КАФЕ ПАУЗА

Tag: говор

  • Истражувањата покажаа дека можете да предвидите раскинување преку начинот на кој зборуваат луѓето

    Истражувањата покажаа дека можете да предвидите раскинување преку начинот на кој зборуваат луѓето

    Зборовите честопати се потценуваат и во многу ситуации не го разбираме влијанието на зборовите врз личноста кон која се упатени.rnrnИстражувањата покажаа дека можете да предвидите раскинување преку начинот на кој зборуваат луѓетоrnrnЗборовите што ги изговара една личност можат да откријат многу работи за таа личност. Едно неодамнешно истражување покажа дека одредени обрасци во говорот можат да посочат на раскинување со месеци однапред. Научниците кои го спровеле ова истражување проучиле повеќе од еден милион објави на социјалната мрежа Редит, објавени од 6 800 корисници кои изјавиле дека раскинале со своите партнери или дека биле оставени.rnrnАнализирајќи гo начинот на изразување во објавите, истражувачите заклучиле дека луѓето кои поминуваат низ раскинување почнуваат да го менуваат своето однесување три месеци пред самото раскинување. Индикатор за прекин на врската не се тажни песни или трогателни цитати, туку посуптилни знаци во говорот. На пример, луѓето кои ќе поминат низ раскинување за неколку месеци почесто ја користат заменката „јас“ и нивните објави стануваат многу полични.rn

    „Ова се јасни знаци дека некој носи одреден товар на размислување, обидувајќи се да го надмине она што го мачи, фокусирајќи се на себе“, вели водачот на истражувањето, Сара Серај.

    rnЛуѓето кои се депресивни или тажни, почесто користат „јас“ во своите изјави затоа што им е тешко да се фокусираат на другите и да се поврзат со другите. Овие промени во говорот се евидентни дури и во теми што не се поврзани со љубовниот живот на лицата кои ќе доживеат раскинување за неколку месеци.rnrnИнтересен е фактот што говорот на луѓето кои раскинале се вратил во нормала во рок од шест месеци по прекинувањето на врската. Но, за некои луѓе, промената траела повеќе од една година и тие го покажале тоа преку чести прераскажувања на раскинувањето, а тоа им го отежнувало закрепнувањето.rnrnЗаклучокот на ова истражување, покрај очигледните промени во начинот на изразување и размислување на човекот, е и фактот дека постојаното повторување на она што довело до раскинување не доведува до заздравување ако личноста нема поддршка од најблиските. Исто така, голем број луѓе не се свесни за промените што укажуваат на тоа дека претстои раскинување. Затоа, ако забележите дека вашите најблиски се фокусирани на себе во говорот, помогнете им, разговарајте со нив и бидете тука за нив. Ако забележите такви промени кај себе, отворете се пред најблиските и не срамете се да ги претворите мислите во реченици со кои ќе споделите што ве мачи.rnrnПрочитајте колку време треба да помине по раскинувањето за повторно да бидете во врска.

  • 10 необични јазици во кои не е вклучен говорот

    10 необични јазици во кои не е вклучен говорот

    Идејата за јазик без говор звучи навистина чудно, но низ историјата луѓето развиле навистина иновативни начини на комуникација без зборување. Самиот концепт не е толку туѓ како што ни изгледа. Морзеовата азбука ја знаат многумина, а знаковниот јазик е нешто што го гледаме навистина често. Покрај овие, постојат и безброј други начини на комуникација без говор што вклучуваат свирење, удари и испуштање звуци.rn

    1. Силбо гомеро

    rn10 необични јазици во кои не е вклучен говоротrnrnСо векови во долините на островот Ла Гомера се користи свирењето како начин на комуникација. Причината е што овде живеат 22.000 уникатни луѓе кои знаат шпански и силбо гомеро, верзија од шпанскиот јазик со свирење. Овој јазик им овозможувал на локалните жители да комуницираат на растојание од над 3 километри уште од 16-тиот век. Јазикот содржи околу 4.000 зборови и го разбираат повеќето луѓе што живеат овде.rn

    2. Сфирија

    rn10 необични јазици во кои не е вклучен говоротrnrnОва е речиси истребен јазик што е стар 2.500 години и денес го разбираат само 6 луѓе во целиот свет. Јазикот звучи како пеење на птици и има уникатен вокабулар и граматика. Јазикот потекнува од грчкиот остров Евиа и веројатно е измислен со цел да ги предупреди локалните жители за пирати. Јазикот бил откриен дури во 1969-та година кога се срушил авион во овој предел и спасувачите ги слушале локалните жители како свиркаат за да се разберат.rn

