КАФЕ ПАУЗА

Tag: графика

  • Глобалните проблеми прикажани преку олимписките кругови

    Глобалните проблеми прикажани преку олимписките кругови

    Бразилецот Густаво Соуса е уметник и креативен директор на лондонската компанија Mother London. Во екот на одржувањето на Олимпијадата во Лондон тој ги создал овие графики кои преку олимписките кругови ги прикажуваат дел од најголемите глобални проблеми со кои денес се справува човештвото. Темите кои тој ги опфаќа варираат од општи податоци поврзани со бројот на светската популација, па сè до малку познати факти кои укажуваат да проблемите со прекумерната тежина кај луѓето и поседувањето оружје.rn
    rn

    „Олимписките кругови претставуваат симбол на здрава конкуренција и заедништво, но знаеме дека светот не е совршен. Признавањето на разликите веројатно е првиот чекор кон постигнување на некаква рамноправност,“ ги објаснува Густаво своите дела.

    rn

    Глобалните проблеми прикажани преку олимписките кругови
    Луѓе со прекумерна тежина
    rnrnКолекцијата на Густаво има едноставно име – океанијаевропаамерикаафрикаазија. Содржи 16 различни графики, по една за секој ден од игрите. При тоа, се обидел малку да си поигра со гледачите со тоа што ги размешал боите кои ги означуваат континентите.rn
    rn

    „Не открив која боја на кој континент се однесува затоа што можете сами да сфатите додека „ги читате“ графиките. Сметав дека процесот на откривање ќе биде интересен,“ вели тој.

    rnЗа да не се мачите сами да откривате, во неговите дела сината боја ја означува Океанија, жолтата е Африка, црната е за Европа, зелената ја означува Азија, а црвената Америка.rnrn

    Глобалните проблеми прикажани преку олимписките кругови
    Процент на домаќинства кои поседуваат телевизор
    rnrn
    Глобалните проблеми прикажани преку олимписките кругови
    Сопственици на оружје
    rnrn
    Глобалните проблеми прикажани преку олимписките кругови
    Трошоци за воени цели
    rnrn
    Глобалните проблеми прикажани преку олимписките кругови
    Убиства
    rnrn
    Глобалните проблеми прикажани преку олимписките кругови
    Број на затвореници
    rnrn
    Глобалните проблеми прикажани преку олимписките кругови
    Баратели на азил
    rnrn
    Глобалните проблеми прикажани преку олимписките кругови
    Луѓе – носители на ХИВ вирусот
    rnrn
    Глобалните проблеми прикажани преку олимписките кругови
    Број на милијардери
    rnrn
    Глобалните проблеми прикажани преку олимписките кругови
    Број на население
    rnrn
    Глобалните проблеми прикажани преку олимписките кругови
    Број на католички свештеници
    rnrn
    Глобалните проблеми прикажани преку олимписките кругови
    Број на ресторани на МекДоналдс
    rnrn
    Глобалните проблеми прикажани преку олимписките кругови
    Смртност кај децата
    rnrn
    Глобалните проблеми прикажани преку олимписките кругови
    Емисија на јаглерод диоксид по глава на жител
    rnrn
    Глобалните проблеми прикажани преку олимписките кругови
    Количина на отпад ризилен по здравјето
    rnrn
    Глобалните проблеми прикажани преку олимписките кругови
    Процент на продажба на Кока Кола

    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Една соба во безброј варијанти

    Една соба во безброј варијанти

    Нели би било кул да имате различен изглед на вашата дневна или детска соба секој ден, која ќе ја менувате во согласност со вашето моментално расположение и стил? Момците кои себеси се нарекуваат Mr. Beam, целосно ја искористуваат технологијата на проектирано мапирање, комбинирајќи подвижни графики и физички простор. Со помош на 3Д мапирање, тие претвораат една обична бела соба во многу различни варијанти. Собата е всушност целосно искористена како основа врз која се проектираат фантастични детали, кои делуваат реално.rnrnЕдна соба во безброј варијантиrnrnТехниката им овозможила да ги контролираат боите, шарите и текстурите на сиот мебел во собата, вклучително и на тепихот и на ѕидовите. Сета работа е завршена само со помош на 2 проектори.rnrnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Водич: Облекувајте се како Пејтон Соер

