Флертот за овие знаци е едноставно дел од нив. Тој е нивна природна реакција и тие флертуваат без многу да размислуваат.rnrn
rnrnНо, кои се најголемите флертувачи во астрологијата? И, може ли хороскопскиот знак да влијание на тоа колку сте расположени за флерт? Астролозите велат дека дури и флертот е поврзан со вашиот хороскопски знак. Па затоа дознајте кои знаци се најголемите флерт-мајстори.rn
1. Лав
rnЛавовите се мајстори во уметноста на флертувањето. Ним не им требаат магионичарски трикови затоа што може да се потпрат на нивниот природен шарм и харизма. Лавовите се пријателски расположени со сите, а особено се истакнуваат кога флертуваат преку контакт со очите и давање комплименти.rnrnОвој хороскопски знак флертува едноставно и никогаш не претерува. Затоа се чувствува толку специјално кога го прави тоа. Лавовите се многу сигурни во себе и тоа ги прави привлечни за другите.rn
2. Скорпија
rnКога Скорпијата флертува, тешко може да ѝ одолеете. Како прво, Скорпиите се исклучително привлечни, сексипилни и по малку мистериозни. Тие не се многу нападни и флертуваат само за да ве натераат да ги засакате повеќе. Тие се моќни, интензивни и ги имаат совладано сите флерт-техники.rnrnБидејќи Скорпиите се интуитивни, добро знаат како да ги привлечат другите кон себе и да ги заинтересираат. Кога Скорпијата флертува со вас, го приближуваат нивното тело близу до вас, доволно за да ја почувствувате нивната топлина.rn
3. Близнаци
rnБлизнаците се дружељубиви, смешни и секогаш знаат што да кажат. Тие се големи флертувачи, па понекогаш не се ни свесни дека го прават тоа.rnrnКога Близнаците даваат копмплимент, тие се искрени затоа што секогаш може да кажат нешто позитивно за другите. Флертот со овој знак прави да се чувствувате неверојатно.rn
4. Овен
rnОвните се големи флертувачи – тие се забавни, авантуристички расположени и полни со енергија. Сите сакаат да се дружат со нив, па затоа се популарни во секое друштво. Овенот е, исто така, страствен и сексипилен, па кога ќе им се допадне веднаш „тргуваат во акција“.rnrnТие се сигурни, смели и немаат проблем да го направат првиот потег. Флертувањето може да биде игра за Овните, но тие никогаш не сакаат да изгубат во неа. Овните се спонтани, што значи дека ја владеат ситуацијата и никогаш нема да претераат. Овој знак секогаш го прави тоа што го сака.rn
5. Стрелец
rnСтрелците сакаат да запознаваат нови луѓе, да посетуваат нови места и да доживеат секакви искуства, па затоа се познати и како големи флертувачи.rnrnЗа нив, не е необично да зготват вечера за некого, да создадат уметничко дело или да направат некој гест на внимание. Флертувањето е дел од нивната личност и не е изнасилено. Кога ве „одмеруваат“ со поглед тоа значи дека се заинтересирани за вас!rn
6. Вага
rnВагите се пријателски расположени, шармантни и дружељубиви и може да бидат суптилни во нивниот флерт. Тие само ќе се насмевнат, ќе си поиграат со косата и веќе сте освоени.rnrnВагата ќе ве насмее затоа што знае дека хуморот е привлечен и ќе направат сè за да се почувствувате посебно. Таа е господар за ласкање и точно знае што да каже за да ве заинтересира.rnrnМожеби сакате да дознаете и што најмногу го усреќува секој хороскопски знак: љубовта, патувањата, вербата или силните пријателства?

rn
rn
rn



rn
rn
rn

rnrnВо астрологијата јасно се препознава дека харизмата е поврзана со аспектите на Плутон, но и на Сатурн и Уран. Харизматична личност може да биде родена во кој било астролошки знак, доколку има силни аспекти со овие планети.rnrn