КАФЕ ПАУЗА

Tag: грејпфрут

  • Зошто треба почесто да консумирате грејпфрут?

    Зошто треба почесто да консумирате грејпфрут?

    Грејпфрутот е тропско цитрусно овошје богато со хранливи материи, антиоксиданси и влакна. Во продолжение прочитајте за здравствените придобивки од секојдневното консумирање грејпфрут.rnrnЗошто треба почесто да консумирате грејпфрут?rn

    1. Нискокалорично овошје, но богато со хранливи материи

    rnГрејпфрутот е одлична намирница што треба да ја вклучите во вашето секојдневно мени. Тоа е затоа што има многу хранливи материи, но има малку калории. Содржи значителна количина на влакна, витамини, минерали и антиоксиданси.rn

    2. Го подобрува вашиот имунолошки систем

    rnРедовното консумирање на грејпфрут може да биде корисно за вашиот имунолошки систем. Тоа се должи пред сè на големата количина на витаминот Ц кој се содржи во ова овошје. Витаминот Ц, од друга страна, има антиоксидантски својства кои ги штитат вашите клетки од штетни бактерии и вируси.rn

    3. Може да помогне при намалување на телесната тежина

    rnГрејпфрутот содржи влакна, соединенија кои ви помагаат да се чувствувате сити и на тој начин ви помага да го намалите внесот на калории во организмот. Освен тоа, тој содржи и многу вода, поволна карактеристика кога станува збор за намалувањето на телесната тежина. Затоа, обидете се да го вметнете во вашето секојдневно мени.rn

    4. Може да го подобри здравјето на срцето

    rnСе смета дека редовното консумирање грејпфрут го подобрува здравјето на срцето преку намалување на факторите на ризик за срцеви болести, како што се високиот крвен притисок и холестеролот. Со други зборови, грејпфрутот содржи хранливи материи и антиоксиданси кои помагаат во заштитата на срцето со регулирање на крвниот притисок и нивото на холестерол.rn

    5. Содржи моќни антиоксиданси

    rnГрејпфрут содржи неколку различни типови антиоксиданси кои обезбедуваат различни здравствени придобивки, вклучително и намален ризик од неколку болести. Антиоксидансите ги штитат вашите клетки од оштетување предизвикано од слободните радикали, нестабилни молекули кои можат да предизвикаат штетни реакции во вашето тело.rn

    6. Може да го намали ризикот од камења во бубрезите

    rnКонсумирањето грејпфрут може да го намали ризикот од појава на камења во бубрезите, кои произлегуваат од таложење на отпадни материи во бубрезите. Овие отпадни материи се продукти на метаболизмот кои обично се филтрираат низ бубрезите и се отстрануваат од телото со урина. Меѓутоа, кога ќе се кристализираат во бубрезите, тие стануваат камења. Поголемите бубрежни камења може да предизвикаат блокада на уринарниот систем, што може да биде неверојатно болно. Од друга страна, лимонската киселина во грејпфрутот може да помогне да се намали формирањето на бубрежни камења.rn

    7. Поволно влијае врз кожата

    rnВитаминот Ц кој се содржи во грејпфрутот ја штити кожата од сончевите зраци, стареење и воспаление. Витаминот Ц често се користи во серумите за заздравување на кожата, за осветлување на темните дамки и за измазнување на кожата. Грејпфрутот содржи лимонска, јаболкова киселина и винска киселина. Сите тие често се користат во производите за нега на кожата поради нивните различни придобивки, вклучувајќи подобрена текстура и еластичност на кожата.rnrnОткако прочитавте за здравствените придобивки од грејпфрутот, можеби ќе сакате да прочитате и зошто е важно антиоксидансите да бидат дел од вашата секојдневна исхрана.rnrnИзвор: healthline.com

  • Расте во гроздови, го спречува дејството на лековите: 10 работи што не сте ги знаеле за „забранетото овошје“

    Расте во гроздови, го спречува дејството на лековите: 10 работи што не сте ги знаеле за „забранетото овошје“