    3. Монашки знаковен јазик

    rn10 необични јазици во кои не е вклучен говоротrnrnЗамислете си дека сте свештеник со заклетва за молк опкружен со исти свештеници и потполна тишина. Сепак ќе сакате да комуницирате, но не смеете да зборувате. Поради ова во 10-тиот век христијанските свештеници го смислиле монашкиот знаковен јазик. Иако има малку зборови кои најчесто се однесуваат на секојдневни активности во манастирите, постојат многу верзии на овој јазик низ целиот свет.rn

    4. Тропање на воени затвореници

    rn10 необични јазици во кои не е вклучен говоротrnrnПонекогаш и затворениците се присилени да бидат тивки. Американските воени затвореници во текот на Виетнамската војна имале навистина интересен начин на комуникација – со тропање. Овој систем е сличен на Морзеовиот код и вклучувал разен ритам на тропање за разни букви со цел да се добие збор. Иако тропањето се користело за едноставни зборови како „здраво“ или „добра ноќ“, јазикот се употребувал и за комплексни реченици со кои си кажувале како поминувале испрашувањата и што да очекуваат од нив.rn

    5. Којсански кликови

    rn10 необични јазици во кои не е вклучен говоротrnrnКојсанската група јазици потекнува од Африка и вклучува употреба на кликови како согласки. Јазикот се користи со генерации и додека многумина веруваат дека е исчезнат, сепак постојат неколку места на кои се употребува, како пустината Калахари и Танзанија. Всушност холандските колонисти во Јужна Африка биле толку вчудовидени од овие звуци што мислеле дека населението пелтечи.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Едноставни начини да го зголемите вокабуларот на вашето дете

    Едноставни начини да го зголемите вокабуларот на вашето дете

    Од „бебешки“ говор до читање приказни, па сè до кажување на имињата на предметите, нема нешто што не би му помогнало на вашето дете да го развие својот говор. Сепак, за родителите кои сакаат да го забрзаат процесот, или пак за оние кои се загрижени за задоцнет говор, експертот Кели Лелонек споделува неколку совети со кои ќе го збогатите вокабуларот на вашето дете.rnrnЕдноставни начини да го зголемите вокабуларот на вашето детеrn

    На која возраст обично децата преминуваат од кажување 1 збор кон повеќе?

    rnПовеќето деца почнуваат да комбинираат зборови помеѓу 18 и 24 месеци. Тие почнуваат да користат комбинации од 2-3 збора, како на пример „Гледај куче!“ или „Погали го мачето“. До 24 месеци, повеќето деца користат помеѓу 50 и 200 зборови.rn

    Дали „редот“ на раѓање има врска со тоа колку брзо или бавно детето ќе почне да зборува?

    rnВлијанието на „редот“ на раѓање врз говорот сè уште се дебатира. Нема доказ за доцнење на говорот кај децата кои се родени подоцна. Редот на раѓање создава разна средина за учење на јазикот кај секое дете, но тоа не е одлучно.rn

    Што може да биде причината за неразвивање на говорот помеѓу 18 месеци и 2 години?

    rnНарушувањето на развојот на говорот и јазикот е честа причина за доцнење на говорот кај децата. Секогаш треба да се провери и слухот на детето. Интелектуалната неспособност исто така може да предизвика доцнење на говорот. Ако се сомневате во нешто вакво, секогаш консултирајте се со вашиот педијатар.rn

    Кои се најлесните начини со кои родителите може да им помогнат на децата да го подобрат својот вокабулар?

    rnНајпрво, родителите треба да одредат што недостасува во вокабуларот на детето. Детето мора да знае над 50 зборови пред да почне да ги комбинира. Проверете дали вашето дете знае именки, глаголи, придавки, присвојни заменки и прашални зборови. Потоа користете ја стратегијата на „експанзија“. Односно, кога вашето дете ќе каже нешто, повторете го тоа и додајте го зборот што недостасува. На пример, ако вашето дете каже „Куче“, вие кажете „Големо куче“. Ова можете да го правите повеќе пати и секогаш да додавате различни зборови. Целта на родителот треба да биде детето да го стигне следното ниво на комплексност.rn

    Кога е идеално време да се работи на ова?

    rnЗа време на капење, хранење, читање или играње. Односно, кога и да е во текот на денот.rnrnПогледнете ги и зборовите кои ќе направат да звучите попаметно на работното место.

  • Кога ве обесхрабруваат, зборувајте уште погласно!

