КАФЕ ПАУЗА

Tag: годишни времиња

  • Пролет, лето, есен или зима: Што открива вашето омилено годишно време за вас?

    Пролет, лето, есен или зима: Што открива вашето омилено годишно време за вас?

    Нема многу истражувања кои се занимаваат со влијанието на годишните времиња врз психата, но температурата и светлината имаат свој удел во однесувањето и во промените на расположението. За луѓето родени во текот на пролетните и летните месеци се верува дека се со весел дух и со променливо расположение и се повеќе склони кон осцилации. Од друга страна, пак, се смета дека луѓето родени во есен и во зима се помалку раздразливи.rnrnПролет, лето, есен или зима: Што открива вашето омилено годишно време за вас?rnrnПостудените месеци, кога деновите се пократки, се поврзуваат со сезонското афективно нарушување. Почетокот на пролетта, пак, носи радост во животот на многу луѓе.rnrnВедрите и сончеви денови предизвикуваат добро расположение и позитивна енергија, а сивите и студени денови може да ве демотивираат. Причината е едноставна – недостатокот на светлина понекогаш предизвикува лачење хормони што предизвикуваат летаргија.rnrnВо текот на зимата, многу луѓе доживуваат сезонско афективно нарушување, што може да предизвика депресија, губење на интересот за активности што ги сакате, како и замор и зголемен апетит. Затоа, многу е важно да поминувате колку што е можно повеќе време на сонце во текот на сончевите денови. Во продолжение прочитајте што открива вашето омилено годишно време за вас.rn

    Пролет

    rnПролетта носи подобро време, деновите стануваат подолги, а природата е позелена. Ако пролетта е вашето омилено годишно време, тоа значи дека сакате нови почетоци и копнеете по нови искуства.rn

    Лето

    rnЛетото носи ведри, сончеви денови и подоцна заоѓа сонцето, а ако тоа е вашето омилено годишно време, тоа значи дека сакате да излегувате и да имате активен живот. Летните месеци се совршени за патувања и за забави на отворено, па ако се препознаете во овој опис, вие сте дружељубива и екстровертна личност.rn

    Есен

    rnИако почетоците претежно се поврзуваат со пролетта, за некои луѓе есента претставува вистинско време за промена и за осврт на тоа што е направено досега, така што ќе можат да прават планови за новата година.rn

    Зима

    rnАко ги чекате ниските температури и моментите во кои сте дома на топло, веројатно сте интровертна личност која ужива да биде дома. Топол џемпер или топло ќебе и вкусен пијалак ја сочинуваат вашата добитна комбинација.rnrnПромените на годишните времиња може да влијаат на тоа како размислувате, што чувствувате и како се однесувате. Но, тие се условени и од искуствата од детството и од други фактори. Ако поминувавте многу време на отворено додека бевте мали, веројатно сè уште го сакате летото.rnrnПрочитајте каков магичен подарок сте добиле на денот на вашето раѓање.

  • Што открива за вас периодот од годината во кој сте родени?

    Што открива за вас периодот од годината во кој сте родени?

    Годишните времиња и разните периоди од годината имаат моќ да ги оформат нашите чувства, однесување и карактеристики уште пред да се родиме. Научните истражувањата говорат дека секој период од годината си носи и карактеристики за оние кои се родени во него.rnrnШто открива за вас периодот од годината во кој сте родени?rnrn1. Бебињата кои се родени во зима имаат мајки кои најчесто се млади, помалку образовани, а неретко и самохрани. Побогатите жени повеќе раѓаат во другите годишни времиња.rnrn2. Оние кои се родени во зима или рана пролет на северната хемисфера имаат поголем ризик да заболат од шизофренија. Една од можните причини е помалата изложеност на сонце за време на бременоста.rnrn3. Повеќето бебиња лазат по седум месеци од раѓањето, а оние кои се родени во зима или рана пролет со тоа почнуваат еден месец порано.rnrn4. Луѓето родени во мај најчесто се оптимисти и позитивно настроени. Тоа може да се должи на тоа што серотонинот поинаку функционира во тој дел од годината.rnrn5. „Ноќните птици“ обично се раѓаат во пролет или лето. Поголемото количество дневна светлина ги припрема новороденчињата за активности подоцна во текот на денот. Обратно, утринските личности се обично родени во есен или во зима.rnrn6. Децата родени во пролет и лето имаат поголеми шанси да се соочат со емоционални нарушувања на училиште. Проблемот може да лежи во изложеноста на инфекции за време на бременоста.rnrn7. Во САД најмногу пораѓања има во август, а на други места во светот тие се различни, но најчесто се во овој период. Претпоставката е дека причината за тоа е студеното време девет месеци претходно кое ги тера луѓето повеќе време да поминуваат на затворено и в кревет.rnrn8. Децата родени во лето и есен имаат поголема можност да бидат кратковиди.rnrn9. Истражувањата спроведени со луѓе кои ја доживеале стотата година покажало дека тие најчесто се родени во есен, можеби поради тоа што не биле соочени со ниски надворешни температури во првиот месец од животот.rnrn10. Бебињата родени во есен и зима подоцна повеќе страдаат од алергии, веројатно поради недостатокот на витамин Д во првите недели од животот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Едно магично место, еден кадар, дванаесет различни фотографии

    Едно магично место, еден кадар, дванаесет различни фотографии

    Шкотскиот остров Скај изгледа како место од „Господарот на прстените“. Има голем број мистични предели, но Олд Мен Стор, остри карпи опкружени со беспрекорно зеленило, се најпривлечни за посетителите. Секој од нив сака да направи своја фотографија од овде, па денес оваа локација е една од најфотографираните во светот. Сепак, сите тие фотографии не се исти. Како што се менуваат временските прилики, така и овој еден единствен кадар од ова магично место изгледа како да се менува, а тоа може лесно да се забележи преку овие дванаесет драматични фотографии.rnrnЕдно магично место, еден кадар, дванаесет различни фотографии

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Дива и неверојатна природа

    Дива и неверојатна природа

    Томас Каспар е авторот на овие спектакуларни дела од мајката природа. Обеземен од убавината на планините, пустините и кањоните, Томас ја преточува глетката пред објективот во прекрасни фотографии. Сплет од најубавите бои и сите годишни времиња, снегот, сонцето и водата се главните елементи на овие неверојатни дела. Погледнете некои од нив:Дива и неверојатна природаДива и неверојатна природаДива и неверојатна природаДива и неверојатна природаДива и неверојатна природаДива и неверојатна природаДива и неверојатна природаДива и неверојатна природаДива и неверојатна природаДива и неверојатна природаДива и неверојатна природаДива и неверојатна природаДива и неверојатна природаДива и неверојатна природаДива и неверојатна природаДива и неверојатна природаДива и неверојатна природаДива и неверојатна природаДива и неверојатна природаДива и неверојатна природаДива и неверојатна природаДива и неверојатна природаДива и неверојатна природаДива и неверојатна природаДива и неверојатна природаДива и неверојатна природаДива и неверојатна природаДива и неверојатна природаДива и неверојатна природа