КАФЕ ПАУЗА

Tag: хормон

  • Како да го намалите нивото на кортизол за само 20 минути?

    Како да го намалите нивото на кортизол за само 20 минути?

    Урбаниот живот вклучува многу стресни ситуации секој ден. Зафатеното секојдневие и многуте обврски прават повеќето луѓе да се чувствуваат истоштено одвреме-навреме, под притисок и под голем стрес.rnrnКако да го намалите нивото на кортизол за само 20 минути?rnrnИстражувањето на д-р Мери Керол Хантер од Универзитетот во Мичиген докажа дека времето поминато во природа значително ги намалува негативните последици од урбаниот живот.rn

    „Одамна е познато дека престојот во природа го намалува нивото на стрес, но не знаевме до кој степен. Нашата студија покажа дека е потребно да поминувате 20-30 минути секој ден во природа“, посочува авторот на ова истражување.

    rnМоже да шетате во блискиот парк или во шумата, да возите велосипед, да седите на тревата или да медитирате. Важно е да бидете опкружени со зеленило и природа, далеку од градскиот шум.rnrnВо ова истражување учествувале 44 лица и траело 8 недели. Сите учесници престојувале во природа трипати неделно, најмалку по 10 минути. Им било препорачано да избегнуваат разговори, да не користат социјални мрежи, Интернет и телефон. Тоа било единственото ограничување, а учесниците имале слобода да избираат активности во природа и да истражуваат.rnrnСите учесници дале примероци на плунка пред почетокот на истражувањето, а потоа повторно по првата, третата и последната недела. Резултатите покажале дека нивото на кортизол (хормон на стресот) се намалило за 21% кај луѓето кои поминувале 20-30 минути во природа секој ден или секој втор ден.rnrnВрз основа на ова истражување, се заклучува дека е потребно да се издвојат само 20 минути на ден за да се одржува рамнотежа на нивото на кортизол и да се намали стресот. Ако често останувате во природа, ќе бидете психички и физички поздрави.rnrnИсто така, многубројни истражувања покажуваат дека физичката активност на отворено и медитацијата во природа можат да бидат многу важни за регулирање на менталното здравје.rnrnПрочитајте како да го активирате хормонот на среќата за само неколку минути.

  • Тестовите за бременост можат да ве излажат: Можеби сте бремени, а можеби и не?

    Тестовите за бременост можат да ве излажат: Можеби сте бремени, а можеби и не?

    Домашните тестови за бременост кои го откриваат присуството на бета hCG хормонот во урината може да ви дадат точен резултат, кој е всушност лажен. Хуман хорионски гонадотропин или hCG хормонот всушност е првиот показател на бременост затоа што во прашање e хормон кој го излачува постелката за време на бременоста, а во крвта може да се најде неколку дена по зачнувањето.rnrn0-testovite-za-bremenost-mozhat-da-ve-izlazhat-mozhebi-ste-bremeni-a-mozhebi-i-ne-kafepauza.mkrnrnНаодите од крвта кои го покажуваат нивото на овој хормон се готови уште истиот ден, а тие кажуваат многу повеќе од самата детекција на бременост. Во нормална бременост бета hCG брзо и правилно расте – на секој 31 час неговото ниво во крвта двојно се зголемува. Неправилниот раст може да укаже на вонматерична бременост.rnrnНо сепак, домашните тестови за утврдување на бременост кои за 5 минути покажуваат дали има бета hCG во урината можат да ве излажат. Тестовите со различни цени и од различни производители се разликуваат во осетливоста – воглавно реагираат на вредноста од 25-50 IJ/L што во превод значи дека за време на очекуваната менструација, кога вредноста на бета hCG е околу 100 IJ/L, нивната точност е 99%.rnrnМеѓутоа, ако вредноста на бета hCG е под нивото на воочливост на тестот, наодот ќе биде лажно негативен. Од друга страна, лажно позитивен резултат можат да предизвикаат крвта или протеините во мочта, некои лекови за смирување и хипнотици, како и опасната вонматерична бременост.rnrnИсто така, евентуални неправилности во работата на бубрегот можат да предизвикаат промена на составот на мочта што може да доведе до погрешен резултат на тестот. Поради сето ова, и резултатот од тестот и наодот од крвта би требало да ги проверите со посета на доктор во најкраток можен рок.

