Има ли некој кој не би посакал летен одмор на Хаваи? Но, дали знаевте дека овде се наоѓа една од најопасните плажи на светот?rnrnrnrnСе работи за плажата Ханакапиаи која се наоѓа во прекрасниот парк На Пали. Рајската песочна плажа изгледа особено привлечна во лето, но на туристите не им се препорачува да пливаат овде. Зошто? Бидејќи е една од најопасните плажи во светот.rnrnТоа се должи на дивите морски струи, особено во текот на зимата кога надоаѓаат огромни бранови и го „проголтуваат“ целиот брег. Освен тоа, најблиската безбедна крајбрежна област е оддалечена речиси 10 километри така што шансите за преживување на секој кој ќе биде однесен од морските струи се многу мали.rnrnНајмалку 15 жртви кои се удавиле на ова место не се пронајдени, а статистиката вели дека секоја година овде животот го губат околу десетина луѓе. Се претпоставува дека над 80 луѓе се удавиле почнувајќи од 2014 година. Дури и локацијата на самата плажа е исто толку опасна колку што е и примамлива.rnrnСепак, тоа не ги спречува туристите да уживаат овде, особено за време на летниот одмор кога плажата се претвора во одлична локација за пикник, па дури и за капење. Плажата се наоѓа недалеку од патеката Калалау, една од најпознатите планинарски пешачки патеки на Хаваите. Долга е 18 километри и ја поврзува плажата со долината Калалау. Се смета за една од најубавите патеки не само на Хаваите туку и на целото подрачје на САД.rnrnОткако прочитавте за плажата Ханакапиаи, можеби ќе сакате да го прочитате нашиот список на најопасните плажи во светот.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr
На околу 600 милји оддалеченост северозападно од Хонолулу, среде Тихиот Океан, можат да се забележат две островчиња. На повеќето набљудувачи, карпата со димензии околу 5 хектари позната како Пухахону, нема да им значи ништо, освен како место за одмор на уморните морски птици. Но, присуството на карпата укажува на нешто многу поголемо: според експертите, под карпата се крие најголемиот вулкан на Земјата.rnrnrnrnНајновото истражување на морското дно на Папаханаумокуакеа или попознат како Северозападен национален споменик на Хаваите, ја откри целосната големина на вулканот Пухахону. Мајкл Гарсија, вулканолог на хавајскиот универзитет во Маноа, открил дека вулканот содржи најмалку 35 кубни милји карпи. Тоа е приближно двојно поголем обем од оној на Мауна Лоа, претходниот рекордер за најголемиот заштитен вулкан на планетата.rnrnВо 1974 година постоело тврдење меѓу научниците дека Пухахону е најголемиот хавајски вулкан, но не било поткрепено со целосни докази како резултат на ограничените податоци од истражувањето. Сепак, најновото истражување покажало дека овој вулкан е најголемиот, а на второ место е Мауна Лоа. Оваа студија исто така покажала дека хавајските вулкани биле активни во период од милиони години при што ја исфрлале најжешката магма. Вообичаено, овие вулкани еруптираат на температура од околу 2.100 фаренхeјти, но со испитувањата на минералите што биле исфрлени од Пухахону било откриено дека температурата на лавата е околу 3.000 фаренхајти. Со тоа се докажува и дека лавата на вулканот е најжешката што еруптирала во последните 65 милиони години на Земјата.rnrnОткако откривте кој е најголемиот вулкан на светот и каде се наоѓа, можеби ќе ве интересира да прочитате и кој вулкан е една од најпопуларните планински дестинации во Индонезија.rnrnИзвор: discovermagazine.com
Виножитото е спектакуларен природен феномен, а едно од местата во светот каде што има многу голема веројатност да го видите е Хаваи. Покрај тоа што е многу честа глетка на небото таму, виножитото на Хаваите е неразделно од културата и традицијата. Во хавајската митологија, виножитото е симбол на трансформација и на патот што ја поврзува Земјата со небото.rnrnrnrnНаучниците сметаат дека виножитото на Хаваи е спектакуларно поради екстремно чистиот воздух и ветровите што дуваат цела година на суптропска ширина и носат дожд на Хаваите.rnrnЗа формирање виножито е потребно релативно изолиран дожд, како и можност за поминување на сончевата светлина отстрана. Хонолулу е одлично место за гледање на виножитото затоа што нуди прекрасен поглед на планините каде што вообичаено врне и се појавуваат виножита.rnrnrnrnНајмногу виножита може да се видат непосредно пред зајдисонцето, но ги има и наутро. Во текот на ноќта, топлата морска површина ја загрева атмосферата, што доведува до разлика во температурата и предизвикува дожд, поради што често на Хаваите се појавуваат виножита точно за време на појадокот.rnrnrnrnПогледнете ја највисоката камена кула на светот – место на кое никој не смее да се искачи.
