КАФЕ ПАУЗА

Tag: грип

  • Како ќе го поднесете грипот зависи од првиот грип што сте го имале

    Како ќе го поднесете грипот зависи од првиот грип што сте го имале

    Зошто некои луѓе се поотпорни на грипот од останатите е клучно прашање за кое научниците велат дека е поврзано со првиот вид грип што секој од нас го имал како дете.rnrnКако ќе го поднесете грипот зависи од првиот грип што сте го ималеrnrnНаучниците од Универзитетот во Лос Анџелес и од Универзитетот во Аризона откриле дека способноста на луѓето да се борат со вирусот на грип е одредена не само од видот на грипот што го имале во текот на животот, туку и од редоследот на вирусите со кои се соочил нивниот организам. Нивното истражување било објавено во списанието „PLoS Pathogens“.rnrnИстражувањето објаснува зошто некои луѓе имаат многу потешка форма на грип со потешки симптоми од другите, иако се заразени со истиот вирус. Научниците се надеваат дека новите откритија ќе помогнат во креирањето стратегија за намалување на влијанието на сезонскиот грип врз здравјето на луѓето.rnrnИзложеноста на вирусите на грип за време на детството обезбедува делумна заштита до крајот на животот од вируси на грип што се поврзани со него. Оваа идеја дека претходната изложеност на вирус на грип ја одредува идната реакција на инфекциите, биолозите ја нарекува имунолошки отпечаток, објаснуваат научниците.rn

    Вирус на грип H3N2 и H1N1

    rnИстражувањето помогнало да се надмине општото уверување дека претходната изложеност на вирус на грип не обезбедува мала или никаква имунолошка заштита од видови што можат да се пренесат од животни на луѓе, како што се оние што предизвикуваат болести како свински или птичји грип. За да следи како различните видови вируси на грип влијаат врз луѓето од различна возраст, тимот ги анализирал здравствените информации што Министерството за здравство во Аризона ги добивало од болниците и од приватни лекари.rnrnДвата подвида на вирусот на грип, H3N2 и H1N1, се одговорни за сезонската појава на грип во последните децении. Подвидот H3N2 ги предизвикува најтешките случаи кај постарите лица со висок ризик и повеќето смртни случаи предизвикани од грип. Подвидот H1N1 најверојатно влијае на помладите и на средовечните личности и предизвикува помалку смртни случаи.rnrnПодатоците од здравствените картони го откриваат следниот обрзец: Луѓето кои за време на детството биле прво изложени на послаб вид вирус H1N1, имаат помала веројатност да бидат хоспитализирани доколку се сретнат со вирусот повторно подоцна во животот од луѓето кои прво биле изложени на H3N2. И луѓето кои први биле изложени на вирусот H3N2 имале дополнителна заштита од истиот вирус подоцна во животот.rnrnИстражувачите, исто така, ги анализирале еволуциските односи помеѓу видовите грип. Тие откриле дека Х1Н1 и Х3Н3 припаѓаат на две одделни гранки на семејното дрво на грипот, објаснува Џејмс Лојд-Смит, автор на истражувањето и професор по екологија и еволуциона биологија на Универзитетот во Лос Анџелес.rnrnКако ќе го поднесете грипот зависи од првиот грип што сте го имале rn

    Образец за заштита

    rnСпоред д-р Лојд-Смит иако инфекцијата со еден вирус му помага на имунолошкиот систем да биде подобро подготвен да се бори против идни инфекции со други вируси, заштитата од идни инфекции е многу посилна кога некој е изложен на подвид од истата група вируси.rnrnМајкл Ворбеј, коавтор на истражувањето и раководител на Катедрата за екологија и еволуциона биологија на Универзитетот во Аризона дополнува дека грипот останува најголемиот убиец ширум светот. Изминатите две сезони на грип биле потешки од очекуваното. Во сезоната 2017/18, во САД починале 80.000 луѓе, повеќе отколку во пандемијата на свински грип во 2009 година, според него.rnrnИстражувачите се надеваат дека нивните откритија може да помогнат да се предвиди кои возрасни групи може да бидат сериозно погодени за време на идните сезони на грип, врз основа на подвидот што кружи. Оваа информација, исто така, може да им помогне на здравствените работници да бидат подготвени да реагираат и да одлучат кој треба да прими одредена вакцина ако тие се достапни во ограничени количини.rn