  • Дали правилно го пиете вашето кафе?

    Дали правилно го пиете вашето кафе?

    За многу луѓе кои го обожаваат кафето, тоа е и незаменлив дел од утрото. Но, научниците објаснуваат дека утринското пиење кафе не е најефикасен начин на негово консумирање, бидејќи телото веднаш по будењето природно создава повеќе кортизол со цел побрзо да ве разбуди.rnrnНаучниците препорачуваат да не пиете кафе рано наутроrnrnКако објаснување за овој совет, експертите од каналот на Јутјуб „ASAP Science“, ни велат дека клучот се наоѓа во тоа кога кафето ќе има ефект како природно лачење кортизол. Овој хормон е познат и како хормон за стрес бидејќи најмногу се лачи во ситуации кога постои опасност, па со негова помош телото станува посвесно и повеќе подготвено за брза реакција.rnrnКај повеќето луѓе кои се будат за на работа околу 7 или 8 часот наутро, научниците велат дека нивното ниво на кортизол е многу повисоко од 8 до 9 часот, бидејќи во тој период телото природно се буди и подготвува за остатокот од денот. Преку низа истражувања се открило дека пиењето кафе во овие моменти скоро и да нема ефект, бидејќи кортизолот драстично го намалува влијанието на кофеинот, додека истовремено развива и поголема толеранција за ефектите од кафето на подолг временски рок. Тоа значи дека пиењето кафе по завршувањето на овој период во кој нивото на кортизолот е повисок е најдобар и најефикасен начин дополнително да се расоните, доколку вашето тело сè уште не се разбудило само.rnrnНаучниците исто така откриле и дека во текот на денот постојат уште два периода во кои е зголемено производството на овој хормон. Првиот период е околу 13 часот, а вториот помеѓу 17:30 и 18:30, па токму затоа најдобро е да избегнувате да пиете кафе во овие периоди. Исто така не заборавајте да го земете во предвид и спиењето, па дури и дремките, бидејќи по будењето, без разлика на времето, нивото на кортизол во крвта се зголемува за околу 50%, но краткотрајно. Токму затоа тие препорачуваат секогаш да пиете кафе барем еден час по будењето. Погледнете го и видеото за подетални информации…rnrn

  • Едноставен тест кој ќе ви помогне да утврдите какво е вашето ниво на стрес

    Едноставен тест кој ќе ви помогне да утврдите какво е вашето ниво на стрес

    Промените во убавината упатуваат на одредени здравствени проблеми, а еден од најчестите причинители на модерното време – стресот, може да се покаже на само едно влакно од вашата коса.rnrnednostaven-test-koj-kje-vi-pomogne-da-utvrdite-kakvo-e-vasheto-nivo-na-stres-kafepauza.mkrn

    Стрес тест

    rnИскубете едно влакно од зад увото. Влакното што ќе го скубнете мора да биде од слоевите кои се поблиску до кожата на главата, бидејќи косата во горниот дел е обично оштетена како резултат на влијанието на УВ-зраците, производите за обликување и фарбите за коса. Фатете го влакното со прстите за двата краја и потегнете. Доколку пукне на помалку од 3 см од коренот, вашата коса е оштетена како резултат на зголемено ниво на стрес.rnrnПричина: Заради зголеменото количество на кортизол, на организмот му е потребна поголема количина витамин Б12 за да се избори со стресот, т.е. да го ублажи ефектот од порастот на хормонот на стресот. Витаминот Б12 овозможува создавање на еритроцити кои пренесуваат кислород до влакната. Доколку овој витамин заврши на некој друг дел од телото, фоликулите слабеат, косата се истенчува и почнува да паѓа.rnrnРешение: Првиот чекор е да ја контролирате продукцијата на кортизол. Избегнувајте кофеин и правете вежби за зацврстување на телото три пати неделно. Вториот чекот е да ги зајакнете фоликулите со витамин Б12. Можете да го земате во форма на суплемент и како препарат за јакнење на косата збогатен со протеини.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најголемите недостатоци од недостатокот на секс кај жените

