Креативниот ум на програмерот Скот Гарнер ја воодушеви интернет-публиката, со неговото последно и необично дело „Мртва природа“. Покажува и докажува дека и програмирањето е уметност. Сликата е само навидум статична, налик останатите од жанрот мртва природа, но ако ја искривите, 3Д проектираните предмети ќе се стркалаат во рамката.
Основата на сликата секако не е платно, туку телевизор со рамен екран. Таа користи софтвер Unity 3D (развојна алатка за игри), сензори за движење и едноставна апликација програмирана во„C“, која ја создава гравитацијата. Сето ова го овозможува придвижувањето на 3Д предметите.
rn
„Од хардверска страна има рачно направена рамка за телевизорот, кој е поврзан со ротирачка подлога од Ergomart. На задниот дел од телевизорот е прикачен сензор. Од софтверска страна пак, е користена едноставна апликација направена во програмскиот јазик „C“ за комуникација со сензорот и за пренесување на податоците до Unity 3D-сцената. Самата сцена се состои од камера поврзана со сензорот и со сите светла и предмети кои ротираат усогласено“, објаснува Гарнер.
rn
rnrnПреку следното видео, погледнете како бил создаден овој проект и како тој функционира:rn
rnПроектот е финансиран од компанијата Superfad Seattle.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.



Иновативниот гаџет се состои од пенкало и рисивер кој се прикачува на саканото парче хартија. Пенкалото користи технологија за осетливост на притисок, па различниот степен на притискање на уредот врз хартијата, подоцна ќе се прикаже и во дигиталниот формат на делото. Рисиверот го собира нацртаниот материјал и потоа преку USB го пренесува на компјутер за понатамошна обработка.
Inkling доаѓа со софтвер кој овозможува додавање, бришење и едитирање на одредени слоеви од скицата, која финално може да се зачува во бројни графички формати. И секако, сето ова би било залудно ако вашиот креативен труд не можете да го обработите во вашата омилена апликација за работа. Дали е тоа Фотошоп, Илустратор или Скечбук дизајнер на Аутодеск, сеедно. Преносот на фајловите е возможен во секоја од овие три популарни апликации.
Inkling ќе биде достапен од средината на септември по цена од 200 американски долари.
rnrn
rnrnКонтролните копчиња и тркалцето се направени во форма на мали сензорски панели, а лед светло се користи за фидбек и реагира на секоја команда. Покрај необичниот дизајн и високо креативната идеја, дизајнерот се погрижил ова уникатно глувче да има перфектна ергономија т.е. одлично да прилега на раката на корисникот.rnrn
rnrn
rnrnПроектот е предвиден, за ова глувче да се користи како замена на оптичко пенкало или да послужи како покажувач на презентации.rnrn