    Грејпфрутот може да има дијаметар до 15 сантиметри и да тежи до 1,5 килограми, а во Барбадос го нарекуваат и едно од седумте чуда.rnrnРасте во гроздови, го спречува дејството на лековите: 10 работи што не сте ги знаеле за „забранетото овошје“rnrnМожете да направите брз десерт од грејпфрут со само неколку состојки. Измешајте 2 лажици шеќер и 3 лажици бел рум и варете додека количината не се намали на 2 лажици. Потоа, прелијте ги парчињата грејпфрут, оставете ги 10 минути и послужете со шлаг, морско оревче и јагоди.rnrnВо продолжение прочитајте 10 интересни факти за ова необично агрумово овошје.rnrn1. Грејпфрутот настанал како природен хибрид на Барбадос, поради што е еден од симболите на островот, каде што е познат и како „забрането овошје“. Исто така, се нарекува едно од седумте чуда на Барбадос.rnrn2. Грејфрутот го добил своето име од англискиот збор за грозје (grape) затоа што расте во гроздови исто како грозјето.rnrn3. Џејмс Мекфадиен во 1837 година погрешно го опишал грејпфрутот како „мутација на помело“, за подоцна да се потврди дека станува збор за хибрид од портокал и помело.rnrn4. Ова цитрусно овошје не било популарно поради горчливо-киселиот вкус и затоа првично се користело само како украс, особено поради убавите лисја.rnrn5. Грејпфрутот содржи соединенија што можат да влијаат на апсорпцијата на лековите. Тие или го подобруваат дејството на лекот или го намалуваат. Ова особено се однесува на лековите за висок крвен притисок, срцева аритмија, алергии и лекови против анксиозност и нервоза.rnrn6. Големиот грејпфрут може да има дијаметар до 15 центиметри и да тежи до 1,5 килограми. Месото е поделено на 8-11 парчиња, а вкусот варира од сладок до кисел и горчлив.rnrn7. Сокот од грејпфрут и мрсната, пржена храна е идеална комбинација. Активните состојки на грејпфрутот ја намалуваат апсорпцијата на мрснотиите, па затоа нема да се здебелите.rnrn8. На едно дрво грејпфрут може да има до 680 килограми од ова овошје.rnrn9. Дури 92% од грејпфрутот е вода, што е меѓу највисоките проценти во споредба со другите овошја.rnrn10. Само половина грејпфрут содржи повеќе од половина од препорачаната дневна доза на витамин Ц, па затоа е добро да го јадете секојдневно.rnrnПрочитајте како да ги искористите лековитите својства на босилекот.

  • За утрото да биде повеќе од добро: 8 производи за здрав појадок

    За утрото да биде повеќе од добро: 8 производи за здрав појадок

    Појадокот е најважниот оброк во текот на денот, па затоа е многу важно да го направите најздравиот избор на производи.rnrnrn

    1. Јајца

    rnОвој производ содржи 13 корисни хранливи состојки, вклучувајќи ги важните протеини. Исто така, жолчката е богата со витамин Б, кој е многу важен за помнењето, но содржи и лутеин и зеаксантин, кои поволно влијаат на здравјето на очите.rn

    2. Кафе

    rnИако преголемата количина кафе нездраво влијае врз здравјето, една шолја наутро од оваа напивка содржи оптимално ниво на антиоксиданси. Во умерени количини, кафето поволно влијае на здравјето на срцето и мозокот. Исто така, може да го заштити организмот од создавање на рак и дијабетес тип 2.rnrn6-za-utroto-da-bide-povekje-od-dobro-8-proizvodi-za-zdrav-pojadok-kafepauza.mkrn

    3. Банана

    rnОва популарно јужно овошје честопати е неправедно сместено во групата висококалорични производи кои луѓето кои се на диета би требало да го избегнуваат. Меѓутоа, бананите се совршен избор за појадок, со оглед на тоа дека содржат многу хранливи материи. Богати се со влакна, витамин Ц и калиум, а оваа комбинација е совршена за одржување на оптимален крвен притисок.rn

    4. Грејпфрут

    rnУште еден одличен извор на витамин Ц и калиум е цитрусното овошје. Истражувањата кои се спроведени на клиниката „Скрипс“ во Сан Диего, покажале дека консумирањето на половина грејпфрут пред секој оброк, особено пред појадокот, го забрзува губењето на телесната тежина.rnrn5-za-utroto-da-bide-povekje-od-dobro-8-proizvodi-za-zdrav-pojadok-kafepauza.mkrn