    Најдобро е вакцинацијата да се повторува

    rnМногу фактори влијаат врз имунитетот, вклучително и генетските фактори, возраста, хроничните заболувања и други состојби кои го ослабуваат имунитетот: физичкото исцрпување, лошата исхрана и слично. На пренесувањето на сите респираторни инфекции, вклучително и на грипот, влијае присуството на повеќе луѓе во затворен простор, па затоа е важно да бидете на отворено колку што е можно повеќе. Имунитетот кон некои инфекции ослабнува со текот на времето, а вирусите на грип за кои сте вакцинирани постојано се менуваат, па затоа се препорачува да се вакцинирате секоја година.rnrnДокторите велат дека вакцинацијата е многу важна за хроничните пациенти и за лицата изложени на ризик од сериозни заболувања, компликации, па дури и зголемена смртност. Грипот се шири преку воздушен пат, обично во контакт со заболените. Затоа, сите луѓе со висок ризик (пациенти со хронични заболувања на срцето, белите дробови, бубрезите и црниот дроб, дијабетичарите, децата на возраст под 5 години, лицата над 65 години и бремените жени) треба да избегнуваат непотребен контакт со заболени, особено ако не се вакцинирани.rnrnМожеби сакате да дознаете и кои се 10-те наследни болести кои се пренесуваат низ генерациите.

  • Грип и секс: Да или не?

    Грип и секс: Да или не?

    Лекарите велат дека прво треба да обрнете внимание на тоа како се пренесува грипот, а најчесто се пренесува преку воздухот, односно преку кивање, кашлање, дишење, ракување и бакнување. Вирусот живее до 24 часа на површини како што е бирото, на чаршафи 1-2 часа, а на рацете живее 15-30 минути.rnrnГрип и секс: Да или не?rn

    Една недела без контакт

    rnПравилото вели дека треба да бидете на растојание од 2 метри од некој што има грип, па бидејќи сексот бара многу блискост, дефинитивно треба да го избегнувате за време на грипот.rnrnШансите дека ќе имате секс без партнерот да дише, да кива и да кашла во вас се многу мали, па ако едниот од вас е заразен, немојте да имате односи. Ова важи и за случаи кога сте вакцинирани, бидејќи вакцината само го намалува ризикот од инфекција, но не ја елиминира целосно можноста за заболување.rn

    Дали хируршките маски помагаат во борбата против грипот?

    rnЛичноста што има грип не може да ги воочи симптомите и е заразна една недела, а тоа значи дека може да се заразите дури и ако вашиот партнер изгледа потполно здрав. Во тој случај не можете да си помогнете, но ако веќе знаете дека сте имале грип, воздржете се од секс најмалку една недела откако ќе поминат сите симптоми.rnrnМожеби ве интересира и дали е добро да имате секс по обилна вечера.

  • Навики кои ги влошуваат симптомите на грипот

    Навики кои ги влошуваат симптомите на грипот

    Започна сезоната на грипови и настинки, а многумина од нас кои немаат силен имунитет веројатно нема да бидат поштедени. Веќе ги знаеме советите на докторите за побрзо оздравување: многу течности и одмор. Но, треба да знаете и за некои навики кои ги имаме со кои несвесно ги влошуваме симптомите на грипот.rnrnНавики кои ги влошуваат симптомите на грипотrn

    Претерување со лекарства

    rnВеројатно вашиот работодавач сака побргу да се вратите на работните обврски, но прекумерното консумирање лекови нема многу да ви помогне. Всушност, тоа може да подобри одредени симптоми, што ќе ве поттикне да мислите дека сте оздравени, иако вирусот сѐ уште е во вашето тело. На овој начин, само може да го повторите боледувањето и да ги заразите сите околу вас, а можете и да станете отпорни на лековите.rn

    Гледање ТВ до доцна во ноќта

    rnНема ништо попријатно од гледањето добар филм додека сте покриени со ќебе. Сепак, доцното легнување може да ја влоши вашата состојба. На вашиот имунолошки систем му е потребно време да се одмори. Одморот и долгиот сон се покорисни отколку што мислите.rn

