КАФЕ ПАУЗА

Tag: грло

  • Ова се најдобрите чаеви за лекување воспалено грло

    Ова се најдобрите чаеви за лекување воспалено грло

    Есента пристигна, а со тоа се отвори и сезоната на настинки. Болката во грлото е еден од најнепријатните симптоми и може да трае со денови. Полесните болки во грлото се лекуваат полесно отколку што мислите и не мора да вклучуваат лекови. Чајот има многубројни придобивки во лекувањето воспалено грло.rnrnОва се најдобрите чаеви за лекување воспалено грлоrn

    „За настинки и болки во грлото, чаша топол чај од секаков вид веројатно ќе ја ублажи болката веднаш“, изјави Дајан Мекај од Универзитетот „Тафтс“.

    rnПоточно, д-р Роберт Глатер тврди дека истражувањата покажуваат дека зелениот чај има антиинфламаторно дејство, што може да помогне во намалување на отокот на ткивата во грлото.rn

    „Истото важи и за чајот од нане, кој содржи ментол, соединение познато по своите смирувачки ефекти“, објасни Глатер.

    rnАко не сте љубител на зелен чај или на чај од нане, пробајте со чај од лимон.rn

    „Тој е одлична помош за воспаление на грлото и за настинка бидејќи е полн со витамин Ц, кој помага во зајакнување на имунолошкиот систем. Ако сакате да го ублажите горчливиот вкус, можете да додадете малку мед“, вели д-р Јерал Пател.

    rnИсто така, чајот од куркума прави чуда кога станува збор за воспаление на грлото.rn

    „Куркумата има антивирусни, антибактериски и антиинфламаторни својства кои помагаат во смирување на болката и во зајакнување на имунитетот“, додава Пател.

    rnПрочитајте зошто не смеете да го игнорирате воспалението на синусите.

  • Воспаление на грло: Кога можеме да го излекуваме сами, а кога помошта од доктор е задолжителна?

    Воспаление на грло: Кога можеме да го излекуваме сами, а кога помошта од доктор е задолжителна?

    Во зависност од тоа дали воспалението го предизвикува вирусна или бактериска инфекција, можно е да го санирате самостојно или со помош на доктор и употреба на антибиотици.rnrn1-vospalenie-na-grloto-koga-mozheme-da-go-izlekuvame-sami-a-koga-pomoshta-od-doktor-e-zadolzhitelna-www.kafepauza.mk_rnrnПрвиот симптом на вирусна или бактериска инфекција најчесто е воспаление на грлото, а зависно од тоа што ја предизвикува несаканата појава, таа може да трае кратко или да нè мачи неколку дена и да се претвори во здравствен проблем кој мораме да го лекуваме со здравствена помош.rnrnНајпрво, како да правите разлика помеѓу воспаление предизвикано од вирусна инфекција и воспаление предизвикано од бактериска инфекција?rn

    Воспаление на грло предизвикано од вирусна инфекција:

    rn

      rn011

    • Настапува постепено
    • rn011

    • На почетокот се карактеризира со благо чувство на пецкање во грлото кое потоа се проширува
    • rn011

    • Голтањето е најчесто благо отежнато
    • rn011

    • Следува грозница и кашлица
    • rn011

    • Се санира без здравствена помош, со топли напивки, пастили, прополис или разни домашни рецепти
    • rn

    rn

    Воспаление на грло предизвикано од бактериска инфекција:

    rn

      rn011

    • Настапува нагло
    • rn011

    • Грлото е црвено, болно и натечено
    • rn011

    • Зависно од сериозноста на инфекцијата, можно е отекување на лимфните јазли во областа околу вратот
    • rn011

    • Голтањето е многу отежнато
    • rn011

    • Појава на бели дамки на крајниците
    • rn011

    • Губење на гласот
    • rn011

    • Покачена телесна температура, губење апетит и слабост
    • rn011

    • Се лекува со помош од доктор, најчесто со препишување на вистинскиот антибиотик
    • rn

    rn2-vospalenie-na-grloto-koga-mozheme-da-go-izlekuvame-sami-a-koga-pomoshta-od-doktor-e-zadolzhitelna-www.kafepauza.mk_rn