Хаваи е најизолираното населено копно во светот и во истиот момент штом излезете од авион и стапнете на хавајската земја, илјадници километри далеку од дома, едно нешто е јасно уште од самиот старт – Хаваи е навистина магично место!rnrnrnrnЏејсон Матијас е фотограф кој патува низ светот и сака да го долови чувството кое го доживеал во четирите години додека живеел на островот.rn
„Вложувам многу напор и размислување за да ги доловам овие моменти каде што се чини дека елементите соработуваат со мене. Емоциите кои сакам да ги доловам е удобната изолација на островите и бескрајниот простор во малиот момент на беспрекорна самотија.“
rnБарајќи места кои ќе ја доловат мистичноста на Хаваи, Матијас се искачил по вулкански карпи, планинарел до највисоките кратери и го бркал зајдисонцето секоја ноќ, само за да може да ги фотографира овие моменти на чиста магија.rn
„Поентата на фотографијата е дека секогаш може да се најдат елементи на движење. Хаваи е жив!“
Хавајскиот остров Нихау е опишан како место каде што времето е застанато, а пристапот до него делумно забранет.rnrnrnrnНа островот живеат околу 130 луѓе кои се грижат за природните ресурси. Всушност тие не зависат од погодностите на модерниот свет. Не користат автомобили, немаат струја и генерално одбегнуваат сè што може да предизвика загадување.rnrnПричината поради која била забранета посетата на овој остров лежи во желбата за зачувување на животот кој е потполно во склад со природата. Сепак, во 1987 година донесена е одлука Нихау да се отвори за љубопитните очи, но само на пола ден. Благодарение на ова, туристите имаат можност да уживаат во овие прекрасни убавини на неколку часови.rnrnНа Нихау се негува хавајската култура од 1800-та година и поради тоа го нарекуваат вонвременски остров – овде часовниците и календарите како да престанале да важат.rnrnСелото кое е дел од населениот дел на островот, не се наоѓа на програмата за туристи. Животот на жителите е во строга приватност и останува мистерија за надворешниот свет.rnrn
Природата ни подарила богатство од разновидност и убавина, а денес некои од овие места се најпопуларни дестинации. Нивната грандиозност и величественост се причините поради кои овие места се наоѓаат на оваа листа.rnrnrnrnПогледнете ги 10 највозбудливи и најубави места на светот:rn
Можеме многу да научиме од жителите на Хаваи. Бидејќи тие се на средината од океанот, далеку од сите, знаат колку е важна поддршката од најблиските, а токму поради тоа живеат со отворено срце, храбро и во моментот, впивајќи ги и најмалите нешта околу нив и со тоа секојдневно им се отвораат нови перспективи во животот. Погледнете ги наредниве моќни животни лекции на кои може да нè научи животот на Хавајските острови.rnrnrn
1. Ослободете се од големите очекувања
rnКога нешто многу силно очекуваме да се случи, ние се подготвуваме да станеме жртви на животните ситуации. Големите очекувања се коренот на несреќата. На Хаваи, локалните жители се подготвени и отворени за сè, без разлика дали станува збор за поплава, предупредување за цунами или расчистување на облаците кое го отвора патот кон одлична сурферска сезона. Доколку му дозволите на животот да се развива природно, ќе успеете да го најдете срцето на рамнотежата.rn
2. Не е слабост да имате потреба од друга личност
rnГолем дел од луѓето се обидуваат со целата сила да бидат што е можно понезависни, така што се движат низ животот глумејќи дека сè е во ред. Тие веруваат дека доколку ја покажат својата ранлива страна, со тоа ќе покажат и слабост. Но, доколку ги погледнете жителите на Хаваи ќе сфатите дека срцето на среќата се наоѓа кај другите. Овие острови се толку далеку од копното, па токму затоа луѓето постојано безрезервно си помагаат и се чуваат. Заедницата е пулсот на Хавајските острови и потпирањето на другите е она што се смета за цврстина. Но, вие не мора да бидете на средината од океанот за да ја почувствувате силата на пријателството и фамилијата.rn
3. Бидете отворени и животот ќе ви биде полесен