    5. Бобинки

    rnБез разлика за кој вид бобинки ќе се одлучите, на организмот ќе му обезбедите многу антиоксиданси, влакна, витамин Ц и помалку калории. Некои истражувања покажале дека бобинките делуваат превентивно на појавата на рак, а може и да ги забават невролошките проблеми кои настануваат во текот на стареењето.rn

    6. Грчки јогурт

    rnИсто како јајцата, и грчкиот јогурт содржи протеини кои го воздржуваат нашиот апетит во текот на денот. Исто така е важен извор на калциум.rnrn3-za-utroto-da-bide-povekje-od-dobro-8-proizvodi-za-zdrav-pojadok-www.kafepauza.mk_rn

    7. Чај

    rnБлагодарејќи на антиоксидансите фалвоноиди, љубителите на чајот уживаат во предностите од состојките кои го чуваат имуниот систем и имаат противвоспалително дејство. Зелениот, црниот и белиот чај, судејќи според некои истражувања, имаат важна улога во превенцијата на ракот, срцевите болести и дијабетесот. Секако, сето ова важи доколку пиете незасладен чај. Чајот има состојки кои предизвикуваат чувство на будност и ни помага да се сконцентрираме.rn

    8. Овесна каша

    rnОваа здрава каша содржи многу влакна и прави да се чувствувате сито. Исто така, овесната каша може да го одржува нивото на холестерол на оптимално ниво. Додадете во кашата банана или бобинки и ќе добиете совршен хранлив појадок, богат со протеини, јаглехидрати и масти.rnrn4-za-utroto-da-bide-povekje-od-dobro-8-proizvodi-za-zdrav-pojadok-www.kafepauza.mk_

  • Имате вишок килограми? Овој напиток ќе ги стопи во рекорден рок!

    Имате вишок килограми? Овој напиток ќе ги стопи во рекорден рок!

    Ако сакате да ја дотерате фигурата пред да дојде летото, сега е идеално време да почнете да размислувате за тоа.rnrnimate-vishok-kilogrami-ovoj-napitok-kje-gi-stopi-vo-rekorden-rok-kafepauza.mkrnrnДоколку сè уште не сте се упатиле во теретана или не сте започнале со диета, не грижете се. Постои начин брзо и ефикасно да ја стесните фигурата на вашето тело. Благодарение на овој рецепт, многу жени успеале да го намалат обемот на струкот за неверојатен 1 см на ден.rnrnОвој напиток ги елиминира вишокот масти и вода во организмот и истовремено го подобрува функционирањето на мозокот, видот и помнењето. Покрај сето тоа, многу е освежителен, па ќе ви годи во топлите денови кои доаѓаат.rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 1 лажичка мед
    • rn011

    • 2 лажички јаболков оцет
    • rn011

    • 1 шолја свежо цеден сок од грејпфрут
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСè што е потребно е да ги ставите сите состојки во блендер и да ги мискате додека не добиете хомогена смеса.rn

    Начин на конзумирање:

    rnОвој напиток би требало да го конзумирате секој ден пред главниот оброк, односно пред ручек или вечера во текот на една недела. После тоа направете пауза од 7 дена, па повторете го третманот.rn

    Екстра совет:

    rnВо случај да не го сакате сокот од грејпфрут, како замена можете да користите и сок од портокал.

  • Коктел за празнична детоксикација

    Коктел за празнична детоксикација

    По празниците ова е тоа што му треба на организмот

    rnКоктел за празнична детоксикацијаrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 1 л вода
    • rn011

    • ½ грејпфрут
    • rn011

    • 1 мандарина
    • rn011

    • 1 краставица
    • rn011

    • 4-6 поголеми листови нане
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnКраставицата исечкајте ја на крукчиња, додека мандарината и грејпфрутот излупете ги и раздвојте ги на резанки. Сите состојки ставете ги во бокал и прелијте ги со водата, и оставете ги да преноќат во ладилник. Наредното утро промешајте го убаво напитокот и испијте го во текот на денот.rn

    Овој напиток е добар за чистење на организмот затоа што:

    rn

      rn011

    • Грејпфрутот е полн со витамин Ц, ги топи мастите и ги претвора во енергија.
    • rn011