    Во зависност на тоа кој дел од грлото го зафаќа, воспалението можеме да го поделиме на:

    rn

      rn011

    • Воспаление на фаринксот (фарингитис)
    • rn011

    • Воспаление на крајниците (тонзилитис)
    • rn011

    • Воспаление на гркланот и гласилките (ларингитис)
    • rn

    rnНезависно од тоа кој тип воспаление на грло имате, клучно е да ја спречите дехидрацијата за грлото постојано да биде влажно. Затоа треба да внесувате многу течности.rnrnМожете да испробате и разни благотворни домашни рецепти како чај од лук и нане, што имаат силни антибактериски и антивоспалителни дејства, па затоа се добар избор и кај вирусните и кај бактериските инфекции на грлото. Гаргарата со солена вода е уште еден проверен начин за ублажување на воспаленото и болно грло.rnrnНаправете и домашни напивки од мед и ѓумбир, а доколку не сакате ѓумбир тогаш изберете напивки на база на лековити билки како на пример жалфија и мајчина душица. Доколку повторно ја чувствувате болката, погледнете ги и овие намирници коишто со сигурност ќе ви ја ублажат болката во грлото.

  • Грлобол? 7 трикови кои ќе ја смират болката преку ноќ

    Грлобол? 7 трикови кои ќе ја смират болката преку ноќ

    Болката во грлото е честа појава во зимските денови. Нејзиниот причинител е најчесто настинката, претераното напрегнување на гласот или сувиот воздух на кој сме изложени во текот на зимата поради греењето. Наместо модерни препарати и лекови, ние ќе ви претставиме неколку природни методи со кои можете на здрав и едноставен начин да ја отстраните таа несакана болка.rnrn1-bolka-vo-grloto-7-trikovi-koi-kje-ja-smirat-bolkata-preku-nokj-www.kafepauza.mk_rn

    1. Чај со чили пипер

    rnВо ѓезве со вода додајте чај од лимон, чај од нане, исцеден сок од лимон, лажичка мед и малку лут црвен пипер во прав (на врвот од ножот). Сето тоа добро промешајте го и тргнете го од огнот пред да почне да врие. Испијте го додека е врело.rn

    2. Бабин рецепт против болка во грлото

    rnВо 250 мл вода додајте 2 лажички мед и добро загрејте (пазете да не зоврие). Тргнете ја од оган и во неа исцедете отприлика 2 лажички свеж лимон. За појак вкус можете да додадете и лажичка кафеав шеќер.rn

    3. Млечна напивка со цимет

    rnИзмешајте една лажица шеќер, 2 прстофати сода бикарбона и 1/2 лажичка цимет. Додајте 250 мл млеко и добро измешајте. Ова ставете го на тивок оган и мешајте. Тргнете го од огнот пред да зоврие млекото и додајте лажица мед. Пијте го додека е топло.rn

    4. Чај од билки со ракија

    rnИзмешајте зелен чај, камилица и чај од лимон и ќе добиете здрава напивка полна со антиоксиданси. Зачинете ја со лажица мед, сок од лимон, ѓумбир и малку ракија и ќе се чувствувате како да сте испиле природен аналгетик.rnrn2-bolka-vo-grloto-7-trikovi-koi-kje-ja-smirat-bolkata-preku-nokj-www.kafepauza.mk_rn

    5. Гаргара

    rnНаправете физиолошки раствор од 250 мл вода и една мала лажичка сол. Мешавината ставете ја на оган и оставете ја да зоврие. Земете поголема голтка течност, подигнете ја главата и направете гаргара. Не ја голтајте течноста, туку по десетина секунди исплукајте ја.rnrnПовторувајте го ова најмалку 5 пати дневно додека симптомите на болка во грлото не исчезнат. Гаргарата со солена вода ќе ги намали симптомите на болно грло и ќе помогне во исфрлање на вирусот од организмот.rn