    Најголемите недостатоци од недостатокот на секс кај жените

    Иако често се мисли дека жените не патат од недостаток на секс, сепак постојат показатели кои го потврдуваат тоа. За да откриете дали и вие страдате од овој проблем, продолжете со читање.rnrnnajgolemite-nedostatoci-od-nedostatokot-na-seks-kaj-zhenite-kafepauza.mkrnrn1. Жените кои имаат помалку секс патат од хроничен замор.rnrn2. Ако немате доволно секс, помалку се лачи хормонот колаген кој е задолжен за одржување на изгледот на кожата. Кога не се лачи овој хормон поголема е можноста за предвремено стареење на кожата.rnrn3. Жените на кои им недостасува секс имаат повеќе акни, што е предизвикано од недостатокот на прогестерон кој се произведува во текот на сексот.rnrn4. Жените кои немаат доволно секс често се однесуваат непријателски кон другите луѓе.rnrn5. Доколку немате доволно сексуални односи, поголема е можноста да имате послаб отпор на болка.rnrn6. Сексот го продолжува имунитетот, па така недостатокот може да предизвика негово слабеење.rnrn7. Сексот делува на циркулацијата, па со самото тоа и на подобрување на работата на мозокот.rnrn8. Жените кои немаат доволно секс губат самодоверба и константно се незадоволни од себе и од својот изглед.

  • Дали може стресот да ви биде пријател?

    Дали може стресот да ви биде пријател?

    Од стрес срцето забрзано ви чука, неконтролирано се потите и ви се суши устата. Стресот е прогласен за голем непријател на човекот. Но дали навистина е? Всушност, некои понови истражувања покажуваат дека стресот влијае лошо само доколку вие верувате дека е така.rnrnДа гледаме реално. Во денешно време, со многу обврски, модерна технологија и брз начин на живот, дури е глупаво да речеме дека стресот треба да се избегнува, кога всушност е неизбежен.rnrnКели Мегонигл како психолог, целиот свој живот им кажувала на луѓето како стресот влијае лошо на здравјето на човекот од сите аспекти. Но по декада работно искуство, потврдува една сосем различна теорија – начинот на кој реагираме на стресот е клучен фактор за нашето справување со него, и интеракцијата со луѓето во нашите животи, може да ни помогне да излеземе на крај со целиот притисок донесен од стресот.rnrnДали може стресот да ви биде пријател?rnrnЗа да ја потврди својата теорија, го започнува своето излагање со едно истражување. Имено, 30.000 возрасни личности од Америка биле набљудувани во времетраење од 8 години. Прашањето кое им било поставено на учесниците било: Колку стрес сте доживеале во текот на претходната година? Но исто било поставено и прашањето: Дали верувате дека стресот е штетен по вашето здравје?rnrnОние кои доживеале големо ниво на стрес имале за 43% зголемен ризик за смрт, што и не е изненадувачки, но ова важело само за оние кои се изјасниле дека веруваат дека стресот е штетен и опасен. Оние кои биле под голем стрес, но не го гледале стресот како штетен и опасен, немале зголемен ризик за смртност, всушност имале најмал ризик од сите вклучени во истражувањето (дури и оние кои не биле изложени на голем стрес).rnrnКако заклучок на истражувањето се тврди дека 182.000 американци починале на млада возраст, не поради стрес, туку поради верувањето дека стресот влијае лошо. Во просек станува збор за 20.000 смртни случаи годишно, што доведува до резултат дека верувањето дека стресот е лош за здравјето е 15-тата причина за смртност, убивајќи повеќе луѓе од рак на кожа!rn

    Ова го поттикнува прашањето, дали начинот на кој размислуваме за стресот и како го сфаќаме стресот, може да нè направи поздрави? Науката вели да: кога ќе го промените начинот на кој вашиот мозок реагира на стрес, ќе го промените и начинот на кој вашето тело одговара на стресот.