    Кога ве обесхрабруваат, зборувајте уште погласно!

    Нашата генерација е преполна со рамнодушност. Никој не сака да биде онаа личност што премногу се грижи, па затоа и се однесуваме како за ништо да не ни е гајле. Немојте да му дозволите на друштвото да ве увери дека искреноста е слабост и дека желбите и страстите се потценети.rnrnrnrnЛуѓето ќе се обидуваат да ве уверат дека животот е трка, но грешат. Невозможно е да целосно да се ужива во што било, ако истото го правите од далеку. Вие сте одговорни за сопствената среќа и затоа откријте што е тоа што ве усреќува и опкружете се со тоа. Зграбете ги оние работи што ги сакате и држете ги покрај себе без извинувања.rnrnНемојте да обрнувате внимание на оние што се плашат од вашите емоции. Тие можеби се среќни со начинот на кој живеат, но вие не морате да бидете среќни со нешто што не ви одговара. Вложете време и труд во личност што ќе ја прифати вашата ранливост и побарајте ја онаа што нема да се плаши да ви каже како се чувствува.rnrnПродолжете да го покажувате своето срце на луѓето, без разлика како е тоа прифатено бидејќи во спротивно ќе изгуби вредност во вашите очи. Личноста во која треба да се заљубите ќе го засака вашето срце, а не вашата сенка, а оние што бегаат од вас, ќе ви направат услуга, па возвратете им ја и вие така што храбро ќе тргнете кон иднината.rnrnВие одлучувате како ќе го обоите своите живот, односно дали ќе живеете со весели бои или пак, во сивило. Имате шанса животот да го изградите онака како што вам ви се допаѓа, па кога нешто правите, вложете го целото свое срце во него. А кога ви велат дека не треба да се надевате на нешто, кажете им дека животот без надеж не вреди да се живее.rnrnКога ве обесхрабруваат да го зборувате тоа што го мислите, зборете уште погласно! Побунете се против очекувањата што друштвото ви ги наметнало и покажете им колку навистина се грижите.

  • Најубавиот говор на сите времиња

    Најубавиот говор на сите времиња

    Кога ќе ви го спомнат Чарли Чаплин, сигурно ви текнува на неговите неми филмови. Но дали знаевте дека неговата најдобра изведба како актер содржи еден од најубавите говори од светската кинематографија? Прочитајте го говорот од филмот „Големиот диктатор“ (The Great Dictator) кој веќе 70 години ни кажува дека сите сакаме нешто исто, но не можеме да го постигнеме.rnrnnajubaviot-govor-na-site-vreminja-kafepauza.mkrnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnСите ние сакаме да си помагаме. Луѓето се такви. Сакаме да живееме со среќата на другите, не со нивната мизерија. Не сакаме да се мразиме еден со друг. Во овој свет има место за секого. Земјата е богата и може да произведе доволно за сите. На овој начин животот може да биде слободен и убав, но ние сме го изгубиле нашиот пат…rnrnАлчноста ја труе душата на човекот, го опкружи светот со омраза, ни носи мизерија и крвопролевање. Развивме брзина, но се затворивме во себе. Машините кои ни даваат изобилство, нè оставија со барања. Нашето знаење нè направи цинични, нашиот памет – цврсти и лоши.rnrnНие мислиме премногу, а чувствуваме премалку! Повеќе од машините, нам ни е потребно човештво. Повеќе од памет, нам ни се потребни добрина и нежност. Без овие квалитети, животот ќе остане насилен, а волјата ќе се изгуби. Авионот и радиото нè зближија. Самата природа на овие изуми вика за добрината на човекот, вика за универзалното братство, за единството на сите.rnrnДури и сега моите зборови имаат способност да допрат милијарди луѓе низ светот, милијарди очајни мажи, жени и мали деца, жртви на систем кој го тера човекот да мачи и да затвора невини луѓе.rnrnНа оние кои го читаат ова им велам „Не очајувајте!“rnrnМизеријата која нè опкружува е поминувањето на алчноста, горчината на оние кои се плашат од човечкиот напредок. Омразата ќе помине, диктаторите ќе умрат, а моќта која им ја зеле на луѓето ќе се врати. И сè додека луѓето умираат, слободата нема да постои.rnrnВојници! Не се продавајте на насилници, на оние кои ве поробуваат, кои ги одредуваат вашите животи и ви кажуваат што да правите и да чувствувате. Оние кои ве третираат полошо од добиток и ве користат само како оружје! Не им се давајте на овие неприродни луѓе – луѓе машини со машински умови и срца. Вие не сте машини! Вие не сте добиток! Вие сте луѓе. Вие имате љубов кон човештвото во вашите срца! Вие не мразите! Само оние кои не се сакани мразат. Војници! Немојте да се борите! Залагајте се за слобода!rnrnИднината на човештвото е во рацете на сите луѓе, не на еден или на група луѓе. Во сите луѓе! Во тебе! Вие, луѓето, ја имате моќта, моќта да создадете среќа. Вие, луѓето, ја имате моќта да го направите овој живот слободен и убав, да го направите овој живот прекрасна авантура.rnrnДа се обединиме!rnrnДа создадеме нов свет, свет кој ќе му даде шанса на човекот да работи за вредна идеја, која ќе ѝ даде на младината иднина и безбедна старост. Со ветувањето на овие работи, насилниците ја добиле моќта. Но тие лажат! Тие никогаш не ги исполнуваат ветувањата! И никогаш нема да ги исполнат!rnrnДиктаторите се ослободуваат, но ги поробуваат луѓето!rnrnДа застанеме заедно и да го исполниме тоа ветување! Да застанеме заедно за слободен свет! Да ги отстраниме националните пречки! Да ги отстраниме алчноста, омразата и нетолеранцијата!rnrnДа се обединиме за свет на логика и разбирање, свет каде што науката и напредокот ќе водат кон среќата на секој човек.rnrnЛуѓе, во името на мирот и слободата, да се обединиме!rnrnНикој нема да го направи тоа за нас. Ако сакаме мир, секој од нас треба да го создаде и да го одржува. Не ни се потребни власти да ни даваат дозвола и помош. Ова е идеја и сè што е потребно за нејзино остварување е заедничко работење на луѓето. Не сакам да бидам император. Тоа не е моја работа. Не сакам да владеам или да победам кој било. Сакам да има помогнам на сите ако е тоа возможно.rnrnМи имаат кажувано дека е невозможно… Ним им велам „Сè било невозможно, сè додека некој не се обидел да го проба.“ Постои град во Индија кој се вика Ауровил. Ауровил го направил невозможното и постои од 1960-тите.rnrnКој вели дека Ауровил е границата на она што можеме да го постигнеме?rnrn[/message_box]