    6. Инхалација

    rnЗовријте 3 шолји топла вода и потопете вреќичка чај од лимон, камилица и малку свеж ѓумбир. Оставете 5 минути да се излади. Со раката проверете ја пареата да не е премногу топла и потоа ставете ја течноста во поголем сад за инхалирање. Земете чист пешкир и префрлете го преку глава. Наведнете се, покриени со пешкирот, над садот и вдишувајте ја пареата низ устата и носот 5-10 минути. Болката во грлото на овој начин ќе биде ублажена што ќе ви помогне полесно да заспиете.rn

    7. Топли облоги

    rnНаправете чај од суви цветови од камилица и додека сè уште е врел во него ставете чист пешкир. Кога чајот малку ќе се излади добро исцедете го пешкирот, замотајте го по должина и ставете го на вратот. Кога оваа облога ќе се излади, повторно згрејте го чајот и повторете ја постапката.

  • Осум намирници коишто со сигурност ќе ви ја ублажат болката во грлото

    Осум намирници коишто со сигурност ќе ви ја ублажат болката во грлото

    Болката во грлото може да се појави во кое било годишно време. Најчести причини за ова се инфекциите предизвикани од бактерии и вируси, како и времето поминато во непроветрени простории, а влијание има и склоноста кон алергии. И самите знаете колку е непријатно кога не можете да голтате, а притоа не може да ви помогнат ниту таблетите за грло. Токму затоа погледнете ги овие неколку намирници коишто имаат моќ да ја ублажат непријатната болка.rnrnrn

    1. Сладок корен

    rnОваа сјајна билка го зајакнува имунитетот, ги уништува бактериите и вирусите и ги ублажува потешкотиите во дишењето. Кога ве боли грлото грицкајте го коренот од ова растение.rn

    2. Жалфија

    rnЧајот од жалфија веќе одамна е познат како лек за грло. Купете жалфија, ставете една лажичка во зовриена вода, поклопете ја и процедете после 15 минути. Со неа плакнете го грлото неколку пати на ден.rn

    3. Сладолед

    rnАко мислевте дека токму сладоледот придонесува за вашите болки во грлото, тогаш не сте во право. Болките може да бидат причинети од инфекции и вируси, а сладоледот може само да ви помогне во борбата против нив. Ладните и кремасти намирници прават вашата болка да биде значително ублажена. Сјајна вест, зар не?rnrnrn

    4. Банани

    rnОва здраво и вкусно овошје лесно проаѓа низ вашето грло, па сигурно ќе ви биде пријатно да го јадете додека ве боли. Не замерувајте го и фактот дека бананата е полна со витамини и дека таа им помага на организмот и на телото на различни начини. Едноставно, бананите секогаш мора да ги имате на дофат!rn

    5. Варена зелка

    rnАко нешто знаеме за зелката е тоа дека таа е преполна со витамини, но содржи и антиоксиданси коишто навистина може да го излекуваат вашето болно грло. Прелијте ја со малиново масло и уживајте во јадењето на вашиот сојузник во борбата со болката.rn

    6. Варен морков

    rnДинстани, варени или печени – морковите се толку здрави што ќе ви го зголемат имунитетот и ќе ви ја намалат болката во грлото. Исто така тие се вкусни, а не заборавајте дека се добри и за вашиот тен!rnrnrn

    7. Чај

    rnТоплиот чај навистина може да го намали воспалението на грлото. Признајте дека тоа е првото нешто по коешто ќе посегнете кога ќе почувствувате болка. На вас останува да го изберете вкусот којшто го сакате и притоа да уживате во овој пијалак. Освен тоа што ќе ви се ублажи болката во грлото, вие ќе се чувствувате опуштени и многу подобри. Мора да додадеме дека доколку пиете зелен чај можете да си помогнете и во намалување на килограмите.rn

    8. Мед

    rnОваа слатка намирница можеме да ја пронајдеме во многу сирупи за кашлица и таблети за грло. Медот има антибактериски својства и е вистински лек. Земете една лажица мед секој ден или пак ставете ја во чај. Важно е да не го изоставите и откако ќе помине болката во грлото, затоа што медот е премногу здрав и би требало да го консумирате со чаша млака вода и лимон секое утро.rnrnЧувајте се од болките во грлото, но доколку сепак се појават, сега барем знаете што сѐ може да ви биде од помош!