    rnЗнаците на стрес, како потењето или забрзаното чукање на срцето, ги интерпретираме како негативни. Но што доколку анксиозноста ја гледате како дополнителна енергија која му е потребна на телото за да се подготви за соочување со предизвикот? Во истражување спроведено на универзитетот Хардвард, на учесниците им било кажано да ги гледаат симптомите на стрес како позитивни – брзото чукање на срцето ве подготвува за акција, ако дишете брзо вашиот мозок зема поголема доза кислород. Учесниците кои ги гледале симптомите на стрес како корисни, биле посамоуверени за време на нивниот јавен настап.rnrnВерувале или не, стресот го подобрува вашиот социјален живот. Како поткрепа за ова тврдење е хормонот окситоцин, кој се ослободува за време на интимни моменти. Но, она што многумина не го знаат е дека окситоцинот е всушност хормон кој одговара на стрес. За време на стрес, окситоцинот се ослободува и има сличен ефект како адреналинот. Па така, кога сте под голем стрес, окситоцинот ќе ве натера да барате поддршка и помош од најблиските, како и социјална интеракција со пријателите. Но овој хормон не влијае само на вашиот мозок, туку и на вашето тело. Една од најзначајните улоги врз вашето тело е заштитата на кардиоваскуларниот систем од стрес. Неверојатно е како ослободувањето на окситоцинот при барање поддршка кај пријателите за време на стрес, му помага на вашето тело подобро да го поднесе стресот и побрзо да се опорави.rn

    Вашата реакција на стресот, всушност може да изгради одбранбен механизам за отпорност на стрес. Тој механизам е поврзаноста и интеракцијата со другите личности во вашиот живот.

    rnКога сме веќе кај поврзаноста на стресот и интеракцијата со другите во нашите животи, друго истражување спроведено меѓу илјада учесници, го испитувало нивото на стрес меѓу учесниците, но и времето поминато со најблиските. Оние кои биле под голем стрес (финансиски потешкотии, проблеми во семејството и сл.), имале 30% зголемен ризик на смртност. Но, ова не важело за сите. Оние кои поминале значајно време помагајќи им на другите, земајќи учество во социјални збиднувања и поминување време со блиските, воопшто немале зголемен ризик на смртност, и покрај доживеаниот стрес. Што би значело дека грижата за другите создава отпор на стресот.rn

    Стресот е неизбежен, но кога ќе одберете стресот да го гледате како пријател и кога ќе се обратите кај најблиските за помош наместо да го држите во себе, стресот може да биде дури и позитивно искуство.

    rnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Вистини и невистини поврзани со сексот

    Вистини и невистини поврзани со сексот

    За сексот ретко се зборува отворено, но луѓето често „знаат“ многу работи кои се поврзани со него. Некои факти се проверени и докажани, но други работи се само нечии претпоставки кои некако успеале да стигнат до премногу луѓе. Проверете колку вие знаете за сексот.rnrnВистини и невистини поврзани со сексотrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”1. Пенисот е најдобар „алат“ за постигнување оргазам кај женитеrn” active=”false”]rn

    Невистина

    rnЗа дури 81% од оргазмите кои ги постигнуваат жените заслужен е оралниот секс. Дури, во некои сексуални пози, за жените е невозможно да постигнат оргазам, без разлика на големината и техниката на машкиот „алат“.rnrn[/toggle_item]rn[toggle_item title=”2. Врвот на сексуалноста кај жените настапува на 28, а кај мажите на 18 годиниrn” active=”false”]rn

    Вистина

    rnИако постојат исклучоци, сепак нивото на естроген кај жените е највисоко во доцните 20-ти години од животот, додека кај мажите, машкиот полов хормон – тестостерон, е на највисоко ниво во тинејџерските години.rnrn[/toggle_item]rn[toggle_item title=”3. Во просек мажите можат да издржат 10 минути пред да постигнат оргазамrn” active=”false”]rn

    Невистина

    rnМажите во просек не можат да издржат ни толку, туку 5,4 минути. Сè што е повеќе од ова се смета за натпросечна издржливост.rnrn[/toggle_item]rn[toggle_item title=”4. Испиеното кафе може да го промени вкусот на сперматаrn” active=”false”]rn

    Вистина

    rnКафето навистина може да го промени вкусот на спермата, но на подобро!rnrn[/toggle_item]rn[toggle_item title=”5. Жените не сакаат порноrn” active=”false”]rn

    Невистина

    rnНа жените им се потребни само неколку минути да гледаат порно филм за да се возбудат. Но, за разлика од мажите, тие повеќе уживаат во сексуалната предигра на екранот, отколку во самиот сексуален чин.rnrn[/toggle_item]rn[toggle_item title=”6. Сонцето може да го засили сексуалниот нагон кај мажитеrn” active=”false”]rn