    Водич: Облекувајте се како Пејтон Соер

    Љубителите на тинејџ-серијата „Три Хил“ (One Tree Hill) сигурно имаат по еден омилен лик на кој му се воодушевуваат. Доколку за девојките тоа е Пејтон Соер, која ја глуми Хилари Бартон, следува водич кој ќе ви помогне да го разберете нејзиниот стил и воедно да го примените на себеси.Водич: Облекувајте се како Пејтон СоерПејтон започна како млада навивачка која заплива во водите на музичката индустрија и се разви во сопственик на продуцентска куќа. Заедно со овие промени во нејзиниот живот, се трансформираше и нејзиниот стил. Но, без оглед на промените во нејзиниот живот, таа секогаш остана доследна на нејзиниот креативен вкус и стил.Водич: Облекувајте се како Пејтон Соер

    rnrn

    Стилот на Пејтон

    rn

    Пејтон има уникатен стил кој е комплетно во согласност со нејзината личност. Имајќи го ова предвид, нејзиниот стил е во тотална спротивност со стилот на нејзината најдобра другарка Брук Дејвис, кој го одликуваат тесни фустани и кратки јакнички.Водич: Облекувајте се како Пејтон СоерОбожавајќи рок енд рол маички со графики, фармерки со цепаници и маички без ракави, стилот на Пејтон претставува совршена комбинација од гранџ и старовремското, што е соодветно за тренди личност од музичката индустрија.Водич: Облекувајте се како Пејтон Соер

    rnrn

    Изгледот на Пејтон преку ден

    rnВо текот на денот, изгледот на Пејтон се базира на удобност. Ретко кога денски можеме да ја видиме во нешто друго освен во фармерки кои најчесто се комбинирани со памучна маица или маичка без ракави, така добивајќи целосно безгрижен изглед.Водич: Облекувајте се како Пејтон СоерЗа разлика од елегантниот стил на Брук, Пејтон е пример за „девојка од соседството“ која претставува модна инспирација за секоја тинејџерка. Нејзиниот изглед е секогаш лежерен, но исто така нагласен со некои специфични детали како на пример некое нежно синџирче околу вратот или стар пар патики од Converse.Водич: Облекувајте се како Пејтон Соерrn

    Изгледот на Пејтон навечер

    rnМузичкото влијание во стилот на Пејтон особено доаѓа до израз кога таа излегува во барови и музички клубови. Нејзиниот избор се најчесто тесните фармерки и маиците со старовремски изглед, но така тонирани за да делува модерно и тренди.Водич: Облекувајте се како Пејтон СоерЗа да преземете нешто од стилот на Пејтон, почнете да „копате“ во дуќаните по маици со графики кои делуваат старовремско. Нејзиниот рокерски стил ќе го добиете доколку искомбинирате некоја од вашите омилени старовремски маици со тесни црни фармерки, кои задолжително треба да ги надополните со нежен долг накит околу вратот во повеќе слоеви.rnrn

    Изгледот на Пејтон на работа

    rnДобро е што во работата на Пејтон не постои некој правилник за облекување. Исто како и за дневните и за вечерните прилики, и за на работа таа се потпира на фармерките како основа за нејзиниот изглед. Во комбинација со кошулки кои се закопчуваат до врвот или поелегантни блузички, избледениот тексас изгледа и тренди, но и професионално.Водич: Облекувајте се како Пејтон СоерКога не носи панталони, Пејтон избира прилепени фустани или мини здолништа, комбинирајќи ги со структурирани јакнички од тексас или антилоп. Поентата е да се најде вистинскиот баланс помеѓу рокерско-елегантниот и младалачко-старовремскиот изглед.rnrn

    Личноста на Пејтон

    rnЗа да поседувате одреден стил, треба да имате личност која ќе се согласува со него. Пејтон е уметничка душа која се изразува себеси преку цртањето, слуша многу панк, рок и алтернативни бендови, при што важни и се зборовите на песните. Понекогаш слуша различна музика, зависно од нејзиното моментално расположение и е верен колекционер на плочи.Водич: Облекувајте се како Пејтон СоерЗа да изгледате како Пејтон, почнете да преземате и елементи од нејзината личност, а потоа внимателно усогласете ги со вас самите. Експериментирајте со разни фризури: изразени или благи брановидни кадрици, разбушавена или дури и исправена коса, дополнете го ефектот со шминката – исцртајте ги долните капаци на очите со креон, употребете маскара и ставете проѕирно или бледо-розеникаво сјајче за преку ден, но бидете смели навечер и ставете црвена сенка на очите комбинирана со светол или јак црвен кармин, без да заборавите и на ружот.Водич: Облекувајте се како Пејтон СоерОва е личноста на Пејтон Соер со нејзиниот специфичен и уникатен, но јасно изграден стил. Доколку се пронаоѓате, почнете да размислувате од каде да почнете. Во спротивно, можеби сепак не сте Пејтон Соер тип, па попаметно би било да позајмите нешто од Блер Волдорф.