  • Не фрлајте ја кората од мандарини – ќе ве спаси од кашлица и болка во грлото!

    Не фрлајте ја кората од мандарини – ќе ве спаси од кашлица и болка во грлото!

    Ако ве мачи болка во грлото или кашлица, а во домот имате мандарини кои се непрскани, од нивната кора можете да направите одличен лек.rnrn1-ne-frlajte-ja-korata-od-mandarinata-kje-ve-spasi-od-kashlica-i-bolesti-www.kafepauza.mk_rnrnЕве што треба да направите доколку сакате да ја искористите кората на мандарината како лек:rn

      rn011

    1. Сомелете 50 грама кора од мандарина и ставете ја смесата во тегла.
    2. rn011

    3. Измелената кора прелијте ја со чаша вотка или 40% алкохол.
    4. rn011

    5. Добро затворете ја теглата и оставете ја да отстои една недела на темно.
    6. rn011

    7. Земајте по една лажичка после јадење, а потоа каснувајте по една лажичка мед.
    8. rn

    rn2-ne-frlajte-ja-korata-od-mandarinata-kje-ve-spasi-od-kashlica-i-bolesti-www.kafepauza.mk_rnrnА ова се останатите причини поради кои мандарините се одлични:rn

      rn011

    • Со мандарините постигнувате витамински оптимум, бидејќи во 100 грама од ова овошје има 30 милиграми витамин Ц. Ова овошје има мала енергетска вредност, а е богато со влакна кои го подобруваат варењето.
    • rn011

    • Мандарините се добри за видот и за добивање кадифена кожа, а исто така се покажале и како добар антиоксиданс. Можете да ги консумирате заедно со јаболка, круши или јаткасто овошје.
    • rn011

    • Доколку сте добри во кујната, може да направите сос од мандарини, кој можете да го послужите со месо или како прелив за салата.
    • rn

  • Вежба за исфрлање на бесот и фрустрациите

    Вежба за исфрлање на бесот и фрустрациите

    Оваа вежба се вика симха крија, но некои ја нарекуваат лавјо зевање, а други лавји рик. Можете да ја изведете и како зевање и како рик, онака како што вам повеќе ви одговара. Таа ослободува од бесот и фрустрациите и помага во справувањето со емоционалната напнатост. Покрај тоа ги масира гласните жици, гркланот, крајниците и другите органи во грлото така што носи свежа крв во нив и ја подобрува нивната целокупна состојба.rnrnВежба за исфрлање на бесот и фрустрациитеrn

    Како се изведува вежбата?

    rnКлекнете на колена и раширете ги околу 45 сантиметри, а палците на нозете нека ви бидат споени. Одете малку напред со трупот, спуштете ги дланките на подот помеѓу бедрата со прстите свртени кон телото. Додека ги држите рацете исправено, свиткајте го малку грбот, нанапред, а главата придвижете ја наназад за малку да го истегнете вратот и да добиете удобно чувство во грлото.rnrnДоколку ви е тешко да ја направите оваа вежба на колена, можете да ја изведете и со турско седење или седејќи на стол потпирајќи ги рацете на бедрата. Очите нека ви бидат затворени или фокусирајте се на некоја точка пред вас. Устата треба да биде затворена, а јазикот свиткан наназад и треба да го допира мекиот дел на непцето. Издишете со носот.rnrnОткако добро ќе издишите, опуштете го јазикот, широко отворете ја устата и исплазете го јазикот напред кон брадата. Полека издишете правејќи рамномерно гласен звук од грлото „ааа…“. Кога ќе завршите со издишувањето, повторно затворете ја устата, јазикот свиткајте го до мекиот дел на непцето и повторно вдишете. За време на вежбата бидете добро сконцентрирани во точката која сте ја избрале претходно. За оптимални резултати повторете ја вежбата 5-10 пати дневно. Можете да ја направите во кој било период од денот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Одлична причина за да јадете сладолед во зима