    • Мандарината го стабилизира нивото на шеќер во крвта и ја забрзува потрошувачката на калории.
    • rn011

    • Краставицата создава чувство на ситост, ја намалува подуеноста и го чисти телото од токсини.
    • rn011

    • Нането го забрзува и контролира варењето на храната и го смирува желудникот.
    • rn

    rnПрочитајте и за напитокот кој ќе ви помогне да го израмните стомакот по празничните гозби.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Коктел „Влакнеста мишка“ (Hairy Armpit Cocktail)

    Коктел „Влакнеста мишка“ (Hairy Armpit Cocktail)

    Многу едноставен за подготвување, и за чудо, вкусен и освежителен коктел

    rnКоктел „Влакнеста мишка“ (Hairy Armpit Cocktail)rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 50 мл узо
    • rn011

    • сок од грејпфрут
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСтавете три коцки мраз во чаша од 250 мл. Додајте го прво узото, а потоа дополнете ја чашата со сок од грејпфрут. Промешајте добро, а потоа коктелот е спремен за сервирање.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Придобивките од овошјето за вашата кожа и коса

    Придобивките од овошјето за вашата кожа и коса

    Овошјата отсекогаш се сметале за добар извор на витамини. Дури и во некои салони за убавина има понуди со овошни пакети кои служат за негување, зацврстување и освежување на кожата на лицето преку отстранување на мртвите клетки и нејзино прочистување. Но, не секогаш имаме можност да одиме во овие салони и да уживаме во нивните услуги. Поради тоа, погледнете ги наредниве совети со кои без воопшто да излезете од вашиот дом можете да ја искусите придобивката од различните видови овошја на вашата кожа и коса.rnrnПридобивките од овошјето за вашата кожа и косаrnrnБанана – Таа е богата со калиум и содржи витамини Б и Ц кои се навистина добри за вашата кожа. Калиумот помага при омекнувањето на кожата, а истовремено ја тонира и затега. Направете каша од банана, која потоа ќе ја нанесете на вашата кожа исто како што би нанеле маска за лице.rnrnЈаболки – Тие се одлични антиоксиданси и брилијантни тонери на кожата кои ја стимулираат циркулацијата на крвта и ја затегнуваат кожата. Можете да нанесувате секојдневно свеж џус или каша од јаболка. Јаболковиот оцет исто така е од голема корист за вашата коса, бидејќи помага при проблеми со првутот.rnrnПапаја – Таа содржи ензим наречен папаин кој е многу корисен при отстранување на мртвите клетки од кожата. Папајата е одлична за оние луѓе кои имаат потемна боја на лицето, бидејќи ја освежува и осветлува кожата ако ја нанесувате редовно. Можете да направите каша од папаја и да го масирате лицето со неа, или пак да направите мешавина со други додатоци како овесни снегулки или мед за да направите маска за лице.rnrnПортокали – Тие се одличен извор на витамин Ц и се однесуваат како брилијантни прочистувачи на кожата. Исто така со нив можете да ја осветлите и затегнете вашата кожа. Со помош на масирање со кората од портокал или лимон можете да ја отстраните нерамномерната боја на вашето лице.rnrnГрејпфрут – Тој е многу корисен за масна кожа која е склона на акни така што помага при намалување на маснотиите и тонирањето. Има одличен тонирачки и освежувачки ефект на вашата коса, а не може да се занемари и фактот дека длабински ја прочистува. Направете каша од грејпфрут, нанесете ја на вашето лице, почекајте да се исуши и потоа измијте го. Резултатите скоро инстантно се забележуваат.rnrnОва се само мал дел од овошјата кои можете да ги нанесувате на вашата кожа и коса за освежување и враќање на нивниот природен шарм и сјај. Секако постојат многу повеќе кои можат да направат чуда како на пример, манго, јагоди, цреши, лубеница и калинки. Принципот на нанесувањето горе-долу е сличен, сè што е потребно е само да ги употребувате според вашата комоција и нивната достапност.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 најбогати извори на витамин Ц