    Ладен туш

    rnМожеби сте слушнале од вашите мајки или баби дека ладниот туш е најдобар начин бргу да се намали телесната температура. Всушност, студената вода само ќе ви ја зголеми температурата. Кромидот е најдобриот природен лек кој помага при намалување на температурата за време на грип или настинка. Ставете облоги со исечкан кромид на стапалата за да се чувствувате подобро.rn

    Кашлање во дланките

    rnСекако, кашлањето или кивањето во рацете е подобро отколку исфрлањето капки насекаде околу вас. Сепак, доколку кашлате или кивате директно во дланките, вие оставате траги од вирусот на сѐ што ќе допрете и со тоа потенцијално ги заразувате останатите.rn

    Чад од цигари

    rnЧадот од цигарите ги оштетува белите дробови, а штетата е двојно поголема кога сте болни. Чадот може да ги воспали белите дробови и го влошува кашлањето. Намалете со пушењето и одбегнувајте да седите во зачадени простории додека сте настинати.rnrnПрочитајте ги и 10-те митови за грипот и настинката во кои треба да престанете да верувате.

  • Што всушност му прави грипот на вашето тело?

    Што всушност му прави грипот на вашето тело?

    Сезоната на грип е овде и време е да се подготвите за неа. Но дали знаете што всушност се случува со вашиот организам кога во него ќе влезе вирусот на грип? Во повеќето случаи, организмот се убива самиот додека се обидува да се излекува.rnrnШто всушност му прави грипот на вашето тело?rn

    „Умирањето од грип не е како од куршум или убод од црна вдовица. Самото присуство на грипот не е доволно за да ве убие. Инфективната болест секогаш е во сложена врска со домаќинот“, изјавил Амеш Адалија, инфектолог од здравствениот центар Џонс Хопкинс.

    rnГолемата маса клетки предизвикува силна реакција на имунолошкиот систем кој пак почнува да испраќа бели крвни зрнца, или антитела, со цел да ја отстрани опасноста. Таканаречените Т-клетки, одбранбениот систем на нашиот имунитетот, го напаѓаат и го уништуваат ткивото заразено со вирусот. Особено го напаѓаат ткивото на органите за дишење бидејќи вирусот обично се задржува таму.rnrnКај повеќето здрави луѓе овој процес е ефикасен, така што организмот заздравува за неколку денови или недели.rnrnНо, понекогаш реакцијата на имунолошкиот систем е пресилна. На овој начин се уништува толку многу ткиво од белите дробови, што во крвта не доаѓа доволно кислород. Ова може да предизвика смрт.rnrnКако што истакнуваат лекарите, понекогаш силната и потенцијално смртоносна имунолошка реакција не е предизвикана од вирусот на грип, туку од секундарна инфекција која се појавила поради болеста.rnrnПогледнете и како да разликувате настинка од грип.

  • 10 митови за грипот и настинката во кои треба да престанете да верувате

    10 митови за грипот и настинката во кои треба да престанете да верувате

    За настинките најчесто ги обвинуваме клима уредите, ветрот и ниските температури. Некои луѓе дури веруваат дека е невозможно да добиете настинка два пати во една сезона. Други пак се убедени дека пиењето антибиотици ќе спречи настинката да се претвори во грип. Ова се 10-те најпознати митови за грипот и настинката и време е да престанете да верувате во нив.rn

    1. Настинката може да се претвори во грип

    rn10 митови за грипот и настинката во кои треба да престанете да веруватеrnrnНастинката и грипот се предизвикани од различни вируси, па едното не може да се претвори во другото. Обично луѓето ги мешаат раните симптоми на двете болести. Овие карактеристики ќе ви помогнат да ги разликувате.rn

      rn 011

    • Настинката почнува со болно грло, главоболка, треска и течење на носот. Луѓето чувствуваат дека ќе настинат за 3-5 денови. Симптомите на грипот се треска, главоболка и болки во мускулите и се појавуваат многу брзо.
    • rn 011

    • Ако имате настинка, обично температурата нема да се покачи. Доколку имате грип, температурата може да ви се качи и над 37,7 степени.
    • rn 011