    Одлична причина за да јадете сладолед во зима

    Сладоледот може да го смири болното грло. Кога тоа ве гребе, особено кога ќе се разбудите наутро, значи дека устата е полна со бактерии. Тие го иритираат грлото и го предизвикуваат чувството на гребење. Внесувањето сладолед ја олеснува болката затоа што делува како анестетик поради својата ниска температура. Тој всушност не го лекува грлото, туку само го смирува на кратко.rnrnОдлична причина за да јадете сладолед во зимаrnrnИсто така, не можете да очекувате сладоледот да го излечи болното грло, откако веќе ќе го смири. Доколку тоа е придружено со други симптоми на болест, сладоледот нема да ви заврши работа и би требало да одите на лекар. Но, ако проблемот е само во непријатното гребење, почестете се со некое топче и не грижете за тоа што не сте навикнати да го јадете во зима.

  • 9 суптилни знаци дека некој ве лаже

    9 суптилни знаци дека некој ве лаже

    Ние често пропуштаме дел од суптилните невербални знаци кои укажуваат на фактот дека некој се обидува да нè излаже. Доколку сакате да бидете повеќе подготвени на оваа тема, погледнете ги наредниве знаци кои укажуваат на лажење од страна на вашиот соговорник…rnrn9 суптилни знаци дека некој ве лажеrnrn1. Прочистување на грлото. Нашиот „бегај или бори се“ одговор на стрес предизвикува потреба да се прочисти грлото кај оние кои лажат. Влажноста во нивното грло се премостува кон кожата во форма на пот, која резултира со сушење во грлото, поради која и настанува потребата за прочистување.rnrn2. Силно подголтнување. Недостатокот од влажност во грлото кај оној кој лаже поради одговорот на стрес може да се манифестира и како „Потскокнување на Адамовото јаболко“.rnrn3. Манипулација со вилицата. Некои лажливци ги отвораат нивните усни и ја движат вилицата напред-назад. Ова движење на вилицата ги стимулира жлездите за плунка кои се наоѓаат позади грлото и е само уште еден начин да се врати влажноста во грлото.rnrn4. Насочување на очите. Нашите очи секогаш го покажуваат оној пат по кој нашето тело сака да тргне. Токму затоа лажливците секогаш го насочуваат својот поглед кон најблискиот излез, а со тоа и ни ја покажуваат нивната желба психички и физички да избегаат од анксиозноста која е предизвикана од лажењето. Луѓето кои гледаат често во своите часовници ја манифестираат истата желба, давајќи ви знак дека сакаат да го скратат разговорот.rnrn5. Насочување на стапалата. Лажливците многу често ги насочуваат своите стапала кон вратата, бидејќи потсвесно сакаат да избегаат од оваа неудобна ситуација.rnrn6. Недостаток од гестикулации. Лажливците многу често доживуваат потешкотии при гестикулирањето, како на пример, покажување со прст, лесен удар со раката по маса или пак, движењето на главата нанапред.rnrn7. Движење на главата наназад. Лажливците имаат тенденција суптилно да ја поместат својата глава наназад додека лажат. Ова движење е нивен несвесен обид да се дистанцираат од изворот на анксиозноста. Луѓето имаат тенденција да се навалуваат кон оние нешта кои ги сакаат и да се дистанцираат од оние нешта кои не ги сакаат.rnrn8. Навалување наназад. Лажливците обично го лулаат целото свое тело наназад со цел да се дистанцираат од изворот на нивната анксиозност, бидејќи се плашат дека ќе бидат откриени во нивната измама.rnrn9. Заштита на вратот. Просторот кој се наоѓа во основата на вашиот врат е еден од најранливите делови од телото, бидејќи каква било препрека може да му попречи на вашето нормално дишење. Кога лажливците се чувствуваат под закана, тие го покриваат овој дел од телото со цел да се заштитат од разоткривање. Токму затоа, жените кои лажат можат да посегнат по нивниот ѓердан, а мажите можат да ја поднаместат нивната вратоврска со цел да се заштитат.rnrnСуптилните и невербални знаци можат да укажуваат на измама и да ни овозможат дополнителна поддршка при идентификувањето на лага, но не заборавајте дека ниту еден невербален знак не е целосно веродостоен. Невербалните знаци се поверодостојни индикатори доколку се јавуваат во група со другите знаци. Најдобриот начин да ја откриете нивната веродостојност е доколку ги споредувате зборовите на личноста со објективните факти.