  • Научниците потврдија: Вашето куче дефинитивно разбира што му зборувате

    Научниците потврдија: Вашето куче дефинитивно разбира што му зборувате

    Најчесто, кога им се обраќаме на нашите кучиња, го користиме оној тон кој го употребуваме и кога зборуваме со бебиња. Тоа речиси секогаш предизвикува радост кај нашите миленичиња, која не ја кријат од нас.rnrn(1) Научниците потврдија: Вашето куче дефинитивно разбира што му зборуватеrnrnРезултатите од една студија посветена на кучињата и тонот со којшто им се обраќаме, покажуваат дека нашите миленици разбираат многу повеќе отколку што мислиме.rnrnСпоред истражувањето спроведено на Универзитетот Еотвос во Будимпешта, кучињата можат да ги распознаат речникот и интонацијата на човечкиот говор. Тоа значи дека тие имаат способност да го оценат она што сте им го кажале врз основа на зборовите што ги користите и начинот на кој што ги кажувате. Студијата укажува на тоа дека кучињата, како и луѓето, ги користат двете страни од мозокот за да го разберат речникот и тонот, а потоа ги комбинираат информациите и извлекуваат заклучок за значењето на тоа што сте им го кажале.rnrnПоради тоа не изненадува податокот дека кучињата реагираат најдобро кога им се обраќате со премногу позитивен тон, додека истовремено имаат способност да ги препознаат негативните зборови, прекриени со лажен позитивен тон.rnrnЗатоа следниот пат кога ќе му се обратите на вашето куче потрудете се тоа да биде искрено, затоа што не можете да ги измамите овие интелигентни суштества.