    • Ако имате грип, нема да се појави кивавица. Тоа е симптом на настинка.
    • rn

    rn

    2. Можете да ја лекувате настинката со антибиотици

    rn10 митови за грипот и настинката во кои треба да престанете да веруватеrnrnАнтибиотиците не можат да се справат со вирус бидејќи неговата структура е поразлична од бактериските болести. Всушност, антибиотиците можат само да ја влошат ситуацијата – симптомите на настинка нема да исчезнат, а вирусот ќе продолжи да се шири.rnrnИсто така немојте да земате антибиотици како превентива. Со ова ќе го ослабите вашиот имунитет и ќе создадете добра околина за вирусот. Со текот на времето лекот ќе стане помалку ефективен бидејќи бактериите можат да се прилагодат и да станат имуни.rn

    3. Можеби не треба да ја лекувате настинката

    rn10 митови за грипот и настинката во кои треба да престанете да веруватеrnrnПо правило, симптомите на настинката траат 3 денови. Но ако само чекате и не ја лекувате, може да настанат компликации и симптомите да траат 20-30 денови. Особено важно е да посетете лекар доколку почувствувате тешкотии при дишењето.rn

    4. Не треба да земете боледување ако имате настинка

    rn10 митови за грипот и настинката во кои треба да престанете да веруватеrnrnПовеќето луѓе обично продолжуваат со работа кога не се чувствуваат добро. Постои и верување дека ако не си дозволите да се опуштите, настинката ќе помине побрзо. Всушност, ова само ќе го продолжи оздравувањето. Подобро е да останете дома два дена, па да се вратите на работа. Покрај тоа, вашата настинка е заразна и можете да инфицирате некој друг.rn

    5. Секогаш треба да останете во кревет

    rn10 митови за грипот и настинката во кои треба да престанете да веруватеrnrnАко имате настинка и цел ден останете во кревет, може да добиете бронхитис или пневмонија. Покрај тоа се намалува циркулацијата на крвта. Се разбира, не би требало веднаш да се упатите во теретана, но малку физичка активност нема да ви штети.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Доаѓа сезоната на грипот: Што сè треба да знаете?

    Доаѓа сезоната на грипот: Што сè треба да знаете?

    Вирусот може да инфицира секого, но оние со слаб имунитет (младите и старите луѓе и оние кои веќе страдаат од некоја болест) се изложени на поголем ризик од опасните последици од грипот. Бидејќи доаѓа уште една сезона на грипот, не е чудно што родителите и децата се подготвуваат за најлошото. Па, погледнете како да останете здрави оваа сезона.rnrnДоаѓа сезоната на грипот: Што сè треба да знаете?rn

    Лекарите и експертите не можат да ја предвидат сериозноста на грипот

    rnИако лекарите и истражувачите го даваат најдоброто од себе за да го разберат грипот, тој е различен секоја сезона. Вакцините не секогаш работат како што треба, а поради ова некои сезони на грип се значително потешки од други. Покрај тоа, бебињата и постарите лица се најизложени на ризик бидејќи нивните имунитети се послаби. Сепак, не може да се предвиде како ќе реагира нечие тело. Поради ова важно е да преземете одредени мерки во сезоната на грипот, без разлика колку здрави сметате дека сте.rn

    Вакцинирајте се што е можно побрзо

    rnОва најмногу важи за луѓето со послаб имунитет и оние кои можеби се поизложени на вирусот од другите. Вакцинирањето веднаш откако вакцината ќе стане достапна е најдобриот начин да се заштитите од вирусот. Штом ќе се вакцинирате, на антителата што ќе се развијат можат да им бидат потребни и до 4 недели за целосно да ве заштитат. Вакцинирањето пред почетокот на сезоната на грипот ќе ве заштити многу повеќе.rn

    Бидете внимателни да не „закачите“ несакани микроби

    rnПотребно е да следите некои правила за да го спречите вирусот. Секогаш мијте ги рацете пред да јадете и секогаш кога ќе се вратите дома. Децата нека не пијат вода од фонтани на училиште бидејќи овие места се дом на многу микроби. Никогаш немојте да делите храна и пијалаци со семејството или пријателите и научете ги вашите деца да го прават истото. Носете антибактериско средство за чистење на рацете во случај да дојдете во контакт со некој болен. Можеби овие мерки ви изгледаат екстремни, но подобро е да бидете безбедни навреме. Вакцините не се секогаш 100% ефективни, па можеби токму овие мерки ќе ве спасат.rn

    Ако се разболите, дајте си време за оздравување

    rnНемојте веднаш да се вратите на работа или училиште откако ќе ви помине грипот. Вирусот може да биде премногу за телото, па потребно му е повеќе време за закрепнување. Покрај тоа ако се вратите прерано на работа или училиште можно е вирусот да не е целосно отстранет, а со ова ризикувате да заразите некој друг. Вирусот е заразен околу еден ден пред да се појават симптомите и една недела откако ќе започнат, па дајте си доволно време за оздравување. Вашето тело и луѓето околу вас ќе ви бидат благодарни.rnrnДознајте и како да направите разлика помеѓу настинка и грип.