  • Домашни бонбони кои ја отстрануваат болката од грлото

    Домашни бонбони кои ја отстрануваат болката од грлото

    Успешно се справуваат со болката во грлото за неколку дена, а покрај возрасните, ќе ги обожаваат и децата

    rnSONY DSCrnrnНастинките со силна кашлица се доста исцрпувачки, но и конзумирањето на многу лекарства може да си има последици. Доколку сакате на природен начин да се справите со кашлицата, направете ги овие бонбони од пржен шеќер, кои многу полесно ќе им ги „протнете“ и на децата, кои често знаат да одбиваат сирупи и други лекови во класичен облик.rnrnПрегорениот шеќер уште одамна се користел за смирување на кашлицата, прелиен со млеко или други додатоци. Но, оваа варијанта е уште подобра – направете ги еднаш и лижете ги постојано додека да помине болката во грлото.rn

    Потребни состојки и материјали:

    rn

      rn011

    • 100 грама шеќер
    • rn011

    • ½ лажичка ѓумбир во прав
    • rn011

    • 1 лажичка лимонов сок
    • rn011

    • Силиконски калап за мраз
    • rn011

    • Чепкалки за заби (за лижавчиња)
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn011

    1. Калапот премачкајте го со масло.
    2. rn011

    3. Шеќерот ставете го во сад и загревајте го на тивок оган со константно мешање за да не загори. Кога ќе се растопи, додајте ги ѓумбирот и лимоновиот сок. Продолжете да варите уште неколку минути со константно мешање. Смесата е готова кога ќе забележите дека добила златно-кафена боја, потемна од почетната.
    4. rn011

    5. Ставете ја смесата во подготвениот калап и оставете ја во замрзнувачот околу половина час. Ако наместо бонбони сакате да направите лижавчиња, претходно во смесата забодете чепкалки.
    6. rn

    rnДецата можат да лижат по 2-3 вакви бонбони на ден. Многумина тврдат дека овие бонбони им помогнале да се ослободат од кашлицата и болката во грлото за неколку дена. Но, ако после 2-3 дена не чувствувате подобрување, не си играјте, одете на лекар.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Излечете го воспаленото грло за само 4 часа

    Излечете го воспаленото грло за само 4 часа

    Се чини како да имаме подзаборавено на ризницата со лекови која нашите предци ни ја имаат оставено во наследство. Тоа баш е штета бидејќи помеѓу нив има здравствени совети кои не можат да ги надминат ни некои од најдобрите современи лекови на пазарот.rnrnYoung woman touching her throat - pain.rnrnАко се најдете во ситуација да имате воспаление на грлото и крајниците или ангина, имаме добри вести. Мислевте дека ги пробавте сите лекови и ништо не помогна? Постои еден народен лек кој ќе ве излечи за само 4 часа.rn

    Еве како да го подготвите:

    rn

      rn011

    • Прелијте 80 грама мелени семки ким со 200 мл вода и варете ги 15 минути.
    • rn011

    • Ќе добиете густа растеглива маса, која личи на талог од кафе.
    • rn011

    • Процедете и додајте 50 мл вода, па повторно доведете ја смесата до точка на вриење.
    • rn011

    • Тргнете го садот од огин и додадете една лажица коњак или вињак.
    • rn

    rnВашиот лек е подготвен.rnrnЗимајте по една супена лажица на секој пола час. Веќе по 2 часа болката ќе почне да се повлекува, а после 4 ќе бидете сосема добро.rnrnВо случаи на тешка настинка, овој лек можете да го пиете и подолго. Им се препорачува на сите кои се склони на болки во грлото.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.