓе кои некогаш ги одбрале овие врати според бојата која најмногу им прилегала на нивните станови.rnrnНесекојдневната имагинација на Choi Jeong-Hwa успева да влезе под кожа кај голем број луѓе. Неговите инсталации изгледаат речиси нереално, бидејќи тој користи секојдневни предмети и ги употребува за да направи уникатни објекти.Зграда со фасада од 1000 вратиЗграда со фасада од 1000 вратиКупиштата врати делуваат како некоја интересна реклама доколку ја гледате зградата од подалеку, а одблизу изгледа многу интересно.rn.rn

    Во врска со неговиот вид уметност, Jeong-Hwa вели: „Не знам баш да цртам, па сфатив дека не можам да бидам сликар, но навистина сакам да пешачам. Така, си имав обичај да си пешачам по улици и тесни сокачиња и притоа видов едно чудо отпад и градилишта. Констатирав дека „обичните“ луѓе градат и создаваат работи, подобро од артистите и професионалците. Плус, она што тие го градеа изгледаше поприродно. Така сфатив дека наместо да постанам уметник, ќе бидам обичен човек кој размислува како уметник.

    rnЗграда со фасада од 1000 вратиНе знаеме за вас, ама нам би ни било страв да влеземе во оваа зграда. Една погрешна врата и можете да завршите „летајќи“. :Drn
    rn


    rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Магична ливада создадена од 5.000 божиќни сијалици

    Магична ливада создадена од 5.000 божиќни сијалици

    Музејот Холбурн во Бат, Англија дошол до една интересна идеја за празничните декорации за оваа година. Неговите сопственици го најмиле експертот за светлина, британскиот артист Брус Манроу, кој е „виновен“ за оваа волшебна инсталација т.н. „Field of Light“. Овој прекрасен светлосен лавиринт е сочинет од 5.000 светилки, „засадени“ во земјиштето на музејот, на 26 ноември по повод божиќните празници. Дршките им се изработени од акрилни влакна, а над нив има кугли со мат ефект, низ кои се протнати оптички влакна, осветлени од проектор на кој му се менуваат боите.Магична ливада создадена од 5000 божиќни сијалициМагична ливада создадена од 5000 божиќни сијалициСемето за инспирацијата на Брус за оваа уметничка инсталација, било засадено некаде пред околу 20 години, кога тој бил на пат во Австралија. Тој бил заслепен од начинот на кој голите пустини се расцветуваат после еден дожд. Испровоциран од ваквата природна појава, тој решил сијаличките да бидат исклучени во текот на денот, исто како што во пустините ништо не се случува кога нема дожд, а кога ќе падне ноќ, тие да расцутат во различна боја на светлина и да го занемат секој кој ќе помине во близина.Магична ливада создадена од 5000 божиќни сијалициМагична ливада создадена од 5000 божиќни сијалициМагична ливада создадена од 5000 божиќни сијалициМагична ливада создадена од 5000 божиќни сијалициСличен ваков проект на Брус е и „Forest of Light“, кој го инсталирал во градините Лонгвуд во Пенсилванија, САД минатово лето. За оваа инсталација тој употребил 20.000 светлечки стебленца, распослани покрај пат долг 1км, кој води кон градините. Под дршките исто така има оптички влакна, а куглите се бистри и низ нив јасно се гледа влакното.Магична ливада создадена од 5000 божиќни сијалициМагична ливада создадена од 5000 божиќни сијалициВо иднина очекуваме уште вакви фантастични инсталации од Брус Манроу, а во меѓувреме ќе си ги нахраниме очите со оваа волшебна светлина која ù дава нова димензија на природата.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Излог со артистички чашки за кафе кои лебдат во воздухот

    Излог со артистички чашки за кафе кои лебдат во воздухот

    Употребени чашки од кафе, секоја со различен цртеж на својата надворешна површина, лебдат во воздух на излогот во изложбениот простор за уметност во областа Флатирон во Менхетн, Њујорк. Таму ќе останат до крајот на годината, а најзаслужен виновник за ова уникатно уметничко дело е Гвинет Лич.Излог со артистички чашки за кафе кои лебдат во воздухотИдејата е на мобилната телеком компанија Спринт, која ја има поставено галеријата со цел да ја покаже својата посветеност на животната средина и на балансирањето помеѓу развојот на технологијата и зелените иницијативи.Излог со артистички чашки за кафе кои лебдат во воздухотНо, Гвинет Лич, заедно со сите нејзини посетители, секој работен ден седи по 3 часа на столчето и им наоѓа нова креативна употреба на веќе употребените хартиени чашки за кафе. Оваа изложба е многу повеќе од обична уметност. Таа истовремено претставува  инсталација и перформанс, при што публиката се јавува и во улога на создавач на делото. Самата инсталација пак, постојано добива нова форма и нови креативни елементи, ширејќи се во просторот и заземајќи нови „слободни“ правци.Излог со артистички чашки за кафе кои лебдат во воздухотИзлог со артистички чашки за кафе кои лебдат во воздухотЦелата работа Гвинет ја документира на нејзиниот блог, каде голем дел од фотографиите ù ги имаат испратено учесниците-набљудувачи на изложбата.Излог со артистички чашки за кафе кои лебдат во воздухотПроектот има едноставна порака дека секојдневните предмети имаат повеќекратна употреба и треба да се реупотребуваат. Резултатот од сево ова е шарена и жива, но сепак смирувачка атмосфера во најбрзиот дел од градот.Излог со артистички чашки за кафе кои лебдат во воздухотИзлог со артистички чашки за кафе кои лебдат во воздухотИзлог со артистички чашки за кафе кои лебдат во воздухотИзлог со артистички чашки за кафе кои лебдат во воздухотИзлог со артистички чашки за кафе кои лебдат во воздухотИзлог со артистички чашки за кафе кои лебдат во воздухотИзлог со артистички чашки за кафе кои лебдат во воздухотИзлог со артистички чашки за кафе кои лебдат во воздухотrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Вонземски летечки скулптури