  • Одлични чаеви против настинка: Бозел, жалфија, нане и шипка

    Одлични чаеви против настинка: Бозел, жалфија, нане и шипка

    Познато е дека билните чаеви помагаат во зимските месеци кога надвор царуваат настинките и грипот. Жалфијата, нането и мајчината душичка ги убиваат бактериите и ги дезинфицираат дишните патишта. Освен што се вкусни, билните чаеви се најдобар сојузник во борбата против зимските болести, бидејќи го јакнат имунитетот и го забрзуваат лекувањето. Некои чаеви тешко се наоѓаат во вреќичка, на пример, чајот од бозел. Токму бозелот е исклучително ефикасен, бидејќи ја поттикнува циркулацијата, предизвикува потење и го чисти организмот од штетни состојки.rnrn1-odlichni-chaevi-protiv-nastinka-bozel-zhalfija-nane-i-shipka-www.kafepauza.mk_rn

    1. Чај од бозел

    rnЧајот од цветовите бозел се користи при лекување настинки, грип, бронхитис, кашлица, почетни воспаленија на белите дробови, астма и тешко дишење. Цветовите бозел помагаат при кашлицата и предизвикуваат потење, што значи може да се користат против зголемена температура. Притоа, ги исфрлаат токсините по пат на потење, а сите овие својства го прават бозелот идеално зимско оружје против настинките и грипот. Како да приготвите чај од бозел? Ставете од два до пет грама суви цветови бозел во шолја со врела вода. Оставете да отстои од пет до десет минути, па процедете. Пијте три шолји на ден.rn

    2. Мајчина душичка, жалфија и нане за настинка

    rnВо периодот на чести настинки, воспаление на грлото, бронхитис и синуси докторите препорачуваат да подготвите чај и билни капки од мајчина душичка, жалфија и нане, бидејќи тие билки ги убиваат бактериите, односно ги дезинфицираат дишните патишта. Докторите велат дека чајот од жалфија заради силниот вкус почесто се употребува како вода за миење на устата и гаргара отколку како напивка, а жалфијата ги прочистува дишните органи, го лечи воспалението на грлото, крајниците и слузницата во устата. Жалфијата се вари околу 3 минути за силниот тујон што го содржи барем делумно да испари.rn

    3. Камилица, црн и бел слез за подигање на имунитетот

    rnКамилицата делува против воспаленијата, а белиот и црн слез го олеснуваат искашлувањето. Кај грипот, кој го предизвикува вирус, а не бактерии, се пие чај и се земаат капки за имунитет. Најсилни имунолошки болки се имелата и невенот, а од етерични масла чајното дрво, мајчината душичка, равенсарата и лаванда. Мајчината душичка го зајакнува имунитетот и го олеснува варењето. Во инхалациите помага кај воспаление на синусите и бронхитисот, односно го олеснува искашлувањето. За чај прелијте една лажичка суви билки со шолја врела вода, процедете после десет минути и засладете со мед.rnrn2-odlichni-chaevi-protiv-nastinka-bozel-zhalfija-nane-i-shipka-www.kafepauza.mk_rn

    4. Нане, маточина и мајчина душичка за превентива

    rnЧаевите од нане, маточина и мајчина душичка се предлагаат да се пијат превентивно, пред да почувствувате какви било симптоми. Највкусна е ментата која во зима делува како природен тоник за јакнење на организмот. Докторите посебно ги нагласуваат чаевите од кората на врба и суручица, бидејќи тие се познати како билен аспирин заради своето својство на намалување на температурата. Овие билки уште од минатото се користат за подготвување на чај кој ги ублажува болките и го подобрува излачувањето на отровните состојки од организмот. Иако кај грипот и настинките може да си помогнете со чаеви, за лекувањето на посериозни болести задолжително е да се посоветувате со вашиот доктор.rn