    10 најбогати извори на витамин Ц

    Автор : Маја ВладимироваrnrnВитаминот Ц му помага на телото во одржувањето на здрави ткива и силен имунолошки систем, како и во апсорпцијата на железо. За витаминот Ц се смета дека е важен сојузник ако се обидувате да ја победите настинката или некоја друга болест, но пак можете паметно да го искористите и како дел од вашата диета.10 најбогати извори на витамин ЦДневната доза на витаминот Ц, која се препорачува да се внесе е 90 милиграми за мажи и 75 милиграми за жени. Внесувањето на овој витамин е навистина важно, па затоа ги издвоивме десетте најбогати извори на витамин Ц.rnrn

    1. Гуава

    rnГуавата е многу богата со витамин Ц – 100 грама од ова овошје содржи дури 228 милиграми витамин Ц и 56 калории. Консумирајте ја свежа или како дел од некој свеж коктел.10 најбогати извори на витамин Цrn

    2. Црвена пиперка

    rnЦрвената пиперка содржи солидно количество на витамин Ц. Во 100 грама свежи исечкани црвени пиперки има 184 милиграми витамин Ц и 20 калории. Доколку ја готвите, количеството на витамин Ц се намалува до 116 милиграми.10 најбогати извори на витамин Цrn

    3. Киви

    rnОва овошје важи за едно од најбогатите со витамин Ц. Едно киви со средна големина има околу 70 милиграми витамин Ц и околу 46 калории. Се препорачува да се консумира свежо или пак како додаток на некој десерт.10 најбогати извори на витамин Цrn

    4. Портокал

    rnПортокалот е синоним за витаминот Ц. Еден портокал со средна големина содржи околу 70 милиграми витамин Ц и 62 калории. Иако многумина очекуваа дека портокалот ќе се најде на првото место, сепак постојат побогати извори на овој витамин.10 најбогати извори на витамин Цrn

    5. Зелена пиперка

    rnОсвен црвената, и зелената пиперка е значително богата со овој витамин. Во 100 грама благи исечкани зелени пиперки има 80 милиграми витамин Ц и само 15 калории, додека во зготвени има 51 милиграми витамин Ц.10 најбогати извори на витамин Цrn

    6. Грејпфрут

    rnГрејпфрутот е нискокалорично овошје, па така во 100 грама има 40 милиграми витамин Ц и 32 калории.10 најбогати извори на витамин Цrn

    7. Сок од свежо исцеден зеленчук

    rnПиењето свежи сокови од зеленчук обезбедува големо количество на хранливи материи, вклучувајќи го и витаминот Ц. Во сок на база на домати, витаминот Ц е застапен со 50 милиграми во 150 милилитри, а ова количество сок содржи 34 калории.10 најбогати извори на витамин Цrn

    8. Јагоди

    rnОсвен тоа што се богати со влакна и антиоксиданси, јагодите се богати и со витамин Ц чие количество во 100 грама изнесува 59 милиграми. Истото количество јагоди содржи 32 калории.10 најбогати извори на витамин Цrn

    9. Зелка

    rnУште еден зеленчук којшто е исто така богат со витамини е зелката. Таа содржи 36 милиграми витамин Ц. Во 100 грама свежа зелка има 25 калории. Освен со витамин Ц, зелката е многу богата и со витамин К.10 најбогати извори на витамин Цrn

    10. Диња

    rnЕдна четвртина од диња со средна големина содржи 47 милиграми витамин Ц и 50 калории.10 најбогати извори на витамин Ц
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Крвава оранжада

    Крвава оранжада

    Направете ја оваа неверојатно ароматична, цитрусна освежителна оранжада. Освен што ќе ве освежи, нејзината боја дефинитивно ќе ве инспирира.Крвава оранжадаПотребно е:rn

      rn011

    • 3/4 шолја минерална вода
    • rn011

    • 3/4 шолја свежо цеден сок од црвен грејпфрут
    • rn011

    • 1/4 шолја свежо цеден сок од портокал
    • rn011

    • 3/4 шолја мраз
    • rn

    rnПодготовка: Исцедете ги портокалите и грејпфрутот. Крвава оранжадаКрвава оранжадаИзмешајте ги соковите. Земете висока стаклена чаша и наполнете ја до половина со цедениот сок. Крвава оранжадаДополнете ја чашата со минерална вода. Ставете неколку коцки мраз.Крвава оранжадаКрвава оранжада Ставете цевка и декорирајте со неколку кришки грејпфрут.Крвава оранжадаКрвава оранжада
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn