КАФЕ ПАУЗА

Tag: грип

  • Победете го грипот со помош на храната

    Победете го грипот со помош на храната

    Во сезоната на настинки, повеќето луѓе се одлучуваат за пилешка супа кога ќе ги забележат првите симптоми на грипот. Но, ова не е единствената храна со која можете да го победите грипот. Витамините А, Ц и Е, како и некои други хранливи материи кои се наоѓаат во одредени видови храна, се исто така важни за зајакнување на имунитетот.rnrnПобедете го грипот со помош на хранатаrn

    Црвена пиперка

    rnВитаминот Ц не само што се бори против грипот, туку и ги намалува тежината и времетраењето на симптомите. Вкусната црвена пиперка содржи двојно повеќе витамин Ц во споредба со портокалот, а освен тоа може да биде и составен дел на многу јадења.rn

    Моркови

    rnСпоред едно велнес истражување направено во Њујорк, жолтиот и портокаловиот зеленчук, како што се морковите, соджи големи количетво на бета-каротин. Ова соединение се претвора во витамин А и им помага на клетките во зајакнувањето на имунитетот.rnrnПобедете го грипот со помош на хранатаrn

    Сладок компир

    rnКако морковите, така и слаткиот компир спаѓа во групата на жолт и портокалов зеленчук. Уште една заедничка работа на слаткиот компир и морковот, е големото количество на бета- каротен кој, претворајќи се во витамин А, се бори против респираторните болести. Слаткиот компир е најдобро да се користи во супи и салати.rn

    Бадеми

    rnОвие популарни јаткасти плодови се одличен извор на витамин Е, кој всушност претставува антиоксидант кој се бори против грипот. Најдобро е бадемите да се консумираат како ужина помеѓу оброците или како засилувачи на вкусот во одредени јадења.rnrnПобедете го грипот со помош на хранатаrn

    Пилешка супа

    rnПилешката супа е одличен лек за болниот организам од повеќе причини. Пилешката супа содржи многу зеленчук кој е идеален во борбата против грипот. Таа исто така, има и антивоспалителни својства и го намалува производството на слуз и отокот во грлото. Освен тоа, пилешката супа привремено ја зголемува телесната температура, што исто така помага во борбата против инфекциите. Пилешката супа важи за вистински лек за душата во зимските денови, а она што е убаво за душата, е добро и за телото.rn

    Лук

    rnСулфурните соединенија кои ги содржи лукот се покажаа како вистински борци против грипот. Но, едно истражување во Америка покажало дека лукот е најдобро да се косумира само како додаток во јадењето, затоа што дозата на сулфурни соединенија кои тој ги содржи, е доволно голема за да му влијае на организмот.rnrnПобедете го грипот со помош на хранатаrn

    Ѓумбир

    rnПриродната состојка која се наоѓа во свежиот ѓумбир може многу да помогне во борбата против грипот. Користете го овој корен како зачин во јадењата и ќе бидете изненадени од неговиот ефект.rn

    Печурки

    rnДодатокот без кој не може да се замисли ниедна пица содржи големо количество на селен кој пак, им помага на белите крвни клетки да произведуваат цитокини, за да се борат против грипот. Освен ова, печурките се одговорни и за создавање на бета-глукан, антимикробен вид шеќер, кој исто така се бори против разни инфекции.rnrnПобедете го грипот со помош на хранатаrn

    Лосос

    rnЛососот е одличен извор на Омега 3 масни киселини и на рибино масло, кои се покажаа како многу делотворни во зајакнувањето на имунитетот. Оваа риба може да се консумира како главно јадење, но и како додаток во салата.rn

    Темно чоколадо

    rnГолемата доза какао која во себе ја содржи темното чоколадо, ги поттикнува клетките да се борат против грипот и да го подобрат имунолошкиот систем на организмот. Доволно е да изедете само неколку коцки темно чоколадо или да го измешате во некој вкусен десерт.rnrnПобедете го грипот со помош на хранатаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 7 здрави навики за да ги избегнете настинките

    7 здрави навики за да ги избегнете настинките

    Колегата до вас цел ден кашла, а децата, само што ги земавте од градинка почнаа да киваат. Дали е возможно да не ги прeфатите нивните бактерии? Комбинацијата од неколку превентивни мерки може да ви помогне да се заштитите од сезонските вируси и настинки.rnrn7 здрави навики за да ги избегнете настинкитеrnrnРацете постојано нека ви бидат чисти. Сите го знаеме ова, но навистина успева. Бидејќи несвесно постојано го допираме лицето со нив, честото миење на рацете ќе ги заштити очите, устата и носот од бактериите. Рацете задолжително треба да се мијат пред јадење или пред подготвување храна, после допирање на некој канцелариски уред, земање работи од шкаф или полица, подигање пари од банкомат или пиење кафе од кафемат. Важно е рацете да се мијат и доколку допрете места кои дневно ги допираат многу луѓе, како што се копчиња од лифт или кваки од врати. Навиката треба да се создава од најмали години, па штом си дојдат вашите деца дома од градинка или училиште, веднаш измијте им ги рацете.rnrnПри миење раце не треба да се брза, па така многу луѓе не ги тријат рацете доволно. Мијте ги рацете барем 20/30 секунди, а задолжително внимавајте на задниот дел од рацете и просторот помеѓу прстите. Сапунот помага да ги отстраните бактериите и маслата од клетките на кожата. Употребувајте топла вода, бидејќи помага сапунот повеќе да се распени. Практикувајте течен сапун, бидејќи на обичниот можно е да бидат насобрани бактерии.rnrnУпотребувајте течност за дезинфекција на рацете. Миењето со вода и сапун е подобро, но течноста за дезинфекција е многу ефективна доколку не се наоѓате во близина на тоалет. Чувајте едно шишенце на вашето биро за да ве потсетува често да го употребувате во текот на денот. Не штедете го, сипете поголема количина и убаво тријте на целите дланки, додека не ви се исушат. Влажните марамчиња исто така се опција, но со нив не можете да ги отстраните сите бактерии.rnrnИзбришете ги површините со кои сте во допир во поголемиот дел од денот. Како прво нешто наутро, со крпа и антибактериско средство избришете ги работното биро, тастатурата и глувчето од компјутерот, телефонот и останатите уреди во канцеларијата особено доколку ги делите со колегите. Бидејќи ги шириме бактериите пред да покажеме симптоми дека се разболуваме, ваквата заштита претставува едноставна мерка на претпазливост.rnrn7 здрави навики за да ги избегнете настинкитеrnrnНе опуштајте се, дури ни дома. Иако сите имаме тенденција, кога сме дома да не внимаваме многу на овие работи, сепак домот е едно од главните места каде што се шират болестите. Дома сме во поблизок контакт со луѓето, поминуваме многу повеќе време на едно место, па дури и често не ги бришеме површините од сопствените бактерии. Но, во домот многу лесно некој друг може да донесе бактерија, а вие лесно да ја добиете преку рачката од фрижидерот, преку далечинскиот управувач, тастатурата од компјутерот и од многу други места.rnrnУпотребувајте проверени работи. Не секој продукт што го употребувате може да има еднаков ефект. Доколку сакате да ги уништите бактериите, вас ќе ви бидат потребни средства за дезинфекција регистрирани од „EPA“ (Агенција за заштита на средината). На етикетата на средствата проверете дали тие имаат регистрациски број од агенцијата.rnrnБидете добри со вашето тело, вежбајте, јадете и спијте доволно за да го одржите имунитетот силен. Исто така, одлично би било доколку ги откажете цигарите. Пушењето ги зголемува шансите да се разболите, бидејќи создава, структурални промени во респираторниот тракт и го нарушува имунолошкиот систем. Дури и седењето во задимена просторија ви ги зголемува шансите за разболување.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.