    5. Кантарион против депресија

    rnСтудените, тмурни денови може да предизвикаат лошо расположение и сезонска потиштеност. Најдобар антидепресив е кантарионот. Во текот на зимата редовно консумирајте го овој чај.rn

    6. Чај од мајчина душичка

    rnЗа инхалација ставете сува билка, на пример мајчина душичка во сад со вода и наведнете се над него со пешкир ставен врз главата. Така лековитата пареа се вдишува и влегува низ порите на кожата, а топлината ги грее синусите.rn

    7. Чај од шипка

    rnЧајот од шипка освежува, го стимулира метаболизмот и ги разградува масните клетки. Шипката е полна со витамини Ц и Б12 и антиоксиданси, па напивките од шипка служат како средство за јакнење на имунитетот. Заради тоа се препишува како дополнително средство во текот на лекувањето и оправувањето.rnrn3-odlichni-chaevi-protiv-nastinka-bozel-zhalfija-nane-i-shipka-www.kafepauza.mk_rn

    8. Бел слез

    rnЧајот од слез е одличен за зимскиот период, а се подготвува така што една лажица корен се потопува осум часа во две децилитри студена вода. Белиот слез најчесто се користи за лекување на дишните органи, кај настинка, грип, воспаленија, бронхитис и за полесно искашлување, а црниот против засипнатост.rn

    9. Зелен чај

    rnНасобирањето на килограмите може да го спречите со пиење зелен чај. Освен тоа, тој го зајакнува природниот имунитет на телото, го поправа чистењето на клетките, го забрзува метаболизмот, благо ја поттикнува концентрацијата и го подобрува расположението. Исто така, го стабилизира нивото на шеќер во крвта и го намалува холестеролот. За најдобри резултати се препорачува да консумирате зелен чај од 2 до 3 пати дневно. Притоа е оптимално да го пиете незасладен.rn

    10. Чај од хибискус

    rnХибискусот е вреден извор на витамин Ц и флавоноиди кои помагаат при детоксикација на организмот. Чајот од хибискус е диуретик и го намалува чувството на надуеност, а додатен плус дава и фактот дека ја намалува апсорпцијата на масти и шеќери.rnrnВреме е да се заштитите од настинките и вирусите, а овие златни правила ќе ви го одбранат телото од настинка.

  • Како најлесно да се справите со настинката?

    Како најлесно да се справите со настинката?

    Кога имате настинка, ништо не ви изгледа добро. Кашлањето и кивањето го прават секое едно нешто да изгледа потешко. За да ја надминете оваа непријатна ситуација и повторно да ја вратите енергијата, во продолжение погледнете ги најдобрите 12 начини како да се чувствувате подобро.rnrn12 работи кои треба да ги правите кога имате настинкаrnrn1. Пијте повеќе вода. Имајте при рака вода со лимон и нане и пијте од неа. Можеби ќе треба да станувате често за да одите до тоалет, но вие сте дома и треба да се чувствувате слободни, а ова сметајте го како еден вид вежба.rnrn2. Додајте малку јаболков оцет. На една од чашите вода што ќе ги пиете, додајте една лажица јаболков оцет. Нема да биде вкусно, но ќе ви помогне да исчистите дел од слузниците.rnrn3. Спијте повеќе. Бактериите кои предизвикуваат грип и настинки, се присутни насекаде. Вашиот најдобар пријател, покрај редовното и правилно миење на рацете, е спиењето неколку часа повеќе секоја вечер, така што вашето тело ќе биде спремно да се бори со вирусите.rnrn4. Релаксирајте се со некои песни. Уште подобро, наполнете ја кадата со топла вода, запалете неколку свеќи и пуштете ги омилените песни. Пареата дополнително ќе ви помогне да се опуштите.rnrn12 работи кои треба да ги правите кога имате настинкаrnrn5. Гледајте филмови. Како да поминете интересно во времето кога сте во кревет? Пуштете си некои филмови кои ќе ве релаксираат, а по можност и да ве насмеат, па ќе се чувствувате многу подобро.rnrn6. Читајте книги. Кога ќе се чувствувате презаситени од филмовите, одморете се со читање некоја книга.rnrn7. Консумирајте супа. Таа ќе ви помогне да ги исчистите грлото и затнатиот нос.rnrn8. Испланирајте патување. Користете го времето поминато во кревет за да ја испланирате вашата следна дестинација за патување откако ќе оздравите.rnrn12 работи кои треба да ги правите кога имате настинкаrnrn9. Внесувајте цинк. Иако ова нема да ве заштити од настинка, истражувањата покажале дека цинкот помага за скратување на нејзиното времетраење.rnrn10. Исчистете си го умот. Обидете се да медитирате и да се опуштите. Не само што ќе си помогнете со расположението по сето време поминато во седење и лежење, туку исто така ќе си ја намалите и анксиозноста која сигурно сте ја чувствувале во тој период.rnrn11. Користете навлажнувач за воздухот. Ова нека ви биде најдобриот пријател во времето кога имате настинка. Тоа ќе ви помогне да дишете полесно, а ќе ја направи помека и вашата кожа.rnrn12. Покријте го црвенилото. Откако ќе се чувствувате подобро, ставете малку коректор на црвенилото на лицето, при што ќе сокриете дека сте поминале неколку напорни денови, заглавени во вашиот дом.rnrn12 работи кои треба да ги правите кога имате настинка