  • Урнебесен говор одржан на свадба кој ќе ве насмее до солзи

    Урнебесен говор одржан на свадба кој ќе ве насмее до солзи

    Периодот на свадби сѐ уште трае. Сигурно веќе сте присуствувале на неколку и веројатно ве очекуваат уште толку до крајот на летото. Доколку сте едни од поблиските гости на младоженецот или невестата, можеби од вас е побарано дури и да одржите говор, или, пак, моментот ќе ве понесе, па без никој да ви каже самите ќе се осмелите да застанете и да говорите пред сите присутни. Некои говори се долги и здодевни, други се емотивни и убаво смислени, а некои се неверојатно смешни и досетливи. Во продолжение прочитајте го следниот говор кој несомнено ќе ве насмее до солзи и ќе ви го разубави денот (иако ви не препорачуваме да го искористите како соодветен пример за свадбен говор, бидејќи не гарантираме за последиците)…rnrnУрнебесен говор одржан на свадба кој ќе ве насмее до солзиrnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnДраги гости и роднини, се собравме денес да ги споиме овие две будали, на кои не им беше доволно да ве видат вас како поминавте во бракот, па сакаат и самите лично да се уверат како е. Има идиоти кои повеќе сакаат да учат од своите, отколку од туѓите грешки. Ако, нека им биде…rnrnЗначи, будали…rnrnИмате време уште неколку минути добро да размислите што ви требаше ова, и дали ви требаше.rnrnБракот, покрај тоа што со себе носи и некои убави моменти, носи и една вечна дилема: Дали личноста што стои сега пред вас е онаа вистинската со која би сакале да поминете добар дел од животот?rnrnТоа ќе го сфатите кога ќе ги потрошите парите од свадбата. Или кога некој ќе остане без работа. Или кога некој ќе реши да позајми колбасница од соседот, јајца, или, пак млеко и риба од сосетката… Или што и да се позајмува од соседството, а обично почнува со брашно и шеќер…rnrnТоа што законот вели дека вие сте рамноправни во бракот е далеку од вистината. Секогаш едната будала работи повеќе од другата, секогаш едната будала живее во заблуда, секогаш едната будала мисли дека во бракот дала повеќе емоции, пари, недвижнини, нерви…rnrnГледајте да не бидете токму вие таа будала.rnrnПроверувајте го мобилниот телефон на будалата со која сте стапиле во брак, прегледувајте ги неговите или нејзините имејлови, профили на социјалните мрежи, или најмете некој да го направи тоа наместо вас, доколку сте неспособни…rnrnСакајте се. Барем денес. Глупаво би било утре да зборувате наоколу како не сте биле сакани во бракот.rnrnПовторно ќе кажам да заборавите на рамноправноста. Се знае кој отвора врата, а кој вози трактор. Кој мести антена, а кој вика „Добро е!“.rnrnНе бидете љубоморни. Ако некој решил да ве изневери, ќе го направи тоа и сред бел ден, во лифт, во канцеларија, во тоалетот на железничка станица, аеродром… Каде било. Важно е психички да се подготвите за тоа пред да бидете изневерени. Тоа ќе ви обезбеди мирен сон, под услов да си помогнете малку со некоја хемиска супстанца, не послаба од 5 милиграми.rnrnПоделете ги обврските уште од првиот ден. Потпишете договор за извршување на обврските. Заверете го на нотар. Немојте после да се жалите дека ве боли кичма.rnrnОние кои ви велат дека љубовта трае цел живот, многу ве излажале. Не дозволувајте да живеете во лага. Сакајте се додека трае и после секој по свој пат! Тоа дека работите ќе се поправат со текот на времето е научна фантастика.rnrnИмајте свој став во врска со сѐ и менувајте го само кога тоа е во ваша корист. Не се согласувајте на компромис, освен ако тоа не ви се исплати.rnrnНе ги тепајте децата. Не ви се тие виновни што ве имаат вас за родители. Да бевте подобри и децата би ви биле добри, а вака… Подобро да молчам.rnrnАко и после сѐ ова решивте да се потпишете, јас од срце ви посакувам да заборавите на сѐ она што ви го кажав и можете да продолжите со овој свечен настан. Пијте и забавувајте се таму каде што сте закажале бидејќи веќе и онака плативте однапред, а никој не е блесав да ви ги врати парите.rnrnВи посакувам среќен брак и вечен заеднички живот!rnrn[/message_box]

  • 9 секојдневни реченици кои треба да престанете да им ги кажувате на луѓето

    9 секојдневни реченици кои треба да престанете да им ги кажувате на луѓето

    Ја пофаливте вашата пријателка дека ослабела? Вие можеби мислите дека сте ѝ дале комплимент, но поради таквиот коментар таа може да се почувствува непријатно. Постојат реченици кои секојдневно ги користиме, а би требало засекогаш да ги исфрлиме од нашиот речник. Следуваат 9 од нив…rnrn9 секојдневни реченици кои не смеете да им ги кажувате на луѓетоrn

    1. „Тоа не е моја работа, не сум платен/а за тоа“

    rnОва е најчестата реченица која ја користиме за да одбиеме да завршиме некоја работа. Во 99% од случаите оваа изјава ќе го налути вашиот шеф и ќе му даде до знаење дека не ви е гајле за работата. Наместо тоа подобро би било да кажете: „Имам многу обврски за денес. Што да завршам прво?“.rn