  • Надреализмот на Јацек Јерка

    Надреализмот на Јацек Јерка

    Јацек Јерка е роден во Торун, Полска во 1952 година. Студирал ликовна уметност и графички дизајн. Јерка вели дека бил под притисок од страна на неговите универзитетски инструктори да ги одбегнува деталите и реализмот во корист на модата во тоа време – но на крајот сепак не попуштил. Дипломирал на Универзитетот Никола Коперник во Торун, специјализирајќи се за графика. Како уметник, работи од 1980 година до денес.Надреализам на Jacek YerkaНадреализам на Jacek YerkaНадреализам на Jacek YerkaНадреализам на Jacek YerkaНадреализам на Jacek YerkaНадреализам на Jacek YerkaНадреализам на Jacek YerkaНадреализам на Jacek YerkaНадреализам на Jacek YerkaНадреализам на Jacek YerkaНадреализам на Jacek YerkaНадреализам на Jacek YerkaНадреализам на Jacek YerkaНадреализам на Jacek YerkaНадреализам на Jacek YerkaНадреализам на Jacek YerkaНадреализам на Jacek YerkaНадреализам на Jacek YerkaНадреализам на Jacek YerkaНадреализам на Jacek YerkaНадреализам на Jacek YerkaНадреализам на Jacek YerkaНадреализам на Jacek YerkaНадреализам на Jacek YerkaНадреализам на Jacek YerkaНадреализам на Jacek YerkaНадреализам на Jacek YerkaНадреализам на Jacek Yerka

  • Call of Duty: Black Ops

    Call of Duty: Black Ops

    Activison“ навистина се надмина себеси правејќи го новото неверојатно продолжение од видеоиграта Call of Duty. „Black Ops“ на пазарот се појави на 9 ноември и веќе на првиот ден оствари рекорд – 5,5 милиони копии продадени во САД и Велика Британија (360 милиони долари), надминувајќи ја рекордната заработка од 310 милиони за нејзиниот претходник Call of Duty: Modern Warfare 2 (4,7 милиони копии).Call of Duty: Black Opsrn

    Минимални системски побарувања:

    rnОперативен систем: Windows XP, Vista или 7 (Windows 95/98/ME/2000 се неподдржани)rnПроцесор: Intel Core2 Duo E6600 или AMD Phenom X3 8750 или подобарrnМеморија: 2GB RAMrnГрафичка картичка: Shader 3.0 или подобра 256MB NVIDIA GeForce 8600GT / ATI Radeon X1950Pro или подобраrnХард диск: 12GBrnDirectX: DirectX 9.0crnrnПриказната на играта е најдетално осмислена досега, а околу начинот на играње направени се некои благи промени. Сепак, главна улога овој пат се верува дека ќе игра активниот мултиплеер, бидејќи според многумина играта не нуди голема разлика во синглплеер кампањите од нејзините претходни продолженија.rnrnCall of Duty: Black OpsCall of Duty: Black OpsВидеоиграта започнува во 60-тите години на минатиот век, со вас во улога на американскиот специјален оперативец Алекс Масон, кој е измачуван за да биде дознаена неговата улога и поврзаност во контроверзните воени акции, работи на кои тој не се сеќава. Откако му даваат инекција за вистина, Масон открива некои спомени од Студената војна, од Заливот на свињите и Виетнам. Потоа вие играте низ неговите сеќавања, каде повторно го извршувате секој негов потег.Call of Duty: Black OpsГрафиката, дизајнот и звукот воопшто не треба да бидат тема на замерки, иако ова продолжение не беше правено во соработка со „Infinity Ward“, туку со студиото „Treyarch“. Во играта се воведени нови оружја и нови возила кои ќе можат да бидат користени од страна на играчите.rnCall of Duty: Black OpsГлавниот проблем на оваа игра е тоа што можеби премногу се избрза со нејзиното пуштањето во продажба, без комплетно да биде тестирана. Голем број од корисниците останаа разочарани поради техничките пропусти, заради кои на каква било машина оваа игра кочи и сецка. Сепак, деновиве искочи patch кој може да ги среди и покрие овие пропусти, па ќе можете комплетно да уживате во највозбудливата и најдолго очекуваната игра за 2010 година. rnrnНаша оценка: 8.5/10rnrn