  • 7 клучни чекори за оваа сезона да се заштитите од грип

    7 клучни чекори за оваа сезона да се заштитите од грип

    Грипот значи различни нешта за различни луѓе. За оние кои имаат одлично здравје, оваа сезонска болест најчесто е само една блага нервоза, но за оние кои имаат намален имунитет, многу лесно може да се претвори во ситуација на живот или смрт. Токму затоа погледнете ги следниве 7 клучни чекори кои ќе ви помогнат да останете здрави и да го намалите ризикот од ширење на болеста за време на сезоната на грип.rnrn7 клучни чекори за оваа сезона да се заштитите од грипrn

    1. Примете вакцина за грип

    rnВакцината за грип е еден од најлесните и најважните начини да останете здрави за време на оваа сезона. Таа не е совршена, бидејќи производителите не можат однапред да предвидат кои видови од оваа болест ќе бидат најактивни, но сепак може значително да ви ги намали шансите за разболување. Бидејќи грипот може да биде особено смртоносен за малите деца и постарите, многу е важно тие да ја добијат својата вакцина, како и сите кои имаат редовен контакт со нив.rn

    2. Мијте ги вашите раце

    rnНа рацете се собираат голем број бактерии во текот на денот, особено кога се ракувате со други луѓе или пак, допирате кваки. Многу е важно да ги миете вашите раце редовно со топла вода и сапун за да го намалите ширењето на болеста. Потребни се само 30 секунди миење со цел соодветно да ги отстраните сите бактерии кои можат да ви наштетат.rn

    3. Избегнувајте да го допирате вашето лице

    rnКожата прави одлична работа при одржувањето на бактериите надвор од вашето тело. Но, допирањето на лицето им овозможува шанса на овие бактерии да го најдат својот пат во вашето тело преку очите, носот и устата. Токму затоа време е да престанете со оваа навика која игра огромна улога при одржувањето на здравјето за време на сезоната на грип.rn

    4. Избегнувајте ги болните луѓе

    rnКолку што можете, избегнувајте директен контакт со кој било болен. Ова е понекогаш тешко да се направи, особено кога станува збор за наставници или доктори, но многу е важно да го сведете контактот на минимум. Оние кои имаат најголем проблем со имунитетот, треба да размислат и да носат маска со цел да се заштитат.rn

    5. Грижете се за себе доколку се чувствувате лошо

    rnБез разлика колку внимавате, понекогаш сепак се разболувате. Кога тоа ќе се случи, многу е важно да останете дома со цел да избегнете да ги инфицирате останатите. Сè додека вашата состојба не се подобри, не одете на работа или на училиште. Дехидрацијата игра огромна улога кај грипот, па затоа погрижете се и да пиете многу течности.rn

    6. Кивајте или кашлајте во внатрешноста на лакотот за да ги задржите бактериите

    rnСо кивањето вие можете да плукнете бактерии и до 60 метри оддалеченост, па токму затоа е многу важно да ги задржите. Доколку кивате во вашите дланки, вие повторно ризикувате да ги пренесете понатаму кога ќе допрете нешто или некого, па затоа е и најдобро да кивате во внатрешноста на вашиот лакт.rn

    7. Погрижете се да ги пиете соодветните медикаменти

    rnИнфлуенцата е вирус, што значи дека антибиотиците нема многу да ви помогнат. Сепак, постојат антивирали кои можат да ви помогнат да го третирате грипот. Посетете го вашиот доктор со цел да откриете кои се најдобрите за вас и земете ги на рецепт.