    2. „Немам време да разговарам со тебе, имам премногу работа“

    rnОваа изјава е доказ за нечие лошо воспитување. Многу подобро и попристојно би било да кажете нешто како „Извини, но имам состанок кој само што не почнал. Ќе се чуеме и ќе разговараме за тоа друг пат“ или „Ќе разговараме за еден час, прво морам да завршам нешто“.rn

    3. „Ова може да звучи глупаво, но…“

    rnВаквиот почеток на реченицата, односно разговорот, ја доведува до прашање важноста на сѐ она што ќе го кажете следно. Поради тоа, исфрлете ја од говорот оваа реченица со која покажувате несигурност и сомнеж.rn

    4. „Без навреда, ама…“

    rnОва звучи како предупредување дека се подготвувате да кажете нешто непријатно. Поради тоа, личноста со која разговарате ќе ги доживее вашите зборови како навредливи. Ако забележите дека сакате да кажете нешто такво, веднаш променете ја темата.rn

    5. „Си се здебелил/а!“ и „Си ослабел/а!“

    rnТелесната тежина и физичкиот изглед се чувствителна тема за многумина. Многу луѓе тешко ги прифаќаат промените кај нивното тело, па затоа таквите коментари, дури и кога ќе ги кажете на шега или како комплимент, можат да им го расипат расположението и да предизвикаат конфликт. Ако сакате да пофалите нечиј изглед, едноставно кажете „Изгледаш супер!“.rnrn9 секојдневни реченици кои не смеете да им ги кажувате на луѓетоrn

    6. „Изгледаш супер за твои години“

    rnОва звучи како комплимент, но личноста за која е наменет може да го сфати како потсетник за тоа колку години има. А може и да звучи како да сакате да кажете „Во споредба со други постари луѓе, изгледаш добро“. И во овој случај најдобро е да кажете „Изгледаш супер“.rn

    7. „Во свој елемент си, типично за тебе!“

    rnОбидете се да не ги етикетирате луѓето. Наместо да користите реченици кои истакнуваат нечија посебност и кои би можеле да предизвикаат конфликт, пробајте да кажете нешто како „Ми пречи тоа што пак си ги оставил/а валканите садови во мијалникот. Што можеме да направиме за да ги избегнеме ваквите ситуации во иднина?“. Со тоа што сте откриле што ви пречи, вие ги нагласувате вашите чувства, а не фактот што однесувањето на вашиот партнер, дете или пријател е лошо. На овој начин вашите блиски може да добијат поттик да ги променат работите што ви пречат кај нив.rn

    8. „Ако навистина ме сакаш, ти ќе…“

    rnСо оваа реченица не само што емоционално манипулирате со некого, туку и давате до знаење дека не ви се допаѓа како таа личност се однесува со вас. Овие зборови тешко дека ќе доведат до ваше зближување. Подобро е да кажете „Подобро би се чувствувал/а кога би…“. Најдобриот начин на кој можете да ја одржите конструктивноста во вашата врска и однос е да објасните што е тоа поради кое сте вознемирени и да понудите соодветно решение.rn

    9. „Предобра си за него“ и „Драго ми е што ја откачи“

    rnДури и кога најискрено сакате да утешите некого по прекинувањето на врската, таа личност може да ја сфати оваа реченица како навреда за нивниот вкус при изборот на партнер, но и како знак дека нивната врска уште од самиот почеток не функционирала. Наместо тоа, кажете „Тие губат“. Ова звучи многу попозитивно и покажува дека сочувствувате со нив.

  • Генијално и практично: Претворете ги овие 11 секојдневни негативни фрази во нешто позитивно

    Генијално и практично: Претворете ги овие 11 секојдневни негативни фрази во нешто позитивно

    Едноставно кажано, слушањето и користењето позитивен говор може да направи да се чувствувате многу подобро од претходно – физички, ментално и емоционално. Од друга страна пак, негативниот говор може да ги блокира природните механизми на релаксација во мозокот, а со тоа да ви започне низа други проблеми. Токму затоа погледнете ги следниве 11 преформулации на секојдневниот јазик кои инстантно ќе ви овозможат позитивно поттикнување.rnrngenijalno-i-praktichno-pretvorete-gi-ovie-11-sekojdnevni-negativni-frazi-vo-neshto-pozitivno-www.kafepauza.mkrn