    Вонземски летечки скулптури

    Џенет Ечелман е американска артистка која креира несекојдневни летечки скулптури од мрежи, кои спонтано се движат низ воздухот и во вечерно време личат на некое летало од друга планета.Вонземски летечки скулптуриТаа била инспирирана да употребува мрежа во нејзините инсталации додека ги посетувала предавањата на Фулбрајтовата програма во Индија. Таму ги научила техниките на плетење мрежа од некој локален рибар од градот Махабалипурам во индиската држава Тамил Наду. Гледајќи го рибарот како ја врзува мрежата почнала да се запрашува дали таа може да воведе нов пристап во скулпторството, така што ќе создава големи во волумен скулптури, без да употребува цврсти и скапи материјали.Вонземски летечки скулптуриВонземски летечки скулптуриВо соработка со рибарот, на ова место таа ги инсталирала нејзините први мрежести скулптури, а серијата ја нарекла „Bellbottoms“ (панталони-ѕвонарки). Во последниве пет години, таа има направено голем број вакви инсталации во Португалија, Денвер, Сан Франциско, Феникс и Британска Колумбија.Вонземски летечки скулптуриВонземски летечки скулптуриВонземски летечки скулптуриВонземски летечки скулптуриВонземски летечки скулптуриВонземски летечки скулптуриВонземски летечки скулптуриВонземски летечки скулптуриВонземски летечки скулптуриВонземски летечки скулптуриВонземски летечки скулптуриrnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 1.500 ножици кои застрашувачки висат од таван

    1.500 ножици кои застрашувачки висат од таван

    Замислете си како влегувате во тивка соба, во која жена спокојно си шие. Потоа замислете си како жената седи под 1.500 пара остри кинески ножици, кои висат од таванот, опасно насочени накај неа со острите врвови. Ваква била идејата на артистката Beili Liu, која стои зад овој проект т.н. „The Mending Project“ (Проектот закрпување).1500 ножици кои застрашувачки висат од таванОваа опсежна инсталација била прикажана минатава пролет во галеријата „Women and Their Work“ во Остин, Тексас, каде Liu креирала опасна, застрашувачка, но истовремено и фантастично мистериозна атмосфера. Како што посетителите влегувале во просторијата, им било кажано да отсекуваат парче од бела ткаенина, кое било закачено близу влезот и потоа да и го дадат на артистката да го зашие. Закрпеното парче постојано растело и се ширело накај подот, како што влегувал секој нов набљудувач.1500 ножици кои застрашувачки висат од таван1500 ножици кои застрашувачки висат од таван.rn

    „Работам со игла и конец при изработката на моите инсталации, во последниве 3 години. Така што ми изгледаше како една природна прогресија на мојата работа, да започнам да користам платно и ножици. Пораснав во Кина, каде овие традиционални ножици се користат во секое домаќинство, поради што ми создаваат некаква позната топлина во душата. Исто така ме привлекува нивната елегантна форма. Тие се составени од три едноставни делови: две обликувани железни парчиња и еден бакарен зглоб, кој ги поврзува.“ – објаснува Liu

    rn1500 ножици кои застрашувачки висат од таван.rn

    „Концепциски, ме интересираше контролирањето на заканувачката есенција од овие ножици остри како брич. Овие ножици не се „љубезни“ како оние на кои сме навикнати. Овие можете да ги употребите за да пресечете нешто или за да ги забодете во нечиј грб. Исто така, во кинеската култура, ножиците никогаш не треба да бидат позиционирани со остриот дел кон некого, бидејќи тоа се смета дека носи несреќа. Тие се острат кога ќе отапат и се користат истите цел живот. Од друга страна, ножиците претставуваат алат на жената, исто како што шиењето е традиционално женска задача во едно домаќинство. Мене, како женски уметник, ме интересира моќта на покорниот акт на „закрпувањето“.“

    rn1500 ножици кои застрашувачки висат од таван1500 ножици кои застрашувачки висат од таван .rn

    „Посетителите отпрвин беа шокирани и не веруваа што гледаат, а потоа почнаа да чувствуваат интрига, страв, загриженост (за мене), љубопитност и возбуда. Потоа се смирија, почнаа да истражуваат, зјапаа во ножиците на таванот и мирно чекореа во просторот. Доста е интересно чувството да се биде истовремено и уметнички изведувач и набљудувач на реакцијата на луѓето.“

    rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.