    Вистина

    rnСамо еден час на сонце го засилува сексуалниот нагон кај мажите за дури 70%, но ова има и силна реакција кај жените.rnrn[/toggle_item]rn[toggle_item title=”7. Сексот во бракот е полош одошто сексот кој го имаат слободните луѓеrn” active=”false”]rn

    Невистина

    rnЛуѓето кои се во брак се многу позадоволни од оние луѓе кои не се во врска. Брачните партнери точно знаат што сакаат во сексот, се чувствуваат послободно еден пред друг и практикуваат почесто да водат љубов.rnrn[/toggle_item]rn[/toggle_box]
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • За мажите фудбалот е исто толку добар колку сексот

    За мажите фудбалот е исто толку добар колку сексот

    Група на истражувачи од Шпанија и Холандија откриле зошто мажите ширум светот толку сакаат да гледаат фудбал. Тие откриле дека следењето на фудбалски натпревар ги возбудува поголемиот број мажи исто колку и сексот, но на различен начин.За мажите фудбалот е исто толку добар колку сексотОсновниот тест кој го спровеле тие над група од 50 навивачи кои го гледале натпреварот помеѓу репрезентациите на Шпанија и Холандија на финалето на Светското првенство во 2010 година, покажал дека нивото на тестостерон било на извонредно високо ниво за време на целосното траење на мечот, без разлика дали екипата за која навивале водела и губела.rnrnВодечкиот истражувач Лендер ван дер Меј изјавил дека високото ниво на тестостерон покажува дека задоволството кое мажите го чувствуваат за време на гледање фудбалски натпревар може да се мери со ефектите од сексот. Исто така кај помладите навивачи чиј тим во моментот губел било забележано и високо ниво на кортизол или добро познат како хормон на стресот.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Факти за мозокот што ќе ве натераат да се замислите

    Факти за мозокот што ќе ве натераат да се замислите

    Автор: Мирослава СимоновскаrnrnЕнергијата што ја троши мозокот кога човек е буден, може да запали сијалица од 23 до 25 вати.rnrnФакти за мозокот што ќе ве натераат да се замислитеrnrnОктоподот има 3 пати повеќе нервни клетки отколку човекот.rnrnФакти за мозокот што ќе ве натераат да се замислитеrnrnЗа да доживее девојката оргазам во текот на сексот, центарот во мозокот кој ги контролира стравот и анксиозноста, мора да е исклучен. Совет плус: Загрејте ѝ ги стапалата.rnrnФакти за мозокот што ќе ве натераат да се замислитеrnrnАко крвните садови на мозокот се извадат, би можело да се направи патека долга 100.000 милји, која би ја заобиколила Земјата повеќе од 4 пати.rnrnФакти за мозокот што ќе ве натераат да се замислитеrnrnКога нѐ боли глава, сигурно не е мозокот, зашто тој нема рецептори за болка. Докторите може да го оперираат мозокот дури и кога сме потполно будни, без анестезија и нема да чувствуваме ништо.rnrnФакти за мозокот што ќе ве натераат да се замислитеrnrnЉубовта боли – и тоа буквално, зашто рецепторите во мозокот за физичка и емоционална болка се исти.rnrnФакти за мозокот што ќе ве натераат да се замислитеrnrnМозокот лачи хормон кој ни помага да не реагираме во сон. Затоа човекот е „парализиран“ додека спие и не ги прави дејствата што ги сонува. Ви олесна, нели?rnrnФакти за мозокот што ќе ве натераат да се замислитеrnrnСите фетуси на почетокот се женски, но по осмата недела, ненадеен напад од машки хормони доаѓа од мозокот и ги убива женските гени.rnrnФакти за мозокот што ќе ве натераат да се замислитеrnrnНе можеме да се скокоткаме самите себе, заради малиот мозок кој го предупредува човековиот систем.rnrnФакти за мозокот што ќе ве натераат да се замислитеrnrnГолемината е важна – особено кога се работи за онаа на рецепторот на хормонот вазопресин што влијае на исфрлањето вода преку урината. Колку што е подолг – толку е поверојатно човек да биде доверлив, лојален и верен.rnrnФакти за мозокот што ќе ве натераат да се замислитеrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.