    Секојдневен позитивен јазик

    rn1. Зошто не? → Звучи добро.rnrn2. Нема проблем. → Дефинитивно!rnrn3. Не можам да се пожалам. → Сè е добро, благодарам.rnrnОвие изрази треба да бидат позитивни, но човечкиот мозок најчесто е негативно пристрасен и несвесно ги изнесува сите причини зошто да не се направи нешто, како и проблемите или жалењето додека се изговараат овие зборови.rnrn4. Јас сум исцрпен/а. → Морам да се одморам.rnrnСо преформулирање на изразите, вие ќе ги тргнете негативните значења кои веќе се „залепени“ на одредени зборови и ќе овозможите подобри емоции за себе, како и за вашиот слушател.rn

    Позитивен говор на работа

    rn5. Заборавив. → Ќе се погрижам да имам потсетник следниот пат.rnrnНагласувањето на она кое може да се направи за да се подобрат нештата може да им помогне на луѓето околу вас да очекуваат позитивни резултати.rnrn6. За жал, проектот не може да биде завршен навреме поради проблемите кои ги предизвикаа некои луѓе кои доцнеа со својата работа. → Може ли секој да се насочи кон својот дел од проектот до петок, со цел да можеме да ја завршиме работата навреме и да го исполниме рокот?rnrnБлагодарение на мејловите, вие имате совршена шанса да поработите на вашиот позитивен говор бидејќи можете да ги уредите своите зборови пред да ги испратите на колегите или клиентите. Внимавајте на зборовите како „за жал“, „невозможно“ и „проблеми“ со цел да не влијаете дополнително негативно врз целата ситуација.rnrn7. Конструктивна критика. → Повратни информации.rnrnЗборовите кои ги користите со цел да соберете повратни информации можат да имаат значајно влијание на тоа како таа информација ќе биде примена. Со додавање дополнителни позитивни вибрации и здрава доза пофалби за постигнувањата, вие ќе им помогнете на вашите колеги полесно да ги прифатат сите коментари насочени кон нив, позитивни или негативни.rn

    Позитивен говор во домот

    rn8. Немојте да си играте со топка внатре. → Ве молам играјте си надвор со топката.rnrnИли…rnrn9. Немојте… → Повеќе ми се допаѓа кога…rnrnОва подеднакво важи и за децата и за возрасните. Префрлете го фокусот кон тоа што сакате да биде направено, а не кон тоа што не сакате. На тој начин ќе ги зголемите своите шанси за позитивен исход.rnrn10. Многу ми недостасуваше! → Многу ми е мило што те гледам!rnrnИако отсутноста може да создаде потреба за таа личност, сепак повторната средба треба да биде време за радување во сегашноста, без поврзување со негативни емоции од минатото.rnrn11. Не! → Знам дека сакаш сладолед, но тој не е здрав во големи количини.rnrnВие секогаш треба да дадете објаснување зошто сте кажале „не“, бидејќи тоа им помага на децата да се чувствуваат ценети и вклучени во одлуката.

  • 20 најдобри и најмоќни настани за жените во 2014

    20 најдобри и најмоќни настани за жените во 2014

    Како што се наближува крајот на 2014, мораме да ги пофалиме сите важни женски подвизи во текот на годината. Од Малала Јусафзаи, до познатите музички ѕвезди, ова се жените кои ја заслужуваат секоја пофалба за нивните феминистички подвизи. Еве за што сè феминистите можат да наздрават на крајот на оваа 2014.rn

    1. Малала Јусафзаи ја добива Нобеловата награда за мир


    rn

    „Верувам дека оружјето нема моќ, затоа што оружјето може само да убие. Но, пенкалото може да даде живот.“

    rn20 најдобри и најмоќни настани за жените во 2014rnrnЗа Малала се расчу во 2012 година и од тогаш таа инспирира многумина ширум светот давајќи им до знаење дека постојат толку многу работи кои еден човек може да ги направи во текот на својот живот. На само 11-годишна возраст, Малала тајно ги испраќала своите дневници до Би-би-си, кажувајќи им за насилството и неправдите кои секојдневно се случуваат во нејзината земја. Таа продолжила да пишува и да оди на училиште, иако се плашела од Талибанците. Малала била застрелана во глава во училишниот автобус кога се враќала од училиште. За среќа таа преживеала и била префрлена во Англија на лекување. По тој инцидент формирана е Фондацијата Малала, раководена од самата Малала, која се залага за образованието на девојките.rnrnНа 16 години Малала одржа драматичен говор во ОН, објави свој мемоар, и се здоби со многу награди и признанија, како Меѓународната детска награда за мир. На само 17-годишна возраст, Малала е добитник на Нобелова награда и икона за заштита на правата на луѓето. Воедно, Малала докажа дека, како што Бан-Ки-Мун кажа, екстремистите едноставно најмногу се плашат од девојка со книга.rn