  • Како да разликувате настинка од грип?

    Како да разликувате настинка од грип?

    Сите луѓе поминуваат барем низ една настинка во текот на годината, па токму затоа секој човек без размислување ќе ви каже дека тие се непријатни, но целосно безопасни. Но, кога станува збор за грип, навистина е потребно да се обрне повеќе внимание, бидејќи тој го ослабува телото и го изложува на бактерии кои можат да предизвикаат низа компликации.rnrn И настинката и грипот се предизвикани од вирус, па поради сличните симптоми понекогаш може да се случи да не се разликуваат. Токму затоа погледнете ги наредниве 5 разлики кои ќе ви помогнат да откриете дали станува збор за настинка или грип…rnrnКако да направите разлика помеѓу настинка и грип?rn

    1. Кога почнуваат првите симптоми?

    rnПрвите знаци за настинка се јавуваат ден, два по контактот со вирусот и најчесто започнуваат со чувство на горење во грлото кое постепено се влошува.rnrnГрипот се појавува нагло, тој за само неколку часа може да ве претвори од здрава и енергична личност во личност која едвај стои на своите нозе.rn

    2. Кои симптоми се најслични?

    rnБолките во грлото и раздразнетиот нос се првите симптоми кои се појавуваат и кај двата вируса. Но, тоа се случува со една голема разлика. Кај настинката, проблемите со носот обично започнуваат по исчезнувањето на болките во грлото. Тие постепено стануваат поголеми, каде што провидниот исцедок станува густ и жолт и целосно го блокира вашиот нос. Но, по 5-от ден ситуацијата полека се смирува и се враќа во нормала.rnrnГрипот не созрева на овој начин. Исцедокот во вашиот нос останува ист, без да ја промени својата содржина, додека кашлањето е суво и непродуктивно. Високата температура, малаксаноста, болката во зглобовите и мускулите како и губењето апетит се симптоми кои секогаш се појавуваат со грипот.rn

    3. Телесната температура ви открива дали станува збор за настинка или грип

    rnБлокадата на носот и чувството на истоштеност кои настануваат поради оптоварување на дишните патишта кај настинката доведуваат до главоболка и мала треска.rnrnКога станува збор за грипот, овие симптоми се многу поинтензивни и може да се случи вашето тело да качи температура и до 40 степени.rn

    4. Кога е време за мирување и лежење во кревет?

    rnВо зависност од вирусот кој ја предизвикал настинката, се разликуваат и самите симптоми. Некогаш се појавува слабост и тресење, но тие се појавуваат постепено. Лежењето во кревет не е толку важно, бидејќи личноста со настинка може да функционира нормално. rnrnЗа разлика од настинката, симптомите на грипот се манифестираат во облик на црвенило и солзи, додека пак кожата изгледа влажна и одржува висока температура. Болките во зглобовите, губењето апетит, раздразливоста, чувствителноста на телото на допир и исцрпеноста на телото предизвикуваат потреба за одмор. Кога станува збор за грип, важно е да се одмара и лежи во кревет и да се има минимален контакт со околината, со цел да му овозможите на вашето тело повеќе енергија за борба.rn

    5. Колку долго трае настинката/грипот?

    rnНајсилните симптоми на настинката се појавуваат обично 2 до 3 дена по првите симптоми, додека најлошото поминува во текот на една недела. Таа целосно исчезнува во текот на неколку недели по заболувањето.rnrnГрипот целосно го исцрпува телото, па болките и уморот можат да се задржат и со недели по појавата на првите симптоми. Физичката активност во тој период станува тешка, па токму затоа личностите кои се обидуваат да бидат поактивни многу се потат и брзо се исцрпуваат. Грипот дополнително го ослабува организмот, па токму затоа може да предизвика зголемени болки во областите кај стомакот, цревата, зглобовите, мускулите или мозокот. Доколку се случи во телото да продрат и бактерии, тогаш има сериозна опасност од воспаление на белите дробови.rn