rnКога не сакаме да пораснеме и се плашиме од промените, ние се бориме со целата сила на нашиот пат низ животот. Налетуваме на илјадници препреки и трошиме повеќе енергија борејќи се против нив отколку за оние работи кои позитивно влијаат врз нас. Клучот за помирен живот се наоѓа во пристапување на сите ситуации со отворен ум и без судење.rn
4. Промената на насоката не значи неуспех
rnНема ништо страшно доколку го промените вашето мислење, започнете од почеток и се тргнете од ситуацијата која во еден момент од вашиот живот сте мислеле дека е вашиот пат до среќата. Понекогаш ослободувањето на оние нешта од кои повеќе немате корист ве ослободува и ви отвора голем број нови можности кои претходно не сте можеле ни да ги забележите.rn
5. Бидете онаму каде што сте, не онаму каде што мислите дека треба да бидете
rnПоголемиот дел од луѓето трошат енормно многу време и енергија за да бидат некоја идна верзија од нив. Додека се обидувате да бидете некој кој сè уште не сте станале, вие ќе почнете да заборавате колку далеку веќе сте успеале да стигнете. Жителите на Хаваи секогаш велат дека треба да бидете присутни во моментот и да го прифатите она што сте сега.rn
6. Дозволете ѝ на љубовта да влезе во вашиот живот
rnЛошото искуство и повредените чувства може да доведат до градење ѕидови околу срцето, а со тоа и да не дозволувате никој повторно да влезе во него. Во Хаваи, љубовта е насекаде, од океанските бранови, па сè до светите вулкани. Љубовта е основата на животот и дозволувањето таа да влезе во вашето срце се смета за вистинска среќа.rn
7. Малите нешта се големи нешта
rnНа Хаваи сите носат апостолки, не употребуваат шминка, ниту пак ја средуваат косата. Тоа е единственото место каде што помалку е повеќе и токму затоа жителите го впиваат секој момент. Тие уживаат во зајдисонцата, шетаат боси по песокот или се одмараат во природата и токму овие нешта секојдневно ги исполнуваат со големи искуства. Не ви се потребни многу пари за да бидете среќни, вие само треба да научите како да ги цените малите нешта и да сфатите дека тие се оние големи нешта кои секојдневно ги барате.rn
8. Благодарноста е животната сила на сè
rnБлагодарноста не само што е основен дел од среќното живеење, туку таа истовремено е и животна енергетска сила. Никогаш не заборавајте дека наместо да се фокусирате на она што не функционира, бидете благодарни за она што е во ред и одеднаш и останатите нешта ќе почнат да го наоѓаат своето место во вашиот живот.rnrn rnrn
Сите ние сме навикнати да гледаме бел или жолт песок, но овие неверојатни плажи со црн песок се едно од најуникатните чуда на природата. Тие најчесто настануваат како резултат на вулканска ерупција, односно се составени од мали фрагменти лава. Погледнете дел од најубавите плажи со црн песок ширум светот…rnrnПлажата Black Sand – АлјаскаrnrnПлажата Pololu Valley – ХаваиrnrnПлажата Kehena – Хаваиrnrn
Луѓето преферираат овие скали да ги нарекуваат „Скали кон рајот“ (Stairways to Heaven), но официјалното име им е Хаику. Тоа се 4.000 челични скалила кои водат на прошетка околу долината Хаику на Хаваите. Биле изградени за да ѝ служат на американската армија, па затоа денес е забрането да се користат за прошетка. Сепак, постојат две причини поради кои луѓето честопати се осмелуваат да ги прекршат правилата: прво, забрането е; и второ, нуди спектакуларен поглед над долината и океанскиот брег.rnrnrnrn
Облаците во голема мера го дефинираат животот на Хаваите. Тие ги диктираат условите за сурфање, температурата, повремените дождови и го обезбедуваат рајското ветре, кои ги прават Хаваите речиси идеална дестинација за одмор во текот на целата година.rnrnrnrnРежисерот Гевин Хефернан од независната филмска компанија „Sunchaser Pictures“ ги истражил убавините на спокојното движење на облаците над Хаваи, додека бил на службено патување во Оаху. Тој забележал како облаците драматично се појавуваат над планините и спокојно исчезнуваат над океанот и за наша среќа, ја документирал сета таа убавина, во своето тајмлепс видео насловено „Honolulu Clouds“. Разиграните облачиња во комбинација со спокојната и среќна музика, ќе направи да се почувствувате како да сте на еднонеделен одмор на Хавајските острови.rnrnrnrn rnrn