    2. Феминистичкиот настап на Бијонсе на VMA

    rnБијонсе и оваа година покажа кој е на врвот на светската музичка индустрија. На самиот крај од 2013 објави визуелен албум без апсолутно никаква претходна најава, настапи на Греми наградите на почетокот на 2014 со неверојатната изведба на „Drunk in love“, поголемиот дел од годината го помина на заедничката турнеја со нејзиниот сопруг, „On the run“, и без да земе здив продолжи да го освојува светот.rnrn20 најдобри и најмоќни настани за жените во 2014rnrnВрв на сите нејзини достигнувања беше настапот на овогодишните МТВ видео музички награди, каде во 16-минутен настап склопи 14 песни од најновиот албум. Настапот достигна точка на вриење кога силуетата на Бијонсе стоеше пред огромниот екран каде пишуваше „ФЕМИНИСТ“, додека се слушаше делот од самата песна каде е вклопен говорот на познатата нигериска авторка Чимаманда Нгози Адичи, која ја кажува својата дефиниција за феминизам. На крајот од настапот, нејзиниот сопруг Џеј Зи заедно со Блу Ајви, ѝ ја врачи наградата Мајкл Џексон, најавувајќи ја својата сопруга како најголемиот забавувач во музичката индустрија. Исто така Бијонсе оваа година застана на врвот меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Тајм.rnrnБијонсе отворено се залага за феминизмот и еднаквоста на жената, истовремено давајќи им пример на сите млади девојки и жени за тоа како една жена може да има успешна кариера, но и да биде мајка и сопруга истовремено.rn

    3. Моне Дејвис победи во сериите од малата лига во бејзбол

    rnМоне Дејвис ги руши стереотипите од типот „фрлаш како девојче“, бидејќи таа фрла како многу талентирано девојче. 13-годишната Моне Дејвис се вбројува меѓу највлијателните тинејџери во светот. Таа е првата девојка која победила на овие турнири, и е една од 18-те девојки кои учествувале воопшто (иако вкупно се имаат натпреварувано 9.000 играчи). Спортскиот магазин „Sports Illustrated“, каде се најде на насловна страница, ја прогласи за дете-спортист на годината, а веднаш до нејзината слика стоеше напишано „Запомнете го нејзиното име“.rnrn20 најдобри и најмоќни настани за жените во 2014rn

    4. Марјам Мирзихани стана единствената жена со највисоката награда во полето на математиката

    rnМарјам Мирзихани е математичарка со иранско потекло која работи во САД. Од 1 септември 2008 таа работи како професор по математика на Универзитетот Стенфорд. Од оваа година Мирзихани стана првата жена наградена со Филдсовиот медал, најпрестижната награда во полето на математиката. При прифаќањето на наградата Мирзихани изјави: „Би била среќна ако ова ги инспирира младите жени научници и математичари“.rnrn20 најдобри и најмоќни настани за жените во 2014rn

    5. Жените отворено зборуваа за абортусот

    rnИако абортусот од одамна е контроверзна тема, оваа година повеќе од кога било жените јавно можеа да кажат „имам абортирано“. Иако релативно голем е бројот на жени кои некогаш абортирале, многу мал дел од нив зборувале за тоа јавно. Тоа повлече мислење дека абортусот не е толку честа појава и им дозволи на многу власти да донесат закони против него со што им се одзема правото на жените да имаат безбеден абортус. Политичарката од Тексас, Венди Дејвис, отворено ја раскажа својата приказна кога морала да ја прекине долго посакуваната бременост поради здравствени проблеми. Со свое признание во јавноста излезе и кандидатката за гувернер од Невада, Луси Флоренс, која прекинала бременост на 16-годишна возраст бидејќи не била спремна да биде мајка.rnrn20 најдобри и најмоќни настани за жените во 2014rnrnСе објавија и книги а се основаа и организации кои имаа за цел да ги охрабрат жените отворено да зборуваат за своите искуства и да не се почувствуваат осудено. Меѓу причините зошто жените се одлучиле на абортус, наведени се насилни партнери, тоа што веќе имале деца или се соочиле со проблеми во бременоста, а многу зборуваа за проблемите кои ги имале бидејќи не им бил дозволен абортус.rnrn